давење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davenje/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 13:11:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png давење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davenje/ 32 32 Осумгодишно момче во Фурка спасено од давење, помогнале присутните https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osumgodishno-momche-vo-furka-spaseno-od-davene-pomognale-prisutnite/ Tue, 20 Aug 2024 10:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=808245

Драмата на осумгодишното момче кое за малку ќе го загубеше животот во морето кај Фурка на Халкидики имаше среќен крај.

Алармот се вклучил во понеделникот вечерта кога таткото на детето го видел осумгодишното како плови со лицето надолу во морето, пишува „Прототема“.

Преплашен, го извлекол на брегот и сфатил дека е во несвест. Но лекар кој бил во близина, веднаш започнал со реанимација.

Во исто време била известена и Итната помош, додека на местото за пет минути пристигнал волонтер-инструктор Темели Јерисиотис (член на грчкиот спасувачки тим), опремен со кислород и автоматски мобилен дефибрилатор.

За првите критични моменти за „Thesstoday.gr“ зборуваше искусниот спасувач.

Бев на работа во Фурка кога граѓаните во паника ме известија дека дете се дави. Притрчав кон плажата и го најдов детето на песок, додека докторот веќе му даваше прва помош. Голтнал многу вода. Во неколку минути му дадов медицински кислород, а набрзо пристигна и брзата помош кога се освести, раскажува тој.

Претседателот на непрофитната организација „Kids Save Lives“, Анастасис Стефанакис, ја истакна важноста од итно активирање на синџирот на преживување:

Од суштинско значење е во секој итен случај во близина да има здравствени работници и обучени граѓани кои знаат да пружат прва помош, како и достапност до надворешен дефибрилатор. Времето е нашиот најголем непријател. Не можеме и не смееме да чекаме итна помош со скрстени раце, заклучи тој.

The post Осумгодишно момче во Фурка спасено од давење, помогнале присутните appeared first on Република.

]]>

Драмата на осумгодишното момче кое за малку ќе го загубеше животот во морето кај Фурка на Халкидики имаше среќен крај. Алармот се вклучил во понеделникот вечерта кога таткото на детето го видел осумгодишното како плови со лицето надолу во морето, пишува „Прототема“. Преплашен, го извлекол на брегот и сфатил дека е во несвест. Но лекар кој бил во близина, веднаш започнал со реанимација. Во исто време била известена и Итната помош, додека на местото за пет минути пристигнал волонтер-инструктор Темели Јерисиотис (член на грчкиот спасувачки тим), опремен со кислород и автоматски мобилен дефибрилатор. За првите критични моменти за „Thesstoday.gr“ зборуваше искусниот спасувач. Бев на работа во Фурка кога граѓаните во паника ме известија дека дете се дави. Притрчав кон плажата и го најдов детето на песок, додека докторот веќе му даваше прва помош. Голтнал многу вода. Во неколку минути му дадов медицински кислород, а набрзо пристигна и брзата помош кога се освести, раскажува тој. Претседателот на непрофитната организација „Kids Save Lives“, Анастасис Стефанакис, ја истакна важноста од итно активирање на синџирот на преживување: Од суштинско значење е во секој итен случај во близина да има здравствени работници и обучени граѓани кои знаат да пружат прва помош, како и достапност до надворешен дефибрилатор. Времето е нашиот најголем непријател. Не можеме и не смееме да чекаме итна помош со скрстени раце, заклучи тој.

The post Осумгодишно момче во Фурка спасено од давење, помогнале присутните appeared first on Република.

]]>
Странски турист се удави во Охридското Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/stranski-turist-se-udavi-vo-ohridskoto-ezero/ Sun, 27 Aug 2023 17:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=676443

Странски турист се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум.

Според првичните информации од полицијата, станува збор за лице родено 1958 година, државјанин на соседна Република Албанија.

Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта.

The post Странски турист се удави во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Странски турист се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум. Според првичните информации од полицијата, станува збор за лице родено 1958 година, државјанин на соседна Република Албанија. Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта.

The post Странски турист се удави во Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>
Tри жени од Македонија за малку ќе се удавеа во Албанија, две се во сериозна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tri-zheni-od-makedonija-za-malku-ke-se-udavea-vo-albanija-dve-se-vo-seriozna-sostojba/ Sun, 20 Aug 2023 10:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=673868

Три македонски државјанки на возраст од 48, 60 и 66 години во саботата попладне се спасени од давење на плажата Голем кај Каваја, на албанското крајбрежје.

Според полицијата, веднаш им била укажана прва помош од присутните туристи на плажата, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.

Трите жени итно се пренесени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.  Жената на 48-годишна возраст е надвор од животна опасност, додека во потешка состојба се другите две, на 66 и 60-годишна возраст, стои во соопштението.

На албанското крајбрежје годишно летуваат, во просек од 250 до 300 илјади македонски државјани. Ова лето се очекува бројот да биде многу поголем.

The post Tри жени од Македонија за малку ќе се удавеа во Албанија, две се во сериозна состојба appeared first on Република.

]]>

Три македонски државјанки на возраст од 48, 60 и 66 години во саботата попладне се спасени од давење на плажата Голем кај Каваја, на албанското крајбрежје. Според полицијата, веднаш им била укажана прва помош од присутните туристи на плажата, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.
Трите жени итно се пренесени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.  Жената на 48-годишна возраст е надвор од животна опасност, додека во потешка состојба се другите две, на 66 и 60-годишна возраст, стои во соопштението.
На албанското крајбрежје годишно летуваат, во просек од 250 до 300 илјади македонски државјани. Ова лето се очекува бројот да биде многу поголем.

The post Tри жени од Македонија за малку ќе се удавеа во Албанија, две се во сериозна состојба appeared first on Република.

]]>
Тинејџер се удави за време на роденденска прослава во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tinejdher-se-udavi-za-vreme-na-rodendenska-proslava-vo-srbija/ Wed, 12 Jul 2023 13:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=660473

Седумннаесетгодишниот С.Ј. од село Лајковац се удавил во реката Колубара во Србија.

Како што пишуваат српските медиуми, несреќата се случила во близина на стариот железнички мост на Колубара околу 19 часот.

Според неофицијални информации, С.Ј. синоќа бил со своето друштво на роденденска прослава на пријател организирана на брегот на реката кога во еден момент, под сè уште неразјаснети околности, влегол во реката, пишува „Блиц“.

Бидејќи извесно време не се појавил од водата, толпата почнала да го бара и да го повикува повикувајќи ја полицијата на местото на настанот. Неговото тело набргу потоа било пронајдено во близина на местото на Колубара, недалеку од местото каде што последен пат бил виден, а екипа на итната помош можела да констатира смрт само со давење.

Наредена е и обдукција на телото на малолетникот, која треба да ја покаже причината за давењето.

 

The post Тинејџер се удави за време на роденденска прослава во Србија appeared first on Република.

]]>

Седумннаесетгодишниот С.Ј. од село Лајковац се удавил во реката Колубара во Србија. Како што пишуваат српските медиуми, несреќата се случила во близина на стариот железнички мост на Колубара околу 19 часот.
Според неофицијални информации, С.Ј. синоќа бил со своето друштво на роденденска прослава на пријател организирана на брегот на реката кога во еден момент, под сè уште неразјаснети околности, влегол во реката, пишува „Блиц“.
Бидејќи извесно време не се појавил од водата, толпата почнала да го бара и да го повикува повикувајќи ја полицијата на местото на настанот. Неговото тело набргу потоа било пронајдено во близина на местото на Колубара, недалеку од местото каде што последен пат бил виден, а екипа на итната помош можела да констатира смрт само со давење. Наредена е и обдукција на телото на малолетникот, која треба да ја покаже причината за давењето.  

The post Тинејџер се удави за време на роденденска прослава во Србија appeared first on Република.

]]>
Давел соученик во ВЦ, учителката од страв се заклучила во училница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/davel-souchenik-vo-vc-uchitelkata-od-strav-se-zakluchila-vo-uchilnica/ Sat, 29 Oct 2022 08:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=566819

Сите ученици во едно одделение во загрепско основно училиште веќе два дена не одат на настава откако во средата ученик нападнал и давел соученик на подот од училишниот тоалет, по што родителите се одлучиле на овој чекор, јавува „Дневник.хр“.

Нападот го видел трет ученик, кој веднаш истрчала кон наставничката, која од страв се заклучила во училницата заедно со останатите ученици.

Проблемите со момчето, кое вербално и физички ги напаѓа другите ученици, како и наставничката, траат повеќе од две години, а еднаш дури интервенирала и полицијата.

Минатата година ќерка ми толку се плашеше да оди на училиште што се држеше за вратата од училницата, плачеше и не сакаше да влезе, вели вознемирена мајка за весникот, прашувајќи „Што е следно? Ќе дојде во училница со нож?“

Претставничката на родителите А.Б., за медиумите изјавила дека момчето се дружи со нејзиниот син и дека тој бил „добро момче“, но дека треба некој повеќе да се позанимава со него.

Директорката на училиштето потврдила дека долго време се обидувала да го реши проблемот со ученикот. Посочува дека не ја поддржува одлуката на родителите да не ги праќаат децата на училиште бидејќи тоа „го кочи нивното образование“.

Додава дека ја собрале целата потребна документација и дека денеска има состанок за ученикот. Таа истакна дека за целосното решение би можело да се чека и до две недели, но дека „нашле противпожарна мерка со која децата ќе одат на училиште“. Детали не сакала да ги открие.

За ситуацијата околу момчето известени се Министерството за наука и образование, Центарот за социјални работи, полицијата, како и Градската канцеларија за образование, пишува „Дневник.хр“.

 

The post Давел соученик во ВЦ, учителката од страв се заклучила во училница appeared first on Република.

]]>

Сите ученици во едно одделение во загрепско основно училиште веќе два дена не одат на настава откако во средата ученик нападнал и давел соученик на подот од училишниот тоалет, по што родителите се одлучиле на овој чекор, јавува „Дневник.хр“. Нападот го видел трет ученик, кој веднаш истрчала кон наставничката, која од страв се заклучила во училницата заедно со останатите ученици. Проблемите со момчето, кое вербално и физички ги напаѓа другите ученици, како и наставничката, траат повеќе од две години, а еднаш дури интервенирала и полицијата.
Минатата година ќерка ми толку се плашеше да оди на училиште што се држеше за вратата од училницата, плачеше и не сакаше да влезе, вели вознемирена мајка за весникот, прашувајќи „Што е следно? Ќе дојде во училница со нож?“
Претставничката на родителите А.Б., за медиумите изјавила дека момчето се дружи со нејзиниот син и дека тој бил „добро момче“, но дека треба некој повеќе да се позанимава со него. Директорката на училиштето потврдила дека долго време се обидувала да го реши проблемот со ученикот. Посочува дека не ја поддржува одлуката на родителите да не ги праќаат децата на училиште бидејќи тоа „го кочи нивното образование“. Додава дека ја собрале целата потребна документација и дека денеска има состанок за ученикот. Таа истакна дека за целосното решение би можело да се чека и до две недели, но дека „нашле противпожарна мерка со која децата ќе одат на училиште“. Детали не сакала да ги открие. За ситуацијата околу момчето известени се Министерството за наука и образование, Центарот за социјални работи, полицијата, како и Градската канцеларија за образование, пишува „Дневник.хр“.  

The post Давел соученик во ВЦ, учителката од страв се заклучила во училница appeared first on Република.

]]>
Шестгодишно албанско девојче се удави во Грција, татко ѝ не нурнал да ја спаси зошто „имал астма“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shestgodishno-albansko-devojche-se-udavi-vo-grcija-tatko-ne-nurnal-da-ja-spasi-zoshto-imal-astma/ Thu, 25 Aug 2022 08:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=543880

Безживотно тело на шестгодишно девојче беше извлечено од морето во Грција кај селото Истмија кај Коринт.

Телото на девојчето, кое било целосно облечено, го пронашол нуркач под чамецот, а како што изјавил во полиција – никаде не можел да ги пронајде ниту родителите, ниту роднините на девојчето.

Според изјавата на мајката, малата Амелија била со нејзиниот татко, државјанин на Албанија, со кој се разделила пред извесно време.

Првите резултати од истрагата покажуваат дека девојчето прво отишло на ручек со својот татко, по што од непозната причина завршиле на плажа оддалечена седум километри од местото каде што престојувало девојчето, иако во близина имало и други плажи. Во попладневните часови нуркач го пронашол телото на девојчето, но нејзиниот татко никаде го немало.

Отпрвин мислев дека е тело на возрасен, но потоа сфатив дека е дете. Веднаш излегов на површина со телото, кое беше под чамецот. Почнав да викам за помош, викам дека е дете. Нејзиното лице беше сино. Ја однесов на брегот, се обидов да ја реанимизирам, но залудно – рекол нуркачот.

Она што предизвикува сомнеж во случајот е зошто таткото избрал да го однесе детето на толку оддалечена плажа, каде што немало луѓе. Уште една работа што е чудна е тоа што девојчето во водата било целосно облечено.

Таткото бил сослушан во полиција, а по изјавата бил пуштен на слобода.

Албанецот рекол дека девојчето барало да ја однесе на плажа после ручекот.

Јас и реков дека немаме костим за капење, бидејќи мама не го спакуваше, но таа инсистираше. Затоа во водата влегла облечена, а имала чевли поради ежовите. Заедно допливавме до бродот, како што правевме порано. Врзан е на десетина метри од брегот. Тогаш потона – рекол таткото.

Тој дал и објаснување зошто не се нурнал за да ја извлече.

Сакав да ја спасам, но страдам од астма и не можам да нуркам – рекол таткото.

Наводно, излегол од морето за да потрча да бара помош. Меѓутоа, она што дополнително фрла сомнеж во овој случај е дека кога конечно се појавил, таткото бил во сува облека.

Мајката на жртвата тврди дека детето не се жалело на односот со таткото.

Тетката на детето, сестрата на таткото, вели дека не може да верува дека нејзиниот брат не му помогнал на детето.

 Има астма, но не би седел само беспомошно – рекла тетката, пренесе Телеграф.рс.

The post Шестгодишно албанско девојче се удави во Грција, татко ѝ не нурнал да ја спаси зошто „имал астма“ appeared first on Република.

]]>

Безживотно тело на шестгодишно девојче беше извлечено од морето во Грција кај селото Истмија кај Коринт. Телото на девојчето, кое било целосно облечено, го пронашол нуркач под чамецот, а како што изјавил во полиција – никаде не можел да ги пронајде ниту родителите, ниту роднините на девојчето. Според изјавата на мајката, малата Амелија била со нејзиниот татко, државјанин на Албанија, со кој се разделила пред извесно време. Првите резултати од истрагата покажуваат дека девојчето прво отишло на ручек со својот татко, по што од непозната причина завршиле на плажа оддалечена седум километри од местото каде што престојувало девојчето, иако во близина имало и други плажи. Во попладневните часови нуркач го пронашол телото на девојчето, но нејзиниот татко никаде го немало.
Отпрвин мислев дека е тело на возрасен, но потоа сфатив дека е дете. Веднаш излегов на површина со телото, кое беше под чамецот. Почнав да викам за помош, викам дека е дете. Нејзиното лице беше сино. Ја однесов на брегот, се обидов да ја реанимизирам, но залудно – рекол нуркачот.
Она што предизвикува сомнеж во случајот е зошто таткото избрал да го однесе детето на толку оддалечена плажа, каде што немало луѓе. Уште една работа што е чудна е тоа што девојчето во водата било целосно облечено. Таткото бил сослушан во полиција, а по изјавата бил пуштен на слобода. Албанецот рекол дека девојчето барало да ја однесе на плажа после ручекот.
Јас и реков дека немаме костим за капење, бидејќи мама не го спакуваше, но таа инсистираше. Затоа во водата влегла облечена, а имала чевли поради ежовите. Заедно допливавме до бродот, како што правевме порано. Врзан е на десетина метри од брегот. Тогаш потона – рекол таткото.
Тој дал и објаснување зошто не се нурнал за да ја извлече.
Сакав да ја спасам, но страдам од астма и не можам да нуркам – рекол таткото.
Наводно, излегол од морето за да потрча да бара помош. Меѓутоа, она што дополнително фрла сомнеж во овој случај е дека кога конечно се појавил, таткото бил во сува облека. Мајката на жртвата тврди дека детето не се жалело на односот со таткото. Тетката на детето, сестрата на таткото, вели дека не може да верува дека нејзиниот брат не му помогнал на детето.
 Има астма, но не би седел само беспомошно – рекла тетката, пренесе Телеграф.рс.

The post Шестгодишно албанско девојче се удави во Грција, татко ѝ не нурнал да ја спаси зошто „имал астма“ appeared first on Република.

]]>
Скопјанец се удави во Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanec-se-udavi-vo-vardar/ Wed, 20 Apr 2022 17:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=491356

Шеесет и едногодишен скопјанец се удави во реката Вардар.

„На 19.4.2022, околу 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека од реката Вардар, на подрачјето на Гази Баба, бил изваден удавен Р. К. (61) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, увид извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција“, информифраа од полицијата во дневниот билтен.

The post Скопјанец се удави во Вардар appeared first on Република.

]]>

Шеесет и едногодишен скопјанец се удави во реката Вардар.
„На 19.4.2022, околу 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека од реката Вардар, на подрачјето на Гази Баба, бил изваден удавен Р. К. (61) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, увид извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција“, информифраа од полицијата во дневниот билтен.

The post Скопјанец се удави во Вардар appeared first on Република.

]]>
Италијанец ја задавил мајка си само неколку моменти откако таа му го спасила животот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijanec-ja-zadavil-majka-si-samo-nekolku-momenti-otkako-taa-mu-go-spasila-zivotot/ Thu, 31 Mar 2022 07:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=481230

Поранешен работник во фабрика (57), инаку лице со психички проблеми, ја задавил својата мајка откако таа се обидела да го спречи да се самоубие во градот Кунео, во северна Италија.

Габриеле Толосано, самиот се повредил со со нож, по што се фрлил од балконот, но не бил повреден бидејќи бил мала висината. Потоа, кога мајка му се обидела да го спречи да го изврши самоубиството, тој ја задавил.

Откако ја убил мајка си, Габриеле упатил низа збунувачки телефонски повици до роднини кои ги повикале карабинерите.

Телото на жената, која била долгогодишна вдовица, било пронајдено во пералната од куќата.

The post Италијанец ја задавил мајка си само неколку моменти откако таа му го спасила животот appeared first on Република.

]]>

Поранешен работник во фабрика (57), инаку лице со психички проблеми, ја задавил својата мајка откако таа се обидела да го спречи да се самоубие во градот Кунео, во северна Италија. Габриеле Толосано, самиот се повредил со со нож, по што се фрлил од балконот, но не бил повреден бидејќи бил мала висината. Потоа, кога мајка му се обидела да го спречи да го изврши самоубиството, тој ја задавил. Откако ја убил мајка си, Габриеле упатил низа збунувачки телефонски повици до роднини кои ги повикале карабинерите. Телото на жената, која била долгогодишна вдовица, било пронајдено во пералната од куќата.

The post Италијанец ја задавил мајка си само неколку моменти откако таа му го спасила животот appeared first on Република.

]]>