делфини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delfini/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 08:36:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png делфини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delfini/ 32 32 Над 100 делфини умреа во Бразил, можна причина е високата температура на водата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-100-delfini-umrea-vo-brazil-mozhna-prichina-e-visokata-temperatura-na-vodata/ Mon, 02 Oct 2023 08:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=687008

Повеќе од сто делфини се пронајдени мртви во Бразил, а можна причина за тоа е историската суша што ја погоди земјата и рекордно високите температури на водата, кои надминаа 38 степени.

Мртвите речни делфини се пронајдени во езерото Тефе во последните седум дена, соопшти Институтот Мамирауа, истражувачки објект под покровителство на Министерството за наука.

Од Институтот наведоа дека толку голем број на загинати единки е невообичаен и дека причина може да бидат рекордните температури на водата, но и сушата.

Сè уште е рано да се утврди причината за ваквата екстремна појава, но според нашите експерти, тоа секако е поврзано со сушниот период и високите температури во езерото Тефе, кои на некои места надминаа и 39 степени Целзиусови, соопштија од Институтот.

Активистите и истражувачите се обидуваат да ги спасат преживеаните делфини, преместувајќи ги од лагуните и езерата до главниот поток каде водата е поладна, објави Си-Ен-Ен Бразил.

Префрлањето на речните делфини во други реки не е безбедно, бидејќи е неопходно да се проверат токсините и вирусите кои се присутни пред да се ослободат животните, изјави Андре Коелјо, истражувач од Институтот Мамирауa.

The post Над 100 делфини умреа во Бразил, можна причина е високата температура на водата appeared first on Република.

]]>

Повеќе од сто делфини се пронајдени мртви во Бразил, а можна причина за тоа е историската суша што ја погоди земјата и рекордно високите температури на водата, кои надминаа 38 степени. Мртвите речни делфини се пронајдени во езерото Тефе во последните седум дена, соопшти Институтот Мамирауа, истражувачки објект под покровителство на Министерството за наука. Од Институтот наведоа дека толку голем број на загинати единки е невообичаен и дека причина може да бидат рекордните температури на водата, но и сушата. Сè уште е рано да се утврди причината за ваквата екстремна појава, но според нашите експерти, тоа секако е поврзано со сушниот период и високите температури во езерото Тефе, кои на некои места надминаа и 39 степени Целзиусови, соопштија од Институтот. Активистите и истражувачите се обидуваат да ги спасат преживеаните делфини, преместувајќи ги од лагуните и езерата до главниот поток каде водата е поладна, објави Си-Ен-Ен Бразил. Префрлањето на речните делфини во други реки не е безбедно, бидејќи е неопходно да се проверат токсините и вирусите кои се присутни пред да се ослободат животните, изјави Андре Коелјо, истражувач од Институтот Мамирауa.

The post Над 100 делфини умреа во Бразил, можна причина е високата температура на водата appeared first on Република.

]]>
Делфини спасиле пливач од ајкула – направиле заштитен прстен и го чувале цел час https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/delfini-spasile-plivach-od-ajkula-napravile-zashtiten-prsten-i-go-chuvale-cel-chas/ Sat, 13 Aug 2022 17:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=539962

Британец кој решил да го преплива Куковиот теснец имал фантастично искуство кога делфините го спасиле од одреден напад на ајкула.

https://www.youtube.com/watch?v=9MbmSOqse7w

The post Делфини спасиле пливач од ајкула – направиле заштитен прстен и го чувале цел час appeared first on Република.

]]>

Британец кој решил да го преплива Куковиот теснец имал фантастично искуство кога делфините го спасиле од одреден напад на ајкула. https://www.youtube.com/watch?v=9MbmSOqse7w

The post Делфини спасиле пливач од ајкула – направиле заштитен прстен и го чувале цел час appeared first on Република.

]]>
Десетици мртви делфини и желки се појавија на брегот на Гватемала https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/desetici-mrtvi-delfini-i-zelki-se-pojavija-na-bregot-na-gvatemala/ Fri, 24 Jun 2022 08:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=519159

Десетици желки, делфини и други морски видови се пронајдени мртви на брегот на Тихиот Океан кај Гватемала, што поттикна официјална истрага.

Оваа недела биле пронајдени 65 мртви желки, од кои повеќето му припаѓаат на видот „маслиново Ридли“, како и 14 мртви делфини.

Официјалните лица веруваат дека случајот веројатно бил предизвикан од поројните дождови последните денови, што можеби однеле некои токсични материјали од континентот во морето, соопшти Националниот совет за заштитени подрачја на Гватемала.

Стручњаците од оваа средноамериканска земја ќе ги испитуваат остатоците од животните за да ја утврдат причината за смртта.

Властите продолжуваат да бараат уште угинати животни близу брегот.

The post Десетици мртви делфини и желки се појавија на брегот на Гватемала appeared first on Република.

]]>

Десетици желки, делфини и други морски видови се пронајдени мртви на брегот на Тихиот Океан кај Гватемала, што поттикна официјална истрага. Оваа недела биле пронајдени 65 мртви желки, од кои повеќето му припаѓаат на видот „маслиново Ридли“, како и 14 мртви делфини. Официјалните лица веруваат дека случајот веројатно бил предизвикан од поројните дождови последните денови, што можеби однеле некои токсични материјали од континентот во морето, соопшти Националниот совет за заштитени подрачја на Гватемала. Стручњаците од оваа средноамериканска земја ќе ги испитуваат остатоците од животните за да ја утврдат причината за смртта. Властите продолжуваат да бараат уште угинати животни близу брегот.

The post Десетици мртви делфини и желки се појавија на брегот на Гватемала appeared first on Република.

]]>
Дресирани воени делфини ја штитат руската поморска база на Крим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dresirani-voeni-delfini-ja-shtitat-ruskata-pomorska-baza-na-krim/ Fri, 29 Apr 2022 07:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=495045

Русија донела тренирани воени делфини во својата поморска база во Црното Море за да ја заштити својата флота од подводен напад. Американскиот поморски институт (LIP) ги анализира сателитските слики на руската поморска база во пристаништето Севастопол. Заклучокот е дека две засолништа за делфини биле преместени во оваа база во февруари пред почетокот на воената акција во Украина.

Русија има долга историја на обука на делфини за воени цели. Овие водни цицачи se користат за да извлечат предмети или да спречат непријателски нуркачи.

Поморската база во Севастопол е многу важна за руската армија затоа што се наоѓа во јужниот дел на полуостровот Крим. Според американската разузнавачка морнарица, многу руски бродови се закотвени во базата. Тие се надвор од опсегот на украинските ракети, но се потенцијално ранливи на напади од подморница.

Нашите експерти развија нови уреди за откривање на подводни цели користејќи сонар. Делфините имаат на себе уреди кои испраќаат сигнал до монитор на операторот. Тие имаат ехолокациски способности и се погодни за вакви активности - се вели во изјавата на воен експерт, пренесува една руска новинска агенција.

Руската морнарица ги објави плановите за набавки на уште пет делфини, а беше објавен и тендер за договор во вредност од 1,75 милиони рубли, т.е. 21.000 долари за испорака на делфини во базата во Севастопол.

Делфините не се единствените морски животни обучени од руската армија. Се верува дека китот Белуга забележан во близина на норвешкиот брег во 2019 година бил обучен од руската морнарица. Тогаш рибарите изјавиле дека китот носел чудни појаси или камери и дека им правел проблеми на чамците влечејќи ги за јажињата. Сателитски слики од 2018 година откриле дека Русија користела делфини во нивната поморска база во Тартус за време на војната во Сирија.

The post Дресирани воени делфини ја штитат руската поморска база на Крим appeared first on Република.

]]>

Русија донела тренирани воени делфини во својата поморска база во Црното Море за да ја заштити својата флота од подводен напад. Американскиот поморски институт (LIP) ги анализира сателитските слики на руската поморска база во пристаништето Севастопол. Заклучокот е дека две засолништа за делфини биле преместени во оваа база во февруари пред почетокот на воената акција во Украина. Русија има долга историја на обука на делфини за воени цели. Овие водни цицачи se користат за да извлечат предмети или да спречат непријателски нуркачи. Поморската база во Севастопол е многу важна за руската армија затоа што се наоѓа во јужниот дел на полуостровот Крим. Според американската разузнавачка морнарица, многу руски бродови се закотвени во базата. Тие се надвор од опсегот на украинските ракети, но се потенцијално ранливи на напади од подморница.
Нашите експерти развија нови уреди за откривање на подводни цели користејќи сонар. Делфините имаат на себе уреди кои испраќаат сигнал до монитор на операторот. Тие имаат ехолокациски способности и се погодни за вакви активности - се вели во изјавата на воен експерт, пренесува една руска новинска агенција.
Руската морнарица ги објави плановите за набавки на уште пет делфини, а беше објавен и тендер за договор во вредност од 1,75 милиони рубли, т.е. 21.000 долари за испорака на делфини во базата во Севастопол. Делфините не се единствените морски животни обучени од руската армија. Се верува дека китот Белуга забележан во близина на норвешкиот брег во 2019 година бил обучен од руската морнарица. Тогаш рибарите изјавиле дека китот носел чудни појаси или камери и дека им правел проблеми на чамците влечејќи ги за јажињата. Сателитски слики од 2018 година откриле дека Русија користела делфини во нивната поморска база во Тартус за време на војната во Сирија.

The post Дресирани воени делфини ја штитат руската поморска база на Крим appeared first on Република.

]]>