Делфи форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delfi-forum/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Apr 2024 14:31:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Делфи форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delfi-forum/ 32 32 Зеленски од Делфи форумот: Потребни се единство, помош од Западот, оружје и целосна изолација на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-od-delfi-forumot-potrebni-se-edinstvo-pomosh-od-zapadot-oruzhje-i-tselosna-izolatsija-na-rusija/ Wed, 10 Apr 2024 15:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=764623

За потребата да постои единство, да постои помош и поголема поддршка од Западот, вклучително и оружје, но и за неопходноста Русија целосно да се изолира, говореше претседателот на Украина Володимир Зеленски на отворање на деветтиот Економски форум во грчкиот град Делфи, јави дописничката на МИА од Атина.

Зеленски онлајн учествуваше на панел-дискусија со новинарот од Си-Ен-Ен Фрејд Плејтген, детално ја опиша моменталната ситуација во Украина, рече дека во источниот дел има стабилизација, но посочи дека руската инвазија не се однесува само на Украина, туку на целиот западен свет и затоа е потребна помош и поддршка, пред сè со системи за противвоздушна одбрана.

-Многу е тешко сами да се соочиме со предизвиците на неиспровоцираната војна. Ни треба помош од нашите партнери. Многу е тешко да се соочиме со непријателот и уште потешко е да се вратат веќе окупираните територии, затоа ни треба единство и соодветно вооружување, порача Зеленски.

Истакна дека помошта е потребна за, руската инвазија во Украина, да не се претвори во Трета светска војна, порачувајќи дека потребен е и притисок врз Путин.

На прашањето за сценариото за отстапување територии во рамките на мировниот план што наводно го подготвува Доналд Трамп во случај да биде избран за претседател на САД, Зеленски коментираше дека немал можност директно да дискутира со него во врска со војната.

Економскиот форум во грчкиот град Делфи започна денеска, а на свеченото отворање се обрати претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по што следеше панел дискусијата со Зеленски, но и говори на претседателите на Словенија, Наташа Пирц Мусар и на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

The post Зеленски од Делфи форумот: Потребни се единство, помош од Западот, оружје и целосна изолација на Русија appeared first on Република.

]]>

За потребата да постои единство, да постои помош и поголема поддршка од Западот, вклучително и оружје, но и за неопходноста Русија целосно да се изолира, говореше претседателот на Украина Володимир Зеленски на отворање на деветтиот Економски форум во грчкиот град Делфи, јави дописничката на МИА од Атина. Зеленски онлајн учествуваше на панел-дискусија со новинарот од Си-Ен-Ен Фрејд Плејтген, детално ја опиша моменталната ситуација во Украина, рече дека во источниот дел има стабилизација, но посочи дека руската инвазија не се однесува само на Украина, туку на целиот западен свет и затоа е потребна помош и поддршка, пред сè со системи за противвоздушна одбрана. -Многу е тешко сами да се соочиме со предизвиците на неиспровоцираната војна. Ни треба помош од нашите партнери. Многу е тешко да се соочиме со непријателот и уште потешко е да се вратат веќе окупираните територии, затоа ни треба единство и соодветно вооружување, порача Зеленски. Истакна дека помошта е потребна за, руската инвазија во Украина, да не се претвори во Трета светска војна, порачувајќи дека потребен е и притисок врз Путин. На прашањето за сценариото за отстапување територии во рамките на мировниот план што наводно го подготвува Доналд Трамп во случај да биде избран за претседател на САД, Зеленски коментираше дека немал можност директно да дискутира со него во врска со војната. Економскиот форум во грчкиот град Делфи започна денеска, а на свеченото отворање се обрати претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по што следеше панел дискусијата со Зеленски, но и говори на претседателите на Словенија, Наташа Пирц Мусар и на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

The post Зеленски од Делфи форумот: Потребни се единство, помош од Западот, оружје и целосна изолација на Русија appeared first on Република.

]]>
Петровска: Преспанскиот договор нема да се менува и при промена на власта во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-prespanskiot-dogovor-nema-da-se-menuva-i-pri-promena-na-vlasta-vo-makedonija/ Sun, 10 Apr 2022 20:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=486389

Министерката за одбрана Славјанка Петровска тврди дека Преспанскиот договор, со кој соседот на Грција беше прекрстен со додавање на „Северна“ во името, нема да се менува и при промена на власта во Македонија.

Овој договор беше означен како едно од најзначајните достигнувања на Балканот во изминатите децении и јас сум убедена дека, настрана политиката, сите политички партии, кога ќе бидат во позиција да ја претставуваат владата и државата, ќе се држат до договореното и потпишаното, изјави таа за грчкиот весник „Катимерини“ на економскиот форум „Делфи“.

Зборувајќи за македонското членство во НАТО што го овозможи токму договорот од Нивици, Петровска смета дека тоа претставува штит против ширењето на украинската криза во Западен Балкан.

Гледајќи од денешна перспектива, членството во НАТО за земјите од Балканот е, сосема веројатно, најдобриот начин да се гарантира дека нестабилностите во Источна Европа нема да се прелеат во нашиот регион“, рече таа, нагласувајќи дека членството на Македонија во НАТО „е од корист за Алијансата како целина, за поединечните сојузници, но најмногу за мирот, безбедноста и стабилноста на земјата и регионот.

Петровска, исто така, истакна дека сите сојузници на НАТО се согласни оти Алијансата мора да го засили своето присуство на источното крило.

Тоа е неопходно и барано од новата безбедносна ситуација на европскиот континент“, додаде таа, истакнувајќи дека зајакнатото пријателство со Грција по потпишувањето на договорот од Преспа отворило неограничени можности за соработка, особено во областа на одбраната.

Одговорноста за безбедноста на нашето небо ја префрливме на сојузник, но тоа го направивме со чиста совест, уверени во капацитетот на вооружените сили на Грција и подготвеноста за заштита на соседната сојузничка земја, нагласи Петровска во интервјуто за „Катимерини“.

The post Петровска: Преспанскиот договор нема да се менува и при промена на власта во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска тврди дека Преспанскиот договор, со кој соседот на Грција беше прекрстен со додавање на „Северна“ во името, нема да се менува и при промена на власта во Македонија.
Овој договор беше означен како едно од најзначајните достигнувања на Балканот во изминатите децении и јас сум убедена дека, настрана политиката, сите политички партии, кога ќе бидат во позиција да ја претставуваат владата и државата, ќе се држат до договореното и потпишаното, изјави таа за грчкиот весник „Катимерини“ на економскиот форум „Делфи“.
Зборувајќи за македонското членство во НАТО што го овозможи токму договорот од Нивици, Петровска смета дека тоа претставува штит против ширењето на украинската криза во Западен Балкан.
Гледајќи од денешна перспектива, членството во НАТО за земјите од Балканот е, сосема веројатно, најдобриот начин да се гарантира дека нестабилностите во Источна Европа нема да се прелеат во нашиот регион“, рече таа, нагласувајќи дека членството на Македонија во НАТО „е од корист за Алијансата како целина, за поединечните сојузници, но најмногу за мирот, безбедноста и стабилноста на земјата и регионот.
Петровска, исто така, истакна дека сите сојузници на НАТО се согласни оти Алијансата мора да го засили своето присуство на источното крило.
Тоа е неопходно и барано од новата безбедносна ситуација на европскиот континент“, додаде таа, истакнувајќи дека зајакнатото пријателство со Грција по потпишувањето на договорот од Преспа отворило неограничени можности за соработка, особено во областа на одбраната. Одговорноста за безбедноста на нашето небо ја префрливме на сојузник, но тоа го направивме со чиста совест, уверени во капацитетот на вооружените сили на Грција и подготвеноста за заштита на соседната сојузничка земја, нагласи Петровска во интервјуто за „Катимерини“.  

The post Петровска: Преспанскиот договор нема да се менува и при промена на власта во Македонија appeared first on Република.

]]>
Бесими на Делфи форумот во Грција: Владата досега реализираше мерки во вредност од 615 милиони евра за амортизирање на ценовниот шок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-na-delfi-forumot-vo-grcija-vladata-dosega-realizirashe-merki-vo-vrednost-od-615-milioni-evra-za-amortiziranje-na-cenovniot-shok/ Fri, 08 Apr 2022 16:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=485454

Околу 615 милиони евра се издвоени досега за амортизирање на ценовните шокови. Владата минатата година презеде мерки за амортизирање на порастот на цените, а годинава дополнително беше донесен сет од 26 мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и фирмите, но и за финансиска поддршка на фирмите преку Развојна банка. Кризата може да се искористи како можност за обединување и понатамошно проширување на Европската Унија и НАТО. Стратешкото позиционирање на малите и отворени економии е клучно во време на зголемена поларизација“, порача Бесими во своето обраќање на Делфи форумот, што се одржува во Грција, а на кој присуствуваа високи претставници од 36 земји.

Во однос на последиците од руско-украинската војна, Бесими посочува дека РС Македонија иако има мала економска соработка со Русија и Украина, сепак ги чуствува ефектите од војната кои во нашата економија се рефлектираат индиректно и тоа преку глобалниот пораст на цените на енергенсите и основните прехранбени производи, како и преку забавените економски активности и инфлациските притисоци во Европа како наш најголем трговски партнер. Дополнително Русија и Украина претставуваат еден од најголемите извозници на метал во нашата земја, што се очекува да се рефлектира врз нашата метална и градежна индустрија.

Во услови на пораст на цените, во јули минатата година ја намаливме стапката на ДДВ за прометот на електричната енергија за домаќинствата од 18 на 5%, заклучно со јуни годинава. Истата мерка сега со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните ја продолжуваме до крајот на годината“, потенцира Бесими.

Војната во Украина, исто така, подвлече Бесими, го привлече вниманието на политиката на потребата за зајакнување на домашното производство на храна и енергија.

Намалената зависност од увоз на енергија и храна и диверзификацијата на увозот треба да ја зајакне отпорноста на нашите економии на идни кризи", рече Бесими и додаде дека и покрај климатските промени, имаме релативно поволни временски услови за зголемување на домашното производство на храна повикувајќи ги земјоделските и прехранбените компании од Грција и регионот да инвестираат во проекти во нашата држава.

Министерот Бесими, напомена, дека на ниво на држави треба да дизајнираме планови за вонредни ситуации во случај на дополнително намалување или во најлошо сценарио целосно запирање на испораките на руски гас во ЕУ.

Доколку постои иницијатива подготвени сме да учествуваме во потенцијална заедничка акција на ниво на ЕУ за заедничка набавка на природен гас. Властите дополнително треба да изградат фискални бафери и да создадат фискален простор за справување со потенцијални идни интервенции“, вели Бесими.

Притоа, како што посочи, треба да се стремиме да го диверзифицираме увозот на енергија и да ја намалиме зависноста од енергија.

Инвестициите во инфраструктурата за производство на енергија ќе бидат висок приоритет во наредниот период. Владата, исто така, е насочена кон забрзување на зелената и дигиталната трансформација, со посебен акцент на енергетската ефикасност. И јавниот и приватниот сектор треба да поддржат проекти за зголемување на енергетската ефикасност, истовремено подигајќи ја јавната свест за важноста на заштедата на енергија“, истакна Бесими на Делфи форумот што од 6 до 9 април се одржува во Грција.

The post Бесими на Делфи форумот во Грција: Владата досега реализираше мерки во вредност од 615 милиони евра за амортизирање на ценовниот шок appeared first on Република.