Дебата за преводот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/debata-za-prevodot/ За подобро да се разбереме Fri, 26 May 2023 07:25:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дебата за преводот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/debata-za-prevodot/ 32 32 Писатели и преведувачи ќе дебатираат за преводот на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pisateli-i-preveduvachi-ke-debatiraat-za-prevodot-na-megunarodniot-festival-denovi-na-prozata/ Fri, 26 May 2023 07:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=644733

Денеска, на 26 мај со почетокот во 17 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи дебата за преводот во која ќе учествуваат двајца писатели и нивните преведувачи: бугарската писателка Елена Алексиева и нејзината преведувачка на македонски јазик, Катица Гаровска, и македонскиот писател Петар Андоновски и неговиот преведувач на словенечки јазик, Сашо Пуљаревиќ. Разговорот е во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ што на 25 и 26 мај се одржува во Куманово. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанковски.

Во рамки на настанот писателите и нивните преведувачи ќе ги споделат своите перспективи за уметноста на преводот, за преведувањето дела од блиски културни контексти, а ќе ги споделат и своите искуства за преводот на конкретните прозни дела на кои работеле: „Прекинувањето на Самсара“ од Елена Алексиева и „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски.

Учеството на преведувачот Сашо Пуљаревиќ на фестивалот е во рамки на неговиот резиденцијален престој во Скопје, во текот на кој работи на преводот на словенечки јазик на романот „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Резиденцијалниот престој на Сашо Пуљаревиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

 

The post Писатели и преведувачи ќе дебатираат за преводот на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ appeared first on Република.

]]>

Денеска, на 26 мај со почетокот во 17 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи дебата за преводот во која ќе учествуваат двајца писатели и нивните преведувачи: бугарската писателка Елена Алексиева и нејзината преведувачка на македонски јазик, Катица Гаровска, и македонскиот писател Петар Андоновски и неговиот преведувач на словенечки јазик, Сашо Пуљаревиќ. Разговорот е во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ што на 25 и 26 мај се одржува во Куманово. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанковски. Во рамки на настанот писателите и нивните преведувачи ќе ги споделат своите перспективи за уметноста на преводот, за преведувањето дела од блиски културни контексти, а ќе ги споделат и своите искуства за преводот на конкретните прозни дела на кои работеле: „Прекинувањето на Самсара“ од Елена Алексиева и „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Учеството на преведувачот Сашо Пуљаревиќ на фестивалот е во рамки на неговиот резиденцијален престој во Скопје, во текот на кој работи на преводот на словенечки јазик на романот „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Резиденцијалниот престој на Сашо Пуљаревиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.  

The post Писатели и преведувачи ќе дебатираат за преводот на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ appeared first on Република.

]]>