Давид Дејвис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/david-dejvis/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Feb 2022 08:24:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Давид Дејвис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/david-dejvis/ 32 32 Вардарци уште два меча ги делат од осминафиналето, Дејвис задоволен https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardarci-ushte-dva-mecha-gi-delat-od-osminafinaleto-dejvis-zadovolen/ Thu, 24 Feb 2022 08:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=462845

Тренерот на Вардар, Давид Дејвис е среќен поради победата над Загреб извојувана синоќа во Скопје во 12. коло од Лигата на шампионите.

  • Победивме тежок натпревар, не многу убав за гледање. Сите играчи беа многу нервозни. Знаевме колку ни значеа овие бодови. Ја забележавме втората победа по ред во Лигата на шампионите. Немавме многу време за подготовка, но најважно ја остваривме целта. Сега ни престојат два меча за кои ќе можеме помирно да се подготвуваме. Продолжуваме со работа и ќе видиме како ќе ја завршиме групната фаза, истакна Дејвис.

„Црвено-црните“ по триумфот над Загреб се искачи на петтото место на табелата во А-групата од елитното ракометно натпреварување.

До крајот на групната фаза, Вардар ќе игра со Мешков Брест на гостински терен и со Елверум во Скопје.

The post Вардарци уште два меча ги делат од осминафиналето, Дејвис задоволен appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Вардар, Давид Дејвис е среќен поради победата над Загреб извојувана синоќа во Скопје во 12. коло од Лигата на шампионите.
  • Победивме тежок натпревар, не многу убав за гледање. Сите играчи беа многу нервозни. Знаевме колку ни значеа овие бодови. Ја забележавме втората победа по ред во Лигата на шампионите. Немавме многу време за подготовка, но најважно ја остваривме целта. Сега ни престојат два меча за кои ќе можеме помирно да се подготвуваме. Продолжуваме со работа и ќе видиме како ќе ја завршиме групната фаза, истакна Дејвис.
„Црвено-црните“ по триумфот над Загреб се искачи на петтото место на табелата во А-групата од елитното ракометно натпреварување. До крајот на групната фаза, Вардар ќе игра со Мешков Брест на гостински терен и со Елверум во Скопје.

The post Вардарци уште два меча ги делат од осминафиналето, Дејвис задоволен appeared first on Република.

]]>
Дејвис по победата: Честитки до момците, завршија фантастична работа https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/dejvis-po-pobedata-chestitki-do-momcite-zavrshija-fantastichna-rabota/ Wed, 16 Feb 2022 20:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=459533

Давид Дејвис ја запиша и првата победа во Лигата на шампиони како тренер на Вардар 1961. Македонскиот првак под водство на шпанскиот стратег во Монпеље се покажа во едно поинакво светло, иако и на оваа средба не беше комплетен.

На теренот „црвено-црните“ делуваа поинаку, предводени од Мартин Томовски, постојано го имаа водството. Монпеље на оваа средба само еднаш поведе.

Честитки до играчите за играта против Монпеље, завршија фантастична работа. Навистина сум среќан, запишавме важна победа. Нашата одбрана беше добра, исто и нападот, навистина сум задоволен од она шо го прикажавме против еден ваков ривал - изјави Дејвис.

Вардар се врати на шестото место на табелата во групата А, пред ППД Загреб и Мешков Брест, дали ќе остане таму ќе биде познато по комплетирање на колото

The post Дејвис по победата: Честитки до момците, завршија фантастична работа appeared first on Република.

]]>

Давид Дејвис ја запиша и првата победа во Лигата на шампиони како тренер на Вардар 1961. Македонскиот првак под водство на шпанскиот стратег во Монпеље се покажа во едно поинакво светло, иако и на оваа средба не беше комплетен. На теренот „црвено-црните“ делуваа поинаку, предводени од Мартин Томовски, постојано го имаа водството. Монпеље на оваа средба само еднаш поведе.
Честитки до играчите за играта против Монпеље, завршија фантастична работа. Навистина сум среќан, запишавме важна победа. Нашата одбрана беше добра, исто и нападот, навистина сум задоволен од она шо го прикажавме против еден ваков ривал - изјави Дејвис.
Вардар се врати на шестото место на табелата во групата А, пред ППД Загреб и Мешков Брест, дали ќе остане таму ќе биде познато по комплетирање на колото

The post Дејвис по победата: Честитки до момците, завршија фантастична работа appeared first on Република.

]]>
Дејвис тргна со подготовките без репрезентатвците https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/dejvis-trgna-so-podgotovkite-bez-reprezentatvcite/ Mon, 10 Jan 2022 13:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=442604

Екипата на Вардар ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната со новиот тренер Давид Дејвис, но без неколкумина играчи кои имаат обврски со своите репрезентации и ќе настапуваат на ЕП 2022 година во Унгарија и во Словачка.

Дејвис седнува на тренерската клупа на Вардар, но тој веќе беше дел од тимот и како помошник освои европска шампионска круна, титула во СЕХА лигата и двојна круна во домашното првенство. Сега ќе биде прв тренер и ќе го подготвува тимот за настап на три фронта: Во ЛШ, во СЕХА лигата и во домашното првенство.

Тимот останува во Скопје до одигрување на првите официјални натпревари, кои според сегашниот план би требало на бидат на почетокот на февруари. На собирот отсуствуваа оние што се со своите репрезентации и ќе настапуваат на ЕП: Томовски, Талески, Мишевски, Георгиевски, Стоилов, Валчак, Чувара, Гаџа, Ѓукиќ.

„Среќен сум што се вратив во Вардар. Го познавам јазикот, играчите, семејството добро го знае градот и едноставно ова е како враќање во вториот дом. Тие беа тука многу години и лесно се прилагодуваат. Вардар е одличемн тим, има историја, има се. Останувам тука шест месеци, ќе дадам се од себе, па потоа ќе видиме како ќе биде, вели Дејвис.

Заедно со Владо Недановски и Стојан Петрушевски ќе работат со тимот, а дополнително се очекува да пристигне и Венио Лосерт кој ќе биде тренер на голманите.

„Ќе работам со мојот помошник, но засега имаме доста отсутни кои се со репрезентација. Но, ќе работиме и ќе тренираме. Верувам дека можеме да направиме и подобри резултати. Подготовките ќе бидат малку поразлични, ќе уживаме малку повеќе, но секако ќе работиме многу ракомет. Ќе сакам да го внесам мојот систем и ќе треба вредно и напорно тренирање. Но, ќе има многу ракомет, малку во вежбална и малку трчање. Секако најмногу ракомет. Остануваме цело време во Скопје, вели Давид Дејвис.

Вардар има за играње уште четири натпревари од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите и се бори за влез меѓу 16-те најдобри, а наскоро треба да почне и СЕХА лигата. Во домашното првенство Вардар е лидер, и има уште шест кола од регуларниот дел од сезоната. Потоа продолжува разигрувањето за титулата.

The post Дејвис тргна со подготовките без репрезентатвците appeared first on Република.

]]>

Екипата на Вардар ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната со новиот тренер Давид Дејвис, но без неколкумина играчи кои имаат обврски со своите репрезентации и ќе настапуваат на ЕП 2022 година во Унгарија и во Словачка. Дејвис седнува на тренерската клупа на Вардар, но тој веќе беше дел од тимот и како помошник освои европска шампионска круна, титула во СЕХА лигата и двојна круна во домашното првенство. Сега ќе биде прв тренер и ќе го подготвува тимот за настап на три фронта: Во ЛШ, во СЕХА лигата и во домашното првенство. Тимот останува во Скопје до одигрување на првите официјални натпревари, кои според сегашниот план би требало на бидат на почетокот на февруари. На собирот отсуствуваа оние што се со своите репрезентации и ќе настапуваат на ЕП: Томовски, Талески, Мишевски, Георгиевски, Стоилов, Валчак, Чувара, Гаџа, Ѓукиќ.