Дејан Битровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejan-bitrovski/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Nov 2022 11:12:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејан Битровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dejan-bitrovski/ 32 32 Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prva-nagrada-i-nagrada-od-publikata-so-koreografijata-go-figure-it-out-za-andrijana-danchevska-i-dejan-bitrovski-na-festival-vo-belgrad/ Wed, 09 Nov 2022 11:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=571844

Андријана Данчевска ја освои првата награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на која настапува со современиот танчер Дејан Битровски на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград.

Данчевска и Битровски се членови на Скопје танцовиот театар.

Фестивалот за кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија и е со натпреварувачки карактер. Прави извонредна селекција на млади кореографи од регионот и пошироко. Во годинешното издание, покрај македонските кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.

Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ја доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што првпат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот, рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.

Ова е голема потврда за кореографката Адријана Данчевска, како и за современата танцова сцена и за Скопје танцовиот театар.

Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.

 

The post Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград appeared first on Република.

]]>

Андријана Данчевска ја освои првата награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ на која настапува со современиот танчер Дејан Битровски на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури кој се одржа во Белград. Данчевска и Битровски се членови на Скопје танцовиот театар. Фестивалот за кореографски минијатури е во организација на Здружението на балетските уметници на Србија и е со натпреварувачки карактер. Прави извонредна селекција на млади кореографи од регионот и пошироко. Во годинешното издание, покрај македонските кореографи се натпреваруваат кореографи од Србија, Словенија, Костарика и САД.
Драго ни е што учествувавме на овој фестивал и сакаме да се заблагодариме на организаторите, како и на стручното жири што ни ја доделија првата награда и наградата од публика за најдобра кореографија. Ни претставува голема чест што првпат се претставуваме на српската сцена како независни уметници. Целиме кон развивање на современата танцова сцена на повеќе полиња и вмрежување на современите танцови уметници од регионот, рекоа Данчевска и Битровски по добивањето на наградата.
Ова е голема потврда за кореографката Адријана Данчевска, како и за современата танцова сцена и за Скопје танцовиот театар. Покрај уметничката активност како танчерка и кореографка, Данчевска е воедно доцент на Катедрата за современ танц при УГД, а Битровски е асистент на истата катедра. Заедно со Анастасија Данчевска, која работи како асистент тие го сочинуваат младото јадро на оваа единствена по својот вид, едукативна програма на универзитетско ниво кај нас.  

The post Прва награда и Награда од публиката со кореографијата „Go Figure it out“ за Андријана Данчевска и Дејан Битровски на Фестивал во Белград appeared first on Република.

]]>