Декларација со Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deklaracija-so-bugarija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Jul 2022 20:59:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Декларација со Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deklaracija-so-bugarija/ 32 32 Maричиќ за Декларацијата за јазикот: Тоа значи само дека Софија изразува свој став како што има изразено и во Обединетите Нации кога ни беше впишан македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-za-deklaracijata-za-jazikot-toa-znachi-samo-deka-sofija-izrazuva-svoj-stav-kako-shto-ima-izrazeno-i-vo-obedinetite-nacii-koga-ni-beshe-vpishan-makedonskiot-jazik/ Fri, 22 Jul 2022 20:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=532298

За Македонија патот кон ЕУ е отворен, само треба како држава да ги спроведуваме нашите обврски од целиот пакет и од Протоколот којшто беше потпишан во Софија, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Со одржавањето на првата Меѓувладина конференција и првата сесија на скринингот, на земјата ѝ се отвора еден пат за движење, на чекорење напред, нагласи Маричиќ во вечерашното издание на емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Во врска со унилатералната изјава за јазикот, Маричиќ истакна дека и земјава и Бугарија дале унилатерални изјави, кои немаат никаква важност за целокупното користење на македонскиот јазик во Европската Унија, ниту пак за ставот на другите држави членки.

– Тоа значи само дека Софија изразува свој став како што има изразено и во Обединетите Нации кога ни беше впишан македонскиот јазик. Ние го изразивме нашиот став и тоа прашање не очекуваме да се споменува понатаму. Очекуваме во наредните денови да го потпишеме договорот за ФРОНТЕКС со македонски јазик, каде што и Бугарија ќе го потпише како една од државите членки и сметаме дека за нас ова прашање е затворено, рече Маричиќ, потенцирајќи дека не очекува ова прашање понатаму да се отвора

The post Maричиќ за Декларацијата за јазикот: Тоа значи само дека Софија изразува свој став како што има изразено и во Обединетите Нации кога ни беше впишан македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Македонија е дел од бугарската егзархија, Гоце Делчев е Бугарин: Oва е декларацијата на бугарските историчари за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonija-e-del-od-bugarskata-egzarhija-goce-delchev-e-bugarin-ova-e-deklaracijata-na-bugarskite-istorichari-za-makedonija/ Fri, 03 Jun 2022 12:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=510684

Како резултат на децениските борби на Бугарите во Османлиската империја, на 28 февруари 1870 година султанот Абдул Азис е принуден да издаде меморандум со кој го озаконува формирањето на посебна Бугарска црква наречена „егзархија“. Таа е призната за официјален претставник на бугарската нација во државата. Во членот 10 од меморандумот се утврдува да бидат спроведени референдуми во соодветните области на империјата. Кон Бугарската егзархија треба да бидат присоединети тие области во кои за Бугари се изјаснуваат барем 2/3 од христијаните, кои таму живеат.

Ова е почетокот на декларацијата со која претставниците на бугарскиот национален круг „За Македонија“ на 7 јуни ќе настапат пред пратениците во Европскиот парламент. Во декларацијата натаму се вели:

Во согласност со истиот член и во историско-географската област Македонија се спроведуваат референдуми под контрола на турските власти и Вселенската патријаршија. Резултатот од тој плебисцит е шокантен.

Во границите на Бугарската егзархија со огромно мнозинство е вклучена цела Македонија. Таму се целите области на Скопје, Охрид и Битола, кои денес се најголемите градови во Република Македонија.

Малку подоцна избувнува Руско-турската војна од 1877-1878 година, која довела до делумно ослободување на Бугарија од османлиската власт. На 3 март  1878 г. во Сан-Стефано (денес Јешликој) е склучен претходен договор меѓу Русија и Османлиска Турција, а за области на ослободена Бугарија се прифаќаат границите на Бугарската егзархија признати од султанот. Меѓутоа, многу брзо станува јасно дека на организираниот од Великите сили Берлински конгрес, од геостратешки причини, многу области ќе и бидат вратени на Турција, а меѓу нив најмногу-македонските области. Тоа го предизвикува спонтаниот „Мемоар на бугарските општини во Македонија“ од 20 мај 1878 г. Во него македонските Бугари се обраќаат кон Великите сили со барање за присоединување на цела Македонија кон новосоздадената бугарска држава. На тој апел ставаат потписи претставници на 21 бугарска општина од сите краишта на Македонија. Меѓу нив се општините на денешната престолнина на РСМ, Скопје, на Охрид, Прилеп, Штип, Битола, Тетово, Куманово. За жал, Великите сили се непоколебливи и тие области и се вратени на Османлиската империја.

Така се гледале себе си претците на денешните северномакедонски политичари и историчари. Тоа се случува само пред 140 години, еднакви на три или четири човечки поколенија. Што се случило во тој релативно краток историски период?

До Балканските и Првата светска војна (1912-1918) никој не го доведува во прашање бугарскиот карактер на населението во македонските области, што се наоѓаат во тогаѓната Османлиска империја. Во 1903 г. избувнува масовно востание, кое ги опфатило сите Бугари на територијата на империјата. Негови водачи се раководителите на голема нелегална организација, меѓу кои водечко место има Гоце Делчев-денес национален херој и во Бугарија и во РСМ.

Тој јасно се определува како етнички Бугарин, што се признава и од многу денешни политичари во РСМ. Во 2019 г. самиот претседател на државата г-дин Стево Пендаровски во едно свое интервју беше категоричен:„Неспорна историска вистина е дека тој (Гоце Делчев) се определувал како Бугарин“!

Востанието е задушено, а по катастрофалната загуба во Првата светска војна, Бугарија треба да се помири со територијалната загуба на Македонија. Поголемиот дел од македонските земји се поделени меѓу новото Кралство Југославија и Кралството Грција. Водечки етнос во Југославија се Србите, чија национална доктрина ја вклучува дебугаризацијата на населението во Македонија за тоа да биде асимилирано и претворено во српско. Таа политика доживува слом и затоа во 1941 г. населението таму ги пречекува бугарските војски како ослободители.

Бугарија, меѓутоа, е одново губитничка страна, а Југославија е меѓу победниците во Светската војна, но сега веќе како комунистичка држава. Таа станува федерација, а во неа влегува новопрогласената Социјалистичка Република Македонија. Откако обидот Бугарите да ги претворат во Срби се покажува како несупешен, од 1944 г. натаму сите сили се насочуваат во градење на политичкиот македонизам. Најопшто, тој се состои во создавањето на сопствен „македонски идентитет“ преку отворено и како лавина фалсификување на бугарската историја и преку насилна промена на јазикот. Тој процес трае веќе осум децении и дефинитивно постигнува „успеси“ преку всадување омраза кон се што е бугарско.

Во 1991 година, Република Македонија се одвојува од Југославија, која е во распаѓање. Р.Бугарија прва ја признава нејзината незавиност. Тој чин на пријателство и добра волја, меѓутоа ни од далеку не го надминува говорот на омраза, кој продолжува да преовладува меѓу медиумите и политичарите на нашиот југозападен сосед. Така се стигнува до Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Р.Бугарија и РСМ, потпишаниот на 1 август 2017 година од премиерите на двете држави Бојко Борисов и Зоран Заев. Тој до ден денес останува само на хартија!

Врз основа на тој договор, во парламентот на Р. Бугарија е донесена Рамковната позиција за проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Македонија. Во неа се акцентира надминувањето на говорот на омраза и градењето вистински добрососедски и пријателски односи меѓу Бугарија и РСМ. Бугарската позиција може да биде сведена на два основни постулата:

1.До 1944 г. Бугарија и Македонија имаат заедничка историја (датумот е условен и е прифатен врз основа на воспоставувањето на комунистичката власт во Македонија).

2.Официјалната норма во РСМ е прекодификацијата на веќе создадениот уште за време на Преродбата книжевен бугарски јазик, кој има богата историја и долга писмена традиција, односно има политички карактер.

Сето ова на никаков начин не го нарушува современиот идентитет на денешните гражани во РСМ. Ние не го оспоруваме правото на секој нејзин граѓанин да се самоопредели така како што сака и својот јазик да го именува како што ќе одлучи. Истовремено, категорично повикуваме да сопре кражбата и деетнонимизацијата на бугарската историја и култура, како и постојаното користење на говорот на омраза. Тоа е апсолутно недозволиво за држава, која претендира да стане членка на ЕУ.

Во Националниот круг „За Македонија“ главно учествуваат историчари и филозофи и тоа не е случајно. Токму историските и јазичните прашања се основни во спорот со воинствениот македонизам. Уште на почетокот на 11 век, владетелите од династијата на Самоил, денес во РСМ определен како „голем македонски цар“, самите се означуваат како „Бугари по род“. Сите византиски и западни средновековни хроничари говорат само за Бугарска империја во чии граници влегуваат сите македонски области.

До појавата на македонизмот во 20 век, не постои етнички поим „Македонец“. Првите книжевни преродбеници од територијата на денешна РСМ, како Христофор Жефаровиќ и Кирил Пејчинович, кои работеле во втората половина на 18 и почетокот на 19 век, јасно забележуваат дека книгите ги пишуваат на „бугарски јазик“ и дека се „припадници на Бугарската татковина“. Првите фолклористи од истите тие земји, како браќата Миладинови, го собираат и објавуваат зборникот „Бугарски народни песни“. Како Бугари се определуваат сите борци за ослободување на Македонија од турска власт како веќе споменатиот велик национален херој Гоце Делчев.

Денес во РСМ се врши целосно неприфатлива посмртна „денационализација“ на тие колосални личности. Така, на пример, Пејчиновиќ и Жефаровиќ се прогласени за „македонски просветители“, а од браќата Миладинови собраните народни творби, категорично дефинирани како бугарски од самите составувачи на книгата, се издаваат како „македонски песни“. Спорот за Гоце Делчев, пак, ја сопре работата на заедничката историска комисија, која според Договорот од 2017 г. требаше да ги реши спорните прашања.

Ете зошто е толку важна историската и филолошка проблематика! Исто како и прашањата за газењето на правата на прогласените за Бугари во денешна РСМ. Се разбира, нивното признавање  е дел од патот, што РСМ треба да го изоди за да може да влезе во ЕУ.

На крајот, сакаме да се обратиме кон пратениците на Европскиот парламент со повик внимателно и со разбирање да ја разгледаат бугарската позиција, што категорично е поддржана од 70% од бугарските граѓани. Во ЕУ членуваат држави со голема историја. Да си претставиме дека некој сосед на Франција би си го присвоил, на пример, кралот Луј XIV или Наполеон Бонапарта. Или некој да го негира постоењето на Светото Римско царство на германскиот народ.

Ете за тоа станува збор почитувани пратеници. Ако ние, Бугарите, денес ги прифатиме погрешните барања на РСМ, што ќе им кажеме на нашите деца? Нели на тој начин ќе ги лишиме од историјата на нивниот народ, запишана не само од бугарски, туку и од византиски, старофранцуски, старогермански, староруски и други хроничари. А и вие самите, навистина ли сакате во нашиот голем сојуз безусловно да прифатите да влезе држава, која своето минато го изградила преку кражба и фалсификување на историјата?

Убедени сме дека тоа не може да биде вистина! Зашто е спротивно на филозофијата на самата ЕУ создадена со договорот од Мастрихт од 1992 г. Ние, Бугарите, веруваме во нејзините вредности и до крај ќе ги браниме!

The post Македонија е дел од бугарската егзархија, Гоце Делчев е Бугарин: Oва е декларацијата на бугарските историчари за Македонија appeared first on Република.

]]>

Како резултат на децениските борби на Бугарите во Османлиската империја, на 28 февруари 1870 година султанот Абдул Азис е принуден да издаде меморандум со кој го озаконува формирањето на посебна Бугарска црква наречена „егзархија“. Таа е призната за официјален претставник на бугарската нација во државата. Во членот 10 од меморандумот се утврдува да бидат спроведени референдуми во соодветните области на империјата. Кон Бугарската егзархија треба да бидат присоединети тие области во кои за Бугари се изјаснуваат барем 2/3 од христијаните, кои таму живеат.

Ова е почетокот на декларацијата со која претставниците на бугарскиот национален круг „За Македонија“ на 7 јуни ќе настапат пред пратениците во Европскиот парламент. Во декларацијата натаму се вели:

Во согласност со истиот член и во историско-географската област Македонија се спроведуваат референдуми под контрола на турските власти и Вселенската патријаршија. Резултатот од тој плебисцит е шокантен.

Во границите на Бугарската егзархија со огромно мнозинство е вклучена цела Македонија. Таму се целите области на Скопје, Охрид и Битола, кои денес се најголемите градови во Република Македонија.

Малку подоцна избувнува Руско-турската војна од 1877-1878 година, која довела до делумно ослободување на Бугарија од османлиската власт. На 3 март  1878 г. во Сан-Стефано (денес Јешликој) е склучен претходен договор меѓу Русија и Османлиска Турција, а за области на ослободена Бугарија се прифаќаат границите на Бугарската егзархија признати од султанот. Меѓутоа, многу брзо станува јасно дека на организираниот од Великите сили Берлински конгрес, од геостратешки причини, многу области ќе и бидат вратени на Турција, а меѓу нив најмногу-македонските области. Тоа го предизвикува спонтаниот „Мемоар на бугарските општини во Македонија“ од 20 мај 1878 г. Во него македонските Бугари се обраќаат кон Великите сили со барање за присоединување на цела Македонија кон новосоздадената бугарска држава. На тој апел ставаат потписи претставници на 21 бугарска општина од сите краишта на Македонија. Меѓу нив се општините на денешната престолнина на РСМ, Скопје, на Охрид, Прилеп, Штип, Битола, Тетово, Куманово. За жал, Великите сили се непоколебливи и тие области и се вратени на Османлиската империја. Така се гледале себе си претците на денешните северномакедонски политичари и историчари. Тоа се случува само пред 140 години, еднакви на три или четири човечки поколенија. Што се случило во тој релативно краток историски период? До Балканските и Првата светска војна (1912-1918) никој не го доведува во прашање бугарскиот карактер на населението во македонските области, што се наоѓаат во тогаѓната Османлиска империја. Во 1903 г. избувнува масовно востание, кое ги опфатило сите Бугари на територијата на империјата. Негови водачи се раководителите на голема нелегална организација, меѓу кои водечко место има Гоце Делчев-денес национален херој и во Бугарија и во РСМ. Тој јасно се определува како етнички Бугарин, што се признава и од многу денешни политичари во РСМ. Во 2019 г. самиот претседател на државата г-дин Стево Пендаровски во едно свое интервју беше категоричен:„Неспорна историска вистина е дека тој (Гоце Делчев) се определувал како Бугарин“!