Дејан Димовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejan-dimovski/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 06:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејан Димовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejan-dimovski/ 32 32 Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osven-svedocheneto-na-obvinetite-velibor-i-bore-zasega-nema-drug-dokaz-deka-palcho-od-tatkoto-na-vana-doznal-koga-taa-ke-izleze-od-doma/ Sat, 19 Oct 2024 06:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=828589

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски.

Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него.

Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња.

Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште.

Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал.

Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар?

Началникот кратко одговори - Не.

 

 

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>

Досегашните рочишта за случајот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски укажуваат на можна поврзаност на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски со првосомничениот Љупчо Палевски. Тоа го тврдат двајцата началници Музефер Калишиќ и Дејан Димовски кои сведочеа дека однесувањето на Александар било во најмала рака чудно и дека имале впечаток оти тој се интересира какви информации има полицијата за него. Димовски вчера истакна дека токму осомничените Велибор Манев и Боре Видевски му кажале дека Палчо е сторителот на двете убиства. Згора на тоа, според тврдењето на Велибор и Боре, токму таткото Александар му кажал на Палчо дека Вања ќе оди на училиште без помалата сестра Миња. Но, едно е тврдење а друго доказ. Ќе видиме дали во текот на расправата Обвинителството ќе понуди доказ дека Александар му кажал на Палчо дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште. Симптоматично е тоа досега никој не потврди дека имало барање за откуп на девојчето кон семејството иако Александар во порака која по грешка ја испратил во школската група на Вања напишал „само кажете колку пари треба“. Пораката веднаш ја избришал. Палчо вчера го праша  Димовски дали е откриена комуникација меѓу него и Александар? Началникот кратко одговори - Не.    

The post Освен сведочењето на обвинетите Велибор и Боре, засега нема друг доказ дека Палчо од таткото на Вања дознал кога таа ќе излезе од дома appeared first on Република.

]]>
Ниту една камера во околината не го покривала влезот во зградата на Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nitu-edna-kamera-vo-okolinata-ne-go-pokrivala-vlezot-vo-zgradata-na-vana/ Fri, 18 Oct 2024 14:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=828513

Полицискиот началник  Дејан Димовски рече дека веднаш по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска бил детално прегледан целиот реон кај улицата Наум Наумовски-Борче каде што живееше. Инспекторите што го воделе случајот биле убедени дека девојчето не заминала пешки бидејќи во кој правец и да тргнела кон училиштето ќе ја забележеле околните камери.

Но, нешто друго им било сомнително на полицијата.

Ниту една камера не ги фаќаше скалите од влезот на зградата каде што живееше.Ако тргнела пешки ќе ја забележеа.Имавме првична претпоставка дека самоволно влегла во возило. Во блзина на влезот имало двајца комуналци кои чистеле и не забележале ништо сомнително-објасни началникот.

The post Ниту една камера во околината не го покривала влезот во зградата на Вања appeared first on Република.

]]>

Полицискиот началник  Дејан Димовски рече дека веднаш по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска бил детално прегледан целиот реон кај улицата Наум Наумовски-Борче каде што живееше. Инспекторите што го воделе случајот биле убедени дека девојчето не заминала пешки бидејќи во кој правец и да тргнела кон училиштето ќе ја забележеле околните камери. Но, нешто друго им било сомнително на полицијата.
Ниту една камера не ги фаќаше скалите од влезот на зградата каде што живееше.Ако тргнела пешки ќе ја забележеа.Имавме првична претпоставка дека самоволно влегла во возило. Во блзина на влезот имало двајца комуналци кои чистеле и не забележале ништо сомнително-објасни началникот.

The post Ниту една камера во околината не го покривала влезот во зградата на Вања appeared first on Република.

]]>
Во Велес крстот во водите на Вардар го фати 37 годишниот Дејан Димовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-veles-krstot-vo-vodite-na-vardar-go-fati-37-godishniot-dejan-dimovski/ Wed, 19 Jan 2022 13:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=446712

Во Велес во осветените води на Вардар годинава крстот го фати 37-годишниот Дејан Димовски. По одржаната Литиргија и осветување на водите на реката Вардар од митрополитот Повардарски Агатангел, чесниот и животворен крст го фрли од Мало Мовче, владиката Агатангел.

Во водите на Вардар по крстот денеска влегоа 63 православни верници, а фрлање на крстот на денешниот празничен ден го проследија неколку илјади велешани покрај двата брега на Вардар.

Дејан Димовски, вработен во „Брако“, во изјава за МИА до сите верници посака многу здравје и среќа и за себе и своето семејство, а и надеж дека годинава ќе му биде среќна и ќе се ожени.

Тој од Владиката Агатангел доби златно крвче и библија. Од ЈКП „Дервен“ и Општина Велес, доби ваучери по 15 илјади денари, машина за перење од „Зегин“ и телевизор од кумот на манифестацијата „Жито Ване“, како и други помали подароци од повеќе спонзори.

Дејан Димовски со крстот и иконата во наредниот месец ќе ги посети домовите на православните верници од Велес.

Инаку, Празникот Богојавление -Водици во Епархијата Повардарска со седиште во Велес, утрово по традиција започна во црквата „Св. Вознесение Христово“ со Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски Агатангел. Златоустова литургија имаше и во црквите „Св Пантелејмон“ и „Св Кирил и Методиј“.

The post Во Велес крстот во водите на Вардар го фати 37 годишниот Дејан Димовски appeared first on Република.

]]>

Во Велес во осветените води на Вардар годинава крстот го фати 37-годишниот Дејан Димовски. По одржаната Литиргија и осветување на водите на реката Вардар од митрополитот Повардарски Агатангел, чесниот и животворен крст го фрли од Мало Мовче, владиката Агатангел. Во водите на Вардар по крстот денеска влегоа 63 православни верници, а фрлање на крстот на денешниот празничен ден го проследија неколку илјади велешани покрај двата брега на Вардар. Дејан Димовски, вработен во „Брако“, во изјава за МИА до сите верници посака многу здравје и среќа и за себе и своето семејство, а и надеж дека годинава ќе му биде среќна и ќе се ожени. Тој од Владиката Агатангел доби златно крвче и библија. Од ЈКП „Дервен“ и Општина Велес, доби ваучери по 15 илјади денари, машина за перење од „Зегин“ и телевизор од кумот на манифестацијата „Жито Ване“, како и други помали подароци од повеќе спонзори. Дејан Димовски со крстот и иконата во наредниот месец ќе ги посети домовите на православните верници од Велес. Инаку, Празникот Богојавление -Водици во Епархијата Повардарска со седиште во Велес, утрово по традиција започна во црквата „Св. Вознесение Христово“ со Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски Агатангел. Златоустова литургија имаше и во црквите „Св Пантелејмон“ и „Св Кирил и Методиј“.

The post Во Велес крстот во водите на Вардар го фати 37 годишниот Дејан Димовски appeared first on Република.

]]>