Давкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davkova/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 14:58:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Давкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davkova/ 32 32 Средба на претседателката Сиљановска Давкова со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-spetsijalniot-pretstavnik-na-sojuzna-republika-germanija-za-zapaden-balkan-manuel-saratsin/ Tue, 28 May 2024 16:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=782493

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. 

На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, за процесот на македонските евроинтеграции, како и за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан низ призма на европските перспективи.

Претседателката Сиљановска Давкова го поздрави интензивниот политички дијалог со Германија, како една од нашите најблиски сојузници и партнери и изрази целосна подготвеност за натамошна успешна соработка во сите области од взаемен интерес.

Претседателката се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка на германските власти на македонските евроинтеграции, за Резолуцијата на германскиот Бундестаг и нивниот севкупен ангажман преку Берлинскиот процес и изрази очекување за натамошна поддршка, потенцирајќи дека проширувањето на Унијата е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

Таа ја посочи свесноста за обврските кои произлегуваат од меѓународните договори и истакна дека придаваме големо значење на одржувањето на добрососедските односи, но истовремено ги потенцираше очекувањата на граѓаните дека евроинтегративниот процес ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин appeared first on Република.

]]>

МТВ: Тимот на Пендаровски одговори дека не можат да му ја организираат агендата за дуел, ниту за одделно интервју https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mtv-timot-na-pendarovski-odgovori-deka-ne-mozhat-da-mu-ja-organiziraat-agendata-za-duel-nitu-za-oddelno-intervju/ Thu, 02 May 2024 18:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=773597

Вечерва во 20.15 на Македонската телевизија наместо дуел меѓу двајцата претенденти за шеф на државата, ќе има интервју само со кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова. Нејзиниот опонент Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во дебатата на јавниот сервис.

Од македонската телевизија, по обвинувањата од тимот на Пендаровски дека Давкова сама си договорила дебата, информираат дека на 26 април упатиле покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.

-Јавниот сервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 06 мај (понеделник). Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател. Од тимот на Гордана Силјановска-Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај – четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин. Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај.. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат да му ја организираат агендата и дека не можат да успеат.. во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк, се вели во соопштението од МТВ.

Од македонската телевизија ги отфрлаат информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ.

The post МТВ: Тимот на Пендаровски одговори дека не можат да му ја организираат агендата за дуел, ниту за одделно интервју appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20.15 на Македонската телевизија наместо дуел меѓу двајцата претенденти за шеф на државата, ќе има интервју само со кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова. Нејзиниот опонент Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во дебатата на јавниот сервис. Од македонската телевизија, по обвинувањата од тимот на Пендаровски дека Давкова сама си договорила дебата, информираат дека на 26 април упатиле покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова. -Јавниот сервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 06 мај (понеделник). Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател. Од тимот на Гордана Силјановска-Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај – четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин. Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај.. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат да му ја организираат агендата и дека не можат да успеат.. во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк, се вели во соопштението од МТВ. Од македонската телевизија ги отфрлаат информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ.

The post МТВ: Тимот на Пендаровски одговори дека не можат да му ја организираат агендата за дуел, ниту за одделно интервју appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Убеден сум дека она што ќе се случи по 8 мај ќе биде ослободување на Македонија и обединување околу пет важни принципи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ubeden-sum-deka-ona-shto-ke-se-sluchi-po-8-maj-ke-bide-osloboduvane-na-makedonija-i-obedinuvane-okolu-pet-vazhni-printsipi/ Sun, 21 Apr 2024 18:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=769028

Овие избори се референдумско изјаснување на македонските граѓа ни Македонија повторно да биде твоја, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Аеродром при што порача дека прва на 24 април, потоа и на 8 мај следи огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата броејќи 61 пратеник и промена на власта.

Мицкоски истакна дека ова ќе се случи не само затоа што на избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат нејзините поддржувачи, туку членовите и симпатизерите на партите на власт, затоа што тие се определени за национално единство кое што тој го предлага.

Мицкоски порача дека е убеден дека она што ќе се случи после 8 мај ќе биде ослободување на Македонија и обединување околу пет важни принципи.

Првото, почитување на владеење на правото, правна држава и одговорност за тие кои што се огрешиле спрема законите. Вториот принцип е економски развој, подигнување на животниот стандард и подобар живот за сите граѓани. Третиот принцип е водење на достоинствена надворешна политика, која што ќе се темели на меѓусебно почитување и одбрана на националните и државни интереси. Четврто, почитување на човековите права и слободи. Македонија била и ќе остане слободна, независна и суверена држава. Пети, можеби и најважен Македонија да ја вратиме на народот. Македонија му припаѓа на народот, бидејќи сега е украдена од неколкумина, би рекол дел од раководството на ДУИ и уште малкумина измеќари од ДУИ кои што се сеуште раководство во СДСМ“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека за да стигнеме до сето ова, потребно е масовно да ја пренесеме пораката на единство околу двата основни столба, најпрвин на 24 април заокружувајќи го бројот 2 и да се гласа за идниот претседател на дравата Гордана Силјановска Давкова, а потоа на 8 мај повторно да се обединиме околу бројот два.

The post Мицкоски: Убеден сум дека она што ќе се случи по 8 мај ќе биде ослободување на Македонија и обединување околу пет важни принципи appeared first on Република.

]]>

Овие избори се референдумско изјаснување на македонските граѓа ни Македонија повторно да биде твоја, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Аеродром при што порача дека прва на 24 април, потоа и на 8 мај следи огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата броејќи 61 пратеник и промена на власта. Мицкоски истакна дека ова ќе се случи не само затоа што на избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат нејзините поддржувачи, туку членовите и симпатизерите на партите на власт, затоа што тие се определени за национално единство кое што тој го предлага.