Даунов синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daunov-sindrom/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Dec 2022 11:23:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даунов синдром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daunov-sindrom/ 32 32 „Балкан останува Балкан“: Дете со Даунов синдром отстрането од божиќната претстава, го оставија да седи во ходник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/balkan-ostanuva-balkan-dete-so-daunov-sindrom-otstraneto-od-bozikjnata-pretstava-go-ostavija-da-sedi-vo-hodnik/ Thu, 22 Dec 2022 11:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=588770

Додека другите деца пеат на сцената, Јаков е на клупата, игра и чека сѐ да заврши. Зошто не можеше да излезе на сцената и зошто беше отстранет од неа?

Вака Драгана, мајката на петгодишниот Јаков, дете со Даунов синдром од гратчето Широки Бриег во БИХ, раскажува како нејзиното дете беше отстрането од сцената за време на божиќната претстава во градската градинка Трноружица, иако за истата вежбало со неговите соученици.

Таа објави две видеа на социјалните мрежи. Во првото се гледа како една од воспитачките го трга малиот Јаков од сцената, а на второто се гледа како Јаков седи на клупа во ходникот додека претставата се уште трае.

Божиќна претстава, време на благосостојба, љубов и мир, Јаков и Рита ќе учествуваат во божиќната претстава, која ја подготвуваат со недели претходно. И јас сум таму од страна и чекам да ги гледам моите деца. Рита оди на сцена во група со други деца, Јаков е во скутот на воспитачката и седат на стол. Сите други деца се на сцената подготвени за настап. Ја прашувам зошто Јаков не е на сцена, ми вели подобро да не оди, ќе им пречи. Во шок го земам Јаков со себе, тој со рака постојано покажува дека сака да оди кај другите деца… Останатото погледнете го во видеото, пишува оваа мајка.

View this post on Instagram

A post shared by Dragana (@_draganamandic)

Буквално ме болеше душата, таква тага и незадоволство не сум почувствувала. Ме заболе затоа што на моето дете кое сакаше да биде со другарите, сакаше да учествува, сакаше да се забавува, не му дозволија. На божиќната претстава му беше одземено правото да биде дете и да биде среќно момче. Зошто? Зошто да молчам сега? Зошто им пречи дете што ќе танцува? Уривање на угледот на градинките? ШТО САКАТЕ СОВРШЕНА СЛИКА ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА И СОВРШЕНА Божиќна претстава? Да расчистиме, во никој случај не ги осудувам воспитачките, тие само прават што ќе им кажат. Затоа што знам дека работеа со Јаков и се подготвуваа за претставата. Тие се прекрасни и никогаш немавме проблеми со нив. За жал, прават како што им е кажано!, продолжува мајката во своите коментари за видеото.

Кога ја прашала директорката на градинката зошто Јаков не учествува, таа ѝ рекла: „Госпоѓо, ако не ви се допаѓа, има уште 10 градинки, слободно одете!“.

Се разбира дека ќе одиме, но нема да молчиме, никој не го заслужува тоа, а најмалку 5-годишно дете, изјавила мајката за тамошните медиуми.

Јаков ја посетувал оваа градинка од 2019 година и мајката вели дека никогаш немало никакви проблеми и дека секогаш бил прифатен од воспитачките и од другите деца и дека со задоволство одел во градинка, но дека тие сега веројатно морале да послушаат нечија наредба.

На прашања од новинарите управителката на градинката, Зденка Зовко, рекла дека станува збор за недоразбирање.

Рекла и дека е подготвена да се извини, но смета дека нема причина за тоа. Во меѓувреме, мајката тврди дека ги отпишала децата од таа градинка и дека планира да ги запише во друга градинка бидејќи им треба социјализација и дружење исто како и на другите деца.

Не е важно каде се случува ова, туку дека Балкан останува Балкан, се вели во една од илјадниците реакции на јавноста.

The post „Балкан останува Балкан“: Дете со Даунов синдром отстрането од божиќната претстава, го оставија да седи во ходник appeared first on Република.

]]>

Додека другите деца пеат на сцената, Јаков е на клупата, игра и чека сѐ да заврши. Зошто не можеше да излезе на сцената и зошто беше отстранет од неа? Вака Драгана, мајката на петгодишниот Јаков, дете со Даунов синдром од гратчето Широки Бриег во БИХ, раскажува како нејзиното дете беше отстрането од сцената за време на божиќната претстава во градската градинка Трноружица, иако за истата вежбало со неговите соученици. Таа објави две видеа на социјалните мрежи. Во првото се гледа како една од воспитачките го трга малиот Јаков од сцената, а на второто се гледа како Јаков седи на клупа во ходникот додека претставата се уште трае.
Божиќна претстава, време на благосостојба, љубов и мир, Јаков и Рита ќе учествуваат во божиќната претстава, која ја подготвуваат со недели претходно. И јас сум таму од страна и чекам да ги гледам моите деца. Рита оди на сцена во група со други деца, Јаков е во скутот на воспитачката и седат на стол. Сите други деца се на сцената подготвени за настап. Ја прашувам зошто Јаков не е на сцена, ми вели подобро да не оди, ќе им пречи. Во шок го земам Јаков со себе, тој со рака постојано покажува дека сака да оди кај другите деца… Останатото погледнете го во видеото, пишува оваа мајка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dragana (@_draganamandic)

Буквално ме болеше душата, таква тага и незадоволство не сум почувствувала. Ме заболе затоа што на моето дете кое сакаше да биде со другарите, сакаше да учествува, сакаше да се забавува, не му дозволија. На божиќната претстава му беше одземено правото да биде дете и да биде среќно момче. Зошто? Зошто да молчам сега? Зошто им пречи дете што ќе танцува? Уривање на угледот на градинките? ШТО САКАТЕ СОВРШЕНА СЛИКА ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА И СОВРШЕНА Божиќна претстава? Да расчистиме, во никој случај не ги осудувам воспитачките, тие само прават што ќе им кажат. Затоа што знам дека работеа со Јаков и се подготвуваа за претставата. Тие се прекрасни и никогаш немавме проблеми со нив. За жал, прават како што им е кажано!, продолжува мајката во своите коментари за видеото.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dragana (@_draganamandic)

Кога ја прашала директорката на градинката зошто Јаков не учествува, таа ѝ рекла: „Госпоѓо, ако не ви се допаѓа, има уште 10 градинки, слободно одете!“.
Се разбира дека ќе одиме, но нема да молчиме, никој не го заслужува тоа, а најмалку 5-годишно дете, изјавила мајката за тамошните медиуми.
Јаков ја посетувал оваа градинка од 2019 година и мајката вели дека никогаш немало никакви проблеми и дека секогаш бил прифатен од воспитачките и од другите деца и дека со задоволство одел во градинка, но дека тие сега веројатно морале да послушаат нечија наредба. На прашања од новинарите управителката на градинката, Зденка Зовко, рекла дека станува збор за недоразбирање. Рекла и дека е подготвена да се извини, но смета дека нема причина за тоа. Во меѓувреме, мајката тврди дека ги отпишала децата од таа градинка и дека планира да ги запише во друга градинка бидејќи им треба социјализација и дружење исто како и на другите деца.
Не е важно каде се случува ова, туку дека Балкан останува Балкан, се вели во една од илјадниците реакции на јавноста.

The post „Балкан останува Балкан“: Дете со Даунов синдром отстрането од божиќната претстава, го оставија да седи во ходник appeared first on Република.

]]>
Одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/odbelezan-svetskiot-den-na-licata-so-daunov-sindrom/ Mon, 21 Mar 2022 14:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=476172

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,  заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска на стадионот „Млади лавови“ присуствуваа на настанот организиран од ООУ Димитар Беровски по повод Светски ден на Даунов синдром.

На овој настан, педесетина деца вклучени во пет групи низ игра и дружба реализираа активности за анимација на сите деца.

Градот Скопје контиунирано поддржува активности со цел обезбедување соодветни услови за зголемена инклузија на лицата со Даунов синдром, како и голем број активности за поинклузивно Скопје, се со цел поттикнување на еднаквост, взаемна почит и соработка на сите општествени сфери од секојдневието.

The post Одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,  заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска на стадионот „Млади лавови“ присуствуваа на настанот организиран од ООУ Димитар Беровски по повод Светски ден на Даунов синдром. На овој настан, педесетина деца вклучени во пет групи низ игра и дружба реализираа активности за анимација на сите деца. Градот Скопје контиунирано поддржува активности со цел обезбедување соодветни услови за зголемена инклузија на лицата со Даунов синдром, како и голем број активности за поинклузивно Скопје, се со цел поттикнување на еднаквост, взаемна почит и соработка на сите општествени сфери од секојдневието.

The post Одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром appeared first on Република.

]]>
Драго ми е што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла, со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drago-mi-e-shto-go-aktuelizirav-problemot-so-uchilishteto-na-embla-so-ovaa-nasha-pobeda-kje-im-bide-podobro-i-na-drugite-deca-kako-embla/ Sat, 05 Feb 2022 18:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=454583

Илир Адеми е наставник по музика, музикотерапевт и татко на 11-годишната Ембла, девојчето со Даунов синдром за кое деновиве зборува целата македонска јавност откако се дозна дека таа тргна на училиште со еден ден задоцнување и сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле заради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и заради нејзината наводна агресивност.

– Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе. Ние кои имаме деца со посебни потреби сме обично повлечени и знаеме да голтаме и да ги премолчуваме проблемите, но сега ми е драго што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла затоа што знам дека со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла – вели Адеми.

Целиот разговор на majkaidete.mk

The post Драго ми е што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла, со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла appeared first on Република.

Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе: Таткото на Ембла отворено за проблемот што трае со години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/goltni-edno-goltni-drugo-ne-se-izdrzuvashe-vekje-tatkoto-na-embla-otvoreno-za-problemot-shto-trae-so-godini/ Sat, 05 Feb 2022 15:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=454530

Илир Адеми е наставник по музика, музикотерапевт и татко на 11-годишната Ембла, девојчето со Даунов синдром за кое деновиве зборува целата македонска јавност откако се дозна дека таа тргна на училиште со еден ден задоцнување и сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле заради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и заради нејзината наводна агресивност.

– Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе. Ние кои имаме деца со посебни потреби сме обично повлечени и знаеме да голтаме и да ги премолчуваме проблемите, но сега ми е драго што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла затоа што знам дека со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла – вели Адеми.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

The post Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе: Таткото на Ембла отворено за проблемот што трае со години appeared first on Република.

]]>

Илир Адеми е наставник по музика, музикотерапевт и татко на 11-годишната Ембла, девојчето со Даунов синдром за кое деновиве зборува целата македонска јавност откако се дозна дека таа тргна на училиште со еден ден задоцнување и сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле заради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и заради нејзината наводна агресивност. – Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе. Ние кои имаме деца со посебни потреби сме обично повлечени и знаеме да голтаме и да ги премолчуваме проблемите, но сега ми е драго што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла затоа што знам дека со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла – вели Адеми. Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

The post Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе: Таткото на Ембла отворено за проблемот што трае со години appeared first on Република.

]]>
Tрпкова: Разбрав дека кај нас ништо не може да се имплементира зашто во суштина никому не му гајле ниту за системот, а уште помалку за иднината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trpkova-razbrav-deka-kaj-nas-nishto-ne-moze-da-se-implementira-zashto-vo-sushtina-nikomu-ne-mu-gajle-nitu-za-sistemot-a-ushte-pomalku-za-idninata/ Thu, 03 Feb 2022 15:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=453718

Инспирарана од случајот со малата Ембла, девојче со Даунов синдром, кое заедно со нејзиното семејство поминува низ голгота зошто родители на нејзините соученици бараат таа да се испише од класот, само затоа што е различна, актерката Синоличка Трпкова го споделува своето искуство од животот во Холандија и тамошниот образовен систем и родителите.

Се сеќавам, 2004, кога ќерка ми тргна на школо во Холандија, во класот имаше детенце со даунсиндром. Сандер се викаше. Мајките на децата доброволно се пријавуваа да работат по еден час во школото со класот. Тоа беше вообичано тогаш, верувам сеуште е. Инволвираноста на родителите во школо има длабока смисла. Сите мајки имаа некаков ангажман. Мајка за комјутер, мајка за прошетка, мајка за палачинки, мајка за танц итн. Јас бев мајка за компјутер. Имав задача еднаш до два пати во неделата еден час да работам со дечињата на компјутер. Игри за развивање на логика. Игри на вклопување бои, форми итн. Сандер седеше кај мене во скут и секогаш кога компјутерот ќе дадеше весел сигнал на успешно завршена задача потскокнуваше од радост, ја вртеше главата и со очињата бараше потврда од мене. Сандер седеше две години во класот и беше омилен другар на сите деца. Му помагаа кога требаше и сите без исклучок, го сочекуваа и поддржуваа во активностите. Со радост, со бодрење, со отворено срце. По две години Сандер мораше да замине во друго школо. Децата не разбираа зошто. Тие не размислуваа ниту пак некогаш посочија, за тоа дека Сандер е поинаков од нив. Мајките, колку и банално да звучеше нивната ангажираност, со задоволство ги играа дадените улоги, секое утро, од 9-10, на смени. Доброволната инволвираност и интерес на родителите во образовниот процес (иако дел од нив и работеа), само укажува на еден поинаков систем на вредности, поразличен од оној -„да се отфрли детето на школо“. Понекогаш мислам дека ваквото искуство, за мене како мајка од Балкан е повредно од сите дипломи и успеси. Но и после толку години обиди за пренесување на моите искуства овде, разбрав дека кај нас ништо од тоа нема да може да се имплементира. Зашто во суштина никому не му гајле ниту за системот, а уште помалку за иднината, со акцент на партиите и нивната племенска култура, како кројачи на нашите животи!, смета Трпкова.

The post Tрпкова: Разбрав дека кај нас ништо не може да се имплементира зашто во суштина никому не му гајле ниту за системот, а уште помалку за иднината appeared first on Република.

Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на настава затоа што со нив учи дете со Даунов синдром! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditeli-od-gostivar-ne-gi-pushtaat-decata-na-nastava-zatoa-shto-so-niv-uchi-dete-so-daunov-sindrom/ Thu, 03 Feb 2022 08:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=453356

Сите ученици го започнаа второто полугодие токму на 1 февруари, но не и 11-годишната Ембла. Таа денеска тргна на училиште но сама, поради тоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан.

Ембла има Даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив.

Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици, стои во петицијата што ја покренаа родителите.

Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес.

Но, за разлика од директорот, нејзиниот татко негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. „Ембла“ ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.

The post Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на настава затоа што со нив учи дете со Даунов синдром! appeared first on Република.

]]>

Сите ученици го започнаа второто полугодие токму на 1 февруари, но не и 11-годишната Ембла. Таа денеска тргна на училиште но сама, поради тоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан. Ембла има Даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив.
Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици, стои во петицијата што ја покренаа родителите.
Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес. Но, за разлика од директорот, нејзиниот татко негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. „Ембла“ ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.