Дефрегментација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/defregmentatsija/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 08:06:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дефрегментација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/defregmentatsija/ 32 32 Отворена изложбата „Дефрегметација“ во МСУ со која се одбележува и 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozhbata-defregmetatsija-vo-msu-so-koja-se-odbelezhuva-i-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-skopje/ Wed, 14 Jun 2023 08:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=651124

Во Музејот на современата уметност – Скопје синоќа, во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност - Скопје. Со изложбата се одбележува и 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во поздравното обраќање истакна дека оваа изложба е доказ за едно долготрајно пријателство помеѓу нашата земја, и земјите од Вишеградската група.

[caption id="attachment_651130" align="alignnone" width="1024"] Оваа изложба е потврда дека вредностите за кои денес зборуваме, се поставени многу одамна, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска[/caption]

Изминативе години поминавме низ многу транзиции и реформи на нашите општества, но во тие трансформации, земјите од Вишеградската група се цврста поддршка во создавањето и на современ и проевропски Западен Балкан“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека соработката во културата е можеби и првата што го движи моторот на евроинтеграциските процеси напред.

Оваа изложба, нагласи министерката за култура, е потврда дека вредностите за кои денес зборуваме, се всушност поставени многу одамна.

„Подигнување на духот на една земја и на разрушениот град преку подарување на уметнички дела претставува висок чин на хуманост. Делата на уметниците од Чешка, Полска, Унгарија и Словачка се дел од меморијата на Скопје и на изградбата и развојот на овој Музеј“, рече Костадиновска-Стојчевска, која ја нагласи улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ, а уметничките дела од овие земји се речиси 10 проценти од солидарната колекција на МСУ.

Министерката за култура истакна дека оваа изложба е чин на благодарност, но таа е и потсетување за важноста на пријателството и заедништвото помеѓу народите, особено во годината кога одбележуваме 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Словачка, Полска, Чешка и Унгарија, со чија финансиска поддршка се реализира ова комплексно ликовно претставување.

[caption id="attachment_651131" align="alignnone" width="1024"] На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Словачка, Полска, Чешка и Унгарија[/caption]

Во МСУ изложени се 96 дела од 86 уметници, односно претставен е избор од слики, скулптури и графики, кои се создавани во периодот од 1905 до 1989 година.

Овие дела претставуваат репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа.

Куратори на изложбата, која ќе биде достапна до 15 септември годинава, се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

фото: МСУ

The post Отворена изложбата „Дефрегметација“ во МСУ со која се одбележува и 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на современата уметност – Скопје синоќа, во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност - Скопје. Со изложбата се одбележува и 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во поздравното обраќање истакна дека оваа изложба е доказ за едно долготрајно пријателство помеѓу нашата земја, и земјите од Вишеградската група. [caption id="attachment_651130" align="alignnone" width="1024"] Оваа изложба е потврда дека вредностите за кои денес зборуваме, се поставени многу одамна, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска[/caption]
Изминативе години поминавме низ многу транзиции и реформи на нашите општества, но во тие трансформации, земјите од Вишеградската група се цврста поддршка во создавањето и на современ и проевропски Западен Балкан“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека соработката во културата е можеби и првата што го движи моторот на евроинтеграциските процеси напред. Оваа изложба, нагласи министерката за култура, е потврда дека вредностите за кои денес зборуваме, се всушност поставени многу одамна. „Подигнување на духот на една земја и на разрушениот град преку подарување на уметнички дела претставува висок чин на хуманост. Делата на уметниците од Чешка, Полска, Унгарија и Словачка се дел од меморијата на Скопје и на изградбата и развојот на овој Музеј“, рече Костадиновска-Стојчевска, која ја нагласи улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ, а уметничките дела од овие земји се речиси 10 проценти од солидарната колекција на МСУ. Министерката за култура истакна дека оваа изложба е чин на благодарност, но таа е и потсетување за важноста на пријателството и заедништвото помеѓу народите, особено во годината кога одбележуваме 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Словачка, Полска, Чешка и Унгарија, со чија финансиска поддршка се реализира ова комплексно ликовно претставување. [caption id="attachment_651131" align="alignnone" width="1024"] На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Словачка, Полска, Чешка и Унгарија[/caption] Во МСУ изложени се 96 дела од 86 уметници, односно претставен е избор од слики, скулптури и графики, кои се создавани во периодот од 1905 до 1989 година. Овие дела претставуваат репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа. Куратори на изложбата, која ќе биде достапна до 15 септември годинава, се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. фото: МСУ

The post Отворена изложбата „Дефрегметација“ во МСУ со која се одбележува и 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МСУ се отвора изложбата „Дефрагментација“ со дела од донирани од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-msu-se-otvora-izlozhbata-defragmentatsija-so-dela-od-donirani-od-umetnitsi-od-cheshka-ungarija-polska-i-slovachka/ Tue, 13 Jun 2023 08:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=650756

Во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Ќе бидат изложени 96 дела од 86 уметници. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност - Скопје. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

На оваа изложба која претставува и одбележување на 60-годишнината од скопскиот земјотрес ќе биде претставен избор од слики, скулптури и графики, кои се создавани во текот на 20-от век, поточно во периодот од 1905 до 1989 година и претставуваат репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа.

Како што велат и самите куратори, изложбата е потсетување на светската солидарност, концепт на кој се темели МСУ, а степенувањето на важноста на меѓународната соработка е основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици.

После подолго време пошироката јавност ќе има прилика да види некои од значајните дела од колекцијата на МСУ-Скопје, заедно со архивски материјали, кои се однесуваат на изложби и донациите. Kонцептот за солидарност на кој се темели МСУ е особено важен денес, во време на воени судири кои го обременуваат нашето секојдневие во современиот свет. Затоа, сметаме дека е многу важно постојаното потсетување за важноста на меѓународната соработка, која е основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици“, потенцираат Јанчевски и Варошанец.

Во колекцијата на МСУ Скопје се чуваат вкупно 5291 дела, помеѓу кои и 22 дела од 11 уметници од Словачка, 56 дела од 27 уметници од Унгарија, 266 дела од 105 уметници Чешка и 224 дела од 136 уметници од Полска. И квантитативно, но и квалитативно делата од овие колекции претставуваат суштински дела од колекцијата и основниот концепт врз кој се темели МСУ.

Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Дизајнот на промотивниот материјал е на Илиана Петрушевска. Изложбата е реализирана со финансиска поддршка на Амбасадите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка во Република Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 15 септември 2023 година.

 

The post Вечерва во МСУ се отвора изложбата „Дефрагментација“ со дела од донирани од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка appeared first on Република.

]]>

Во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Ќе бидат изложени 96 дела од 86 уметници. Изложбата е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност - Скопје. Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. На оваа изложба која претставува и одбележување на 60-годишнината од скопскиот земјотрес ќе биде претставен избор од слики, скулптури и графики, кои се создавани во текот на 20-от век, поточно во периодот од 1905 до 1989 година и претставуваат репрезентативен преглед на достигнувањата во уметноста на повеќе генерации уметници од земјите од Централна Европа. Како што велат и самите куратори, изложбата е потсетување на светската солидарност, концепт на кој се темели МСУ, а степенувањето на важноста на меѓународната соработка е основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици.
После подолго време пошироката јавност ќе има прилика да види некои од значајните дела од колекцијата на МСУ-Скопје, заедно со архивски материјали, кои се однесуваат на изложби и донациите. Kонцептот за солидарност на кој се темели МСУ е особено важен денес, во време на воени судири кои го обременуваат нашето секојдневие во современиот свет. Затоа, сметаме дека е многу важно постојаното потсетување за важноста на меѓународната соработка, која е основа за унапредување на општествената сфера и справување со заедничките предизвици“, потенцираат Јанчевски и Варошанец.
Во колекцијата на МСУ Скопје се чуваат вкупно 5291 дела, помеѓу кои и 22 дела од 11 уметници од Словачка, 56 дела од 27 уметници од Унгарија, 266 дела од 105 уметници Чешка и 224 дела од 136 уметници од Полска. И квантитативно, но и квалитативно делата од овие колекции претставуваат суштински дела од колекцијата и основниот концепт врз кој се темели МСУ. Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска. Дизајнот на промотивниот материјал е на Илиана Петрушевска. Изложбата е реализирана со финансиска поддршка на Амбасадите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка во Република Македонија. Изложбата ќе биде отворена до 15 септември 2023 година.  

The post Вечерва во МСУ се отвора изложбата „Дефрагментација“ со дела од донирани од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка appeared first on Република.

]]>