Дејан Тиаго Станковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejan-tiago-stankovikj/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Dec 2022 11:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејан Тиаго Станковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejan-tiago-stankovikj/ 32 32 Почина српскиот писател Дејан Тиаго Станковиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-srpskiot-pisatel-dejan-tiago-stankovikj/ Wed, 21 Dec 2022 11:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=588349

Почина Дејан Тиаго Станковиќ (57), српски писател и преведувач, објавија медиумите на таа земја.

Беше роден во Белград во 1965 година и живеел во главниот град на Србија до 1991 година, кога дипломирал архитектура. Но, никогаш не се занимавал со оваа професија. Во Лондон живеел до 1995 година, а оттаму се преселил во Португалија. Живеел во Лисабон и добил португалско државјнаство.

Како што велеше самиот, писателскиот занает го научил од најдобрите, преведувајќи големи книжевни дела. Почнал да пишува и на српски и на португалски. Со објавување на сопствени дела почнал доцна, околу 40-та година.

Беше добитник на наградата „Бранко Ќопиќ“, а неговите книги беа во потесен избор за наградата НИН, признанијата „Исидора Секулиќ“, „Душан Васиљев“...На португалски ги превел делата на големите српски писатели Иво Андриќ, Милош Црњански, Душан Ковачевиќ, Драгослав Михајловиќ, а на српски ги превел книгите на големиот португалски писател и добитник на Нобелова награда Жозе Сарамаго.

Неговиот роман „Замалек“, ја доби Европската награда за книжевност.  Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е со превод на Илина Јакимовска. На македонски е објавен и романот „Есторил“ во издание на „Слово“, која ја објави и книгата раскази „Од каде што бев веќе не сум“.

The post Почина српскиот писател Дејан Тиаго Станковиќ appeared first on Република.

]]>

Почина Дејан Тиаго Станковиќ (57), српски писател и преведувач, објавија медиумите на таа земја. Беше роден во Белград во 1965 година и живеел во главниот град на Србија до 1991 година, кога дипломирал архитектура. Но, никогаш не се занимавал со оваа професија. Во Лондон живеел до 1995 година, а оттаму се преселил во Португалија. Живеел во Лисабон и добил португалско државјнаство. Како што велеше самиот, писателскиот занает го научил од најдобрите, преведувајќи големи книжевни дела. Почнал да пишува и на српски и на португалски. Со објавување на сопствени дела почнал доцна, околу 40-та година. Беше добитник на наградата „Бранко Ќопиќ“, а неговите книги беа во потесен избор за наградата НИН, признанијата „Исидора Секулиќ“, „Душан Васиљев“...На португалски ги превел делата на големите српски писатели Иво Андриќ, Милош Црњански, Душан Ковачевиќ, Драгослав Михајловиќ, а на српски ги превел книгите на големиот португалски писател и добитник на Нобелова награда Жозе Сарамаго. Неговиот роман „Замалек“, ја доби Европската награда за книжевност.  Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а е со превод на Илина Јакимовска. На македонски е објавен и романот „Есторил“ во издание на „Слово“, која ја објави и книгата раскази „Од каде што бев веќе не сум“.

The post Почина српскиот писател Дејан Тиаго Станковиќ appeared first on Република.

]]>