делчево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delchevo/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 14:14:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png делчево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/delchevo/ 32 32 Делчевската библиотека додели награди за најчитателите-мажи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/delchevskata-biblioteka-dodeli-nagradi-za-najchitatelite-mazhi/ Wed, 18 Sep 2024 14:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=817522

Јавната локална библиотека Илинден од Делчево, денес ги додели наградите за најчитетелите-мажи. Наградите како што истакна директорката на установата Биљана Петровска, вообичаено се доделуваат пред крајот на летото за читателите од машки пол со најмногу прочитани книги.

-И овој септември ЈЛБ „Илинден“-Делчево, креира топ 5 листа на најчитатели мажи. Овој пат, на листата се најдоа следните наши членови: 5 место за Кирчо Димитровски, 4 место за Благој Митевски, на 3 место се најде Мартин Атанасов, на 2 место Ненад Јовановски и на 1 место за Тони Георгиевски.Честитки за сите. Мило ни е што беа наши гости денес и посакуваме да бидат и понатаму наши редовни читатели, рече Петровска.

Главната констатација за време на средбата која се одржа во библиотеката по повод доделувањето на наградите е дека се зголемува бројот на читатели-мажи.

-Бројот на мажи читатели во библиотеката и понатаму е помал во однос на жените кои се наши читатели, но и понатаму се надеваме и посакуваме бројот на машки членови да се зголеми, додаваат од ЈЛБ ,,Илинден" Делчево.

Претходно библиотеката додели награди и за читателите-жени со најмногу прочитани книги.

The post Делчевската библиотека додели награди за најчитателите-мажи appeared first on Република.

]]>

Благодарница за Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“ по повод Денот на ослободувањето на Делчево – 7 Септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/blagodarnitsa-za-simon-trpcheski-i-proektot-makedonisimo-po-povod-denot-na-osloboduvaneto-na-delchevo-7-septemvri/ Sat, 07 Sep 2024 08:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=814033

Благодарница во чест на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември градоначалникот Горан Трајковски додели на пијанистот Симон Трпчески. Светски познатиот уметник синоќа со неговите пријатели на летната сцена го претставија проектот „Македонисимо“ за што добија стоечки овации од публиката.

Благодариме на човекот со големо срце кој и покрај многуте концертот ширум светот заедно со своите пријатели одвои време и ни го разубави празнувањето по повод Денот на ослободувањето и Денот на независноста. Во таа чест Општината им доделува благодарница за тоа што ни го разубавуваат на овој наш значаен празник, рече Трајковски.

Концертот во Делчево Трпчески го посвети на Влатко Нушев, член на ансамблот по потекло од Делчево. Заблагодарувајќи се за наградата тој изрази задоволство и посебна среќа за концертот во Делчево и од име на целиот ансамбл Македонисимо на граѓаните на Делчево им го честиташе Денот на ослободувањето и Денот на градот кој го носи името на великанот Гоце Делчев.

Како што тој велел Делчев дека светот го разбира ,,како поле за културен натпревар меѓу народите" и ние сме тука вечерва преку културата и преку музиката да ве прегрнеме. Посебна е среќата што сме во вашиот град и овој концерт да го посветиме на Влатко Нушев, нашиот колега, пријател, другар човекот кој на концерт не бил во своето Делчево цели 20 години, целото негово семејство талент со кој треба да се гордеете, рече Трпчески.

Во рамки на концерти беа претставени повеќе сплетови на композиции меѓу кои и за прв пат обработка на стара делчевска песна по текст на Димитар Узунски насловена „Останхме с тата, беќаре и двата“.

Стара изворна пијанечка песна аплауз за Димитар Узунски кој оставил многу песни да се пеат и да играат со неговата дејноста остави за нас за години и векови. Благодарност до Дејан Георгиевски Ѕенен, кој ми најде една идеја како да тече песната. Со негова и моја идеја успеав да направам аранжман како подарок за сите вас да уживате, рече Нушев.

Празнувањето на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември продолжува денес со низа активности.

The post Благодарница за Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“ по повод Денот на ослободувањето на Делчево – 7 Септември appeared first on Република.

Празничен концерт на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/praznichen-kontsert-na-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-vo-delchevo/ Thu, 05 Sep 2024 19:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=813640

По трите концерти на отворањето на сезоната на Симфонискиот оркестар на Дизелдорф (30 август-2 септември), каде под диригентската палка на британскиот маестро Алпеш Чауан учествува во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески се враќа дома за уште еден настап со интернационалниот музички проект „Македонисимо“, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
По струшкото село Збажди, Скопје, Штип, Битола и село Секирник, Општина Босилово, Струмица, Трпчески и Пријателите и пред публиката во Делчево ќе го изведат албумот „Македонисимо“, којшто во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“.

Уникатниот тим на квинтетот „Македонисимо“ и на овој концерт, што ќе се одржи на летната сцена во Градскиот парк во Делчево на 6 септември, со почеток во 20 часот, го сочинуваат Александар Краповски на виолина; Александар Сомов на виолончело; кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев, кој е роден токму во Делчево.

Концертот, во организација на Општина Делчево во соработка со „КултурОп“, се одржува во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градот и, како и сите досегашни изведби на отворено, публиката ќе може да го проследи бесплатно.

The post Празничен концерт на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите во Делчево appeared first on Република.

]]>

По трите концерти на отворањето на сезоната на Симфонискиот оркестар на Дизелдорф (30 август-2 септември), каде под диригентската палка на британскиот маестро Алпеш Чауан учествува во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески се враќа дома за уште еден настап со интернационалниот музички проект „Македонисимо“, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber По струшкото село Збажди, Скопје, Штип, Битола и село Секирник, Општина Босилово, Струмица, Трпчески и Пријателите и пред публиката во Делчево ќе го изведат албумот „Македонисимо“, којшто во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на квинтетот „Македонисимо“ и на овој концерт, што ќе се одржи на летната сцена во Градскиот парк во Делчево на 6 септември, со почеток во 20 часот, го сочинуваат Александар Краповски на виолина; Александар Сомов на виолончело; кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев, кој е роден токму во Делчево. Концертот, во организација на Општина Делчево во соработка со „КултурОп“, се одржува во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градот и, како и сите досегашни изведби на отворено, публиката ќе може да го проследи бесплатно.  

The post Празничен концерт на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите во Делчево appeared first on Република.

]]>
Повторно гори депонијата Острец во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povtoeno-gori-deponijata-ostrets-vo-delchevo/ Thu, 05 Sep 2024 14:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=813578

Повторно гори градската депонија Острец во Делчево. Пожарот е пријавен до ТППЕ Делчево од каде информираат дека нивни екипи веќе се упатени на терен по што ќе пристапат кон нејзино гаснење.

Ова е чест проблем во летните месеци и затоа секогаш апелираме до граѓаните да се пријавуваат ваквите појави. Наша екипа е на терен и се надеваме ќе имаме брза реакција да не дојде до пожар од посериозни размери, информираа од ТППЕ Делчево.

Од Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница" додадоа дека поради честото проблем депонијата периодично се затрупува со земја, но се случува повторно од стакленичките гасови и други причини повторно да дојде до нејзино палење.

Апелираа на одговорно однесување на граѓаните и одбегнување палење на стрништа во близина на депонијата.

The post Повторно гори депонијата Острец во Делчево appeared first on Република.

]]>

Повторно гори градската депонија Острец во Делчево. Пожарот е пријавен до ТППЕ Делчево од каде информираат дека нивни екипи веќе се упатени на терен по што ќе пристапат кон нејзино гаснење.
Ова е чест проблем во летните месеци и затоа секогаш апелираме до граѓаните да се пријавуваат ваквите појави. Наша екипа е на терен и се надеваме ќе имаме брза реакција да не дојде до пожар од посериозни размери, информираа од ТППЕ Делчево.
Од Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница" додадоа дека поради честото проблем депонијата периодично се затрупува со земја, но се случува повторно од стакленичките гасови и други причини повторно да дојде до нејзино палење. Апелираа на одговорно однесување на граѓаните и одбегнување палење на стрништа во близина на депонијата.

The post Повторно гори депонијата Острец во Делчево appeared first on Република.

]]>
Бугарски свештеници среде Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-sveshtenitsi-srede-delchevo/ Wed, 28 Aug 2024 10:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=810824

Негово Високо свештенство Неврокопски бугарски митрополит Серафим служеше светата литургија во храмот "Успение на Пресвета Богородица" во Делчево заедно со водачот на Делчевско - Каменичката епархија епископ Марко и високодостојници од двете цркви.

[caption id="attachment_810822" align="alignnone" width="640"] foto BTA[/caption]

[caption id="attachment_810821" align="alignnone" width="451"] foto BTA[/caption]

The post Бугарски свештеници среде Делчево appeared first on Република.

]]>

Негово Високо свештенство Неврокопски бугарски митрополит Серафим служеше светата литургија во храмот "Успение на Пресвета Богородица" во Делчево заедно со водачот на Делчевско - Каменичката епархија епископ Марко и високодостојници од двете цркви. [caption id="attachment_810822" align="alignnone" width="640"] foto BTA[/caption] [caption id="attachment_810821" align="alignnone" width="451"] foto BTA[/caption]  

The post Бугарски свештеници среде Делчево appeared first on Република.

]]>
Невреме во Делчево, неколку улици во градот се под вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nevreme-vo-delchevo-nekolku-ulitsi-vo-gradot-se-pod-voda/ Mon, 19 Aug 2024 14:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=808004

Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3.

Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот.

Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.

Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крај од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево

The post Невреме во Делчево, неколку улици во градот се под вода appeared first on Република.

]]>

Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3. Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот. Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози. Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крај од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево

The post Невреме во Делчево, неколку улици во градот се под вода appeared first on Република.

]]>
Во пожар изгоре куќа на повозрасни жители од делчевското село Тработивиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-pozhar-izgore-kuka-na-povozrasni-zhiteli-od-delchevskoto-selo-trabotivishte/ Sun, 18 Aug 2024 16:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=807705

Во делчевското село Тработивиште денеска се расчистуваат остатоци од куќата на двајца повозрасни жители на селото И.О. и П.О. , која ноќеска по полноќ изгоре во пожар.

Пожарот во ОВР Делчево бил пријавен на 18.08.2024 во 00:30 часот, а истиот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево.

Лицата кои биле затекнати во куќата, која била зафатена од пожарот за среќа не биле повредени.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа која работи на утврдување на причините за пожарот.

The post Во пожар изгоре куќа на повозрасни жители од делчевското село Тработивиште appeared first on Република.

]]>

Во делчевското село Тработивиште денеска се расчистуваат остатоци од куќата на двајца повозрасни жители на селото И.О. и П.О. , која ноќеска по полноќ изгоре во пожар. Пожарот во ОВР Делчево бил пријавен на 18.08.2024 во 00:30 часот, а истиот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево. Лицата кои биле затекнати во куќата, која била зафатена од пожарот за среќа не биле повредени. Увид на местото на настанот извршила полициска екипа која работи на утврдување на причините за пожарот.

The post Во пожар изгоре куќа на повозрасни жители од делчевското село Тработивиште appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Нокаут“ вечерва во Делчево https://arhiva3.republika.mk/scena/kontsert-na-nokaut-vecherva-vo-delchevo/ Wed, 07 Aug 2024 17:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=804315

Групата „Нокаут“ денеска (7 август) ќе одржи концерт во Делчево, на летната сцена во градскиот парк од 21 часот.

Почитувани фанови, летната турнеја на ‘Нокаут‘ продолжува понатаму. ‘Нокаут‘ за првпат во својата музичка кариера ќе настапи во Делчево“, велат од групата, поканувајќи ги и фановите од Македонска Каменица, Кочани, Пехчево, Виница и другите градови.

По петте настапи лани во Филхармонијата и концертот на Хераклеја во Битола на 5 јули, „Нокаут“ на 27 јули одржа концерт во Античкиот театар во Охрид. Специјален гостин беше Дарко Гелев-Брејк.

The post Концерт на „Нокаут“ вечерва во Делчево appeared first on Република.

Делчево го слави Илинден https://arhiva3.republika.mk/zivot/delchevo-go-slavi-ilinden/ Fri, 02 Aug 2024 14:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=802828

Со пригодна свеченост во организација на Општина Делчево денеска во Делчево се одбележаа 121 години од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, каде се удрени темелите на македонската држава.

Со почит кон споменот и оставнината на борците за слобода од Илинденското востание, пред споменикот на великанот Гоце Делчев, преку рефератот подготвен од играорците од КУД „Гоце Делчев” од Делчево, беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци.

Чествувањето продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“.

Во рамките на одбележувањето, пред двете спомен-обележја во градот, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани.

Традиционално, чествувањето на Илинден продолжува со културно-уметничка програма и граѓански собир во манастирот „Свети Илија“ во село Ѕвегор.

The post Делчево го слави Илинден appeared first on Република.

]]>

Со пригодна свеченост во организација на Општина Делчево денеска во Делчево се одбележаа 121 години од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, каде се удрени темелите на македонската држава. Со почит кон споменот и оставнината на борците за слобода од Илинденското востание, пред споменикот на великанот Гоце Делчев, преку рефератот подготвен од играорците од КУД „Гоце Делчев” од Делчево, беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци. Чествувањето продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“. Во рамките на одбележувањето, пред двете спомен-обележја во градот, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани. Традиционално, чествувањето на Илинден продолжува со културно-уметничка програма и граѓански собир во манастирот „Свети Илија“ во село Ѕвегор.

The post Делчево го слави Илинден appeared first on Република.

]]>
И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/i-utrovo-treseshe-vo-podrachjeto-delchevo-berovo/ Fri, 26 Jul 2024 07:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=800372

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го почувствувале жителите на градовите Пехчево, Берово и околината.

На истото подрачје тресеше и синоќа:

https://republika.mk/zivot/servisi/dva-zemjotresi-vo-makedonija-pochuvstvuvani-vo-berovo-delchevo-i-okolinata/

The post И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го почувствувале жителите на градовите Пехчево, Берово и околината. На истото подрачје тресеше и синоќа: https://republika.mk/zivot/servisi/dva-zemjotresi-vo-makedonija-pochuvstvuvani-vo-berovo-delchevo-i-okolinata/

The post И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово appeared first on Република.

]]>
Изгаснат огнот на депонијата Oстрец во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgasnat-ognot-na-deponijata-ostrets-vo-delchevo/ Sun, 14 Jul 2024 19:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=796792

Во Делчево изгасен огнот кој денес попладне избувна на градската депонија Острец. Според информации од терен пожарот надвор од депонијата е локализиран и нема опасност од негово ширење.

Според информаците на градоначалникот Горан Трајковски кој е на терен заедно со директорот на комуналното претпријатие Стојче Стојчевски, во гаснењето на запалената депонија учествувале екипи на ТППЕ Делчево, Национални Шуми, и ЈКП ,,Брегалница".

-Нема опасност да се прошири пожарот кој избувна на депонијата, околу депонијата пожарот е локализиран. Има машини, камиони, трактор, пренесуваме земја за да го потрупаме, ќе бидеме овде и во утринските часови за да го снема чадот кој се уште е присутен, информираше Трајковски.

Причината за пожарот засега не е познат иако топлото време се наведува како една од причините за негово избувнување.

Пожарот беше пријавен околу 14:00 часот од страна на жители кои живеат во блиските населби пред самата депонија.

The post Изгаснат огнот на депонијата Oстрец во Делчево appeared first on Република.

]]>

Во Делчево изгасен огнот кој денес попладне избувна на градската депонија Острец. Според информации од терен пожарот надвор од депонијата е локализиран и нема опасност од негово ширење. Според информаците на градоначалникот Горан Трајковски кој е на терен заедно со директорот на комуналното претпријатие Стојче Стојчевски, во гаснењето на запалената депонија учествувале екипи на ТППЕ Делчево, Национални Шуми, и ЈКП ,,Брегалница". -Нема опасност да се прошири пожарот кој избувна на депонијата, околу депонијата пожарот е локализиран. Има машини, камиони, трактор, пренесуваме земја за да го потрупаме, ќе бидеме овде и во утринските часови за да го снема чадот кој се уште е присутен, информираше Трајковски. Причината за пожарот засега не е познат иако топлото време се наведува како една од причините за негово избувнување. Пожарот беше пријавен околу 14:00 часот од страна на жители кои живеат во блиските населби пред самата депонија.

The post Изгаснат огнот на депонијата Oстрец во Делчево appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за директорка на средно училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-direktorka-na-sredno-uchilishte/ Thu, 09 May 2024 18:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=776508

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц.(52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавената, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.

The post Кривична пријава за директорка на средно училиште appeared first on Република.

]]>

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц.(52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавената, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.

The post Кривична пријава за директорка на средно училиште appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-direktorka-na-uchilishte-vo-delchevo/ Thu, 09 May 2024 14:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=776412

Директорка на средно училиште од Делчево доби кривична пријава за несовесно работење. Без да спроведе транспарентна постапка, таа извршила набавка во вредност од над 900.000 денари. Во последните неколку дена ова е втор случај директорка на образовна институција да одвговара за незаконска набавка. Претходно за сличен прекршок беше поднесена кривична пријава и за директорка на детска градинка во Скопје.

„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц.(52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Пријавената, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност“ – информираат од МВР.

The post Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево appeared first on Република.

Излезноста до 13 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izleznosta-do-13-chasot-vo-delchevo-i-m-kamenitsa-se-dvizhi-od-24-do-29-otsto/ Wed, 24 Apr 2024 13:24:00 +0000 https://republika.mk/?p=770184

Во Делчево и Македонска Каменица во првиот круг од претседателските избори до 13:00 часот процентот на излезност се движи од 24 до 29 отсто.

Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Делчево до 13 часот во оваа општина гласале 4200 граѓани од 14.490 граѓани со право на глас, колку што се запишани во избирачкиот список.

- Во проценти излезноста на гласачите во Делчево е 29 отсто до 13:00 часот. Гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, без никакви проблеми, информираа од ОИК Делчево.

Во Македонска Каменица 1598 или 24,06 проценти од гласачите го оствариле своето право на глас до 13:00 часот на првиот круг од претседателските избори 2024.

Вкупниот број на гласачи во избирачкиот список во оваа општина изнесува 6641 лице.

The post Излезноста до 13 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто appeared first on Република.

]]>

Во Делчево и Македонска Каменица во првиот круг од претседателските избори до 13:00 часот процентот на излезност се движи од 24 до 29 отсто. Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Делчево до 13 часот во оваа општина гласале 4200 граѓани од 14.490 граѓани со право на глас, колку што се запишани во избирачкиот список.
- Во проценти излезноста на гласачите во Делчево е 29 отсто до 13:00 часот. Гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, без никакви проблеми, информираа од ОИК Делчево.
Во Македонска Каменица 1598 или 24,06 проценти од гласачите го оствариле своето право на глас до 13:00 часот на првиот круг од претседателските избори 2024. Вкупниот број на гласачи во избирачкиот список во оваа општина изнесува 6641 лице.

The post Излезноста до 13 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто appeared first on Република.

]]>
Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-delchevo-izborniot-protses-pochna-navreme-glasaneto-se-odviva-vo-najdobar-red/ Wed, 24 Apr 2024 07:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=769879

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

Се наоѓаме на избирачко место 582/1, каде гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

The post Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред appeared first on Република.

]]>

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред. Се наоѓаме на избирачко место 582/1, каде гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место. Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор. Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

The post Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред appeared first on Република.

]]>
Во Делчево во првиот круг од претседателските избори 14.490 граѓани ќе можат да гласаат на 36 избирачки места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-delchevo-vo-prviot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-14-490-gragani-ke-mozhat-da-glasaat-na-36-izbirachki-mesta/ Mon, 22 Apr 2024 16:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=769385

Во Делчево в среда на Претседателските избори 2024, право на глас имаат вкупно 14.490 лица кои ќе можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места. Ден претходно во домашни услови ќе гласаат вкупно 160 болни и изнемоштени граѓани кои претходно се пријавија во ОИК и им беше одобрено барањето за гласање во домашни услови, соопштија од Општинската изборна комисија.

-Од вкупно пријавените 178 одобрени се 160 барања за гласање во домашни услови, на останатите им се одбиени барањата, што значи дека тие ќе имаат право на глас, на самиот ден на изборите, соопштија од ОИК.

Од Општинската изборна комисија во Делчево очекуваат усшешни избори.

-Во меѓувреме денес попладне во просториите на Општинската изборна комисија во Делчево пристигна доверливиот изборен материјал. Стручни служби на ДИК изготвија записник и материјалот го предадоа во рацете на членовите на ОИК, додадоа од Општинската изборна комисија во Делчево

Со тоа, како што посочијa исполнети се сите услови за беспрекорен прв круг од претседателските избори.

The post Во Делчево во првиот круг од претседателските избори 14.490 граѓани ќе можат да гласаат на 36 избирачки места appeared first on Република.

]]>

Во Делчево в среда на Претседателските избори 2024, право на глас имаат вкупно 14.490 лица кои ќе можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места. Ден претходно во домашни услови ќе гласаат вкупно 160 болни и изнемоштени граѓани кои претходно се пријавија во ОИК и им беше одобрено барањето за гласање во домашни услови, соопштија од Општинската изборна комисија. -Од вкупно пријавените 178 одобрени се 160 барања за гласање во домашни услови, на останатите им се одбиени барањата, што значи дека тие ќе имаат право на глас, на самиот ден на изборите, соопштија од ОИК. Од Општинската изборна комисија во Делчево очекуваат усшешни избори. -Во меѓувреме денес попладне во просториите на Општинската изборна комисија во Делчево пристигна доверливиот изборен материјал. Стручни служби на ДИК изготвија записник и материјалот го предадоа во рацете на членовите на ОИК, додадоа од Општинската изборна комисија во Делчево Со тоа, како што посочијa исполнети се сите услови за беспрекорен прв круг од претседателските избори.

The post Во Делчево во првиот круг од претседателските избори 14.490 граѓани ќе можат да гласаат на 36 избирачки места appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Најважниот предизвик за сите нас е беспоштедната битка со корупцијата и криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-najvazhniot-predizvik-za-site-nas-e-besposhtednata-bitka-so-koruptsijata-i-kriminalot/ Sat, 20 Apr 2024 20:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=768657

Кандидатот за претседател од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва имаше обраќање пред граѓаните на Делчево, каде во рамки на централниот митинг во својот говор рече дека е чест да се биде во Делчево, градот на Гоце, кој за актуелниот претседател е Бугарин.

Упати поздрав до сите граѓани на Делчево без разлика на партиската припадност, велејки дека гласот и на неопределените граѓани или граѓани кои не се занимаваат со политика, во овој момент е важен за да можат да го кажат својот збор.

- Посебно сакам да истакнам од мојата програма дека има едно место за најранливата категорија во Македонија, а тоа се Ромите. Мислам дека господинот Салиу неслучајно го погреши своето име и презиме...тоа е зошто е импресиониран веројатно од моето залагање во Парламентот за член на Комисијата за заштита од дискриминација. Затоа во мојата програма има посебен дел за ромската заедница кои мора да ги направиме умните стручни Роми видливи, за да инспирираат и други, рече Сиљановска Давкова.

Малубројните, додаде, исто така се дел од Македонија и мора да уживаат посебна заштита.

- Инаку тоа мултикултурно, мултиетничко, мултиконфесионално е под прашалник особено ако тука е погубната формула за бинационална држава бидејќи сите знаат дека каде што имате „би" имате победници и губитници и резултатот не е добар, додаде кандидатот за претсдател од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата.

Она што, според неа го прави специфичен овој натпревар со седумте кандидати за претседател, од една страна е баукот на примитивизмот и  неодговорноста, несвесноста и непочитувањето на националните и државните интереси. Од друга  страна, како што кажа, е нарцизмот меѓу дел од кандидатите, што, според неа  предизвикува поделби и раздор.

Порача да се внимава на сопствеништвото лично или колективно на Македонија, на државата, на институциите.

- Институциите треба да бидат насочени кон искористување на јавно добро, а не институциите да ги користите во политички цели, да снимате спотови во институциите, славите роденден. Институциите не смеете да ги фамилијализирате.Затоа ние треба да ставиме крај на ужасната феудализација во македонија од луѓе со ограничен ум, од луѓе кои преку ноќ се збогатија. Да ги испратиме надвор од политиката бидејќи со тоа не навредуваат и не повредуваат. Затоа мислам дека ова е пресуден последен момент од кој извира нашиот легитимитет, ама вие сте тие кои морате да ги делегитимирате, бидејќи не водеа сметка за граѓанските потреби интереси и не ги задоволуваа, туку само мислеа на себе, додаде Сиљановска Давкова.

Мора, нагласи, да се тргне по филозофијата на санкционирање на секој без оглед на каква висока функција се наоѓал или се наоѓа, Уставот и законите мора да важат за сите на оваа линија.

- Се залагам за сериозно преиспитување на статусот при изборот на Судскиот совет, ова го велам како некој кој ќе биде надлежен за именување на двајца членови на судскиот совет, онаа скандалозна институција што не гарантира независно судство туку партиско судство, додаде кандидатот за претседател од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата.

Околу актуелното работење на, како што рече, султанатот Македонија, воден од луѓе кои според неа си ја приватизираа државата, Сиљановска Давкова претходно зборуваше на митингот одржан во Берово.

- Врв на султанатот Македонија е она што се случи во Владата? Сте чуле ли некој премиер, па и некој технички премиер да си го слави роденден семејството во Владата. Луѓе, не само што ја приватизираа државата, туку и дворци си направија од државните институции, со сè внуци, со сè фамилија. Затоа јас велам дека се однесуваат како римски конзули. Можете да замислите што прави господинот Артан Груби? Му го дава министерството, зградата, на султанот Али Ахмети за  тој таму да се среќава со дипломати, па да слави родендени, па дури и да си пее. Тоа ли е држава?, рече меѓу другото Сиљановска Давкова пред беровчани.

Најважниот предизвик за сите нас, потенцираше, е беспоштедната битка со корупцијата и криминалот.

На централниот митинг во Делчево, како и на претходните во Берово и Пехчево, свое обраќање имаа и Драган Ковачки носител во ИЕ 3 од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата и претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Силјановска Давкова: Најважниот предизвик за сите нас е беспоштедната битка со корупцијата и криминалот appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва имаше обраќање пред граѓаните на Делчево, каде во рамки на централниот митинг во својот говор рече дека е чест да се биде во Делчево, градот на Гоце, кој за актуелниот претседател е Бугарин. Упати поздрав до сите граѓани на Делчево без разлика на партиската припадност, велејки дека гласот и на неопределените граѓани или граѓани кои не се занимаваат со политика, во овој момент е важен за да можат да го кажат својот збор. - Посебно сакам да истакнам од мојата програма дека има едно место за најранливата категорија во Македонија, а тоа се Ромите. Мислам дека господинот Салиу неслучајно го погреши своето име и презиме...тоа е зошто е импресиониран веројатно од моето залагање во Парламентот за член на Комисијата за заштита од дискриминација. Затоа во мојата програма има посебен дел за ромската заедница кои мора да ги направиме умните стручни Роми видливи, за да инспирираат и други, рече Сиљановска Давкова. Малубројните, додаде, исто така се дел од Македонија и мора да уживаат посебна заштита. - Инаку тоа мултикултурно, мултиетничко, мултиконфесионално е под прашалник особено ако тука е погубната формула за бинационална држава бидејќи сите знаат дека каде што имате „би" имате победници и губитници и резултатот не е добар, додаде кандидатот за претсдател од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата. Она што, според неа го прави специфичен овој натпревар со седумте кандидати за претседател, од една страна е баукот на примитивизмот и  неодговорноста, несвесноста и непочитувањето на националните и државните интереси. Од друга  страна, како што кажа, е нарцизмот меѓу дел од кандидатите, што, според неа  предизвикува поделби и раздор. Порача да се внимава на сопствеништвото лично или колективно на Македонија, на државата, на институциите. - Институциите треба да бидат насочени кон искористување на јавно добро, а не институциите да ги користите во политички цели, да снимате спотови во институциите, славите роденден. Институциите не смеете да ги фамилијализирате.Затоа ние треба да ставиме крај на ужасната феудализација во македонија од луѓе со ограничен ум, од луѓе кои преку ноќ се збогатија. Да ги испратиме надвор од политиката бидејќи со тоа не навредуваат и не повредуваат. Затоа мислам дека ова е пресуден последен момент од кој извира нашиот легитимитет, ама вие сте тие кои морате да ги делегитимирате, бидејќи не водеа сметка за граѓанските потреби интереси и не ги задоволуваа, туку само мислеа на себе, додаде Сиљановска Давкова. Мора, нагласи, да се тргне по филозофијата на санкционирање на секој без оглед на каква висока функција се наоѓал или се наоѓа, Уставот и законите мора да важат за сите на оваа линија. - Се залагам за сериозно преиспитување на статусот при изборот на Судскиот совет, ова го велам како некој кој ќе биде надлежен за именување на двајца членови на судскиот совет, онаа скандалозна институција што не гарантира независно судство туку партиско судство, додаде кандидатот за претседател од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата. Околу актуелното работење на, како што рече, султанатот Македонија, воден од луѓе кои според неа си ја приватизираа државата, Сиљановска Давкова претходно зборуваше на митингот одржан во Берово. - Врв на султанатот Македонија е она што се случи во Владата? Сте чуле ли некој премиер, па и некој технички премиер да си го слави роденден семејството во Владата. Луѓе, не само што ја приватизираа државата, туку и дворци си направија од државните институции, со сè внуци, со сè фамилија. Затоа јас велам дека се однесуваат како римски конзули. Можете да замислите што прави господинот Артан Груби? Му го дава министерството, зградата, на султанот Али Ахмети за  тој таму да се среќава со дипломати, па да слави родендени, па дури и да си пее. Тоа ли е држава?, рече меѓу другото Сиљановска Давкова пред беровчани. Најважниот предизвик за сите нас, потенцираше, е беспоштедната битка со корупцијата и криминалот. На централниот митинг во Делчево, како и на претходните во Берово и Пехчево, свое обраќање имаа и Драган Ковачки носител во ИЕ 3 од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата и претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Силјановска Давкова: Најважниот предизвик за сите нас е беспоштедната битка со корупцијата и криминалот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Национално единство и обединување на партиите околу Македонија им пречи на криминалците од ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-neka-si-tera-kovachevski-so-negovoto-tendersko-edinstvo-vo-dui-jas-ke-prodolzham-da-povikuvam-na-edinstvo-zatoa-shto-predolgo-makedonija-e-razedineta/ Sat, 20 Apr 2024 20:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=768654

Пред два дена повикав за македонско национално единство. Јас доколку не повикав на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која партија, е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина. На овој мој повик, побрза и панично и нервозно се јави Димитар Ковачевски кој вели дека ни биле лоши работите, сме се плашеле и затоа сум повикал на единство, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Делчево.

Не знаев до сега, дека е страв да се повика на македонско национално единство, затоа што сметам дека пред се тоа е моја патриотска должност. Па еве јавно да одговорам. Ќе запрашам што мислите кому во Македонија вистински му пречи национално единство и обединување на партиите околу главната цел Македонија да биде силна и средена држава? Кому му смета па креваат глава против тоа единство? Ќе ви одговорам, тоа се криминалците од ДУИ, кои ги фаќа паника и страв па побрзаа да стиснат на копчето кое го поседуваат, а се вика Ковачевски Димитар и Пендаровски Стево. Ковачевски, да беше тендер за ДУИ и Артан веднаш ќе сфатеше, а вака ни тој самиот не верувам дека ја сфаќа важноста за национално единство пред налетот на ДУИ за криминализирање на Македонија. Разочаран од него колку грчевито се бори против националното единство што е просто неверојатно. Колку гледа да им учини на ДУИ што покажува дека е или уценет или заедно делат големи проценти од криминалот. А можеби се во прашање и двете работи“, кажа Мицкоски и додаде:

-И многу ми е жал што пропуштаат историска шанса и што се седнати во скутот на Али Ахмети. И не ме чуди што и нивниот лидер Црвенковски го замрзна членството. Да можат и многу други ќе се замрзнат само да не го гледаат срамот во кој таа партија се претвори. Ја користам оваа прилика да го споменам, и нивниот претседател кој што доаѓаше од редовите на СДСМ а беше претседател на Македонија, велеше „многумина сакаат Македонија да ја приграбат“ тој тогаш им порача епа не може, ама Ковачевски никако да му текне им вели повелете еве цела Македонија ви ја ставам на тацна само оставете ме уште еден ден во фотелјата.

Мицкоски му порача на Ковачевски да си тера со неговото тендерско единство со ДУИ а тој ќе продолжи да повикува на единство за Македонија.

Нека си тера Ковачевски со неговото тендерско единство во ДУИ, јас ќе продолжам да повикувам на единство затоа што предолго Македонија е разединета на сто страни. И без оглед што некои поединци, дури и лидери и од таа опозиција, по налог на СДСМ ќе излезат да противречат на тоа единство, ќе бараат точки и запирки за расправа со ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да бидат актуелни, единството е неминовен процес кој го посакуваат граѓаните кои се членови и на тие партии и тоа единство ќе се случи“, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Национално единство и обединување на партиите околу Македонија им пречи на криминалците од ДУИ appeared first on Република.

Ковачки: Во Платформа 1198 за Делчево предвидуваме изградба на експресни патишта до Кочани и Виница, пречистителна станица, нов мост на реката Брегалница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-vo-platforma-1198-za-delchevo-predviduvame-izgradba-na-ekspresni-patishta-do-kochani-i-vinitsa-prechistitelna-stanitsa-nov-most-na-rekata-bregalnitsa/ Sat, 20 Apr 2024 19:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=768641

Ситуацијата во Македонија е загрижувачка. Меѓу народот владее апатија и разочараност, сиромаштијата се чувствува во секој дом, цели семејства се иселуваат, власта наместо да ги решава проблемите на граѓаните, времето го користи за крадење и нови бизнис зделки од кои тие лично профитираат, изјави носителот од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 3, Драган Ковачки на митингот во Делчево.

-Но, овие избори се шанса за промена. Овие избори се последен спас за Македонија и народот. Шанса да ја вратиме Македонија повторно кај вас граѓаните, затоа што вие сте силата на една држава. Промените се можни само со победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачки.

Ковачки истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди Платформа 1198 која се обврзува да го подобри квалитетот на живот на сите граѓани и целосно да ја трансформира Македонија.

-Ветуваме реализација на економски раст од 5 проценти, отворање на нови 55.000 работни места, отвораме фронт против корупцијата – проверка на имотот на судии и јавни обвинители и нивните семејства, 250 милиони евра за инвестициски бум во општините и тоа без разлика дали со нив управува градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ или СДС. Реорганизација на министерствата и институциите и намалување на бројот на функционери. Ќе го зголемиме надоместокот за социјална помош. Платформата 1198 се обврзува на линеарно покачување на пензиите за 5000 денари. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка, поевтини сметки за струја преку укинување на измислената тарифа за пристап до мрежа, како и 800 милиони евра за македонските земјоделци, загарантиран откуп и цена на земјоделските производи, изјави Ковачки.

Ковачки нагласи дека она што е важно за Делчево е изградба на експресен пат од Кочани до Делчево, ќе се скрати патот за околу 12 километри, потоа изградба на нов експресен пат Делчево – Виница преку Калиманско поле, како и реконструкција на патиштата до Пехчево, Берово и Македонска Каменица.

-Се обврзуваме на изградба на пречистителна станица за отпадни води на град Делчево, изградба на мини пречистителна станица за отпадни води во село Град, село Стемер, село Врче, село Тработивиште. Реконструкција на главни потисни цевководи за вода за пиење во град Делчево, како и изградба на нови главни потисни цевководи за вода за пиење за селата Габрово, Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор. Изградба на нов мост на реката Брегалница. Платформа 1198 се обврзува на доизградба на водоводна, канализациона и патна инфраструктура во ТИРЗ Делчево. Покрај можноста за производство на електрична енергија во Централниот исток ќе се разгледа можноста за снабдување со топлинска енергија во Делчево и Македонска Каменица, изјави Ковачки.

Ковачки ги повика граѓаните да дадат поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, а потоа и на 8 мај, како и за коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да се врати достоинството во Македонија.

The post Ковачки: Во Платформа 1198 за Делчево предвидуваме изградба на експресни патишта до Кочани и Виница, пречистителна станица, нов мост на реката Брегалница appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата во Македонија е загрижувачка. Меѓу народот владее апатија и разочараност, сиромаштијата се чувствува во секој дом, цели семејства се иселуваат, власта наместо да ги решава проблемите на граѓаните, времето го користи за крадење и нови бизнис зделки од кои тие лично профитираат, изјави носителот од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 3, Драган Ковачки на митингот во Делчево. -Но, овие избори се шанса за промена. Овие избори се последен спас за Македонија и народот. Шанса да ја вратиме Македонија повторно кај вас граѓаните, затоа што вие сте силата на една држава. Промените се можни само со победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачки. Ковачки истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди Платформа 1198 која се обврзува да го подобри квалитетот на живот на сите граѓани и целосно да ја трансформира Македонија. -Ветуваме реализација на економски раст од 5 проценти, отворање на нови 55.000 работни места, отвораме фронт против корупцијата – проверка на имотот на судии и јавни обвинители и нивните семејства, 250 милиони евра за инвестициски бум во општините и тоа без разлика дали со нив управува градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ или СДС. Реорганизација на министерствата и институциите и намалување на бројот на функционери. Ќе го зголемиме надоместокот за социјална помош. Платформата 1198 се обврзува на линеарно покачување на пензиите за 5000 денари. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка, поевтини сметки за струја преку укинување на измислената тарифа за пристап до мрежа, како и 800 милиони евра за македонските земјоделци, загарантиран откуп и цена на земјоделските производи, изјави Ковачки. Ковачки нагласи дека она што е важно за Делчево е изградба на експресен пат од Кочани до Делчево, ќе се скрати патот за околу 12 километри, потоа изградба на нов експресен пат Делчево – Виница преку Калиманско поле, како и реконструкција на патиштата до Пехчево, Берово и Македонска Каменица. -Се обврзуваме на изградба на пречистителна станица за отпадни води на град Делчево, изградба на мини пречистителна станица за отпадни води во село Град, село Стемер, село Врче, село Тработивиште. Реконструкција на главни потисни цевководи за вода за пиење во град Делчево, како и изградба на нови главни потисни цевководи за вода за пиење за селата Габрово, Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор. Изградба на нов мост на реката Брегалница. Платформа 1198 се обврзува на доизградба на водоводна, канализациона и патна инфраструктура во ТИРЗ Делчево. Покрај можноста за производство на електрична енергија во Централниот исток ќе се разгледа можноста за снабдување со топлинска енергија во Делчево и Македонска Каменица, изјави Ковачки. Ковачки ги повика граѓаните да дадат поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, а потоа и на 8 мај, како и за коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да се врати достоинството во Македонија.

The post Ковачки: Во Платформа 1198 за Делчево предвидуваме изградба на експресни патишта до Кочани и Виница, пречистителна станица, нов мост на реката Брегалница appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево- Македонија повторно твоја! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-naroden-miting-na-vmro-dpmne-vo-opshtina-delchevo-makedonija-povtorno-tvoja/ Sat, 20 Apr 2024 18:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=768609

https://www.youtube.com/watch?v=8zTlrjWgHUw

The post Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево- Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

]]>

https://www.youtube.com/watch?v=8zTlrjWgHUw

The post Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево- Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

]]>