Дејли Мејл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejli-mejl/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Dec 2023 10:26:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејли Мејл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejli-mejl/ 32 32 „Зошто никој не зборува за ова место?“ прашува „Дејли Мејл“ оценувајќи го Охридското Езеро како едно од најпотценетите места во Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/zoshto-nikoj-ne-zboruva-za-ova-mesto-prashuva-dejli-mejl-otsenuvajki-go-ohridskoto-ezero-kako-edno-od-najpottsenetite-mesta-vo-evropa/ Sat, 09 Dec 2023 10:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=721227

„Зошто никој не зборува за ова место?“ Осамена патничка вчудоневидено вели: Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа -  а престојот таму чини само седум фунти за ноќевање.

Дури и вон шпицот на сезоната, попознатите туристички дестинации во Европа ги карактеризираат долги редици и високи хотелски цени. Сепак, постојат алтернативи на континентот - привлечни скриени скапоцени камења незагадени од турканици со пристојни цени за престој. Живописното Охридско Езеро спаѓа во таа категорија, како што откри осамената патничка Наташа Витли во фасцинантното информативно видео објавено на TikTok.

Охридското Езеро кое се протега на планинската граница на Македонија и Албанија, кога се работи за пејзажот му дише зад врат на езерото Комо и тоа по цена колку за чипс, а Наташа ги прашува своите 69.400 следбеници: „Зошто никој во Европа не зборува за ова најпотценето и најдоспатно место, совршено за викенд бекство за одмор?“

Во видеото таа го опишува Охридското Езеро, тоа место впишано како светско наследство на УНЕСКО, како еден од најособените моменти на нејзиното патување низ Балканот. Место во кое нема турканици и е „толку мирно за шетање“.

Зборувајќи за „MailOnline Travel“, Наташа, позната на Интернет како @travelsbytash, вели: „Очигледно не можете да го победите езерото Комо, со прекрасните живописни градови како Белаџо. Меѓутоа, Охридското Езеро е всушност двојно поголемо од Комо (138 квадратни милји наспроти 56 квадратни милји), што не сум знаела.

„И би рекол дека водата е уште позачудувачка - кристално чиста“.

Наташа во клипот открива дека за нејзиното три ноќевања престојувала во хотелот „Сансет Лејк“ во Охрид, Македонија, на североисточниот брег на езерото.

Цената? Само седум фунти за ноќевање.

Споделувајќи ги различните активности во кои туристите можат да учествуваат, таа вели на клипот: „Можете да одите на кајак или на веслање со штица, што изгледа толку добро“.

„Најпопуларното нешто за посета е црквата Свети Јован, која се наоѓа веднаш на работ на езерото. Има неверојатен поглед. Толку е живописно“.

Има и десетици пешачки патеки кои посетителите можат да ги пешачат ако сакаат, плус „прекрасен стар град“ и парк полн со желки ('толку случајно'.)

Зборувајќи за „MailOnline“, Наташа вели дека нејзиното омилено искуство било патувањето со кајче преку езерото.

Наташа рече дека патувањето било организирано преку хотелот „Сансет лејк“. Таа продолжува „Патувањето траеше четири часа, со неограничено вино и буквално чинеше само по осум фунти!

„Водата е прекрасна и отидовме на една затскриена мала плажа. Тоа беше едноставно најдоброто!

Во нејзиното видео на TikTok, таа додава: „Вредеше секоја пара. Со него управува сопственикот на хостелот, неверојатен лик кој постојано ни ги дополнуваше чашите“

Друга светла точна беше ирски паб со „прилично евтини“ пијалаци и добра храна по навистина прифатливи цени.

Наташа вели дека задолжителен локален деликатес е „бурекот“ - популарно улично пециво во кое се ужива низ Балканот.

Таа изјави за „MailOnline“: „Една од пекарите во Охрид продаваше бурек со уникатни вкусови, вклучувајќи пилешко кари и пица. Толку беа толку вкусни, а чинат само фунта“.

Наташа вели дека нема да брза повторно да дојде на Охридското Езеро, за да може да посети и други места, но нагласува - „дефинитивно бев во искушение да го продолжам престојот таму, како и повеќето од останатите“.

Видеото на Наташа во TikTok за Охридското Езеро достигна импресивни 122.800 прегледи, а инспирираше и некои од следбениците веќе да резервираат лет. Еден од нив напиша: „Додадено на листата“. Друг коментираше: „Леле, тоа изгледа неверојатно!“

Еден од нив праша: „Кој период од годината одевте? Изгледа толку убаво и топло“. Одговорот на Наташа беше: „Почеток на септември! Беше средината на 20-тите. Беше совршено!“

The post „Зошто никој не зборува за ова место?“ прашува „Дејли Мејл“ оценувајќи го Охридското Езеро како едно од најпотценетите места во Европа appeared first on Република.

]]>

„Зошто никој не зборува за ова место?“ Осамена патничка вчудоневидено вели: Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа -  а престојот таму чини само седум фунти за ноќевање. Дури и вон шпицот на сезоната, попознатите туристички дестинации во Европа ги карактеризираат долги редици и високи хотелски цени. Сепак, постојат алтернативи на континентот - привлечни скриени скапоцени камења незагадени од турканици со пристојни цени за престој. Живописното Охридско Езеро спаѓа во таа категорија, како што откри осамената патничка Наташа Витли во фасцинантното информативно видео објавено на TikTok. Охридското Езеро кое се протега на планинската граница на Македонија и Албанија, кога се работи за пејзажот му дише зад врат на езерото Комо и тоа по цена колку за чипс, а Наташа ги прашува своите 69.400 следбеници: „Зошто никој во Европа не зборува за ова најпотценето и најдоспатно место, совршено за викенд бекство за одмор?“ Во видеото таа го опишува Охридското Езеро, тоа место впишано како светско наследство на УНЕСКО, како еден од најособените моменти на нејзиното патување низ Балканот. Место во кое нема турканици и е „толку мирно за шетање“. Зборувајќи за „MailOnline Travel“, Наташа, позната на Интернет како @travelsbytash, вели: „Очигледно не можете да го победите езерото Комо, со прекрасните живописни градови како Белаџо. Меѓутоа, Охридското Езеро е всушност двојно поголемо од Комо (138 квадратни милји наспроти 56 квадратни милји), што не сум знаела. „И би рекол дека водата е уште позачудувачка - кристално чиста“. Наташа во клипот открива дека за нејзиното три ноќевања престојувала во хотелот „Сансет Лејк“ во Охрид, Македонија, на североисточниот брег на езерото. Цената? Само седум фунти за ноќевање. Споделувајќи ги различните активности во кои туристите можат да учествуваат, таа вели на клипот: „Можете да одите на кајак или на веслање со штица, што изгледа толку добро“. „Најпопуларното нешто за посета е црквата Свети Јован, која се наоѓа веднаш на работ на езерото. Има неверојатен поглед. Толку е живописно“. Има и десетици пешачки патеки кои посетителите можат да ги пешачат ако сакаат, плус „прекрасен стар град“ и парк полн со желки ('толку случајно'.) Зборувајќи за „MailOnline“, Наташа вели дека нејзиното омилено искуство било патувањето со кајче преку езерото. Наташа рече дека патувањето било организирано преку хотелот „Сансет лејк“. Таа продолжува „Патувањето траеше четири часа, со неограничено вино и буквално чинеше само по осум фунти! „Водата е прекрасна и отидовме на една затскриена мала плажа. Тоа беше едноставно најдоброто! Во нејзиното видео на TikTok, таа додава: „Вредеше секоја пара. Со него управува сопственикот на хостелот, неверојатен лик кој постојано ни ги дополнуваше чашите“ Друга светла точна беше ирски паб со „прилично евтини“ пијалаци и добра храна по навистина прифатливи цени. Наташа вели дека задолжителен локален деликатес е „бурекот“ - популарно улично пециво во кое се ужива низ Балканот. Таа изјави за „MailOnline“: „Една од пекарите во Охрид продаваше бурек со уникатни вкусови, вклучувајќи пилешко кари и пица. Толку беа толку вкусни, а чинат само фунта“. Наташа вели дека нема да брза повторно да дојде на Охридското Езеро, за да може да посети и други места, но нагласува - „дефинитивно бев во искушение да го продолжам престојот таму, како и повеќето од останатите“. Видеото на Наташа во TikTok за Охридското Езеро достигна импресивни 122.800 прегледи, а инспирираше и некои од следбениците веќе да резервираат лет. Еден од нив напиша: „Додадено на листата“. Друг коментираше: „Леле, тоа изгледа неверојатно!“ Еден од нив праша: „Кој период од годината одевте? Изгледа толку убаво и топло“. Одговорот на Наташа беше: „Почеток на септември! Беше средината на 20-тите. Беше совршено!“

The post „Зошто никој не зборува за ова место?“ прашува „Дејли Мејл“ оценувајќи го Охридското Езеро како едно од најпотценетите места во Европа appeared first on Република.

]]>
Дејли Мејл со прекрасна репортажа за Охрид: Tри комплетни оброци и шише каберне совињон за само 56 фунти https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/dejli-mejl-so-prekrasna-reportazha-za-ohrid-tri-kompletni-obrotsi-i-shishe-kaberne-sovinon-za-samo-56-funti/ Tue, 24 Oct 2023 21:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=694666

Охрид во Македонија не нуди само фанцинантна историја туку и прекрасни вина и одличен квалитет за парите.

Откако и ветив на мајка ми дека ќе ја почестам вечера како покрај езерото, почна да ме фаќа паника. Таа одбра диксретно осветлен ресторан покрај водата, со маси покриени со бело ленено платно. Персоналот облечен со машни и престилки, јастог на ресторанското мени...И кога пристигна сметката, очите ми се раширија од неверување – три комплетни оброци и шише каберне совињон за само 56 фунти.

Испадна дека тоа е типично за Охрид, малку познато место во земјата која нема излез на море.

Вредноста што се добива за парите тука е само една ставка од долгата листа негови адути.

Таа балканска дестинација, најчесто незабележана од туристите од Обединетото кралство, изобилува со историја, плива во историја, убавини, а веќе ја добива и својата увездиќка на винската карта.

Најпознатото место тука – градот Охрид, е фасинантен. Додека со мајка ми ја изодуваме двочасовната пешачка тура, нашиот водич Владо има што да каже за неговата историја.

Ни ги покажува градските порти кои првично биле изградени во 4 век п.н.е, ни раскажува за „болничките цркви“ од 14 век каде пациентите од чума биле ставени во карантин, нè запознава со градските куќи од 18 век кои биле изградени во превртени пирамидални форми за да обезбедат дополнителен простор за нивните жители, нè носи во хеленистичкиот амфитеатар слуќајно откриен 1980-тите, нè води во црквата на Пресвета Богородица од 13 век, наречена Систинската капела на Македонија поради таванскиот фрескоживопис...

Сместени сме во „Јуник спа резорр“, хотелот со 130 соби, сместен на 20 минути одење покрај самиот Кеј на езерото до Стариот град. Опкружен со планини обвиени во измаглица, тој се наоѓа во мирниот дел на градот, но доволно блиску до вревата на центарот, колку да биде интересно.

Нашиот час по историја продолжува наредниот ден, со патувањето со брод покрај источниот  брег на езерото. Пловиме покрај Заливот на коските, реплика на наколната населба изградена на водата каква што постоела во праисторијата и го посетуваме манастирот Свети Наум, сместен на ритче каде муралите раскажуваат за чудата што ги направил мисионерот од 10 век.

Додека патувавме со мајка ми распававме колку недопрена е природата околу Охридсктоо Езеро. Целото југоисточно крајбрежје на езерото отпаѓа на Националниот парк „Галичица“, распослан на простор од 87 милји квадратни во форма на елипса прекриена со шума и испреплетена со пешачки патеки. Пешаците - почетници можеби ќе се чувствуваат посигурни да го истражуваат тој простор со водич, бидејќи патеките што и не се најсоодветно одбележани, водат до планинските врвови на 5.900 стапки надморска височина и до висорамнините на планините, совршени за кампување во дивина.

Како безнадежно аматерски планинари, најдовме друг начин да го истражиме тоа зеленило околу Охридското Езеро – со посета на Манастирската винарија. Сместена во шума од леска, ела и бука на крајот на тесна патека, таа е токму она како што сугерира и нејзиното име – манастир што произведува вино и нуди тури и дегустации. Седејќи покрај потокот што се користи за разладување на резервоарите за вино во лето, пробуваме цветен мускат со овошна нота на круша и чоколаден вранец, служејќи се со сирење на даска, суво месо и традиционалниот намаз – ајварот подготвен од црвени пиперки и модар патлиџан.

Сакајќи да дознаеме повеќе за тукашните вина, одиме и во Вилата со бар и винарија „Мал Свети Климент“, во Стариот дел на градот. Нејзините менаџери, експертите за вино и алкохолни пијалоци Алмир и Елена, не воведуваат во библиотеката на вината на Македонија.

Двојката нè запознава со свежото пенливо вино од регионот на долината на реката Вардар, како и со сопствената лосос-розова роза на винаријата, приготвена од древната памидна сорта грозје во глинени амфори закопани в земја. Има вкус на летни јагоди...

За да ги разбистриме главите следното утро, ја следиме патеката што води низ карпите покрај езерото, веднаш зад центарот на Охрид. Одиме долж патеката до врвот на ридот каде што чемпресите во облик на пури стојат како стражари над црквата „Свети Јован“ од 13-тиот век и се одмораме на клупата, гледајќи го езерото со површина од 138 квадратни километри. Оддалеку ја гледаме Албанија.

Охридското Езеро можеби се уште не се наоѓа на првата страница на листата дестинации зај туристите од Велика Британија, но она што до доживеавме како искуство недвојбено го впиша на онаа мојата

The post Дејли Мејл со прекрасна репортажа за Охрид: Tри комплетни оброци и шише каберне совињон за само 56 фунти appeared first on Република.

]]>

Охрид во Македонија не нуди само фанцинантна историја туку и прекрасни вина и одличен квалитет за парите. Откако и ветив на мајка ми дека ќе ја почестам вечера како покрај езерото, почна да ме фаќа паника. Таа одбра диксретно осветлен ресторан покрај водата, со маси покриени со бело ленено платно. Персоналот облечен со машни и престилки, јастог на ресторанското мени...И кога пристигна сметката, очите ми се раширија од неверување – три комплетни оброци и шише каберне совињон за само 56 фунти. Испадна дека тоа е типично за Охрид, малку познато место во земјата која нема излез на море. Вредноста што се добива за парите тука е само една ставка од долгата листа негови адути. Таа балканска дестинација, најчесто незабележана од туристите од Обединетото кралство, изобилува со историја, плива во историја, убавини, а веќе ја добива и својата увездиќка на винската карта. Најпознатото место тука – градот Охрид, е фасинантен. Додека со мајка ми ја изодуваме двочасовната пешачка тура, нашиот водич Владо има што да каже за неговата историја. Ни ги покажува градските порти кои првично биле изградени во 4 век п.н.е, ни раскажува за „болничките цркви“ од 14 век каде пациентите од чума биле ставени во карантин, нè запознава со градските куќи од 18 век кои биле изградени во превртени пирамидални форми за да обезбедат дополнителен простор за нивните жители, нè носи во хеленистичкиот амфитеатар слуќајно откриен 1980-тите, нè води во црквата на Пресвета Богородица од 13 век, наречена Систинската капела на Македонија поради таванскиот фрескоживопис... Сместени сме во „Јуник спа резорр“, хотелот со 130 соби, сместен на 20 минути одење покрај самиот Кеј на езерото до Стариот град. Опкружен со планини обвиени во измаглица, тој се наоѓа во мирниот дел на градот, но доволно блиску до вревата на центарот, колку да биде интересно. Нашиот час по историја продолжува наредниот ден, со патувањето со брод покрај источниот  брег на езерото. Пловиме покрај Заливот на коските, реплика на наколната населба изградена на водата каква што постоела во праисторијата и го посетуваме манастирот Свети Наум, сместен на ритче каде муралите раскажуваат за чудата што ги направил мисионерот од 10 век. Додека патувавме со мајка ми распававме колку недопрена е природата околу Охридсктоо Езеро. Целото југоисточно крајбрежје на езерото отпаѓа на Националниот парк „Галичица“, распослан на простор од 87 милји квадратни во форма на елипса прекриена со шума и испреплетена со пешачки патеки. Пешаците - почетници можеби ќе се чувствуваат посигурни да го истражуваат тој простор со водич, бидејќи патеките што и не се најсоодветно одбележани, водат до планинските врвови на 5.900 стапки надморска височина и до висорамнините на планините, совршени за кампување во дивина. Како безнадежно аматерски планинари, најдовме друг начин да го истражиме тоа зеленило околу Охридското Езеро – со посета на Манастирската винарија. Сместена во шума од леска, ела и бука на крајот на тесна патека, таа е токму она како што сугерира и нејзиното име – манастир што произведува вино и нуди тури и дегустации. Седејќи покрај потокот што се користи за разладување на резервоарите за вино во лето, пробуваме цветен мускат со овошна нота на круша и чоколаден вранец, служејќи се со сирење на даска, суво месо и традиционалниот намаз – ајварот подготвен од црвени пиперки и модар патлиџан. Сакајќи да дознаеме повеќе за тукашните вина, одиме и во Вилата со бар и винарија „Мал Свети Климент“, во Стариот дел на градот. Нејзините менаџери, експертите за вино и алкохолни пијалоци Алмир и Елена, не воведуваат во библиотеката на вината на Македонија. Двојката нè запознава со свежото пенливо вино од регионот на долината на реката Вардар, како и со сопствената лосос-розова роза на винаријата, приготвена од древната памидна сорта грозје во глинени амфори закопани в земја. Има вкус на летни јагоди... За да ги разбистриме главите следното утро, ја следиме патеката што води низ карпите покрај езерото, веднаш зад центарот на Охрид. Одиме долж патеката до врвот на ридот каде што чемпресите во облик на пури стојат како стражари над црквата „Свети Јован“ од 13-тиот век и се одмораме на клупата, гледајќи го езерото со површина од 138 квадратни километри. Оддалеку ја гледаме Албанија. Охридското Езеро можеби се уште не се наоѓа на првата страница на листата дестинации зај туристите од Велика Британија, но она што до доживеавме како искуство недвојбено го впиша на онаа мојата

The post Дејли Мејл со прекрасна репортажа за Охрид: Tри комплетни оброци и шише каберне совињон за само 56 фунти appeared first on Република.

]]>