декларација за Гоце Делчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deklaracija-za-goce-delchev/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 07:39:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png декларација за Гоце Делчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deklaracija-za-goce-delchev/ 32 32 За Пендаровски Декларацијата за Гоце Делчев е „непотребно политизирање“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-pendarovski-deklaracijata-za-goce-delchev-e-nepotrebno-politiziranje/ Wed, 02 Mar 2022 19:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=466661

Предлозите 4+1 во преговорите со Бугарија не се ризични, смета претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според него, со доаѓањето на Петков и новата динамика во дијалогот мѓу двете страни не се става предоминантен фокус на историските прашања.

Говорот на омраза, положбата на малцинствата без мешање во внатрешните работи на двете држави, заедничкото чествување на историски фигури и периоди битни и за Македонците и за Бугарите, се неколкуте точки кои се преостанати. Она што е добро е што со доаѓањето на Петков и променетата методологија на разговарање, двете страни не даваат предоминантен фокус на историските прашања, туку се потпираат на инфраструктурните и енергетските поврзувања, на соработката во економијата, образованието, медиумите,…, истакна Пендаровски во вечерашното гостување во днедвникот на ТВ Сител.

Претседателот не гледа ништо спорно во Декларацијата за Гоце Делчев, но оценува дека со неа само се влегува во непотребна политизација.

Ја имам видено Декларацијата. Не е спорна. Но, ми се чини дека прво тоа личи на програма за чествување на ликот и делото на Делчев што е неспорно и не треба да биде политичка декларација околу која ќе се усогласуваме. Практично, се влегува во непотребна политизација. Ние генерално кажуваме дека јазикот и идентитетот се надвор од резон за разговори и Гоце Делчев влегува во тој дел, а чествувањето треба да се направи час поскоро и треба да имаме што повеќе манифестации по тој повод, порача Пендаровски.

The post За Пендаровски Декларацијата за Гоце Делчев е „непотребно политизирање“ appeared first on Република.

]]>

Предлозите 4+1 во преговорите со Бугарија не се ризични, смета претседателот на државата Стево Пендаровски. Според него, со доаѓањето на Петков и новата динамика во дијалогот мѓу двете страни не се става предоминантен фокус на историските прашања.
Говорот на омраза, положбата на малцинствата без мешање во внатрешните работи на двете држави, заедничкото чествување на историски фигури и периоди битни и за Македонците и за Бугарите, се неколкуте точки кои се преостанати. Она што е добро е што со доаѓањето на Петков и променетата методологија на разговарање, двете страни не даваат предоминантен фокус на историските прашања, туку се потпираат на инфраструктурните и енергетските поврзувања, на соработката во економијата, образованието, медиумите,…, истакна Пендаровски во вечерашното гостување во днедвникот на ТВ Сител.
Претседателот не гледа ништо спорно во Декларацијата за Гоце Делчев, но оценува дека со неа само се влегува во непотребна политизација.
Ја имам видено Декларацијата. Не е спорна. Но, ми се чини дека прво тоа личи на програма за чествување на ликот и делото на Делчев што е неспорно и не треба да биде политичка декларација околу која ќе се усогласуваме. Практично, се влегува во непотребна политизација. Ние генерално кажуваме дека јазикот и идентитетот се надвор од резон за разговори и Гоце Делчев влегува во тој дел, а чествувањето треба да се направи час поскоро и треба да имаме што повеќе манифестации по тој повод, порача Пендаровски.

The post За Пендаровски Декларацијата за Гоце Делчев е „непотребно политизирање“ appeared first on Република.

]]>
На Османи му пречи Декларацијата за Гоце Делчев, но не и киднапирањето на Кастриот за да не падне владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-osmani-mu-prechi-deklaracijata-za-goce-delchev-no-ne-i-kidnapiranjeto-na-kastriot-za-da-ne-padne-vladata/ Fri, 18 Feb 2022 12:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=460451

Предлог-декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на Гоце Делчев поднесена во Собранието е класично политичко киднапирање на важно национално прашање за дневно-политичка потреба. Никој нема проблем со содржината на предлог-декларацијата, туку со нејзината форма, процесот да се извади од историската комисија, да се префрли на политички фронт, да стане обид за компетиција со бугарскиот парламент кој од двата парламента ќе донесе посилна декларација за Гоце Делчев. Тоа не е решение.

Оваа оценка на шефот на дипломатијата Бујар Османи, изнесена во неговото синоќешно гостување на една од националните телевизии, предизвика големо внимание во јавноста. Иако, министерот ја искористи квалификацијата „политичко киднапирање“ во фигуративна форма, сепак, како претставник на власта не беше далеку од вистината дека таа е и реално и фактички присутна во државата.

Зашто, не така одамна, само пред нецели два месеци, токму владејачките СДСМ и ДУИ се послужија не со фигуративно, туку со вистинско политичко киднапирање во дневно-политички цели. Чисто за да ја сочуваат власта. Откако опозицијата најави дека обезбедила ново парламентарно мнозинство, власта го „прибра“ пратеникот Кастриот Реџепи!

Со мало задоцнување, излезе дека Реџепи бил сместен во премиерската вила и тој тоа не го демантираше.

Целата сторија за државно политичко киднапирање на пратеник неминовно потсетува на времето на тоталитаристичкото комунистичко/социјалистичко минато од крајот на 70-тите години на веќе минатиот век. За помалку упатените, тогашната комунистичка/социјалистичка власт, во акција за расчистување со тогаш „опасните емигрантски кругови“, во Париз е киднапиран Драган Богдановски. На 3 јули 1977 година, Богдановски од луѓето на СДБ со автомобил бил пренесен до Љубљана, а од таму е пренесен во полициски објект во ловиштето „Јасен“ каде е чуван цели 18 месеци.

Ете, по цели 45 години Република Македонија се врати на државно политичко киднапирање, а премиерската вила се изедначи со тајната локација на Службата за државна безбедност во „Јасен“, што е само уште една потврда дека историјата некогаш се повторува како фарса, коментира „Пресинг ТВ“

По признанието на Османи дека во содржината на предлог-декларацијата за чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев нема ништо спорно, туку дека е спорна формата, се поставува прашањето дали за власта би било прифатливо усвојување на декларација за Тито Делчев!? Можеби некому на прв поглед ќе му изгледа чудно ваквиот назив, но тој не претставува никакво изненадување за добрите хроничари на настаните на домашната политичка сцена.

Дарко Каевски, пратеникот од редовите на СДСМ и шура на новиот конзул во Чикаго, а претходно Директор на Агенцијата за млади и спорт, во едно свое гостување го спореди поранешниот премиер Зоран Заев со бившиот југословенски лидер Јосип Броз Тито.

-Најмногу за нашите родители направил Јосип Броз Тито. Ќе дојде време, ние на нашите деца и внуци, ќе им раскажуваме, дека во времето на Зоран Заев, со Владата, успеал да го реши деценискиот спор за името со Грција, истакна тогаш Каевски.

Полицискиот генерал Стојанче Ангелов од Достоинство, во дебата со проф. Димитар Апасиев од Левица, во еден момент го спореди екс-премиерот Заев, ни помалку, ни повеќе, туку со Гоце Делчев.

-Можеби Зоран Заев е нов Гоце Делчев. Во тој момент кога Гоце Делчев одел по околиските штабови да ги убедува, изјави Ангелов.

Нов Тито или нов Делчев, се едно. Важно е да се прикаже само идеолошкото лутање и лавирање од чисто дневно-политички потреби на владејачкиот СДСМ. А, истото важи и за ДУИ. Зашто, Али Ахмети при последната посета на Косово, како истакнат ленинист-марксист, со песна го „славеше“ ликот и делото на Енвер Хоџа.

Извор: Пресинг ТВ

The post На Османи му пречи Декларацијата за Гоце Делчев, но не и киднапирањето на Кастриот за да не падне владата appeared first on Република.

]]>

Предлог-декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на Гоце Делчев поднесена во Собранието е класично политичко киднапирање на важно национално прашање за дневно-политичка потреба. Никој нема проблем со содржината на предлог-декларацијата, туку со нејзината форма, процесот да се извади од историската комисија, да се префрли на политички фронт, да стане обид за компетиција со бугарскиот парламент кој од двата парламента ќе донесе посилна декларација за Гоце Делчев. Тоа не е решение.
Оваа оценка на шефот на дипломатијата Бујар Османи, изнесена во неговото синоќешно гостување на една од националните телевизии, предизвика големо внимание во јавноста. Иако, министерот ја искористи квалификацијата „политичко киднапирање“ во фигуративна форма, сепак, како претставник на власта не беше далеку од вистината дека таа е и реално и фактички присутна во државата. Зашто, не така одамна, само пред нецели два месеци, токму владејачките СДСМ и ДУИ се послужија не со фигуративно, туку со вистинско политичко киднапирање во дневно-политички цели. Чисто за да ја сочуваат власта. Откако опозицијата најави дека обезбедила ново парламентарно мнозинство, власта го „прибра“ пратеникот Кастриот Реџепи! Со мало задоцнување, излезе дека Реџепи бил сместен во премиерската вила и тој тоа не го демантираше. Целата сторија за државно политичко киднапирање на пратеник неминовно потсетува на времето на тоталитаристичкото комунистичко/социјалистичко минато од крајот на 70-тите години на веќе минатиот век. За помалку упатените, тогашната комунистичка/социјалистичка власт, во акција за расчистување со тогаш „опасните емигрантски кругови“, во Париз е киднапиран Драган Богдановски. На 3 јули 1977 година, Богдановски од луѓето на СДБ со автомобил бил пренесен до Љубљана, а од таму е пренесен во полициски објект во ловиштето „Јасен“ каде е чуван цели 18 месеци. Ете, по цели 45 години Република Македонија се врати на државно политичко киднапирање, а премиерската вила се изедначи со тајната локација на Службата за државна безбедност во „Јасен“, што е само уште една потврда дека историјата некогаш се повторува како фарса, коментира „Пресинг ТВ“ По признанието на Османи дека во содржината на предлог-декларацијата за чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев нема ништо спорно, туку дека е спорна формата, се поставува прашањето дали за власта би било прифатливо усвојување на декларација за Тито Делчев!? Можеби некому на прв поглед ќе му изгледа чудно ваквиот назив, но тој не претставува никакво изненадување за добрите хроничари на настаните на домашната политичка сцена. Дарко Каевски, пратеникот од редовите на СДСМ и шура на новиот конзул во Чикаго, а претходно Директор на Агенцијата за млади и спорт, во едно свое гостување го спореди поранешниот премиер Зоран Заев со бившиот југословенски лидер Јосип Броз Тито.
-Најмногу за нашите родители направил Јосип Броз Тито. Ќе дојде време, ние на нашите деца и внуци, ќе им раскажуваме, дека во времето на Зоран Заев, со Владата, успеал да го реши деценискиот спор за името со Грција, истакна тогаш Каевски.
 
Полицискиот генерал Стојанче Ангелов од Достоинство, во дебата со проф. Димитар Апасиев од Левица, во еден момент го спореди екс-премиерот Заев, ни помалку, ни повеќе, туку со Гоце Делчев.
-Можеби Зоран Заев е нов Гоце Делчев. Во тој момент кога Гоце Делчев одел по околиските штабови да ги убедува, изјави Ангелов.
Нов Тито или нов Делчев, се едно. Важно е да се прикаже само идеолошкото лутање и лавирање од чисто дневно-политички потреби на владејачкиот СДСМ. А, истото важи и за ДУИ. Зашто, Али Ахмети при последната посета на Косово, како истакнат ленинист-марксист, со песна го „славеше“ ликот и делото на Енвер Хоџа. Извор: Пресинг ТВ

The post На Османи му пречи Декларацијата за Гоце Делчев, но не и киднапирањето на Кастриот за да не падне владата appeared first on Република.

]]>
За Османи Декларацијата за Гоце Делчев била политичко киднапирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-osmani-deklaracijata-za-goce-delchev-bila-politichko-kidnapiranje/ Fri, 18 Feb 2022 07:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=460163

Да не се создава притисок со рокови кај Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, туку целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања. Следниот состанок на експертско ниво меѓу двете министерства за надворешни работи ќе се одржи во Скопје на 23 февруари, изјави вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Тие состаноци алтернативно се менуваат. Во Софија имавме состанок на политичко ниво, потоа имаше повторно на експертско ниво во Софија, деновиве очекуваме повторно да имаме разговори на највисоко политичко ниво, за потоа на 23-ти во Скопје ќе има разговори на експертско ниво, рече Османи.

На тој начин, според него, експертите обработуваат некоја тема, политичарите даваат свои политички погледи и насоки и така треба да ја имаме потребната слика минувајќи ги сите филтри, со цел ниту едно решение да не остане неанализирано како што треба.

Прашан дали може без финално решение на Комисијата за историски прашања да почнеме преговори со ЕУ, Османи вели дека таа Комисија е долгорочен процес и оти нејзина цел е да ја конзервира темата во неа, за општествата и политичарите да не дебатираат за историја и тие историски прашања, како што вели, да не ја контаминираат билатералната, секојдневна комуникација.

– Тоа е најважниот квалитет на таа Комисија и доколку тие успеат да ја задржат дебатата само кај нив, со тоа значително ќе ги растеретат општествата да соработуваат, а истовремено ќе има механизам каде ќе се надминат разликите бидејќи ние велиме, да, треба да се надминат тие разлики, но никој не очекува дека до одреден рок историската комисија ќе даде резултати, истакна Османи во гостувањето на ТВ Сител.

Според него, овој пристап не треба да создава притисок за рокови, но треба да создаде доверба кај двете страни дека сепак нема намерно кочење, нема намерно одложување, туку дека има еден нормален процес на научна дебата.

Во однос на предлог-декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на Гоце Делчев, поднесена во Собранието, Османи смета дека таа е класично политичко киднапирање на важно национално прашање за дневно-политичка потреба. – Никој нема проблем со содржината на предлог-декларацијата, туку со нејзината форма – процесот да се извади од Историската комисија, да се префрли на политички фронт, да стане обид за компетиција со бугарскиот Парламент кој од двата парламента ќе донесе посилна деклрација за Гоце Делчев. Тоа не е решение, оценува шефот на дипломатијата.

The post За Османи Декларацијата за Гоце Делчев била политичко киднапирање appeared first on Република.

]]>

Да не се создава притисок со рокови кај Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, туку целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања. Следниот состанок на експертско ниво меѓу двете министерства за надворешни работи ќе се одржи во Скопје на 23 февруари, изјави вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Тие состаноци алтернативно се менуваат. Во Софија имавме состанок на политичко ниво, потоа имаше повторно на експертско ниво во Софија, деновиве очекуваме повторно да имаме разговори на највисоко политичко ниво, за потоа на 23-ти во Скопје ќе има разговори на експертско ниво, рече Османи. На тој начин, според него, експертите обработуваат некоја тема, политичарите даваат свои политички погледи и насоки и така треба да ја имаме потребната слика минувајќи ги сите филтри, со цел ниту едно решение да не остане неанализирано како што треба. Прашан дали може без финално решение на Комисијата за историски прашања да почнеме преговори со ЕУ, Османи вели дека таа Комисија е долгорочен процес и оти нејзина цел е да ја конзервира темата во неа, за општествата и политичарите да не дебатираат за историја и тие историски прашања, како што вели, да не ја контаминираат билатералната, секојдневна комуникација. – Тоа е најважниот квалитет на таа Комисија и доколку тие успеат да ја задржат дебатата само кај нив, со тоа значително ќе ги растеретат општествата да соработуваат, а истовремено ќе има механизам каде ќе се надминат разликите бидејќи ние велиме, да, треба да се надминат тие разлики, но никој не очекува дека до одреден рок историската комисија ќе даде резултати, истакна Османи во гостувањето на ТВ Сител. Според него, овој пристап не треба да создава притисок за рокови, но треба да создаде доверба кај двете страни дека сепак нема намерно кочење, нема намерно одложување, туку дека има еден нормален процес на научна дебата. Во однос на предлог-декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на Гоце Делчев, поднесена во Собранието, Османи смета дека таа е класично политичко киднапирање на важно национално прашање за дневно-политичка потреба. – Никој нема проблем со содржината на предлог-декларацијата, туку со нејзината форма – процесот да се извади од Историската комисија, да се префрли на политички фронт, да стане обид за компетиција со бугарскиот Парламент кој од двата парламента ќе донесе посилна деклрација за Гоце Делчев. Тоа не е решение, оценува шефот на дипломатијата.

The post За Османи Декларацијата за Гоце Делчев била политичко киднапирање appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот да ја прифати Декларацијата за Гоце Делчев: Ајде Ковачевски, охрабри се! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-go-povikuva-premierot-da-ja-prifati-deklaracijata-za-goce-delchev-ajde-kovachevski-ohrabri-se/ Wed, 16 Feb 2022 07:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=459133

Aко навистина Ковачевски сака да гради национално единство во Собранието за националните прашања, тогаш има одлична прилика, да ја прифати Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев. Ако Делчев не е добар повод за национално единство и ако Декларацијата во Собранието не е најдобра прилика, тогаш не знаеме што е, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ откако вчера пратениците на СДСМ и на ДУИ не гласаа за Декларацијата.

Еве му прилика да покаже дека не се само декларативни неговите изјави за единство. Ако му пречи, тогаш Ковачевски треба да каже што е спорно во текстот на Декларацијата, да каже дали има против да се афирмира револуционерното дело на Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. Нека покаже Ковачевски за чии интереси работи, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат ако Ковачевски продолжи да молчи за подадената рака за национално единство, тогаш тоа гласно ќе говори дека на големо се работи на нови договори со Бугарија на штета на македонските интереси, идентитетот, јазикот и историјата.

Ајде Ковачевски, охрабри се, одвој се од Заев и прифати ја Декларацијата за Гоце Делчев во Собранието, така се гради национално единство, се нагласува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот да ја прифати Декларацијата за Гоце Делчев: Ајде Ковачевски, охрабри се! appeared first on Република.

Почитта кон Гоце Делчев значи враќање назад, а не напред, вели пратеничка од СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochitta-kon-goce-delchev-znachi-vrakjanje-nazad-a-ne-napred-veli-pratenichka-od-sdsm/ Tue, 15 Feb 2022 14:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=458935

СДСМ ја отфрли Декларацијата за Гоце Делчев, а според пратеничката Жаклина Лазаревска од истата партија, почитта кон Гоце е враќање назад во времето, а не напред.

Ни пречи што со Декларација сакаме да се враќаме назад. Она што ние веќе го имаме за Гоце во нашата химна, во именувањето на улици, на училишта, во празнувањето на Гоце Делчев и почитта кон него навистина значи враќање назад, а не напред со таа декларација, рече таа од собраниската говорница одговарајќи на новинарско прашање.

Покрај СДСМ, денекса против Декларацијата за Гоце Делчев на собраниската комисија за надворешни работи против гласаше и ДУИ.

Пратеникот Антонијо Милошоски вели дека не е исклучена можноста за тргување со македонската историја.

https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-sdsm-i-dui-deneska-glasaa-protiv-deklaracijata-po-povod-150-godishninata-od-ragjanjeto-na-goce-delchev/

The post Почитта кон Гоце Делчев значи враќање назад, а не напред, вели пратеничка од СДСМ appeared first on Република.

]]>

СДСМ ја отфрли Декларацијата за Гоце Делчев, а според пратеничката Жаклина Лазаревска од истата партија, почитта кон Гоце е враќање назад во времето, а не напред.
Ни пречи што со Декларација сакаме да се враќаме назад. Она што ние веќе го имаме за Гоце во нашата химна, во именувањето на улици, на училишта, во празнувањето на Гоце Делчев и почитта кон него навистина значи враќање назад, а не напред со таа декларација, рече таа од собраниската говорница одговарајќи на новинарско прашање.
Покрај СДСМ, денекса против Декларацијата за Гоце Делчев на собраниската комисија за надворешни работи против гласаше и ДУИ. Пратеникот Антонијо Милошоски вели дека не е исклучена можноста за тргување со македонската историја. https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-sdsm-i-dui-deneska-glasaa-protiv-deklaracijata-po-povod-150-godishninata-od-ragjanjeto-na-goce-delchev/

The post Почитта кон Гоце Делчев значи враќање назад, а не напред, вели пратеничка од СДСМ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до власта: Еве нудиме подадена рака, поддржете ја декларација за Ѓорѓи Делчев, човекот кој што треба да не обедини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-do-vlasta-eve-nudime-podadena-raka-poddrzete-ja-deklaracija-za-gjorgji-delchev-chovekot-koj-shto-treba-da-ne-obedini/ Mon, 14 Feb 2022 14:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=458466

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната своја изјава од Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашниот отчет за системско уништување на општините од поранешната власт истакна дека и покрај тешката и предизвикувачка година, покрај енергетската и економската криза дотациите кон општините се намалени.

„Па погледајте ги трансферите и дотациите кои што оваа власт ги прави во изминативе четири години пред оваа 2022 година ќе видите дека секоја година започнувајќи од 2018, 2019 следствено 2020, 2021 имаме зголемување на дотациите, дури и во една година тие се 34 милиони евра поголеми од претходната година. Но тогаш нели мнозинството градоначалници беа од редовите на СДСМ, и тогаш тие ценеа дека треба дотациите да бидат поголеми. Но ако ја споредите бројката 2021 и 2022 и покрај тоа што буџетот е зголемен, екстремно зголемен, арачот на народот и на бизнисот екстра зголемен, дотациите се намалени од 316 на 312 милиони евра, кон општините и покрај тоа што знаеја дека имаме енергетска криза, покрај тоа што знаеја дека имаме економска криза, и покрај тоа што знаеја дека ова ќе биде една навистина тешка и предизвикувачка година“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски додаде и дека СДСМ и власта не водат грижа за граѓаните.

„Но тие не водат сметка за интересите на граѓаните, и повторно ќе кажам слепо ги следат политиките и насоките на заевизмот, политики кои што се поразени од народот, се додека продолжат да ги следат политиките на заевизмот ќе губат, и тоа ќе им го кажат граѓаните на следните предвремени парламентарни избори. Затоа бегаат од тоа затоа се плашат. Мислат дека црвените килими на лозјата, во големите и раскошни винарски визби кај тајкуни кои што своето богатство го стекнале во едни други времиња ќе ги исперат од незадоволството кое што го има кај народот, и затоа ги нема тука меѓу народот ,затоа се кријат. Така што мојата порака ќе биде иста напуштете ги политиките на заевизмот, тие се поразени, прифатете ја политиката на заедништво и обединување кога станува збор за националните интереси, граѓаните во општините каде што се градоначалници избрани од редот на ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата не се виновни затоа што политиките на заевизмот полни со криминал, со корупција со неуспеси граѓаните ги поразија. Дајте да седнеме и да зборуваме за иднината немојте да бидете заглавени во минатото, поделбите завршија, ние сакаме да рефлектираме една енергија на обединување кога станува збор за националните интереси, ние може да се разликуваме во економските, образовните, здравствените, земјоделските политики, да, тука се разликуваме, но кога станува збор за националниот интерес, еднаш очекуваме од СДСМ да застане и да ги поддржи политиките на обединување. Прв чекор еве нудиме подадена рака, поддржете ја декларација за титанот, за великанот Ѓорѓи Делчев, човекот кој што треба да не обедини“, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски до власта: Еве нудиме подадена рака, поддржете ја декларација за Ѓорѓи Делчев, човекот кој што треба да не обедини appeared first on Република.

Пратениците на СДСМ и ДУИ избегаа од седница за да не може да се разгледа Декларацијата за Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-na-sdsm-i-dui-izbegaa-od-sednica-za-da-ne-moze-da-se-razgleda-deklaracijata-za-goce-delchev/ Wed, 09 Feb 2022 10:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=456104

Денес на Комисијата за надворешна политика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложија да се разгледува Декларацијата за великанот Гоце Делчев, но за жал присутните колеги од СДСМ/ДУИ побегнаа, за седницата да нема кворум и да не може да се гласа, отрки претседателот на Комисијата, пратеникот Антонио Милошоски.

Ќе ги почекаме, има време до Илинден, порача тој.

The post Пратениците на СДСМ и ДУИ избегаа од седница за да не може да се разгледа Декларацијата за Гоце Делчев appeared first on Република.

Клековски: Декларацијата за Гоце Делчев ВМРО ДПМНЕ ја поднесе бидејќи Собранието не си ја врши работата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klekovski-deklaracijata-za-goce-delchev-vmro-dpmne-ja-podnese-bidejkji-sobranieto-ne-si-ja-vrshi-rabotata/ Tue, 08 Feb 2022 19:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=455881

Во вечерашното гостување во Тема на денот во Централниот Дневник, гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, тој истакна дека декларацијата за Гоце Делчев е програма за одбележување на Гоце Делчев и на други значајни личности бидејќи Собранието не си ја врши работата.

Документот за декларацијата за Гоце Делчев кој го има поднесено ВМРО-ДПМНЕ е во основа на програма за одбележување на 150 годишнината на Гоце Делчев. Декларацијата е програма за одбележување на значајни личности и настани затоа што Собранието не си ја врши работата, истакна Клековски.

Тој додаде дека поднесената декларација за Гоце Делчев е поради нефункционирањето на комисијата за култура на Собранието која уште минатата година потребно беше да донесе програма за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Од 2018 година колку што имам информации не се носи програма за одбележување на значајни личности и настани од страна на собраниската комисија за култура.

Изјавата на Радев не е симболичен проблем туку е фундаментален проблем, бидејќи со тоа демонстрира дека Бугарија сака да го постигне тоа што Грција го постигна со Преспанскиот договор, односно однапред да добие сѐ а да не понуди ништо, заклучи Клековски.

The post Клековски: Декларацијата за Гоце Делчев ВМРО ДПМНЕ ја поднесе бидејќи Собранието не си ја врши работата appeared first on Република.

]]>

Во вечерашното гостување во Тема на денот во Централниот Дневник, гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, тој истакна дека декларацијата за Гоце Делчев е програма за одбележување на Гоце Делчев и на други значајни личности бидејќи Собранието не си ја врши работата.
Документот за декларацијата за Гоце Делчев кој го има поднесено ВМРО-ДПМНЕ е во основа на програма за одбележување на 150 годишнината на Гоце Делчев. Декларацијата е програма за одбележување на значајни личности и настани затоа што Собранието не си ја врши работата, истакна Клековски.
Тој додаде дека поднесената декларација за Гоце Делчев е поради нефункционирањето на комисијата за култура на Собранието која уште минатата година потребно беше да донесе програма за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Од 2018 година колку што имам информации не се носи програма за одбележување на значајни личности и настани од страна на собраниската комисија за култура. Изјавата на Радев не е симболичен проблем туку е фундаментален проблем, бидејќи со тоа демонстрира дека Бугарија сака да го постигне тоа што Грција го постигна со Преспанскиот договор, односно однапред да добие сѐ а да не понуди ништо, заклучи Клековски.

The post Клековски: Декларацијата за Гоце Делчев ВМРО ДПМНЕ ја поднесе бидејќи Собранието не си ја врши работата appeared first on Република.

]]>
Заев сакаше името на државата да биде „Илинденска Македонија“, а СДСМ сега бега од Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-sakashe-imeto-na-drzavata-da-bide-ilindenska-makedonija-a-sdsm-sega-bega-od-goce-delchev/ Tue, 08 Feb 2022 10:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=455599

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност за компромис кој ги задоволува двете страни. Очекуваме дека предлогот ќе биде разбран и ќе најде поширока поддршка во Атина.

Со ова име, правиме целосно разграничување со регионот Македонија во Грција. Разграничување од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви територијални аспирации према ниту една соседна земја, вклучително и Грција. Тоа е истата борба, и во 1903 и во 1944 година.

Република Македонија и граѓаните на Република Македонија немаат никакви територијални претензии и ги потврдуваат неменливоста на границите и почитувањето на наследството на грчкиот народ и Грција.

Владата на Република Македонија ќе ги продолжи разговорите со Владата на Република Грција се до изнаоѓање дефинитивно решение на 25-годишниот спор. Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народи никогаш не било поголемо. Ќе ги вложиме сите напори да извлечеме максимум од овој позитивен историски момент за двете држави.

Ова е содржината на Владиното соопштение од 20 мај 2018 година, што се уште стои на нејзиниот сајт, како доказ на една, колку налудничава, токолку и безидејна политика на тогашниот премиер Зоран Заев, која гледаме дека има континуитет и во новиот Владин кабинет предводен од актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

Да се потсетиме и на изјавата на тогашниот премиер Заев за овој предлог.

Само како потсетување, тогашниот премиер Заев неколку дена подоцна ќе се осуди да ја праша водечката опозициона ВМРО-ДПМНЕ, што има против Илинден 1903 година!

За потсетување, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во една прилика објасни дека му велел на Заев да не избрзува со овој предлог бидејќи Грција сигурно нема да го прифати а ќе го искористи тоа дека за Македонија е прифатливо едно име за севкупна употреба.

Предлогот датира само неколку месеци пред потпишувањето на двата договора, и тој со Бугарија за Добрососедство, пријателство и соработка, и тој од Нивици, со кој, наводно, се реши спорот со Грција. А, од оваа временска дистанца може само да се замисли какви се последици ќе предизвикаше името на државата „Република Илинденска Македонија“ од аспект на недоразбирањата со соседна Бугарија, зашто согласно нејзиното читање на Договорот, Македонија по автоматизам ќе станеше втора бугарска држава, анализира „Пресинг ТВ“.

И кога и од тогаш и сега владејачкиот СДСМ ќе излезе ваков предлог за името на државата, просто е несватливо истиот тој СДСМ да бега како ѓавол од крст од донесување на декларација во Собранието за ликот и делото на Гоце Делчев. А, уште понесватливи се обидите за дисквалификација и на самата декларација, и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и обвинувањата на нејзина адреса за нови поделби во општеството. Како она да го потпишала асиметричниот Договор со Бугарија и како она да го ставила на маса за преговори тоа што никој здраворазумен не би го ставил-идентитетот, јазикот, културата, колективната меморија и темелите на цел еден народ и нација, македонскиот/та! Тоа што СДСМ, наспроти сите предупредувања, не го предвидел ваквиот развој на настаните и ставил потпис на асиметричен договор, не може и не смее да биде вина, а уште помалку одговорност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, секое превртување на тезите значи бегање и на СДСМ, и на владејачката коалиција во целина, од вистината и реалноста и широко отворање на патот за натамошна бугаризација на Македонците.

Но, најстрашно од се е што во спроведувањето на ваквата политика се користат добро познатите подмолни УДБ-ашки методи од кои страдаат невини млади луѓе!

Да, од избрзаното заедничко македонско-бугарско чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во Скопје на крајот ќе страдаат одделни припадници на навивачката група „Комити“!? Непромислениот потег на две, три лица за сквернавење на поставените венци од бугарска страна, веќе стана предмет на обвинувања од Софија.

Каква иронија на судбината!? Младите „Комити“ цел ден беа под присмотра на полициски сили, што значи и во црквата „Св.Спас“ при положувањето на нивниот скромен цвеќе. Во својот настап, пак, модифицирано за приликата, ги отпеаја рефрените од песната „Послушајте патриоти“, па меѓу другото пееја „…Во зандани бев предаден од проклетите шпиони, неразбрани трговци…“. Да, така пееја, „жими крст и кандило“, анализира „Пресинг ТВ“.

И тие два, тројца „Комити“ сега ќе станат жртви на современите „проклети шпиони, неразбрани трговци“. Ќе станат нови „македонски терористи“, исто како оние од 27 април. Ќе станат жртви на поделбите на македонското национално ткиво, ќе станат жртви на современата македонска мартирологија.

А, зошто? Сигурно не заради тоа што никој не им кажал дека во такви моменти не смее да има никаков ексцес. Ќе биде повеќе заради тоа што владејачката елита одново сака да се прикаже како единствен заштитник на македонско-бугарското добрососедство и пријателство, како единствена политичка сила која влече напред кон евроинтегративните процеси, како единствено добри момчиња во државата и општеството, додека сите останати се небањати и неписмени антидржавни елементи за кои нема место во нивната сопствена држава!!!

Како рече пред некој ден во Охрид, на чествувањето на ловороносецот Григор Прличев, Зоран Пејковски од Друштвото на писатели на Македонија? Ако не се лажам -„Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“!

Епа, нека им е арам на сите, кои ќе се препознаат меѓу нив! Зашто, нивни најнови жртви ќе бидат млади деца од навивачката група „Комити“!

Извор: Пресинг ТВ

The post Заев сакаше името на државата да биде „Илинденска Македонија“, а СДСМ сега бега од Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност за компромис кој ги задоволува двете страни. Очекуваме дека предлогот ќе биде разбран и ќе најде поширока поддршка во Атина. Со ова име, правиме целосно разграничување со регионот Македонија во Грција. Разграничување од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви територијални аспирации према ниту една соседна земја, вклучително и Грција. Тоа е истата борба, и во 1903 и во 1944 година. Република Македонија и граѓаните на Република Македонија немаат никакви територијални претензии и ги потврдуваат неменливоста на границите и почитувањето на наследството на грчкиот народ и Грција. Владата на Република Македонија ќе ги продолжи разговорите со Владата на Република Грција се до изнаоѓање дефинитивно решение на 25-годишниот спор. Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народи никогаш не било поголемо. Ќе ги вложиме сите напори да извлечеме максимум од овој позитивен историски момент за двете држави.
Ова е содржината на Владиното соопштение од 20 мај 2018 година, што се уште стои на нејзиниот сајт, како доказ на една, колку налудничава, токолку и безидејна политика на тогашниот премиер Зоран Заев, која гледаме дека има континуитет и во новиот Владин кабинет предводен од актуелниот премиер Димитар Ковачевски.
Да се потсетиме и на изјавата на тогашниот премиер Заев за овој предлог.
Само како потсетување, тогашниот премиер Заев неколку дена подоцна ќе се осуди да ја праша водечката опозициона ВМРО-ДПМНЕ, што има против Илинден 1903 година!
За потсетување, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во една прилика објасни дека му велел на Заев да не избрзува со овој предлог бидејќи Грција сигурно нема да го прифати а ќе го искористи тоа дека за Македонија е прифатливо едно име за севкупна употреба.   Предлогот датира само неколку месеци пред потпишувањето на двата договора, и тој со Бугарија за Добрососедство, пријателство и соработка, и тој од Нивици, со кој, наводно, се реши спорот со Грција. А, од оваа временска дистанца може само да се замисли какви се последици ќе предизвикаше името на државата „Република Илинденска Македонија“ од аспект на недоразбирањата со соседна Бугарија, зашто согласно нејзиното читање на Договорот, Македонија по автоматизам ќе станеше втора бугарска држава, анализира „Пресинг ТВ“. И кога и од тогаш и сега владејачкиот СДСМ ќе излезе ваков предлог за името на државата, просто е несватливо истиот тој СДСМ да бега како ѓавол од крст од донесување на декларација во Собранието за ликот и делото на Гоце Делчев. А, уште понесватливи се обидите за дисквалификација и на самата декларација, и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и обвинувањата на нејзина адреса за нови поделби во општеството. Како она да го потпишала асиметричниот Договор со Бугарија и како она да го ставила на маса за преговори тоа што никој здраворазумен не би го ставил-идентитетот, јазикот, културата, колективната меморија и темелите на цел еден народ и нација, македонскиот/та! Тоа што СДСМ, наспроти сите предупредувања, не го предвидел ваквиот развој на настаните и ставил потпис на асиметричен договор, не може и не смее да биде вина, а уште помалку одговорност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, секое превртување на тезите значи бегање и на СДСМ, и на владејачката коалиција во целина, од вистината и реалноста и широко отворање на патот за натамошна бугаризација на Македонците. Но, најстрашно од се е што во спроведувањето на ваквата политика се користат добро познатите подмолни УДБ-ашки методи од кои страдаат невини млади луѓе! Да, од избрзаното заедничко македонско-бугарско чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во Скопје на крајот ќе страдаат одделни припадници на навивачката група „Комити“!? Непромислениот потег на две, три лица за сквернавење на поставените венци од бугарска страна, веќе стана предмет на обвинувања од Софија. Каква иронија на судбината!? Младите „Комити“ цел ден беа под присмотра на полициски сили, што значи и во црквата „Св.Спас“ при положувањето на нивниот скромен цвеќе. Во својот настап, пак, модифицирано за приликата, ги отпеаја рефрените од песната „Послушајте патриоти“, па меѓу другото пееја „…Во зандани бев предаден од проклетите шпиони, неразбрани трговци…“. Да, така пееја, „жими крст и кандило“, анализира „Пресинг ТВ“. И тие два, тројца „Комити“ сега ќе станат жртви на современите „проклети шпиони, неразбрани трговци“. Ќе станат нови „македонски терористи“, исто како оние од 27 април. Ќе станат жртви на поделбите на македонското национално ткиво, ќе станат жртви на современата македонска мартирологија. А, зошто? Сигурно не заради тоа што никој не им кажал дека во такви моменти не смее да има никаков ексцес. Ќе биде повеќе заради тоа што владејачката елита одново сака да се прикаже како единствен заштитник на македонско-бугарското добрососедство и пријателство, како единствена политичка сила која влече напред кон евроинтегративните процеси, како единствено добри момчиња во државата и општеството, додека сите останати се небањати и неписмени антидржавни елементи за кои нема место во нивната сопствена држава!!! Како рече пред некој ден во Охрид, на чествувањето на ловороносецот Григор Прличев, Зоран Пејковски од Друштвото на писатели на Македонија? Ако не се лажам -„Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“! Епа, нека им е арам на сите, кои ќе се препознаат меѓу нив! Зашто, нивни најнови жртви ќе бидат млади деца од навивачката група „Комити“!
Извор: Пресинг ТВ

The post Заев сакаше името на државата да биде „Илинденска Македонија“, а СДСМ сега бега од Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Власта дефинитивно нема да поддржи Декларација за Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ прашува што им пречи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-definitivno-nema-da-poddrzi-deklaracija-za-goce-delchev-vmro-dpmne-prashuva-shto-im-prechi/ Tue, 08 Feb 2022 07:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=455459

Власта и опозицијата остануваат на своите ставови во врска со Декларацијата за Гоце Делчев. СДСМ вели дека таква Декларација не е потребна и дека името на нашиот револуционер не треба да се користи да дневно политички теми.

За ВМРО-ДПМНЕ пак  скандалозна е одлуката пратениците од коалицијата на СДСМ да ја отфрлат Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев поднесена во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека со отфрлање на Декларација за Гоце Делчев јасно се гледа дека СДСМ ниту ја имаат прочитано Декларацијата, ниту ја сфатиле сериозноста на оваа Декларација поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не објасни што конкретно од Декларацијата за нив е неприфатливо, дали за нив е спорно истакнувањето на ликот и значењето на Гоце Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија. Повторно ги повикуваме пратениците на СДСМ и коалицијата во Собранието да одговорат дали за нив е неприфатлив повикот до медиумите во годината кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата? Не одговорија дали е неприфатлив повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј? Дали за СДСМ е неприфатлив и повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев? Со одбивањето на Декларацијата во Собранието, СДСМ се против повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј?, прашуваат од партијата.

Гоце Делчев е еден од главните пречи за договор меѓу историската комисија од двете земји. Бугарија инсистира Македонија да прифати дека тој бил Бугарин кој се борел за ослободување на Македонија од Османлиите.

The post Власта дефинитивно нема да поддржи Декларација за Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ прашува што им пречи appeared first on Република.

]]>

Власта и опозицијата остануваат на своите ставови во врска со Декларацијата за Гоце Делчев. СДСМ вели дека таква Декларација не е потребна и дека името на нашиот револуционер не треба да се користи да дневно политички теми. За ВМРО-ДПМНЕ пак  скандалозна е одлуката пратениците од коалицијата на СДСМ да ја отфрлат Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев поднесена во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека со отфрлање на Декларација за Гоце Делчев јасно се гледа дека СДСМ ниту ја имаат прочитано Декларацијата, ниту ја сфатиле сериозноста на оваа Декларација поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ не објасни што конкретно од Декларацијата за нив е неприфатливо, дали за нив е спорно истакнувањето на ликот и значењето на Гоце Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија. Повторно ги повикуваме пратениците на СДСМ и коалицијата во Собранието да одговорат дали за нив е неприфатлив повикот до медиумите во годината кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата? Не одговорија дали е неприфатлив повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј? Дали за СДСМ е неприфатлив и повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев? Со одбивањето на Декларацијата во Собранието, СДСМ се против повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј?, прашуваат од партијата.
Гоце Делчев е еден од главните пречи за договор меѓу историската комисија од двете земји. Бугарија инсистира Македонија да прифати дека тој бил Бугарин кој се борел за ослободување на Македонија од Османлиите.    

The post Власта дефинитивно нема да поддржи Декларација за Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ прашува што им пречи appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ го прашува СДСМ: Што е неприфатило во Декларацијата за заштита на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-go-prashuva-sdsm-shto-e-neprifatilo-vo-deklaracijata-za-zashtita-na-goce-delchev/ Mon, 07 Feb 2022 12:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=455124

Oткако СДСМ денеска се изјасни дека не ја прифаќаат Декларацијата за заштита на Гоце Делчев , ВМРО-ДПМНЕ ја праашува владејачката партија што не им се допаѓа во овој документ

Доколку во СДСМ внимателно го анализирале текстот на Декларацијата ќе можеле недвосмислено да се уверат дека целта на ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото, така и денес, но и во иднина продолжува да биде - натамошно зацврстување на темелите на државноста.

ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека со Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, наместо неорганизирано, дифузно и недостоинствено одбележување, се воспоставуваат стандарди и се реализираат активности кои на еден одмерен, коректен и пред сé достоинствен начин државата ќе го одбележи овој голем јубилеј.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да објасни што конкретно смета дека е неприфатливо, а е дел од Декларацијата што ја поднесовме во Собранието?

Дали на СДСМ им е неприфатлив повикот до медиумите во годината кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата;

Дали на СДСМ им смета повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј?

Дали СДСМ има отпор и кон повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев?

Конечно, можеби СДСМ се противат и на повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј?!

За ВМРО-ДПМНЕ, однос на СДСМ кон Декларацијата за Гоце Делчев, упатува на две можни причини:

Прво, или во СДСМ не ја прочитале Декларацијата, што претставува израз на крајна несериозност кон граѓаните или

Второ, иако не сакаме да веруваме, СДСМ можеби се дел од некое сценарио кое има за цел натамошно да ја девалвира државноста и историјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува СДСМ и останатите парламентарни партии внимателно и со доза на најголема државна одговорност да му пристапат на повој предлог документ подготвен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ искрено верува дека со консензуалното изгласување на Декларацијата од страна на сите пратеници во Собранието, Република Македонија ќе го манифестира толку посакуваното единство и обединетост кога станува збор за афирмацијата и заштитата на нашите вредности и заложби за демократска и европска држава.

The post ВМРО-ДПМНЕ го прашува СДСМ: Што е неприфатило во Декларацијата за заштита на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Oткако СДСМ денеска се изјасни дека не ја прифаќаат Декларацијата за заштита на Гоце Делчев , ВМРО-ДПМНЕ ја праашува владејачката партија што не им се допаѓа во овој документ
Доколку во СДСМ внимателно го анализирале текстот на Декларацијата ќе можеле недвосмислено да се уверат дека целта на ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото, така и денес, но и во иднина продолжува да биде - натамошно зацврстување на темелите на државноста.
ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека со Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, наместо неорганизирано, дифузно и недостоинствено одбележување, се воспоставуваат стандарди и се реализираат активности кои на еден одмерен, коректен и пред сé достоинствен начин државата ќе го одбележи овој голем јубилеј.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да објасни што конкретно смета дека е неприфатливо, а е дел од Декларацијата што ја поднесовме во Собранието? Дали на СДСМ им е неприфатлив повикот до медиумите во годината кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата;
Дали на СДСМ им смета повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј? Дали СДСМ има отпор и кон повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев? Конечно, можеби СДСМ се противат и на повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј?! За ВМРО-ДПМНЕ, однос на СДСМ кон Декларацијата за Гоце Делчев, упатува на две можни причини:
Прво, или во СДСМ не ја прочитале Декларацијата, што претставува израз на крајна несериозност кон граѓаните или Второ, иако не сакаме да веруваме, СДСМ можеби се дел од некое сценарио кое има за цел натамошно да ја девалвира државноста и историјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува СДСМ и останатите парламентарни партии внимателно и со доза на најголема државна одговорност да му пристапат на повој предлог документ подготвен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ искрено верува дека со консензуалното изгласување на Декларацијата од страна на сите пратеници во Собранието, Република Македонија ќе го манифестира толку посакуваното единство и обединетост кога станува збор за афирмацијата и заштитата на нашите вредности и заложби за демократска и европска држава.

The post ВМРО-ДПМНЕ го прашува СДСМ: Што е неприфатило во Декларацијата за заштита на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Откако Петков го прогласи за Бугарин: СДСМ нема да ја поддржи Декларацијата за Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-petkov-go-proglasi-za-bugarin-sdsm-nema-da-ja-poddrzi-deklaracijata-za-goce-delchev/ Mon, 07 Feb 2022 11:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=455087

Неколку дена откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе Декларација за заштита на македонскиот великан Гоце Делчев од СДСМ стигнуваат најави дека такво нешто нема да поддржат.

Како што се изјасни денеска Јован Митревски СДСМ наместо поддршка бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларација која ако се донесе ниту една партија нема да може да преговара за ликот и делото на Делчев и би била еден вид на државна позиција.

Ваквиот став на власта можеше да се насети уште на одблежувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев кога ниту премиерот Ковачевски ниту претседателот Пендаровски во своите објави не се изјаснија за неговата националност односно дали тој е Македонец или Бугарин.

Власта за опишување на Делчев ги коритеше термините „великан“ или пак македонски револуционер“. Дали е Македонец не се изјаснија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/za-petkov-goce-delchev-e-bugarin-za-kovachevski-i-pendarovski-nishto/

Но, бугарскиот премиер Кирил Петков немаше никакви дилеми.За него Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за ослободување на Македонија од Османлиите.

По ова станува јасно дека власта на ДУИ и СДСМ не само што разговара туку преговара за Гоце Делчев.

На Османи, Ковачевски и Пендаровски треба едно да им биде јасно: Падне ли Гоце Делчев паѓаат и сите Илинденци и Илинденското востание.А потоа нема назад.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-go-prashuva-sdsm-shto-e-neprifatilo-vo-deklaracijata-za-zashtita-na-goce-delchev/

The post Откако Петков го прогласи за Бугарин: СДСМ нема да ја поддржи Декларацијата за Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Неколку дена откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе Декларација за заштита на македонскиот великан Гоце Делчев од СДСМ стигнуваат најави дека такво нешто нема да поддржат. Како што се изјасни денеска Јован Митревски СДСМ наместо поддршка бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларација која ако се донесе ниту една партија нема да може да преговара за ликот и делото на Делчев и би била еден вид на државна позиција. Ваквиот став на власта можеше да се насети уште на одблежувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев кога ниту премиерот Ковачевски ниту претседателот Пендаровски во своите објави не се изјаснија за неговата националност односно дали тој е Македонец или Бугарин. Власта за опишување на Делчев ги коритеше термините „великан“ или пак македонски револуционер“. Дали е Македонец не се изјаснија.   https://republika.mk/vesti/makedonija/za-petkov-goce-delchev-e-bugarin-za-kovachevski-i-pendarovski-nishto/ Но, бугарскиот премиер Кирил Петков немаше никакви дилеми.За него Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за ослободување на Македонија од Османлиите. По ова станува јасно дека власта на ДУИ и СДСМ не само што разговара туку преговара за Гоце Делчев. На Османи, Ковачевски и Пендаровски треба едно да им биде јасно: Падне ли Гоце Делчев паѓаат и сите Илинденци и Илинденското востание.А потоа нема назад. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-go-prashuva-sdsm-shto-e-neprifatilo-vo-deklaracijata-za-zashtita-na-goce-delchev/  

The post Откако Петков го прогласи за Бугарин: СДСМ нема да ја поддржи Декларацијата за Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата за Гоце Делчев, таа е дневно-политички театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-vmro-dpmne-da-ja-povleche-deklaracijata-za-goce-delchev-taa-e-dnevno-politichki-teatar/ Mon, 07 Feb 2022 11:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=455058

За СДСМ Декларацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ и оди на штета токму на неговиот лик и дело. Од партијата бараат ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата и, како што велат, ако навистина сакаат да ја видат Македонија во ЕУ да се вклучат на конструктивен начин во процесите кои се од национален интерес.  

Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски национални херои чие наследство силно го промовираме. Од овој став не сме отстапиле ни милиметар. Популистичките игри на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на ликот и делото на великанот Делчев. Наспроти ваквото политиканство во најдобриот дух на визијата на македонскиот великан ние почнавме со градење мостови и културен натпревар со цел решавање на сите отворени прашања. Тоа бил и неговиот поглед за иднината и тоа е духот во кој ќе продолжиме понатаму. Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ се обидува ова да му го направи на македонскиот херој Гоце Делчев, рече на прес-конференција во Собранието координаторот на СДСМ Јован Митрески.

Според СДСМ, македонскиот национален херој Делчев не заслужил да биде сведен на политичка декларација, а делото на великанот и неговиот историски придонес во создавањето на македонската држава не заслужува ваков потценувачки однос.  

Моштите на Гоце Делчев се во Скопје во главниот град на македонската независна држава и тука ќе останат. Гоце Делчев е вграден во македонската национална химна и таму ќе остане. Имаме град што го носи неговото име, училишта и библиотеки, улици и бројни споменици. Големо е неговото дело и почитта кон него, рече Митрески.

За СДСМ декларацијата е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ.

Партијата која постојано е против нашите евроинтеграции во нивниот познат манир по стоти пат ја промашија темата. Бранат нешто што не е нападнато и со тоа си ја покажуваат сопствената несигурност и аматеризам. Таквата несигурност, таквиот аматеризам и таквиот дилетантизам нема да дозволиме да биде пренесен на граѓаните. Нема да дозволиме да ни држат лекции оние кои со бројни потези го срамат ликот и делото на Делчев, рече координаторот на СДСМ.  

Тој истакна дека вакво, како што рече, политичко понижување на делото на Делчев е штета на грбот на националниот интерес и прави да нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некои други бугарски политичари кои имаат за една цел – градење на политички кариери преку одржување на спорот меѓу двете држави.  

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се засрамат и да ја повлечат нивната т.н. декларација. Ги повикуваме, ако навистина сакаат да ја видат Македонија во ЕУ да се вклучат на конструктивен начин во процесите кои се од национален интерес. СДСМ и коалицијата нема да учествува во нивниот дневно-политички театар на кој единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, рече Митрески додавајќи дека затоа бараат декларацијата да биде повлечена

The post СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата за Гоце Делчев, таа е дневно-политички театар appeared first on Република.

Носечка личност во македонската историја: Ова е содржината на Декларацијата на ВМРО-ДМНЕ за заштита на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nosechka-lichnost-vo-makedonskata-istorija-ova-e-sodrzinata-na-deklaracijata-na-vmro-dmne-za-zashtita-na-goce-delchev/ Fri, 04 Feb 2022 10:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=454078

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајковски ја презентираше декларацијата за заштита на ликот и делото на македонскиот револуцинер Гоце Делчев. Во него јасно се исцртани заложбите за обединување на сите фактори и оти во идинина никој да не може да преговара на оваа тема.

Ова е целата содржина на Декларацијата

1. Констатирајќи го огромното, недвосмислено и широко прифатено значење на ликот и делото на големиот македонски син Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) во остварувањето на целите на народна епопеја за слобода и независност, ние пратениците на Собранието, со оваа Декларација натамошно го афирмираме наследството, улогата и значењето на оваа, без сомнение централна личност од македонската историја.

2. Имајќи ја во пред вид големината на Делчев како идеолог и борец за остварување на целите на македонското ослободително дело, ги повикуваме електронските медиуми во државата, во рамките на можностите, во текот на 2022 година да интегрираат во програмата пригодни содржини со кои ќе се афирмира овој јубилеј.

3. Констатирајќи го високо моралниот и демократски карактер на ставовите на Делчев, ја повикуваме државната компанија за поштенски услуги, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да издаде поштенска марка со која ќе се одбележи овој важен јубилеј за македонската држава.

4. Антиципирајќи го вонременското значење на силните заложби на Делчев за соработка и за натпревар помеѓу народите, ги повикуваме Институтот за национална историја и Македонската академија на науките и уметностите, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да организираат соодветни настани и да реализираат соодветни проекти со кои ќе се одбележи 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

https://www.youtube.com/watch?v=gfeODfXLlYw

5. Акцентирајќи го длабоко моралниот карактер на ставовите на Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот, го повикуваме Министерството за образование и наука во текот на 2022 година, во согласност со своите надлежности да преземе активности со кои на одделенските часови во основните училишта ќе се информираат учениците за ликот и делото на оваа личност од македонската историја.

6. Согледувајќи ја потребата од постојано препрочитување на најважните поглавја од животниот пат на Делчев, се задолжува Националната установа Музеј на македонската борба, во рамките на своите надлежности и можности, во текот на 2022 година да спроведе соодветни активности и да реализира соодветни проекти со кои ќе се зацврсти споменот на граѓаните за ликот и делото на оваа важна историска личност.

7. Декларацијата ќе се достави до Владата, Институтот за национална историја, Македонската академија на науките и уметностите и до Националната установа Музеј на македонската борба.
8. Оваа декларација ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

Образложение

Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) е една од централните личности која со својот личен пример, достигнувања и заложби остава трајна и неизбрилшлива трага во македонската историја.
Имајќи го во пред вид споменатото, во контекст на фактот дека во 2022 година се одбележуваат 150 години од раѓањето на овој, без сомнение најголем трибун на македонското револуционерно дело, сметаме дека е особено важно Собранието да донесе декларација со која на еден организиран и достоинствен начин ќе се оддаде почит и натамошно ќе се зацврсти сеќавањето на граѓаните во однос на важноста на делото и на наследството на Делчев.

За таа цел, обзнанувајќи ја нејзината содржина на денот на неговиот роденден, а во духот на демократските вредности кон кои сме силно приврзани, со оваа декларација се предвидува повеќе државни институции, во согласност со своите надлежноси и можности, во текот на 2022 година да преземат активности, односно да реализираат проекти со кои на еден достоинствен начин низ призма на големината и значењето на делото на Делчев, ќе ги афирмираат вонвременските и универзалните вредности на оваа носечка личност во македонската историја.

The post Носечка личност во македонската историја: Ова е содржината на Декларацијата на ВМРО-ДМНЕ за заштита на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајковски ја презентираше декларацијата за заштита на ликот и делото на македонскиот револуцинер Гоце Делчев. Во него јасно се исцртани заложбите за обединување на сите фактори и оти во идинина никој да не може да преговара на оваа тема. Ова е целата содржина на Декларацијата   1. Констатирајќи го огромното, недвосмислено и широко прифатено значење на ликот и делото на големиот македонски син Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) во остварувањето на целите на народна епопеја за слобода и независност, ние пратениците на Собранието, со оваа Декларација натамошно го афирмираме наследството, улогата и значењето на оваа, без сомнение централна личност од македонската историја. 2. Имајќи ја во пред вид големината на Делчев како идеолог и борец за остварување на целите на македонското ослободително дело, ги повикуваме електронските медиуми во државата, во рамките на можностите, во текот на 2022 година да интегрираат во програмата пригодни содржини со кои ќе се афирмира овој јубилеј. 3. Констатирајќи го високо моралниот и демократски карактер на ставовите на Делчев, ја повикуваме државната компанија за поштенски услуги, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да издаде поштенска марка со која ќе се одбележи овој важен јубилеј за македонската држава. 4. Антиципирајќи го вонременското значење на силните заложби на Делчев за соработка и за натпревар помеѓу народите, ги повикуваме Институтот за национална историја и Македонската академија на науките и уметностите, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да организираат соодветни настани и да реализираат соодветни проекти со кои ќе се одбележи 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. https://www.youtube.com/watch?v=gfeODfXLlYw 5. Акцентирајќи го длабоко моралниот карактер на ставовите на Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот, го повикуваме Министерството за образование и наука во текот на 2022 година, во согласност со своите надлежности да преземе активности со кои на одделенските часови во основните училишта ќе се информираат учениците за ликот и делото на оваа личност од македонската историја. 6. Согледувајќи ја потребата од постојано препрочитување на најважните поглавја од животниот пат на Делчев, се задолжува Националната установа Музеј на македонската борба, во рамките на своите надлежности и можности, во текот на 2022 година да спроведе соодветни активности и да реализира соодветни проекти со кои ќе се зацврсти споменот на граѓаните за ликот и делото на оваа важна историска личност. 7. Декларацијата ќе се достави до Владата, Институтот за национална историја, Македонската академија на науките и уметностите и до Националната установа Музеј на македонската борба. 8. Оваа декларација ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“. Образложение Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) е една од централните личности која со својот личен пример, достигнувања и заложби остава трајна и неизбрилшлива трага во македонската историја. Имајќи го во пред вид споменатото, во контекст на фактот дека во 2022 година се одбележуваат 150 години од раѓањето на овој, без сомнение најголем трибун на македонското револуционерно дело, сметаме дека е особено важно Собранието да донесе декларација со која на еден организиран и достоинствен начин ќе се оддаде почит и натамошно ќе се зацврсти сеќавањето на граѓаните во однос на важноста на делото и на наследството на Делчев. За таа цел, обзнанувајќи ја нејзината содржина на денот на неговиот роденден, а во духот на демократските вредности кон кои сме силно приврзани, со оваа декларација се предвидува повеќе државни институции, во согласност со своите надлежноси и можности, во текот на 2022 година да преземат активности, односно да реализираат проекти со кои на еден достоинствен начин низ призма на големината и значењето на делото на Делчев, ќе ги афирмираат вонвременските и универзалните вредности на оваа носечка личност во македонската историја.

The post Носечка личност во македонската историја: Ова е содржината на Декларацијата на ВМРО-ДМНЕ за заштита на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ утре во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-utre-vo-sobranieto-kje-predlozi-deklaracija-za-goce-delchev/ Thu, 03 Feb 2022 18:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=453801

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден по повод 150 години од раѓањето на макеедонскиот револуционер Гоце Делчев во македонското собрание ќе поднесе Декларација која што ќе ги исцрта позициите по прашањето за Гоце Делчев.

Во текот на утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во рамките на парламентот Декларација со која што јасно ќе ги исцртаме нашите позиции по прашањето на Гоце Делчев, нагласи Мицкоски.

На прашањето доколку би бил премиер дали заедно со Крили Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, Мицкоски рече да само доколку бугарскиот премиер Петков се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.

Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем, дециден е Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ утре во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев appeared first on Република.