деликвенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delikventi/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 07:18:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деликвенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delikventi/ 32 32 Седум малолетни деликвенти претепале 17-годишник среде Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sedum-maloletni-delikventi-pretepale-17-godishnik-srede-karposh/ Thu, 26 Sep 2024 15:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=819936

На 25.09. во 18.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош привеле седум малолетници од Скопје и скопско поради сомнение дека физички нападнале 17-годишник од Скопје.

Притоа, соопштува МВР, кај еден од малолетниците од с.Грчец бил пронајден и одземен метален боксирач.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

 

The post Седум малолетни деликвенти претепале 17-годишник среде Карпош appeared first on Република.

]]>

На 25.09. во 18.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош привеле седум малолетници од Скопје и скопско поради сомнение дека физички нападнале 17-годишник од Скопје. Притоа, соопштува МВР, кај еден од малолетниците од с.Грчец бил пронајден и одземен метален боксирач. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.  

The post Седум малолетни деликвенти претепале 17-годишник среде Карпош appeared first on Република.

]]>
Во Македонија има деликвенти под 14 години, но нема институции каде би биле сместени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-ima-delikventi-pod-14-godini-no-nema-institutsii-kade-bi-bile-smesteni/ Tue, 16 May 2023 11:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=641314

„Потребна е строга селекција на луѓето кои треба да поседуваат некакво оружје. Своевиден поттик е и глорифицирањето на овие личности, 45.000 поддржувачи го поддржале сторителот на ова дело. Медиумите треба да ги редуцираат овие настани“, рече во емисијата „Да си кажеме“, психологот и криминолог Крсте Маљановски, кометирајќи го случајот со масовното убиство во Белград, кога малолетник уби 10 свои соученици.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-fast-fud-reshenija-nema-da-go-reshime-problemot-so-bulingot-vo-uchilishtata/

Според него потребно е доколку родителите не се способни, а не се способни да приметат некое абнормално однесување кај своите деца, градинките и училиштата да сигнализираат и тоа треба системски да функционира.

На прашањето дека во Македонија има голем број училишта каде воопшто нема психолози и педагози, а таму каде ги има најчесто се користат за заплашување на децата, најчесто им се вели: „Биди мирен ќе те пратам кај педагогот“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ostaveni-se-samite-na-sebe-se-dvizhat-kade-sakaat-i-pravat-shto-sakaat-delikventi-od-dom-za-detsa-go-napadnale-sinot-na-petse-superhiks/

Сепак, Маљановски, смета дека ако немало оружје дома немало ова да се случи, бидејќи вели не би можело детето да украде оружје, а луѓето кои работат во овој ситем треба да бидат добро обучени, да имаат темелни познавања во оваа област.

Едно од фундаменталните прашања е што со овие деца. Ние немаме установа за разлика од Србија, каде има една установа каде би можела после сите испитувања може да се смести ова дете, кое најверојатно ќе биде одстрането од фамилијата и со него да работата стручни лица. Затоа е што е опасно надвор да излезе. Јавноста нема да има детали затоа што судењата ќе бидат затворени и строго контролирани информации ќе бидат давани. Во Македонија нема институции, двете згаснаа, Домот за деца со воспитно – социјални проблеми „25. Мај“ веќе го нема, „Ранка Милановиќ“ исто така. Затворот за малолетници во Телото е за деца над 14 години. А ние имаме сторители под 14 години, објаснува Крсте Маљановски, психологот и криминолог.

The post Во Македонија има деликвенти под 14 години, но нема институции каде би биле сместени appeared first on Република.

]]>

„Потребна е строга селекција на луѓето кои треба да поседуваат некакво оружје. Своевиден поттик е и глорифицирањето на овие личности, 45.000 поддржувачи го поддржале сторителот на ова дело. Медиумите треба да ги редуцираат овие настани“, рече во емисијата „Да си кажеме“, психологот и криминолог Крсте Маљановски, кометирајќи го случајот со масовното убиство во Белград, кога малолетник уби 10 свои соученици. https://republika.mk/vesti/makedonija/so-fast-fud-reshenija-nema-da-go-reshime-problemot-so-bulingot-vo-uchilishtata/ Според него потребно е доколку родителите не се способни, а не се способни да приметат некое абнормално однесување кај своите деца, градинките и училиштата да сигнализираат и тоа треба системски да функционира. На прашањето дека во Македонија има голем број училишта каде воопшто нема психолози и педагози, а таму каде ги има најчесто се користат за заплашување на децата, најчесто им се вели: „Биди мирен ќе те пратам кај педагогот“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ostaveni-se-samite-na-sebe-se-dvizhat-kade-sakaat-i-pravat-shto-sakaat-delikventi-od-dom-za-detsa-go-napadnale-sinot-na-petse-superhiks/ Сепак, Маљановски, смета дека ако немало оружје дома немало ова да се случи, бидејќи вели не би можело детето да украде оружје, а луѓето кои работат во овој ситем треба да бидат добро обучени, да имаат темелни познавања во оваа област.
Едно од фундаменталните прашања е што со овие деца. Ние немаме установа за разлика од Србија, каде има една установа каде би можела после сите испитувања може да се смести ова дете, кое најверојатно ќе биде одстрането од фамилијата и со него да работата стручни лица. Затоа е што е опасно надвор да излезе. Јавноста нема да има детали затоа што судењата ќе бидат затворени и строго контролирани информации ќе бидат давани. Во Македонија нема институции, двете згаснаа, Домот за деца со воспитно – социјални проблеми „25. Мај“ веќе го нема, „Ранка Милановиќ“ исто така. Затворот за малолетници во Телото е за деца над 14 години. А ние имаме сторители под 14 години, објаснува Крсте Маљановски, психологот и криминолог.

The post Во Македонија има деликвенти под 14 години, но нема институции каде би биле сместени appeared first on Република.

]]>
„Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ostaveni-se-samite-na-sebe-se-dvizhat-kade-sakaat-i-pravat-shto-sakaat-delikventi-od-dom-za-detsa-go-napadnale-sinot-na-petse-superhiks/ Tue, 28 Mar 2023 11:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=624615

Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи, пишува Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој преку „Фејсбук“ објави дека во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, неговиот малолетен син бил нападнат додека играл сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.

Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм...)
Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме, раскажува Младеновски.

Вели -  тука следува изненадувањето!

Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени.
Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо.
Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив, пишува Младеновски, кој објави и фотографии од напаѓачите.

Тој додава дека ја исконтактирал и директорката на Домот, а добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.

Верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски.
Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова.
Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто.
Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!, пишува Младеновски.

 

The post „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс appeared first on Република.

]]>

Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи, пишува Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој преку „Фејсбук“ објави дека во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, неговиот малолетен син бил нападнат додека играл сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.
Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм...) Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме, раскажува Младеновски.
Вели -  тука следува изненадувањето!
Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени. Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо. Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив, пишува Младеновски, кој објави и фотографии од напаѓачите.
Тој додава дека ја исконтактирал и директорката на Домот, а добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.
Верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски. Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова. Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто. Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!, пишува Младеновски.
 

The post „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс appeared first on Република.

]]>