деца бегалци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deca-begalci/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 06:14:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деца бегалци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/deca-begalci/ 32 32 Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе одбележат 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-egejskiot-del-na-makedonija-ke-odbelezhat-75-godini-od-krajot-na-graganskata-vojna-vo-grtsija/ Fri, 08 Sep 2023 06:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=679832

По повод 8 Септември - Денот на независноста, 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) и организирање на Шестата средба на децата бегалци, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и Општина Штип денеска организираат настан во дворот на црквата „Св.Константин и Елена“ во населба Балканска во Штип.

На средбата ќе присуствуваат гости од државава и од соседните земји Албанија, Грција и Бугарија. Програмата ќе почне во 10.30 часот со свечен дел и ќе продолжи со културно-забавна програма.

Во организација на Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Скопје, пак, денеска кај Катлановска Бања - Општина Петровец ќе се одржи традиционална средба.

Средбата ќе ја одбележиме со собир и полагање цвеќе на споменикот кој го подигнавме во знак на сеќавање на загинатите и ранетите македонски борци од Егејскиот дел на Македонија кои се бореа против фашизмот од 1940 до 1945 и во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 против монархофашизмот во Грција за независна Македонија, соопшти Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Скопје.

Собирот ќе почне во 10 часот пред Споменикот на платото на Катлановска Бања, каде цвеќе ќе положи делегација на Здружението Форум човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Скопје и претставници на невладини организации, политички партии и други здуженија.

The post Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе одбележат 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември - Денот на независноста, 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) и организирање на Шестата средба на децата бегалци, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ и Општина Штип денеска организираат настан во дворот на црквата „Св.Константин и Елена“ во населба Балканска во Штип. На средбата ќе присуствуваат гости од државава и од соседните земји Албанија, Грција и Бугарија. Програмата ќе почне во 10.30 часот со свечен дел и ќе продолжи со културно-забавна програма. Во организација на Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Скопје, пак, денеска кај Катлановска Бања - Општина Петровец ќе се одржи традиционална средба.
Средбата ќе ја одбележиме со собир и полагање цвеќе на споменикот кој го подигнавме во знак на сеќавање на загинатите и ранетите македонски борци од Егејскиот дел на Македонија кои се бореа против фашизмот од 1940 до 1945 и во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 против монархофашизмот во Грција за независна Македонија, соопшти Форумот за човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Скопје.
Собирот ќе почне во 10 часот пред Споменикот на платото на Катлановска Бања, каде цвеќе ќе положи делегација на Здружението Форум човекови права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Скопје и претставници на невладини организации, политички партии и други здуженија.

The post Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе одбележат 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција appeared first on Република.

]]>
Манифестација по повод 34 години од поставувањето на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manifestacija-po-povod-34-godini-od-postavuvanjeto-na-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/ Sat, 02 Jul 2022 07:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=522449

Делегации од Собранието, Владата и кабинетот на претседателот на државата, градоначалникот на општина Центар и претставници на други институции и граѓани, денеска ќе положат цвеќе пред споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во паркот „Жена борец“, по повод 34 години од поставувањето на споменикот, а во чест на Светските средби.

На манифестацијата, како што информираат од Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т’га за југ, ќе има и ученици од 5. до 9. одделение од основните училишта од повеќе градови.

The post Манифестација по повод 34 години од поставувањето на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија appeared first on Република.

]]>

Делегации од Собранието, Владата и кабинетот на претседателот на државата, градоначалникот на општина Центар и претставници на други институции и граѓани, денеска ќе положат цвеќе пред споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во паркот „Жена борец“, по повод 34 години од поставувањето на споменикот, а во чест на Светските средби. На манифестацијата, како што информираат од Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т’га за југ, ќе има и ученици од 5. до 9. одделение од основните училишта од повеќе градови.

The post Манифестација по повод 34 години од поставувањето на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија appeared first on Република.

]]>