дебакл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/debakl/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Dec 2023 16:38:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дебакл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/debakl/ 32 32 СПМ: Владата е единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-vladata-e-edinstveniot-vinovnik-za-makedonskiot-evrointegrativen-debakl/ Fri, 15 Dec 2023 16:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=723408

Социјалистичката партија на Македонија укажува на фактот дека единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл е Владата, односно криминалните партии СДС и ДУИ.

Вчерашниот ден е тежок пораз на Македонија по заслуга на губитниците од актуелната власт.

Овие импровизатори од таканаречениот “Европски” и криминален фронт останаа на дното на листата за отпочување преговори.

Со својата неукост дозволија две држави со дискутабилен територијален статус, со отворени воени дејствија и угасена демократија да имаат приоритет во однос на скоро две деценискиот кандидатски статус на Македонија.

И покрај опозициските предупредувања со прифаќањето на антидржавната преговарачка рамка, без обезбеден консензус, на Македонија и направија огромна штета.

Оваа ненародна и самопрогласена власт е без излезни решенија затоа што е заглавена во епидемиски криминал и корупција.

Оваа влада на СДС и ДУИ го доби вториот историски најлош извештај од ЕК. Власта постојано добива нови црни листи, опомени за корупција, критики за невладеење на правото и отсуството на елементарни реформи, како и отворени предупредувања за криминални инвестиции, а секојдневност станаа убиствата од страна на нивните монструми додека општество се наоѓа во растурање.

Најголемиот влог на оваа антиевропска и антимакедонска влада е илузијата за ЕУ 2030-та е срушен.

Без чувство за национална припадност и за државна одговорност, умислувајќи се за крупен фактор во меѓународната политика, подлегнаа на европските лажни ветувања и охрабрувања за распродавање на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и менување на уставното име.

Од сите тие остапки Македонија доби едно големо ништо, но загуби многу, најмногу од своето достоинство. Ова е сериозна и голема опомена за нацијата која мора да се крене.

Покрај сознанието за недостојноста на криминалните антимакедонски партии СДС и ДУИ на кои во иднина и било кога да им се одземе правото да ги претставуваат интересите на македонскиот народ и држава, се вели во соопштението на СПМ.

 

The post СПМ: Владата е единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија укажува на фактот дека единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл е Владата, односно криминалните партии СДС и ДУИ. Вчерашниот ден е тежок пораз на Македонија по заслуга на губитниците од актуелната власт. Овие импровизатори од таканаречениот “Европски” и криминален фронт останаа на дното на листата за отпочување преговори. Со својата неукост дозволија две држави со дискутабилен територијален статус, со отворени воени дејствија и угасена демократија да имаат приоритет во однос на скоро две деценискиот кандидатски статус на Македонија. И покрај опозициските предупредувања со прифаќањето на антидржавната преговарачка рамка, без обезбеден консензус, на Македонија и направија огромна штета. Оваа ненародна и самопрогласена власт е без излезни решенија затоа што е заглавена во епидемиски криминал и корупција. Оваа влада на СДС и ДУИ го доби вториот историски најлош извештај од ЕК. Власта постојано добива нови црни листи, опомени за корупција, критики за невладеење на правото и отсуството на елементарни реформи, како и отворени предупредувања за криминални инвестиции, а секојдневност станаа убиствата од страна на нивните монструми додека општество се наоѓа во растурање. Најголемиот влог на оваа антиевропска и антимакедонска влада е илузијата за ЕУ 2030-та е срушен. Без чувство за национална припадност и за државна одговорност, умислувајќи се за крупен фактор во меѓународната политика, подлегнаа на европските лажни ветувања и охрабрувања за распродавање на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и менување на уставното име. Од сите тие остапки Македонија доби едно големо ништо, но загуби многу, најмногу од своето достоинство. Ова е сериозна и голема опомена за нацијата која мора да се крене. Покрај сознанието за недостојноста на криминалните антимакедонски партии СДС и ДУИ на кои во иднина и било кога да им се одземе правото да ги претставуваат интересите на македонскиот народ и држава, се вели во соопштението на СПМ.  

The post СПМ: Владата е единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл appeared first on Република.

]]>
Борисов доживеа дебакл на локалните избори за Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borisov-dozhivea-debakl-na-lokalnite-izbori-za-sofija/ Mon, 30 Oct 2023 14:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=696363

ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов доживеа колапс на локалните избори во главниот град Софија. Иако генерално постигна задоволителен резултат на локалните избори ГЕРБ ја загуби Софија по 18 години. Борисов ја почна политичката кариера токму како градоначалник на Софија и ова означува еден специфичен удар за неговото политичко кредо.

По првиот круг на изборите и пребројани една третина од гласовите во Софија убедливо води пандидатот на коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија, бизнисменот Васил Терзиев, со 32 отсто, втора е познатиот борец за синдикални права Вања Григорова, која е кандидат на БСП, со 22,6 отсто, додека кандидатот на ГЕРБ, новинарот Антон Хекимјан заостанува со 19 проценти од гласовите. Што значи дека не влегува во вториот круг. И во гласањето за општинскиот совет ГЕРБ заостанува, освојувајќи 20 отсто наспроти 33 проценти за ПП-ДБ. Анкетите одамна предвидуваа дека гласачкото тело на граѓанската коалиција ПП-ДБ во Софија е многу силно, но невлегувањето во второт круг на кандидатот на ГЕРБ е сериозен удар за Борисов, што покажува колку се намалува влијанието на партијата. Иако на државно ниво сѐ уште е прва по освоениот број гласови.

За да остане мотивацијата кај гласачите на ГЕРБ во Софија тие ќе имаат можност да излезат во втгориот круг и да гласаат за изборот на градоначалници во 20 квартови на главниот град, каде во огромниот дел водат кандидатите на ПП-ДБ, а нивните членови се главно втори.

ГЕРБ може да се пофали дека во првиот круг нејзини кандидати (или што ги поддржала) победија во шест града (најважниот од нив е Бургас), но гласовите за општинските совети не се толку убедливи. Според досега избројаните гласови неочекувано добар резултат има коалицијата ПП-ДБ, која освојува повеќе отколку што ѝ предвидуваа анкетите.

Излезноста беше многу мала, само 36,9 отсто.

 

The post Борисов доживеа дебакл на локалните избори за Софија appeared first on Република.

]]>

ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов доживеа колапс на локалните избори во главниот град Софија. Иако генерално постигна задоволителен резултат на локалните избори ГЕРБ ја загуби Софија по 18 години. Борисов ја почна политичката кариера токму како градоначалник на Софија и ова означува еден специфичен удар за неговото политичко кредо. По првиот круг на изборите и пребројани една третина од гласовите во Софија убедливо води пандидатот на коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија, бизнисменот Васил Терзиев, со 32 отсто, втора е познатиот борец за синдикални права Вања Григорова, која е кандидат на БСП, со 22,6 отсто, додека кандидатот на ГЕРБ, новинарот Антон Хекимјан заостанува со 19 проценти од гласовите. Што значи дека не влегува во вториот круг. И во гласањето за општинскиот совет ГЕРБ заостанува, освојувајќи 20 отсто наспроти 33 проценти за ПП-ДБ. Анкетите одамна предвидуваа дека гласачкото тело на граѓанската коалиција ПП-ДБ во Софија е многу силно, но невлегувањето во второт круг на кандидатот на ГЕРБ е сериозен удар за Борисов, што покажува колку се намалува влијанието на партијата. Иако на државно ниво сѐ уште е прва по освоениот број гласови. За да остане мотивацијата кај гласачите на ГЕРБ во Софија тие ќе имаат можност да излезат во втгориот круг и да гласаат за изборот на градоначалници во 20 квартови на главниот град, каде во огромниот дел водат кандидатите на ПП-ДБ, а нивните членови се главно втори. ГЕРБ може да се пофали дека во првиот круг нејзини кандидати (или што ги поддржала) победија во шест града (најважниот од нив е Бургас), но гласовите за општинските совети не се толку убедливи. Според досега избројаните гласови неочекувано добар резултат има коалицијата ПП-ДБ, која освојува повеќе отколку што ѝ предвидуваа анкетите. Излезноста беше многу мала, само 36,9 отсто.  

The post Борисов доживеа дебакл на локалните избори за Софија appeared first on Република.

]]>
Дебакл на Работнички во 1. коло од квалификациите за ФИБА Европа https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/debakl-na-rabotnichki-vo-1-kolo-od-kvalifikatsiite-za-fiba-evropa/ Mon, 02 Oct 2023 20:31:11 +0000 https://republika.mk/?p=687261

Поранешниот шампион на Македонија, Работнички доживеа тежок пораз во првото коло од квалификациите за ФИБА Европа купот.

Во дуелот со можеби најголемиот ривал за првото место, тимот од Градски парк загуби со 30 поени разлика (57-87) по што згаснаа сите надежи дека може да се пласира во групната фаза од европското натпреварување. Ужасното второ полувреме, а особено последната четвртина беа причина за тоталниот дебакл на тимот од Градски парк кој со големи амбиции се врати во ФИБА куповите.

Работнички некако и се одржуваше во игра во првото полувреме кое му припадна на романскиот тим со 45-41, но во продолжение тотално колабираше. Израмнето беше до 47-47, потоа Рапид поведе со 64-53, на крајот од третата четвртина беше 66-55, но вистинската трагедија се случи во последните десет минути. Место да се обиде да се врати во игра, Работнички успеа да постигне само два поена во финалната четвртина и со тоа буквално да се посрами пред своите навивачи.

Најефикасни кај Работнички беа Џелетовиќ и Трајс со по 15 поени.

 

The post Дебакл на Работнички во 1. коло од квалификациите за ФИБА Европа appeared first on Република.

]]>

Поранешниот шампион на Македонија, Работнички доживеа тежок пораз во првото коло од квалификациите за ФИБА Европа купот. Во дуелот со можеби најголемиот ривал за првото место, тимот од Градски парк загуби со 30 поени разлика (57-87) по што згаснаа сите надежи дека може да се пласира во групната фаза од европското натпреварување. Ужасното второ полувреме, а особено последната четвртина беа причина за тоталниот дебакл на тимот од Градски парк кој со големи амбиции се врати во ФИБА куповите. Работнички некако и се одржуваше во игра во првото полувреме кое му припадна на романскиот тим со 45-41, но во продолжение тотално колабираше. Израмнето беше до 47-47, потоа Рапид поведе со 64-53, на крајот од третата четвртина беше 66-55, но вистинската трагедија се случи во последните десет минути. Место да се обиде да се врати во игра, Работнички успеа да постигне само два поена во финалната четвртина и со тоа буквално да се посрами пред своите навивачи. Најефикасни кај Работнички беа Џелетовиќ и Трајс со по 15 поени.  

The post Дебакл на Работнички во 1. коло од квалификациите за ФИБА Европа appeared first on Република.

]]>