Бугарските пратеници едногласно со 178 гласови „за“ и без расправа ја донесоа Декларацијата „во врска со систематското и методично уништување на дијалогот меѓу Република Cеверна Македонија и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од владејачки политички фактори во РСМ“.
Во декларацијата, Националното собрание на Бугарија ја потврдува политичката намера и стремеж за завршување на изградбата на Коридорот 8 од бугарска страна и ја повикува македонската Влада да пристапи одговорно и со добра волја кон сите преземени обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Коридорот на македонска територија, јавуваат бугарските медиуми.
Втората точка од Декларацијата значи враќање на позитивниот дијалог, како што пишува, прекинат од РСМ и запирање на антибугарската кампања и провокативните изјави кон Бугарија.
Декларацијата ја потврдува и волјата на бугарската држава и институции во однос на организирање на заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, „со оглед на богатата заедничка историја на двете земји“.
Бугарското собрание исто така силно не се согласува со негирањето на, како што велат, „заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членовите на владата на Република Cеверна Македонија, што е директно кршење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година“.
Во Декларацијата исто така се апелира до институциите во Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно би им наштетиле на односите меѓу двете земји и нивните граѓани.
The post Бугарија сега сака заеднички празници со Македонија appeared first on Република.
]]>The post Бугарија сега сака заеднички празници со Македонија appeared first on Република.
]]>Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја усвои декларацијата за односите со Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, пренесува државната новинска агенција БТА.
Партиите застапени во парламентот најдоа консензус и се обединија околу текстот на декларацијата, која со мали амандмански корекции е едногласно усвоена во комисијата.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, најави дека декларацијата ќе биде усвоена од Народното собрание на Бугарија на пленарна седница, денеска (26 септември).
Најважното што го даваме како знак е дека бугарските политичари, бугарската држава, сите партии се обединети кога е во прашање добрососедството меѓу двете земји и секој што ќе го прекрши треба да си сноси одговорност, изјави Борисов.
Повод за вонредниот состанок и усвојувањето на декларацијата, како што се наведува, „се низата антибугарски изјави на водечките политичари во Република Cеверна Македонија, кои имаат за цел да ги минираат билатералните односи и да ја претстават Бугарија во лошо светло пред европските партнери“, како и „одбивањето на РСМ да ги исполни условите предвидени во преговарачката рамка, што ќе и овозможи на земјата да започне вистински процес на преговори за европска интеграција“.
The post Бугарските партии сложни околу декларацијата за Македонија appeared first on Република.
]]>Најважното што го даваме како знак е дека бугарските политичари, бугарската држава, сите партии се обединети кога е во прашање добрососедството меѓу двете земји и секој што ќе го прекрши треба да си сноси одговорност, изјави Борисов.Повод за вонредниот состанок и усвојувањето на декларацијата, како што се наведува, „се низата антибугарски изјави на водечките политичари во Република Cеверна Македонија, кои имаат за цел да ги минираат билатералните односи и да ја претстават Бугарија во лошо светло пред европските партнери“, како и „одбивањето на РСМ да ги исполни условите предвидени во преговарачката рамка, што ќе и овозможи на земјата да започне вистински процес на преговори за европска интеграција“.
The post Бугарските партии сложни околу декларацијата за Македонија appeared first on Република.
]]>Aвстрискиот канцелар, Карл Нехамер, на маргините на самитот за Украина во Швајцарија изјави дека не се очекува сите учесници на мировниот самит во Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација.
Нехамер, сепак, додаде дека основниот заеднички став нема да биде засегнат.
Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, изјави Нехамер.
Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат
Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.
Дводневната конференција треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација.
Официјални лица од Москва не беа поканети на самитот.
The post Декларацијата на самитот за Украина нема да биде потпишана од сите учесници appeared first on Република.
]]>Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, изјави Нехамер.Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат
Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.Дводневната конференција треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација. Официјални лица од Москва не беа поканети на самитот.
The post Декларацијата на самитот за Украина нема да биде потпишана од сите учесници appeared first on Република.
]]>Алијанса за Албанците на Арбен Таравари и партиите од коалицијата Европски сојуз за промени (ЕСП), Демократско движење, Движењето БЕСА и Алтернатива, денеска потпишаа Декларација за обединување во пресрет на претседателските и парламентарни избори под слоганот „Вреди“.
Во декларацијата што ја потпишаа лидерите на АА Арбен Таравари, на Демократското движење, Изет Меџити, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето Беса Биљал Касами, истакнуваат дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во државава. Кандидат на четирите партии за претседателските избори ќе биде Таравари.
Денеска со потпишувањето на оваа декларација, на овој ден каде ја одбележуваме и независноста на Косово, поставуваме темели на нова ера кај албанските партии во Република Македонија. Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека дојдено е времето за голема политичка промена во земјата. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, без разлика – млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари – Придружете се кон промената која доаѓа – рече Меџити.
Таравари изрази надеж дека после 8 мај ќе се случела долгоочекуваната промена во албанскиот блок.
Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозициски партии првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок – изјави тој.
Касами, пак, рече дека вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува одлучноста, револуционерниот дух и волјата за промена на албанскиот народ.
Бидете уверени дека Вашата одлука да бидете дел од овој процес е вреден – посочи Касами.
The post „Вреди“ е слоганот на албанската опозиција која потпиша Декларација за обединување appeared first on Република.
]]>Денеска со потпишувањето на оваа декларација, на овој ден каде ја одбележуваме и независноста на Косово, поставуваме темели на нова ера кај албанските партии во Република Македонија. Оваа декларација е заедничка платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оценуваат дека дојдено е времето за голема политичка промена во земјата. Денес, од овој масовен собир, ги повикуваме сите, без разлика – млади, неопределени, очајни, активисти и аналитичари – Придружете се кон промената која доаѓа – рече Меџити.Таравари изрази надеж дека после 8 мај ќе се случела долгоочекуваната промена во албанскиот блок.
Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозициски партии првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок – изјави тој.Касами, пак, рече дека вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува одлучноста, револуционерниот дух и волјата за промена на албанскиот народ.
Бидете уверени дека Вашата одлука да бидете дел од овој процес е вреден – посочи Касами.
The post „Вреди“ е слоганот на албанската опозиција која потпиша Декларација за обединување appeared first on Република.
]]>Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска соопшти дека Варшава одбила да го поддржи текстот за мигрантите во заедничката декларација на земјите-членки на Европската унија на крајот од Европскиот самит во шпанскиот град Гранада.
Како резултат на тоа, во заедничката декларација ќе биде вклучен само предметот за проширување на ЕУ.
Самитот во јужниот шпански град Гранада се одржа во два формати - оној на Европската политичка заедница и оној на ЕУ.
„Како одговорен политичар, одбивам да го поддржам целиот став од заклучоците од состанокот во врска со миграцијата“, напиша Моравјецки на социјалната платформа Икс.
Официјален претставник на ЕУ изјави дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе издаде посебна изјава за миграцијата.
Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера на заедничката прес-конференција со Моравјецки изјави дека Полска е против секој договор што вклучува прераспределба на мигрантите.
The post Полска одби да ја поддржи заедничката декларација на ЕУ во Гранада со текст за мигрантите appeared first on Република.
]]>The post Полска одби да ја поддржи заедничката декларација на ЕУ во Гранада со текст за мигрантите appeared first on Република.
]]>Забрзување на процесот на пристапување кон Европската Унија, борба против ефектите од климатските промени и нивно ублажување и задржување на младите во регионот на Западен Балкан се главните точки во заедничката Декларација од Скопје на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони.
Официјалниот текст на декларацијата е усогласен на англиски јазик, а во продолжение следи протоколарен превод на македонски јазик.
„Ние, лидерите на Процесот Брдо - Бриони, водени од начелата на регионална соработка, демократија и одржлив развој, се состанавме во Скопје, на 11 септември 2023 година, со цел да ја препознаеме и истакнеме виталната важност на забрзувањето на процесот на интеграција на Западниот Балкан во Европската унија, потребата за прилагодување кон ефектите од климатските промени и дебата во однос на мерките за обезбедување на виталност на општествата преку задржување на младите во регионот на Западен Балкан. Целејќи кон напредна и безбедна иднина на Западен Балкан како предуслов за напредокот и стабилноста на Европа, го подвлекуваме следново:
Се обврзуваме, преку реафирмирање на нашиот став во врска со политиката на проширување на ЕУ и перспективата за членство на Западен Балкан во Европската унија, како најдиректен придонес кон одржувањето на мирот и стабилноста, а сега, повеќе од кога било и како геополитичко прашање, да го интензивираме стратешкиот дијалог со институциите на ЕУ со цел да се забрза процесот на пристапување кон ЕУ и да се спречи занемарување на регионот. ЕУ, како и Западниот Балкан, треба да биде подготвена за проширување во најкус можен рок, но не подоцна од 2030 година за да се постигне оваа цел.
Во однос на постојаната руска агресија врз Украина и ефектот на прелевање кон Западниот Балкан, ја повторуваме потребата од силна, отпорна и инклузивна ЕУ, со Западен Балкан како нејзин дел.
Го препознаваме фактот дека сеопфатни политички, економски и социјални реформи се клучни за пристапување кон ЕУ. Се обврзуваме да ги интензивираме нашите напори во спроведувањето на реформите на Западен Балкан чија цел е зајакнување на владеењето на правото, напредокот, функционирањето на демократските институции и јавната администрација.
Потврдуваме дека регионалната соработка и добрососедските односи се суштински за напредување по соодветните ЕУ патеки. Се обврзуваме да работиме заедно за да негуваме атмосфера на заемна доверба, разбирање, мирно и долготрајно решавање на преостанатите билатерални прашања и солидарност помеѓу нас.
Ја истакнуваме важноста на постигнување видливи придобивки и можности за граѓаните на Западен Балкан и пред формалното пристапување. Оттука, ја покануваме ЕУ да го разгледа отворањето на патишта кои ќе му овозможат на Западен Балкан да пристапи кон специфични ЕУ политики, иницијативи и фондови, на тој начин приближувајќи им некои од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан уште денес.
Во таа смисла, ја подвлекуваме итноста за користење на новата методологија на преговори со цел да се забрза процесот на пристапување кон ЕУ заснован на заслуги, како и да се осигура напредок на постепената интеграција помеѓу ЕУ и регионот уште за време на самиот процес на проширување.
Препознавајќи ја итната потреба од прилагодување кон брзорастечката закана од климатски промени во регионот, истакнуваме дека прилагодувањето кон климатските промени е споделена одговорност која изискува заеднички напори од страна на нашите влади, граѓанско општество, приватен сектор и меѓународни партнери. Овие напори треба да бидат координирани со ЕУ и нејзините сродни програми.
Справувањето со предизвиците од климатските промени, зелената транзиција и зелениот раст, заедно со зајакнатата диверзификација на енергенсите и преминот кон обновлива енергија и ефикасност, треба дополнително да се унапредуваат. Се обврзуваме да го забрзаме преминот кон обновливи извори на енергија и да ја зајакнеме енергетската ефикасност со цел да се намали јаглеродниот отпечаток и да се обезбеди одрѓлива енергетска иднина. Ова може да вклучува еколошки здрави инвестиции во хидро, соларни, ветерни и геотермални извори.
Го поздравуваме Пакетот за енергетска поддршка во износ од 1 милијарда евра за Западен Балкан, со кој ЕУ ги прошири мерките за солидарност кои беа преземени во рамките на ЕУ по агресијата на Руската Федерација врз Украина, како што е поддршката за ранливи домаќинства и изградба на нова енергетска инфраструктура.
Препознавајќи го богатството на нашите природни пејзажи и биодиверзитет, ќе работиме заедно на зачувувањето и заштитата на нашите уникатни екосистеми и ќе промовираме одржливи практики на користење на земјиштата.
Ќе поддржиме инвестиции во климатски отпорна и еколошки одржлива инфраструктура и мерки за подготвеност против катастрофи, со цел да се заштитат нашите општества од влијанието на екстремни временски услови. Поплавите кои ги погодија Словенија и Хрватска оваа година, како и шумските пожари низ регионот се потврда за потребата од заедничка работа и взаемна помош во справувањето со заедничките предизвици. Солидарноста е вредност која постојано била интегрален дел од нашата соработка. Во тој дух, го охрабруваме осмислувањето и употребата на добри практики, вклучително и преку европските механизми, со координирање на помошта и на билатерално и на мултилатерално ниво, со цел да се осигураме дека помошта секогаш ќе биде достапна за оние кои имаат најголема потреба.
Емигрирањето на младите луѓе од Западен Балкан има значителни последици по долгорочната виталност на нашите општества, одржливиот економски раст и општествениот напредок. Ја препознаваме суштинската важност на задржувањето на младите во рамките на Западниот Балкан. Силно сме уверени дека искористувањето на потенцијалот на младите е витален за напредокот на нашите општества и за постигнување на дологорочен просперитет.
Ја истакнуваме важноста на соработката со ЕУ и поддршката во задржувањето на младите во регионот. Ангажманот и партнерството со ЕУ се клучни за обезбедување на успешно спроведување на стратегиите чија цел е негување и искористување на потенцијалот на младите.
Ја славиме разноликоста на регионот на Западен Балкан и се обврзуваме на унапредување на културната размена и разбирањето помеѓу младите. Преку негување на инклузивни и отворени општества, целиме кон создавање на средина која ќе ги охрабрува младите поединци да останат или да се вратат и да придонесат кон колективниот развој на регионот.
Ја признаваме важноста на квалитетното образование. Ќе работиме на подобрување на образовните системи и зголемување на можностите за младите да стекнат соодветни компетенции и вештини.
Се обврзуваме да создадеме привлечна и конкурентна бизнис средина која охрабрува иновации, претприемништво и создавање на нови работни места, задржувајќи ги на тој начин младите во регионот.
Потврдуваме дека соработката на овие полиња е од суштинска важност за зајакнување на развојот на човечкиот капитал, запирање на одливот на мозоци и охрабрување на протокот на мозоци, како и негување на развојот на дологорочен, стабилен и иновативен екосистем и премин кон екомонија заснована на знаење, на тој начин обезбедувајќи подобра перспектива за младите во регионот“, се вели во заендичката Декларција од Скопје.
На состанокот денеска во Скопје ќе учествува претседателот Стево Пендаровски, како домаќин, претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.
The post Декларација од состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје appeared first on Република.
]]>The post Декларација од состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје appeared first on Република.
]]>СДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат. СДС и Ковачевски молчат за криминалот, а молчат и на Бугарите за Илинденската декларација, која испари под притисок на Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од поднесената декларација до Собранието може да се види дека само 17 пратеника од власта се потпишани на неа, од кои 16 од СДС и само еден коалиционен партнер, ги нема останатите коалициони партнери на СДС и ДУИ.
СДС и Ковачевски со денови не ја спомнуваат декларацијата која помпезно ја најавуваа.
Дали власта мора да молчи заради притисокот од Бугарија?
Лицемерието на СДС излезе на површина.
ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа СДС да ја пушти декларацијата, а потоа на истата ќе поднесеме суштински амандмани на линија на македонските интереси. Дали СДС воопшто нема да смее да ја стави истата во процедура?, прашуваат од партијата.
The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат appeared first on Република.
]]>The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат appeared first on Република.
]]>Во Собранието имаме донесено Закон за здруженија на граѓани кој ќе биде спроведен како и сите други закони во оваа држава. Дали некоја друга држава ќе донесе каква било декларација е право на државата и тоа не може да влијае на спроведувањето на законите. Барам и Буагрија и сите други држави да ги спроведуваат одлуките, пресудите на сите меѓународни судови, институти на кои се членови како што тоа го правиме и ние, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од Рашела Мизрахи дали и имплементирањето на законот за здруженија и фондации кој требаше да одговори на прашања на фашистички имиња и нивни соработници е попречуван заради бугарската декларација.
-Ние преговараме за членство во ЕУ со ЕУ, а не со Бугарија. Со Бугарија имаме билатерални прашања кои се регулирани со договор и за тоа се формирани работни тела кои работат без политичко влијание и без политички притисок врз основа на научна методологија и единствено со целосен консензус можат да носат зкалучоци кои потоа треба да бидат институционално спроведувани. Имаме адмнистрација која успешно ги води преговорите со ЕУ, односно скрининг процесот. Сигналите се позитивни од ЕУ, а со темпото со кое се работи до ноември како што е планот ќе заврши скрининг фазата на процесот на пристапување кон ЕУ, посочи Ковачевски.
На прашањето од пратеничката Мизрахи кога ќе се отвори македонскиот клуб во Бугарија, премиерот кажа дека Министерството за култура ги подготвило сите потребни документи за барање за отворање културен клуб во Бугарија кој би бил дел од културниот клуб кој веќе го имаме отворено во Софија.
-До Владата на Бугарија ќе доставиме барање, Министерството за култура ги подготви сите потребни документи и ги достави до МНР, меѓутоа оттогаш во Бугарија нема избрано политичка влада. Кога ќе се формира во Бугарија влада со која ќе може да се разговара за долгорочни решенија ќе може барањето да биде испратено до именуваниот министер за надворешни работи и тогаш ќе зависи од Бугарија одговорот бидејќи се работи за отворање наш клуб во Бугарија. Кога ќе има позитивен одговор тогаш како што кажав, заедно ќе одиме на отворањето на културен клуб уште еден во Бугарија, рече Ковачевски.
The post Ковачевски: Бугарската декларација не може да влијае на спроведувањето на законите appeared first on Република.
]]>The post Ковачевски: Бугарската декларација не може да влијае на спроведувањето на законите appeared first on Република.
]]>Собранието на Комората на геодетски друштва усвои Декларација за развивање и унапредување на приватниот гоедетски сектор со која ќе бара од државните институции поддршка за креирање на законски и подзаконски решенија кои се создадат поволни услови за водење на бизнис во овој сектор. На седницата беше донесена и одлука за формирање на Советодавно тело, чии членови се домашни и странски експерти од геодетската област кои ќе бидат во функција на стручна поддршка на работата на Комората.
Декларацијата се состои во неколку точки кои се во вид на начела во кои се предвидува и се повикува на изработка на заедничка стратегија со сите инволвирани чинители на геодетскиот сектор во земјава, а се нагласуваат и најголемите проблеми со кои се соочува Комората и фелата. Овие начела претставуваат и црвените линии, преку кои Комората нема намера да премине при донесувањето на сите идни законски и подзаконски решенија - истакна Никола Рибароски, претседател на Комората на геодети.
Декларација за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор ќе биде комуницирана со највисоките државни структури и органи, за создавање на поповолен амбиент за носење на национална стратегија за реорганизација и унапредување на приватниот геодетски сектор, во која ќе бидат вклучени сите чинители на геодетскиот сектор во земјава. Комората преку оваа декларација бара и се залага законски и подзаконски решенија да ги следат најдобрите европски пракси, а пред да ги гарантираат на начела на јасна дистинкција на приватниот од јавниот геодетски сектор, да создадат подобар амбиент за бизнис, да ги зголемат ингеренции на приватните геодетски компании; да направат прецизно класифицирање на овластувањата и лиценците за работа на приватните компании, да овозможат поголема слобода за геодетски компании при предлагањето на тарифници и ценовници.
Советодавното тело го сочинуваат докажани експерти во областа, но и членови на Комората. Тоа ќе има советодавна функција при донесувањето на стратегијата, законски решенија но и ќе се грижи за стручното унапредување и усовршување на членките на Комората.
Потребата од советодавно тело на Комората е нужна за развој и прогрес на Комората. Тоа ќе вклучува експерти од областа на севкупната геодезија, без разлика дали се членки на Комората, но и надворешни членови кои делуваат во земјата, но исто така и од странство. Заедничко на членовите на Советодавното тело е нивната експертиза во делот на геодетската дејност и нивната желба и волја да помогнат за развојот на Комората. Нивниот придонес би бил преку давање конструктивни предлози врз база на нивните стекнати искуства и знаење да советуваат во насока на долгорочен развој и подобро, поефикасно функционирање на активностите и дејствувањето на Комората - изјави Никола Рибароски, претседател на Комората кој го формира ова советодавното тело.
The post Собранието на Комора на геодети усвои Декларација за унапредување на геодетскиот сектор appeared first on Република.
]]>Декларацијата се состои во неколку точки кои се во вид на начела во кои се предвидува и се повикува на изработка на заедничка стратегија со сите инволвирани чинители на геодетскиот сектор во земјава, а се нагласуваат и најголемите проблеми со кои се соочува Комората и фелата. Овие начела претставуваат и црвените линии, преку кои Комората нема намера да премине при донесувањето на сите идни законски и подзаконски решенија - истакна Никола Рибароски, претседател на Комората на геодети.Декларација за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор ќе биде комуницирана со највисоките државни структури и органи, за создавање на поповолен амбиент за носење на национална стратегија за реорганизација и унапредување на приватниот геодетски сектор, во која ќе бидат вклучени сите чинители на геодетскиот сектор во земјава. Комората преку оваа декларација бара и се залага законски и подзаконски решенија да ги следат најдобрите европски пракси, а пред да ги гарантираат на начела на јасна дистинкција на приватниот од јавниот геодетски сектор, да создадат подобар амбиент за бизнис, да ги зголемат ингеренции на приватните геодетски компании; да направат прецизно класифицирање на овластувањата и лиценците за работа на приватните компании, да овозможат поголема слобода за геодетски компании при предлагањето на тарифници и ценовници. Советодавното тело го сочинуваат докажани експерти во областа, но и членови на Комората. Тоа ќе има советодавна функција при донесувањето на стратегијата, законски решенија но и ќе се грижи за стручното унапредување и усовршување на членките на Комората.
Потребата од советодавно тело на Комората е нужна за развој и прогрес на Комората. Тоа ќе вклучува експерти од областа на севкупната геодезија, без разлика дали се членки на Комората, но и надворешни членови кои делуваат во земјата, но исто така и од странство. Заедничко на членовите на Советодавното тело е нивната експертиза во делот на геодетската дејност и нивната желба и волја да помогнат за развојот на Комората. Нивниот придонес би бил преку давање конструктивни предлози врз база на нивните стекнати искуства и знаење да советуваат во насока на долгорочен развој и подобро, поефикасно функционирање на активностите и дејствувањето на Комората - изјави Никола Рибароски, претседател на Комората кој го формира ова советодавното тело.
The post Собранието на Комора на геодети усвои Декларација за унапредување на геодетскиот сектор appeared first on Република.
]]>Претседателот ја квалификува Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент пред четири дена како „домашна политичка потреба во очи на изборната кампања“.
-Ние имаме рамка, после преговарачката европска рамка имаме нормална рамка која се нарекува фаза скрининг која треба да заврши до крајот на ноември оваа година. Декларацијата на бугарскиот Парламент во очи на нивните избори не се разликува по ништо од декларацијата дури и не е толку лоша од декларациите кои ги видовме три години во претходниот Парламент исто така. Она што е битно е што е европска преговарачка рамка одобрена од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и од Република Бугарија. Ова се унилатерални декларации кои до овој момент не добиваат поддршка од никого во Брисел и се разбира дека нема ни да добијат. Сакам да ги толкувам како нивна домашна политичка потреба во очи на изборната кампања, објасни Пендаровски.
The post Пендаровски смета дека најновата бугарска декларација е во изборни цели appeared first on Република.
]]>Претседателот ја квалификува Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент пред четири дена како „домашна политичка потреба во очи на изборната кампања“.
-Ние имаме рамка, после преговарачката европска рамка имаме нормална рамка која се нарекува фаза скрининг која треба да заврши до крајот на ноември оваа година. Декларацијата на бугарскиот Парламент во очи на нивните избори не се разликува по ништо од декларацијата дури и не е толку лоша од декларациите кои ги видовме три години во претходниот Парламент исто така. Она што е битно е што е европска преговарачка рамка одобрена од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и од Република Бугарија. Ова се унилатерални декларации кои до овој момент не добиваат поддршка од никого во Брисел и се разбира дека нема ни да добијат. Сакам да ги толкувам како нивна домашна политичка потреба во очи на изборната кампања, објасни Пендаровски.
The post Пендаровски смета дека најновата бугарска декларација е во изборни цели appeared first on Република.
]]>Министерството за надворешни работи на Македонија со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Македонија“, усвоена денеска, на последниот ден од работата на Народното Собрание на Бугарија, не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на волја за нејзино спроведување.
Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може да оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности кои негативно влијаат на односите меѓу двете држави, и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и нега на партнерските односи.
Секој чин на провокација од било која страна, случајно или намерно, во моментов станува дел од сценаријата во прилог на ескалацијата на состојбите и како таков сметаме дека е во спротивност со декларираните заложби за враќање на дипломатската агенда онаму каде што ѝ е местото, во дипломатиите на двете земји.
По однос на содржината на декларацијата, би сакале да издвоиме:
Македонија во изминатиов период преку конкретни проекти и активности, покажа дека посветено работи на спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Содржаните наводи за постоење системски проблеми со правата и безбедноста на етничките Бугари во Македонија целосно се косат со институционално етаблираните факти од релевантни меѓународни институции кои го следат спроведувањето на човековите права и правата на сите етнички заедници во Македонија, вклучително и на бугарската.
Исто така, Министерството за надворешни работи во повеќе наврати посочи дека Законот за фондации и здруженија не е насочен против здружувањето на ниту една етничка заедница, туку против принципот здруженија на граѓани да носат имиња на контроверзни личности кои претставуваат провокација не само за етничките македонци, туку и за сите граѓани кои живеат во Македонија.
Во истиот контекст, не постои никаква оправдана основа ниту сериозен аргумент да се поврзе работата на историската комисија со измените на Законот за здруженија и фондации. Таа ќе ја продолжи својата работа врз научно аргументирани и потврдени факти и нема допирна точка со условите под кои се формираат и функционираат здруженијата на граѓани и фондации.
Остануваме на ставот дека за случајот со физичкиот напад врз македонскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид, институциите на системот реагираа соодветно, сторителите се приведени, истрагата е во тек, а преку јавни политички активности настанот го осудија највисоките претставници на државата, како што се Претседателот, Премиерот и Министерот за надворешни работи. Притоа Министерот Османи оствари и итна вонредна посета на Софија за да го посети повредениот Пендиков, со што и во политичка смисла ја искажа интенцијата на државата за грижа кон сите нејзини граѓани подеднакво. Оттука бројните изјави за овој случај, сега веќе преточени и во содржината на Декларацијата, ги сметаме за преувеличени и неосновани, кои на ниту еден начин не соодветствуваат на реалноста.
Во исто време сакаме да ја искористиме приликата и да повикаме на воздржаност од натамошни одлуки и дејствија кои сериозно им штетат на односите меѓу двете земји и нивните граѓани, токму во духот на европските вредности и слободи.
The post МНР: Декларацијата усвоена во Народното собрание на Бугарија не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи appeared first on Република.
]]>Министерството за надворешни работи на Македонија со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Македонија“, усвоена денеска, на последниот ден од работата на Народното Собрание на Бугарија, не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на волја за нејзино спроведување.
Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може да оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности кои негативно влијаат на односите меѓу двете држави, и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и нега на партнерските односи.
Секој чин на провокација од било која страна, случајно или намерно, во моментов станува дел од сценаријата во прилог на ескалацијата на состојбите и како таков сметаме дека е во спротивност со декларираните заложби за враќање на дипломатската агенда онаму каде што ѝ е местото, во дипломатиите на двете земји.
По однос на содржината на декларацијата, би сакале да издвоиме:
Македонија во изминатиов период преку конкретни проекти и активности, покажа дека посветено работи на спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Содржаните наводи за постоење системски проблеми со правата и безбедноста на етничките Бугари во Македонија целосно се косат со институционално етаблираните факти од релевантни меѓународни институции кои го следат спроведувањето на човековите права и правата на сите етнички заедници во Македонија, вклучително и на бугарската.
Исто така, Министерството за надворешни работи во повеќе наврати посочи дека Законот за фондации и здруженија не е насочен против здружувањето на ниту една етничка заедница, туку против принципот здруженија на граѓани да носат имиња на контроверзни личности кои претставуваат провокација не само за етничките македонци, туку и за сите граѓани кои живеат во Македонија.
Во истиот контекст, не постои никаква оправдана основа ниту сериозен аргумент да се поврзе работата на историската комисија со измените на Законот за здруженија и фондации. Таа ќе ја продолжи својата работа врз научно аргументирани и потврдени факти и нема допирна точка со условите под кои се формираат и функционираат здруженијата на граѓани и фондации.
Остануваме на ставот дека за случајот со физичкиот напад врз македонскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид, институциите на системот реагираа соодветно, сторителите се приведени, истрагата е во тек, а преку јавни политички активности настанот го осудија највисоките претставници на државата, како што се Претседателот, Премиерот и Министерот за надворешни работи. Притоа Министерот Османи оствари и итна вонредна посета на Софија за да го посети повредениот Пендиков, со што и во политичка смисла ја искажа интенцијата на државата за грижа кон сите нејзини граѓани подеднакво. Оттука бројните изјави за овој случај, сега веќе преточени и во содржината на Декларацијата, ги сметаме за преувеличени и неосновани, кои на ниту еден начин не соодветствуваат на реалноста.
Во исто време сакаме да ја искористиме приликата и да повикаме на воздржаност од натамошни одлуки и дејствија кои сериозно им штетат на односите меѓу двете земји и нивните граѓани, токму во духот на европските вредности и слободи.
The post МНР: Декларацијата усвоена во Народното собрание на Бугарија не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи appeared first on Република.
]]>Бугарската собраниска комисија за надворешна политика усвои Декларација за Македонија во која силно ги осудува актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации и, особено, се осудува насилството врз Христијан Пендиков.
Декларацијата ги повикува македонските власти да преземат итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет. Во неа се искажува и загриженост од можноста со ескалација, како што пишува, на анти-бугарската кампања во Македонија да се загрози процесот на вклучување на Бугарите во уставот на земјата.
За оваа декларација ќе треба да се гласа во бугарското собрание.
The post Бугарска собраниска комисија усвои Декларација за Македонија – осуда за актите на насилство врз Бугарите appeared first on Република.
]]>The post Бугарска собраниска комисија усвои Декларација за Македонија – осуда за актите на насилство врз Бугарите appeared first on Република.
]]>Бугарската собраниска Комисија за надворешна политика, на нејзината последна седница, едногласно усвои декларација, која треба да се стави на гласање на пленарна седница, а во која се изразува осуда поради „актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации“. Со декларацијата се осудува и насилството врз Христијан Пендиковски.
Во документот што го објави БГНЕС, се осудуваат, како што се вели, „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Македонија“ со оценка дека станува збор за намера заради изградба на чувства на омраза кон Бугарите и Бугарија.
Во Декларацијата од девет точки, се осудува, како што се посочува, говорот на омраза во Македонија против локалните Бугари и Република Бугарија, како и неговите манифестации во политичкото, јавното и медиумското опкружување. Се повикуваат властите и институциите во Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет.
-Заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест во Република Македонија треба да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание од 25 јуни 2022 година, се наведува меѓу другото во Декларацијата.
Во документот се изразува загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во ЕУ“ што, како што се посочува, им служи на интересите на трети земји.
The post Собранието на Бугарија ќе усвои декларација во која се изразува загриженост за „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија“ appeared first on Република.
]]>The post Собранието на Бугарија ќе усвои декларација во која се изразува загриженост за „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија“ appeared first on Република.
]]>Ем т'пи, ем упорити, ама и ептен неписмени властодршци!, напиша на Фејсбук, Наташа Котлар, како реакција на Македонската декларација за јазикот, која според експертите е неписмена и оди на рака на Бугарија.
The post Ем т’пи, ем упорити, ама и ептен неписмени властодршци! appeared first on Република.
]]>The post Ем т’пи, ем упорити, ама и ептен неписмени властодршци! appeared first on Република.
]]>Додека денеска во Брисел нашата државна делегација се слика на фотосесијата посветена само на почетниот чекор за официјален старт на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, се уште останува нејасно зошто министерот за надворешни работи не ја објавува македонската унилатерална декларација за македонскиот јазик.
Бугарија го стори тоа и содржината на нејзината декларација и е веќе позната на домашната јавност. Со неа официјална Софија укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање на „македонскиот јазик“ од страна на Република Бугарија.
Во декларацијата се наведува и дека:
Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик.
Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.
Со мерки во три документи – Рамка за преговори, заклучоци на Советот и билатерални протоколи – Бугарија утврдува мерки за строго спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година од Скопје, што ЕК ќе го следи.
„Повикувајќи се на став 7 од Заклучоците на Советот за [Проширување – Македонија и Албанија] од (јули 2022 година),
Повикувајќи се на став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во ЕУ и нејзиното повикување на официјалниот јазик на Република Македонија, согласно нејзиниот Устав, како јазик за превод на законодавството на ЕУ,
Со оваа декларација Бугарија го потврдува следново:
Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.
Секое повикување на официјалниот јазик на Република Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“.
Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји“, се вели во Декларацијата.
Индикативен е делот од Декларацијата кој вели дека: Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма“.
Зашто, на брифинг со новинарите на 2 јули годинава, говорејќи за унилатералната декларација на Македонија за македонскиот јазик, министерот Османи искористи речиси идентична формулација, па меѓу другото изјави:
-МИСЛАМ ДЕКА НИВНАТА Е СПОРЕД ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ, ДА НЕ ГРЕШАМ, ТОА Е НИВНИОТ СТАВ ДЕКА: ’НЕ ПОСТОЕЛ ПРЕД 1945, ДЕКА БИЛ ЕДЕН ОД НИВНИТЕ ДИЈАЛЕКТИ’. ОД НАША СТРАНА – СЕ УШТЕ НЕ Е ДЕФИНИРАНО. АКО СЕ ОДИ ПО ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ ЌЕ ТРЕБА ДА БИДЕ: ’МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ОФИЦИЈАЛНИОТ ЈАЗИК НА РС МАКЕДОНИЈА КОЈШТО Е… СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Е КОДИФИЦИРАН ВО 1945 ГОДИНА КАКО СЕКУНДАРНА КОДИФИКАЦИЈА, НЕ КАКО ПРИМАРНА (Телма ТВ, 2 јули 2022 година).
Очигледно, Османи за македонскиот јазик користи идентична формулација каква што е содржана во бугарската Декларација-„…современиот македонски јазик е кодифициран во 1945 година како секундарна кодификација, не како примарна“.
Дали ова значи дека министерот Османи и Владата прифатиле дека македонскиот јазик е произлезен од бугарскиот, а не дека произлегува од словенската група јазици!?, прашува „Пресинг ТВ“.
The post Османи прифатил дека македонскиот јазик произлегол од бугарскиот? appeared first on Република.
]]>-МИСЛАМ ДЕКА НИВНАТА Е СПОРЕД ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ, ДА НЕ ГРЕШАМ, ТОА Е НИВНИОТ СТАВ ДЕКА: ’НЕ ПОСТОЕЛ ПРЕД 1945, ДЕКА БИЛ ЕДЕН ОД НИВНИТЕ ДИЈАЛЕКТИ’. ОД НАША СТРАНА – СЕ УШТЕ НЕ Е ДЕФИНИРАНО. АКО СЕ ОДИ ПО ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ ЌЕ ТРЕБА ДА БИДЕ: ’МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ОФИЦИЈАЛНИОТ ЈАЗИК НА РС МАКЕДОНИЈА КОЈШТО Е… СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Е КОДИФИЦИРАН ВО 1945 ГОДИНА КАКО СЕКУНДАРНА КОДИФИКАЦИЈА, НЕ КАКО ПРИМАРНА (Телма ТВ, 2 јули 2022 година).
Очигледно, Османи за македонскиот јазик користи идентична формулација каква што е содржана во бугарската Декларација-„…современиот македонски јазик е кодифициран во 1945 година како секундарна кодификација, не како примарна“. Дали ова значи дека министерот Османи и Владата прифатиле дека македонскиот јазик е произлезен од бугарскиот, а не дека произлегува од словенската група јазици!?, прашува „Пресинг ТВ“.
The post Османи прифатил дека македонскиот јазик произлегол од бугарскиот? appeared first on Република.
]]>Во Македонија треба обединетост како нација бидејќи Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека покрај Декларацијата за Украина мора да се донесе и Декларација за великанот Гоце Делчев, којашто упорно од СДСМ одбиваат да ја поддржат.
The post Во Собранието треба да се донесе Декларација за мир во Украина и Декларација за великанот Гоце Делчев appeared first on Република.
]]>– Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека покрај Декларацијата за Украина мора да се донесе и Декларација за великанот Гоце Делчев, којашто упорно од СДСМ одбиваат да ја поддржат.
The post Во Собранието треба да се донесе Декларација за мир во Украина и Декларација за великанот Гоце Делчев appeared first on Република.
]]>Либерално демократската партија испрати Декларација до Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Најостро осудувајќи го „безобѕирниот“ руски напад врз Украина, како чин на агресија кој што го доведува животот на безброј цивили во опасност и во насока на поголема и посилна европска интеграција, заштита на европскиот и светскиот правен поредок заснован на Повелбата на ОН, Завршниот акт од Хелсински и другите европски безбедносни и демократски институции. Свесни дека мирот и взаемниот соживот е единствениот начин да се зајакнат демократските темели на државата и на општеството, апелираме до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО се вели во Декларацијата.
Според пратеничката од редовите на ЛДП, Моника Зајкова 24 февруари ќе остане запаметен како мрачен ден за цела Европа.
Поради состојбата во Украина барам од претседателот на Комисијата за надворешна политика да свика итна седница на Комисијата на која ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи и за одбрана или претставници на министерствата за надворешни работи и одбрана на највисоко ниво.
Предлагам како членови на Комисијата да усвоиме Декларација на Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, вели Зајкова.
Во Декларацијата стои дека согласно одредбите на Уставот на Република Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на “намерата да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот”:
1. Земајќи во предвид дека рускиот напад врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право кој што не може да се оправда со ништо;
2. Критикувајќи го актот на агресија на Русија под параванот дека политиките на Украина претставуваат “закана за безбедноста на руската држава и народ”, како акт кој ќе предизвика намерна војна која ќе доведе до катастрофална загуби на животи и човечко страдање;
3. Земајќи го во предвид ставот на Русија да ја дефокусира или оддалечи прозападната политика на Украина во близина на границите на Русија, да се укаже дека претставува мешање во водењето на внатрешната политика на Украина;
4. Согледувајќи ја целокупната моментална ситуација во Рсуко-Украинскиот судир препорачуваме на Министерството за одбрана да се стави во приправност и силно да го осуди признавањето на делови од Украина, за независни држави, од страна на Русија;
5. Полагањето на право на територии каде што живее руски народ, или територии кои некој смета дека се неоправдано одделени и не се дел од границите на Русија, е веќе еднаш видено сценарио кое се обидел да го реализира Хитлер анкeтирајќи ја Австрија, Чехословачка и Полска;
6. На оваа сценарио треба да му се застане на патот и тоа решително. Братскиот руски народ не може да биде агресор врз братскиот украински народ и треба да се спротивстави на ваквата хегемонистичка политика која ја спроведува Русија и повторно да застане на страната на правдата;
7. Ако сите во Европа почнат да ги прелистуваат историските книги таму каде што некогаш биле границите, ни претстои мошне вознемирувачки период не само во Југоисточна Европа туку и на Балканот и пошироко;
8. Апелираме до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО;
9. Декларацијата ќе се достави до Владата, Министерството за надворешни работи и до Министерството за одбрана.
The post ЛДП со Декларација до Собранието за осуда на нападот врз Украина appeared first on Република.
]]>Либерално демократската партија испрати Декларација до Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Најостро осудувајќи го „безобѕирниот“ руски напад врз Украина, како чин на агресија кој што го доведува животот на безброј цивили во опасност и во насока на поголема и посилна европска интеграција, заштита на европскиот и светскиот правен поредок заснован на Повелбата на ОН, Завршниот акт од Хелсински и другите европски безбедносни и демократски институции. Свесни дека мирот и взаемниот соживот е единствениот начин да се зајакнат демократските темели на државата и на општеството, апелираме до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО се вели во Декларацијата.
Според пратеничката од редовите на ЛДП, Моника Зајкова 24 февруари ќе остане запаметен како мрачен ден за цела Европа.
Поради состојбата во Украина барам од претседателот на Комисијата за надворешна политика да свика итна седница на Комисијата на која ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи и за одбрана или претставници на министерствата за надворешни работи и одбрана на највисоко ниво.
Предлагам како членови на Комисијата да усвоиме Декларација на Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, вели Зајкова. Во Декларацијата стои дека согласно одредбите на Уставот на Република Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на “намерата да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот”: 1. Земајќи во предвид дека рускиот напад врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право кој што не може да се оправда со ништо; 2. Критикувајќи го актот на агресија на Русија под параванот дека политиките на Украина претставуваат “закана за безбедноста на руската држава и народ”, како акт кој ќе предизвика намерна војна која ќе доведе до катастрофална загуби на животи и човечко страдање; 3. Земајќи го во предвид ставот на Русија да ја дефокусира или оддалечи прозападната политика на Украина во близина на границите на Русија, да се укаже дека претставува мешање во водењето на внатрешната политика на Украина; 4. Согледувајќи ја целокупната моментална ситуација во Рсуко-Украинскиот судир препорачуваме на Министерството за одбрана да се стави во приправност и силно да го осуди признавањето на делови од Украина, за независни држави, од страна на Русија; 5. Полагањето на право на територии каде што живее руски народ, или територии кои некој смета дека се неоправдано одделени и не се дел од границите на Русија, е веќе еднаш видено сценарио кое се обидел да го реализира Хитлер анкeтирајќи ја Австрија, Чехословачка и Полска; 6. На оваа сценарио треба да му се застане на патот и тоа решително. Братскиот руски народ не може да биде агресор врз братскиот украински народ и треба да се спротивстави на ваквата хегемонистичка политика која ја спроведува Русија и повторно да застане на страната на правдата; 7. Ако сите во Европа почнат да ги прелистуваат историските книги таму каде што некогаш биле границите, ни претстои мошне вознемирувачки период не само во Југоисточна Европа туку и на Балканот и пошироко; 8. Апелираме до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО; 9. Декларацијата ќе се достави до Владата, Министерството за надворешни работи и до Министерството за одбрана.
The post ЛДП со Декларација до Собранието за осуда на нападот врз Украина appeared first on Република.
]]>Идејата зошто се поднесе Декларација за заштита на ликот и делото на Гоце Делчев е затоа што се одбележуваат 150 години од неговото раѓање и во услови кога видовме дека власта не презема никакви активности и се соочивме со една ситуација каде што бугарската држава организираше бројни манифестации и издадоа почесна монета, научни дебати, концерти, а во Македонија немаше ништо, а премиерот не се ни појави на гробот на Гоце Делчев, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринска емисија на Канал 5 Телевизија, потенцирајќи дека СДСМ со одбивањето на Декларацијата покажа дека нема чесни намери во спорот со Бугарија.
Николоски нагласи дека СДСМ со ова покажаа дека се против зачувување на ликот и делото на Гоце Делчев и дека загрижувачки е фактот што и другите клучни историски личности од илинденскиот период се дел од преговорите со Бугарија и тоа значи подривање на темелите на македонската држава.
Модерната македонска држава има јасен континуитет, и битката за модерната македонска држава почнува од 19 век преку буните, па процесот на преродба силен образовен процес, продолжува преку големите македонски востанија како Разловечкото и Кресненското. Оваа борба добива круна со Илинденското востание, но не застанува тука, има една континуирана битка и на територијата на Македонија се случува континуирано Востание кое добива свој врв со Втората светска војна, НОБ и АСНОМ како круна што е државотворна форма на еден дел од територијата на Македонија и своја дефинитивна државотворна форма со осамостојувањето и референдумот 1991 година. И ова никој не смее да го подрива, а сега се удира по клучните личности што значи се удира во темелите на македонската држава, појасни Николоски.
Николоски истакна дека во ваква ситуација загрижувачки е што МНР како надлежна институција за одбрана на интересите на македонската држава нема никаква реакција кон бројни провокации кои доаѓаат од Бугарија.
Премиерот на Бугарија, Петков, нема проблем да се јави за скршено стакло во Битола, а нашиот премиер и нашето МНР имаат проблем да испратат протесна нота за подривање на целокупниот национален идентитет, рече Николоски.
Николоски во однос на прашањето дали е можно решение на спорот во овој момент истакна дека нема добра волја од бугарска страна и дека голем проблем е што македонската влада не покажува добри резултати на другите полиња за да може да се изврши притисок врз Бугарија.
Најмоќните земји во ЕУ не се убедени дека Македонија треба да почне преговори, пред се заради лошиот перформанс во делот на спроведување на реформи и борба со организиран криминал и корупција. Сметаат дека непостоењето на функционален систем на владеење на правото и корупцијата со која никој не се бори ја подриваат државата и затоа не вршат притисок врз Бугарија. Да беа убедени проблемот може да биде решен за едно пладне, потенцираше Николоски.
The post Николоски: СДСМ со одбивањето на Декларацијата за Гоце Делчев покажа дека нема чесни намери во спорот со Бугарија и ги подрива темелите на македонската држава appeared first on Република.
]]>Модерната македонска држава има јасен континуитет, и битката за модерната македонска држава почнува од 19 век преку буните, па процесот на преродба силен образовен процес, продолжува преку големите македонски востанија како Разловечкото и Кресненското. Оваа борба добива круна со Илинденското востание, но не застанува тука, има една континуирана битка и на територијата на Македонија се случува континуирано Востание кое добива свој врв со Втората светска војна, НОБ и АСНОМ како круна што е државотворна форма на еден дел од територијата на Македонија и своја дефинитивна државотворна форма со осамостојувањето и референдумот 1991 година. И ова никој не смее да го подрива, а сега се удира по клучните личности што значи се удира во темелите на македонската држава, појасни Николоски.Николоски истакна дека во ваква ситуација загрижувачки е што МНР како надлежна институција за одбрана на интересите на македонската држава нема никаква реакција кон бројни провокации кои доаѓаат од Бугарија.
Премиерот на Бугарија, Петков, нема проблем да се јави за скршено стакло во Битола, а нашиот премиер и нашето МНР имаат проблем да испратат протесна нота за подривање на целокупниот национален идентитет, рече Николоски.Николоски во однос на прашањето дали е можно решение на спорот во овој момент истакна дека нема добра волја од бугарска страна и дека голем проблем е што македонската влада не покажува добри резултати на другите полиња за да може да се изврши притисок врз Бугарија.
Најмоќните земји во ЕУ не се убедени дека Македонија треба да почне преговори, пред се заради лошиот перформанс во делот на спроведување на реформи и борба со организиран криминал и корупција. Сметаат дека непостоењето на функционален систем на владеење на правото и корупцијата со која никој не се бори ја подриваат државата и затоа не вршат притисок врз Бугарија. Да беа убедени проблемот може да биде решен за едно пладне, потенцираше Николоски.
The post Николоски: СДСМ со одбивањето на Декларацијата за Гоце Делчев покажа дека нема чесни намери во спорот со Бугарија и ги подрива темелите на македонската држава appeared first on Република.
]]>Ковачевски треба да се тргне од скутот на својот ментор Заев и да ги напушти неговите штетни политики. Реториката која ја користи, но и потезите кои ги влече покажуваат дека нема големи промени во пазарџиството на неговиот претходник кој тргуваше со националните и државните интереси, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Но еве, ако навистина Ковачевски сака да гради национално единство во Собранието за националните прашања, тогаш има одлична прилика, да ја прифати Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев. Ако Делчев не е добар повод за национално единство и ако Декларацијата во Собранието не е најдобра прилика, тогаш не знаеме што е. Еве му прилика да покаже дека не се само декларативни неговите изјави за единство. Ако му пречи, тогаш Ковачевски треба да каже што е спорно во текстот на Декларацијата, да каже дали има против да се афирмира револуционерното дело на Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. Нека покаже Ковачевски за чии интереси работи. Ковачевски доколку продолжи да молчи за подадената рака за национално единство, тогаш тоа гласно ќе говори дека на големо се работи на нови договори со Бугарија на штета на македонските интереси, идентитетот, јазикот и историјата, истакнуваат од партијата.
Ајде Ковачевски, охрабри се, одвој се од Заев и прифати ја Декларацијата за Гоце Делчев во Собранието, така се гради национално единство, додаваат од таму.
The post За чии интереси работи Ковачевски, одбива единство за националните прашања и Декларација за Делчев appeared first on Република.
]]>Но еве, ако навистина Ковачевски сака да гради национално единство во Собранието за националните прашања, тогаш има одлична прилика, да ја прифати Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев. Ако Делчев не е добар повод за национално единство и ако Декларацијата во Собранието не е најдобра прилика, тогаш не знаеме што е. Еве му прилика да покаже дека не се само декларативни неговите изјави за единство. Ако му пречи, тогаш Ковачевски треба да каже што е спорно во текстот на Декларацијата, да каже дали има против да се афирмира револуционерното дело на Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. Нека покаже Ковачевски за чии интереси работи. Ковачевски доколку продолжи да молчи за подадената рака за национално единство, тогаш тоа гласно ќе говори дека на големо се работи на нови договори со Бугарија на штета на македонските интереси, идентитетот, јазикот и историјата, истакнуваат од партијата.Ајде Ковачевски, охрабри се, одвој се од Заев и прифати ја Декларацијата за Гоце Делчев во Собранието, така се гради национално единство, додаваат од таму.
The post За чии интереси работи Ковачевски, одбива единство за националните прашања и Декларација за Делчев appeared first on Република.
]]>На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Антонио Милошоски.
The post Милошоски: СДСМ и ДУИ денеска гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.
]]>The post Милошоски: СДСМ и ДУИ денеска гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.
]]>