Дедо Мраз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dedo-mraz/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 16:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дедо Мраз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dedo-mraz/ 32 32 Спасовски на новогодишно дружење со децата на припадниците на САЕ ,,Тигар”, ЕБР и ЕОП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-na-novogodishno-druzhene-so-detsata-na-pripadnitsite-na-sae-tigar-ebr-i-eop/ Sat, 30 Dec 2023 16:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=728253

Денеска првпат во Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со шефот на кабинет, Митко Бојмацалиев, предновогодишно поделија пакетчиња во присуство на Дедо Мраз и се дружеа со децата на припадниците и припадничките на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во касарната Илинден и со децата на припадниците на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”.

Раководството на МВР со децата сподели најубави желби за Новата година и разговараа за тоа колку е важна професијата на нивните родители во служба на граѓаните и за заедницата. Притоа, Спасовски и Бојмацалиев изразија благодарност и почит кон храбрите припадници и припаднички на специјалните сили, кои секојдневно неуморно работат за да ги зачуваат мирот и нашата безбедност.

Децата се нашата иднина и нашата најголема радост. Посакувам здравје, среќа и многу успеси на нивните родители кои се суштински столб на полициското работење. Нека овој новогодишен настан биде симбол на нашата заедничка надеж и ангажман за подобро утре. Заедно, солидарни и со меѓусебна поддршка, можеме да градиме подобро општество и посветла иднина за сите”, рече Спасовски.

The post Спасовски на новогодишно дружење со децата на припадниците на САЕ ,,Тигар”, ЕБР и ЕОП appeared first on Република.

]]>

Денеска првпат во Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со шефот на кабинет, Митко Бојмацалиев, предновогодишно поделија пакетчиња во присуство на Дедо Мраз и се дружеа со децата на припадниците и припадничките на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во касарната Илинден и со децата на припадниците на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”. Раководството на МВР со децата сподели најубави желби за Новата година и разговараа за тоа колку е важна професијата на нивните родители во служба на граѓаните и за заедницата. Притоа, Спасовски и Бојмацалиев изразија благодарност и почит кон храбрите припадници и припаднички на специјалните сили, кои секојдневно неуморно работат за да ги зачуваат мирот и нашата безбедност.
Децата се нашата иднина и нашата најголема радост. Посакувам здравје, среќа и многу успеси на нивните родители кои се суштински столб на полициското работење. Нека овој новогодишен настан биде симбол на нашата заедничка надеж и ангажман за подобро утре. Заедно, солидарни и со меѓусебна поддршка, можеме да градиме подобро општество и посветла иднина за сите”, рече Спасовски.

The post Спасовски на новогодишно дружење со децата на припадниците на САЕ ,,Тигар”, ЕБР и ЕОП appeared first on Република.

]]>
Место утре, Дедо Мраз денес доаѓа на плоштад Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mesto-utre-dedo-mraz-denes-doaga-na-ploshtad-makedonija/ Sat, 30 Dec 2023 07:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=728088

Денеска во 11 часот  Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот Македонија во Скопје, а децата ќе имаат можност да се фотографираат со него и да се дружат со Биби и Боби и со останатите маскоти. Ќе настапуваат и Скопје Лејдис Орксестра. Вечерната забава ќе почне од 19:00 часот со Јанг Дади, а ќе продолжи со настапите на Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска и Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска и диџеј Ампов.

Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 26 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.

За пречекот на Новата 2024 година на плоштад „Македонија“ ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат Два Бона, Лозано, КУД „Скопје“, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Градските власти ги канат граѓаните да бидат дел од овој празничен базар.

The post Место утре, Дедо Мраз денес доаѓа на плоштад Македонија appeared first on Република.

]]>

Денеска во 11 часот  Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот Македонија во Скопје, а децата ќе имаат можност да се фотографираат со него и да се дружат со Биби и Боби и со останатите маскоти. Ќе настапуваат и Скопје Лејдис Орксестра. Вечерната забава ќе почне од 19:00 часот со Јанг Дади, а ќе продолжи со настапите на Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска и Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска и диџеј Ампов. Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 26 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија. За пречекот на Новата 2024 година на плоштад „Македонија“ ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски. Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат Два Бона, Лозано, КУД „Скопје“, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм. Градските власти ги канат граѓаните да бидат дел од овој празничен базар.

The post Место утре, Дедо Мраз денес доаѓа на плоштад Македонија appeared first on Република.

]]>
Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pijan-dedo-mraz-se-zabil-so-voziloto-vo-kuka/ Mon, 25 Dec 2023 09:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=726389

Пијан возач во костим на Дедо Мраз несреќно го завршил своето возење додека доставувал подароци на Бадник во источногерманската покраина Тирингија. Имено, според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишниот маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и друг автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен.

Притоа, предниот дел од куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите се неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, со алкотест утврдиле дека мажот е неспособен за возење.

Несовесниот Дедо Мраз е обвинет за загрозување на безбедноста во сообраќајот, но изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци за Божиќ. Сепак, доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил – одземена му е и возачката дозвола.

The post Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа appeared first on Република.

]]>

Пијан возач во костим на Дедо Мраз несреќно го завршил своето возење додека доставувал подароци на Бадник во источногерманската покраина Тирингија. Имено, според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишниот маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и друг автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен. Притоа, предниот дел од куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите се неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, со алкотест утврдиле дека мажот е неспособен за возење. Несовесниот Дедо Мраз е обвинет за загрозување на безбедноста во сообраќајот, но изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци за Божиќ. Сепак, доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил – одземена му е и возачката дозвола.

The post Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа appeared first on Република.

]]>
Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novogodishna-euforija-nasekade-armiskiot-dedo-mraz-pristigna-so-helikopter-na-aerodromot-vo-skopje/ Sat, 23 Dec 2023 12:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=725924

Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром - Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ.

Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан.

По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња. Потоа децата, придружувани од најблиските, имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност и да разгледаат дел од хеликоптерите, соопшти Министерството за одбрана.

Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.

The post Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром - Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ. Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан. По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња. Потоа децата, придружувани од најблиските, имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност и да разгледаат дел од хеликоптерите, соопшти Министерството за одбрана. Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.

The post Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Дедо Мраз денес слетува со хеликоптер во Петровец https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dedo-mraz-denes-sletuva-so-helikopter-vo-petrovets/ Sat, 23 Dec 2023 07:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=725841

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана.

Манифестацијата е во организација на воздухопловниот ВИНГ.

Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери.

The post Дедо Мраз денес слетува со хеликоптер во Петровец appeared first on Република.

]]>

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана. Манифестацијата е во организација на воздухопловниот ВИНГ. Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери.

The post Дедо Мраз денес слетува со хеликоптер во Петровец appeared first on Република.

]]>
Зошто Тито го мразел Свети Никола и Дедо Мраз? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-tito-go-mrazel-sveti-nikola-i-dedo-mraz/ Tue, 19 Dec 2023 13:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=724265

Познато е дека празниците секогаш ги легитимираат властите и исто како што објаснува кустосот на Музејот по историја на Југославија, Ана Паниќ, тие се тука да слават она што е на власт, па и Новата година и другите социјалистички празници биле тука да ги заменат старите религиозни празници како славите Божик, Велигден. Затоа во првите години на СФРЈ, Дедо Мраз бил осуден како болшевичко-клерикална творба бидејќи Јосип Броз Тито го потсетувал на свети Никола, слава која воопшто не ја сакал.

Имено, јавните празници и тоа како биле користени со цел за промоција на комунизмот и славење по партиска задача, се бришеле границите меѓу личното и општественото, а една од основните функции им била интеграцијата. Новата година, која до Втората светска војна не била премногу популарен празник меѓу Југословените, како што ни објасни кустосот, требала во јавниот живот на СФРЈ да го замени дотогашното одбележување на Божик, но и вешто да ја избегне подвоеноста на жителите со различна вероисповед и да создаде чувство на припадност на една заедница – на младата СФРЈ.

Секако, кога еден политичко-општествен правец има за цел бришење на верските разлики, во таа приказна никако не може да оди и Свети Никола. Прашање е само, како Маршалот Свети Никола го поврзал со Дедо Мраз?

Интересна е приказната за етимологијата на зборот Дедо Мраз и за неговата симболика. Таа објаснува зошто Тито не го сакал чичкото со бела брада во црвен капут. Името Дедо Мраз, како што го нарекуваме, е со потекло од руското име Дед Мороуз и во поранешната паганска руска традиција тој претставувал крал на зимата кој одел од куќа по куќа, а на него луѓето му подарувале подароци, како еден вид на молба студената зима да им помине полесно. А Дедо Мраз, каков што го знаеме од детските филмови, со долга, бела брада и црвен капут, нема врска со тој Дед Мороз, туку со Санта Клаус, кој е верзија на холандско старо божество, поврзано со свети Никола, објасни Ана Паниќ.

Тсс додава дека тие две струи се споиле преку Кока Кола.

Симпатичниот дедо со брада и црвена облека потсетува на Свети Никола, кој исто така има црвена облека, долга брада и на децата дели подароци, додека кралот на зимата секогаш бил во зелена облека и никогаш не бил толку дебел, туку е претставен како слаба фигура со долга сива брада. Кралот на зимата не делел подароци, луѓето на него му подарувале дарови во замена за безгрижен зимски период, рече кустосот на Музејот по историја на Југославија и додаде дека поради тоа во првите повоени години Дедо Мраз бил непосакуван на Титовите прослави на Нова година, а и меѓу народот, вели таа.

Антифашистичкиот фронт на жените, кој во Југославија бил задолжен за афирмација на Новата година, според Ана Паниќ, одел на тоа Дедо Мраз да го замени со млада девојка, бидејќи новата млада држава била во подем и млада девојка треба да ја симболизира и државата и Новата година.

Имено, постоело и цело сценарио според кое млада девојка ја сретнува старата година на која и кажува за тоа кој бил добар, а кој бил лош и како поминала таа претходна година. Потоа младата девојка, како персонификација на новото општество, дели подароци на децата, а во тоа можел и да и помага стар партизан. Меѓутоа, тоа сценарио никогаш не се остварило, вели Паниќ.

Верзиите на Дедо Мраз како лик варираат меѓу различни култури, религии и народи.

Потеклото на овој лик е од стари религии на германските и словенските народи. Со покрстувањето на овие народи, нивните верувања се комбинирале со ликот на христијанскиот епископ Никола.

Во Холандија и Белгија, Свети Никола (Sinerklaas) има помошници кои се викаат Црн Петар (Zwarte Pie” – на холандски или Père Fouettard – на француски).

Традицијата за Свети Никола има многу паралели со германската митологија, посебно со богот Один. Ова вклучува брада, шешир и копје (денес стап) и торба која ја држат неговите слуги да ги фатат немирните деца. И Свети Никола јава бел коњ како Один. Писмата од колачите кои Црн Петар ги дава на децата, асоцираат на Одиновото создавање на рунски букви. Песните кои се рецитираат во текот на прославата и песните кои ги пејат на децата се посветени на Один како бог на поезијата.

Верувањето дека Дедо Мраз влегува во домот низ оџак може да потекнува од приказната за Свети Никола кој фрла пари низ прозорец, а во поновата верзија на приказната, фрла пари низ оџакот ако наиде на затворени прозори.

Така, по повеќевековни верувања и доведува на Дедо Мраз во врска со Свети Никола, не е ни чудно што и доживотниот претседател на СФРЈ симпатичниот дедо го потсетувал на светец.

The post Зошто Тито го мразел Свети Никола и Дедо Мраз? appeared first on Република.

]]>

Познато е дека празниците секогаш ги легитимираат властите и исто како што објаснува кустосот на Музејот по историја на Југославија, Ана Паниќ, тие се тука да слават она што е на власт, па и Новата година и другите социјалистички празници биле тука да ги заменат старите религиозни празници како славите Божик, Велигден. Затоа во првите години на СФРЈ, Дедо Мраз бил осуден како болшевичко-клерикална творба бидејќи Јосип Броз Тито го потсетувал на свети Никола, слава која воопшто не ја сакал. Имено, јавните празници и тоа како биле користени со цел за промоција на комунизмот и славење по партиска задача, се бришеле границите меѓу личното и општественото, а една од основните функции им била интеграцијата. Новата година, која до Втората светска војна не била премногу популарен празник меѓу Југословените, како што ни објасни кустосот, требала во јавниот живот на СФРЈ да го замени дотогашното одбележување на Божик, но и вешто да ја избегне подвоеноста на жителите со различна вероисповед и да создаде чувство на припадност на една заедница – на младата СФРЈ. Секако, кога еден политичко-општествен правец има за цел бришење на верските разлики, во таа приказна никако не може да оди и Свети Никола. Прашање е само, како Маршалот Свети Никола го поврзал со Дедо Мраз?
Интересна е приказната за етимологијата на зборот Дедо Мраз и за неговата симболика. Таа објаснува зошто Тито не го сакал чичкото со бела брада во црвен капут. Името Дедо Мраз, како што го нарекуваме, е со потекло од руското име Дед Мороуз и во поранешната паганска руска традиција тој претставувал крал на зимата кој одел од куќа по куќа, а на него луѓето му подарувале подароци, како еден вид на молба студената зима да им помине полесно. А Дедо Мраз, каков што го знаеме од детските филмови, со долга, бела брада и црвен капут, нема врска со тој Дед Мороз, туку со Санта Клаус, кој е верзија на холандско старо божество, поврзано со свети Никола, објасни Ана Паниќ.
Тсс додава дека тие две струи се споиле преку Кока Кола.
Симпатичниот дедо со брада и црвена облека потсетува на Свети Никола, кој исто така има црвена облека, долга брада и на децата дели подароци, додека кралот на зимата секогаш бил во зелена облека и никогаш не бил толку дебел, туку е претставен како слаба фигура со долга сива брада. Кралот на зимата не делел подароци, луѓето на него му подарувале дарови во замена за безгрижен зимски период, рече кустосот на Музејот по историја на Југославија и додаде дека поради тоа во првите повоени години Дедо Мраз бил непосакуван на Титовите прослави на Нова година, а и меѓу народот, вели таа.
Антифашистичкиот фронт на жените, кој во Југославија бил задолжен за афирмација на Новата година, според Ана Паниќ, одел на тоа Дедо Мраз да го замени со млада девојка, бидејќи новата млада држава била во подем и млада девојка треба да ја симболизира и државата и Новата година.
Имено, постоело и цело сценарио според кое млада девојка ја сретнува старата година на која и кажува за тоа кој бил добар, а кој бил лош и како поминала таа претходна година. Потоа младата девојка, како персонификација на новото општество, дели подароци на децата, а во тоа можел и да и помага стар партизан. Меѓутоа, тоа сценарио никогаш не се остварило, вели Паниќ.
Верзиите на Дедо Мраз како лик варираат меѓу различни култури, религии и народи. Потеклото на овој лик е од стари религии на германските и словенските народи. Со покрстувањето на овие народи, нивните верувања се комбинирале со ликот на христијанскиот епископ Никола. Во Холандија и Белгија, Свети Никола (Sinerklaas) има помошници кои се викаат Црн Петар (Zwarte Pie” – на холандски или Père Fouettard – на француски). Традицијата за Свети Никола има многу паралели со германската митологија, посебно со богот Один. Ова вклучува брада, шешир и копје (денес стап) и торба која ја држат неговите слуги да ги фатат немирните деца. И Свети Никола јава бел коњ како Один. Писмата од колачите кои Црн Петар ги дава на децата, асоцираат на Одиновото создавање на рунски букви. Песните кои се рецитираат во текот на прославата и песните кои ги пејат на децата се посветени на Один како бог на поезијата. Верувањето дека Дедо Мраз влегува во домот низ оџак може да потекнува од приказната за Свети Никола кој фрла пари низ прозорец, а во поновата верзија на приказната, фрла пари низ оџакот ако наиде на затворени прозори. Така, по повеќевековни верувања и доведува на Дедо Мраз во врска со Свети Никола, не е ни чудно што и доживотниот претседател на СФРЈ симпатичниот дедо го потсетувал на светец.

The post Зошто Тито го мразел Свети Никола и Дедо Мраз? appeared first on Република.

]]>
Како Свети Никола станал „Дедо Мраз“? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kako-sveti-nikola-stanal-dedo-mraz/ Tue, 19 Dec 2023 10:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=724478

Свети Никола бил прогласен за светец за време на неговиот живот, но набргу по неговата смрт се верувало дека тој е всушност претходник на „Дедо Мраз“.
Свети Никола, епископ Мирски од четвртиот век, уште во текот на животот се сметал за светец и чудотворец и бил повикан да помогне во случај на болест или несреќи, а тој одговарал и им помагал на сите.

Се слави како заштитник на децата, учениците, морнарите, патниците, трговците и стрелците, а најпознат е по своите подароци за сиромашните.

Во многу христијански земји се слави како празник на децата, а децата потоа добиваат подароци, доколку биле послушни.

За разлика од западниот свет, кој најмногу го прифаќаше Дедо Мраз, кој беше создаден врз основа на приказната за Свети Никола, православниот дел од христијанството го слави Свети Никола како еден од најголемите светци, како симбол на дарежливост и тајно милосрдие.

Ликот на Свети Никола, познат по долгиот црвен капут и белата брада, во многу земји ширум светот послужил како пример за Дедо Мраз, кој во христијанската култура се смета за човек кој разнесува подароци на санка влечена од ирваси.

Легендата за Дедо Мраз потекнува од Свети Никола, кој бил бискуп познат по својата великодушност и љубов кон децата. Една од славните приказни за неговата великодушност кажува дека тој еднаш на еден сиромашен човек му фрлил цела вреќа со богатство, која требала да му послужи како мираз за неговите ќерки, кои инаку требало да бидат продадена како робинки.

Сиромавиот човек златото го криел во своите чизми, кои се сушеле покрај печката. Затоа денес децата ги оставаат своите чизми покрај врата, за Свети Никола да им даде некаков подарок.

Поврзаноста на Свети Никола и Дедо Мраз е видлива од англиското име кое гласи Santa Claus, а тој не е никој друг туку Saint Nicholas, односно Свети Никола.

Но, во повеќето христијански средина Свети Никола се задржал како делител на подароци низ светот, а тој период од годината е прилика за дружење, подарување и радост.

 

The post Како Свети Никола станал „Дедо Мраз“? appeared first on Република.

]]>

Свети Никола бил прогласен за светец за време на неговиот живот, но набргу по неговата смрт се верувало дека тој е всушност претходник на „Дедо Мраз“. Свети Никола, епископ Мирски од четвртиот век, уште во текот на животот се сметал за светец и чудотворец и бил повикан да помогне во случај на болест или несреќи, а тој одговарал и им помагал на сите. Се слави како заштитник на децата, учениците, морнарите, патниците, трговците и стрелците, а најпознат е по своите подароци за сиромашните. Во многу христијански земји се слави како празник на децата, а децата потоа добиваат подароци, доколку биле послушни. За разлика од западниот свет, кој најмногу го прифаќаше Дедо Мраз, кој беше создаден врз основа на приказната за Свети Никола, православниот дел од христијанството го слави Свети Никола како еден од најголемите светци, како симбол на дарежливост и тајно милосрдие. Ликот на Свети Никола, познат по долгиот црвен капут и белата брада, во многу земји ширум светот послужил како пример за Дедо Мраз, кој во христијанската култура се смета за човек кој разнесува подароци на санка влечена од ирваси. Легендата за Дедо Мраз потекнува од Свети Никола, кој бил бискуп познат по својата великодушност и љубов кон децата. Една од славните приказни за неговата великодушност кажува дека тој еднаш на еден сиромашен човек му фрлил цела вреќа со богатство, која требала да му послужи како мираз за неговите ќерки, кои инаку требало да бидат продадена како робинки. Сиромавиот човек златото го криел во своите чизми, кои се сушеле покрај печката. Затоа денес децата ги оставаат своите чизми покрај врата, за Свети Никола да им даде некаков подарок. Поврзаноста на Свети Никола и Дедо Мраз е видлива од англиското име кое гласи Santa Claus, а тој не е никој друг туку Saint Nicholas, односно Свети Никола. Но, во повеќето христијански средина Свети Никола се задржал како делител на подароци низ светот, а тој период од годината е прилика за дружење, подарување и радост.  

The post Како Свети Никола станал „Дедо Мраз“? appeared first on Република.

]]>
Девојче одби да седне во скутот на Дедо Мраз, а неговиот одговор стана вистински хит https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/devojche-odbi-da-sedne-vo-skutot-na-dedo-mraz-a-negoviot-odgovor-stana-vistinski-hit/ Sun, 17 Dec 2023 09:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=723842

Одговорот на маж облечен како Дедо Мраз откако девојче одбило да му седне во скут стана вирален.

Кејти Лав од Флорида ја фатила својата тригодишна ќерка Адли како го посетува Дедо Мраз во Риц-Карлтон Ки Бискејн во Мајами. Во клипот, кој е прегледан два милиони пати откако е објавен оваа недела, нејзината ќерка му вели „не“ на Дедо Мраз кога тој ја прашува дали сака да му седне во скут.

За време на празниците вообичаено е децата да седат во скутот на Дедо Мраз додека се сликаат и му кажуваат какви подароци сакаат за Божиќ. Меѓутоа, кога малата Адли цврсто ги утврдила своите граници со Дедо Мраз, тој ја пофалил нејзината способност да комуницира.

Ова е нејзиното тело и таа го контролира своето тело. Ја прашав дали сака да ми седи во скут и таа ми рече не, а јас реков: „Тоа е начинот на кој се залагаш за себе и начинот на кој ги кажуваш своите верувања“. Не морате да му се предадете на Дедо Мраз. Ако не сакате да му седите во скут - кажете му - не“, изјави тој пред камерата.

Видеото стана вирален хит, а илјадници луѓе го пофалија одговорот на овој Дедо Мраз.

@katielovesocial This response was 🔥Thank you Santa for respecting my daughter's choice & even applauding her for it!🎄🎅 #toddlersoftiktok #santaclaus #christmastiktok #toddlersbelike #adviceforgirls #importantmessage #toddlermom #toddlertok #wholesomemoments #femaleempowerment #girlpower #bodyautonomy ♬ original sound - Katie Love

The post Девојче одби да седне во скутот на Дедо Мраз, а неговиот одговор стана вистински хит appeared first on Република.

]]>

Одговорот на маж облечен како Дедо Мраз откако девојче одбило да му седне во скут стана вирален. Кејти Лав од Флорида ја фатила својата тригодишна ќерка Адли како го посетува Дедо Мраз во Риц-Карлтон Ки Бискејн во Мајами. Во клипот, кој е прегледан два милиони пати откако е објавен оваа недела, нејзината ќерка му вели „не“ на Дедо Мраз кога тој ја прашува дали сака да му седне во скут. За време на празниците вообичаено е децата да седат во скутот на Дедо Мраз додека се сликаат и му кажуваат какви подароци сакаат за Божиќ. Меѓутоа, кога малата Адли цврсто ги утврдила своите граници со Дедо Мраз, тој ја пофалил нејзината способност да комуницира.
Ова е нејзиното тело и таа го контролира своето тело. Ја прашав дали сака да ми седи во скут и таа ми рече не, а јас реков: „Тоа е начинот на кој се залагаш за себе и начинот на кој ги кажуваш своите верувања“. Не морате да му се предадете на Дедо Мраз. Ако не сакате да му седите во скут - кажете му - не“, изјави тој пред камерата.
Видеото стана вирален хит, а илјадници луѓе го пофалија одговорот на овој Дедо Мраз.
@katielovesocial This response was 🔥Thank you Santa for respecting my daughter's choice & even applauding her for it!🎄🎅 #toddlersoftiktok #santaclaus #christmastiktok #toddlersbelike #adviceforgirls #importantmessage #toddlermom #toddlertok #wholesomemoments #femaleempowerment #girlpower #bodyautonomy ♬ original sound - Katie Love

The post Девојче одби да седне во скутот на Дедо Мраз, а неговиот одговор стана вистински хит appeared first on Република.

]]>
Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Пиши му на Дедо Мраз“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kumanovskiot-teatar-premierno-ke-ja-izvede-pretstavata-pishi-mu-na-dedo-mraz/ Sat, 16 Dec 2023 10:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=723577

Театар Куманово денеска во 17:00 часот, премиерно ќе ја изведе детската претстава „Пиши му на Дедо Мраз“.

Од театарот објаснуваат дека претставата е интересен новогодишно сценски приказ каде најмалите ќе може да ги кажат своите желби и да си посакаат убави новогодишни празници. Претставата ја прикажува детската еуфорија од исчекувањето на Дедо Мраз, судирот на современото и традиционалното, детските желби за хармоничен свет.

Новогодишна еуфорија за најмалите преку театарската магија, ќе нè посети Дедо Мраз, ќе му напишеме мејл на Дедо Мраз, преку ликовите на две деца, Тамара и Кире, ќе видиме колку се креативни децата кога се инспирирани од исчекувањето на посетата на Дедо Мраз. Дедо Мраз со една единствена порака и желба, децата без разлика од кој дел на светот, треба да бидат еднакви, да живеат во хармоничен свет полн со љубов. Во 35 минутното театарско патување со Дедо Мраз, Тамара и Кире, се надеваме дека ќе придонесеме за уште поубаво новогодишно расположение за најмалата, но најдрага наша публика, вели режисерката, Бојана Краљевска Стојков.

Во новогодишната детска претстава играат актерите од кумановски театар: Сања Русеска, Владо Дојчиновски и Давид Илиќ, текстот и сонговите се на Зоран Зафировски, сценографија на Крсто Богојевски, костимите на Дарко Илиевски, а музички соработници се Александар Митрички, Никола Стојковски, Стефан Стојмановски, Ангела Ѓоргиевска, дизајн на постер е на Стефан Јакимовски.

Новогодишниот сценско-музички приказ „Пиши му на Дедо Мраз“ е весела пиеса за двајца третоодделенци и за нивните новогодишни желби и возбуди при „случајната“ посета на Дедо Мраз. Низ детски хумор прикажан е судирот меѓу традиционалното и современото преку дилемата: дали на Дедо Мраз да му се напише писмо или мејл? На крајот се испраќа топла порака за мир во светот, пишува драматургот, Зоран Зафировски.

Претставата од понеделник (18 декември 2023) ќе се игра за основните училишта од градот и за публиката.

The post Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Пиши му на Дедо Мраз“ appeared first on Република.

]]>

Театар Куманово денеска во 17:00 часот, премиерно ќе ја изведе детската претстава „Пиши му на Дедо Мраз“. Од театарот објаснуваат дека претставата е интересен новогодишно сценски приказ каде најмалите ќе може да ги кажат своите желби и да си посакаат убави новогодишни празници. Претставата ја прикажува детската еуфорија од исчекувањето на Дедо Мраз, судирот на современото и традиционалното, детските желби за хармоничен свет.
Новогодишна еуфорија за најмалите преку театарската магија, ќе нè посети Дедо Мраз, ќе му напишеме мејл на Дедо Мраз, преку ликовите на две деца, Тамара и Кире, ќе видиме колку се креативни децата кога се инспирирани од исчекувањето на посетата на Дедо Мраз. Дедо Мраз со една единствена порака и желба, децата без разлика од кој дел на светот, треба да бидат еднакви, да живеат во хармоничен свет полн со љубов. Во 35 минутното театарско патување со Дедо Мраз, Тамара и Кире, се надеваме дека ќе придонесеме за уште поубаво новогодишно расположение за најмалата, но најдрага наша публика, вели режисерката, Бојана Краљевска Стојков.
Во новогодишната детска претстава играат актерите од кумановски театар: Сања Русеска, Владо Дојчиновски и Давид Илиќ, текстот и сонговите се на Зоран Зафировски, сценографија на Крсто Богојевски, костимите на Дарко Илиевски, а музички соработници се Александар Митрички, Никола Стојковски, Стефан Стојмановски, Ангела Ѓоргиевска, дизајн на постер е на Стефан Јакимовски.
Новогодишниот сценско-музички приказ „Пиши му на Дедо Мраз“ е весела пиеса за двајца третоодделенци и за нивните новогодишни желби и возбуди при „случајната“ посета на Дедо Мраз. Низ детски хумор прикажан е судирот меѓу традиционалното и современото преку дилемата: дали на Дедо Мраз да му се напише писмо или мејл? На крајот се испраќа топла порака за мир во светот, пишува драматургот, Зоран Зафировски.
Претставата од понеделник (18 декември 2023) ќе се игра за основните училишта од градот и за публиката.

The post Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Пиши му на Дедо Мраз“ appeared first on Република.

]]>
Дедомразовска трка низ улиците на Скопје на 24 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dedomrazovska-trka-niz-ulitsite-na-skopje-na-24-dekemvri/ Thu, 14 Dec 2023 11:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=722904

И годинава, в недела на 24 декември скопјани ќе имаат можност да учествуваат во традиционалната новогодишна дедомразовска трка низ улиците на главниот град, облечени во костуми на Дедо Мраз.

Трката е во организација на „Прв до Врв“, а ќе започне во 12 часот. Трасата за трчање ќе биде во должина од два километри.

Пријавувањето за учество во овој предновогодишен настан завршува в петок на 22 декември или порано, доколку се потрошат деомразовските костуми.

Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката. Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.

Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години (родено 2013 година и помало) добива новогодишно пакетче доколку се пријави до среда, 20 декември 2023 година (доколку пријавувањето биде затворено порано заради пополнување на предвидениот број на учесници).

Според програмата, издавањето на стратните броеви ќе биде од 10 до 12 часот, а од 12 до 13 часот е фитнес загревање и почетокот на трката, додека од 13 до 14 часот е прогласувањето на победниците и лотаријата.

 

The post Дедомразовска трка низ улиците на Скопје на 24 декември appeared first on Република.

]]>

И годинава, в недела на 24 декември скопјани ќе имаат можност да учествуваат во традиционалната новогодишна дедомразовска трка низ улиците на главниот град, облечени во костуми на Дедо Мраз. Трката е во организација на „Прв до Врв“, а ќе започне во 12 часот. Трасата за трчање ќе биде во должина од два километри. Пријавувањето за учество во овој предновогодишен настан завршува в петок на 22 декември или порано, доколку се потрошат деомразовските костуми. Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката. Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател. Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години (родено 2013 година и помало) добива новогодишно пакетче доколку се пријави до среда, 20 декември 2023 година (доколку пријавувањето биде затворено порано заради пополнување на предвидениот број на учесници). Според програмата, издавањето на стратните броеви ќе биде од 10 до 12 часот, а од 12 до 13 часот е фитнес загревање и почетокот на трката, додека од 13 до 14 часот е прогласувањето на победниците и лотаријата.  

The post Дедомразовска трка низ улиците на Скопје на 24 декември appeared first on Република.

]]>
Памела Андерсон во „блиска средба“ со Дедо Мраз, му покажа дека Божиќ веќе помина https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/pamela-anderson-vo-bliska-sredba-so-dedo-mraz-mu-pokazha-deka-bozhik-veke-pomina/ Tue, 27 Dec 2022 06:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=590316

Eдна од најпознатите русокоси во светот, Памела Андерсон (55), последниве години не се појавува често во јавноста, но кога тоа ќе се случи, таа предизвикува огромно внимание во јавноста.

Ѕвездата на култната ТВ серија „Чуварите на плажата“, е позната по своите заноси облини, но сега се појави и во малку поинакво издание.

Облечена во долг и елегантен бел фустан, со огромна шапка покриена со реси, Памела се појави на снимка на која заводливо се симнува по скали, додека зад себе влече елка. Кулминацијата на видеото доаѓа кога Памела има „близок“ контакт со Дедо Мраз.

The post Памела Андерсон во „блиска средба“ со Дедо Мраз, му покажа дека Божиќ веќе помина appeared first on Република.

]]>

Eдна од најпознатите русокоси во светот, Памела Андерсон (55), последниве години не се појавува често во јавноста, но кога тоа ќе се случи, таа предизвикува огромно внимание во јавноста. Ѕвездата на култната ТВ серија „Чуварите на плажата“, е позната по своите заноси облини, но сега се појави и во малку поинакво издание. Облечена во долг и елегантен бел фустан, со огромна шапка покриена со реси, Памела се појави на снимка на која заводливо се симнува по скали, додека зад себе влече елка. Кулминацијата на видеото доаѓа кога Памела има „близок“ контакт со Дедо Мраз.

The post Памела Андерсон во „блиска средба“ со Дедо Мраз, му покажа дека Божиќ веќе помина appeared first on Република.

]]>
Дедо Мраз со балон слета во Кисела Вода, пакетчиња добија преку 3000 деца! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dedo-mraz-so-balon-sleta-vo-kisela-voda-paketchinja-dobija-preku-3000-deca/ Sat, 24 Dec 2022 13:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=589470

Со голем балон на топол воздух, Дедо Мраз денес слета во паркот во Кисела Вода и донесе пакетчиња за преку 3000 дечиња. Ова беше финалето на новогодишниот настан кој го организираше Општина Кисела Вода и кој за најмладите овозможи двочасовна забава-театарска претстава од општинските градинки и концерт на изведувачите од детскиот фестивал „Поточиња“. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна желбата на локалната самоуправа да им ги разубави празниците на сите граѓани и да им овозможи на најмладите со подарок и со спектакуларен настан кој ќе го паметат да ја испратат старата и дочекаат Новата 2023 година.

-Новогодишниот период е време кога ja прославуваме радоста, кога еден на друг си посветуваме повеќе внимание, кога со возбуда го очекуваме новиот почеток кој треба да донесе здравје, среќа, успех и други убави нешта за нашите најсакани. Се чини дека најважни за сите нас, сепак, се децата чии желби се најискрени и најтопли. Општина Кисела Вода одлучи да им ги разубави празниците на сите најмлади, да направи нешто несекојдневно за нив и силно верувам дека денешниот настан ќе го паметат долго време. Нашата честитка годинава изгледа вака- со театарска претстава, со концерт на омилените “Поточиња” и со новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои се тука присутни. Нив ги донесе Дедо Мраз, а тој, како никаде и никогаш досега, само за децата од Кисела Вода, пристигна со балон. Со настан за паметење да започнеме нова година за паметење-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, честитајќи ја уште еднаш Новата 2023-та година и додавајќи дека овој настан ќе премине во традиционален.

The post Дедо Мраз со балон слета во Кисела Вода, пакетчиња добија преку 3000 деца! appeared first on Република.

]]>

Со голем балон на топол воздух, Дедо Мраз денес слета во паркот во Кисела Вода и донесе пакетчиња за преку 3000 дечиња. Ова беше финалето на новогодишниот настан кој го организираше Општина Кисела Вода и кој за најмладите овозможи двочасовна забава-театарска претстава од општинските градинки и концерт на изведувачите од детскиот фестивал „Поточиња“. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна желбата на локалната самоуправа да им ги разубави празниците на сите граѓани и да им овозможи на најмладите со подарок и со спектакуларен настан кој ќе го паметат да ја испратат старата и дочекаат Новата 2023 година. -Новогодишниот период е време кога ja прославуваме радоста, кога еден на друг си посветуваме повеќе внимание, кога со возбуда го очекуваме новиот почеток кој треба да донесе здравје, среќа, успех и други убави нешта за нашите најсакани. Се чини дека најважни за сите нас, сепак, се децата чии желби се најискрени и најтопли. Општина Кисела Вода одлучи да им ги разубави празниците на сите најмлади, да направи нешто несекојдневно за нив и силно верувам дека денешниот настан ќе го паметат долго време. Нашата честитка годинава изгледа вака- со театарска претстава, со концерт на омилените “Поточиња” и со новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои се тука присутни. Нив ги донесе Дедо Мраз, а тој, како никаде и никогаш досега, само за децата од Кисела Вода, пристигна со балон. Со настан за паметење да започнеме нова година за паметење-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, честитајќи ја уште еднаш Новата 2023-та година и додавајќи дека овој настан ќе премине во традиционален.

The post Дедо Мраз со балон слета во Кисела Вода, пакетчиња добија преку 3000 деца! appeared first on Република.

]]>
Дедо Мраз со балон ќе слета во Кисела Вода, ќе има пакетчиња за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dedo-mraz-so-balon-kje-sleta-vo-kisela-voda-kje-ima-paketchinja-za-site/ Sat, 24 Dec 2022 07:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=589384

Денеска со почеток од 10:30 часот, во паркот на „Есенинова“ во Кисела Вода се организира предновогодишна забава најмладите жители на општината. Покрај театарската претстава и концертот со песни од детскиот фестивал „Поточиња“, главниот настан е пристигнувањето на Дедо Мраз со балон.

Драги мајки и татковци, баби и дедовци, најдраги дечиња, оваа сабота Дедо Мраз со балон ни доаѓа од Лапонија и ќе подели пакетчиња на СИТЕ! Ве поканувам сите заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и сите заедно да го пречекаме Дедо Мраз, да ја испратиме старата и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во новата што ни доаѓа, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

The post Дедо Мраз со балон ќе слета во Кисела Вода, ќе има пакетчиња за сите appeared first on Република.

]]>

Денеска со почеток од 10:30 часот, во паркот на „Есенинова“ во Кисела Вода се организира предновогодишна забава најмладите жители на општината. Покрај театарската претстава и концертот со песни од детскиот фестивал „Поточиња“, главниот настан е пристигнувањето на Дедо Мраз со балон.
Драги мајки и татковци, баби и дедовци, најдраги дечиња, оваа сабота Дедо Мраз со балон ни доаѓа од Лапонија и ќе подели пакетчиња на СИТЕ! Ве поканувам сите заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и сите заедно да го пречекаме Дедо Мраз, да ја испратиме старата и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во новата што ни доаѓа, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

The post Дедо Мраз со балон ќе слета во Кисела Вода, ќе има пакетчиња за сите appeared first on Република.

]]>
Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novogodishni-paketchinja-za-decata-na-pripadnicite-na-armijata/ Sat, 24 Dec 2022 07:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=589387

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи прием за семејствата на припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мировни операции во странство и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на армиските припадници.

Како што е најавено, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на пладне заедно со семејствата ќе воспостават видео-конференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Летонија, Романија, Бугарија, Либан, Централноафриканската Република и Ирак. Потоа ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.

Со пристигнување на Дедо Мраз со армиски хеликоптер ќе следи традиционалната церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници од воздухопловниот ВИНГ, како и на децата на припадници на Армијата од останатите армиски команди и единици и Министерството за одбрана.

Манифестацијата на поделба на пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, која е во организација на воздухопловниот ВИНГ ќе се реализира на воениот дел од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Оваа активност, која традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници и е особено интересна за најмладите, поради симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер, поради епидемиолошките мерки за заштита од пандемијата со Ковид 19 не се изведуваше во изминатите две години, потсетуваат од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

The post Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи прием за семејствата на припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мировни операции во странство и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на армиските припадници. Како што е најавено, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на пладне заедно со семејствата ќе воспостават видео-конференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Летонија, Романија, Бугарија, Либан, Централноафриканската Република и Ирак. Потоа ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците. Со пристигнување на Дедо Мраз со армиски хеликоптер ќе следи традиционалната церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници од воздухопловниот ВИНГ, како и на децата на припадници на Армијата од останатите армиски команди и единици и Министерството за одбрана. Манифестацијата на поделба на пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, која е во организација на воздухопловниот ВИНГ ќе се реализира на воениот дел од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Оваа активност, која традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници и е особено интересна за најмладите, поради симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер, поради епидемиолошките мерки за заштита од пандемијата со Ковид 19 не се изведуваше во изминатите две години, потсетуваат од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

The post Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>