дебарски ловџии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/debarski-lovdhii/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Dec 2023 16:01:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дебарски ловџии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/debarski-lovdhii/ 32 32 Дебарските ловџии поставија 120 дрвени хранителки за прихрана на мечки https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/debarskite-lovdhii-postavija-120-drveni-hranitelki-za-prihrana-na-mechki/ Sun, 03 Dec 2023 16:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=718987

Членови на дебарското здружението на ловци „Стогово-2“, во кое членуваат и оние од Центар Жупа, успешно реализираа акција за прихранување на мечки и друг дивеч.

Во изминатите два дена ја спроведовме првата акција за прихранување, која всушност е прва и на ниво на држава. Поставивме 120 дрвени хранителки со храна на локации во планинските предели. Станува збор за илјада килограми пченка, истото околку пченица, 200 килограми сол, 22 солени камења, 300 килограми јаболка, информираше за МИА, Роланд Војника претседател на здружението.

Посочува дека ова не би било можно доколку ја немале поддршката од локалната власт на Дебар, од каде ги добиле финансиските средства.

Одлука за преземање на ваква активност била донесена на седница на Управниот одбор на здружението, по расправата за тешката ситуација поради голем и неконтролиран број на мечки, но и диви свињи, кои претставуваат ризик за населението на Дебар и Центар Жупа.

Се знае дека е голема присутноста на мечки, појава до сега не регистрирана во ова подрачје, а што оправдано предизвикува голема загриженост кај населението. За среќа до сега нема регистриран напад. Недостигот на храна за дивите животни, е причина за нивно доближување до населените места, оценува Војника.

Тој со критики до концесионерите, кои, вели, не вршат прихранување, па дивечот по потрага по храна се доближува до населените места, што дополнително им ја зголемува и агресивноста.

Војника најавува и други вакви акции за што веќе преземаат чекори за обезбедување средства за набавка на храна.

Инаку, акцијата беше планирана за минатиот викенд, но беше одложена поради невремето што го зафати подрачјето.

The post Дебарските ловџии поставија 120 дрвени хранителки за прихрана на мечки appeared first on Република.

]]>

Членови на дебарското здружението на ловци „Стогово-2“, во кое членуваат и оние од Центар Жупа, успешно реализираа акција за прихранување на мечки и друг дивеч.
Во изминатите два дена ја спроведовме првата акција за прихранување, која всушност е прва и на ниво на држава. Поставивме 120 дрвени хранителки со храна на локации во планинските предели. Станува збор за илјада килограми пченка, истото околку пченица, 200 килограми сол, 22 солени камења, 300 килограми јаболка, информираше за МИА, Роланд Војника претседател на здружението.
Посочува дека ова не би било можно доколку ја немале поддршката од локалната власт на Дебар, од каде ги добиле финансиските средства. Одлука за преземање на ваква активност била донесена на седница на Управниот одбор на здружението, по расправата за тешката ситуација поради голем и неконтролиран број на мечки, но и диви свињи, кои претставуваат ризик за населението на Дебар и Центар Жупа.
Се знае дека е голема присутноста на мечки, појава до сега не регистрирана во ова подрачје, а што оправдано предизвикува голема загриженост кај населението. За среќа до сега нема регистриран напад. Недостигот на храна за дивите животни, е причина за нивно доближување до населените места, оценува Војника.
Тој со критики до концесионерите, кои, вели, не вршат прихранување, па дивечот по потрага по храна се доближува до населените места, што дополнително им ја зголемува и агресивноста. Војника најавува и други вакви акции за што веќе преземаат чекори за обезбедување средства за набавка на храна. Инаку, акцијата беше планирана за минатиот викенд, но беше одложена поради невремето што го зафати подрачјето.

The post Дебарските ловџии поставија 120 дрвени хранителки за прихрана на мечки appeared first on Република.

]]>