давачки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davachki/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Sep 2023 13:08:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png давачки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/davachki/ 32 32 За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември, зашто тогаш производството е најголемо https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-domatite-krastavitsite-i-piperot-ne-se-namaluvaat-uvoznite-davachki-vo-oktomvri-i-noemvri-zashto-togash-proizvodstvoto-e-najgolemo/ Sat, 30 Sep 2023 13:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=686611

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо. Со тоа, рече, ќе се оневозможи маркетите и пазарите да бидат преплавени со домати, пипер и краставици од други земји.

Според Николовски, земјава секогаш ќе увезува и ќе извезува, но мора, пред се, да се штити домашното производство и да се овозможи, како приоритет, најпрво домашниот пазар да се снабди со наши, македонски производи.

Се изборивме клучните производи, за кои имаме производство во октомври и ноември, целосно да бидат изземени овие два месеца од Одлуката за намалување на царинските давачки. Тоа се доматите, краставиците и пиперот зашто, ако ги прочитате бројките, немаме поголем увоз, туку имаме три пати поголем извоз во овие два месеца. И во периодот кога е извозот, односно кога го имаме производството, царината нема да биде намалена. И оризот е целосно исклучен од Одлуката зашто беше предлог и оваа култура да биде со намалена царинска стапка. Наша надлежност е да ги поддржуваме домашните производители. Проверете ги количините, да зборуваме со факти. Зборувам за најголемото домашно производство и ќе повторам сто пати, дека пиперот, доматите и краставиците се најголемото македонско производство со кое треба да се гордееме. Тие се бренд на државата. Има три пати поголем извоз во овој период и затоа не дозволивме да се намалат царините, за да не бидат пазарите и маркетите преплавени со други производи од надвор - изјави Николовски, одговорајќи на новинарски прашања.

На прашањето, зошто увезуваме кромид од Египет и пипер од Хрватска, Николовски повтори дека нашето производство го има и тука, но и се извезува.

Да повторам. Три пати поголем извоз на македонски домати, пиперки и краставици има во последните два месеца, тоа се факти и бројки. За кој увоз зборуваме кога имаме три пати поголем извоз? Затоа е нашата борба, за клучните производи. Во ноември, декември, јануари и февруари, за жал, одредени производи немаме и тогаш, заради крајните потрошувачи, заради намалување на цените, логично е да се намалат и царините. Но, во секој период кога имаме интензивно домашно производство ние македонските производители сме ги заштитиле и апелираме - да, знаеме дека се обезбедуваат повисоки цени надвор од државата, но мора да имаме развиено национално чувство и интенцијата треба да биде да ги задоволиме домашниот пазар и домашните потреби - рече Николовски.

Ако има нови одлуки за нови ограничувања, постапки и нови политики во делот на цените за што е задолжено Министерството за економија, МЗШВ, дополни, ќе ги разгледа и ќе даде соодветни мислења како оние за последната владина одлука кога се предложи да се намалат царините на сите производи, вклучувајќи ги доматот краставиците и пиперките.

Во следните два месеца овие наши производи се барани, цената на регионалните пазари е поголема и од тоа нашите производители добиваат повеќе, не помалку. Но, навистина, сите имаме обврска и ќе ја спроведуваме кампањата во таа насока за да ја пратиме порака дека домашниот пазар и домашните потрошувачи треба да бидат задоволени од домашни производи. Значи, прво да ги задоволиме домашните потреби, па потоа да извезуваме. Знаеме дека цената на извезените производи е поголема зашто се барани овие македонски производи, но обезбедивме следните два месеца, во октомври и ноември, на барање на производителите, за овие производи чие производство ќе биде големо, воопшто да нема намалување на царината и Владата тоа го прифати - повтори Николовски.

Негова оценка е дека ако не се субвенциите, половина од производителите ќе се откажат и ќе ги напуштат нивите.

Секогаш ќе извезуваме и ќе увезуваме. Наша обврска е, сто пати ќе повторам, да ги поттикнеме македонските производители. Ако не се субвенциите половина од производителите ќе се откажат и ќе ги напуштат нивите, да не се новите програми ќе имавме сериозен пад на производството. Зошто во последната година имаме зголемување на површините и нови 2 000 договори, зошто лани имавме рекордни цени на јачменот, пченицата, тутунот, грозјето, на се што произведуваме? Нашата цел е производителите да не се откажат, туку да ги задржиме, а секако, секогаш ќе има и увоз и извоз, тоа секогаш било и така ќе остане, но на крајот, ако сакаме да ја јакнеме економијата треба да имаме зголемен девизен прилив. Се радуваме и се гордееме со најголемиот девизен прилив што го имаме од тутунот, зошто тоа не се прашува? Зошто не прашаме еднаш за тоа дека сме 13. земја по извоз на вино и грозје што е огромен девизен прилив?, потенцира министерот.

Владата на 28 септември донесе одлука за намалување на увозните давачки на свежи домати, краставици и пиперки која ќе важи од 1 декември годинава до крајот на февруари догодина.

The post За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември, зашто тогаш производството е најголемо appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо. Со тоа, рече, ќе се оневозможи маркетите и пазарите да бидат преплавени со домати, пипер и краставици од други земји. Според Николовски, земјава секогаш ќе увезува и ќе извезува, но мора, пред се, да се штити домашното производство и да се овозможи, како приоритет, најпрво домашниот пазар да се снабди со наши, македонски производи.
Се изборивме клучните производи, за кои имаме производство во октомври и ноември, целосно да бидат изземени овие два месеца од Одлуката за намалување на царинските давачки. Тоа се доматите, краставиците и пиперот зашто, ако ги прочитате бројките, немаме поголем увоз, туку имаме три пати поголем извоз во овие два месеца. И во периодот кога е извозот, односно кога го имаме производството, царината нема да биде намалена. И оризот е целосно исклучен од Одлуката зашто беше предлог и оваа култура да биде со намалена царинска стапка. Наша надлежност е да ги поддржуваме домашните производители. Проверете ги количините, да зборуваме со факти. Зборувам за најголемото домашно производство и ќе повторам сто пати, дека пиперот, доматите и краставиците се најголемото македонско производство со кое треба да се гордееме. Тие се бренд на државата. Има три пати поголем извоз во овој период и затоа не дозволивме да се намалат царините, за да не бидат пазарите и маркетите преплавени со други производи од надвор - изјави Николовски, одговорајќи на новинарски прашања.
На прашањето, зошто увезуваме кромид од Египет и пипер од Хрватска, Николовски повтори дека нашето производство го има и тука, но и се извезува.
Да повторам. Три пати поголем извоз на македонски домати, пиперки и краставици има во последните два месеца, тоа се факти и бројки. За кој увоз зборуваме кога имаме три пати поголем извоз? Затоа е нашата борба, за клучните производи. Во ноември, декември, јануари и февруари, за жал, одредени производи немаме и тогаш, заради крајните потрошувачи, заради намалување на цените, логично е да се намалат и царините. Но, во секој период кога имаме интензивно домашно производство ние македонските производители сме ги заштитиле и апелираме - да, знаеме дека се обезбедуваат повисоки цени надвор од државата, но мора да имаме развиено национално чувство и интенцијата треба да биде да ги задоволиме домашниот пазар и домашните потреби - рече Николовски.
Ако има нови одлуки за нови ограничувања, постапки и нови политики во делот на цените за што е задолжено Министерството за економија, МЗШВ, дополни, ќе ги разгледа и ќе даде соодветни мислења како оние за последната владина одлука кога се предложи да се намалат царините на сите производи, вклучувајќи ги доматот краставиците и пиперките.
Во следните два месеца овие наши производи се барани, цената на регионалните пазари е поголема и од тоа нашите производители добиваат повеќе, не помалку. Но, навистина, сите имаме обврска и ќе ја спроведуваме кампањата во таа насока за да ја пратиме порака дека домашниот пазар и домашните потрошувачи треба да бидат задоволени од домашни производи. Значи, прво да ги задоволиме домашните потреби, па потоа да извезуваме. Знаеме дека цената на извезените производи е поголема зашто се барани овие македонски производи, но обезбедивме следните два месеца, во октомври и ноември, на барање на производителите, за овие производи чие производство ќе биде големо, воопшто да нема намалување на царината и Владата тоа го прифати - повтори Николовски.
Негова оценка е дека ако не се субвенциите, половина од производителите ќе се откажат и ќе ги напуштат нивите. Секогаш ќе извезуваме и ќе увезуваме. Наша обврска е, сто пати ќе повторам, да ги поттикнеме македонските производители. Ако не се субвенциите половина од производителите ќе се откажат и ќе ги напуштат нивите, да не се новите програми ќе имавме сериозен пад на производството. Зошто во последната година имаме зголемување на површините и нови 2 000 договори, зошто лани имавме рекордни цени на јачменот, пченицата, тутунот, грозјето, на се што произведуваме? Нашата цел е производителите да не се откажат, туку да ги задржиме, а секако, секогаш ќе има и увоз и извоз, тоа секогаш било и така ќе остане, но на крајот, ако сакаме да ја јакнеме економијата треба да имаме зголемен девизен прилив. Се радуваме и се гордееме со најголемиот девизен прилив што го имаме од тутунот, зошто тоа не се прашува? Зошто не прашаме еднаш за тоа дека сме 13. земја по извоз на вино и грозје што е огромен девизен прилив?, потенцира министерот. Владата на 28 септември донесе одлука за намалување на увозните давачки на свежи домати, краставици и пиперки која ќе важи од 1 декември годинава до крајот на февруари догодина.

The post За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември, зашто тогаш производството е најголемо appeared first on Република.

]]>
Илиеска: Кога купувате бензин дури 43% од износот што го плаќате е давачка кон државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ilieska-koga-kupuvate-benzin-duri-43-od-iznosot-shto-go-plakjate-e-davachka-kon-drzavata/ Mon, 07 Mar 2022 21:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=469274

Кога купувате бензин дури 43% од износот што го плаќате е давачка кон државата, пишува Анастасија Илиеска на својот фејсбук профил.

За подобар стандард овој % треба да е помал ….ако се сака ,се може.

The post Илиеска: Кога купувате бензин дури 43% од износот што го плаќате е давачка кон државата appeared first on Република.

Намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namaleni-carinskite-stapki-na-258-industriski-stoki-i-prirodniot-gas/ Tue, 22 Feb 2022 13:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=461955

Царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали трајно се намалуваат или укинуваат што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Тарифите се намалуваат согласно измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа.

Со укинувањето на тарифите, според министерот за финансии Фатмир Бесими, се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

Со овој Закон се придонесува кон подобрување на конкурентноста на домашните компании, поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори, проширување на производството на постојните капацитети на домашни и странски компании, како и зголемување на вработеноста.

Бесими вели дека значајна поддршка на домашните компании и индустрија за намалување на трошоците на производство дополнително се прави и со укинување на царинската стапка за природен гас, што е предвидено со ова законско решение. Истовремено, во услови на енергетска криза се дава и придонес кон поголема ценовна стабилност на овој енергенс, а се поттикнува и промена на користењето на енергенсите кон енергенси кои помалку загадуваа.

Со намалувањето на царинските стапки на суровини или репроматеријали кои се користат во технолошко напредното производство, исто така директно ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои во 2020 и 2021 година забележаа сериозен пад во индустриското производство, додава Бесими.

Со Законот опфатени се суровини и производи кои не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската Унија.

The post Намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас appeared first on Република.

]]>

Царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали трајно се намалуваат или укинуваат што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Тарифите се намалуваат согласно измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа. Со укинувањето на тарифите, според министерот за финансии Фатмир Бесими, се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија. Со овој Закон се придонесува кон подобрување на конкурентноста на домашните компании, поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори, проширување на производството на постојните капацитети на домашни и странски компании, како и зголемување на вработеноста. Бесими вели дека значајна поддршка на домашните компании и индустрија за намалување на трошоците на производство дополнително се прави и со укинување на царинската стапка за природен гас, што е предвидено со ова законско решение. Истовремено, во услови на енергетска криза се дава и придонес кон поголема ценовна стабилност на овој енергенс, а се поттикнува и промена на користењето на енергенсите кон енергенси кои помалку загадуваа. Со намалувањето на царинските стапки на суровини или репроматеријали кои се користат во технолошко напредното производство, исто така директно ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои во 2020 и 2021 година забележаа сериозен пад во индустриското производство, додава Бесими. Со Законот опфатени се суровини и производи кои не се произведуваат во земјата и се набавуваат од увоз, а нивните царински стапки во увозот во Македонија се значајно повисоки во однос на царинските стапки на овие производи во примена во Европската Унија.

The post Намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас appeared first on Република.

]]>