декларација за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deklaracija-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Thu, 25 May 2023 11:15:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png декларација за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deklaracija-za-makedonski-jazik/ 32 32 Македонскиот јазик има рамноправен статус во светското јазично семејство и никакви додавки и ѕвездички нема да му застанат на патот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-jazik-ima-ramnopraven-status-vo-svetskoto-jazichno-semejstvo-i-nikakvi-dodavki-i-zvezdichki-nema-da-mu-zastanat-na-patot/ Thu, 25 May 2023 11:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=644554

Достоинствено и со државни почести, под мотото „Писмото е нашиот универзум“, Владата на Република Македонија, го одбележа државниот празник 24 Мај - Ден на сесловенските просветители светите браќа Кирил Методиј.

Во рамки на дводневното чествување на празникот, што се одржа во Охрид, колевката на словенската писменост, се одржаа настани, на кои учествуваше и говореше претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски. На настаните присуствуваа претставници од владиниот и државниот врв, од дипломатскиот кор, од областа на политиката, образованието, науката, културата, како и од други општествени сфери.

Чествувањето на празникот започна на 23 мај со концерт на гудачкиот ансамбл „Антео“, во црквата Света Софија во Охрид. На концертот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на „Охридско лето", Наташа Поповиќ, пратеници, професори, научници, лингвисти, книжевници.

На 24 мај, чествувањето продолжи со одржување на Панел дискусија со наслов „Македонскиот јазик во словенскиот свет", каде воведно обраќање имаше премиерот Ковачевски. Премиерот во своето обраќање посочи дека светите Кирил и Методиј се значајни за писменоста на сите словенски народи, како создатели на првото словенско писмо – глаголицата, од која потекнува и македонската писменост.

„Тоа што нас нè собира секој 24 мај и поради што сме денес, овде - се почетоците на македонската писменост, поврзана со дејноста на Охридската книжевна школа, првиот словенски универзитет во тоа време, основан токму овде, во Охрид. Како одговорна Влада кон ова свое богато културно и историско минато и кон својот народ, донесовме тешки, државнички храбри одлуки, со кои најнапред ги осигуравме територијалните граници преку членството во НАТО, а потоа ги зацврстивме и заштитивме нашиот јазик и нашиот идентитет преку почетокот на преговорите со Европската Унија, минатата година. Македонскиот јазик го заштитивме, обезбедувајќи го неговиот континуитет. Вистината за признанието на македонскиот јазик, потоа во Обединетите нации - и во Европската Унија, дојде со Договорот за ФРОНТЕКС, првиот ваков договор помеѓу Европската Комисија и Република Македонија, на македонски јазик, без какви и да било ѕвездички или фусноти во тој договор“, порача премиерот Ковачевски на панелот.

Во чест на одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на градскиот плоштад во Охрид.

Централниот настан за свеченото одбележување на овој голем празник, се одржа на Плаошник, местото каде што е основан и дејствувал првиот словенски универзитет, Охридската книжевна школа, чијшто основач е еден од учениците на Светите Браќа Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски. Премиерот Ковачевски, во своето обраќање од Плаошник, порача дека мисијата е продолжена, по стапките на Кирил и Методиј, се изборивме за сопствената јазична и идентитетска еднаквост во Европа.

„Од ова парче земја го црпиме старословенското, кирилометодиевското и црковнословенското наследство, кое е суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, а меѓу нив и на мојот, на македонскиот народ. Одејќи по стапките на сесловенските просветители Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски, токму овде, во Охрид, ја развил Охридската книжевна школа. Тоа е првиот словенски универзитет во тоа време и тој прераснува во еден од најголемите и највлијателните културни центри, од каде што се шири словенската писменост. Овој 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј и Ден на сесловенската писменост, го дочекуваме исправени и особено горди, затоа што македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, е признат и е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во Европската Унија“, порача премиерот Ковачевски на централниот настан на Плаошник.

Во рамки на одбележувањето на празникот, од страна на научната заедница од областа на македонскиот јазик, беше донесена Декларација, која проф. д-р Бобан Карапејовски од Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет при УКИМ, ја прочита на централниот настан на Плаошник. Со Декларацијата, се потврдува многувековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти во групата на словенските јазици, опфаќајќи ја фактографски историјата, стандардизацијата, кодификацијата и иднината на македонскиот јазик. Воедно во Декларацијата дека македонскиот јазик не само што има рамноправен статус во европското и светското семејство на јазици, туку и неговиот пат кон иднината не можат да бидат попречени од никакви негирања, фусноти, ѕвездички, додавки и слично.

Покрај обраќањето на премиерот Ковачевски, на централниот настан на Плаошник, преку културно уметничка програма во изведба на познати македонски актери и изведба на хорот Свети Ахил преспански од Ресен, со многу симболика кон делото на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, се одбележа овој ден кој има огромно и суштинско значење нашата држава.

The post Македонскиот јазик има рамноправен статус во светското јазично семејство и никакви додавки и ѕвездички нема да му застанат на патот appeared first on Република.

]]>

Достоинствено и со државни почести, под мотото „Писмото е нашиот универзум“, Владата на Република Македонија, го одбележа државниот празник 24 Мај - Ден на сесловенските просветители светите браќа Кирил Методиј. Во рамки на дводневното чествување на празникот, што се одржа во Охрид, колевката на словенската писменост, се одржаа настани, на кои учествуваше и говореше претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски. На настаните присуствуваа претставници од владиниот и државниот врв, од дипломатскиот кор, од областа на политиката, образованието, науката, културата, како и од други општествени сфери. Чествувањето на празникот започна на 23 мај со концерт на гудачкиот ансамбл „Антео“, во црквата Света Софија во Охрид. На концертот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на „Охридско лето", Наташа Поповиќ, пратеници, професори, научници, лингвисти, книжевници. На 24 мај, чествувањето продолжи со одржување на Панел дискусија со наслов „Македонскиот јазик во словенскиот свет", каде воведно обраќање имаше премиерот Ковачевски. Премиерот во своето обраќање посочи дека светите Кирил и Методиј се значајни за писменоста на сите словенски народи, како создатели на првото словенско писмо – глаголицата, од која потекнува и македонската писменост. „Тоа што нас нè собира секој 24 мај и поради што сме денес, овде - се почетоците на македонската писменост, поврзана со дејноста на Охридската книжевна школа, првиот словенски универзитет во тоа време, основан токму овде, во Охрид. Како одговорна Влада кон ова свое богато културно и историско минато и кон својот народ, донесовме тешки, државнички храбри одлуки, со кои најнапред ги осигуравме територијалните граници преку членството во НАТО, а потоа ги зацврстивме и заштитивме нашиот јазик и нашиот идентитет преку почетокот на преговорите со Европската Унија, минатата година. Македонскиот јазик го заштитивме, обезбедувајќи го неговиот континуитет. Вистината за признанието на македонскиот јазик, потоа во Обединетите нации - и во Европската Унија, дојде со Договорот за ФРОНТЕКС, првиот ваков договор помеѓу Европската Комисија и Република Македонија, на македонски јазик, без какви и да било ѕвездички или фусноти во тој договор“, порача премиерот Ковачевски на панелот. Во чест на одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на градскиот плоштад во Охрид. Централниот настан за свеченото одбележување на овој голем празник, се одржа на Плаошник, местото каде што е основан и дејствувал првиот словенски универзитет, Охридската книжевна школа, чијшто основач е еден од учениците на Светите Браќа Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски. Премиерот Ковачевски, во своето обраќање од Плаошник, порача дека мисијата е продолжена, по стапките на Кирил и Методиј, се изборивме за сопствената јазична и идентитетска еднаквост во Европа. „Од ова парче земја го црпиме старословенското, кирилометодиевското и црковнословенското наследство, кое е суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, а меѓу нив и на мојот, на македонскиот народ. Одејќи по стапките на сесловенските просветители Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски, токму овде, во Охрид, ја развил Охридската книжевна школа. Тоа е првиот словенски универзитет во тоа време и тој прераснува во еден од најголемите и највлијателните културни центри, од каде што се шири словенската писменост. Овој 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј и Ден на сесловенската писменост, го дочекуваме исправени и особено горди, затоа што македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, е признат и е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во Европската Унија“, порача премиерот Ковачевски на централниот настан на Плаошник. Во рамки на одбележувањето на празникот, од страна на научната заедница од областа на македонскиот јазик, беше донесена Декларација, која проф. д-р Бобан Карапејовски од Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет при УКИМ, ја прочита на централниот настан на Плаошник. Со Декларацијата, се потврдува многувековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти во групата на словенските јазици, опфаќајќи ја фактографски историјата, стандардизацијата, кодификацијата и иднината на македонскиот јазик. Воедно во Декларацијата дека македонскиот јазик не само што има рамноправен статус во европското и светското семејство на јазици, туку и неговиот пат кон иднината не можат да бидат попречени од никакви негирања, фусноти, ѕвездички, додавки и слично. Покрај обраќањето на премиерот Ковачевски, на централниот настан на Плаошник, преку културно уметничка програма во изведба на познати македонски актери и изведба на хорот Свети Ахил преспански од Ресен, со многу симболика кон делото на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, се одбележа овој ден кој има огромно и суштинско значење нашата држава.

The post Македонскиот јазик има рамноправен статус во светското јазично семејство и никакви додавки и ѕвездички нема да му застанат на патот appeared first on Република.

]]>
Османи не сака да открие кои се авторите на изјавата за македонскиот јазик со која се откажавме од дијалектите надвор од границите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ne-saka-da-otkrie-koi-se-avtorite-na-izjavata-za-makedonskiot-jazik-so-koja-se-otkazavme-od-dijalektite-nadvor-od-granicite/ Wed, 27 Jul 2022 08:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=533675

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вчерашната средба со неговиот португалски колега Жоао Гомес Кравињо беше прашан за тоа кои се авторите на содржината на Декларацијата за македонскиот јазик која беше доставена во Европската унија како одговор на бугарската која наведува дека нашиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.

Прашан кои се автори на декларацијата (изјавата), Османи рече дека„ биле консултирани луѓе кои се занимаваат со оваа проблематика“.

Најспорен дел од оваа Декларација, покрај тоа што беше со неколку правописни грешки, е делот за дијалектите.

Во неа се наведува дека македонскиот јазик кој е кодифициран во 1945 година и оти се базира на дијалектите кои биле распространетисамо на територијата на денешна Република Македонија. Дијалектите во соседните земји, пред се во Грција и во Бугарија не се споменати во изјавата на МНР.

Ова предизвика жестоки реакции на експертите кои сметаат дека власта се откажа од дијалеките надвор од границите на Македонија каде што живее македонскот малцинство и кое доживеа втор удар по тој со Договорот од Преспа со кој државата се откажа од грижата за нив.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trojca-od-sovetot-za-makedonski-jazik-koi-ja-poddrzaa-deklaracijata-na-mnr-prethodno-na-peticijata-na-nauchnata-fela-se-izjasnile-protiv/

„Република“ веќе пишуваше дека тројца членови на Советот за македонски јазик кој ја поддржа изјавата за јазикот претходно се потишаа на петицијата против која ја поддржа над 2500 професори и историчари.

 

The post Османи не сака да открие кои се авторите на изјавата за македонскиот јазик со која се откажавме од дијалектите надвор од границите appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вчерашната средба со неговиот португалски колега Жоао Гомес Кравињо беше прашан за тоа кои се авторите на содржината на Декларацијата за македонскиот јазик која беше доставена во Европската унија како одговор на бугарската која наведува дека нашиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Прашан кои се автори на декларацијата (изјавата), Османи рече дека„ биле консултирани луѓе кои се занимаваат со оваа проблематика“. Најспорен дел од оваа Декларација, покрај тоа што беше со неколку правописни грешки, е делот за дијалектите. Во неа се наведува дека македонскиот јазик кој е кодифициран во 1945 година и оти се базира на дијалектите кои биле распространетисамо на територијата на денешна Република Македонија. Дијалектите во соседните земји, пред се во Грција и во Бугарија не се споменати во изјавата на МНР. Ова предизвика жестоки реакции на експертите кои сметаат дека власта се откажа од дијалеките надвор од границите на Македонија каде што живее македонскот малцинство и кое доживеа втор удар по тој со Договорот од Преспа со кој државата се откажа од грижата за нив. https://republika.mk/vesti/makedonija/trojca-od-sovetot-za-makedonski-jazik-koi-ja-poddrzaa-deklaracijata-na-mnr-prethodno-na-peticijata-na-nauchnata-fela-se-izjasnile-protiv/ „Република“ веќе пишуваше дека тројца членови на Советот за македонски јазик кој ја поддржа изјавата за јазикот претходно се потишаа на петицијата против која ја поддржа над 2500 професори и историчари.  

The post Османи не сака да открие кои се авторите на изјавата за македонскиот јазик со која се откажавме од дијалектите надвор од границите appeared first on Република.

]]>
Oсмани ја релавитизира бугарската изјава за македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ja-relavitizira-bugarskata-izjava-za-makedonskiot-jazik/ Tue, 26 Jul 2022 11:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=533365

Бугарија уште во 2017 година испратила унилатерална изјава за македонскиот јазик во ОН, но јавноста воопшто не била известена за тоа, информираше денеска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Унилатерална нота за македонскиот јазик со иста содржина Бугарија има испратено во 2017 година во Обединетите нации, веднаш штом се потпиша Преспанскиот договор и веднаш штом се впиша македонскиот јазик во картата на светските јазици, но за тоа не била известена јавноста кај нас. Сега се прави тоа и во ЕУ, каде што за првпат ја пратиле таа нота во 2018 година, но нема никакво правно значење бидејќи Софија гласаше за Преговарачката рамка во која нашиот јазик е чист, нашата Унилатерална позиција е дел од тој предлог за да се претстави нашата позиција по однос на нашиот јазк, изјави Османи на прес конференцијата со португалскиот шеф на дипломатијата Гомес Кравињо.

Во врска со критиките дека текстот во изјавата бил нелекториран, шефот на дипломатијата рече дека тоа што го видела јавноста бил само превод на изјавата која, пак, била приложена во ЕУ во оригинал на англиски јазик.

–Унилатералната изјава не е историски текст во кој хронолошки се опишуваат сите аспкети од развојот на јазикот.Ние го опишавме јазикот со најважните елементи од Уставот, од резолуцијата и од заклучоците од Собранието, кажа Османи.

The post Oсмани ја релавитизира бугарската изјава за македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Бугарија уште во 2017 година испратила унилатерална изјава за македонскиот јазик во ОН, но јавноста воопшто не била известена за тоа, информираше денеска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
-Унилатерална нота за македонскиот јазик со иста содржина Бугарија има испратено во 2017 година во Обединетите нации, веднаш штом се потпиша Преспанскиот договор и веднаш штом се впиша македонскиот јазик во картата на светските јазици, но за тоа не била известена јавноста кај нас. Сега се прави тоа и во ЕУ, каде што за првпат ја пратиле таа нота во 2018 година, но нема никакво правно значење бидејќи Софија гласаше за Преговарачката рамка во која нашиот јазик е чист, нашата Унилатерална позиција е дел од тој предлог за да се претстави нашата позиција по однос на нашиот јазк, изјави Османи на прес конференцијата со португалскиот шеф на дипломатијата Гомес Кравињо.
Во врска со критиките дека текстот во изјавата бил нелекториран, шефот на дипломатијата рече дека тоа што го видела јавноста бил само превод на изјавата која, пак, била приложена во ЕУ во оригинал на англиски јазик. –Унилатералната изјава не е историски текст во кој хронолошки се опишуваат сите аспкети од развојот на јазикот.Ние го опишавме јазикот со најважните елементи од Уставот, од резолуцијата и од заклучоците од Собранието, кажа Османи.

The post Oсмани ја релавитизира бугарската изјава за македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>