дебелеење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/debeleenje/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 08:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дебелеење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/debeleenje/ 32 32 Доктор споделува трик со вода со кој ќе го спречите дебелеењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/doktor-spodeluva-trik-so-voda-so-koj-ke-go-sprechite-debeleeneto/ Tue, 14 May 2024 08:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=777813

Американскиот лекар Мајкл Мозли тврди дека не само она што го јадеме, туку и начинот на кој јадеме може да ги намали шансите за прекумерна тежина и развој на дијабетес тип 2.

Тој потенцира дека брзото јадење може да придонесе за зголемување на телесната тежина, бидејќи тоа влијае на ослободувањето на хормоните кои го потиснуваат гладот. За ова се повикува на студија од 2018 година изработен врз речиси 60.000 испитаници, која покажува дека оние кои бавно јадат имаат 42% помали шанси да станат дебели.

Д-р Мозли објаснува дека јадењето побавно му дава на телото повеќе време да му се сигнализира на мозокот дека е консумирано доволно храна.

Исто така, советува дека најдобар начин да го забавите јадењето е да пиете голтка вода помеѓу два залака.

Мозли советува и да ги јадете оброците на маса наместо да стоите, пред телевизор или додека одите. Тој, исто така, истакнува дека домашно зготвените оброци не само што содржат повеќе влакна во споредба со ултра-обработената храна, туку бараат и повеќе време за џвакање и уживање.

The post Доктор споделува трик со вода со кој ќе го спречите дебелеењето appeared first on Република.

]]>

Американскиот лекар Мајкл Мозли тврди дека не само она што го јадеме, туку и начинот на кој јадеме може да ги намали шансите за прекумерна тежина и развој на дијабетес тип 2. Тој потенцира дека брзото јадење може да придонесе за зголемување на телесната тежина, бидејќи тоа влијае на ослободувањето на хормоните кои го потиснуваат гладот. За ова се повикува на студија од 2018 година изработен врз речиси 60.000 испитаници, која покажува дека оние кои бавно јадат имаат 42% помали шанси да станат дебели. Д-р Мозли објаснува дека јадењето побавно му дава на телото повеќе време да му се сигнализира на мозокот дека е консумирано доволно храна. Исто така, советува дека најдобар начин да го забавите јадењето е да пиете голтка вода помеѓу два залака. Мозли советува и да ги јадете оброците на маса наместо да стоите, пред телевизор или додека одите. Тој, исто така, истакнува дека домашно зготвените оброци не само што содржат повеќе влакна во споредба со ултра-обработената храна, туку бараат и повеќе време за џвакање и уживање.

The post Доктор споделува трик со вода со кој ќе го спречите дебелеењето appeared first on Република.

]]>
Како да се спречи дебелеењето? https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/kako-da-se-sprechi-debeleenjeto/ Sat, 29 Jan 2022 10:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=451071

Во Македонија последниве осум години се зголеми стапката на дебелеење кај возрасните и кај децата, а се смета дека најодговорни за тоа се исхраната и намалената физичка активност, поточно повеќечасовното седење пред компјутер, таблет, телевизор или мобилен во комбинација со брза храна.

Истражувањата покажуваат дека секој втор жител не јаде овошје, а секој петти не размислува за здравјето кога купува храна.

Причини за дебелеење:

Зголемено консумирање маснотии и прости јаглехидрати

Намалена физичка активност

Голема достапност на висококалорична храна

Напуштање на традиционалниот начин на исхрана (семејна маса со готвени јадења)

ДЕБЕЛИНАТА – тригер за многу болести. Се проценува дека прекумерната телесна тежина е одговорна за развој дури на 50 болести. Против неа се борат околу 600 милиони луѓе во светот. Најмалку 155 милиони деца на училишна возраст се дебели или на границата на дебелеење.

Дебелите лица што ќе одлучат да го намалат обемот на половината најчесто го прават тоа бидејќи им е нарушено здравјето. Истражувањата покажуваат дека дебелината може да доведе до хронични болести, дијабетес, хипертензија, мозочен удар, карцином (дојка, дебело црево, панкреас, бубрег, простата), да влијае врз работата на белите дробови, но и на коскено-злобниот систем.

The post Како да се спречи дебелеењето? appeared first on Република.

]]>

Во Македонија последниве осум години се зголеми стапката на дебелеење кај возрасните и кај децата, а се смета дека најодговорни за тоа се исхраната и намалената физичка активност, поточно повеќечасовното седење пред компјутер, таблет, телевизор или мобилен во комбинација со брза храна. Истражувањата покажуваат дека секој втор жител не јаде овошје, а секој петти не размислува за здравјето кога купува храна. Причини за дебелеење: Зголемено консумирање маснотии и прости јаглехидрати Намалена физичка активност Голема достапност на висококалорична храна Напуштање на традиционалниот начин на исхрана (семејна маса со готвени јадења) ДЕБЕЛИНАТА – тригер за многу болести. Се проценува дека прекумерната телесна тежина е одговорна за развој дури на 50 болести. Против неа се борат околу 600 милиони луѓе во светот. Најмалку 155 милиони деца на училишна возраст се дебели или на границата на дебелеење. Дебелите лица што ќе одлучат да го намалат обемот на половината најчесто го прават тоа бидејќи им е нарушено здравјето. Истражувањата покажуваат дека дебелината може да доведе до хронични болести, дијабетес, хипертензија, мозочен удар, карцином (дојка, дебело црево, панкреас, бубрег, простата), да влијае врз работата на белите дробови, но и на коскено-злобниот систем.

The post Како да се спречи дебелеењето? appeared first on Република.

]]>