Дејвид Моран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejvid-moran/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 12:22:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејвид Моран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejvid-moran/ 32 32 Средба Пендаровски – Дејвид Моран, регионален амбасадор на КОП26: Остануваме посветени на креирање на политики за одржлива и безбедна животна средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-pendarovski-dejvid-moran-regionalen-ambasador-na-kop26-ostanuvame-posveteni-na-kreiranje-na-politiki-za-odrzliva-i-bezbedna-zivotna-sredina/ Tue, 22 Mar 2022 12:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=476608

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Дејвид Моран, регионален амбасадор на КОП26 за Европа, Централна Азија, Турција и Иран.

На средбата беше разговарано за долгорочната стратегија на Република Македонија за климатска акција, со цел превенирање на постоечките ризици и креирање на решенија за ублажување на негативните последици од климатските промени, како и за мерките кои се интегрираат во националните политики.

Претседателот Пендаровски посочи дека во државата се подготвува Четвртиот национален план за климатски промени, ја реафирмираше подготвеноста и заложбите во насока на исполнување на целите од Парискиот договор и обврските преземени на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (КОП26), што се одржа во Глазгов.

На средбата беше истакнато дека e потребно да продолжи преземањето на мерки во борбата со климатските промени, како важна компонента на Целите за одржлив развој на Македонија и во согласност со Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, чиј потписник е земјава.

Остануваме посветени на креирање на политики за одржлива и безбедна животна средина, подигнување на јавната свест и јакнење на институционалните капацитети за ублажување и адаптација на климатските промени“, порача претседателот Пендаровски на средбата со амбасадорот Моран, посочувајќи дека еколошките политики, се во фокусот и на Рамката за развој „МКД2030“ што се изработува на иницијатива на претседателот.

Преку интегриран и усогласен пристап на надлежните институции, Македонија останува посветена на унапредување на соработката со Обединетите Нации, со цел ефикасно справување со климатските промени и проактивни политики за климатска акција.

The post Средба Пендаровски – Дејвид Моран, регионален амбасадор на КОП26: Остануваме посветени на креирање на политики за одржлива и безбедна животна средина appeared first on Република.

]]>