Деа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dea/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jan 2024 12:03:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Деа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dea/ 32 32 Деа од Македонска Каменица е првороденото бебе во болницата во Штип https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/dea-od-makedonska-kamenitsa-e-prvorodenoto-bebe-vo-bolnitsata-vo-shtip/ Tue, 02 Jan 2024 12:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=728967

Деа Стојковска од Македонска Каменица е првото родено бебе во новата година на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница во Штип. Нејзината 29-годишна мајка Глорија Стојковска на свет ја донесе на 1 јануари во 17:55 часот. При денешната посета од страна на директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев и градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, вели дека возбудата е голема бидејќи ова е прво дете.

Прворотка сум, бебето е три килограми и 400 грама, а е долго 49 сантиметри. Чувството е супер, бидејќи ни е прво и сме многу возбудени, рече Стојковска.

Началничката на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница-Штип Наталија Атанасова вели дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Прашана колку лани на оваа одделение се родени новороденчиња, Атанасова рече дека лани во споредба со 2022 година имаат околу 60 породувања помалку. Лани на одделението се родени повеќе женски бебиња и тие на машките им водат со десет повеќе.

2023 година е завршена со околу 500 породувања, во споредба со 2022 година имаме околу шеесетина породувања помалку. Значи имаме пад на породувањата, вели Атанасова.

Прашана за причините за намалувањето на породувањата, бидејќи во оваа болница годишно се раѓаа и по 800 или 1.000 бебиња, Атанасова рече дека тоа беа други времиња, а причината е секако во иселувањето на младите од источниот регион.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ѓеорѓијев и градоначалникот на Општина Штип, Јорданов на првото родено бебе во регионалниот Клинички центар му подарија играчки, паричен ваучер од 20.000 денари од општината и 10.000 денари од „Комерцијална банка“.

Овде сме за да и посакаме добро здравје, бериќет, мир и благосостојба во семејството. Но и да посакаме бериќет и во градот Штип, да се раѓаат многу деца оваа година, еве и во Клиничката болница првото родено бебе е женско, оваа година ќе биде женска нека биде бериќетна, да има благосостојба во секој дом и развој на градот, истакна Јорданов.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ѓеорѓијев истакна дека посакуваат здравје и среќа на мајката, а на новороденчето безгрижно и среќно детство.

Да се надеваме дека оваа година ќе има многу бебиња, првороденото е женско бебе, еве веќе на 2 јануари имаме три породени бебиња и да се надеваме дека ова е добар знак дека ќе ни биде плодна и бериќетна годината, вели Ѓеорѓијев. Прашан дали годинава ќе има инвестиции во ова одделение и дали ќе имаат проблем со недостаток на медицинскиот кадар, Ѓеорѓијев рече дека сè уште немаат официјално добиено колкав ќе биде новиот буџет на болница.

- Во 2024 година можно е да имаме малку недостаток во делот на докторскиот кадар, ќе бараме начин и помош од други установи, да го анулираме тој недостаток, соопшти Ѓеорѓијев.

Причината за недостатокот е што и две лекарки – гинеколози во текот на оваа година чекаат принови и ќе заминат на породилно боледување.

 

The post Деа од Македонска Каменица е првороденото бебе во болницата во Штип appeared first on Република.

]]>

Деа Стојковска од Македонска Каменица е првото родено бебе во новата година на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница во Штип. Нејзината 29-годишна мајка Глорија Стојковска на свет ја донесе на 1 јануари во 17:55 часот. При денешната посета од страна на директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев и градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, вели дека возбудата е голема бидејќи ова е прво дете.
Прворотка сум, бебето е три килограми и 400 грама, а е долго 49 сантиметри. Чувството е супер, бидејќи ни е прво и сме многу возбудени, рече Стојковска.
Началничката на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница-Штип Наталија Атанасова вели дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Прашана колку лани на оваа одделение се родени новороденчиња, Атанасова рече дека лани во споредба со 2022 година имаат околу 60 породувања помалку. Лани на одделението се родени повеќе женски бебиња и тие на машките им водат со десет повеќе.
2023 година е завршена со околу 500 породувања, во споредба со 2022 година имаме околу шеесетина породувања помалку. Значи имаме пад на породувањата, вели Атанасова.
Прашана за причините за намалувањето на породувањата, бидејќи во оваа болница годишно се раѓаа и по 800 или 1.000 бебиња, Атанасова рече дека тоа беа други времиња, а причината е секако во иселувањето на младите од источниот регион. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ѓеорѓијев и градоначалникот на Општина Штип, Јорданов на првото родено бебе во регионалниот Клинички центар му подарија играчки, паричен ваучер од 20.000 денари од општината и 10.000 денари од „Комерцијална банка“.
Овде сме за да и посакаме добро здравје, бериќет, мир и благосостојба во семејството. Но и да посакаме бериќет и во градот Штип, да се раѓаат многу деца оваа година, еве и во Клиничката болница првото родено бебе е женско, оваа година ќе биде женска нека биде бериќетна, да има благосостојба во секој дом и развој на градот, истакна Јорданов.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ѓеорѓијев истакна дека посакуваат здравје и среќа на мајката, а на новороденчето безгрижно и среќно детство.
Да се надеваме дека оваа година ќе има многу бебиња, првороденото е женско бебе, еве веќе на 2 јануари имаме три породени бебиња и да се надеваме дека ова е добар знак дека ќе ни биде плодна и бериќетна годината, вели Ѓеорѓијев. Прашан дали годинава ќе има инвестиции во ова одделение и дали ќе имаат проблем со недостаток на медицинскиот кадар, Ѓеорѓијев рече дека сè уште немаат официјално добиено колкав ќе биде новиот буџет на болница.
- Во 2024 година можно е да имаме малку недостаток во делот на докторскиот кадар, ќе бараме начин и помош од други установи, да го анулираме тој недостаток, соопшти Ѓеорѓијев. Причината за недостатокот е што и две лекарки – гинеколози во текот на оваа година чекаат принови и ќе заминат на породилно боледување.  

The post Деа од Македонска Каменица е првороденото бебе во болницата во Штип appeared first on Република.

]]>
ДЕА го лови Балканскиот картел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dea-go-lovi-balkanskiot-kartel/ Fri, 09 Jun 2023 07:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=649405

Српскиот државјанин Слободани Марјановиќи (40), кој беше убиен во Колумбија, е уште еден во низата  кои во изминатите неколку години беа убиени на територијата на Јужна Америка. Полицијата прибира докази, но првите резултати од истрагата покажуваат дека Марјановиќ е убиен во пресметка поврзана со трговија со дрога.

Според слично сценарио, во текот на претходните години на тлото на Латинска Америка биле ликвидирани најмалку десет државјани од регионот.

Агентите на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) ја сметаат балканската мафија една од најсилните во тој дел од светот, која доставува тони кокаин во Европа. Един Гачанин Тито од Сараево, кој беше уапсен во ноември минатата година во Дубаи, но еден месец подоцна беше ослободен под превезот на мистеријата, е идентификуван како најголемиот наркобос. Како еден од неговите најблиски соработници е посочен српскиот државјанин Зоран Јакшиќ, еден од водачите на кланот „Америка“, кој е во затвор во Перу од 2016 година. како човек од 1.000 лица, затоа што често ги менуваше идентитетите.

Иако во затвор, тој најверојатно продолжил да „го води бизнисот“ бидејќи во ќелијата на овој Србин, родум од Зрењанин, во 2021 година биле пронајдени два мобилни телефони.

Неодамнешното апсење на членови на балканскиот картел покажа дека Србите имаат исклучително силни врски во јужноамериканските земји и дека од нив увезуваат дрога. Јакшиќ е вклучен и во кривичната пријава во Србија, иако е во затвор – потсетува соговорникот на Курир на неодамнешната акција на полицијата и Јавното обвинителство за организиран криминал, во соработка со Европол. Оваа криминална група е осомничена за шверц на најмалку седум тони кокаин, а 13 нејзини членови се уапсени во Србија.

Познавачите на состојбите велат дека речиси и да нема поголема заплена во Латинска Америка или Европа, во која не се уапсени лица од Србија, Црна Гора и Хрватска, кои заедно работат на ова.

The post ДЕА го лови Балканскиот картел appeared first on Република.

]]>

Српскиот државјанин Слободани Марјановиќи (40), кој беше убиен во Колумбија, е уште еден во низата  кои во изминатите неколку години беа убиени на територијата на Јужна Америка. Полицијата прибира докази, но првите резултати од истрагата покажуваат дека Марјановиќ е убиен во пресметка поврзана со трговија со дрога. Според слично сценарио, во текот на претходните години на тлото на Латинска Америка биле ликвидирани најмалку десет државјани од регионот. Агентите на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) ја сметаат балканската мафија една од најсилните во тој дел од светот, која доставува тони кокаин во Европа. Един Гачанин Тито од Сараево, кој беше уапсен во ноември минатата година во Дубаи, но еден месец подоцна беше ослободен под превезот на мистеријата, е идентификуван како најголемиот наркобос. Како еден од неговите најблиски соработници е посочен српскиот државјанин Зоран Јакшиќ, еден од водачите на кланот „Америка“, кој е во затвор во Перу од 2016 година. како човек од 1.000 лица, затоа што често ги менуваше идентитетите. Иако во затвор, тој најверојатно продолжил да „го води бизнисот“ бидејќи во ќелијата на овој Србин, родум од Зрењанин, во 2021 година биле пронајдени два мобилни телефони. Неодамнешното апсење на членови на балканскиот картел покажа дека Србите имаат исклучително силни врски во јужноамериканските земји и дека од нив увезуваат дрога. Јакшиќ е вклучен и во кривичната пријава во Србија, иако е во затвор – потсетува соговорникот на Курир на неодамнешната акција на полицијата и Јавното обвинителство за организиран криминал, во соработка со Европол. Оваа криминална група е осомничена за шверц на најмалку седум тони кокаин, а 13 нејзини членови се уапсени во Србија. Познавачите на состојбите велат дека речиси и да нема поголема заплена во Латинска Америка или Европа, во која не се уапсени лица од Србија, Црна Гора и Хрватска, кои заедно работат на ова.

The post ДЕА го лови Балканскиот картел appeared first on Република.

]]>
Дрога вредна 10 милиони евра падна на македонско-грчката граница со помош на ДЕА https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/droga-vredna-10-milioni-evra-padna-na-makedonsko-grchkata-granitsa-so-pomosh-na-dea/ Fri, 02 Jun 2023 13:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=647148

- Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин запленет е од страна на македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА.

Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.

Разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.

Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат по целосното зваршување.

The post Дрога вредна 10 милиони евра падна на македонско-грчката граница со помош на ДЕА appeared first on Република.

]]>

- Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин запленет е од страна на македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА. Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра. Разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани. Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат по целосното зваршување.

The post Дрога вредна 10 милиони евра падна на македонско-грчката граница со помош на ДЕА appeared first on Република.

]]>
Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-tirana-otvorena-kantselarija-na-dea-za-borba-protiv-trgovijata-so-droga-i-perene-pari/ Mon, 06 Mar 2023 18:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=616608

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al.

Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се  гарантира целосна анонимност".

Борбата против трговијата со тешки дроги од земјите од Латинска Америка ја донесе  американската агенција за борба против наркотици, ДЕА, во Тирана. Офицерите на ДЕА веќе се стационирани во Тирана каде ќе имаат континуирана координација со регионалните канцеларии и другите истражни органи, наведува телевизијата повикувајќи се на соопштението на амбасада.

Се додава дека според својот фокус, ДЕА има за цел да го погоди секој товар со дрога што се движи низ поморските, воздушните и копнените патишта меѓу земјите.

ДЕА од јануари минатата година доставува информации до Италија, Грција и Албанија за движењето на контејнерите полни со дрога, чија крајна дестинација била Албанија или другите земји од регионот, наведуваат медиумите.

Првото присуство на ДЕА во Тирана беше во јуни  кога транспортот на кокаин од Еквадор кон Албанија беше во големи количини.

The post Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al. Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се  гарантира целосна анонимност". Борбата против трговијата со тешки дроги од земјите од Латинска Америка ја донесе  американската агенција за борба против наркотици, ДЕА, во Тирана. Офицерите на ДЕА веќе се стационирани во Тирана каде ќе имаат континуирана координација со регионалните канцеларии и другите истражни органи, наведува телевизијата повикувајќи се на соопштението на амбасада. Се додава дека според својот фокус, ДЕА има за цел да го погоди секој товар со дрога што се движи низ поморските, воздушните и копнените патишта меѓу земјите. ДЕА од јануари минатата година доставува информации до Италија, Грција и Албанија за движењето на контејнерите полни со дрога, чија крајна дестинација била Албанија или другите земји од регионот, наведуваат медиумите. Првото присуство на ДЕА во Тирана беше во јуни  кога транспортот на кокаин од Еквадор кон Албанија беше во големи количини.

The post Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари appeared first on Република.

]]>
Апсење на МВР и ДЕА: 27-годишен стружанец на чело на криминална банда која продавала на дрога во Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apsenje-na-mvr-i-dea-27-godishen-struzanec-na-chelo-na-kriminalna-banda-koja-prodavala-na-droga-vo-avstralija/ Fri, 28 Oct 2022 10:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=566762

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лиши од слобода И.Р. (27) од Струга, со македонско-австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога.

Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Единицата за недозволена трговија со дрога оваа операција ја спроведе заедно со Секторите за прикриени операции и меѓународна полициска соработка и Специјалната антитерористичка единица Тигар. За време на претресите кај И.Р. во Струга беа пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

The post Апсење на МВР и ДЕА: 27-годишен стружанец на чело на криминална банда која продавала на дрога во Австралија appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лиши од слобода И.Р. (27) од Струга, со македонско-австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога. Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Единицата за недозволена трговија со дрога оваа операција ја спроведе заедно со Секторите за прикриени операции и меѓународна полициска соработка и Специјалната антитерористичка единица Тигар. За време на претресите кај И.Р. во Струга беа пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

The post Апсење на МВР и ДЕА: 27-годишен стружанец на чело на криминална банда која продавала на дрога во Австралија appeared first on Република.

]]>
Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-struzanec-shef-na-narkogrupa-koja-rasturala-kristalen-met-i-kokain-niz-avstralija/ Fri, 28 Oct 2022 10:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=566766

Дваесет и седумгодишен стружанец И.Р. е приведен под сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, како и други 13 лица поврзани со групата која ја координирал тој Запленета била голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства.

МВР денеска соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лишиле од слобода И.Р.(27) од Струга, со македонско – австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога.

Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства, информира МВР.

Според соопштението, за време на претресите кај И.Р. во Струга биле пронајдени повеќе предмети за кои постоело сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, стои во соопштението на полицијата.

The post Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија appeared first on Република.

]]>

Дваесет и седумгодишен стружанец И.Р. е приведен под сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, како и други 13 лица поврзани со групата која ја координирал тој Запленета била голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства. МВР денеска соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лишиле од слобода И.Р.(27) од Струга, со македонско – австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога.
Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства, информира МВР.
Според соопштението, за време на претресите кај И.Р. во Струга биле пронајдени повеќе предмети за кои постоело сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик.
Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, стои во соопштението на полицијата.

The post Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија appeared first on Република.

]]>
Полициски командир осуден на четири и пол години затвор поради дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/policiski-komandir-osuden-na-chetiri-i-pol-godini-zatvor-poradi-droga/ Tue, 20 Sep 2022 15:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=552655

Четири години и шест месеци затвор за обвинет за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта, на кои беа изведени предложените докази, во Основниот кривичен суд Скопје беше објавена осудителна пресуда за К. С., командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од чл. 215 ст. 3 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот за кој Обвинителството докажа дека го сторил кривичното дело што му става на товар судот му изрече казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.

Aкцијата беше реализирана во април минатата година во соработка со Американската агенција за борба против наркотоци – ДЕА по што надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по чл. 215 ст. 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на истражната постапка петмина обвинети склучија спогодба со јавниот обвинител и притоа правосилно се осудени на ефективни казни затвор во траење по 5 години за Д. Ј. и А. У. и по 3 години и 6 месеци за М. З., М. С. и Г. К.

Д. Ј. и А. У. на почетокот на април 2021 година договориле зделка со НН-лице од Р. Грција, па неовластено, заради продажба, набавиле наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 199,444 килограми, која ја држеле на непозната локација.

Кога Д. Ј. пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога, со обвинетиот А. У. ги договорил деталите за примопредавањето на дрогата и се упатил кон Гевгелија.

Обвинетиот А. У. со ТМВ, „ивеко“, со македонски национални регистарски ознаки, неовластено ја пренел дрогата од неутврдената локација до паркинг-просторот на ресторан во с. Радобил, Прилепско, и со ПМВ, „дачија дастер, заминал да се сретне со потенцијалниот купувач, а обвинетите М. З. и М. С. останале да внимаваат на возилото со наркотичната дрога.

Кога А. У. се сретнал со купувачот, му кажал со ТМВ-комбе, „ситроен џампер“, со грчки национални регистарски ознаки, да се движи по него и заедно се упатиле кон Прилеп, а обвинетите Г. К. како возач и К. С. како совозач со ПМВ, „ауди А8“, ги следеле.

На паркинг-просторот во с. Радобил, додека обвинетите А. У., М. С. и М. З ја префрлувале наркотичната дрога спакувана во 40 картонски кутии од ТМВ – ивеко“ во ТМВ-комбето, „ситроен џампер“, обвинетите Г. К. и К. С. биле паркирани на исклучувањето кон с. Радобил за да го набљудуваат движењето по магистралниот пат Прилеп – Градско и да го обезбедат претоварањето на дрогата.

Кога дрогата била сместена, обвинетиот М. С., управувајќи го ТМВ „ивеко“, се упатил кон Прилеп, а другите обвинети со три ПМВ и ТМВ, во кое била дрогата, се упатиле на магистралниот пат Прилеп – Градско во правец кон Градско, движејќи се во колона еден зад друг.

Кога пристигнале на клучката за с. Раец, од страна на полициски службеници на МВР биле запрени и по извршениот претрес, лишени од слобода.

Во исто време во Прилеп е лишен од слобода обвинетиот што го управувал ТМВ „ивеко“, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил уапсен и обвинетиот – организатор на криминалната група.

Со пресудите, освен изречените ефективни казни затвор, одземени се и движни ствари, меѓу кои: 17.360 евра, 40 швајцарски франци, 53.200,00 денари, 13 мобилни телефони, ТМВ „ивеко“, 2 луксузни рачни часовника, еден лаптоп, ГПС-навигација, два метални бокса и нож Air Force.​

 

The post Полициски командир осуден на четири и пол години затвор поради дрога appeared first on Република.

]]>

Четири години и шест месеци затвор за обвинет за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта, на кои беа изведени предложените докази, во Основниот кривичен суд Скопје беше објавена осудителна пресуда за К. С., командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од чл. 215 ст. 3 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот за кој Обвинителството докажа дека го сторил кривичното дело што му става на товар судот му изрече казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци. Aкцијата беше реализирана во април минатата година во соработка со Американската агенција за борба против наркотоци – ДЕА по што надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по чл. 215 ст. 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на истражната постапка петмина обвинети склучија спогодба со јавниот обвинител и притоа правосилно се осудени на ефективни казни затвор во траење по 5 години за Д. Ј. и А. У. и по 3 години и 6 месеци за М. З., М. С. и Г. К. Д. Ј. и А. У. на почетокот на април 2021 година договориле зделка со НН-лице од Р. Грција, па неовластено, заради продажба, набавиле наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 199,444 килограми, која ја држеле на непозната локација. Кога Д. Ј. пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога, со обвинетиот А. У. ги договорил деталите за примопредавањето на дрогата и се упатил кон Гевгелија. Обвинетиот А. У. со ТМВ, „ивеко“, со македонски национални регистарски ознаки, неовластено ја пренел дрогата од неутврдената локација до паркинг-просторот на ресторан во с. Радобил, Прилепско, и со ПМВ, „дачија дастер, заминал да се сретне со потенцијалниот купувач, а обвинетите М. З. и М. С. останале да внимаваат на возилото со наркотичната дрога. Кога А. У. се сретнал со купувачот, му кажал со ТМВ-комбе, „ситроен џампер“, со грчки национални регистарски ознаки, да се движи по него и заедно се упатиле кон Прилеп, а обвинетите Г. К. како возач и К. С. како совозач со ПМВ, „ауди А8“, ги следеле. На паркинг-просторот во с. Радобил, додека обвинетите А. У., М. С. и М. З ја префрлувале наркотичната дрога спакувана во 40 картонски кутии од ТМВ – ивеко“ во ТМВ-комбето, „ситроен џампер“, обвинетите Г. К. и К. С. биле паркирани на исклучувањето кон с. Радобил за да го набљудуваат движењето по магистралниот пат Прилеп – Градско и да го обезбедат претоварањето на дрогата. Кога дрогата била сместена, обвинетиот М. С., управувајќи го ТМВ „ивеко“, се упатил кон Прилеп, а другите обвинети со три ПМВ и ТМВ, во кое била дрогата, се упатиле на магистралниот пат Прилеп – Градско во правец кон Градско, движејќи се во колона еден зад друг. Кога пристигнале на клучката за с. Раец, од страна на полициски службеници на МВР биле запрени и по извршениот претрес, лишени од слобода. Во исто време во Прилеп е лишен од слобода обвинетиот што го управувал ТМВ „ивеко“, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил уапсен и обвинетиот – организатор на криминалната група. Со пресудите, освен изречените ефективни казни затвор, одземени се и движни ствари, меѓу кои: 17.360 евра, 40 швајцарски франци, 53.200,00 денари, 13 мобилни телефони, ТМВ „ивеко“, 2 луксузни рачни часовника, еден лаптоп, ГПС-навигација, два метални бокса и нож Air Force.​  

The post Полициски командир осуден на четири и пол години затвор поради дрога appeared first on Република.

]]>
И акциите на американската ДЕА причина Спасовски и Заеви да ѝ се многу лути на Рускоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-akciite-na-amerikanskata-dea-prichina-spasovski-i-zaevi-da-se-mnogu-luti-na-ruskoska/ Mon, 22 Aug 2022 12:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=542827

Што се крие зад суспензијата на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска и под какви притисоци е донесена таа одлука, засега пред јавноста не се отвораат целосно картите, пишува НетПрес во анализа за скандалозната суспензија на обвинителката која гони неколку високи функционери на СДСМ и ДУИ.

Иако, Русковска во куса изјава посочи дека не се сомнева дека зад нејзината суспензија стојат притисоци, таа одби да зборува отворено за тоа, за, како што наведе, да не заврши пред Судот за клевета. Но, напомена дека во игра е политичка позадина и загадочно посочи дека случувањата не биле водени од сегашната влада?

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Но, во исто време, Рускоска откри дека била суспендирана само една недела пред распитот на сведоците за случајот „Технички испитен центар Беса Транс“, во кој е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како шеф на Министерството за внатрешни работи.

Процедурните дејствија во истрагата за случајот со Спасовски, кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во власта и во СДСМ, сепак даваат една друга перспектива за суспензијата на Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од мај годинава истражува зошто МВР со месеци го чувало во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, каде бил прегледан автобусот „Беса транс“ кој се запали во Бугарија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски досега не даде одговор за тоа зошто три ипол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“ и го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса транс“ кој се запали на автопатот во Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/otstranuvanjeto-na-laze-velkovski-e-najava-deka-odmazdata-na-organiziraniot-kriminal-vo-makedonija-nema-da-zapre/

Покрај првиот човек на Финансиската полиција Арафат Муареми и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски би можел да има личен интерес од нејзината суспензија.

Исто така, за суспензијата на Русковска е заинтересиран и Вице Заев, кој е дел од истрагата за рекетот во РЕЦ Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцена од 250 илјади евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prilepskiot-komandir-chipsio-faten-vo-akcijata-od-dea-pushten-vo-domashen-pritvor/

Со Вице не завршува антагонизмот на фамилијата Заеви со Русковска. Во акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, беше уапсен Александар Ушилковскии, личен шофер на Трајче Заев, братучед на Зоран Заев. При претрес на комбе пронајдена беше марихуана во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола, фирма која се поврзува директно со фамилијата Заеви, Трајче и Вице.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obezbeduvanjeto-na-trajche-zaev-bilo-chistach-na-kombeto-koe-ja-prevezuvalo-drogata-zapleneta-vo-akcijata-na-dea/

Тогаш обвинителката Вилма Рускоска кажа дека акцијата била пробиена и некој од МВР им дојавил на дилерите дека ќе бидат апсени.

Сепак, под нејзина капа во Обвинителството се водат случаи за економски криминал и корупција и за високи фунционери токму од сегашната власт, иако Рускоска се обиде да негира некаква поврзаност со притисоци од власта. Тука, на пример се предметите за поранешните генерални секретари на оваа Влада, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири. Но „непрецизното“ негирање, на инволвираноста на „сегашната влада“ намерно или не, фрла уште поголема сомнеж зад целата оваа драмолетка, во која несомнено клучна улога имаат политички моќници.

И универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека ваквата усилена интервенција за суспензија на обвинители е по нарачка и дека најверојатно Русковска му има стапнато некому „на жуљ“.

Пред нејзината суспензија, таа очајнички побара надлежните институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред сѐ Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ да ги проверат фактите и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот, пишува Нетпрес во анализата.

The post И акциите на американската ДЕА причина Спасовски и Заеви да ѝ се многу лути на Рускоска appeared first on Република.

]]>

Што се крие зад суспензијата на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска и под какви притисоци е донесена таа одлука, засега пред јавноста не се отвораат целосно картите, пишува НетПрес во анализа за скандалозната суспензија на обвинителката која гони неколку високи функционери на СДСМ и ДУИ. Иако, Русковска во куса изјава посочи дека не се сомнева дека зад нејзината суспензија стојат притисоци, таа одби да зборува отворено за тоа, за, како што наведе, да не заврши пред Судот за клевета. Но, напомена дека во игра е политичка позадина и загадочно посочи дека случувањата не биле водени од сегашната влада? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Но, во исто време, Рускоска откри дека била суспендирана само една недела пред распитот на сведоците за случајот „Технички испитен центар Беса Транс“, во кој е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како шеф на Министерството за внатрешни работи. Процедурните дејствија во истрагата за случајот со Спасовски, кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во власта и во СДСМ, сепак даваат една друга перспектива за суспензијата на Русковска. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од мај годинава истражува зошто МВР со месеци го чувало во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, каде бил прегледан автобусот „Беса транс“ кој се запали во Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски досега не даде одговор за тоа зошто три ипол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“ и го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса транс“ кој се запали на автопатот во Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/otstranuvanjeto-na-laze-velkovski-e-najava-deka-odmazdata-na-organiziraniot-kriminal-vo-makedonija-nema-da-zapre/ Покрај првиот човек на Финансиската полиција Арафат Муареми и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски би можел да има личен интерес од нејзината суспензија. Исто така, за суспензијата на Русковска е заинтересиран и Вице Заев, кој е дел од истрагата за рекетот во РЕЦ Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцена од 250 илјади евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/prilepskiot-komandir-chipsio-faten-vo-akcijata-od-dea-pushten-vo-domashen-pritvor/ Со Вице не завршува антагонизмот на фамилијата Заеви со Русковска. Во акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, беше уапсен Александар Ушилковскии, личен шофер на Трајче Заев, братучед на Зоран Заев. При претрес на комбе пронајдена беше марихуана во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола, фирма која се поврзува директно со фамилијата Заеви, Трајче и Вице. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obezbeduvanjeto-na-trajche-zaev-bilo-chistach-na-kombeto-koe-ja-prevezuvalo-drogata-zapleneta-vo-akcijata-na-dea/ Тогаш обвинителката Вилма Рускоска кажа дека акцијата била пробиена и некој од МВР им дојавил на дилерите дека ќе бидат апсени. Сепак, под нејзина капа во Обвинителството се водат случаи за економски криминал и корупција и за високи фунционери токму од сегашната власт, иако Рускоска се обиде да негира некаква поврзаност со притисоци од власта. Тука, на пример се предметите за поранешните генерални секретари на оваа Влада, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири. Но „непрецизното“ негирање, на инволвираноста на „сегашната влада“ намерно или не, фрла уште поголема сомнеж зад целата оваа драмолетка, во која несомнено клучна улога имаат политички моќници. И универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека ваквата усилена интервенција за суспензија на обвинители е по нарачка и дека најверојатно Русковска му има стапнато некому „на жуљ“. Пред нејзината суспензија, таа очајнички побара надлежните институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред сѐ Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ да ги проверат фактите и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот, пишува Нетпрес во анализата.

The post И акциите на американската ДЕА причина Спасовски и Заеви да ѝ се многу лути на Рускоска appeared first on Република.

]]>