Давос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davos/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 11:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Давос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davos/ 32 32 Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/davos-klimatskite-promeni-vo-narednite-detsenii-se-zakanuvaat-so-smrt-na-milioni-luge/ Tue, 16 Jan 2024 11:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=733560

Последиците од климатските промени во наредните децении веќе се смртна закана за неколку милиони луѓе и ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештај објавен во вторник во Давос.

Поплавите се најголем ризик, се наведува во заедничкиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ) кој оваа недела се одржува во Давос и консултантската фирма Оливер Вајман.

Авторите на студијата анализирале шест клучни последици од климатските промени: поплави, суши, топлотни бранови, тропски бури, шумски пожари и пораст на нивото на морињата.

Студијата се заснова на средното сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за пораст на температурата до 2100 година, што претпоставува просечно зголемување на температурата за 2,7 степени Целзиусови.

Според студијата, климатските промени би можеле да предизвикаат до 14,5 милиони смртни случаи во светот до 2050 година. Здравствените системи ќе мора да сносат дополнителни трошоци во вкупна вредност од 1,1 трилиони долари.

Според проценките, само поплавите би можеле до 2050 година да предизвикаат 8,5 милиони смртни случаи – не само директно, туку и индиректно, поради штетите на посевите, зголемувањето на заразните болести и поголемата влажност, што може да предизвика респираторни заболувања.

Азиско-пацифичкиот регион, со неговите густо населени крајбрежни региони, најверојатно ќе го сноси најголемиот товар.

Авторите очекуваат втората највисока стапка на смртност од 3,2 милиони смртни случаи да биде предизвикана од суши – првенствено поради долгорочните ефекти од опаѓањето на квалитетот на водата и помалку плодната почва врз смртноста на децата.

Според извештајот, топлотните бранови би можеле да предизвикаат 1,6 милиони смртни случаи до 2050 година, особено кај постарите луѓе.

Извештајот предвидува и зголемување на бројот на болести и случаи на инвалидитет при работа. Повисоките температури, на пример, може да предизвикаат значително ширење на комарците, поради што инфекциите со маларија, денга и зика ќе бидат почести во Европа и во САД.

Според студијата, регионите во Африка, Блискиот Исток и Азија би биле особено погодени од здравствените последици од климатските промени.

За резултатите од извештајот ќе се разговара на Светскиот економски форум во Давос в четврток.

The post Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе appeared first on Република.

]]>

Последиците од климатските промени во наредните децении веќе се смртна закана за неколку милиони луѓе и ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештај објавен во вторник во Давос. Поплавите се најголем ризик, се наведува во заедничкиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ) кој оваа недела се одржува во Давос и консултантската фирма Оливер Вајман. Авторите на студијата анализирале шест клучни последици од климатските промени: поплави, суши, топлотни бранови, тропски бури, шумски пожари и пораст на нивото на морињата. Студијата се заснова на средното сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за пораст на температурата до 2100 година, што претпоставува просечно зголемување на температурата за 2,7 степени Целзиусови. Според студијата, климатските промени би можеле да предизвикаат до 14,5 милиони смртни случаи во светот до 2050 година. Здравствените системи ќе мора да сносат дополнителни трошоци во вкупна вредност од 1,1 трилиони долари. Според проценките, само поплавите би можеле до 2050 година да предизвикаат 8,5 милиони смртни случаи – не само директно, туку и индиректно, поради штетите на посевите, зголемувањето на заразните болести и поголемата влажност, што може да предизвика респираторни заболувања. Азиско-пацифичкиот регион, со неговите густо населени крајбрежни региони, најверојатно ќе го сноси најголемиот товар. Авторите очекуваат втората највисока стапка на смртност од 3,2 милиони смртни случаи да биде предизвикана од суши – првенствено поради долгорочните ефекти од опаѓањето на квалитетот на водата и помалку плодната почва врз смртноста на децата. Според извештајот, топлотните бранови би можеле да предизвикаат 1,6 милиони смртни случаи до 2050 година, особено кај постарите луѓе. Извештајот предвидува и зголемување на бројот на болести и случаи на инвалидитет при работа. Повисоките температури, на пример, може да предизвикаат значително ширење на комарците, поради што инфекциите со маларија, денга и зика ќе бидат почести во Европа и во САД. Според студијата, регионите во Африка, Блискиот Исток и Азија би биле особено погодени од здравствените последици од климатските промени. За резултатите од извештајот ќе се разговара на Светскиот економски форум во Давос в четврток.

The post Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе appeared first on Република.

]]>
Турција го бојкотира Давос поради конфликтот Хамас-Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-go-bojkotira-davos-poradi-konfliktot-hamas-izrael/ Mon, 15 Jan 2024 15:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=733349

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара Турција да не учествува на Светскиот економски форум во Давос поради „произраелската позиција“ на неговите организатори во однос на конфликтот во Појасот Газа. Ова го објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на свои извори.

Според изворите, на форумот требало да присуствува турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, но Ердоган не му дал дозвола да оди на настанот.

Според Блумберг, основачот и претседател на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, ги осудил „терористичките напади на Хамас против Израел“, позиција што ги налутила турските политичари, иако Шваб исто така повика на мерки за заштита на цивилното население во Појасот Газа.

The post Турција го бојкотира Давос поради конфликтот Хамас-Израел appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара Турција да не учествува на Светскиот економски форум во Давос поради „произраелската позиција“ на неговите организатори во однос на конфликтот во Појасот Газа. Ова го објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на свои извори. Според изворите, на форумот требало да присуствува турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, но Ердоган не му дал дозвола да оди на настанот. Според Блумберг, основачот и претседател на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, ги осудил „терористичките напади на Хамас против Израел“, позиција што ги налутила турските политичари, иако Шваб исто така повика на мерки за заштита на цивилното население во Појасот Газа.

The post Турција го бојкотира Давос поради конфликтот Хамас-Израел appeared first on Република.

]]>
Почнува Форумот на кој Заев и Ципрас пружија рака да нѐ направат „северни“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochnuva-forumot-na-koj-zaev-i-tsipras-pruzhija-raka-da-n-napravat-severni/ Mon, 15 Jan 2024 07:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=733065

Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум кој ја собира светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот.

Овогодишниот форум, кој ќе трае до петок, се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе се осврне на голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.

Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц.

Оваа година на Форумот во Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други.

Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери.

Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум.

Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, креаторот на четботот ChatGPIT. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Велика Британија, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.

На овогодишниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

The post Почнува Форумот на кој Заев и Ципрас пружија рака да нѐ направат „северни“ appeared first on Република.

]]>

Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум кој ја собира светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот. Овогодишниот форум, кој ќе трае до петок, се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе се осврне на голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот. Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц. Оваа година на Форумот во Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други. Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери. Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина. Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум. Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, креаторот на четботот ChatGPIT. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Велика Британија, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла. На овогодишниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

The post Почнува Форумот на кој Заев и Ципрас пружија рака да нѐ направат „северни“ appeared first on Република.

]]>
Светската политичка и бизнис елита се собира во Давос https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetskata-politichka-i-biznis-elita-se-sobira-vo-davos/ Sun, 14 Jan 2024 15:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=732963

Светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот се собираат денеска во швајцарскиот туристички град Давос, за да учествуваат на годинашниот Светски економски форум, кој почнува утре и ќе трае до петок, 19 јануари, објави Си-Ен-Би-Си.

Овогодинешниот форум се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе допре до голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.

Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од страната на Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц.

Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак не присуствуваа на Светскиот економски форум откако ја презедоа функцијата.

Сепак, оваа година на Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу други земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други.

Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери.

Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум, треба да даде изјава во среда, на 17 јануари.

Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, креаторот на четботот ChatGPIT. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Обединетото Кралство, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.

На овогодинешниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

 

The post Светската политичка и бизнис елита се собира во Давос appeared first on Република.

]]>

Светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот се собираат денеска во швајцарскиот туристички град Давос, за да учествуваат на годинашниот Светски економски форум, кој почнува утре и ќе трае до петок, 19 јануари, објави Си-Ен-Би-Си. Овогодинешниот форум се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе допре до голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот. Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од страната на Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц. Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак не присуствуваа на Светскиот економски форум откако ја презедоа функцијата. Сепак, оваа година на Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу други земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други. Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери. Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина. Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум, треба да даде изјава во среда, на 17 јануари. Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, креаторот на четботот ChatGPIT. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Обединетото Кралство, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла. На овогодинешниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.  

The post Светската политичка и бизнис елита се собира во Давос appeared first on Република.

]]>
Ќе се решава иднината на светот: Светската политичка и бизнис елита се собира во Давос на Светскиот економски форум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-se-reshava-idninata-na-svetot-svetskata-politichka-i-biznis-elita-se-sobira-vo-davos-na-svetskiot-ekonomski-forum/ Sun, 14 Jan 2024 12:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=732861

Светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот се собираат во швајцарскиот туристички град Давос, за да учествуваат на годинашниот Светски економски форум, кој почнува на 15 јануари и ќе трае до петок, 19 јануари, објави Си-Ен-Би-Си.

Овогодинешниот форум се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе допре до голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.

Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, кои ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од страната на Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц.

Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак не присуствуваа на Светскиот економски форум откако ја презедоа функцијата.

Сепак, оваа година на Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу други земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други.

Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери.

Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум, треба да даде изјава во среда, на 17 јануари.

Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на „ОпенАИ“, креаторот на четботот „ЧетГПТ“. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Обединетото Кралство, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.

На овогодинешниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

The post Ќе се решава иднината на светот: Светската политичка и бизнис елита се собира во Давос на Светскиот економски форум appeared first on Република.

]]>

Светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот се собираат во швајцарскиот туристички град Давос, за да учествуваат на годинашниот Светски економски форум, кој почнува на 15 јануари и ќе трае до петок, 19 јануари, објави Си-Ен-Би-Си. Овогодинешниот форум се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе допре до голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот. Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, кои ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од страната на Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц. Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак не присуствуваа на Светскиот економски форум откако ја презедоа функцијата. Сепак, оваа година на Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу други земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други. Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери. Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина. Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум, треба да даде изјава во среда, на 17 јануари. Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на „ОпенАИ“, креаторот на четботот „ЧетГПТ“. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Обединетото Кралство, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла. На овогодинешниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

The post Ќе се решава иднината на светот: Светската политичка и бизнис елита се собира во Давос на Светскиот економски форум appeared first on Република.

]]>
За 700 евра од час или 2.300 за цела ноќ се дружат со политичари, експерти и гости: Цвета бизнисот на сексуалните работнички во Давос https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-700-evra-od-chas-ili-2-300-za-tsela-nok-se-druzhat-so-politichari-eksperti-i-gosti-tsveta-biznisot-na-seksualnite-rabotnichki-vo-davos/ Thu, 19 Jan 2023 20:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=598856

Светскиот самит во Давос, на кој се решаваат големи светски проблеми, предизвикува наплив од проститутки, а побарувачката по сексуалните работнички вртоглаво расте секоја година додека се одржува форумот на стотици политички лидери и бизнисмени, кои пристигнуваат од цел свет.

Придружничките се резервираат во истите хотели во кои што отседнуваат и угледните гости кои учествуваат на петдневниот самит, кој почна на 16 јануари во ова швајцарско одморалиште.

Сексуалната работничка по име Лијана откри за германскиот весник Билд дека носи деловна облека за да не се истакнува меѓу гостите, и покрај тоа што проституцијата е легална во Швајцарија. Лијана вели дека наплатува околу 700 евра за час, односно 2.300 евра за цела ноќ, плус патни трошоци.

Некои букираат придружнички за себеси и за своите вработени за забава во хотелскиот апартман, изјави менаџерката на една ескорт служба од градот Аргау.

Сексуална работничка Саломе Балтхус (36) вели дека престојува во хотел близу Давос, но одби да открие кои се нејзините клиенти.

Верувајте ми, не би сакале да им се замерите и да завршите на суд, вели таа.

Меѓу темите за кои се дискутира на годинашниот самит се војната во Украина, глобалната инфлација, климатските промени и нееднаквоста. Оваа година учествуваат речиси 600 извршни директори и 50 шефови на влади.

The post За 700 евра од час или 2.300 за цела ноќ се дружат со политичари, експерти и гости: Цвета бизнисот на сексуалните работнички во Давос appeared first on Република.

]]>

Светскиот самит во Давос, на кој се решаваат големи светски проблеми, предизвикува наплив од проститутки, а побарувачката по сексуалните работнички вртоглаво расте секоја година додека се одржува форумот на стотици политички лидери и бизнисмени, кои пристигнуваат од цел свет. Придружничките се резервираат во истите хотели во кои што отседнуваат и угледните гости кои учествуваат на петдневниот самит, кој почна на 16 јануари во ова швајцарско одморалиште. Сексуалната работничка по име Лијана откри за германскиот весник Билд дека носи деловна облека за да не се истакнува меѓу гостите, и покрај тоа што проституцијата е легална во Швајцарија. Лијана вели дека наплатува околу 700 евра за час, односно 2.300 евра за цела ноќ, плус патни трошоци. Некои букираат придружнички за себеси и за своите вработени за забава во хотелскиот апартман, изјави менаџерката на една ескорт служба од градот Аргау. Сексуална работничка Саломе Балтхус (36) вели дека престојува во хотел близу Давос, но одби да открие кои се нејзините клиенти. Верувајте ми, не би сакале да им се замерите и да завршите на суд, вели таа. Меѓу темите за кои се дискутира на годинашниот самит се војната во Украина, глобалната инфлација, климатските промени и нееднаквоста. Оваа година учествуваат речиси 600 извршни директори и 50 шефови на влади.

The post За 700 евра од час или 2.300 за цела ноќ се дружат со политичари, експерти и гости: Цвета бизнисот на сексуалните работнички во Давос appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Викендов ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и Метохија и санкциите против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-vikendov-ke-kazheme-shto-se-bara-i-ochekuva-od-srbija-vo-odnos-na-kosovo-i-metohija-i-sanktsiite-protiv-rusija/ Wed, 18 Jan 2023 17:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=598469

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Давос изјави дека Србија се соочува со критична година, веројатно една од најтешките во модерната историја на политички и економски план.

Тој за медиумите од Србија на Светскиот економски форум во Давос изјави дека од разговорот може да се види дека единственото нешто што сите ги интересира се санкциите против Русија и независноста на Косово.

Како што рече, в петок ќе се сретне со претставниците на Германија, Франција, САД, на Италија и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, и оцени дека тоа ќе биде „многу, многу, многу тежок разговор со светските најголемите сили“.

Тој додаде дека потоа ќе има консултации на државниот врв.

В сабота и недела ќе и се обратиме на јавноста со нови мерки и ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и Метохија и санкциите против Русија, рече Вучиќ.

Запрашан за изјавата на косовскиот премиер, Аљбин Курти, дека може да се постигне договор во следните неколку месеци доколку има волја, Вучиќ рече: „Тоа може да се направи задутре, доколку се откаже од своите сецесионистички намери“.

Тој додаде дека Европскиот парламент усвоил резолуција во која делот за Косово е многу попроблематичен од воведувањето санкции против Русија. Како што рече, тие го поздравија барањето за членство на Косово во ЕУ, повикаа на интензивирање на процесот на дијалог заснован на взаемно признавање и ги осудија ескалирачките потези на Србија, како и констатираа дека независноста на Косово е неповратна и ги повикаа земјите членки кои имаат не е признаено Косово да го сторат тоа.

The post Вучиќ: Викендов ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и Метохија и санкциите против Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Давос изјави дека Србија се соочува со критична година, веројатно една од најтешките во модерната историја на политички и економски план. Тој за медиумите од Србија на Светскиот економски форум во Давос изјави дека од разговорот може да се види дека единственото нешто што сите ги интересира се санкциите против Русија и независноста на Косово. Како што рече, в петок ќе се сретне со претставниците на Германија, Франција, САД, на Италија и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, и оцени дека тоа ќе биде „многу, многу, многу тежок разговор со светските најголемите сили“. Тој додаде дека потоа ќе има консултации на државниот врв.
В сабота и недела ќе и се обратиме на јавноста со нови мерки и ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и Метохија и санкциите против Русија, рече Вучиќ.
Запрашан за изјавата на косовскиот премиер, Аљбин Курти, дека може да се постигне договор во следните неколку месеци доколку има волја, Вучиќ рече: „Тоа може да се направи задутре, доколку се откаже од своите сецесионистички намери“. Тој додаде дека Европскиот парламент усвоил резолуција во која делот за Косово е многу попроблематичен од воведувањето санкции против Русија. Како што рече, тие го поздравија барањето за членство на Косово во ЕУ, повикаа на интензивирање на процесот на дијалог заснован на взаемно признавање и ги осудија ескалирачките потези на Србија, како и констатираа дека независноста на Косово е неповратна и ги повикаа земјите членки кои имаат не е признаено Косово да го сторат тоа.

The post Вучиќ: Викендов ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и Метохија и санкциите против Русија appeared first on Република.

]]>
Побарувачката е голема: Проститутките на Самитот во Давос наплаќаат 700 евра за еден час и 2500 за цела ноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pobaruvachkata-e-golema-prostitutkite-na-samitot-vo-davos-naplakaat-700-evra-za-eden-chas-i-2500-za-tsela-nok/ Wed, 18 Jan 2023 12:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=598300

Проститутките се собира во Давос на годишниот состанок на глобалната елита, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Побарувачката за сексуални услуги е зголемена за време на самитот, дознава весникот.

Глобалната елита која се справува со најголемите проблеми во светот - вклучително и родовата нееднаквост - на самитот во Давос го поттикнува порастот на проституцијата во швајцарскиот туристички град.

Побарувачката за сексуална работа вртоглаво расте секоја година на состанокот на светските лидери и деловните тајкуни.

Проститутката Лијана наплаќа околу 700 евра за еден час и  2500 евра за цела ноќ, плус патни трошоци.

 

The post Побарувачката е голема: Проститутките на Самитот во Давос наплаќаат 700 евра за еден час и 2500 за цела ноќ appeared first on Република.

]]>

Проститутките се собира во Давос на годишниот состанок на глобалната елита, пишува грчкиот весник „Прототема“. Побарувачката за сексуални услуги е зголемена за време на самитот, дознава весникот. Глобалната елита која се справува со најголемите проблеми во светот - вклучително и родовата нееднаквост - на самитот во Давос го поттикнува порастот на проституцијата во швајцарскиот туристички град. Побарувачката за сексуална работа вртоглаво расте секоја година на состанокот на светските лидери и деловните тајкуни. Проститутката Лијана наплаќа околу 700 евра за еден час и  2500 евра за цела ноќ, плус патни трошоци.  

The post Побарувачката е голема: Проститутките на Самитот во Давос наплаќаат 700 евра за еден час и 2500 за цела ноќ appeared first on Република.

]]>
Кличко: Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/klichko-infrastrukturata-na-kiev-mozhe-da-se-urne-vo-sekoja-sekunda/ Tue, 17 Jan 2023 09:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=597736

Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда, бидејќи спорадичните руски ракетни напади и ниските зимски температури вршат се поголем притисок врз локалните власти, изјави градоначалникот на украинскиот главен град Виталиј Кличко.

Тој и неговиот брат Владимир изјавија дека западните сојузници мора да го забрзаат распоредувањето на противвоздушни одбранбени системи способни да соборуваат руски ракети.

Киев ја обвинува Москва дека гаѓа цивили и клучна инфраструктура, ги загрозува снабдувањето со електрична енергија, вода и греење.

Не зборуваме за колапс, но тоа може да се случи во секоја секунда (бидејќи) руските проектили може да ја уништат нашата важна инфраструктура во Киев, рече Виталиј Кличко, додавајќи дека енергетскиот дефицит во главниот град моментално е 30 отсто.

Во моментов во Украина е прилично студено и животот без струја и греење е речиси невозможен. Ситуацијата е критична. Се бориме да преживееме, изјави Кличко на маргините на годишниот Светски економски форум (СЕФ) во Давос.

Поранешните светски шампиони во бокс во тешка категорија, браќата Виталиј и Владимир, се дел од пошироката украинска деловна и политичка делегација на самитот на СЕФ во Давос.

Важно е да нема двоумење дали да се испорача оружјето што ни е толку потребно, туку да го доставите што е можно поскоро. Во спротивно, ќе продолжиме да ја губиме нашата инфраструктура и што е најважно, нашите најдобри луѓе, рече Владимир Кличко, додавајќи дека очекуваат ескалација на северот на Украина од правец на Белорусија.

The post Кличко: Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда appeared first on Република.

]]>

Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда, бидејќи спорадичните руски ракетни напади и ниските зимски температури вршат се поголем притисок врз локалните власти, изјави градоначалникот на украинскиот главен град Виталиј Кличко. Тој и неговиот брат Владимир изјавија дека западните сојузници мора да го забрзаат распоредувањето на противвоздушни одбранбени системи способни да соборуваат руски ракети. Киев ја обвинува Москва дека гаѓа цивили и клучна инфраструктура, ги загрозува снабдувањето со електрична енергија, вода и греење.
Не зборуваме за колапс, но тоа може да се случи во секоја секунда (бидејќи) руските проектили може да ја уништат нашата важна инфраструктура во Киев, рече Виталиј Кличко, додавајќи дека енергетскиот дефицит во главниот град моментално е 30 отсто. Во моментов во Украина е прилично студено и животот без струја и греење е речиси невозможен. Ситуацијата е критична. Се бориме да преживееме, изјави Кличко на маргините на годишниот Светски економски форум (СЕФ) во Давос.
Поранешните светски шампиони во бокс во тешка категорија, браќата Виталиј и Владимир, се дел од пошироката украинска деловна и политичка делегација на самитот на СЕФ во Давос.
Важно е да нема двоумење дали да се испорача оружјето што ни е толку потребно, туку да го доставите што е можно поскоро. Во спротивно, ќе продолжиме да ја губиме нашата инфраструктура и што е најважно, нашите најдобри луѓе, рече Владимир Кличко, додавајќи дека очекуваат ескалација на северот на Украина од правец на Белорусија.

The post Кличко: Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда appeared first on Република.

]]>
Македонија стана дел од Алијансата „Баукултур“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonija-stana-del-od-alijansata-baukultur/ Tue, 17 Jan 2023 08:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=597708

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вториот ден од Министерската конференција во Давос, која е посветена на изјавите, усвојувањето на документите и востановувањето на Алијансата „Баукултур 2023“, рече дека основањето на Алијансата е добра вест и за Македонија и дека тоа ќе биде мрежа која ќе ја иницира соработката на јавниот со приватниот сектор, а резултатот ќе донесе бенефит за сите.

Станувајќи членки на Алијансата „Баукултур 2023“, ние преземаме и одговорност – одговорно да се однесуваме кон правото на секој човек да живее и да создава во хуман амбиент. Точно е дека секој има право да заработи, но не и да профитира од менталното здравје и од социјалниот живот на луѓето. Тоа не е бизнис со економски бенефит за сите. Тоа е корупција со лоши последици за сите, посочи министерката Костадиновска-Стојчевска.

На Конференцијата, Костадиновска-Стојчевска пред присутните нагласи дека Македонија има големо културно наследство, богатство од минатото, кое ја дефинира нашата сегашност и кое неминовно е дел од културниот идентитет и на Европа.

Затоа подавам рака, зашто имаме многу заедничка работа. Македонското културно наследство е нераскинлив дел и сведоштво од секоја историска епоха на европскиот континент – додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека многу аспекти од Декларацијата од 2018-та за „Баукултур“ се имплементирани во нашите национални стратегии и бидејќи потенцијалот на Европа да се хуманизира просторот е влезен во фаза на сериозно ангажирање, како што вели таа, уште еднаш нагласи дека ќе иницира формирање на Оддел за „Баукултур“ во рамките на Министерството за култура и тоа очекува да го реализира во најкраток рок.

Актуелните случувања уште повеќе ја потврдуваат неопходноста од „Баукултур“ – суштински и длабоко да го разбереме поимот и преку неговата примена да стане европски начин на живот, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Во рамките на Конференцијата во Давос, меѓу другото, под главно спонзорство на балтичките држави, беше изгласана заедничка изјава за закрепнување и обнова во Украина, за што поддршка даде и Македонија.

Што е „Баукултур“ (Baukultur)?

„Баукултур“ се дефинира како градење културен чин и простор за култура, кој ја гледа целата дизајнирана животна средина како кохерентна целина, од постоечки згради до современ дизајн, од мали рачно изработени детали до згради и отворени простори до големи инфраструктури, и од процесот на планирање преку изградба и работење до повторна употреба. Втората конференција на Баукултур во 2023 година се фокусира на имплементација, што бара соработка меѓу политиката, приватниот сектор и граѓанското општество. Градови, села, куќи, патишта, мостови, градини, плоштади, простори, пејзажи се дел од Баукултур. Зајакнувањето на „Баукултур“ е важно ако треба да се најдат решенија за сегашноста предизвици, како што се климатските промени, енергетската транзиција, внатрешен урбан развој, позелени населби и раст на населението. Исходот е одржлив, атрактивен и инспиративен простор за живеење, информираат од Министерството за култура.

 

The post Македонија стана дел од Алијансата „Баукултур“ appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вториот ден од Министерската конференција во Давос, која е посветена на изјавите, усвојувањето на документите и востановувањето на Алијансата „Баукултур 2023“, рече дека основањето на Алијансата е добра вест и за Македонија и дека тоа ќе биде мрежа која ќе ја иницира соработката на јавниот со приватниот сектор, а резултатот ќе донесе бенефит за сите.
Станувајќи членки на Алијансата „Баукултур 2023“, ние преземаме и одговорност – одговорно да се однесуваме кон правото на секој човек да живее и да создава во хуман амбиент. Точно е дека секој има право да заработи, но не и да профитира од менталното здравје и од социјалниот живот на луѓето. Тоа не е бизнис со економски бенефит за сите. Тоа е корупција со лоши последици за сите, посочи министерката Костадиновска-Стојчевска.
На Конференцијата, Костадиновска-Стојчевска пред присутните нагласи дека Македонија има големо културно наследство, богатство од минатото, кое ја дефинира нашата сегашност и кое неминовно е дел од културниот идентитет и на Европа.
Затоа подавам рака, зашто имаме многу заедничка работа. Македонското културно наследство е нераскинлив дел и сведоштво од секоја историска епоха на европскиот континент – додаде таа.
Костадиновска-Стојчевска информираше дека многу аспекти од Декларацијата од 2018-та за „Баукултур“ се имплементирани во нашите национални стратегии и бидејќи потенцијалот на Европа да се хуманизира просторот е влезен во фаза на сериозно ангажирање, како што вели таа, уште еднаш нагласи дека ќе иницира формирање на Оддел за „Баукултур“ во рамките на Министерството за култура и тоа очекува да го реализира во најкраток рок.
Актуелните случувања уште повеќе ја потврдуваат неопходноста од „Баукултур“ – суштински и длабоко да го разбереме поимот и преку неговата примена да стане европски начин на живот, истакна Костадиновска-Стојчевска.
Во рамките на Конференцијата во Давос, меѓу другото, под главно спонзорство на балтичките држави, беше изгласана заедничка изјава за закрепнување и обнова во Украина, за што поддршка даде и Македонија. Што е „Баукултур“ (Baukultur)? „Баукултур“ се дефинира како градење културен чин и простор за култура, кој ја гледа целата дизајнирана животна средина како кохерентна целина, од постоечки згради до современ дизајн, од мали рачно изработени детали до згради и отворени простори до големи инфраструктури, и од процесот на планирање преку изградба и работење до повторна употреба. Втората конференција на Баукултур во 2023 година се фокусира на имплементација, што бара соработка меѓу политиката, приватниот сектор и граѓанското општество. Градови, села, куќи, патишта, мостови, градини, плоштади, простори, пејзажи се дел од Баукултур. Зајакнувањето на „Баукултур“ е важно ако треба да се најдат решенија за сегашноста предизвици, како што се климатските промени, енергетската транзиција, внатрешен урбан развој, позелени населби и раст на населението. Исходот е одржлив, атрактивен и инспиративен простор за живеење, информираат од Министерството за култура.  

The post Македонија стана дел од Алијансата „Баукултур“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ke-uchestvuva-na-godishniot-sostanok-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/ Tue, 17 Jan 2023 07:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=597672

Претседателот Стево Пендаровски од денеска, 17 јануари 2023 година, вторник, ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос.

Според програмата, претседателот Пендаровски говорeше на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започна во 8:30 часот. На дискусијата говореа и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија.

Во рамки на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, како и да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот.

Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, на кој се очекува лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество да се осврнат на состојбата во светот и да разговараат за приоритетите за годината што претстои.

The post Пендаровски ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски од денеска, 17 јануари 2023 година, вторник, ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос. Според програмата, претседателот Пендаровски говорeше на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започна во 8:30 часот. На дискусијата говореа и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија. Во рамки на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, како и да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот. Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, на кој се очекува лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество да се осврнат на состојбата во светот и да разговараат за приоритетите за годината што претстои.

The post Пендаровски ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска од Давос: Ќе се зајакнува соработката во културата со Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-od-davos-ke-se-zajaknuva-sorabotkata-vo-kulturata-so-grtsija/ Sun, 15 Jan 2023 17:29:07 +0000 https://republika.mk/?p=597192

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на маргините на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023“, оствари билатерална средба со генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Република Грција, Елени Доундолуакис.

Има исклучителен простор за зајакнување на соработката во областа на културата помеѓу двете земји. Од особена важност е што голем чекор на овој план е веќе направен, но верувам дека допрва следи период на интензивни активности, рече на средбата министерката Костадиновска-Стојчевска.

Генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Република Грција, Елени Доундолуакис истакна дека грчкото министерство, исто како и македонското ги следи насоките за интензивирање на односите во културата, посочувајќи дека во време на неизвесност особено е важно да се негуваат и зајакнуваат односите со соседните земји.

Соговорничките се согласија дека по потпишувањето на Преспанскиот договор значително се продлабочени односите во културата и дека потпишување на билатерален документ меѓу двете држави, ќе биде од особено значење за унапредување на соработката во овој сегмент. Воедно, тоа ќе овозможи размена на конкретни проекти и уметници, како и поголема комуникација меѓу институциите од двете држави.

На средбата беше потенцирано дека соработката во делот на културата е особено видлива меѓу музичките фестивали во двете земји, како и во блиската комуникација и активности на музеите за современа уметност, која веќе дава одлични резултати.

Во таа насока од страна на министерката за култура, Бисера Костадиновска -Стојчевска, на средбата беше изразен интерес за учество на нашата земја со културни содржини на манифестацијата „Елефсина – Европска престолнина на културата за 2023 година“.

Костадиновска-Стојчевска ја истакна и важноста на потпишаниот Меморандум за соработката меѓу Министерството за култура на Македонија и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, што резултираше со посета на експертска група од Република Грција и изработка на проект за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.

Оваа средба, министерката Костадиновска-Стојчевска, ја реализираше пред отворањето на Министерската конференција за култура, „Алијанса Баукултур Давос 2023“, која се одржува под мотото „Заедничко добро – споделена одговорност“, на која министерката, денеска и утре има свои обраќања.

На истата министрите за култура на земјите потписнички на Декларацијата од Давос 2018, како и од земјите набљудувачи на Советот на Европа, ќе се осврнат на влијанието на пазарот и на бизнисот во создавањето квалитетна животна средина, со културата како нејзин составен дел.

 

The post Костадиновска-Стојчевска од Давос: Ќе се зајакнува соработката во културата со Грција appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на маргините на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023“, оствари билатерална средба со генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Република Грција, Елени Доундолуакис.
Има исклучителен простор за зајакнување на соработката во областа на културата помеѓу двете земји. Од особена важност е што голем чекор на овој план е веќе направен, но верувам дека допрва следи период на интензивни активности, рече на средбата министерката Костадиновска-Стојчевска.
Генералната секретарка за современа култура при Министерството за култура и спорт на Република Грција, Елени Доундолуакис истакна дека грчкото министерство, исто како и македонското ги следи насоките за интензивирање на односите во културата, посочувајќи дека во време на неизвесност особено е важно да се негуваат и зајакнуваат односите со соседните земји. Соговорничките се согласија дека по потпишувањето на Преспанскиот договор значително се продлабочени односите во културата и дека потпишување на билатерален документ меѓу двете држави, ќе биде од особено значење за унапредување на соработката во овој сегмент. Воедно, тоа ќе овозможи размена на конкретни проекти и уметници, како и поголема комуникација меѓу институциите од двете држави. На средбата беше потенцирано дека соработката во делот на културата е особено видлива меѓу музичките фестивали во двете земји, како и во блиската комуникација и активности на музеите за современа уметност, која веќе дава одлични резултати. Во таа насока од страна на министерката за култура, Бисера Костадиновска -Стојчевска, на средбата беше изразен интерес за учество на нашата земја со културни содржини на манифестацијата „Елефсина – Европска престолнина на културата за 2023 година“. Костадиновска-Стојчевска ја истакна и важноста на потпишаниот Меморандум за соработката меѓу Министерството за култура на Македонија и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, што резултираше со посета на експертска група од Република Грција и изработка на проект за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново. Оваа средба, министерката Костадиновска-Стојчевска, ја реализираше пред отворањето на Министерската конференција за култура, „Алијанса Баукултур Давос 2023“, која се одржува под мотото „Заедничко добро – споделена одговорност“, на која министерката, денеска и утре има свои обраќања. На истата министрите за култура на земјите потписнички на Декларацијата од Давос 2018, како и од земјите набљудувачи на Советот на Европа, ќе се осврнат на влијанието на пазарот и на бизнисот во создавањето квалитетна животна средина, со културата како нејзин составен дел.  

The post Костадиновска-Стојчевска од Давос: Ќе се зајакнува соработката во културата со Грција appeared first on Република.

]]>
Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на Европската Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-od-davos-politikata-na-otvoreni-vrati-mora-da-prodolzi-ne-samo-vo-odnos-na-nato-tuku-i-na-evropskata-unija/ Tue, 24 May 2022 17:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=506452

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“. Во фокусот на дискусијата беше војната во Украина, но и чекорите што Европската Унија треба да ги преземе.

На панел дискусијата учествуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро, министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен и шефот на претседателската администрација во Украина, Андриј Јермак.

Учесниците на панелот, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, ја осудиле руската агресија и изразиле поддршка за украинскиот народ. Била истакната важноста од превенција на ескалација на конфликтот во Украина и неопходноста да се обезбеди заштита на НАТО сојузниците.

Претседателот Пендаровски истакнал дека руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметнала потребата Европската Унија да се фокусира на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, процес кој дополнително ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста, демократизацијата на регионот, а со тоа ќе придонесе и кон целокупната безбедност на континентот.

Нагласил дека НАТО, но и Европската Унија, се двата коридори за подобра, побезбедна и попросперитетна иднина.

Потребно е да ѝ помогнеме на Украина, да ги убедиме и другите сојузници кои можеби имаат одредена доза на скептицизам. Политиката на „отворени врати“ не треба да важи само за НАТО, туку да се применува и за Европската Унија, вратите и на двете организации да останат отворени за украинскиот народ. Украинците се борат за сопствената слобода, но оваа борба е и за одбрана на демократските вредности. Ова е војна на една автократија против демократија. Доколку Путин успее некако да победи во оваа војна, тогаш нема само да ја победи Украина, порачал Пендаровски, додавајќи дека Македонија во рамки на своите можности дава поддршка на Украина, од воена до дипломатска помош.

Според Пендаровски, политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и во однос на Европската Унија бидејќи во спротивно концептот за обединета Европа ќе биде само сон.

The post Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на Европската Унија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“. Во фокусот на дискусијата беше војната во Украина, но и чекорите што Европската Унија треба да ги преземе. На панел дискусијата учествуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро, министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен и шефот на претседателската администрација во Украина, Андриј Јермак. Учесниците на панелот, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, ја осудиле руската агресија и изразиле поддршка за украинскиот народ. Била истакната важноста од превенција на ескалација на конфликтот во Украина и неопходноста да се обезбеди заштита на НАТО сојузниците. Претседателот Пендаровски истакнал дека руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметнала потребата Европската Унија да се фокусира на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, процес кој дополнително ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста, демократизацијата на регионот, а со тоа ќе придонесе и кон целокупната безбедност на континентот. Нагласил дека НАТО, но и Европската Унија, се двата коридори за подобра, побезбедна и попросперитетна иднина.
Потребно е да ѝ помогнеме на Украина, да ги убедиме и другите сојузници кои можеби имаат одредена доза на скептицизам. Политиката на „отворени врати“ не треба да важи само за НАТО, туку да се применува и за Европската Унија, вратите и на двете организации да останат отворени за украинскиот народ. Украинците се борат за сопствената слобода, но оваа борба е и за одбрана на демократските вредности. Ова е војна на една автократија против демократија. Доколку Путин успее некако да победи во оваа војна, тогаш нема само да ја победи Украина, порачал Пендаровски, додавајќи дека Македонија во рамки на своите можности дава поддршка на Украина, од воена до дипломатска помош.
Според Пендаровски, политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и во однос на Европската Унија бидејќи во спротивно концептот за обединета Европа ќе биде само сон.

The post Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на Европската Унија appeared first on Република.

]]>
Зеленски со онлајн говор го отвора годинашниот Светски економски форум во Давос https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-so-onlajn-govor-go-otvora-godinashniot-svetski-ekonomski-forum-vo-davos/ Sun, 22 May 2022 12:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=505480

Војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени се доминантните теми на годинашниот Светски економски форум (СЕФ) што од утре до четврток ќе се оддржи во Давос, јави ДПА.

Меѓу другото, на форумот светските лидери, бизнисмени, политичари и аналитичари ќе разговараат и за последиците од војната врз синџирите за снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната.

Првиот говор на СЕФ годинава му е препуштен на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако тој ќе се реализира онлајн. Подоцна како гости на форумот се очекува да се обратат и  градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.

Утре претпладне се очекува да зборува и германскиот министер за економија Роберт Хабек кој на панелот ќе објаснува како Германија  да стане помалку зависна од руската енергија, пренесува ДПА.

Германскиот канцелар Олаф Шолц говорот во Давос треба да го одржи во четврток.

На четиридневниот состанок во швајцарските Алпи, за меѓународните проблеми ќе разговараат речиси 2.500 учесници од политиката, бизнисот и општеството.

Мотото на овогодинешниот состанок е „Историјата во пресвртна точка: владини политики и бизнис стратегии“

The post Зеленски со онлајн говор го отвора годинашниот Светски економски форум во Давос appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени се доминантните теми на годинашниот Светски економски форум (СЕФ) што од утре до четврток ќе се оддржи во Давос, јави ДПА. Меѓу другото, на форумот светските лидери, бизнисмени, политичари и аналитичари ќе разговараат и за последиците од војната врз синџирите за снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната. Првиот говор на СЕФ годинава му е препуштен на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако тој ќе се реализира онлајн. Подоцна како гости на форумот се очекува да се обратат и  градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир. Утре претпладне се очекува да зборува и германскиот министер за економија Роберт Хабек кој на панелот ќе објаснува како Германија  да стане помалку зависна од руската енергија, пренесува ДПА. Германскиот канцелар Олаф Шолц говорот во Давос треба да го одржи во четврток. На четиридневниот состанок во швајцарските Алпи, за меѓународните проблеми ќе разговараат речиси 2.500 учесници од политиката, бизнисот и општеството. Мотото на овогодинешниот состанок е „Историјата во пресвртна точка: владини политики и бизнис стратегии“

The post Зеленски со онлајн говор го отвора годинашниот Светски економски форум во Давос appeared first on Република.

]]>
Без вакцинирана Африка, нема крај за пандемијата, порачаа светските експерти за јавно здравје од Давос https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bez-vakcinirana-afrika-nema-kraj-za-pandemijata-porachaa-svetskite-eksperti-za-javno-zdravje-od-davos/ Fri, 21 Jan 2022 09:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=447524

Еднаквиот пристап до вакцините е најдобриот начин да се излезе од сегашната пандемична фаза на епидемијата на коронавирус, рекоа врвните светски експерти за јавно здравје на панелот во Давос во вторникот.

Директорот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, зборувајќи за нееднаквиот пристап во вакцинацијата на виртуелната агенда на Светскиот економски форум во Давос, рече дека повеќе од половина од светското население ги примило двете дози на вакцина против Ковид-19, но само 7 отсто од населението е целосно вакцинирано во Африка.

Проблемот е што оставаме огромни делови од светот зад себе…Во моментов нема излез од пандемијата без вакцините како централен стратешки столб.

Откривањето на варијантата Омикрон во јужна Африка ги засили тврдењата дека ниските стапки на инокулација може да поттикнат вирусни мутации, кои потоа може да се прошират во земјите каде што стапките се многу повисоки.

 

The post Без вакцинирана Африка, нема крај за пандемијата, порачаа светските експерти за јавно здравје од Давос appeared first on Република.

]]>

Еднаквиот пристап до вакцините е најдобриот начин да се излезе од сегашната пандемична фаза на епидемијата на коронавирус, рекоа врвните светски експерти за јавно здравје на панелот во Давос во вторникот. Директорот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, зборувајќи за нееднаквиот пристап во вакцинацијата на виртуелната агенда на Светскиот економски форум во Давос, рече дека повеќе од половина од светското население ги примило двете дози на вакцина против Ковид-19, но само 7 отсто од населението е целосно вакцинирано во Африка.
Проблемот е што оставаме огромни делови од светот зад себе…Во моментов нема излез од пандемијата без вакцините како централен стратешки столб.
Откривањето на варијантата Омикрон во јужна Африка ги засили тврдењата дека ниските стапки на инокулација може да поттикнат вирусни мутации, кои потоа може да се прошират во земјите каде што стапките се многу повисоки.  

The post Без вакцинирана Африка, нема крај за пандемијата, порачаа светските експерти за јавно здравје од Давос appeared first on Република.

]]>