Дејви Гир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejvi-gir/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 11:42:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејви Гир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejvi-gir/ 32 32 Eвроамбасадорот има високи надежи за почеток на преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/evroambasadorot-ima-visoki-nadezi-za-pochetok-na-pregovorite/ Fri, 27 May 2022 11:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=507624

Имаме високи надежи дека конечно ќе почнат преговорите на Европската Унија со Албанија и Македонија и тоа уште во текот на француското претседателство со ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир на конференцијата „Бугарски гласови за Европа“, што се одржа во Националниот прес-клуб на БТА во Скопје.

Гир пред учесниците во конференцијата, која е дел од дебатите на Конференцијата за иднината на Европа, нагласи дека институциите на ЕУ се цврсто посветени на унапредување на процесот на проширување со земјите од  Западен Балкан и истакна дека исклучително ги ценат напорите што ги направиле сите страни за придвижување на овој процес.

– Успехот е во интерес и на оваа земја, на Албанија, а секако и на поширокиот регион и на самата ЕУ, нагласи Гир.

Говорејќи за Конференцијата за иднината на Европа, Гир напомена дека во неа се вклучени и граѓаните во Северна Македоија. Потсети дека делегацијата на ЕУ организирала шест дебати на оваа тема, со фокус на младите луѓе.

– Западен Балкан е Европа, Западен Балкан природно и припаѓа на Европа и уверени сме дека во наш заеднички интерес е да го продолжиме процесот на проширување без натамошни одложувања. Тоа не е само геостратешки приоритет за партнерите во регионот, туку и наш приоритет не само поради војната, туку и поради притисокот кој го гледате во контекст на таа војна и поради долгите историски социјални и економски врски кои не поврзуваат, нагласи евроамбасадорот.

The post Eвроамбасадорот има високи надежи за почеток на преговорите appeared first on Република.

]]>

Имаме високи надежи дека конечно ќе почнат преговорите на Европската Унија со Албанија и Македонија и тоа уште во текот на француското претседателство со ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир на конференцијата „Бугарски гласови за Европа“, што се одржа во Националниот прес-клуб на БТА во Скопје. Гир пред учесниците во конференцијата, која е дел од дебатите на Конференцијата за иднината на Европа, нагласи дека институциите на ЕУ се цврсто посветени на унапредување на процесот на проширување со земјите од  Западен Балкан и истакна дека исклучително ги ценат напорите што ги направиле сите страни за придвижување на овој процес. – Успехот е во интерес и на оваа земја, на Албанија, а секако и на поширокиот регион и на самата ЕУ, нагласи Гир. Говорејќи за Конференцијата за иднината на Европа, Гир напомена дека во неа се вклучени и граѓаните во Северна Македоија. Потсети дека делегацијата на ЕУ организирала шест дебати на оваа тема, со фокус на младите луѓе.