дело Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delo/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 15:46:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дело Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delo/ 32 32 Самоодбрана, наместо убиство: Се бара промена на квалификацијата на делото за 36-годишната жена која го уби сопругот и свекорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/samoodbrana-namesto-ubistvo-se-bara-promena-na-kvalifikatsijata-na-deloto-za-36-godishnata-zhena-koja-go-ubi-soprugot-i-svekorot/ Wed, 23 Oct 2024 15:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=830257

Одбраната на 36-годишната жена, која во Кратово го уби сопругот и свекорот, бара промена на квалификацијата на делото, тврдејќи дека се работи за самоодбрана, пишува МРТВ.

Тие укажуваат дека постојат докази кои потврдуваат дека жената била жртва на насилство со години.

Според одбраната, не се согласуваат со обвинението на Јавното обвинителство во Куманово, кое ја квалификува ситуацијата како убиство со умисла.

Бранителот Георгиевски за МРТВ истакнува дека доказите од истрагата покажуваат дека се работи за самоодбрана, наведувајќи дека постои опсежна документација која докажува дека жената долго време трпела физичко и психичко насилство во семејството.

Има обемна документација која вклучува докази за семејното насилство, учество на органите на редот, времени мерки за заштита, медицинска документација и стручни мислења за повреди стекнати за време на бракот. Нашите стручни лица потврдуваат дека ситуацијата не е класично двојно убиство, како што тврди ОЈО Куманово, туку е случај на нужна одбрана, изјави Христијан Георгиевски.

По барање на одбраната, обвинетата е под домашен притвор, а децата се згрижени кај роднини. Тимови од Центарот за социјални работи во Кратово работат со децата, кои исто така биле жртви на семејно насилство.

Обвинението против жената е веќе на сила, а назначен е Судски совет во Основен суд Куманово. Првата главна расправа се очекува да се одржи наскоро.

The post Самоодбрана, наместо убиство: Се бара промена на квалификацијата на делото за 36-годишната жена која го уби сопругот и свекорот appeared first on Република.

]]>

Одбраната на 36-годишната жена, која во Кратово го уби сопругот и свекорот, бара промена на квалификацијата на делото, тврдејќи дека се работи за самоодбрана, пишува МРТВ. Тие укажуваат дека постојат докази кои потврдуваат дека жената била жртва на насилство со години. Според одбраната, не се согласуваат со обвинението на Јавното обвинителство во Куманово, кое ја квалификува ситуацијата како убиство со умисла. Бранителот Георгиевски за МРТВ истакнува дека доказите од истрагата покажуваат дека се работи за самоодбрана, наведувајќи дека постои опсежна документација која докажува дека жената долго време трпела физичко и психичко насилство во семејството. Има обемна документација која вклучува докази за семејното насилство, учество на органите на редот, времени мерки за заштита, медицинска документација и стручни мислења за повреди стекнати за време на бракот. Нашите стручни лица потврдуваат дека ситуацијата не е класично двојно убиство, како што тврди ОЈО Куманово, туку е случај на нужна одбрана, изјави Христијан Георгиевски. По барање на одбраната, обвинетата е под домашен притвор, а децата се згрижени кај роднини. Тимови од Центарот за социјални работи во Кратово работат со децата, кои исто така биле жртви на семејно насилство. Обвинението против жената е веќе на сила, а назначен е Судски совет во Основен суд Куманово. Првата главна расправа се очекува да се одржи наскоро.

The post Самоодбрана, наместо убиство: Се бара промена на квалификацијата на делото за 36-годишната жена која го уби сопругот и свекорот appeared first on Република.

]]>
Постхумно промовирано делото „Македонскиот идентитет и македонското прашање од античко време до 1912 година“ од проф. д-р Ванчо Стојчев и проф. д-р Александар Стојчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/posthumno-promovirano-deloto-makedonskiot-identitet-i-makedonskoto-prashane-od-antichko-vreme-do-1912-godina-od-prof-d-r-vancho-stojchev-i-prof-d-r-aleksandar-stojchev/ Mon, 11 Mar 2024 08:21:17 +0000 https://republika.mk/?p=753502

Во присуство на бројни експерти од историската и политичката наука, пријатели и љубители на македонската историја во Музејот на македонската борба беше промовирана книгата „Македонскиот идентитет и македонското прашање од античко време до 1912 година“. Се работи за капитално дело за македонската историографија, а автори се проф. д-р Ванчо Стојчев и проф. д-р Александар Стојчев. Промотори на ова постхумно дело на двајцата починати автори, беа проф. д-р Наде Проева и проф. д-р Тодор Чепреганов кои воедно се и уредници на ова издание.

На промоцијата тие го истакнаа значењето на ова дело за македонската историја и за македонската држава и нејзината иднина. Материјалот на книгата првично бил наменет како дел од монографијата „Букурешкиот договор и поделбата на Македонија 2013 година“, но по сугестија на рецензентите било одлучено овој материјал да добие посебно издание. Уредниците проф. д-р Проева, проф. д-р Чепреганов го промовираа материјалот кој го опфаќа формирањето на македонскиот идентитет од античкиот период па се до почетокот на Балканските војни и распадот на Отоманската империја. Во делото кое се базира на научни истражувања и вкрстени докази презентирани се многу материјали кои се исклучително значајни за македонската национална историја. Покрај тоа делото дава хронолошки приказ на развојот на македонскиот идентитет и дава одговор на многу современи прашања поврзани со македонското национално прашање.

Проф. д-р Ванче Стојчев беше еден од основачите на првиот Воен музеј на Македонија. Тој е еден од најплодните македонски научници во историските науки, а особено значен е неговиот опус во сегментот на македонската воена историја. Автор е на 213 научни трудови и монографии, од кои особено се значајни „Воената историја на Македонија“, „Историја на Македонскиот народ“ и „Сто македонски години 1903-2003“. Покрај тоа проф. д-р Ванче Стојчев е автор и на бројни документарни филмови меѓу кои и документарниот филм „Црешовото топче“, едно од поважните негови научни откритија, имено тој го пронајде „црешовото топче“ во музеј во Истанбул република Турција. Проф. д-р Ванче Стојчев почина по кусо боледување на 30.09.2009.

Проф. д-р Александар Стојчев, беше раководител на Воениот музеј во Скопје, а се занимаваше и со научно, истражувачка и музејска дејност. Во 2009 година беше избран за помлад асистент на Воената Академија Михајло Апостолски, по предметот Воена историја, а во 2010 година станува доцент. Во 2012 година е избран за наставник по предметите „Балканските војни и Првата светска војна на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Следната година 2013 година е избран за вонреден професор по воена историја на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе научни трудови и монографии меѓу кои „Македонија во документите на ЦИА“ том 1 и 2 објавена 2019 година, „Дојран воени операции 1915 – 1918 година, објавена 2007 година и бројни научни и стручни трудови. Проф. д-р Александар Стојчев почина во 2021 година.

The post Постхумно промовирано делото „Македонскиот идентитет и македонското прашање од античко време до 1912 година“ од проф. д-р Ванчо Стојчев и проф. д-р Александар Стојчев appeared first on Република.

]]>

Во присуство на бројни експерти од историската и политичката наука, пријатели и љубители на македонската историја во Музејот на македонската борба беше промовирана книгата „Македонскиот идентитет и македонското прашање од античко време до 1912 година“. Се работи за капитално дело за македонската историографија, а автори се проф. д-р Ванчо Стојчев и проф. д-р Александар Стојчев. Промотори на ова постхумно дело на двајцата починати автори, беа проф. д-р Наде Проева и проф. д-р Тодор Чепреганов кои воедно се и уредници на ова издание. На промоцијата тие го истакнаа значењето на ова дело за македонската историја и за македонската држава и нејзината иднина. Материјалот на книгата првично бил наменет како дел од монографијата „Букурешкиот договор и поделбата на Македонија 2013 година“, но по сугестија на рецензентите било одлучено овој материјал да добие посебно издание. Уредниците проф. д-р Проева, проф. д-р Чепреганов го промовираа материјалот кој го опфаќа формирањето на македонскиот идентитет од античкиот период па се до почетокот на Балканските војни и распадот на Отоманската империја. Во делото кое се базира на научни истражувања и вкрстени докази презентирани се многу материјали кои се исклучително значајни за македонската национална историја. Покрај тоа делото дава хронолошки приказ на развојот на македонскиот идентитет и дава одговор на многу современи прашања поврзани со македонското национално прашање. Проф. д-р Ванче Стојчев беше еден од основачите на првиот Воен музеј на Македонија. Тој е еден од најплодните македонски научници во историските науки, а особено значен е неговиот опус во сегментот на македонската воена историја. Автор е на 213 научни трудови и монографии, од кои особено се значајни „Воената историја на Македонија“, „Историја на Македонскиот народ“ и „Сто македонски години 1903-2003“. Покрај тоа проф. д-р Ванче Стојчев е автор и на бројни документарни филмови меѓу кои и документарниот филм „Црешовото топче“, едно од поважните негови научни откритија, имено тој го пронајде „црешовото топче“ во музеј во Истанбул република Турција. Проф. д-р Ванче Стојчев почина по кусо боледување на 30.09.2009. Проф. д-р Александар Стојчев, беше раководител на Воениот музеј во Скопје, а се занимаваше и со научно, истражувачка и музејска дејност. Во 2009 година беше избран за помлад асистент на Воената Академија Михајло Апостолски, по предметот Воена историја, а во 2010 година станува доцент. Во 2012 година е избран за наставник по предметите „Балканските војни и Првата светска војна на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Следната година 2013 година е избран за вонреден професор по воена историја на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе научни трудови и монографии меѓу кои „Македонија во документите на ЦИА“ том 1 и 2 објавена 2019 година, „Дојран воени операции 1915 – 1918 година, објавена 2007 година и бројни научни и стручни трудови. Проф. д-р Александар Стојчев почина во 2021 година.

The post Постхумно промовирано делото „Македонскиот идентитет и македонското прашање од античко време до 1912 година“ од проф. д-р Ванчо Стојчев и проф. д-р Александар Стојчев appeared first on Република.

]]>