Давор Стојановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davor-stojanovski/ За подобро да се разбереме Fri, 20 May 2022 11:45:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Давор Стојановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davor-stojanovski/ 32 32 Промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски вечерва во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocijata-na-romanot-nokjite-koga-zaspivavme-vo-pompeja-od-davor-stojanovski-vecherva-vo-bukva/ Fri, 20 May 2022 11:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=504770

Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во 20 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски, во издание на „Или-или“. Промоторка на книгата ќе биде писателката Николина Андова-Шопова. Романот влезе во најтесниот круг за наградата „Роман на годината 2021“ на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Давор Стојановски напишал сјаен роман! Возбудлива и непредвидлива приказна, прецизна нарација со брилијантно чувство за ритам и драматургија, со одлично изградена атмосфера и ликови, со вешто вклопени контемплативни прелевања (некои од нив антологиски парчиња). Му посакувам (и предвидувам) голем успех. Топла препорака“. Николина Андова-Шопова

Давор Стојановски (1987, Скопје) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите дела се застапени во домашни и во странски антологии. Неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“ (2013) влезе во потесниот круг за наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, а со вториот роман „Собирачи на пепел“ (2016) стана лауреат. Третиот роман „Утеха за голите“ (2018) беше номиниран за Наградата за литература на ЕУ за 2020 година.

The post Промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Во Софија промоција на романот „Утеха за голите” од Давор Стојановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-sofija-promocija-na-romanot-uteha-za-golite-od-davor-stojanovski/ Wed, 18 May 2022 07:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=503648

Книгата „Утеха за голите" од младиот македонски писател Давор Стојановски вечерва ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, со почеток од 18.30 часот.

Во присуство на авторот за книгата ќе говорат издавачот Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј") и преведувачката Тања Попова.

Книгата, како што информира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, е номинирана истовремено за Награда за литература на Европската Унија и за најголемата награда за литература во Македонија – „Роман на годината" (писателот веќе ја добил еднаш, а сите негови досегашни четири романи се номинирани за неа).

„Утеха за голите" е роман за изгубената, неостварена и несреќна љубов. Но, тој ги допира и темите за вечноста и бесмртноста, за среќата и радоста во животот, за барањето на утеха во најтемните периоди на човекот. Тоа е приказна на еден од најдобрите шахисти во светот, Германецот Рајнер Кестинг, и причините на неговото ненадејно повлекување од натпреварувачката дејност.

The post Во Софија промоција на романот „Утеха за голите” од Давор Стојановски appeared first on Република.

]]>

Книгата „Утеха за голите" од младиот македонски писател Давор Стојановски вечерва ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, со почеток од 18.30 часот. Во присуство на авторот за книгата ќе говорат издавачот Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј") и преведувачката Тања Попова. Книгата, како што информира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, е номинирана истовремено за Награда за литература на Европската Унија и за најголемата награда за литература во Македонија – „Роман на годината" (писателот веќе ја добил еднаш, а сите негови досегашни четири романи се номинирани за неа). „Утеха за голите" е роман за изгубената, неостварена и несреќна љубов. Но, тој ги допира и темите за вечноста и бесмртноста, за среќата и радоста во животот, за барањето на утеха во најтемните периоди на човекот. Тоа е приказна на еден од најдобрите шахисти во светот, Германецот Рајнер Кестинг, и причините на неговото ненадејно повлекување од натпреварувачката дејност.  

The post Во Софија промоција на романот „Утеха за голите” од Давор Стојановски appeared first on Република.

]]>