Даут-пашин амам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daut-pashin-amam/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 07:39:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даут-пашин амам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daut-pashin-amam/ 32 32 Изложбата „Вангел Коџоман, 120 години од раѓањето“ во Даут-пашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-vangel-kodhoman-120-godini-od-raganeto-vo-daut-pashin-amam/ Tue, 19 Nov 2024 07:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=839412

Изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман ќе биде отворена вечерва, во 20 ќасот во Даут-пашин амам, во Скопје, по повод 120 години од неговото раѓање.

Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност.

Важно е да потсетиме на огромните напори што овие автори ги вложувале во своето творештво за осовременување на македонскиот ликовен и културен живот, кој се одвивал во тешки економски и општествено-политички услови. Тие твореле во времиња кога уметноста не ѝ била толку блиска на пошироката јавност, во период обележан од војни, сиромаштија и несигурност. Делата на овие автори за нас претставуваат и своевидно сведоштво за тие минати времиња, белези што нѐ потсетуваат на промените што се случувале, а кои уметниците ги доживувале на ним својствен длабок, емотивен, индивидуален начин. Во творештвото на Вангел Коџоман тешко може да се издвојат одредени фази. Грубо, тоа може да се подели на два временски периода: пред Втората светска војна до 1950 година и од педесеттите до осумдесеттите години. Првиот е период кога во неговите дела се забележува академскиот реализам, како и постимпресионистичко влијание од белградската ликовна школа, додека вториот се карактеризира со веќе формиран личен колористички експресионизам што преовладува во неговите дела, а со елементи од фовистичкото сликарство, велат од Националната галелрија.

Кураторка на изложбата е Александра Зиновски Вилиќ.

Она што најмногу ќе го обележи творештвото на Коџоман е неговиот придонес во обработувањето на многу различни теми. Интересот кон сѐ што го опкружува со помош на својот сликарски занает вредно го бележи, црта, слика. Се чини дека не постои тема што тој не ја обработува или, пак, не се обидува да ја стави на хартија, на платно. Масло, пастел и акварел се техниките со кои ги работи своите дела на темите: актови, портрети, пејзажи, мртви природи, како и дела со мотиви од староградската архитектура, дела со социјална тематика и дела со историска содржина. Сепак, најпрепознатлив е по пејзажот и портретот, во кои ги остварува своите најголеми и најзначајни дела. Ликовниот опус на Вангел Коџоман е многу голем. Пред сѐ, тоа се должи на неговата мисла дека уметноста треба да биде меѓу луѓето, дека таа му припаѓа секому и дека не треба да биде ничија привилегија. Оттука ги црпи својата истрајност, дисциплинираност и посветеност кон работата. Третманот на сите техники во кои се изразува за него имаат иста важност и вредност, како и темите што ги обработува во текот на својот творечки живот, што ќе го обележи како особено плоден автор, препознатлив и запаметен како сликар на македонското поднебје – вели кураторката Зиновски Вилиќ.

До крајот на својот живот (1994) вредно, одговорно и со огромна љубов ќе биде посветен на својот занает: уметноста и сликарството.

Улогата на Вангел Коџоман како еден од основоположниците на македонската модерна уметност ќе остане забележана и високовреднувана во историјата на македонската уметност.

Изложбата ќе трае до 20 декември годинава.

The post Изложбата „Вангел Коџоман, 120 години од раѓањето“ во Даут-пашин амам appeared first on Република.

]]>

Изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман ќе биде отворена вечерва, во 20 ќасот во Даут-пашин амам, во Скопје, по повод 120 години од неговото раѓање. Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност.
Важно е да потсетиме на огромните напори што овие автори ги вложувале во своето творештво за осовременување на македонскиот ликовен и културен живот, кој се одвивал во тешки економски и општествено-политички услови. Тие твореле во времиња кога уметноста не ѝ била толку блиска на пошироката јавност, во период обележан од војни, сиромаштија и несигурност. Делата на овие автори за нас претставуваат и своевидно сведоштво за тие минати времиња, белези што нѐ потсетуваат на промените што се случувале, а кои уметниците ги доживувале на ним својствен длабок, емотивен, индивидуален начин. Во творештвото на Вангел Коџоман тешко може да се издвојат одредени фази. Грубо, тоа може да се подели на два временски периода: пред Втората светска војна до 1950 година и од педесеттите до осумдесеттите години. Првиот е период кога во неговите дела се забележува академскиот реализам, како и постимпресионистичко влијание од белградската ликовна школа, додека вториот се карактеризира со веќе формиран личен колористички експресионизам што преовладува во неговите дела, а со елементи од фовистичкото сликарство, велат од Националната галелрија.
Кураторка на изложбата е Александра Зиновски Вилиќ.
Она што најмногу ќе го обележи творештвото на Коџоман е неговиот придонес во обработувањето на многу различни теми. Интересот кон сѐ што го опкружува со помош на својот сликарски занает вредно го бележи, црта, слика. Се чини дека не постои тема што тој не ја обработува или, пак, не се обидува да ја стави на хартија, на платно. Масло, пастел и акварел се техниките со кои ги работи своите дела на темите: актови, портрети, пејзажи, мртви природи, како и дела со мотиви од староградската архитектура, дела со социјална тематика и дела со историска содржина. Сепак, најпрепознатлив е по пејзажот и портретот, во кои ги остварува своите најголеми и најзначајни дела. Ликовниот опус на Вангел Коџоман е многу голем. Пред сѐ, тоа се должи на неговата мисла дека уметноста треба да биде меѓу луѓето, дека таа му припаѓа секому и дека не треба да биде ничија привилегија. Оттука ги црпи својата истрајност, дисциплинираност и посветеност кон работата. Третманот на сите техники во кои се изразува за него имаат иста важност и вредност, како и темите што ги обработува во текот на својот творечки живот, што ќе го обележи како особено плоден автор, препознатлив и запаметен како сликар на македонското поднебје – вели кураторката Зиновски Вилиќ.
До крајот на својот живот (1994) вредно, одговорно и со огромна љубов ќе биде посветен на својот занает: уметноста и сликарството. Улогата на Вангел Коџоман како еден од основоположниците на македонската модерна уметност ќе остане забележана и високовреднувана во историјата на македонската уметност. Изложбата ќе трае до 20 декември годинава.

The post Изложбата „Вангел Коџоман, 120 години од раѓањето“ во Даут-пашин амам appeared first on Република.

]]>
Продолжена изложбата на Мирослав Масин во Даут-Пашин амам до 30 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prodolzhena-izlozhbata-na-miroslav-masin-vo-daut-pashin-amam-do-30-juni/ Sun, 16 Jun 2024 11:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=788107

Заради голем интерес изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ во Даут Пашин амам ќе биде продолжена до 30 јуни годинава, информираат од Националната галерија на Македонија.

Наметнатите ограничувања и норми, пред се општествени трансформации и насилни мерки на прилагодување и експериментална затвореност се отфрлаат и настанува еден жизнерадосен конгломерат на фрагментирани делови на телото кои врескаат во екстаза и радост, што, од своја страна, е резултат на прифаќањето на самата животна суштина на видот/родот и другоста одразена во сопствената различност. Со и наспроти сите претходни анализи и критики на еволуцијата и цивилизациските вредности, мајмуните (мајмуноликите предци) на Масин се восприемаат како одраз на авторската идеја на нивно доживување и претставување како симбол на слободата и прифаќање на себството, вели Маја Чанкуловска - Михајловска, куратор на изложббата и виш кустос во Националната галерија.

Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура.

The post Продолжена изложбата на Мирослав Масин во Даут-Пашин амам до 30 јуни appeared first on Република.

Изложбата „Подобро на гранка одошто загалвен во лифт“ не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста и визијата на уметникот Мирослав Масин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-podobro-na-granka-odoshto-zagalven-vo-lift-ne-e-samo-proslava-na-umetnosta-tuku-pochit-kon-kreativnosta-strasta-i-vizijata-na-umetnikot-miroslav-masin/ Thu, 16 May 2024 08:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=778667

Во Даут пашин амам во Скопје вечерва е отворена изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт" на уметникот Мирослав Масин. Според директорката на Националната галерија Дита Старова-Ќерими, оваа изложба не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста, доследноста и визијата на уметникот.

Изложбата е составена од селекција на 150 дела, доминантно слики, потоа цртежи, графики, објекти од сите периоди а особено од последните години.

[caption id="attachment_778702" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption]

Како што посочи Старова-Ќерими, посетителите ќе бидат сведоци на различноста на уметничкиот реперотар на Масин, а неговото дело зборува универзален јазик кој резонира на сите кои го гледаат.

Оваа изложба не е само прослава на уметноста. Таа претставува и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата за уметникот, чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена. Националната галерија низ годините покажа дека се грижи за валоризација, но и презентација на значајните македонски уметници од различни генерации, почнувајќи од најстарите па до денешната средна генерација кои имаат репрезентативни остварувања, рече Старова-Ќерими.

[caption id="attachment_778703" align="alignnone" width="1440"] Масин: За 10 до 15 години сакам повторно да Ве видам на ваква изложба на едно исто или слично место/Фото: Министерство за култура[/caption]

Таа напомена дека патувањето на Мирослав Масин како уметник е придружено со едно длабоко истражување, но и непоколеблива посветеност.

Како што рече, преку неговите слики тука присутни кои беа мал дел од големиот број на реализирани досегашни слики од негова страна, тој не кани во еден свет каде боите танцуваат, емоциите зборуваат, а имагинацијата нема граници.

Старова-Ќерими додаде дека секој потег на неговата четка е проткаен со чувства за цел, одраз на неговата длабока поврзаност со неговиот занает и неговата околина.

[caption id="attachment_778704" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption]

Френетичниот и динамичен но сигурен цртеж е постојано присутен во неговите дела како скелет, структура и база во неговите композиции, а вториот мошне значаен елемент во неговото творештво е заситената интензивна и експресивна боја. Масин преку своите дела истражува длабоки егзистенцијално социјални прашања како што се потеклото за постоењето, природата на човечките вредности и илузиите, фиксациите.., додаде Старова-Ќерими.

Кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска во обраќањето вечерва рече дека авторот речиси 40 години ги руши стереотипите со своето творештво.

Станува збор за негова 66 по ред самостојна изложба на која низ годиниве и престоеја многу изложби низ Македонија, низ поранешна Југославија но и низ многу европски градови, со што слободно може да се рангира во редот на нашите најзначајни културни амбасадори, рече Чанкуловска-Михајловска.

Уметникот Масин во своето обраќање се заблагодари и нajави за 10 до 15 години да се види повторно на ваква изложба со посетителите на едно исто или слично место.

[caption id="attachment_778705" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption]

Изложбата на Мирослав Масин е дел од Програмата на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура и од компании спонзори.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни.

The post Изложбата „Подобро на гранка одошто загалвен во лифт“ не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста и визијата на уметникот Мирослав Масин appeared first on Република.

]]>

Во Даут пашин амам во Скопје вечерва е отворена изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт" на уметникот Мирослав Масин. Според директорката на Националната галерија Дита Старова-Ќерими, оваа изложба не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста, доследноста и визијата на уметникот. Изложбата е составена од селекција на 150 дела, доминантно слики, потоа цртежи, графики, објекти од сите периоди а особено од последните години. [caption id="attachment_778702" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption] Како што посочи Старова-Ќерими, посетителите ќе бидат сведоци на различноста на уметничкиот реперотар на Масин, а неговото дело зборува универзален јазик кој резонира на сите кои го гледаат.
Оваа изложба не е само прослава на уметноста. Таа претставува и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата за уметникот, чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена. Националната галерија низ годините покажа дека се грижи за валоризација, но и презентација на значајните македонски уметници од различни генерации, почнувајќи од најстарите па до денешната средна генерација кои имаат репрезентативни остварувања, рече Старова-Ќерими.
[caption id="attachment_778703" align="alignnone" width="1440"] Масин: За 10 до 15 години сакам повторно да Ве видам на ваква изложба на едно исто или слично место/Фото: Министерство за култура[/caption] Таа напомена дека патувањето на Мирослав Масин како уметник е придружено со едно длабоко истражување, но и непоколеблива посветеност. Како што рече, преку неговите слики тука присутни кои беа мал дел од големиот број на реализирани досегашни слики од негова страна, тој не кани во еден свет каде боите танцуваат, емоциите зборуваат, а имагинацијата нема граници. Старова-Ќерими додаде дека секој потег на неговата четка е проткаен со чувства за цел, одраз на неговата длабока поврзаност со неговиот занает и неговата околина. [caption id="attachment_778704" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption]
Френетичниот и динамичен но сигурен цртеж е постојано присутен во неговите дела како скелет, структура и база во неговите композиции, а вториот мошне значаен елемент во неговото творештво е заситената интензивна и експресивна боја. Масин преку своите дела истражува длабоки егзистенцијално социјални прашања како што се потеклото за постоењето, природата на човечките вредности и илузиите, фиксациите.., додаде Старова-Ќерими.
Кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска во обраќањето вечерва рече дека авторот речиси 40 години ги руши стереотипите со своето творештво.
Станува збор за негова 66 по ред самостојна изложба на која низ годиниве и престоеја многу изложби низ Македонија, низ поранешна Југославија но и низ многу европски градови, со што слободно може да се рангира во редот на нашите најзначајни културни амбасадори, рече Чанкуловска-Михајловска.
Уметникот Масин во своето обраќање се заблагодари и нajави за 10 до 15 години да се види повторно на ваква изложба со посетителите на едно исто или слично место. [caption id="attachment_778705" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption] Изложбата на Мирослав Масин е дел од Програмата на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура и од компании спонзори. Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни.

The post Изложбата „Подобро на гранка одошто загалвен во лифт“ не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста и визијата на уметникот Мирослав Масин appeared first on Република.

]]>
Изложба „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“ во Даут пашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-jubilej-90-godini-od-raganeto-na-risto-kalchevski-1933-1989-vo-daut-pashin-amam/ Thu, 21 Dec 2023 09:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=725173

Во Даут пашин амам, објект на Националната галерија вечер ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“.

Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и научно валоризирање како автор кој оставил свој специфичен белег во одредени општествени услови, упатуваат дека Ристо Калчевски зазема исклучително место во развојот и афирмацијата на македонската современа уметност, оставајќи посебен белег и преку долгогодишната педагошка дејност, се наведува во соопштението од Националната галерија.

За прв пат неговите дела биле изложени пред јавноста по дипломирањето во 1957 година, на една групна изложба во Прилеп. Критичката јавност овие дела ги дефинира како плод на синтетичкиот кубизам, во кои е евидентна „карактеристична скратена пиктурална еволуција“. Усогласените строги односи ги нагласуваат геометризирани линии кои ги обликуваат формите и плановите на предметите, елиминирајќи ја играта светло-сенка и валерските решенија.

Првата самостојна изложба 1961 година (заедно со Драгутин Аврамовски Гуте) го дефинира веќе неспорно како автор чие творештво му припаѓа на апстрактно сликарство. Карактеристичниот пиктурален третман во обликувањето на уметниковата визија за некои појави од реалноста врз платното, укажуваат на неговото доближување до смирена лирска апстракција (периодот 1961-1962 година).

Во периодот 1963-1968 година Калчевски создава творештво кое според своите карактеристики му припаѓа на тн. апстрактен пејсажизам и/или апстрактен натурализам. Делата настанати во овој период ја задржуваат „основната внатрешна движечка потенција“, обликувајќи притоа своевидна имагинарна геологија, карактеристичен имагинарен простор како асоцијација на природата. Основен белег на оваа творечка фаза е проширување на сликарскиот медиум со внесување на несликарски материјали.

Периодот на 70-те години (1972-1980) го дефинираат две можности во пристапот кон разрешување на апстракното во уметничкото дело на Калчевски. Едниот е врзан со постапно укинување на предметното во сликата и негово сведување на „чист однос на боја и облик“, што се доведува во релација со апстрактниот натурализам. Додека, пак, втората солуција е да се афирмира чисто пластичен концепт од самиот почеток, кое пак може да се доведе во врска со „своевиден концептуализам во апстрактното“...

Последните негови остварувања, пред крајот на неговиот живот, од крајот на 80те години, само навидум отскокнуваат во однос на неговите претходни ликовни размислувања. За нив е карактеристичен педантен рафинман, грижливо нијансирање на тоновите кои се поставени дводимензионално, преку збрчакни и наслоени парцели, во кои авторот истовремено воведува и разновидни цртачки или колажни интевенции. Тие се надоврзуваат на почетоците во неговото творештво, реинкарнирајќи ги првите лирски моменти во неговите последни остварувања.

Неговите слики се апстрактни, но без видлива агресивност. Тие содржат извесна нежност, како резултат на нијансирањето на монохормните површини. Воочливо е дека кај Калчевски сликата е резултат на „умерена автоматска постапка и аналитички аспект“. Ваквиот став е резултат на пристапот кон сликата како аналитички процес кој опфаќа расчленување на исти или различни сликовни полиња и нивно поврзување во целина. Следејќи го распонот на ликовната мисла на Ристо Калчевски, можеме да заклучиме дека неговото творештво има сопствен специфичен контекст во развојот на македонската ликовна мисла, контекст кој и денес се уште предизвикува нови севкупно и одделно, продлабочени слоеви на исчитување.

Куратори на изложбата се Маја Неделкоска – Брзанова, кустос советник и Маја Чанкуловска – Михајловска, виш кустос.

Изложбата ќе трае до 29 февруари 2024 година.

The post Изложба „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“ во Даут пашин амам appeared first on Република.

]]>

Во Даут пашин амам, објект на Националната галерија вечер ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“.
Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и научно валоризирање како автор кој оставил свој специфичен белег во одредени општествени услови, упатуваат дека Ристо Калчевски зазема исклучително место во развојот и афирмацијата на македонската современа уметност, оставајќи посебен белег и преку долгогодишната педагошка дејност, се наведува во соопштението од Националната галерија.
За прв пат неговите дела биле изложени пред јавноста по дипломирањето во 1957 година, на една групна изложба во Прилеп. Критичката јавност овие дела ги дефинира како плод на синтетичкиот кубизам, во кои е евидентна „карактеристична скратена пиктурална еволуција“. Усогласените строги односи ги нагласуваат геометризирани линии кои ги обликуваат формите и плановите на предметите, елиминирајќи ја играта светло-сенка и валерските решенија. Првата самостојна изложба 1961 година (заедно со Драгутин Аврамовски Гуте) го дефинира веќе неспорно како автор чие творештво му припаѓа на апстрактно сликарство. Карактеристичниот пиктурален третман во обликувањето на уметниковата визија за некои појави од реалноста врз платното, укажуваат на неговото доближување до смирена лирска апстракција (периодот 1961-1962 година). Во периодот 1963-1968 година Калчевски создава творештво кое според своите карактеристики му припаѓа на тн. апстрактен пејсажизам и/или апстрактен натурализам. Делата настанати во овој период ја задржуваат „основната внатрешна движечка потенција“, обликувајќи притоа своевидна имагинарна геологија, карактеристичен имагинарен простор како асоцијација на природата. Основен белег на оваа творечка фаза е проширување на сликарскиот медиум со внесување на несликарски материјали. Периодот на 70-те години (1972-1980) го дефинираат две можности во пристапот кон разрешување на апстракното во уметничкото дело на Калчевски. Едниот е врзан со постапно укинување на предметното во сликата и негово сведување на „чист однос на боја и облик“, што се доведува во релација со апстрактниот натурализам. Додека, пак, втората солуција е да се афирмира чисто пластичен концепт од самиот почеток, кое пак може да се доведе во врска со „своевиден концептуализам во апстрактното“... Последните негови остварувања, пред крајот на неговиот живот, од крајот на 80те години, само навидум отскокнуваат во однос на неговите претходни ликовни размислувања. За нив е карактеристичен педантен рафинман, грижливо нијансирање на тоновите кои се поставени дводимензионално, преку збрчакни и наслоени парцели, во кои авторот истовремено воведува и разновидни цртачки или колажни интевенции. Тие се надоврзуваат на почетоците во неговото творештво, реинкарнирајќи ги првите лирски моменти во неговите последни остварувања. Неговите слики се апстрактни, но без видлива агресивност. Тие содржат извесна нежност, како резултат на нијансирањето на монохормните површини. Воочливо е дека кај Калчевски сликата е резултат на „умерена автоматска постапка и аналитички аспект“. Ваквиот став е резултат на пристапот кон сликата како аналитички процес кој опфаќа расчленување на исти или различни сликовни полиња и нивно поврзување во целина. Следејќи го распонот на ликовната мисла на Ристо Калчевски, можеме да заклучиме дека неговото творештво има сопствен специфичен контекст во развојот на македонската ликовна мисла, контекст кој и денес се уште предизвикува нови севкупно и одделно, продлабочени слоеви на исчитување. Куратори на изложбата се Маја Неделкоска – Брзанова, кустос советник и Маја Чанкуловска – Михајловска, виш кустос. Изложбата ќе трае до 29 февруари 2024 година.  

The post Изложба „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“ во Даут пашин амам appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Мултиверзум“ на Симон Шемов во Даут пашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-multiverzum-na-simon-shemov-vo-daut-pashin-amam/ Wed, 27 Sep 2023 09:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=685556

Во Даут пашиниот амам ќе биде поставена самостојната изложба на академскиот уметник Симон Шемов. Свеченото отворање е вечерва, во 20 часот. Обраќање ќе имаат директорката на Националната галерија, Дита Старова Ќерими, и академик Влада Урошевиќ, македонски поет и лауреат на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година. Завршната реч ќе ја има историчарката на уметноста Ана Франговска, кураторка на проектот.

Најновиот творечки циклус на маестро Шемов, насловен „Мултиверзум“, се занимава главно со аспекти на космологијата и космогонијата, т.е. со проблемите на појавата и егзистирањето на космосот и универзумот, а секако, преку оваа општа феноменолошка семантика, и со посебната хуманистичка егзистенцијална природа на човекот, трагање кон посебното од општото или обратно, преку субјективното и сингуларното кон безграничното. Во најновиот опус од речиси 400 дела се издвојуваат „четири феноменолошки аспекти, кои се аналогни на неговите повторливи интереси низ хронологиската матрица и се провлекуваат како дискурсни нишки низ неговиот целокупен уметнички опус (од почетоците, во средината на 60-тите на минатиот век до денес). Станува збор за природната индоктринација со пантеизмот, сосема логично на него се надоврзува преокупираноста со прашањата за постанокот и егзистенцијата на универзумот, та оттука космологијата/космогонијата како клучни одредници ад акта, потоа аспектите на поврзаноста на уметноста и природата на игрите (т.е. вечната потреба за истражување, експериментирање и анимирање и на себе и на публиката – со одреден партиципативен директен или индиректен инпут) и семиотиката, т.е. неговата преокупација со истражување и трансформирање на симболи и архетипови – вели Франговска.

Поставката ќе биде достапна за публиката до 27 ноември.

The post Изложбата „Мултиверзум“ на Симон Шемов во Даут пашин амам appeared first on Република.

]]>

Во Даут пашиниот амам ќе биде поставена самостојната изложба на академскиот уметник Симон Шемов. Свеченото отворање е вечерва, во 20 часот. Обраќање ќе имаат директорката на Националната галерија, Дита Старова Ќерими, и академик Влада Урошевиќ, македонски поет и лауреат на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година. Завршната реч ќе ја има историчарката на уметноста Ана Франговска, кураторка на проектот. Најновиот творечки циклус на маестро Шемов, насловен „Мултиверзум“, се занимава главно со аспекти на космологијата и космогонијата, т.е. со проблемите на појавата и егзистирањето на космосот и универзумот, а секако, преку оваа општа феноменолошка семантика, и со посебната хуманистичка егзистенцијална природа на човекот, трагање кон посебното од општото или обратно, преку субјективното и сингуларното кон безграничното. Во најновиот опус од речиси 400 дела се издвојуваат „четири феноменолошки аспекти, кои се аналогни на неговите повторливи интереси низ хронологиската матрица и се провлекуваат како дискурсни нишки низ неговиот целокупен уметнички опус (од почетоците, во средината на 60-тите на минатиот век до денес). Станува збор за природната индоктринација со пантеизмот, сосема логично на него се надоврзува преокупираноста со прашањата за постанокот и егзистенцијата на универзумот, та оттука космологијата/космогонијата како клучни одредници ад акта, потоа аспектите на поврзаноста на уметноста и природата на игрите (т.е. вечната потреба за истражување, експериментирање и анимирање и на себе и на публиката – со одреден партиципативен директен или индиректен инпут) и семиотиката, т.е. неговата преокупација со истражување и трансформирање на симболи и архетипови – вели Франговска. Поставката ќе биде достапна за публиката до 27 ноември.  

The post Изложбата „Мултиверзум“ на Симон Шемов во Даут пашин амам appeared first on Република.

]]>
„Мултиверзум“- изложба на Симон Шемов во Даут пашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/multiverzum-izlozhba-na-simon-shemov-vo-daut-pashin-amam/ Tue, 19 Sep 2023 14:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=683201

Во Даут пашиниот амам ќе биде поставена самостојната изложба на академскиот уметник Симон Шемов. Свеченото отворање ќе се случи на 27 септември 2023 (среда), во 20 часот. На официјалниот протокол ќе има обраќање директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, потоа академик Влада Урошевиќ, македонски поет и лауреат на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година. Завршната реч ќе ја има историчарката на уметност Ана Франговска, куратор на проектот, значајна личност во истражувањето и афирмацијата на македонската современа уметност.

„Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко место, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент или замислува идна можност заснована врз интуиција во истиот момент, или дали едноставно гледа во ѕвезда чија светлина настанала во минатото, а заради временско-просторниот дискурс и патување таа е видлива за нас сега, што ги релативизира прашањата за безграничноста на просторот во универзумот, за времето, светлината…

Оваа размисла е најава на новата визуелна сензација која ни ја нуди Симон Шемов, т.е. неговата десетлетна богата уметничка продукција која, покрај „новиот“ емпиризам, го носи и бремето на минатогодишното искуство подолго од половина век, со онтологијата и антолошкото значење на едно богато уметничко кредо. Најновиот творечки циклус на маестро Шемов, насловен „Мултиверзум“ се занимава главно со аспекти на космологијата и космогонијата, т. е. со проблемите на појавата и егзистирањето на космосот и универзумот, а секако, преку оваа општа феноменолошка семантика, и со посебната хуманистичка егзистенцијална природа на човекот, трагање кон посебното од општото или обратно, преку субјективното и сингуларното кон безграничното.

Во најновиот опус од речиси 400 дела, се издвојуваат „четири феноменолошки аспекти кои се аналогни на неговите повторливи интереси низ хронологиската матрица и се провлекуваат како дискурсни нишки низ неговиот целокупен уметнички опус (од почетоците, во средината на 60-тите на минатиот век до денес). Станува збор за природната индоктринација со пантеизмот, сосема логично на него се надоврзува преокупираноста со прашањата за постанокот и егзистенцијата на универзумот, та оттука космологијата/космогонијата како клучни одредници ad acta, потоа аспектите на поврзаноста на уметноста и природата на игрите (т. е. вечната потреба за истражување, експериментирање и анимирање и на себе и на публиката – со одреден партиципативен директен или индиректен инпут) и семиотиката, т. е. неговата преокупација со истражување и трансформирање на симболи и архетипови“.

Ана Франговска, кустос на проектот

„Предизвикот од детството на неговото сликарство, сè уште ја надразнува неговата истражувачка мисија, која почнува од една точка со туш, а до денес љубопитно ѕирка зад оградата, зад неговите Паравани, со трајна надеж дека еден ден истражувачкиот процес ќе го доведе до одговорот за вистината на постоењето на нас самите, на сите во неограничената космогонија. Истрагата продолжува, не е на повидок THE END. Шемов е вљубен во живиот свет. Тука е сосредоточена неговата неизмерлива тврдоглавост да го растајни опстанокот во целиот универзум, каков, колкав и каде и да е“.

Соња Абаџиева, критичар и историчар на уметност

Поставката ќе биде достапна за публиката во текот на наредните 60 дена, до 27 ноември 2023, во Даут-пашиниот амам.

The post „Мултиверзум“- изложба на Симон Шемов во Даут пашин амам appeared first on Република.

]]>

Во Даут пашиниот амам ќе биде поставена самостојната изложба на академскиот уметник Симон Шемов. Свеченото отворање ќе се случи на 27 септември 2023 (среда), во 20 часот. На официјалниот протокол ќе има обраќање директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, потоа академик Влада Урошевиќ, македонски поет и лауреат на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година. Завршната реч ќе ја има историчарката на уметност Ана Франговска, куратор на проектот, значајна личност во истражувањето и афирмацијата на македонската современа уметност. „Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко место, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент или замислува идна можност заснована врз интуиција во истиот момент, или дали едноставно гледа во ѕвезда чија светлина настанала во минатото, а заради временско-просторниот дискурс и патување таа е видлива за нас сега, што ги релативизира прашањата за безграничноста на просторот во универзумот, за времето, светлината… Оваа размисла е најава на новата визуелна сензација која ни ја нуди Симон Шемов, т.е. неговата десетлетна богата уметничка продукција која, покрај „новиот“ емпиризам, го носи и бремето на минатогодишното искуство подолго од половина век, со онтологијата и антолошкото значење на едно богато уметничко кредо. Најновиот творечки циклус на маестро Шемов, насловен „Мултиверзум“ се занимава главно со аспекти на космологијата и космогонијата, т. е. со проблемите на појавата и егзистирањето на космосот и универзумот, а секако, преку оваа општа феноменолошка семантика, и со посебната хуманистичка егзистенцијална природа на човекот, трагање кон посебното од општото или обратно, преку субјективното и сингуларното кон безграничното. Во најновиот опус од речиси 400 дела, се издвојуваат „четири феноменолошки аспекти кои се аналогни на неговите повторливи интереси низ хронологиската матрица и се провлекуваат како дискурсни нишки низ неговиот целокупен уметнички опус (од почетоците, во средината на 60-тите на минатиот век до денес). Станува збор за природната индоктринација со пантеизмот, сосема логично на него се надоврзува преокупираноста со прашањата за постанокот и егзистенцијата на универзумот, та оттука космологијата/космогонијата како клучни одредници ad acta, потоа аспектите на поврзаноста на уметноста и природата на игрите (т. е. вечната потреба за истражување, експериментирање и анимирање и на себе и на публиката – со одреден партиципативен директен или индиректен инпут) и семиотиката, т. е. неговата преокупација со истражување и трансформирање на симболи и архетипови“. Ана Франговска, кустос на проектот „Предизвикот од детството на неговото сликарство, сè уште ја надразнува неговата истражувачка мисија, која почнува од една точка со туш, а до денес љубопитно ѕирка зад оградата, зад неговите Паравани, со трајна надеж дека еден ден истражувачкиот процес ќе го доведе до одговорот за вистината на постоењето на нас самите, на сите во неограничената космогонија. Истрагата продолжува, не е на повидок THE END. Шемов е вљубен во живиот свет. Тука е сосредоточена неговата неизмерлива тврдоглавост да го растајни опстанокот во целиот универзум, каков, колкав и каде и да е“. Соња Абаџиева, критичар и историчар на уметност Поставката ќе биде достапна за публиката во текот на наредните 60 дена, до 27 ноември 2023, во Даут-пашиниот амам.  

The post „Мултиверзум“- изложба на Симон Шемов во Даут пашин амам appeared first on Република.

]]>
Дита Старова Ќерими: Големината на Аџиевски лежи во неговиот непокор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tvoreshtvoto-na-skulptorot-ilija-adzievski-na-golema-izlozba-vo-daut-pashin-amam/ Thu, 27 Oct 2022 06:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=565671

„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Тематскиот концепт што го издвоивме од творештвото на Аџиевски, на публиката ќе и биде достапен од 27 октомври 2022 (четврток) и ќе трае во текот на еден месец. Поставката ќе биде изложена во Даут пашиниот амам, а отворањето е закажано за 19 ч. На официјалното отворање, почит кон работата и делото на без малку столетниот автор, во негово присуство, ќе искажат директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, кураторот Ана Франговска, виш кустос во галеријата и д-р Јелена Лужина, писателка и поранешен професор на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Оваа изложба го потврдува големиот портретен виртуозитет на Аџиевски, неговата маестралност во постигнување на неверојатна експресивност во портретниот жанр, кој се води како еден од најтешките жанрови во ликовната уметност. Неговиот талент и способност да проникне во карактерните „тајни“ на личностите кои ги портретира го прават дефинитивно еден од најзначајните македонски портретисти, место кое за жал досега не му било сосема цврсто загарантирано, но со оваа изложба чиниме дека ги поместивме хоризонтите и ја извлекуваме суштината на виделина.
Големината на Аџиевски лежи и во неговиот непокор, т.е. во барањето засолниште и спас од животните препреки (како еден од преживеаните Голооточани) токму во креативноста на своите вешти раце, кои ја трансформирале енергијата од бес, немоќ и лутина, во моќ и скулптурална заробена експресија, вели директорката на Националната галерија Дита Старова Керими.

Портретот отсекогаш бил многу специфичен жанр, во која било ликовна дисциплина или медиум. Тој не подразбирал само добра занаетска подготвеност и фотографско, т. е. реалистичко празно пренесување, туку значел умеење да се проникне во тајните и суштината на портретираната личност, да се одгатнат нејзините тајни, вистини, внатрешни убавини, креативност, дух, суровост, мекост итн. Во тој контекст, и пристапот на Илија Аџиевски не бил да постигне академско-реалистична сличност, туку неговата намера била да ги пренесе најспецифичните особини на личноста која ја претставува, создавајќи своевиден коментар за нејзината продуховеност. Оттука и најмногубројни се портретите на негови пријатели, духовно блиски личности, сограѓани со кои се познавал и го делел задоволството и креативниот занес во создавањето на уметнички творби. Меѓу нив имало и други ликовни уметници, поети, филозофи, писатели, естетичари, историчари на уметност или сродни по продуховеност пријатели.

Ако ја употребите максимата на Микеланџело, дека задачата на скулпторот е да ги „ослободи од заробеништво“ ликовите и телата на своите модели, тогаш Илија Аџиевски во своите портрети го постигнал токму тоа, ја ослободил продуховеноста и ја виртуелизирал невидливата природа на портретираните ликови, допирајќи во најдлабоките тајни на нивната интима, замрзнувајќи во скулптурално дело неодгатнати аспекти на нивниот карактер со своите вешти раце и со својата уметничка визија и сензибилност. Во тоа е маестралноста на Аџиевски, затоа неговите портрети се сегмент од неговото скулптурално творештво кое заслужува особено внимание и дигнитет.

Илија Аџиевски е роден во Струга на 22.12.1926 година. Основно училиште завршил во Струга во 1938. Образованието го продолжил во Дебар во Економското училиште. Во 1942 година се вклучил во младинското движење за отпорот против фашизмот. Во 1946 година се запишал во тогашното художествено училиште во Скопје кај професорите Димо Тодоровки, Вангел Коџоман и останатите основоположници на македонската современа ликовна уметност. Во 1949 година се запишал на академијата за ликовни уметности во Белград во класата на професорот Лојзе Долинар. Една година подоцна се префрлил на академијата за ликовни уметности во Загреб, каде дипломирал во класата на професорот Фране Кршиниќ, 1954 година. Неговите студиски престои биле во Грција, Турција, Италија, Франција и Египет. По завршувањето на академијата почнал да живее и твори во Скопје како слободен уметник. Од 1956 година тој е член на ДЛУМ. Во својот работен век има создадено голем број на споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности и негови пријатели, како и статуети во помал формат. Излагал на голем број самостојни и групни изложби, а добитник е на голем број признанија и награди. Живее и твори во Скопје.

Овој проект е дел од одбележувањето на Деновите на европското културно наследство во период од август до октомври 2022 г., настани што ги споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжи до денес. Програмата може да се пофали со 20 милиони посетители секоја година, генерира најголема вредност од секој „европски“ културен проект.

https://www.europeanheritagedays.com/Event/PORTRAIT-IN-FOCUS

The post Дита Старова Ќерими: Големината на Аџиевски лежи во неговиот непокор appeared first on Република.

]]>

„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Тематскиот концепт што го издвоивме од творештвото на Аџиевски, на публиката ќе и биде достапен од 27 октомври 2022 (четврток) и ќе трае во текот на еден месец. Поставката ќе биде изложена во Даут пашиниот амам, а отворањето е закажано за 19 ч. На официјалното отворање, почит кон работата и делото на без малку столетниот автор, во негово присуство, ќе искажат директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, кураторот Ана Франговска, виш кустос во галеријата и д-р Јелена Лужина, писателка и поранешен професор на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Оваа изложба го потврдува големиот портретен виртуозитет на Аџиевски, неговата маестралност во постигнување на неверојатна експресивност во портретниот жанр, кој се води како еден од најтешките жанрови во ликовната уметност. Неговиот талент и способност да проникне во карактерните „тајни“ на личностите кои ги портретира го прават дефинитивно еден од најзначајните македонски портретисти, место кое за жал досега не му било сосема цврсто загарантирано, но со оваа изложба чиниме дека ги поместивме хоризонтите и ја извлекуваме суштината на виделина.
Големината на Аџиевски лежи и во неговиот непокор, т.е. во барањето засолниште и спас од животните препреки (како еден од преживеаните Голооточани) токму во креативноста на своите вешти раце, кои ја трансформирале енергијата од бес, немоќ и лутина, во моќ и скулптурална заробена експресија, вели директорката на Националната галерија Дита Старова Керими.
Портретот отсекогаш бил многу специфичен жанр, во која било ликовна дисциплина или медиум. Тој не подразбирал само добра занаетска подготвеност и фотографско, т. е. реалистичко празно пренесување, туку значел умеење да се проникне во тајните и суштината на портретираната личност, да се одгатнат нејзините тајни, вистини, внатрешни убавини, креативност, дух, суровост, мекост итн. Во тој контекст, и пристапот на Илија Аџиевски не бил да постигне академско-реалистична сличност, туку неговата намера била да ги пренесе најспецифичните особини на личноста која ја претставува, создавајќи своевиден коментар за нејзината продуховеност. Оттука и најмногубројни се портретите на негови пријатели, духовно блиски личности, сограѓани со кои се познавал и го делел задоволството и креативниот занес во создавањето на уметнички творби. Меѓу нив имало и други ликовни уметници, поети, филозофи, писатели, естетичари, историчари на уметност или сродни по продуховеност пријатели. Ако ја употребите максимата на Микеланџело, дека задачата на скулпторот е да ги „ослободи од заробеништво“ ликовите и телата на своите модели, тогаш Илија Аџиевски во своите портрети го постигнал токму тоа, ја ослободил продуховеноста и ја виртуелизирал невидливата природа на портретираните ликови, допирајќи во најдлабоките тајни на нивната интима, замрзнувајќи во скулптурално дело неодгатнати аспекти на нивниот карактер со своите вешти раце и со својата уметничка визија и сензибилност. Во тоа е маестралноста на Аџиевски, затоа неговите портрети се сегмент од неговото скулптурално творештво кое заслужува особено внимание и дигнитет. Илија Аџиевски е роден во Струга на 22.12.1926 година. Основно училиште завршил во Струга во 1938. Образованието го продолжил во Дебар во Економското училиште. Во 1942 година се вклучил во младинското движење за отпорот против фашизмот. Во 1946 година се запишал во тогашното художествено училиште во Скопје кај професорите Димо Тодоровки, Вангел Коџоман и останатите основоположници на македонската современа ликовна уметност. Во 1949 година се запишал на академијата за ликовни уметности во Белград во класата на професорот Лојзе Долинар. Една година подоцна се префрлил на академијата за ликовни уметности во Загреб, каде дипломирал во класата на професорот Фране Кршиниќ, 1954 година. Неговите студиски престои биле во Грција, Турција, Италија, Франција и Египет. По завршувањето на академијата почнал да живее и твори во Скопје како слободен уметник. Од 1956 година тој е член на ДЛУМ. Во својот работен век има создадено голем број на споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности и негови пријатели, како и статуети во помал формат. Излагал на голем број самостојни и групни изложби, а добитник е на голем број признанија и награди. Живее и твори во Скопје. Овој проект е дел од одбележувањето на Деновите на европското културно наследство во период од август до октомври 2022 г., настани што ги споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжи до денес. Програмата може да се пофали со 20 милиони посетители секоја година, генерира најголема вредност од секој „европски“ културен проект. https://www.europeanheritagedays.com/Event/PORTRAIT-IN-FOCUS

The post Дита Старова Ќерими: Големината на Аџиевски лежи во неговиот непокор appeared first on Република.

]]>
Со поетско читање затворени „Струшките вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-poetsko-chitanje-zatvoreni-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Tue, 30 Aug 2022 08:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=545513

Осумнаесет поети од странство, гости на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата", синоќа има поетско читање во „Даутпашиниот амам". Со тоа и официјално заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал. Годинава „Струшките вечери на поезијата" се одржуваа под мотото „Ритамот на стихот, ритамот на животот".

Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец", јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе песната „Да посадиш дрво", англискиот препев го прочита јапонскиот поет Јасухиро Јоцумото, а македонскиот препев го прочита Зоран Анчевски, кој воедно е препејувач на оваа песна. Анчевски е препејувач и на целокупниот избор песни на Таникава, застапени во објавената Монографија посветена на лауреатот на „Златниот венец".

Песната, пак, на поетот Ценд Ајуш Бујанзаја, кој не е присутен на фестивалот, ја прочита почесниот конзул на Монголија, Литов Намдагјанчивин.

Годинава специјален гостин на фестивалот беше лауреатот од 2020 година, израелскиот поет Амир Ор.

Наградата „Браќа Миладиновци" за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на „Струшките вечери на поезијата" годинава му беше врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси".

Признанието „Мостови на Струга" што УНЕСКО и „Струшките вечери на поезијата" го доделуваат за најдобар поет-дебитант му беше врачено на италијанскиот поет Џерардо Мазучо.

Во рамки на фестивалот имаше и меморијално чествување на доајенот на македонската поезија Радован Павловски, а објавена беше и тематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)", која ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски.

The post Со поетско читање затворени „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Осумнаесет поети од странство, гости на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата", синоќа има поетско читање во „Даутпашиниот амам". Со тоа и официјално заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал. Годинава „Струшките вечери на поезијата" се одржуваа под мотото „Ритамот на стихот, ритамот на животот". Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец", јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе песната „Да посадиш дрво", англискиот препев го прочита јапонскиот поет Јасухиро Јоцумото, а македонскиот препев го прочита Зоран Анчевски, кој воедно е препејувач на оваа песна. Анчевски е препејувач и на целокупниот избор песни на Таникава, застапени во објавената Монографија посветена на лауреатот на „Златниот венец". Песната, пак, на поетот Ценд Ајуш Бујанзаја, кој не е присутен на фестивалот, ја прочита почесниот конзул на Монголија, Литов Намдагјанчивин. Годинава специјален гостин на фестивалот беше лауреатот од 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. Наградата „Браќа Миладиновци" за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на „Струшките вечери на поезијата" годинава му беше врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси". Признанието „Мостови на Струга" што УНЕСКО и „Струшките вечери на поезијата" го доделуваат за најдобар поет-дебитант му беше врачено на италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Во рамки на фестивалот имаше и меморијално чествување на доајенот на македонската поезија Радован Павловски, а објавена беше и тематската антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)", која ја приреди македонскиот поет, раскажувач, есеист, теоретичар и преведувач Владимир Мартиновски.  

The post Со поетско читање затворени „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски ќе биде поставена во Даутпашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozba-na-dimitar-kondovski-kje-bide-postavena-vo-dautpashin-amam/ Mon, 02 May 2022 13:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=496369

По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност Националната галерија го најави отворањето на Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски на 5 мај во објектот Даутпашин амам. Куратор на проектот е Емил Алексиев.

Ретроспективната изложба со творештвото на Димитар Кондовски (1927-1993) ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност. Димитар Кондовски зад себе остави импозантен творечки опус со уште несогледани димензии. Од овие причини, целта на оваа изложба е систематизирање на дејноста на овој исклучителен автор и расветлување на оние доминантни аспекти кои ја одредуваат неговата творечка дејност.

Димитар Кондовски е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност. Својата творечка дејност Кондовски ја надоврзува на две значајни насоки по кои и денес се движи ликовната уметност.

Едната детерминанта која го одредува неговото творештво е геометриската апстракција. Таа својот особен израз ќе го најде во геометриската конструкција на неговите дела, користењето сложени математички пресметки за да се постави основната композиција, геометриските модули и канони за одредувањето на пропорциите.

Втората детерминанта во творештвото на Кондовски е сликарството на знакот и симболот. Во неговите дела знакот секогаш поседува високо симболична вредност. Тој уметноста ја разбира како херменевтика, како откривање на шифрата на светот, како пронаоѓање на тајниот клуч на универзумот – истакнуваат од Националната галерија.

Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1956 до 1960 година работел како илустратор. Од 1960 до 1972 година бил слободен уметник.

Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

The post Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски ќе биде поставена во Даутпашин амам appeared first on Република.

]]>

По изминати 30 години од неговата последна средба со македонската културна јавност Националната галерија го најави отворањето на Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски на 5 мај во објектот Даутпашин амам. Куратор на проектот е Емил Алексиев.
Ретроспективната изложба со творештвото на Димитар Кондовски (1927-1993) ќе ги опфати сите периоди од неговата творечка дејност. Димитар Кондовски зад себе остави импозантен творечки опус со уште несогледани димензии. Од овие причини, целта на оваа изложба е систематизирање на дејноста на овој исклучителен автор и расветлување на оние доминантни аспекти кои ја одредуваат неговата творечка дејност.
Димитар Кондовски е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот исклучителен творечки опус е камен-темелник врз кој се гради и доградува современата македонска ликовна уметност. Својата творечка дејност Кондовски ја надоврзува на две значајни насоки по кои и денес се движи ликовната уметност. Едната детерминанта која го одредува неговото творештво е геометриската апстракција. Таа својот особен израз ќе го најде во геометриската конструкција на неговите дела, користењето сложени математички пресметки за да се постави основната композиција, геометриските модули и канони за одредувањето на пропорциите. Втората детерминанта во творештвото на Кондовски е сликарството на знакот и симболот. Во неговите дела знакот секогаш поседува високо симболична вредност. Тој уметноста ја разбира како херменевтика, како откривање на шифрата на светот, како пронаоѓање на тајниот клуч на универзумот – истакнуваат од Националната галерија.
Кондовски е роден во Прилеп, во 1927 година, а починал во Скопје, во 1993 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, во 1952 година. Во 1958 година бил на студиски престој во Париз, а во текот на 1961/62 година специјализирал ѕидно сликарство во Рим. Од 1952 до 1956 година работел како професор по ликовно воспитување во Скопје. Од 1956 до 1960 година работел како илустратор. Од 1960 до 1972 година бил слободен уметник. Од 1972 до 1980 година бил професор на Педагошката академија во Скопје. Во 1980 година бил избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи до 1987 година. Во 1991 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

The post Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски ќе биде поставена во Даутпашин амам appeared first on Република.

]]>
Лавиринт на уметноста 2: Запознавање на македонската современа уметност преку непосредна интеракција со делата на поставката во објектот Даут пашин амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lavirint-na-umetnosta-2-zapoznavanje-na-makedonskata-sovremena-umetnost-preku-neposredna-interakcija-so-delata-na-postavkata-vo-objektot-daut-pashin-amam/ Fri, 29 Apr 2022 07:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=495051

Во Даут пашин амам денеска ќе се реализира Лавиринт на уметноста 2- едукативна наградна игра за деца од основни училишта.

Станува збор за запознавање на македонската современа уметност преку непосредна интеракција со делата на поставката во објектот Даут пашин амам, оригинален и единствен пример на музејска едукација во земјава, за прв пат презентирана во 2017 година.

Наградната игра ќе трае во текот на месец април. Крајот на наградната игра официјално ќе се одбележи на 29 април 2022, во Даут пашиниот амам, со извлекување на награди и музичка програма.

Едукатор, Ацо Таневски

The post Лавиринт на уметноста 2: Запознавање на македонската современа уметност преку непосредна интеракција со делата на поставката во објектот Даут пашин амам appeared first on Република.