дејвид гир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejvid-gir/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 17:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дејвид гир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejvid-gir/ 32 32 Пригоден настан во МНР по повод завршување на мандатот на шефот на Делегацијата на ЕУ – амбасадорот Дејвид Гир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prigoden-nastan-vo-mnr-po-povod-zavrshuvane-na-mandatot-na-shefot-na-delegatsijata-na-eu-ambasadorot-dejvid-gir/ Thu, 15 Aug 2024 17:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=806978

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски приреди пригоден настан по повод завршување на мандатот на шефот на Делегацијата на ЕУ во МК – амбасадорот Дејвид Гир. На настанот, Муцунски, како што информираат од Министерството, истакнал дека главната цел на државата, останува да стане членка на Европската Унија што поскоро, и ги подвлече приоритетните задачи на надворешната политика, каде европската интеграција и остварување на полноправно членство, претставуваат врвен приоритет.

Навраќајќи се на долгиот период на нашиот ЕУ интегративен процес, Муцински истакна дека покажаната кооперативност и конструктивност од наша страна е препознатлив атрибут во водењето на процесот. Посебноста на нашето досие и искуството низ кое минуваме во пристапувањето кон ЕУ е посебен квалификатив, кој сметаме дека заслужува посебен третман и признание од земјите членки на ЕУ.

Муцунски, стои во соопшетението, се осврна и на други приоритети кои ги имаме пред нас во остварувањето на стратешките цели: забрзување на процесот на пристапување во ЕУ, зајакнување на односите со нашите стратешки партнери, активна регионална соработка, обновување на довербата во државните институции и започнување на бескомпромисна борба против корупцијата, со владеењето на правото како водечки принцип. Тој, исто така, се навратил на соработката со Европската Унија и Европската Комисија, при што истакна дека поддршката и експертизата на Унијата се од суштинско значење за реформите, стабилноста и просперитетот на земјата, потенцирајќи дека како држава, високо ја цениме помошта која што доаѓа од претставниците на земјите членки на ЕУ и на ЕК, а партнерството со ЕУ ќе продолжи да се развива со исто темпо и врз основа на споделените вредности и принципи.

Министерот, меѓу другото, ја нагласил улогата и активната работа на амбасадорот Гир во изминатите четири години, во период на големи предизвици и навистина тешки состојби, чии што последици ги почувствуваа сите земји, вклучително и граѓаните во нашата земја. Воедно, тој изрази благодарност за неговата работа и интензивната соработка, при што активниот и продуктивен пристап на амбасадор Гир, имаа огромен придонес во остварувањето на зацртаните цели, што дополнително остава силен печат во релациите со ЕУ и ЕК и во постигнување на извонредните перформанси на Делегацијата на ЕУ во МК, кои ќе останат трајно забележани.

The post Пригоден настан во МНР по повод завршување на мандатот на шефот на Делегацијата на ЕУ – амбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски приреди пригоден настан по повод завршување на мандатот на шефот на Делегацијата на ЕУ во МК – амбасадорот Дејвид Гир. На настанот, Муцунски, како што информираат од Министерството, истакнал дека главната цел на државата, останува да стане членка на Европската Унија што поскоро, и ги подвлече приоритетните задачи на надворешната политика, каде европската интеграција и остварување на полноправно членство, претставуваат врвен приоритет. Навраќајќи се на долгиот период на нашиот ЕУ интегративен процес, Муцински истакна дека покажаната кооперативност и конструктивност од наша страна е препознатлив атрибут во водењето на процесот. Посебноста на нашето досие и искуството низ кое минуваме во пристапувањето кон ЕУ е посебен квалификатив, кој сметаме дека заслужува посебен третман и признание од земјите членки на ЕУ. Муцунски, стои во соопшетението, се осврна и на други приоритети кои ги имаме пред нас во остварувањето на стратешките цели: забрзување на процесот на пристапување во ЕУ, зајакнување на односите со нашите стратешки партнери, активна регионална соработка, обновување на довербата во државните институции и започнување на бескомпромисна борба против корупцијата, со владеењето на правото како водечки принцип. Тој, исто така, се навратил на соработката со Европската Унија и Европската Комисија, при што истакна дека поддршката и експертизата на Унијата се од суштинско значење за реформите, стабилноста и просперитетот на земјата, потенцирајќи дека како држава, високо ја цениме помошта која што доаѓа од претставниците на земјите членки на ЕУ и на ЕК, а партнерството со ЕУ ќе продолжи да се развива со исто темпо и врз основа на споделените вредности и принципи. Министерот, меѓу другото, ја нагласил улогата и активната работа на амбасадорот Гир во изминатите четири години, во период на големи предизвици и навистина тешки состојби, чии што последици ги почувствуваа сите земји, вклучително и граѓаните во нашата земја. Воедно, тој изрази благодарност за неговата работа и интензивната соработка, при што активниот и продуктивен пристап на амбасадор Гир, имаа огромен придонес во остварувањето на зацртаните цели, што дополнително остава силен печат во релациите со ЕУ и ЕК и во постигнување на извонредните перформанси на Делегацијата на ЕУ во МК, кои ќе останат трајно забележани.

The post Пригоден настан во МНР по повод завршување на мандатот на шефот на Делегацијата на ЕУ – амбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>
Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proshtalna-sredba-na-ministerot-murtezani-so-evroambasadorot-gir/ Wed, 14 Aug 2024 08:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=806366

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска  оствари проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

Министерот му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области.

Министерот Муртезани го увери Амбасадорот Гир дека Владата на Република Македонија останува посветена на стратешката определба за полноправно членство во Унијата е преку (и) спроведување на   потребните реформи и пренесување на европските вредности и стандарди во нашиот систем (општество).

Министерот Муртезани на амбасадорот Гир му посака успех во неговата понатамошна кариера.

The post Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска  оствари проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир. Министерот му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области. Министерот Муртезани го увери Амбасадорот Гир дека Владата на Република Македонија останува посветена на стратешката определба за полноправно членство во Унијата е преку (и) спроведување на   потребните реформи и пренесување на европските вредности и стандарди во нашиот систем (општество). Министерот Муртезани на амбасадорот Гир му посака успех во неговата понатамошна кариера.

The post Проштална средба на министерот Муртезани со евроамбасадорот Гир appeared first on Република.

]]>
Николоски и Гир се заложија да ја реконструираат и вратат во функција централната Пошта во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-i-gir-se-zalozhija-da-ja-rekonstruiraat-i-vratat-vo-funktsija-tsentralnata-poshta-vo-skopje/ Thu, 08 Aug 2024 09:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=804506

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.

На средбата, покрај информациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, се разговараше и за заштитата на културното наследство во Македонија.

Во овој сегмент, се отвори прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.

На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за културa за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконстуркција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција.

-Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција, истакна по средбата заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

The post Николоски и Гир се заложија да ја реконструираат и вратат во функција централната Пошта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир. На средбата, покрај информациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, се разговараше и за заштитата на културното наследство во Македонија. Во овој сегмент, се отвори прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење. На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за културa за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконстуркција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција. -Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција, истакна по средбата заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

The post Николоски и Гир се заложија да ја реконструираат и вратат во функција централната Пошта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Филипче со сомнева дали Владата ќе продолжи на европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-so-somneva-dali-vladata-ke-prodolzhi-na-evropskiot-pat/ Tue, 06 Aug 2024 15:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=803960

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, му рекол дека е загрижен за политиките на новата влада околу евроинтеграцијата. Но и за правецот во кој оди земјата.

„Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија“, истакнал Филипче на средбата со Гир, според соопштението од СДСМ.

Тој се сомнева околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и потенцираше дека уште на почетокот на работата на новата Влада земјата има нејасната иднина.

Филипче го информирал Гир дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи.

„Европската интеграција е стратешка цел на државата и СДСМ ќе продолжи да се залага за негување демократските вредности и заштитата на националните интереси. СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“, рече Филипче.

Дејвид Гир наскоро си заминува од службата во Македонија. Филипче му се заблагодари за сѐ што направи за државава.

The post Филипче со сомнева дали Владата ќе продолжи на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, му рекол дека е загрижен за политиките на новата влада околу евроинтеграцијата. Но и за правецот во кој оди земјата.
„Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија“, истакнал Филипче на средбата со Гир, според соопштението од СДСМ.
Тој се сомнева околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и потенцираше дека уште на почетокот на работата на новата Влада земјата има нејасната иднина. Филипче го информирал Гир дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи.
„Европската интеграција е стратешка цел на државата и СДСМ ќе продолжи да се залага за негување демократските вредности и заштитата на националните интереси. СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“, рече Филипче.
Дејвид Гир наскоро си заминува од службата во Македонија. Филипче му се заблагодари за сѐ што направи за државава.

The post Филипче со сомнева дали Владата ќе продолжи на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Гир: Оваа влада напредува позитивно, но во ЕУ нема волја за нова преговарачка рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-ovaa-vlada-napreduva-pozitivno-no-vo-eu-nema-volja-za-nova-pregovarachka-ramka/ Sun, 28 Jul 2024 08:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=800953

Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека се сомнева оти оваа влада може да постигне подобар договор и дека не гледа апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка за членството на Македонија во ЕУ.

Ја поздравуваме посветеноста на Владата кон ЕУ, и веќе видовме добар напредок. Оваа влада напредува позитивно, а во однос на уставните амандмани, имаме решение на маса. Дали оваа влада може да постигне подобар договор? Се сомневам… Не гледам апетит Брисел одново да разгледува нова преговарачка рамка. И би било добро да напредуваме кон ова решение, рече Гир.

Тој напомена дека владата мора да работи на подобрување на судството.

The post Гир: Оваа влада напредува позитивно, но во ЕУ нема волја за нова преговарачка рамка appeared first on Република.

Муцунски на средби со Гир, Силвестри, Памер и Шредер https://arhiva3.republika.mk/vesti/mutsunski-na-sredbi-so-gir-silvestri-pamer-i-shreder/ Thu, 25 Jul 2024 14:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=800240

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир, амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и Јирген Шредер, економски советник, шеф на Advantage Austria за регионот.

На средбата со амбасадорот Гир, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата со високата корупција.

Беше уште еднаш истакната и важноста на евроинтегративниот процес за стабилноста на регионот и, во таа смисла, потребата од што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст. Во врска со Планот за раст за Западен Балкан кој претставува значаен политички и финансиски влог на ЕУ за забрзување на интеграцијата на земјите од овој простор во Унијата, Министерот Муцунски подвлече дека новата влада за многу краток рок донесе решенија и деновиве ја достави Реформската агенда на земјата до ЕК.

Во разговорот со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, беа поздравени билатералните односи и готовноста за нивно зајакнување особено во делот на културата и економијата. Воедно, заеднички учествуваа на церемонија по повод доделувањето сертификати на наши дипломати за успешно завршен курс по италијански јазик. Ваквиот пристап претставува уште една дополнителна потврда за готовноста за зајакнување на културните врски и приближувањето на двете пријателски земји.

Со амбасадорот Памер и економскиот советник Шредер, заеднички беше констатирано дека и покрај постигнатиот обем на трговска размена, сѐ уште има голем простор и услови за продолжување на трендот на зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Имено, со Австрија, како наш најголем инвеститор, партнер и пријател на нашата земја, економската соработка, инвестициите и трговските односи треба и понатаму да се охрабруваат. Покрај разменета на мислења во врска со билатералната економска соработка меѓу двете земји, беа претставени и економските приоритетите на Владата за привлекување на странски инвестиции.

Advantage Austria е организација за промоција на трговијата на Австриската Федерална економска комора, која има повеќе од 100 канцеларии во над 70 земји, меѓу кои и во нашата земја. Обезбедува услуги за развој на бизнисот за австриските компании но и за меѓународните деловни партнери.

The post Муцунски на средби со Гир, Силвестри, Памер и Шредер appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир, амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и Јирген Шредер, економски советник, шеф на Advantage Austria за регионот. На средбата со амбасадорот Гир, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата со високата корупција. Беше уште еднаш истакната и важноста на евроинтегративниот процес за стабилноста на регионот и, во таа смисла, потребата од што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст. Во врска со Планот за раст за Западен Балкан кој претставува значаен политички и финансиски влог на ЕУ за забрзување на интеграцијата на земјите од овој простор во Унијата, Министерот Муцунски подвлече дека новата влада за многу краток рок донесе решенија и деновиве ја достави Реформската агенда на земјата до ЕК. Во разговорот со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, беа поздравени билатералните односи и готовноста за нивно зајакнување особено во делот на културата и економијата. Воедно, заеднички учествуваа на церемонија по повод доделувањето сертификати на наши дипломати за успешно завршен курс по италијански јазик. Ваквиот пристап претставува уште една дополнителна потврда за готовноста за зајакнување на културните врски и приближувањето на двете пријателски земји. Со амбасадорот Памер и економскиот советник Шредер, заеднички беше констатирано дека и покрај постигнатиот обем на трговска размена, сѐ уште има голем простор и услови за продолжување на трендот на зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Имено, со Австрија, како наш најголем инвеститор, партнер и пријател на нашата земја, економската соработка, инвестициите и трговските односи треба и понатаму да се охрабруваат. Покрај разменета на мислења во врска со билатералната економска соработка меѓу двете земји, беа претставени и економските приоритетите на Владата за привлекување на странски инвестиции. Advantage Austria е организација за промоција на трговијата на Австриската Федерална економска комора, која има повеќе од 100 канцеларии во над 70 земји, меѓу кои и во нашата земја. Обезбедува услуги за развој на бизнисот за австриските компании но и за меѓународните деловни партнери.

The post Муцунски на средби со Гир, Силвестри, Памер и Шредер appeared first on Република.

]]>
Мисајловски – Гир: Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-gir-intenzivirane-na-sorabotkata-so-eu-vo-domenot-na-bezbednosta-i-odbranata/ Wed, 24 Jul 2024 16:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=799937

Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната биле фокус на денешната средба на министерот за одбрана Владо Мисајловски со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и нерезидентното одбранбено аташе, полковникот Пиетро Мостарди во Министерството за одбрана.

Од Министерството за одбрана соопштија дека амбасадорот Гир му го честитал изборот на министерот Мисајловски и му посакал успех во работата со очекување за продолжување на добрата соработка.

Гир се заблагодарил што нашата земја е меѓу топ пет држави по глава на жител во светот во однос на донациите кон Украина.

- На средбата се потенцираше за интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната и за можноста за продлабочување на соработката со ЕУ во делот на реформи во системот за управување со кризи. Министерот Мисајловски изрази благодарност за брзата реакција на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со што се помогна во делот на пожарите кои ја зафатија нашата земја. Исто така министерот го информираше амбасадорот за потпишувањето на Писмото на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност кој се потпиша на НАТО Самитот во Вашингтон, се вели во соопштението од МО.

The post Мисајловски – Гир: Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната appeared first on Република.

]]>

Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната биле фокус на денешната средба на министерот за одбрана Владо Мисајловски со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и нерезидентното одбранбено аташе, полковникот Пиетро Мостарди во Министерството за одбрана. Од Министерството за одбрана соопштија дека амбасадорот Гир му го честитал изборот на министерот Мисајловски и му посакал успех во работата со очекување за продолжување на добрата соработка. Гир се заблагодарил што нашата земја е меѓу топ пет држави по глава на жител во светот во однос на донациите кон Украина. - На средбата се потенцираше за интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната и за можноста за продлабочување на соработката со ЕУ во делот на реформи во системот за управување со кризи. Министерот Мисајловски изрази благодарност за брзата реакција на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со што се помогна во делот на пожарите кои ја зафатија нашата земја. Исто така министерот го информираше амбасадорот за потпишувањето на Писмото на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност кој се потпиша на НАТО Самитот во Вашингтон, се вели во соопштението од МО.

The post Мисајловски – Гир: Интензивирање на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната appeared first on Република.

]]>
Јаневска-Гир: Посветено работиме да создадеме европски образовен систем за учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-gir-posveteno-rabotime-da-sozdademe-evropski-obrazoven-sistem-za-uchenitsite/ Wed, 17 Jul 2024 16:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=797803

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска остварила работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир на која разговарале за јакнењето на соработката и имплементацијата на проектите за унапредување на националниот образовен систем.

Како што соопштија од МОН, заблагодарувајќи се за континуираната поддршка од Европската унија во реформските процеси, министерката нагласила дека земјата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ и во духот на партнерството и заедничките вредности, ќе ги реализира активностите од Реформската агенда 2024-2027 насочени кон исполнување на целите од Планот за раст за земјите од Западен Балкан.

-Активното учество на земјава во реализација на европската агенда преку ИПА фондовите, програмите за мобилност, ни даваат верба дека нашите ученици во скоро време ќе се образуваат преку еден модерен, европски образовен систем. Новиот систем за дигитално следење на постигнувањата на учениците, односно електронскиот дневник кој исто така е изработен со поддршка од ЕУ е само една алка во синџирот на имплементација на современите образовни стандарди, истакнала Јаневска.

Министерката Јаневска го запознала амбасадорот Гир со политиките на новата Влада во областа на образованието и науката, посочувајќи дека состојбата е таква што наложува истовремено делување во сите сегменти на ресорот, наведуваат од Министерство за образование и наука.

The post Јаневска-Гир: Посветено работиме да создадеме европски образовен систем за учениците appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска остварила работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир на која разговарале за јакнењето на соработката и имплементацијата на проектите за унапредување на националниот образовен систем. Како што соопштија од МОН, заблагодарувајќи се за континуираната поддршка од Европската унија во реформските процеси, министерката нагласила дека земјата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ и во духот на партнерството и заедничките вредности, ќе ги реализира активностите од Реформската агенда 2024-2027 насочени кон исполнување на целите од Планот за раст за земјите од Западен Балкан. -Активното учество на земјава во реализација на европската агенда преку ИПА фондовите, програмите за мобилност, ни даваат верба дека нашите ученици во скоро време ќе се образуваат преку еден модерен, европски образовен систем. Новиот систем за дигитално следење на постигнувањата на учениците, односно електронскиот дневник кој исто така е изработен со поддршка од ЕУ е само една алка во синџирот на имплементација на современите образовни стандарди, истакнала Јаневска. Министерката Јаневска го запознала амбасадорот Гир со политиките на новата Влада во областа на образованието и науката, посочувајќи дека состојбата е таква што наложува истовремено делување во сите сегменти на ресорот, наведуваат од Министерство за образование и наука.

The post Јаневска-Гир: Посветено работиме да создадеме европски образовен систем за учениците appeared first on Република.

]]>
Андоновски – Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-gir-eu-ke-ja-pomaga-digitalnata-transformatsija-na-zemjata/ Mon, 15 Jul 2024 15:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=797129

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на Европската Унија, Амбасадорот, Дејвид Гир, на која станало збор за реформите што претстојат на евроинтеграцискиот пат, со акцент на дигиталната трансформација на процесите.

Како што се наведува во соопштението од Министерствотот за дигитална трансформација, Андоновски подвлече дека дигитализацијата е висок приоритет на оваа Влада, дека е неизбежна за секое општество и токму затоа, колку побрзо ја реализираме таа трансформација на општеството, паралелно со градење на вештини кај граѓаните, толку побрзо ќе изградиме ефикасни, отчетни и одговорни институции.

Андоновски додадал дека премногу долго постоел некоординиран пристап за ова прашање што го оневозможувал напредокот, како и дека таа реалност се менува преку системска активност на Министерството за дигитална трансформација, која подразбира дигитална инфраструктура и поврзување, дигитални вештини и компетентност, дигитална економија во ера на нови ИКТ технологии, доверба и безбедност, како и економска интеграција.

Граѓаните со право бараат подобар живот, а Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција, истакна Андоновски.

На средбата станало збор и за развојот на проектите во рамките на Програмата за Дигитална Европа, која отвора одлични можности за граѓаните, јавните институции и разни организации да аплицираат и да имаат корист од финансирањето од 7,5 милијарди евра.

Поддршката која доаѓа од ЕУ е од огромна важност за нашата држава и е сигнал за ефикасно и ефективно надминување на предизвиците во текот на интегративниот процес. И покрај бројните отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај, ние остануваме решителни да ги негуваме заедничките вредности, демократските принципи и клучното партнерство со ЕУ, која игра најважна улога во развој на државата по европски стандарди, нагласи Андоновски, се посочува во соопштението.

The post Андоновски – Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата appeared first on Република.

]]>

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на Европската Унија, Амбасадорот, Дејвид Гир, на која станало збор за реформите што претстојат на евроинтеграцискиот пат, со акцент на дигиталната трансформација на процесите. Како што се наведува во соопштението од Министерствотот за дигитална трансформација, Андоновски подвлече дека дигитализацијата е висок приоритет на оваа Влада, дека е неизбежна за секое општество и токму затоа, колку побрзо ја реализираме таа трансформација на општеството, паралелно со градење на вештини кај граѓаните, толку побрзо ќе изградиме ефикасни, отчетни и одговорни институции. Андоновски додадал дека премногу долго постоел некоординиран пристап за ова прашање што го оневозможувал напредокот, како и дека таа реалност се менува преку системска активност на Министерството за дигитална трансформација, која подразбира дигитална инфраструктура и поврзување, дигитални вештини и компетентност, дигитална економија во ера на нови ИКТ технологии, доверба и безбедност, како и економска интеграција.
Граѓаните со право бараат подобар живот, а Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција, истакна Андоновски.
На средбата станало збор и за развојот на проектите во рамките на Програмата за Дигитална Европа, која отвора одлични можности за граѓаните, јавните институции и разни организации да аплицираат и да имаат корист од финансирањето од 7,5 милијарди евра.
Поддршката која доаѓа од ЕУ е од огромна важност за нашата држава и е сигнал за ефикасно и ефективно надминување на предизвиците во текот на интегративниот процес. И покрај бројните отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај, ние остануваме решителни да ги негуваме заедничките вредности, демократските принципи и клучното партнерство со ЕУ, која игра најважна улога во развој на државата по европски стандарди, нагласи Андоновски, се посочува во соопштението.

The post Андоновски – Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата appeared first on Република.

]]>
Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sredba-na-ministerot-zoran-lutkov-so-evroambasadorot-dejvid-gir/ Mon, 15 Jul 2024 10:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=796965

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје.

На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам.

Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор.

Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласија дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството.

Евроамбасадорот Гир даде поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“. Исто така, беше поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава.

The post Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје. На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам. Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор. Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласија дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството. Евроамбасадорот Гир даде поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“. Исто така, беше поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава.  

The post Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>
Гир: Процесот на проширување останува како врвен приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-protsesot-na-proshiruvane-ostanuva-kako-vrven-prioritet/ Wed, 10 Jul 2024 11:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=795334

Македонија да го искористи позитивниот моментум и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат, порача денеска од Виница евроамбасадорот Дејвид Гир, одговарајќи на новинарски прашања, дали резултатите од евроизборите ќе влијаат на процесот на проширување на ЕУ.

-Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет, рече Гир, додавајќи дека не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.

Единствената работа којашто можам да додадам, нагласи тој, дека во овој момент навистина постои огромна можност за Република Македонија во контекст на проширувањето на Европската Унија, така да јас навистина се надевам дека Македонија, меѓутоа и цел Западен Балкан ќе може да го искористи овој позитивен моментум во контекст на проширувањето на ЕУ и ќе може да се движи порешително кон евроинтеративниот пат.

На евроизборите во јуни годинава победија партиите од десничарскиот спектар, што доведе до распишување предвремени парламентарни избори во Франција. И покрај зајакнувањето на десницата, Европската народна партија (ЕПП), предводена на изборите од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, останува најсилната фракција во новиот состав на Европскиот парламент со 189 пратенички места. Во новиот пратенички мандат во 720-члениот парламент, социјалдемократите освоија 133 места, либералите 82, конзервативците 70, Идентитет и демократија 60, а зелените 53 места.

The post Гир: Процесот на проширување останува како врвен приоритет appeared first on Република.

]]>

Македонија да го искористи позитивниот моментум и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат, порача денеска од Виница евроамбасадорот Дејвид Гир, одговарајќи на новинарски прашања, дали резултатите од евроизборите ќе влијаат на процесот на проширување на ЕУ.
-Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет, рече Гир, додавајќи дека не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.
Единствената работа којашто можам да додадам, нагласи тој, дека во овој момент навистина постои огромна можност за Република Македонија во контекст на проширувањето на Европската Унија, така да јас навистина се надевам дека Македонија, меѓутоа и цел Западен Балкан ќе може да го искористи овој позитивен моментум во контекст на проширувањето на ЕУ и ќе може да се движи порешително кон евроинтеративниот пат. На евроизборите во јуни годинава победија партиите од десничарскиот спектар, што доведе до распишување предвремени парламентарни избори во Франција. И покрај зајакнувањето на десницата, Европската народна партија (ЕПП), предводена на изборите од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, останува најсилната фракција во новиот состав на Европскиот парламент со 189 пратенички места. Во новиот пратенички мандат во 720-члениот парламент, социјалдемократите освоија 133 места, либералите 82, конзервативците 70, Идентитет и демократија 60, а зелените 53 места.

The post Гир: Процесот на проширување останува како врвен приоритет appeared first on Република.

]]>
Министерот за правда и евроамбасадорот разговараа за реформите во правосудството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-i-evroambasadorot-razgovaraa-za-reformite-vo-pravosudstvoto/ Mon, 08 Jul 2024 15:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=794647

Министерот за правда Игор Филков денеска остварил средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

Се разговарало за состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, евроинтегративните процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2024-2028,состојбата со Судскиот совет, затворите како и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Во однос на законодавната агенда која треба да се реализира во периодот кој претстои се планира отворање на широка јавна дебата на сите засегнати чинители во која ќе бидат слушнати мислењата на експертската и општата јавност со цел да се дојде до најдобри реформски решенија за реализација на програмските цели на Владата .

Како што соопштуваат од Правда, министерот Филков посочил дека во изминатите 10 дена откако ја презеде функцијата е информиран и целосно запознаен со процесот на преговори во делот на Поглавјето 23,, Правосудство и фундаментални права”, Планот за раст и 7-те цели од Реформската агенда, вклучување на невладините организации во дискусиите, како и активностите поврзани со реализација трите тековни проекти, еден од ЕУ и два од УСАИД.

Филков ја истакнал определбата дека спроведувањето на реформската агенда е приоритет на државата при што останува клучна поддршката од ЕУ за стабилноста на земјата со надеж за продолжување на билатералната соработка во духот на заедничките вредности.

The post Министерот за правда и евроамбасадорот разговараа за реформите во правосудството appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Игор Филков денеска остварил средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Се разговарало за состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, евроинтегративните процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2024-2028,состојбата со Судскиот совет, затворите како и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Во однос на законодавната агенда која треба да се реализира во периодот кој претстои се планира отворање на широка јавна дебата на сите засегнати чинители во која ќе бидат слушнати мислењата на експертската и општата јавност со цел да се дојде до најдобри реформски решенија за реализација на програмските цели на Владата . Како што соопштуваат од Правда, министерот Филков посочил дека во изминатите 10 дена откако ја презеде функцијата е информиран и целосно запознаен со процесот на преговори во делот на Поглавјето 23,, Правосудство и фундаментални права”, Планот за раст и 7-те цели од Реформската агенда, вклучување на невладините организации во дискусиите, како и активностите поврзани со реализација трите тековни проекти, еден од ЕУ и два од УСАИД. Филков ја истакнал определбата дека спроведувањето на реформската агенда е приоритет на државата при што останува клучна поддршката од ЕУ за стабилноста на земјата со надеж за продолжување на билатералната соработка во духот на заедничките вредности.  

The post Министерот за правда и евроамбасадорот разговараа за реформите во правосудството appeared first on Република.

]]>
Гир со чекор назад: Мицкоски покрена важни прашања за состојбите во правосудството, ќе продолжиме да работиме заедно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-so-chekor-nazad-mitskoski-pokrena-vazhni-prashana-za-sostojbite-vo-pravosudstvoto-ke-prodolzhime-da-rabotime-zaedno/ Fri, 05 Jul 2024 17:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=793900

Евроамбасадорот во заминување Дејвид Гир прашан да дадe коментар за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека странските амбасадори се мешаат во внатрешните работи, рече дека премиерот Мицкоски покренал важни прашања во однос на потребата за реформа на владеењето на правото.

Ова е од суштинско значење за европскиот пат на земјата, и ние ќе продолжиме да се ангажираме со премиерот и со Владата за да ги разгледаме најдобрите начини за да се оди напред. Се надеваме на конструктивен дијалог, делиме исти цели, за да ја донесеме земјата во ЕУ колку што е можно побрзо, истакна Гир на НАТО работниот појадок во Клубот на пратеници во организација на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Гир го поздрави фактот дека новата влада продолжува со поддршката за НАТО, заложбите за продолжување на усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и континуираната поддршка за Украина.

Откако дел од амбасадорите изразија забелешки за најавата за распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, Мицкоски вчера изјави дека станало пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи во државата и ако имаат подобри решенија дека ќе ги прифати.

The post Гир со чекор назад: Мицкоски покрена важни прашања за состојбите во правосудството, ќе продолжиме да работиме заедно appeared first on Република.

]]>

Евроамбасадорот во заминување Дејвид Гир прашан да дадe коментар за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека странските амбасадори се мешаат во внатрешните работи, рече дека премиерот Мицкоски покренал важни прашања во однос на потребата за реформа на владеењето на правото.
Ова е од суштинско значење за европскиот пат на земјата, и ние ќе продолжиме да се ангажираме со премиерот и со Владата за да ги разгледаме најдобрите начини за да се оди напред. Се надеваме на конструктивен дијалог, делиме исти цели, за да ја донесеме земјата во ЕУ колку што е можно побрзо, истакна Гир на НАТО работниот појадок во Клубот на пратеници во организација на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Гир го поздрави фактот дека новата влада продолжува со поддршката за НАТО, заложбите за продолжување на усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и континуираната поддршка за Украина. Откако дел од амбасадорите изразија забелешки за најавата за распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, Мицкоски вчера изјави дека станало пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи во државата и ако имаат подобри решенија дека ќе ги прифати.

The post Гир со чекор назад: Мицкоски покрена важни прашања за состојбите во правосудството, ќе продолжиме да работиме заедно appeared first on Република.

]]>
Министерот Меџити му ветил на Гир дека максимално посветено ќе работи за да покаже како се владее правично, чисто и чесно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-medhiti-mu-vetil-na-gir-deka-maksimalno-posveteno-ke-raboti-za-da-pokazhe-kako-se-vladee-pravichno-chisto-i-chesno/ Thu, 04 Jul 2024 16:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=793488

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на денешната средба со амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, му се заблагодари за поддршката кон евроинтеграцискиот пат, а европскиот дипломат потенцираше дека очекува Владата да се посвети во извршувањето на своите обврски.

Како што информираат од МЖСПП, на средбата се разговарало за повеќе актуелни теми, како што се бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, уставните измени и владеењето на правото.

-Стана збор и за општата стабилност и европскиот дух на новата Влада, велат од МЖСПП.

Министерот Меџити му се заблагодарил на амбасадорот Гир за укажаната поддршка на патот кон членството во големото европско семејство.Од друга страна, европскиот дипломат уште еднаш истакна дека граѓаните на Македонија го заслужуваат најдоброто и дека очекуваат Владата максимално да се посвети во извршувањето на своите обврски.

- Меџити упати благодарност за досегашната поддршка на ЕУ Делегацијата во реализација на капиталните инфраструктурни проекти, како и во процесите за пристапување на нашата држава кон Европската Унија, известуваат од МЖСПП.

На средбата се дискутирало и за статусот на тековните проекти  и за предизвиците во реализацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција во рамки на ИПА II.

- Идентификувани се предизвиците и се реафирмираше личната заложба на министерот Меџити и на Владата за надминување на истите и за забрзување на процесите за реализација на активностите од ЕУ програмските документи преку кои се користат средства од ЕУ фондовите, посочуваат од министерството.

Министерот Меџити му ветил на амбасадорот дека максимално посветено ќе работи за да покаже како се владее правично, чисто и чесно

The post Министерот Меџити му ветил на Гир дека максимално посветено ќе работи за да покаже како се владее правично, чисто и чесно appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на денешната средба со амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, му се заблагодари за поддршката кон евроинтеграцискиот пат, а европскиот дипломат потенцираше дека очекува Владата да се посвети во извршувањето на своите обврски. Како што информираат од МЖСПП, на средбата се разговарало за повеќе актуелни теми, како што се бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, уставните измени и владеењето на правото.
-Стана збор и за општата стабилност и европскиот дух на новата Влада, велат од МЖСПП.
Министерот Меџити му се заблагодарил на амбасадорот Гир за укажаната поддршка на патот кон членството во големото европско семејство.Од друга страна, европскиот дипломат уште еднаш истакна дека граѓаните на Македонија го заслужуваат најдоброто и дека очекуваат Владата максимално да се посвети во извршувањето на своите обврски. - Меџити упати благодарност за досегашната поддршка на ЕУ Делегацијата во реализација на капиталните инфраструктурни проекти, како и во процесите за пристапување на нашата држава кон Европската Унија, известуваат од МЖСПП. На средбата се дискутирало и за статусот на тековните проекти  и за предизвиците во реализацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција во рамки на ИПА II.
- Идентификувани се предизвиците и се реафирмираше личната заложба на министерот Меџити и на Владата за надминување на истите и за забрзување на процесите за реализација на активностите од ЕУ програмските документи преку кои се користат средства од ЕУ фондовите, посочуваат од министерството.
Министерот Меџити му ветил на амбасадорот дека максимално посветено ќе работи за да покаже како се владее правично, чисто и чесно

The post Министерот Меџити му ветил на Гир дека максимално посветено ќе работи за да покаже како се владее правично, чисто и чесно appeared first on Република.

]]>
Николоски – Гир: Владата и ЕУ ќе продолжат да работат на реформските процеси, борбата против корупција, владеење на правото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-gir-vladata-i-eu-ke-prodolzhat-da-rabotat-na-reformskite-protsesi-borbata-protiv-koruptsija-vladeene-na-pravoto/ Tue, 02 Jul 2024 19:39:35 +0000 https://republika.mk/?p=792881

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир. На денешната средба беше заклучено дека Владата во соработка со ЕУ ќе продолжи посветено да работи на реформските процеси, на борбата против корпуцијата и владееење на правото, информираат вечерва од Министерството за транспорт.

- На средбата, министерот Николоски ја презентираше програмската определба на Владата и Министерството за транспорт, со посебен акцент на развој на инфраструктурата. Тој ги потенцираше проектите за унапредување на целокупната инфраструктура, истакнувајќи ја заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори. Исто така, министерот Николоски ја истакна огромната важност од зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите, пишува во соопштението.

Николоски ја истакнал и важноста за континуираната поддршка што ја овозможува Европската Унија во евроинтегративниот процес како врвен приоритет и изразил благодарност за таквата соработка.

The post Николоски – Гир: Владата и ЕУ ќе продолжат да работат на реформските процеси, борбата против корупција, владеење на правото appeared first on Република.

Муртезани за гафот со евроамбасадорот: Ова се случува кога си обожавател на Ричард Гир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-za-gafot-so-evroambasadorot-ova-se-sluchuva-koga-si-obozhavatel-na-richard-gir-2/ Tue, 02 Jul 2024 16:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=792851

Ова се случува кога си обожавател на познатиот актер Ричард Гир, напиша министерот за европски прашања Орхан Муртезани на „Фејсбук“ откако вчера по средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите направи гаф и рече дека имал успешна средба со амбасадорот на европската делегација Ричард Гир.

Во изјавата, Муртезани рече дека го уверил евроамбасадорот дека земјата осанува посветена на европската агенда што, како што посочи, се потврдува и со Програмата на Владата.

– Препораките и сугестиите на нашите стратешки пријатели ги слушаме со големо внимание, а доказ за тоа се брзите конкретни чекори на новата Влада во однос на усвојување на реформската агенда, рече Муртезани.

Тој информираше дека на првата владина конститутивна седница Владата ги задолжила сите министерства, заклучно со 4 јули да ги достават сите евентуални забелешки и препораки во однос на реформската агенда.

The post Муртезани за гафот со евроамбасадорот: Ова се случува кога си обожавател на Ричард Гир appeared first on Република.

]]>

Ова се случува кога си обожавател на познатиот актер Ричард Гир, напиша министерот за европски прашања Орхан Муртезани на „Фејсбук“ откако вчера по средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите направи гаф и рече дека имал успешна средба со амбасадорот на европската делегација Ричард Гир. Во изјавата, Муртезани рече дека го уверил евроамбасадорот дека земјата осанува посветена на европската агенда што, како што посочи, се потврдува и со Програмата на Владата.
– Препораките и сугестиите на нашите стратешки пријатели ги слушаме со големо внимание, а доказ за тоа се брзите конкретни чекори на новата Влада во однос на усвојување на реформската агенда, рече Муртезани.
Тој информираше дека на првата владина конститутивна седница Владата ги задолжила сите министерства, заклучно со 4 јули да ги достават сите евентуални забелешки и препораки во однос на реформската агенда.

The post Муртезани за гафот со евроамбасадорот: Ова се случува кога си обожавател на Ричард Гир appeared first on Република.

]]>
Дејвид стана Ричард Гир: Протоколарната средба на Орхан Муртезани помина со лапсус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dejvid-stana-richard-gir-protokolarnata-sredba-na-orhan-murtezani-pomina-so-lapsus/ Mon, 01 Jul 2024 19:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=792518

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, во просториите на Министерството за европски прашања одржаа протоколарна средба.

На прес-конференцијата по неа, Муртезани направи лапсус, па наместо Дејвид Гир, новиот министер го престави својот гостин како познатиот холивудски актер, Ричард Гир, по што набрзо беше поправен од присутните новинари.

The post Дејвид стана Ричард Гир: Протоколарната средба на Орхан Муртезани помина со лапсус appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, во просториите на Министерството за европски прашања одржаа протоколарна средба. На прес-конференцијата по неа, Муртезани направи лапсус, па наместо Дејвид Гир, новиот министер го престави својот гостин како познатиот холивудски актер, Ричард Гир, по што набрзо беше поправен од присутните новинари.

The post Дејвид стана Ричард Гир: Протоколарната средба на Орхан Муртезани помина со лапсус appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-gir-vladata-ke-prodolzhi-da-raboti-zaedno-so-eu-vo-duhot-na-partnerstvo-i-zaednichki-vrednosti/ Thu, 27 Jun 2024 14:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=791345

Тековни политички и економски прашања и напредокот на државата кон интеграцијата во ЕУ, биле теми на денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски со евроамбасадорот Дејвид Гир.

Мицкоски, како што информира владината прес-служба, ја истакна важноста на поддршката од Европската Унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности.

Амбасадорот Гир, како што се наведува, ја потврди посветеноста на Европската Унија за продолжување на одличната соработка со Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

- Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, се вели во соопштението од Владата.

The post Мицкоски на средба со Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности appeared first on Република.

]]>

Тековни политички и економски прашања и напредокот на државата кон интеграцијата во ЕУ, биле теми на денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски со евроамбасадорот Дејвид Гир. Мицкоски, како што информира владината прес-служба, ја истакна важноста на поддршката од Европската Унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности. Амбасадорот Гир, како што се наведува, ја потврди посветеноста на Европската Унија за продолжување на одличната соработка со Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.
- Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, се вели во соопштението од Владата.

The post Мицкоски на средба со Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности appeared first on Република.

]]>
Гир: Лекарите да се вработуваат по заслуга, а не по врски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-lekarite-da-se-vrabotuvaat-po-zasluga-a-ne-po-vrski/ Wed, 12 Jun 2024 07:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=786813

На конференцијата организирана од невладината организација Солуција, амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, изјави дека е клучно да се најде начин младите доктори да останат во земјава.

Тој истакна дека Македонија располага со високо професионални доктори кои мора да добијат соодветни вработувања.

Гир нагласи дека стручноста треба да биде единствениот критериум за вработување, а не други фактори. Ова е од суштинско значење за задржување на талентот и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.

The post Гир: Лекарите да се вработуваат по заслуга, а не по врски appeared first on Република.

]]>

На конференцијата организирана од невладината организација Солуција, амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, изјави дека е клучно да се најде начин младите доктори да останат во земјава. Тој истакна дека Македонија располага со високо професионални доктори кои мора да добијат соодветни вработувања. Гир нагласи дека стручноста треба да биде единствениот критериум за вработување, а не други фактори. Ова е од суштинско значење за задржување на талентот и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.  

The post Гир: Лекарите да се вработуваат по заслуга, а не по врски appeared first on Република.

]]>
Гир: Македонското законодавство итно да се усогласи со најновите ЕУ стандарди и легислативи за енергетска ефикасност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-makedonskoto-zakonodavstvo-itno-da-se-usoglasi-so-najnovite-eu-standardi-i-legislativi-za-energetska-efikasnost/ Tue, 11 Jun 2024 11:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=786551

Македонија изготви многу стратегии и документи, креираше и политики, но сега фокусот треба да се стави на имплементацијата. Земјата треба итно да го усогласи националното законодавство со најновите ЕУ стандарди и легислативи за обновливи извори и енергетска ефикасност за да држи чекор со равојните трендови на Унијата. Ќе мора и да ги воспостави неопходните механизми за да биде дел од шемата за размена на енергија на ЕУ во иднина -рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Во обраќањето на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), Гир потенцира дека производството во Македонија во голема мера зависи од увозот на фосилни горива - гас, јаглен, нафтени деривати, кои се подложни на флуктуации на цените, како и на можни прекини во снабдувањето. Според него, кризата покажа дека е добро да се има функционален и добро поврзан енергетски пазар кој ќе понуди висококвалитетни услуги, безбедност и сигурност при снабдувањето, но и достапни цени, а тоа значи дека мора многу да се инвестира.

Гир порача дека зелената транзиција бара паметни решенија. Процесот, рече, не е ниту лесен, ниту брз и притоа е многу важно транзицијата од фосилни горива во зелена енергија да се случува на правичен начин. Ќе мора, укажа, сите што работат во енергетиката да минат низ нови обуки и да совладаат нови вештини.

Се што спомнав сега, мора да биде вклучено во долгиот список работи кои треба да се завршат. Гледајќи напред, треба да се надградуваме на постојните можности.Македонија има многу природни ресурси, ветер, вода, сонце и има огромен потенцијал да ги негува како овие обновливи извори. Да се види дека секоја година има се поголема нивна примена, е одлично. Неопходна е ефективна координација меѓу институциите и сите релевантни засегнати страни, поддржани од човечки и финансиски ресурси. Знам дека ова ќе биде голем предизвик за новата влада. Многу ќе биде важно итно да се усогласи националното законодавство со најновите ЕУ стандарди и европската легислатива за обновливи извори и енергетска ефиканост за да се држи чекор со развојните трендови на ЕУ - подвлече евроамбасадорот.

Зависноста од фосилни горива доведе делови од секторот да се трансформираат од најголеми загадувачи во „зелени“ емисии, но тука, напомена Гир, не се зема предвид загадувањето од РЕК Битола и Осломеј.

ЕУ е тука за да ја поддржи Македонија. Енергетска транзиција е нужна секаде во регионот, потребно е и реобмислување на мрежата во насока на поголемо складирање и воспоставување погон на обновилив извори -дополни Гир.

Тој се осврна на Директивата за обновливи извори на енергија, потсетувајќи дека целта е зголемување на уделот на обновливата енергија во вкупната енергетска потрошувачка на ЕУ на 42,5 отсто до 2030 година, со можност за дополнител раст за уште 2,5 процентни поени до нивото од 45 проценти. Директовата предвидува и секоја година три отсто од јавните згради да бидат реновирани согласно енергетската ефикасност, како и сите нови згради од 2030 година натаму да произведуваат нула емисии на штетни гасови.

Четириесет отсто од европската мрежа за снабдување со енергија се стари преку 40-50 години и се околу централно поставени електрани, зависиме многу од фосилни горива, неопходно е реобмислување на финансиите за тоа како ќе се снабдуваат не само малите и средните претпријатија, туку и домаќинствата. Неопходна е индустриска трансформација за зелена иднина која, пак, ќе ја направи економијата поконкурентна - потенцира Гир.

The post Гир: Македонското законодавство итно да се усогласи со најновите ЕУ стандарди и легислативи за енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>

Македонија изготви многу стратегии и документи, креираше и политики, но сега фокусот треба да се стави на имплементацијата. Земјата треба итно да го усогласи националното законодавство со најновите ЕУ стандарди и легислативи за обновливи извори и енергетска ефикасност за да држи чекор со равојните трендови на Унијата. Ќе мора и да ги воспостави неопходните механизми за да биде дел од шемата за размена на енергија на ЕУ во иднина -рече денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.
Во обраќањето на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), Гир потенцира дека производството во Македонија во голема мера зависи од увозот на фосилни горива - гас, јаглен, нафтени деривати, кои се подложни на флуктуации на цените, како и на можни прекини во снабдувањето. Според него, кризата покажа дека е добро да се има функционален и добро поврзан енергетски пазар кој ќе понуди висококвалитетни услуги, безбедност и сигурност при снабдувањето, но и достапни цени, а тоа значи дека мора многу да се инвестира. Гир порача дека зелената транзиција бара паметни решенија. Процесот, рече, не е ниту лесен, ниту брз и притоа е многу важно транзицијата од фосилни горива во зелена енергија да се случува на правичен начин. Ќе мора, укажа, сите што работат во енергетиката да минат низ нови обуки и да совладаат нови вештини.