Британскиот уметник Дејвид Линдон, ја создаде првата „подвижна уметничка галерија во светот“ - рачен часовник којшто содржи три минијатури од можеби најпознатите дела на холандскиот сликар Винсент ван Гог.
Станува збор за сликите „Ѕвездена ноќ“, „Сончогледи“ и „Автопортретот“, чија големина е околу 0,5 милиметри, поради што тие не се видливи со голо око, туку само под микроскоп.
На Линдон му биле потребни два месеци да ги стави двете слики во часовникот. Сега тој часовник се продава за 173.530 евра.
Британецот, добил налог да ја пресоздаде трилогијата на Ван Гог во чест на 50-годишнината на Музејот на Ван Гог во Амстердам, што се одбележува овој месец.
Голем предизвик е да ги контролираш рацете и дишењето и да направиш нешто од речиси ништо. Само кога ќе ја погледнете низ микроскоп, може да ја цените магијата на ситниците“, напиша Линдон на својот блог.
Тој работел само ноќе за да ја избегне сообраќајната бучава и други звуци однадвор што би го вознемирувале, како и да работи во апсолутна тишина.
Морав да го забавам дишењето, па да ги стабилизирам рацете и да го одржам пулсот што е можно понизок. Промената на отчукувањата на срцето може да уништи неколкумесечна работа. Моите раце малку се движат со секое отчукување на срцето, па работам во ритам меѓу секое отчукување“, појасни уметникот.
Од 2019 година, Линдон се има посветено на техничките предизвици на микроскопската уметност. Тој користи модифицирана опрема којашто му одговара на неговиот стил, а тоа му помага да ги усоврши своите дела.
The post Три најпознати дела на Ван Гог насликани на часовник од над 173.000 евра appeared first on Република.
]]>Голем предизвик е да ги контролираш рацете и дишењето и да направиш нешто од речиси ништо. Само кога ќе ја погледнете низ микроскоп, може да ја цените магијата на ситниците“, напиша Линдон на својот блог.

]]>