датум за преговори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/datum-za-pregovori/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 07:59:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png датум за преговори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/datum-za-pregovori/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Измамници какви мајка до сега не родила, СДСМ и ДУИ работеа на раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-izmamnitsi-kakvi-majka-do-sega-ne-rodila-sdsm-i-dui-rabotea-na-razdvojuvane-na-makedonija-od-albanija-na-patot-kon-eu/ Fri, 27 Sep 2024 07:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=820073

Честито. Уште едно достигнување за кое се заслужни ортаците во криминал и неспособност СДС и ДУИ. Успеја во намерата за раздвојување на Албанија и Македонија во европските интеграции. За ова достигнување напорно работеа 7 години, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Измамници какви мајка до сега не родила – СДС и ДУИ лажеа дека сме почнале преговори, а работеа на раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Артан Груби стана крал во криминал, а Бујар Османи велемајстор во утки и порази. И за сето ова има еден Заев кој става печати на сево ова со потпишување на разни договори. Заев ветуваше почеток на преговори уште пред 6 години, кога се сликаше во владиниот авион, што се испостави како лага. Филипче е дел од ова зло кое СДС и ДУИ и го нанесоа на Македонија. Тој заедно со Заев беше дел од најкриминалната влада која системски произведуваше корупција. Додека сите земји се развиваа и имаа раст, Македонија назадуваше на секое поле од судство со 2% доверба до раст на БДП по глава на жител кој е дупло помал од растот на земјите во регионот во период 2017- 2022, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ нанесоа трајни штети врз Македонија, додаваат од владејачката партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Измамници какви мајка до сега не родила, СДСМ и ДУИ работеа на раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Честито. Уште едно достигнување за кое се заслужни ортаците во криминал и неспособност СДС и ДУИ. Успеја во намерата за раздвојување на Албанија и Македонија во европските интеграции. За ова достигнување напорно работеа 7 години, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Измамници какви мајка до сега не родила – СДС и ДУИ лажеа дека сме почнале преговори, а работеа на раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ. Артан Груби стана крал во криминал, а Бујар Османи велемајстор во утки и порази. И за сето ова има еден Заев кој става печати на сево ова со потпишување на разни договори. Заев ветуваше почеток на преговори уште пред 6 години, кога се сликаше во владиниот авион, што се испостави како лага. Филипче е дел од ова зло кое СДС и ДУИ и го нанесоа на Македонија. Тој заедно со Заев беше дел од најкриминалната влада која системски произведуваше корупција. Додека сите земји се развиваа и имаа раст, Македонија назадуваше на секое поле од судство со 2% доверба до раст на БДП по глава на жител кој е дупло помал од растот на земјите во регионот во период 2017- 2022, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и ДУИ нанесоа трајни штети врз Македонија, додаваат од владејачката партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Измамници какви мајка до сега не родила, СДСМ и ДУИ работеа на раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Како што предвиде Вучиќ: ЕУ денеска ќе објави дека започнува преговори со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kako-shto-predvide-vuchik-eu-deneska-ke-objavi-deka-zapochnuva-pregovori-so-ukraina/ Fri, 07 Jun 2024 09:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=785449

По којзнае кој пат се остварија зборовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а овој пат станува збор за приемот на Украина во ЕУ.

Европската комисија денеска ќе објави дека сака да започне официјални преговори за пристапување на Украина во ЕУ, пишува „Фајненшл тајмс“.Преговорите ќе почнат овој месец.

 Вучиќ пред само еден месец истакна дека никој нема да биде дел од ЕУ пред Украина.Веројатно ќе почекаме уште шест години, што исто така е во ред - истакна Вучиќ.

The post Како што предвиде Вучиќ: ЕУ денеска ќе објави дека започнува преговори со Украина appeared first on Република.

]]>

По којзнае кој пат се остварија зборовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а овој пат станува збор за приемот на Украина во ЕУ. Европската комисија денеска ќе објави дека сака да започне официјални преговори за пристапување на Украина во ЕУ, пишува „Фајненшл тајмс“.Преговорите ќе почнат овој месец.
 Вучиќ пред само еден месец истакна дека никој нема да биде дел од ЕУ пред Украина.Веројатно ќе почекаме уште шест години, што исто така е во ред - истакна Вучиќ.

The post Како што предвиде Вучиќ: ЕУ денеска ќе објави дека започнува преговори со Украина appeared first on Република.

]]>
Амбасадорката на Германија: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorkata-na-germanija-nema-veto-za-vashata-zemja-site-chlenki-se-soglasni-deka-treba-da-se-ovozmozhi-pochetok-na-pregovori/ Tue, 04 Jun 2024 13:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=784713

Европа се состои од компромиси, тие се важна основа за Европската Унија. Во сегашнава состојба за пристап во пррцесот за пристапување нема вето за вашата земја, рече денеска германската амбасадорка Петра Дрекслер, на настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Според неа, основата за членство во ЕУ е процесот на реформи.

-Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.

Германската страна, додаде таа, може да се замисли дека треба да се зголеми бројот на одлуки што се донесуваат со квалификувано мнозинство.

-Меѓутоа јадрото на нашата силина е да настојуваме да постигнеме компромиси. Не смееме да се откажеме од компромисите. А почетокот и крајот на преговорите се одлуки што се донесуваат едногласно. Во оваа сфера не се изменило ништо, заклучи германската амбасадорка.

Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, пак, кажа дека Словачка е силен поддржувач на овој регион со низа иницијативи.

Амбасадорот Маркуш порача дека не треба да се чека Македонија да ги надмине проблемите. Ние 20 години после Солун, оцени Маркуш, се уште зборуваме во која мера проширувањето е важно, а не зборуваме доволно како да се направи тоа. Ние се движиме низ непродуктивни ставови, многу тешко е тоа да се надмине.

-Во Македонија има нова претседателка, наскоро нова влада, мислам дека тие ја имаат шансата и ќе ја искористат оваа пригода да ја надминат оваа позиција и да направат да се постигне нешто. Секогаш ме изненадувало тоа како тоа нема никој којшто ќе го крене знамето и да ги собере овие пријатели на проширувањето на Западен Балкан и да ги спречат некои од настаните кои доведоа до оваа позиција, рече Маркуш, осврнувајќи се на патот на земјава кон ЕУ.

Тој го цитираше Кофи Анан, кој кажал дека времето е токму тоа, а изборот е јасен. - Да ја искористиме оваа пригода, оваа можност што ни се дава и да работиме заедно на обединета Европа, рече Маркуш.

The post Амбасадорката на Германија: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори appeared first on Република.

]]>

Европа се состои од компромиси, тие се важна основа за Европската Унија. Во сегашнава состојба за пристап во пррцесот за пристапување нема вето за вашата земја, рече денеска германската амбасадорка Петра Дрекслер, на настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер. Според неа, основата за членство во ЕУ е процесот на реформи.
-Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.
Германската страна, додаде таа, може да се замисли дека треба да се зголеми бројот на одлуки што се донесуваат со квалификувано мнозинство. -Меѓутоа јадрото на нашата силина е да настојуваме да постигнеме компромиси. Не смееме да се откажеме од компромисите. А почетокот и крајот на преговорите се одлуки што се донесуваат едногласно. Во оваа сфера не се изменило ништо, заклучи германската амбасадорка. Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, пак, кажа дека Словачка е силен поддржувач на овој регион со низа иницијативи. Амбасадорот Маркуш порача дека не треба да се чека Македонија да ги надмине проблемите. Ние 20 години после Солун, оцени Маркуш, се уште зборуваме во која мера проширувањето е важно, а не зборуваме доволно како да се направи тоа. Ние се движиме низ непродуктивни ставови, многу тешко е тоа да се надмине.
-Во Македонија има нова претседателка, наскоро нова влада, мислам дека тие ја имаат шансата и ќе ја искористат оваа пригода да ја надминат оваа позиција и да направат да се постигне нешто. Секогаш ме изненадувало тоа како тоа нема никој којшто ќе го крене знамето и да ги собере овие пријатели на проширувањето на Западен Балкан и да ги спречат некои од настаните кои доведоа до оваа позиција, рече Маркуш, осврнувајќи се на патот на земјава кон ЕУ.
Тој го цитираше Кофи Анан, кој кажал дека времето е токму тоа, а изборот е јасен. - Да ја искористиме оваа пригода, оваа можност што ни се дава и да работиме заедно на обединета Европа, рече Маркуш.

The post Амбасадорката на Германија: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори appeared first on Република.

]]>
Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/ Tue, 12 Mar 2024 12:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=754016

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека Босна и Херцеговина ги исполнува условите да ги почне преговорите со ЕУ.

Со тоа се зголеми бројката на земји кои почнаа или ќе почнат преговори пред Македонија, а некои не беа ни држави кои ние добивме кандидатски статус.

Тоа е случајот со Црна Гора која сега е длабоко навлезена во преговорите а во 2005 година кога Македонија доби кандидатски статус беше во заедница со Србија.И Србија ги започна преговорите и има отворено неколку поглавја, но тие се блокирани поради прашањето со Косово.

https://republika.mk/vesti/balkan/bih-dobi-status-na-zemja-kandidat-zemjata-zapochnuva-pristapni-pregovori/

Босна и Херцеговина според сите извештаи важи за нефункционална држава и е практично протекторат на чело во висок претставник.

Земјата е длабоко поделена помеѓу Федерацијата и Република Српска.Првиот човек на Република Српска Милорад Додик постојано се заканува дека ќе организира референдум за самостојност поради кршењете на Дејтонскиот договор.

На минатиот самит на ЕУ преговори добија и Украина и Молдавија. Овие две поранешни советски републики излегоа во преден план со војната во Украина.Војната трае веќе две години, со последната офанзива Русија завзеде голем дел од територијата на истокот на земјата, a претходно и Крим.

ЕУ се нема изјаснето ако некогаш ја прими Украина во кои граници ќе биде тоа?

Слична е состојбата и со Молдавија.Оваа државичка не контролира 30 проценти од својата територија.Регионот Приднестровје е практично држава во држава со најголемата руска база надвор од Русија со околу 1500 војници.

https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/

Дали кога Молдавија ќе влезе во ЕУ ќе ја прими и руската база на својата територија?

Се разбира дека ниту Молдавија ниту Украина некогаш ќе станат членки на ЕУ, но ова треба да биде поука за Македонија дека кога ЕУ сака со некого да почне преговори тоа ќе го направи.

 

The post Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека Босна и Херцеговина ги исполнува условите да ги почне преговорите со ЕУ. Со тоа се зголеми бројката на земји кои почнаа или ќе почнат преговори пред Македонија, а некои не беа ни држави кои ние добивме кандидатски статус. Тоа е случајот со Црна Гора која сега е длабоко навлезена во преговорите а во 2005 година кога Македонија доби кандидатски статус беше во заедница со Србија.И Србија ги започна преговорите и има отворено неколку поглавја, но тие се блокирани поради прашањето со Косово. https://republika.mk/vesti/balkan/bih-dobi-status-na-zemja-kandidat-zemjata-zapochnuva-pristapni-pregovori/ Босна и Херцеговина според сите извештаи важи за нефункционална држава и е практично протекторат на чело во висок претставник. Земјата е длабоко поделена помеѓу Федерацијата и Република Српска.Првиот човек на Република Српска Милорад Додик постојано се заканува дека ќе организира референдум за самостојност поради кршењете на Дејтонскиот договор. На минатиот самит на ЕУ преговори добија и Украина и Молдавија. Овие две поранешни советски републики излегоа во преден план со војната во Украина.Војната трае веќе две години, со последната офанзива Русија завзеде голем дел од територијата на истокот на земјата, a претходно и Крим. ЕУ се нема изјаснето ако некогаш ја прими Украина во кои граници ќе биде тоа? Слична е состојбата и со Молдавија.Оваа државичка не контролира 30 проценти од својата територија.Регионот Приднестровје е практично држава во држава со најголемата руска база надвор од Русија со околу 1500 војници. https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/ Дали кога Молдавија ќе влезе во ЕУ ќе ја прими и руската база на својата територија? Се разбира дека ниту Молдавија ниту Украина некогаш ќе станат членки на ЕУ, но ова треба да биде поука за Македонија дека кога ЕУ сака со некого да почне преговори тоа ќе го направи.  

The post Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на крајот на мандатот сфати дека ЕУ нѐ лаже https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-krajot-na-mandatot-sfati-deka-eu-n-lazhe/ Fri, 22 Dec 2023 10:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=725593

Добро е кога човек ќе сфати па макар тоа било и предоцна.Претседателот Стево Пендаровски на крајот на мандатот народски кажано прогледа за тоа што ни го прави Европската унија, сега преку Бугарија а претходно со Грција.

Претседателе, Европската унија не сака Македонија да стане членка затоа што од нас немаат никаков интерес.Ниту сме богати, ниту се граничиме со Русија, ниту имаме море. Токму од овие причини, добро освен богатството ЕУ одлучи да ја прими Бугарија иако не ги исполнуваше условите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-progleda-eu-n-mami-no-sila-boga-ne-moli/

Ако нешто ЕУ сака по примерот на Унгарија се виде дека може па дури и да го прати Орбан на кафе додека и доделат преговори на Украина кои аполутно не значат ништо ниту пак некогаш оваа земја заедно со Молдавија ќе станат членки.

Впрочем како ќе станат членки, со Донбас, со Крим? Или пак Молдавија со 1200 руски војници на своја територија и со регионот Приднестровје кој само формално е во државата а во пракса е руски.

Затоа претседателе Пендаровски требаше сево ова да го знаете кога го договаравте Францускиот предлог кој практично е услов а не предлог со кој доколку не ги исполниме сите бугарски барања нема никогаш да станеме членки.

Патем и за овој Француски предлог рековте дека не знаете ништо за по неколку дена гордо да се пофалите дека лично сте го преговарале.

Затоа претседателе немојте да се чудите дека вашиот личен рејтинг е на ниво на статистичка грешка а довербата кон ЕУ е во постојан пад.

 

 

 

The post Пендаровски на крајот на мандатот сфати дека ЕУ нѐ лаже appeared first on Република.

]]>

Добро е кога човек ќе сфати па макар тоа било и предоцна.Претседателот Стево Пендаровски на крајот на мандатот народски кажано прогледа за тоа што ни го прави Европската унија, сега преку Бугарија а претходно со Грција. Претседателе, Европската унија не сака Македонија да стане членка затоа што од нас немаат никаков интерес.Ниту сме богати, ниту се граничиме со Русија, ниту имаме море. Токму од овие причини, добро освен богатството ЕУ одлучи да ја прими Бугарија иако не ги исполнуваше условите. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-progleda-eu-n-mami-no-sila-boga-ne-moli/ Ако нешто ЕУ сака по примерот на Унгарија се виде дека може па дури и да го прати Орбан на кафе додека и доделат преговори на Украина кои аполутно не значат ништо ниту пак некогаш оваа земја заедно со Молдавија ќе станат членки. Впрочем како ќе станат членки, со Донбас, со Крим? Или пак Молдавија со 1200 руски војници на своја територија и со регионот Приднестровје кој само формално е во државата а во пракса е руски. Затоа претседателе Пендаровски требаше сево ова да го знаете кога го договаравте Францускиот предлог кој практично е услов а не предлог со кој доколку не ги исполниме сите бугарски барања нема никогаш да станеме членки. Патем и за овој Француски предлог рековте дека не знаете ништо за по неколку дена гордо да се пофалите дека лично сте го преговарале. Затоа претседателе немојте да се чудите дека вашиот личен рејтинг е на ниво на статистичка грешка а довербата кон ЕУ е во постојан пад.      

The post Пендаровски на крајот на мандатот сфати дека ЕУ нѐ лаже appeared first on Република.

]]>
ЕУ само за Ковачевски ќе ги отвори сите поглавја од преговорите одеднаш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-samo-za-kovachevski-ke-gi-otvori-site-poglavja-od-pregovorite-odednash/ Tue, 19 Dec 2023 18:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=724585

Имаме замена на тези дали оваа реформа ќе била направена или не.Имаме заклучок кој што е еден параграф.Амадманите и отпочнува отворањето на поглавјата.Сите поглавја ќе беа отворени одеднаш.

Ова го кажа вчера премиерот Димитар Ковачевски за тоа што Македонија повторно не доби почеток на преговорите поради бугарското вето и уставните измени.

Една реченица остана незабележана од изјавата на премиерот а тоа е „Сите поглавја ќе беа отворени одеднаш“.

Премиерот или не знае или намерно манипулира за тоа како течат преговорите со членка. Ниту една земја не ги отвора сите поглавја однеднаш.

Таков случај досега не е забележан и Македонија би била исклучок. Преговорите со Европската унија до 2020 година и првото француцко  вето се водеа преку 32 поглавја и се почнуваше со најтешкото односно со т.н „фундаментал“ во кое спаѓаат судство, права, правда и безбедност.Ова поглавје прво се отвораше и последно се затвораше.

Во меѓувреме ЕУ дозволуваше да се отворат неколку поглавја но додека тие не се затворат не може да се отвораат нови. За сите поглавја да бидат отворени никогаш не станувало збор.

Во 2020 година на барање на претседателот на Франција Емануел Макрон  беше усвоена нова методологија со кој процесот е уште посложен.

Оваа методологија е реверзибилен процес и дека одредено поглавје би можело повторно да се отвори ако земјата кандидат има узадување во одредена област од шесте кластери.

Новиот пристап предвидува дека за секоја земја која преговара, ЕУ може во секој момент да го забави, па дури и да го суспендира процесот, доколку нема напредок во овие клучни области.

На кандидатите кои веќе прегововараат, како Србија и Црна Гора им се остави можност дали ќе преговараат на стариот начин или ќе преминат на новата методологија.

The post ЕУ само за Ковачевски ќе ги отвори сите поглавја од преговорите одеднаш appeared first on Република.

]]>

Имаме замена на тези дали оваа реформа ќе била направена или не.Имаме заклучок кој што е еден параграф.Амадманите и отпочнува отворањето на поглавјата.Сите поглавја ќе беа отворени одеднаш.
Ова го кажа вчера премиерот Димитар Ковачевски за тоа што Македонија повторно не доби почеток на преговорите поради бугарското вето и уставните измени. Една реченица остана незабележана од изјавата на премиерот а тоа е „Сите поглавја ќе беа отворени одеднаш“. Премиерот или не знае или намерно манипулира за тоа како течат преговорите со членка. Ниту една земја не ги отвора сите поглавја однеднаш. Таков случај досега не е забележан и Македонија би била исклучок. Преговорите со Европската унија до 2020 година и првото француцко  вето се водеа преку 32 поглавја и се почнуваше со најтешкото односно со т.н „фундаментал“ во кое спаѓаат судство, права, правда и безбедност.Ова поглавје прво се отвораше и последно се затвораше. Во меѓувреме ЕУ дозволуваше да се отворат неколку поглавја но додека тие не се затворат не може да се отвораат нови. За сите поглавја да бидат отворени никогаш не станувало збор. Во 2020 година на барање на претседателот на Франција Емануел Макрон  беше усвоена нова методологија со кој процесот е уште посложен. Оваа методологија е реверзибилен процес и дека одредено поглавје би можело повторно да се отвори ако земјата кандидат има узадување во одредена област од шесте кластери. Новиот пристап предвидува дека за секоја земја која преговара, ЕУ може во секој момент да го забави, па дури и да го суспендира процесот, доколку нема напредок во овие клучни области. На кандидатите кои веќе прегововараат, како Србија и Црна Гора им се остави можност дали ќе преговараат на стариот начин или ќе преминат на новата методологија.

The post ЕУ само за Ковачевски ќе ги отвори сите поглавја од преговорите одеднаш appeared first on Република.

]]>
Кратко траеше радоста на власта: ЕУ бара да не се шпекулира со датуми за прием https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kratko-traeshe-radosta-na-vlasta-eu-bara-da-ne-se-shpekulira-so-datumi-za-priem/ Tue, 29 Aug 2023 13:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=676989

Кратко траеше радоста на власта по изјавата на претседателот на Европкиот совет Шарл Мишел дека во 2030 година може да има проширување со нови членки.

Од Европската комисија велат дека не сакаат сака да ја коментира изјавата на претседателот на Советот.

Портпаролката на Европската комисија Дана Спинант денеска рече дека не знае дали Мишел се консултирал со ЕК за говорот. Сепак, таа кажа дека проширувањето е политички приоритет за комисијата, но не сака да шпекулира со датуми.

„Секогаш велиме дека проширувањето е процес заснован на постигнувања, што значи дека кандидатите треба да влезат во Европската унија кога ќе бидат подготвени“, рече таа.
Овој став на Комисијата е речиси ист како на претседателот на Франција Емануел Макрон дека ЕУ прво треба да се реформира па да прима нови членки и оти можеби треба да се размислува за Унија во повеќе брзини.

The post Кратко траеше радоста на власта: ЕУ бара да не се шпекулира со датуми за прием appeared first on Република.

]]>

Кратко траеше радоста на власта по изјавата на претседателот на Европкиот совет Шарл Мишел дека во 2030 година може да има проширување со нови членки. Од Европската комисија велат дека не сакаат сака да ја коментира изјавата на претседателот на Советот. Портпаролката на Европската комисија Дана Спинант денеска рече дека не знае дали Мишел се консултирал со ЕК за говорот. Сепак, таа кажа дека проширувањето е политички приоритет за комисијата, но не сака да шпекулира со датуми.
„Секогаш велиме дека проширувањето е процес заснован на постигнувања, што значи дека кандидатите треба да влезат во Европската унија кога ќе бидат подготвени“, рече таа.
Овој став на Комисијата е речиси ист како на претседателот на Франција Емануел Макрон дека ЕУ прво треба да се реформира па да прима нови членки и оти можеби треба да се размислува за Унија во повеќе брзини.

The post Кратко траеше радоста на власта: ЕУ бара да не се шпекулира со датуми за прием appeared first on Република.

]]>
ВМР0-ДПМНЕ бара Ковачевски да се извини на народот што го лажеше дека сме почнале преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmr0-dpmne-bara-kovachevski-da-se-izvini-na-narodot-shto-go-lazheshe-deka-sme-pochnale-pregovori-so-eu/ Thu, 09 Feb 2023 08:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=606778

Ковачевски да се извини на народот, што го лажеше дека сме почнале преговори со ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски лажеше дека преговорите се почнати, а всушност тој ги закочи преговорите и овозможи Македонија да биде блокирана.

Ковачевски и СДС ги лажеа граѓаните болни од цистична фиброза со години дека ќе го набават лек, кој за нив значи живот, и не го набавија. Резултатот е изгубени животи, кои можеле да бидат спасени.

Ковачевски лаже дека направиле илјадници километри патишта, а во реалноста е демантиран од дупките по патиштата и запоставените патни правци кои со години се на иста точка на изградба како Кичево – Охрид, Скопје – Блаце, делницата кај Петровец и многу други низ државата.

СДС ветуваше почист воздух, а добивме загадување како што има во најзагадените градови во светот.

Ковачевски кажа дека цените на прехранбените продукти како лебот, сувомесните производи и другите намирници ќе се намалат, а реалноста е дека не се намалуваат, напротив има и зголемување, секој ден цените растат.

Ковачевски и СДС не остварија ништо од тоа што ветија, затоа и нивните позиции се разнишани, а се држат на власт ден повеќе со уцени и притисоци. На лагите им доаѓа крајот, а потоа ќе има и одговорност за сите криминали, стои во партиската реакција.

The post ВМР0-ДПМНЕ бара Ковачевски да се извини на народот што го лажеше дека сме почнале преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Ковачевски да се извини на народот, што го лажеше дека сме почнале преговори со ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ковачевски лажеше дека преговорите се почнати, а всушност тој ги закочи преговорите и овозможи Македонија да биде блокирана. Ковачевски и СДС ги лажеа граѓаните болни од цистична фиброза со години дека ќе го набават лек, кој за нив значи живот, и не го набавија. Резултатот е изгубени животи, кои можеле да бидат спасени. Ковачевски лаже дека направиле илјадници километри патишта, а во реалноста е демантиран од дупките по патиштата и запоставените патни правци кои со години се на иста точка на изградба како Кичево – Охрид, Скопје – Блаце, делницата кај Петровец и многу други низ државата. СДС ветуваше почист воздух, а добивме загадување како што има во најзагадените градови во светот.
Ковачевски кажа дека цените на прехранбените продукти како лебот, сувомесните производи и другите намирници ќе се намалат, а реалноста е дека не се намалуваат, напротив има и зголемување, секој ден цените растат.
Ковачевски и СДС не остварија ништо од тоа што ветија, затоа и нивните позиции се разнишани, а се држат на власт ден повеќе со уцени и притисоци. На лагите им доаѓа крајот, а потоа ќе има и одговорност за сите криминали, стои во партиската реакција.

The post ВМР0-ДПМНЕ бара Ковачевски да се извини на народот што го лажеше дека сме почнале преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/leshoski-evropa-kon-bugarija-se-odnesuva-kako-majka-koja-go-prikriva-sinot-siledzija/ Wed, 20 Jul 2022 16:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=531520

Поетот Дарко Лешоски со послание до Европејците го кометира потпишувањето на погубниот Договор за пријателство со Бугарија, од кој произлегоа сите зла за Македонија.

Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи, пишува Лешоски.

„Послание до Европјаните“

Бев на три метра од потпишувањето на Договорот за пријателство со Република Бугарија. Го слушав шкрипењето од пенкалата по хартијата. Мислев дека е добро. И дека ќе му кажам на Вапцаров со гордост дека бев таму кога ќе дојде време да се видиме очи в очи. Ако сме планирани да се видиме на исти места отаде Вселена. Јас бев, сум и секогаш ќе сум убеден дека нема поголем Европјанин од Македонецот. Тоа ќе е така дури дишам. Никој на светов тоа чувство не може да ми го земе, а камо дека сум Македонец. Зошто знам од кај сум. Чив сум. И глобализацијата на светот од каде тргнала.

Ја знам истата верзија на таа историја, онака како што ја учите на Оксфорд и Сорбона. Мене „црната Атена“ која хара со векови низ Балканот и одмора во крвта на балканските националисти, крвта ми ја препознавала како лажна и без „пост-вистини“ од вашите најлиберални или најнационалистичките европски или балкански квази-политички или уште полошо квази-академски гнезда. Препознавањето на тие „валкани кујни“ мене ми е генетско, а не камо ли кризите на балканските либида. Тоа мене ми е природно. Јас бев убеден дека „бугарското“ и „балканското“ излегло од Бугарија. Jас се смеам на историското потекло на фразата „bugger off!“ ама и на оној вицот: „Што се добива кога ќе се искапе валкан Македонец?“ - Еми мрсна вода и чист Блгарин!

Сум се смеел и ќе се смеам дури сум жив зошто знам дека смеата ослободува, (а не работата, како што мислеле многумина во Европа некогаш, па и во Бугарија да бидеме искрени, па и во Југославија да бидеме уште поискрени и кај нас уште најискрени – фашисти имало секаде, АМА некаде повеќе, а некаде помалку, сегде!) Зошто сум знаел кој сум, а не ми ни паѓало на памет да му кажувам некому друг што е.

Сум се смеел зошто сум знаел и сметал дека Европа е добро. Дека Бугарите или останатите соседи пораснале и се Европјани колку нас. Или било кој од останатите нации на Европа. Испадна дека ние сме Французи за вас - Французите. Данци за вас. Ние работевме и работиме на унапредувањето на сечии права - освен на правото да бидеш Македонец, кој говори Македонски јазик. Испадна дека ние сме Швеѓани, за вас...

Млаки и млитави бирократи кои според Језекиила природно устата ги блуе и исфрла, телото не ја прима таа вистина.

Од каде тие фрустрации кон некој толку мал? Од каде желбата да се посматра насилството немо драга Европо, драги Европјани?

Навистина е импресивно ама испадна дека вие сте Македонци за нас... Со сите најдолни стереотипи кои се врзани за зборот „македонче“ (за мене еден од најодвратните зборови на светот). Црното за вас е како за нас Македонците - „сивкасто“ ако некој е твој.

Црно ако не е твој.

Бело ако е некој баш твој.

Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи.

Вие сте непресметливи драги и почитувани Европјани, Бугари како и да е. Ќе речеш што е тоа непресметлив? Па еве ова е: Вие Европјани или Бугари - исто му доаѓа. Тоа е непресметливост. Ама Грците не се Бугари, ќе речеш, ама ние па не може ич па да сме Бугари што ве толелиравме со транспренти на сред вашиот парламент „Македонија е Бугарија!“ – пошто не сме членки на ЕУ. Не сме во ЕУ, Бугарија е во ЕУ - дакле не сме Бугари. Дакле (што би рекле Бугарите) - не сме Бугари. Ете во кратки црти тоа е таа ваша непресметливост. Еден за сите - сите за нигде. Вие сте непресметливи.

Вие сте драги Европјани, мајка на млад силеџија која го брани со едиповски елан. И тоа беше и е срамно да се гледа. Нажалост, од утре за мене цела Европска Унија сте...Бугари. Бугарска Унија. Вие лечите и лечевте комплекси на нас. Вие се уште не сте ги надраснале памфлетите на Даниел Дефо. Ниту оние на Волтер, ниту на лорд Рочестер, ниту на Орвел...дури ни покојни. Историја како што велите.

Испадна дека ние сме господа. Ама баш господа за сите вас, членки.
Вие сте Бугарија. Итар Пејо. Ние сме Болен Дојчин - за греота. Историја која досадно и наново се повторува. Нека ви служи на чест, Европо… Мене ми беше тешко да ве гледам цел изминат период како се унижувате и поголтнувате, измислувате протоколи и други смешни патокази, ми беше тешко да ја гледам моќната Европа како се унижува да не понижи нас. Станавте помали од нас. Мали. Многу мали. Направивте од нашиот сон за Европа само еден ждриг, подриг од бирократ, прејаден ќебапи со чубрица. Вие станавте песаментеиро мои Европјани.

„Песаментаиро“ (Португалски јазик) и мислам дека е именка. Песаментеиро е непознат човек што се преправа дека е роднина на починатиот за да земе нешто од храната што се раздава за душа.

Вие се преправавте дека не познавате дури ние ја оплакуваме нашата несреќа и ни нудите сочувство. Се преправате се уште.

А имавте шанса да не заштитите. А и да не познавате. Ние веќе триесет години ве молиме да не запознаете. Вие одбравте да сте слаби. Ам баш слаби. Греој. Вашиот кукавичлок е речиси триесет години долг и на еднакво ниво од маж кој заведува жена која нема намера да ја сака. Немоќ скриена зад патријархална ароганција на право на вето и даден збор кој не смее да се погази колку и да е лага.

Ние сме Мадс Микелсен во „Jagten“ кога влегува во црквата со насолзени очи за вас, „чесните“ и „принципиелните“.

Одземање на силата. Вие сте старозаветен Бог што се понижи да го унижи Јова. Вие сте старата дама Историја. Вие сте Стар Завет. Очајно и немо посматрање и финансирање на својата пропаст како погледот од астронаутот од Кјубриковата Одисеја 2001. Најстрашната приказна откако постои Вселената.

Од утре ние сме со Бугарија очи в очи. И ќе се лажеме дека преговараме со Европјани, ќе се лажеме дека преговараме за некакви критериуми од „нормална природа“ – мито, корупција, владеење на право, добро здравство, енергетска ефикасност, а наместо тоа ќе се расправаме за дијалекти, за право на постоење и дистинкција, ќе се лажеме за факти апсолвирани од целата светска славистика, ќе се лажеме сами меѓу нас во Македонија, ќе се лажат сами тие во Бугарија, онака како мазгата што кажува со гордост дека коњот и е вујко, а крие дека магарето и е татко. Нашите народи се уморни од себелажење.

Јас не сум уморен да сум Македонец. Ниту Европјанин. Ама уморен сум кога ќе вриснам: „Мајко овој твој син ме тепа и ме гази“ - ти Европо да молчиш. И затоа мојата сушност се накрева и мене ми е тешко повеќе тебе Европо да те сметам за дом или за мајка. Ама немам избор. Ниту за себелажење немам избор. Од тебе сум. И знам дека ниеден твој народ или син ја нема нашата космичка сила да чувствуваме длабоко како океан и со "македонска понизност" што е сила, иако ни се сметала за слабост секогаш. Сила која ти ја немаш да ти простиме онака како што мајка си ти не можеш да ја бираш. Една Турција која ти долго не ја сакаш, го знае тоа и го научи за нас и таа ќе ми е секогаш повеќе мајка од тебе, макар со поглед да те стопли и да рече:

Не, не дели го детето на пола. Како мајката пред Соломона.“

А велиш, ти си ми мајка. Велиш јас тебе ко Македонец ти припаѓам.

Далеку сте вие од нас драга Европо. Можеби онолку века колку од важноста на Крстета Петков Мисирков или Конески за нас до неважноста на оној несреќник Ванчо Михајлов роден во Македонија, по негова желба син на Бугарија . Koj смее тоа негово право да му го одземе? Никој!
Далеку колку од визијата на Свети Кирила спроти зачмаеноста на папата дека дождот врне за сите и сите имаат право на свој јазик да го узнаат Бога.

Вие сте знаење и сила.

Ние само желба за видело, желба за подобра иднина.

Кога човек ќе го изгуби разумот велат тој станува само душа и го носат во лудница.

Кога ќе ја изгуби душата, а ќе го задржи разумот, чудовиште… фашиста.

Вие сте др. Фаустус од драмата на Дуковски кога вели: „Осеќаш ли како влага знање у тебе?“

Кој е што изгуби овде драги Европјани? Кој е луд?! М.М.Е кој прв почна!

Ние сме сиромашна, еколошки загадена, дигитално слабо писмена и можеби најстрашното - помалку од десет проценти од нас имаат доверба во правосудниот систем, дека црното е црно, а белото бело. Системот на вредности нам ни е многу еродиран. Ни треба нам вистинска помош. Суштинска и несебична. Не лажни сочувства се до повторното експлодирање на следниот балкански силеџија.

Но, ние на сите тие маки, треба уште јазикот кој го зборуваме и имињата на нашите прадедовци одамна згниени во гробовите да ги браниме наново и наново? Да имам јас право да кажам дека не зборувам на нечиј дијалект, ами на мојот јазик? Зарем не беше данскиот јазик литературен јазик на Норвешка цели три века? Ќе ја остави ли без членство во ЕУ, ќе ја уценува ли Данска, Норвешка утре? Смешно нели? Зарем навистина немате попаметна работа од тоа да штитите апсурди и насилства? Како ние да немаме попаметна работа? Како вие да немате попаметна работа... Земјата гори, луѓето умираат, зимата се заканува и намигнува како чума.

Да зборувам на мојот дијалект драги Европјани, на стар вевчански во мојот случај (кој полека ,но природно изумира) како што зборуваше баба ми, или пак „бошкачки“, како што зборуваше дедо ми некогаш со мене за да го знам и да не изгине („дијалект во дијалектот“ би било можеби најлесно да се објасни тој систем) ќе си помисли било која културна или историска комисија дека лаам, дека лаам како од некој јазичен изолат, мои драги Европјани, дека Баскијци сте имале овде, а не пак да треба да се правдам дека мојот јазик е дијалект на нечиј друг.

Ние немаме патишта мои несреќни Европјани, кај нас се вршат клинички експериментти по болници без да знаеме, а вие барате да се откажуваме од било какви историски, јазични или територијални претензии преку било какви договори? Кој е овде луд?!

Вие политичарите европски знаете и мислите дека зборовите се Сила. Сила која светови создава.Ние поетите или писателите знаеме дека тие се само замена и полнета слама, за онаму каде има двојни стандарди и Бог - нема. Темелите ваши. И како тие многу лесно се рушат.
Еве вака... Како сега.

Пред крајот, ние Македонците, а и останатите народи на Балканот знаеме пред сите вас драги Европјани дека „големите“ земји се како блокови во „Тетрис“, големата Македонија ја гледавме така, моќната Византија ја гледавме така, големата Османска империја, големата Бугарија, големата Србија, конечно - Југославија... кога со сила ти сакаш да станеш или останеш цела, а за едни си мајка, за други маќеа - ти исчезнуваш!

Мои драги Европјани, вашиот Кафка (кој во овие моменти на апсурд е повеќе мој отколку ваш, а и по емоционална и душевна интелегенција) има еден пасаж во неговите писма до Милена: „Јас тебе ти припаѓам, го прифатила ти тоа или не некогаш“.

Така и јас тебе. Како Македонец, на Македонија и на Европа (а не на само една твоја членка). Вие мене, јас вам.

Простете ми што не можам да се радувам мои драги Европјани... кога по некое улично куче со години ти фрлаш камења, ако се наведнеш да му дадеш леб тоа инстиктивно ќе се исплаши пак. Ќе избега. Колку и добро да му мислиш. Треба време - за да ти поверува пак.

Само имај на ум драга и учена Европо, колевко на знаењето и културата, дека ние Македонците сме подеднакво блиски и до Грците и Албанците како народи, а не само до Бугарите и дека епитафот од Казанѕакис ни е близок и нам: „Δεν ελπίζω τίποτα. Δε φοβάμαι τίποτα. Είμαι λέφτερος.“

А тој на македонски јазик гласи: „Не се надевам на ништо, не се плашам од ништо. Јас сум слободен.“)

И за крај, ако еден ден не пуштите да влеземе во ЕУ, да работиме заедно и да се дружиме и да се развиваме, разберете ја можноста од некоја банална и ступидна предлог- регулатива (можеби ќе биде само една плус на стотиците други кои ги имате) и опростете ни ја како хир или фрустрација, а таа би била: Нам Македонците да не закопуваат простум кога ќе починеме.

Простум! Само тоа.

За да се одмориме од клечење и молење да бидеме Македонци. Од клечење и молење, пред сите вас.

Барем, мртви. А и за историјата во иднина да биде појасна и полесна за идните генерации. Така барем ќе знаат дека не имало некогаш.

И знам дека ова можеби ви звучи смешно или патетично, ама верувајте нема ништо попатетично од тоа колку вие се понижувавте да ги заштитите нашите соседи и да им угодите. Ни доаѓа тешка зима. Во такви зими дури и ежовите знаат да се стутулат еден до еден доволно блиску да им се греат еден од друг телата, доволно далеку да не си ги истераат очите со своите боцки. Се надевам имате и вие ежови во Европа па сте виделе како јас дете од село. А таму не само што сум видел ежови, ами и ова ме научиле и го знам:

„Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.“

Бог да го благослови мојот народ и да ги чува твоите народи Европо, да не сетат никогаш ни дел од нашите понижувања!

Со почит,

Дарко Лешоски, Долна Маала, од село Вевчани, општина Вевчани, Република Вевчани во Република Македонија, на неколку километри од границата со Република Албанија. Европа. Планета Земја.

The post Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија appeared first on Република.

]]>

Поетот Дарко Лешоски со послание до Европејците го кометира потпишувањето на погубниот Договор за пријателство со Бугарија, од кој произлегоа сите зла за Македонија.
Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи, пишува Лешоски.
„Послание до Европјаните“ Бев на три метра од потпишувањето на Договорот за пријателство со Република Бугарија. Го слушав шкрипењето од пенкалата по хартијата. Мислев дека е добро. И дека ќе му кажам на Вапцаров со гордост дека бев таму кога ќе дојде време да се видиме очи в очи. Ако сме планирани да се видиме на исти места отаде Вселена. Јас бев, сум и секогаш ќе сум убеден дека нема поголем Европјанин од Македонецот. Тоа ќе е така дури дишам. Никој на светов тоа чувство не може да ми го земе, а камо дека сум Македонец. Зошто знам од кај сум. Чив сум. И глобализацијата на светот од каде тргнала. Ја знам истата верзија на таа историја, онака како што ја учите на Оксфорд и Сорбона. Мене „црната Атена“ која хара со векови низ Балканот и одмора во крвта на балканските националисти, крвта ми ја препознавала како лажна и без „пост-вистини“ од вашите најлиберални или најнационалистичките европски или балкански квази-политички или уште полошо квази-академски гнезда. Препознавањето на тие „валкани кујни“ мене ми е генетско, а не камо ли кризите на балканските либида. Тоа мене ми е природно. Јас бев убеден дека „бугарското“ и „балканското“ излегло од Бугарија. Jас се смеам на историското потекло на фразата „bugger off!“ ама и на оној вицот: „Што се добива кога ќе се искапе валкан Македонец?“ - Еми мрсна вода и чист Блгарин! Сум се смеел и ќе се смеам дури сум жив зошто знам дека смеата ослободува, (а не работата, како што мислеле многумина во Европа некогаш, па и во Бугарија да бидеме искрени, па и во Југославија да бидеме уште поискрени и кај нас уште најискрени – фашисти имало секаде, АМА некаде повеќе, а некаде помалку, сегде!) Зошто сум знаел кој сум, а не ми ни паѓало на памет да му кажувам некому друг што е. Сум се смеел зошто сум знаел и сметал дека Европа е добро. Дека Бугарите или останатите соседи пораснале и се Европјани колку нас. Или било кој од останатите нации на Европа. Испадна дека ние сме Французи за вас - Французите. Данци за вас. Ние работевме и работиме на унапредувањето на сечии права - освен на правото да бидеш Македонец, кој говори Македонски јазик. Испадна дека ние сме Швеѓани, за вас... Млаки и млитави бирократи кои според Језекиила природно устата ги блуе и исфрла, телото не ја прима таа вистина. Од каде тие фрустрации кон некој толку мал? Од каде желбата да се посматра насилството немо драга Европо, драги Европјани? Навистина е импресивно ама испадна дека вие сте Македонци за нас... Со сите најдолни стереотипи кои се врзани за зборот „македонче“ (за мене еден од најодвратните зборови на светот). Црното за вас е како за нас Македонците - „сивкасто“ ако некој е твој. Црно ако не е твој. Бело ако е некој баш твој. Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи. Вие сте непресметливи драги и почитувани Европјани, Бугари како и да е. Ќе речеш што е тоа непресметлив? Па еве ова е: Вие Европјани или Бугари - исто му доаѓа. Тоа е непресметливост. Ама Грците не се Бугари, ќе речеш, ама ние па не може ич па да сме Бугари што ве толелиравме со транспренти на сред вашиот парламент „Македонија е Бугарија!“ – пошто не сме членки на ЕУ. Не сме во ЕУ, Бугарија е во ЕУ - дакле не сме Бугари. Дакле (што би рекле Бугарите) - не сме Бугари. Ете во кратки црти тоа е таа ваша непресметливост. Еден за сите - сите за нигде. Вие сте непресметливи. Вие сте драги Европјани, мајка на млад силеџија која го брани со едиповски елан. И тоа беше и е срамно да се гледа. Нажалост, од утре за мене цела Европска Унија сте...Бугари. Бугарска Унија. Вие лечите и лечевте комплекси на нас. Вие се уште не сте ги надраснале памфлетите на Даниел Дефо. Ниту оние на Волтер, ниту на лорд Рочестер, ниту на Орвел...дури ни покојни. Историја како што велите. Испадна дека ние сме господа. Ама баш господа за сите вас, членки. Вие сте Бугарија. Итар Пејо. Ние сме Болен Дојчин - за греота. Историја која досадно и наново се повторува. Нека ви служи на чест, Европо… Мене ми беше тешко да ве гледам цел изминат период како се унижувате и поголтнувате, измислувате протоколи и други смешни патокази, ми беше тешко да ја гледам моќната Европа како се унижува да не понижи нас. Станавте помали од нас. Мали. Многу мали. Направивте од нашиот сон за Европа само еден ждриг, подриг од бирократ, прејаден ќебапи со чубрица. Вие станавте песаментеиро мои Европјани. „Песаментаиро“ (Португалски јазик) и мислам дека е именка. Песаментеиро е непознат човек што се преправа дека е роднина на починатиот за да земе нешто од храната што се раздава за душа. Вие се преправавте дека не познавате дури ние ја оплакуваме нашата несреќа и ни нудите сочувство. Се преправате се уште. А имавте шанса да не заштитите. А и да не познавате. Ние веќе триесет години ве молиме да не запознаете. Вие одбравте да сте слаби. Ам баш слаби. Греој. Вашиот кукавичлок е речиси триесет години долг и на еднакво ниво од маж кој заведува жена која нема намера да ја сака. Немоќ скриена зад патријархална ароганција на право на вето и даден збор кој не смее да се погази колку и да е лага. Ние сме Мадс Микелсен во „Jagten“ кога влегува во црквата со насолзени очи за вас, „чесните“ и „принципиелните“. Одземање на силата. Вие сте старозаветен Бог што се понижи да го унижи Јова. Вие сте старата дама Историја. Вие сте Стар Завет. Очајно и немо посматрање и финансирање на својата пропаст како погледот од астронаутот од Кјубриковата Одисеја 2001. Најстрашната приказна откако постои Вселената. Од утре ние сме со Бугарија очи в очи. И ќе се лажеме дека преговараме со Европјани, ќе се лажеме дека преговараме за некакви критериуми од „нормална природа“ – мито, корупција, владеење на право, добро здравство, енергетска ефикасност, а наместо тоа ќе се расправаме за дијалекти, за право на постоење и дистинкција, ќе се лажеме за факти апсолвирани од целата светска славистика, ќе се лажеме сами меѓу нас во Македонија, ќе се лажат сами тие во Бугарија, онака како мазгата што кажува со гордост дека коњот и е вујко, а крие дека магарето и е татко. Нашите народи се уморни од себелажење. Јас не сум уморен да сум Македонец. Ниту Европјанин. Ама уморен сум кога ќе вриснам: „Мајко овој твој син ме тепа и ме гази“ - ти Европо да молчиш. И затоа мојата сушност се накрева и мене ми е тешко повеќе тебе Европо да те сметам за дом или за мајка. Ама немам избор. Ниту за себелажење немам избор. Од тебе сум. И знам дека ниеден твој народ или син ја нема нашата космичка сила да чувствуваме длабоко како океан и со "македонска понизност" што е сила, иако ни се сметала за слабост секогаш. Сила која ти ја немаш да ти простиме онака како што мајка си ти не можеш да ја бираш. Една Турција која ти долго не ја сакаш, го знае тоа и го научи за нас и таа ќе ми е секогаш повеќе мајка од тебе, макар со поглед да те стопли и да рече: Не, не дели го детето на пола. Како мајката пред Соломона.“ А велиш, ти си ми мајка. Велиш јас тебе ко Македонец ти припаѓам. Далеку сте вие од нас драга Европо. Можеби онолку века колку од важноста на Крстета Петков Мисирков или Конески за нас до неважноста на оној несреќник Ванчо Михајлов роден во Македонија, по негова желба син на Бугарија . Koj смее тоа негово право да му го одземе? Никој! Далеку колку од визијата на Свети Кирила спроти зачмаеноста на папата дека дождот врне за сите и сите имаат право на свој јазик да го узнаат Бога. Вие сте знаење и сила. Ние само желба за видело, желба за подобра иднина. Кога човек ќе го изгуби разумот велат тој станува само душа и го носат во лудница. Кога ќе ја изгуби душата, а ќе го задржи разумот, чудовиште… фашиста. Вие сте др. Фаустус од драмата на Дуковски кога вели: „Осеќаш ли како влага знање у тебе?“ Кој е што изгуби овде драги Европјани? Кој е луд?! М.М.Е кој прв почна! Ние сме сиромашна, еколошки загадена, дигитално слабо писмена и можеби најстрашното - помалку од десет проценти од нас имаат доверба во правосудниот систем, дека црното е црно, а белото бело. Системот на вредности нам ни е многу еродиран. Ни треба нам вистинска помош. Суштинска и несебична. Не лажни сочувства се до повторното експлодирање на следниот балкански силеџија. Но, ние на сите тие маки, треба уште јазикот кој го зборуваме и имињата на нашите прадедовци одамна згниени во гробовите да ги браниме наново и наново? Да имам јас право да кажам дека не зборувам на нечиј дијалект, ами на мојот јазик? Зарем не беше данскиот јазик литературен јазик на Норвешка цели три века? Ќе ја остави ли без членство во ЕУ, ќе ја уценува ли Данска, Норвешка утре? Смешно нели? Зарем навистина немате попаметна работа од тоа да штитите апсурди и насилства? Како ние да немаме попаметна работа? Како вие да немате попаметна работа... Земјата гори, луѓето умираат, зимата се заканува и намигнува како чума. Да зборувам на мојот дијалект драги Европјани, на стар вевчански во мојот случај (кој полека ,но природно изумира) како што зборуваше баба ми, или пак „бошкачки“, како што зборуваше дедо ми некогаш со мене за да го знам и да не изгине („дијалект во дијалектот“ би било можеби најлесно да се објасни тој систем) ќе си помисли било која културна или историска комисија дека лаам, дека лаам како од некој јазичен изолат, мои драги Европјани, дека Баскијци сте имале овде, а не пак да треба да се правдам дека мојот јазик е дијалект на нечиј друг. Ние немаме патишта мои несреќни Европјани, кај нас се вршат клинички експериментти по болници без да знаеме, а вие барате да се откажуваме од било какви историски, јазични или територијални претензии преку било какви договори? Кој е овде луд?! Вие политичарите европски знаете и мислите дека зборовите се Сила. Сила која светови создава.Ние поетите или писателите знаеме дека тие се само замена и полнета слама, за онаму каде има двојни стандарди и Бог - нема. Темелите ваши. И како тие многу лесно се рушат. Еве вака... Како сега. Пред крајот, ние Македонците, а и останатите народи на Балканот знаеме пред сите вас драги Европјани дека „големите“ земји се како блокови во „Тетрис“, големата Македонија ја гледавме така, моќната Византија ја гледавме така, големата Османска империја, големата Бугарија, големата Србија, конечно - Југославија... кога со сила ти сакаш да станеш или останеш цела, а за едни си мајка, за други маќеа - ти исчезнуваш! Мои драги Европјани, вашиот Кафка (кој во овие моменти на апсурд е повеќе мој отколку ваш, а и по емоционална и душевна интелегенција) има еден пасаж во неговите писма до Милена: „Јас тебе ти припаѓам, го прифатила ти тоа или не некогаш“. Така и јас тебе. Како Македонец, на Македонија и на Европа (а не на само една твоја членка). Вие мене, јас вам. Простете ми што не можам да се радувам мои драги Европјани... кога по некое улично куче со години ти фрлаш камења, ако се наведнеш да му дадеш леб тоа инстиктивно ќе се исплаши пак. Ќе избега. Колку и добро да му мислиш. Треба време - за да ти поверува пак. Само имај на ум драга и учена Европо, колевко на знаењето и културата, дека ние Македонците сме подеднакво блиски и до Грците и Албанците како народи, а не само до Бугарите и дека епитафот од Казанѕакис ни е близок и нам: „Δεν ελπίζω τίποτα. Δε φοβάμαι τίποτα. Είμαι λέφτερος.“ А тој на македонски јазик гласи: „Не се надевам на ништо, не се плашам од ништо. Јас сум слободен.“) И за крај, ако еден ден не пуштите да влеземе во ЕУ, да работиме заедно и да се дружиме и да се развиваме, разберете ја можноста од некоја банална и ступидна предлог- регулатива (можеби ќе биде само една плус на стотиците други кои ги имате) и опростете ни ја како хир или фрустрација, а таа би била: Нам Македонците да не закопуваат простум кога ќе починеме. Простум! Само тоа. За да се одмориме од клечење и молење да бидеме Македонци. Од клечење и молење, пред сите вас. Барем, мртви. А и за историјата во иднина да биде појасна и полесна за идните генерации. Така барем ќе знаат дека не имало некогаш. И знам дека ова можеби ви звучи смешно или патетично, ама верувајте нема ништо попатетично од тоа колку вие се понижувавте да ги заштитите нашите соседи и да им угодите. Ни доаѓа тешка зима. Во такви зими дури и ежовите знаат да се стутулат еден до еден доволно блиску да им се греат еден од друг телата, доволно далеку да не си ги истераат очите со своите боцки. Се надевам имате и вие ежови во Европа па сте виделе како јас дете од село. А таму не само што сум видел ежови, ами и ова ме научиле и го знам: „Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.“ Бог да го благослови мојот народ и да ги чува твоите народи Европо, да не сетат никогаш ни дел од нашите понижувања! Со почит, Дарко Лешоски, Долна Маала, од село Вевчани, општина Вевчани, Република Вевчани во Република Македонија, на неколку километри од границата со Република Албанија. Европа. Планета Земја.

The post Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски нема да оди на владината забава: Не мислам дека е добро друштвото таму за коктел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nema-da-odi-na-vladinata-zabava-ne-mislam-deka-e-dobro-drushtvoto-tamu-za-koktel/ Wed, 20 Jul 2022 13:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=531464

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше рашан дали е поканет и дали ќе учествува на вечерашниот коктел, Мицкоски рече дека е поканет, но нема да присуствува, бидејќи како што рече, „не мисли дека е добро друштвото таму за коктел“.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја добие довербата од народот на следните избори, Мицкоски рече, дека ќе работат „сите грешки една по една да ги исправува“.

– Ветивме дека сето она што е досега направено, доколку ја добиеме довербата од народот, а јас очекувам според последните анкети ВМРО-ДПМНЕ самата да има мнозинство во Парламентот, овие грешки што се направени изминатите пет години да бидат исправени, а виновниците за сето тоа да одговараат, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски нема да оди на владината забава: Не мислам дека е добро друштвото таму за коктел appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше рашан дали е поканет и дали ќе учествува на вечерашниот коктел, Мицкоски рече дека е поканет, но нема да присуствува, бидејќи како што рече, „не мисли дека е добро друштвото таму за коктел“. Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја добие довербата од народот на следните избори, Мицкоски рече, дека ќе работат „сите грешки една по една да ги исправува“.
– Ветивме дека сето она што е досега направено, доколку ја добиеме довербата од народот, а јас очекувам според последните анкети ВМРО-ДПМНЕ самата да има мнозинство во Парламентот, овие грешки што се направени изминатите пет години да бидат исправени, а виновниците за сето тоа да одговараат, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски нема да оди на владината забава: Не мислам дека е добро друштвото таму за коктел appeared first on Република.

]]>
Ќе се пие ќе се јаде: Првиот „датум“ го прославија со концерти, вториот со коктел забава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-pie-kje-se-jade-prviot-datum-go-proslavija-so-koncerti-vtoriot-so-koktel-zabava/ Tue, 19 Jul 2022 11:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=531019

Премиерот Димитар Ковачевски утре во Клубот на пратениците ќе организира коктел по повод почетокот на преговорите со ЕУ. Иако Македонија не доби никаков датум туку услов да ги внесе Бугарите во Уставот, власта најде уште еден повод за славење.

Ова многу наликува на прославата која владата на Заев ја имаше во 2018 година кога за првпат „добивме“ датум и членство во НАТО. Тогаш ширум Македонија беа организирани концерти кои граѓаните ги чинеа 180.000 евра

The post Ќе се пие ќе се јаде: Првиот „датум“ го прославија со концерти, вториот со коктел забава appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски утре во Клубот на пратениците ќе организира коктел по повод почетокот на преговорите со ЕУ. Иако Македонија не доби никаков датум туку услов да ги внесе Бугарите во Уставот, власта најде уште еден повод за славење. Ова многу наликува на прославата која владата на Заев ја имаше во 2018 година кога за првпат „добивме“ датум и членство во НАТО. Тогаш ширум Македонија беа организирани концерти кои граѓаните ги чинеа 180.000 евра

The post Ќе се пие ќе се јаде: Првиот „датум“ го прославија со концерти, вториот со коктел забава appeared first on Република.

]]>
Kовачевски го честиташе почетокот на преговорите на Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-chestitashe-pochetokot-na-pregovorite-na-albanija/ Tue, 19 Jul 2022 07:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=530868

Огромно е задоволството што после 17 години чекање, денес конечно ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните, и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназад, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој денеска пред одржувањето на меѓувладината конференција во Брисел а по средбата со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка Петр Фиала, посочи оти верува дека овој нов почеток за регионот ќе значи просперитет и напредок.

-Во пресрет на Меѓувладината конференција со која ги отвораме преговорите за членство на Македонија во Европската Унија упатувам искрена благодарност до сите наши пријатели на Европска Унија, за нивната поддршка, вклученост и посветеност на европската интеграција на нашата држава. Нивната заложба беше клучна ние денеска тука во Брисел да го направиме првиот чекор кој ќе не одведе до полноправно членство во Унијата, рече премиерот.

Ковачевски напомена дека европскиот предлог кој е добиен преку широк консултативен процес го препознаа како најдобро можно решение кој, како што рече, од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а во исто време дава конечно почеток на преговорите.

Потенцираше дека во него е прецизиран македонскиот јазик без никакви дополнувања и дообјаснувања.

-Со тоа се отвора вратата нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на ЕУ, што лично го сметам за најголемо достигнување и нјважен успех. Макеодонскиот јазик на овој начин не само што ќе биде заштитен, туку и ќе доживее и неверојатна промоција, со тоа што многу земји и култури кои традиционално немаат допир со нашиот македонски јазик, ќе можат да се запознаат со него, додаде Ковачевски.

Нашиот идентитет, јазик, култура и обичаи, како што потенцираше премиерот, и понатаму ќе останат наши автентични македонски и во Европската Унија, а тоа појасни, ќе биде поголемо богатсво за Унијата и обединување во различностите.

-Македонија припаѓа во европското семејство. Нашето место е во ЕУ. Ние досега многу пати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија и за земјите членки, и така продолжуваме да работиме и да функционриаме во иднина, рече Ковачевски.

Премиерот исто така упати честитка и до граѓаните на Албанија и до неговиот колега Еди Рама за отпочнување на преговорите и за нивната земја.

Потенцираше оти очекува да имаме позитивен пример за најбрза интеграција на земјата во Европската Унија исто како што имавме најбрза интеграција на земјата во НАТО.

-Ние продолжуваме понатаму со истата динамика и регионална соработка. Впрочем, како што и досега одлично и целосно во интерес на нашите граѓани работиме посветено во рамки на нашите авентични иницијативи и процеси на соработка. Подготвени сме за Европската Унија, додаде Ковачевски

The post Kовачевски го честиташе почетокот на преговорите на Албанија appeared first on Република.

]]>

Огромно е задоволството што после 17 години чекање, денес конечно ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните, и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназад, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој денеска пред одржувањето на меѓувладината конференција во Брисел а по средбата со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка Петр Фиала, посочи оти верува дека овој нов почеток за регионот ќе значи просперитет и напредок.
-Во пресрет на Меѓувладината конференција со која ги отвораме преговорите за членство на Македонија во Европската Унија упатувам искрена благодарност до сите наши пријатели на Европска Унија, за нивната поддршка, вклученост и посветеност на европската интеграција на нашата држава. Нивната заложба беше клучна ние денеска тука во Брисел да го направиме првиот чекор кој ќе не одведе до полноправно членство во Унијата, рече премиерот.
Ковачевски напомена дека европскиот предлог кој е добиен преку широк консултативен процес го препознаа како најдобро можно решение кој, како што рече, од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а во исто време дава конечно почеток на преговорите. Потенцираше дека во него е прецизиран македонскиот јазик без никакви дополнувања и дообјаснувања. -Со тоа се отвора вратата нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на ЕУ, што лично го сметам за најголемо достигнување и нјважен успех. Макеодонскиот јазик на овој начин не само што ќе биде заштитен, туку и ќе доживее и неверојатна промоција, со тоа што многу земји и култури кои традиционално немаат допир со нашиот македонски јазик, ќе можат да се запознаат со него, додаде Ковачевски. Нашиот идентитет, јазик, култура и обичаи, како што потенцираше премиерот, и понатаму ќе останат наши автентични македонски и во Европската Унија, а тоа појасни, ќе биде поголемо богатсво за Унијата и обединување во различностите.
-Македонија припаѓа во европското семејство. Нашето место е во ЕУ. Ние досега многу пати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија и за земјите членки, и така продолжуваме да работиме и да функционриаме во иднина, рече Ковачевски.
Премиерот исто така упати честитка и до граѓаните на Албанија и до неговиот колега Еди Рама за отпочнување на преговорите и за нивната земја. Потенцираше оти очекува да имаме позитивен пример за најбрза интеграција на земјата во Европската Унија исто како што имавме најбрза интеграција на земјата во НАТО. -Ние продолжуваме понатаму со истата динамика и регионална соработка. Впрочем, како што и досега одлично и целосно во интерес на нашите граѓани работиме посветено во рамки на нашите авентични иницијативи и процеси на соработка. Подготвени сме за Европската Унија, додаде Ковачевски

The post Kовачевски го честиташе почетокот на преговорите на Албанија appeared first on Република.

]]>
Koвачевски денеска во Брисел ќе го поздрави почетокот на преговорите на Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-deneska-vo-brisel-kje-go-pozdravi-pochetokot-na-pregovorite-na-albanija/ Tue, 19 Jul 2022 05:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=530790

Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која во Советот на Европска Унија ќе го поздрави почетокот на преговорите на Албанија.

Албанија денеска официјално ќе ги почне преговорите додека Македонија ќе чека да ги стави Бугарите во Уставот.

Според агендата предвидено премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Албанската, 25-члена владина делегација, која ја предводи премиерот Еди Рама отпатува за Брисел за да учествува на утрешната прва меѓувладина конференција Албанија-ЕУ.

Покрај другите во делегацијата ќе бидат и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, главниот преговарач Зеф Мази, како и други претставници вклучени во овој процес.

Средбата ќе трае 90 минути, а по неа ќе има прес-конференција. Делегацијата на ЕУ ја предводи чешкиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, како и високиот претставник за надворешни работи Жосеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кои силно го поддржаа одржувањето на оваа конференција.

The post Koвачевски денеска во Брисел ќе го поздрави почетокот на преговорите на Албанија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која во Советот на Европска Унија ќе го поздрави почетокот на преговорите на Албанија. Албанија денеска официјално ќе ги почне преговорите додека Македонија ќе чека да ги стави Бугарите во Уставот. Според агендата предвидено премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. Албанската, 25-члена владина делегација, која ја предводи премиерот Еди Рама отпатува за Брисел за да учествува на утрешната прва меѓувладина конференција Албанија-ЕУ. Покрај другите во делегацијата ќе бидат и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, главниот преговарач Зеф Мази, како и други претставници вклучени во овој процес. Средбата ќе трае 90 минути, а по неа ќе има прес-конференција. Делегацијата на ЕУ ја предводи чешкиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, како и високиот претставник за надворешни работи Жосеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кои силно го поддржаа одржувањето на оваа конференција.

The post Koвачевски денеска во Брисел ќе го поздрави почетокот на преговорите на Албанија appeared first on Република.

]]>
EУ објави дека ќе почне преговори со Македонија, не кажа кога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-objavi-deka-kje-pochne-pregovori-so-makedonija-ne-kaza-koga/ Mon, 18 Jul 2022 21:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=530823

Чешкиот премиер Петр Фиала вечерва објави дека Советот на Европската унија одлучи да ги започне пристапните преговори со Македонија и со Албанија.

– Правиме важен чекор напред во приближувањето на Западен Балкан кон Европската унија. Ова е голем успех за нашето претседателство, напиша Фиала на „Твитер“.

 

Најави дека утре во Брисел ќе се сретне со лидерите на двете земји за да разговараат за следните фази на патот кон Унијата

The post EУ објави дека ќе почне преговори со Македонија, не кажа кога appeared first on Република.

]]>

Чешкиот премиер Петр Фиала вечерва објави дека Советот на Европската унија одлучи да ги започне пристапните преговори со Македонија и со Албанија. – Правиме важен чекор напред во приближувањето на Западен Балкан кон Европската унија. Ова е голем успех за нашето претседателство, напиша Фиала на „Твитер“.   Најави дека утре во Брисел ќе се сретне со лидерите на двете земји за да разговараат за следните фази на патот кон Унијата

The post EУ објави дека ќе почне преговори со Македонија, не кажа кога appeared first on Република.

]]>
Рама со голема делегација ќе го прославува датум за Албанија, во Брисел ќе биде и Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-so-golema-delegacija-kje-go-proslavuva-datum-za-albanija-vo-brisel-kje-bide-i-kovachevski/ Mon, 18 Jul 2022 17:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=530758

Албанската, 25-члена владина делегација, која ја предводи премиерот Еди Рама, ќе отпатува Брисел за да учествува на утрешната прва меѓувладина конференција Албанија-ЕУ.

Покрај другите во делегацијата ќе бидат и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, главниот преговарач Зеф Мази, како и други претставници вклучени во овој процес.

Средбата ќе трае 90 минути, а по неа ќе има прес-конференција. Делегацијата на ЕУ ја предводи чешкиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, како и високиот претставник за надворешни работи Жосеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кои силно го поддржаа одржувањето на оваа конференција.

Албанија доби статус на земја кандидат во јуни 2014 година, иако во март 2020 година Европскиот совет одлучи да ги отвори преговорите за нејзино членство, но мораше да чека уште две години, иако некои земји сакаа да ги видат Тирана и Скопје заедно кон Европската Унија

The post Рама со голема делегација ќе го прославува датум за Албанија, во Брисел ќе биде и Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Албанската, 25-члена владина делегација, која ја предводи премиерот Еди Рама, ќе отпатува Брисел за да учествува на утрешната прва меѓувладина конференција Албанија-ЕУ. Покрај другите во делегацијата ќе бидат и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, главниот преговарач Зеф Мази, како и други претставници вклучени во овој процес. Средбата ќе трае 90 минути, а по неа ќе има прес-конференција. Делегацијата на ЕУ ја предводи чешкиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, како и високиот претставник за надворешни работи Жосеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кои силно го поддржаа одржувањето на оваа конференција. Албанија доби статус на земја кандидат во јуни 2014 година, иако во март 2020 година Европскиот совет одлучи да ги отвори преговорите за нејзино членство, но мораше да чека уште две години, иако некои земји сакаа да ги видат Тирана и Скопје заедно кон Европската Унија

The post Рама со голема делегација ќе го прославува датум за Албанија, во Брисел ќе биде и Ковачевски appeared first on Република.

]]>
ФАЦ анализа: Добри вести за Албанија на патот кон ЕУ, но не и за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fac-analiza-dobri-vesti-za-albanija-na-patot-kon-eu-no-ne-i-za-makedonija/ Mon, 18 Jul 2022 14:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=530712

Македонија и Албанија можат да ги започнат преговорите за членство во ЕУ, но за Скопје тие преговори можат многу скоро да завршат со повторна блокада, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.

ФАЦ пишува дека по гласањето во македонскиот парламент за францускиот предлог пристигнале честитки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и германскиот канцелар Олаф Шолц, но се сомнева дека европскиот пат сега е отворен за земјата.
„Колку далеку ќе стигне Македонија на овој пат е нејасно, затоа што Бугарија поставува предуслови од кои дел се неостварливи. Притоа, во најголем дел се работи за историјата и идентитетот на словенските Македонци.“

ФАЦ ја цитира изјавата на Фон дер Лајен во македонскиот парламент, каде таа даваше гаранции дека „билатералните теми, како интерпретацијата на историјата, не се услов во преговорите“.
„Тоа е нејзината и позицијата на Европската комисија“, пишува весникот, „но прашање е дали така мисли и Бугарија“.

Прва пречка- Уставот 

Во тој контекст, првата пречка, според ФАЦ, е промената на Уставот за внесување на Бугарите во него.

„Прашањето на признавањето на бугарско малцинство во Македонија ќе беше споредливо лесно за решавање. Но владата на премиерот Ковачевски во моментов е многу оддалечена од двотретинско мнозинство за да може да организира промена на Уставот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го поддржи и за такво нешто постојат добри причини. Кој гарантира дека Бугарија, по промената на Уставот, нема да поставува нови барања? Не само националистите во Скопје го поставуваат тоа прашање“.

„За надминување на оваа недоверба во јавноста циркулира предлогот за ‘условена промена на Уставот'. Според него, парламентот во Скопје би можел да ја изгласа промената на Уставот за вметнување на бугарското малцинство, со клаузула дека промената ќе стапи во сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ, или барем во заедничкиот пазар“, наведува ФАЦ.

Добра вест... за Албанија 

Но, пишува понатаму германскиот весник, сосема е друга приказната кога станува збор за прашањата на историјата и идентитетот.

„Бугарското гледиште - а тоа се претставува како обврзувачки наратив - на кој треба да се придржуваат и јавните медиуми и сите државни органи во Македонија, не може да се спроведе и не одговара на слободата на академската настава."

„Меѓу Бугарија и Македонија уште пред неколку години беше формирана историска Комисија за 'решавање' на историските спорови. Но, Бугарија во тоа подразбира дека Скопје треба да го прифати бугарскиот поглед на 'заедничката историја'. Од Скопје има предлози да се именуваат и странски историчари во комисијата. Сепак, според извештаите, Бугарија отфрла интернационализација на комисијата."

„Добри вести“, ФАЦ гледа само во случајот на Албанија која ја опишува како досегашна „колатерална штета“ на македонско-бугарскиот историски спор, и го цитира албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека со почетокот на преговорите на неговата земја „завршува апсурдното заложништво“.

„Но за желбата на неговата земја за членство во ЕУ, тоа не мора многу да значи. Црна Гора преговара веќе една деценија, без притоа воопшто да се приближи до некаков датум за членство“, заклучува ФАЦ.

The post ФАЦ анализа: Добри вести за Албанија на патот кон ЕУ, но не и за Македонија appeared first on Република.

]]>

Македонија и Албанија можат да ги започнат преговорите за членство во ЕУ, но за Скопје тие преговори можат многу скоро да завршат со повторна блокада, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг. ФАЦ пишува дека по гласањето во македонскиот парламент за францускиот предлог пристигнале честитки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и германскиот канцелар Олаф Шолц, но се сомнева дека европскиот пат сега е отворен за земјата. „Колку далеку ќе стигне Македонија на овој пат е нејасно, затоа што Бугарија поставува предуслови од кои дел се неостварливи. Притоа, во најголем дел се работи за историјата и идентитетот на словенските Македонци.“ ФАЦ ја цитира изјавата на Фон дер Лајен во македонскиот парламент, каде таа даваше гаранции дека „билатералните теми, како интерпретацијата на историјата, не се услов во преговорите“. „Тоа е нејзината и позицијата на Европската комисија“, пишува весникот, „но прашање е дали така мисли и Бугарија“. Прва пречка- Уставот  Во тој контекст, првата пречка, според ФАЦ, е промената на Уставот за внесување на Бугарите во него. „Прашањето на признавањето на бугарско малцинство во Македонија ќе беше споредливо лесно за решавање. Но владата на премиерот Ковачевски во моментов е многу оддалечена од двотретинско мнозинство за да може да организира промена на Уставот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го поддржи и за такво нешто постојат добри причини. Кој гарантира дека Бугарија, по промената на Уставот, нема да поставува нови барања? Не само националистите во Скопје го поставуваат тоа прашање“. „За надминување на оваа недоверба во јавноста циркулира предлогот за ‘условена промена на Уставот'. Според него, парламентот во Скопје би можел да ја изгласа промената на Уставот за вметнување на бугарското малцинство, со клаузула дека промената ќе стапи во сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ, или барем во заедничкиот пазар“, наведува ФАЦ. Добра вест... за Албанија  Но, пишува понатаму германскиот весник, сосема е друга приказната кога станува збор за прашањата на историјата и идентитетот. „Бугарското гледиште - а тоа се претставува како обврзувачки наратив - на кој треба да се придржуваат и јавните медиуми и сите државни органи во Македонија, не може да се спроведе и не одговара на слободата на академската настава." „Меѓу Бугарија и Македонија уште пред неколку години беше формирана историска Комисија за 'решавање' на историските спорови. Но, Бугарија во тоа подразбира дека Скопје треба да го прифати бугарскиот поглед на 'заедничката историја'. Од Скопје има предлози да се именуваат и странски историчари во комисијата. Сепак, според извештаите, Бугарија отфрла интернационализација на комисијата." „Добри вести“, ФАЦ гледа само во случајот на Албанија која ја опишува како досегашна „колатерална штета“ на македонско-бугарскиот историски спор, и го цитира албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека со почетокот на преговорите на неговата земја „завршува апсурдното заложништво“. „Но за желбата на неговата земја за членство во ЕУ, тоа не мора многу да значи. Црна Гора преговара веќе една деценија, без притоа воопшто да се приближи до некаков датум за членство“, заклучува ФАЦ.

The post ФАЦ анализа: Добри вести за Албанија на патот кон ЕУ, но не и за Македонија appeared first on Република.

]]>
ДУИ: Утре почнуваат преговорите за членство во Европската Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-utre-pochnuvaat-pregovorite-za-chlenstvo-vo-evropskata-unija/ Mon, 18 Jul 2022 09:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=530567

Демократската унија за интеграција го поздравува почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.

Утре, вторник, 19 јули 2022 година, во Брисел, Македонија и Европската Унија ќе ја одржат првата меѓувладина конференција што го означува започнувањето на пристапните преговори по долгогодишно чекање за земјата и нашите граѓани.

Исто така, утре ќе започне процесот на скрининг од страна на Европската Унија на сите наши институции, процес кој уште повеќе ќе не доближи до европските стандарди.

ДУИ смета дека Собранието и Владата на Република Македонија постапија правилно, храбро и мудро во однос на предлогот на Советот на ЕУ, со што започнуваат преговорите, како и се зачувуваат идентитетот, јазикот и културата на Македонците.

Деструктивните сили во служба на странските агенди продолжуваат да сеат политики на страв кај граѓаните преку создавање на нереални ситуации за создавање политички, етнички и безбедносни тензии со единствена цел постигнување на партиски придобивки, но граѓаните се оградија од овие изолирачки и деструктивни сценарија со неучеството на протестите против ЕУ.

Времето ќе докаже кој е во право и кој ја злоупотребува иднината на државата за партиски кампањи и во служба на странски агенди.

The post ДУИ: Утре почнуваат преговорите за членство во Европската Унија appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција го поздравува почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија. Утре, вторник, 19 јули 2022 година, во Брисел, Македонија и Европската Унија ќе ја одржат првата меѓувладина конференција што го означува започнувањето на пристапните преговори по долгогодишно чекање за земјата и нашите граѓани. Исто така, утре ќе започне процесот на скрининг од страна на Европската Унија на сите наши институции, процес кој уште повеќе ќе не доближи до европските стандарди. ДУИ смета дека Собранието и Владата на Република Македонија постапија правилно, храбро и мудро во однос на предлогот на Советот на ЕУ, со што започнуваат преговорите, како и се зачувуваат идентитетот, јазикот и културата на Македонците. Деструктивните сили во служба на странските агенди продолжуваат да сеат политики на страв кај граѓаните преку создавање на нереални ситуации за создавање политички, етнички и безбедносни тензии со единствена цел постигнување на партиски придобивки, но граѓаните се оградија од овие изолирачки и деструктивни сценарија со неучеството на протестите против ЕУ. Времето ќе докаже кој е во право и кој ја злоупотребува иднината на државата за партиски кампањи и во служба на странски агенди.

The post ДУИ: Утре почнуваат преговорите за членство во Европската Унија appeared first on Република.

]]>
Ако владата го прифати договорот, Македонија НЕ почнува преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-vladata-go-prifati-dogovorot-makedonija-ne-pochnuva-pregovori/ Tue, 05 Jul 2022 09:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=524118

Ако владата го прифати договорот, Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на сликање, предупреди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во „Заспиј ако можеш“.

Доколку не се случи промена на уставот сите работи напишани во договорот НЕ ВАЖАТ!
ЈАС ГАРАНТИРАМ И ДАВАМ ЗБОР ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ПОДДРЖИ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ, повтори тој.

The post Ако владата го прифати договорот, Македонија НЕ почнува преговори appeared first on Република.

]]>

Ако владата го прифати договорот, Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на сликање, предупреди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во „Заспиј ако можеш“.
Доколку не се случи промена на уставот сите работи напишани во договорот НЕ ВАЖАТ! ЈАС ГАРАНТИРАМ И ДАВАМ ЗБОР ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ПОДДРЖИ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ, повтори тој.

The post Ако владата го прифати договорот, Македонија НЕ почнува преговори appeared first on Република.

]]>
Рама за преговорите со ЕУ: Правиме свадби со музика, но “невестата од Брисел“ никако да дојде https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-za-pregovorite-so-eu-pravime-svadbi-so-muzika-no-nevestata-od-brisel-nikako-da-dojde/ Mon, 04 Jul 2022 06:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=523344

Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie) зборувал и за ”преговорите со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Македонија”.

И овој пат, тој со неговиот познат вокабулар, на прашањето ” што се случува меѓу Албанија и ЕУ”, вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но оти таа никогаш не дошла.

Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две, не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува, рекол Рама според Ора њуз.

Тој уште со став дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава ” нема да добиеме несоница поради тоа”.

-Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми зборуваат за пиштол овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние, посочил тој.

Според Рама, ЕУ има Европска комисија која ” се плаќа од фондовите на ЕУ, најголемата бирократска машинерија во целиот свет” која ја надгледува 24 часа секоја земја, а потоа изготвува извештаи за земјите кандидати за да ги презентира на земјите членки и подоцна да каже што треба да биде направено.

Не е Бугарија во прашање, туку ЕУ начинот како функционира, кој е застарен и кој треба да се смени. Една земја која држи во заложништво две други земји е грешка, изјавил Рама.

The post Рама за преговорите со ЕУ: Правиме свадби со музика, но “невестата од Брисел“ никако да дојде appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie) зборувал и за ”преговорите со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Македонија”. И овој пат, тој со неговиот познат вокабулар, на прашањето ” што се случува меѓу Албанија и ЕУ”, вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но оти таа никогаш не дошла.
Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две, не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува, рекол Рама според Ора њуз.
Тој уште со став дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава ” нема да добиеме несоница поради тоа”.
-Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми зборуваат за пиштол овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние, посочил тој.
Според Рама, ЕУ има Европска комисија која ” се плаќа од фондовите на ЕУ, најголемата бирократска машинерија во целиот свет” која ја надгледува 24 часа секоја земја, а потоа изготвува извештаи за земјите кандидати за да ги презентира на земјите членки и подоцна да каже што треба да биде направено.
Не е Бугарија во прашање, туку ЕУ начинот како функционира, кој е застарен и кој треба да се смени. Една земја која држи во заложништво две други земји е грешка, изјавил Рама.

The post Рама за преговорите со ЕУ: Правиме свадби со музика, но “невестата од Брисел“ никако да дојде appeared first on Република.

]]>
Димитров: Пендаровски греши во клучен момент, Бугарија и досега и со и без предлогот може да нè блокира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-pendarovski-greshi-vo-kluchen-moment-bugarija-i-dosega-i-so-i-bez-predlogot-moze-da-ne-blokira/ Sun, 03 Jul 2022 15:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=523150

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил посочи дека претседателот Стево Пендаровски греши во клучен момент.

Според него, Бугарија и досега и со и без предлогот ќе можела да не’ блокира.

Во продолжение целиот статус:

Едвард Џозев: “Ќе ви ја кажам разликата. Ова е многу важно прашање и ќе бидам многу јасен во одговорот. Кога Бугарија сега блокира, вака, тие се изолирани. Изолирана е. Во ЕУ. Можат да продолжат да блокираат, ама се изолирани.

Со францускиот предлог – тие веќе не се изолирани, Албанија е слободна да си оди напред, а Македонија е таа што е изолирана и Бугарија ќе си продолжи да блокира. Што е подобро за вас? Да ве блокираат изолирани или неизолирани? Одговорот е многу јасен.”

Немам што да додадам на одговорот на Едвард.

Бугарија преку Собранието и болдирано: “… ништо во пристапниот процес на Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” (во наводници) од страна на Бугарија.”

Во воведната изјава на ЕУ, значи на ЕУ како европска позиција ќе стои ОВА: “Во однос на преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ги забележи унилатералните декларации на Бугарија и на Македонија за македонскиот јазик.”

Е сега, дали овие реченици можеби ги разбирате како откажување од негирањето на македонскиот јазик?

Па Бугарија и СЕГА го негира постоењето на македонскиот јазик и ни го пишува во наводници. Па токму согласно тезата на Пендаровски, треба и сега да ги прекинеме преговорите, односно воопшто да не ги почнуваме под овие длабоко антиевропски услови.

▪︎ Предлогот е нов бидејќи така кажал Макрон

Ова беше клучниот аргумент зошто и тој го смета предлогот за нов. Оти така кажал Макрон (кој не кажа баш така). Подобро би било чесно да се анализираат корекциите во текстот, бидејќи веќе ги имаме.

Имено, се работи за две “разлики” во текстот: 1) иако првата политичка меѓувладина конференција ќе почне да ги отвара преговорите (претходно не беше така) фазата на отворање ќе заврши по внесувањето на Бугарите во Уставот (како и претходно); 2) зборовите “билатерални протоколи” по член 12 сега се “годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација” по член 12 (една иста работа сега има поинаков назив, бидејќи токму протоколите од член 12 содржат годишни извештаи и мерки).

-▪︎Најголемата мана на предлогот е што ќе дојдеме до нова блокада но сега домашна, бидејќи нема 2/3 мнозинство за промена на Уставот

Дали можеби ќе беше помудро да обезбедиме услови за 2/3 мнозинство, ако веќе преземаме таква обврска, преку вклучување на опозицијата и обид да се обезбедат условите за нивна поддршка?

Можеби тоа ќе беше барање Софија да го повлече негирањето на македонскиот јазик, односно да го прифати мнозинскиот македонски народ ако веќе бара измени на Преамбулата и влегување во сила на амандманот на крајот на процесот.

Вака свесно правиме непоправливи концесии, знаејќи дека ќе запреме веднаш на следниот чекор.

▪︎Нема обврска за историските прашања и тие не влијаат на пристапниот процес.

Од предлог рамката, точки 55 и 56 ЦРНО НА БЕЛО:

“ЕК редовно ќе го информира Советот за напредокот на Македонија во сите области во текот на преговорите, а посебно при презентирање на нацрт заедничките позиции на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во параграфот 5 (ќе погодите, овој параграф ги содржи двата договара и другиот назив на билатералните протоколи) и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивна имплементација.

Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучувањето за следните чекори во преговорите за односните поглавја или кластери.“

Што значи сето ова? Софија е незадоволна од работата на комисијата на историчарите. Затоа и бара протоколи. Бидејќи сега работата на комисијата (и многу други барања на Бугарија, споменици и слично) е директно поврзана со напредокот во преговорите, дали и како ќе се движиме кон ЕУ апсолутно ќе зависи од прашањето дали Софија е задоволна од работата на историчарите.

Може ли да се договориме на минимум пристојност во оваа јавна дебата и демек консултации да не манипулираме барем за пишани работи?

▪︎ Подобро да не’ оценува Европската комисија и сите земји членки, одколку само Бугарија.

Бугарија не си ги прикрива намерите. Како дополнителна точка кога го усвои предлогот, бугарското Собрание порача: “Да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум преку целиот пристапен процес на Македонија и за нивната имплементација ќе известува Европската комисија (прво) до Советот (читај до земјите членки и пред се’ Бугарија) пред секоја меѓувладина конференција (каде седиме и ние).

Со други зборови, Бугарија нема никаква намера да го разлабави менгемето. Напротив. Сака да го види извештајот прво таа. А која земја членка ќе се интересира повеќе од Бугарија што се случува во комисијата на историчарите, Ирска?

Да се тврди дека надградувањето на бугарските барања во европски некако ни одговара е наивно и крајно неодговорно. Инаку, надлежниот еврокомесар за извештаите е Оливер Вархеји.

И конечно:

▪︎ Добрососедските односи отсекогаш биле дел од Копенхашките критериуми.

Ова е елементарно незнаење. Добрососедските односи се дел од друг процес, Процесот за стабилизација и асоцијација. Токму затоа, во португалскиот предлог овие прашања беа ставени во тој процес, а не во пристапниот и меѓувладините конференции“, пишува Димитров.

The post Димитров: Пендаровски греши во клучен момент, Бугарија и досега и со и без предлогот може да нè блокира appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил посочи дека претседателот Стево Пендаровски греши во клучен момент. Според него, Бугарија и досега и со и без предлогот ќе можела да не’ блокира.
Во продолжение целиот статус:
Едвард Џозев: “Ќе ви ја кажам разликата. Ова е многу важно прашање и ќе бидам многу јасен во одговорот. Кога Бугарија сега блокира, вака, тие се изолирани. Изолирана е. Во ЕУ. Можат да продолжат да блокираат, ама се изолирани. Со францускиот предлог – тие веќе не се изолирани, Албанија е слободна да си оди напред, а Македонија е таа што е изолирана и Бугарија ќе си продолжи да блокира. Што е подобро за вас? Да ве блокираат изолирани или неизолирани? Одговорот е многу јасен.” Немам што да додадам на одговорот на Едвард.
Бугарија преку Собранието и болдирано: “… ништо во пристапниот процес на Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” (во наводници) од страна на Бугарија.” Во воведната изјава на ЕУ, значи на ЕУ како европска позиција ќе стои ОВА: “Во однос на преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ги забележи унилатералните декларации на Бугарија и на Македонија за македонскиот јазик.” Е сега, дали овие реченици можеби ги разбирате како откажување од негирањето на македонскиот јазик? Па Бугарија и СЕГА го негира постоењето на македонскиот јазик и ни го пишува во наводници. Па токму согласно тезата на Пендаровски, треба и сега да ги прекинеме преговорите, односно воопшто да не ги почнуваме под овие длабоко антиевропски услови. ▪︎ Предлогот е нов бидејќи така кажал Макрон Ова беше клучниот аргумент зошто и тој го смета предлогот за нов. Оти така кажал Макрон (кој не кажа баш така). Подобро би било чесно да се анализираат корекциите во текстот, бидејќи веќе ги имаме. Имено, се работи за две “разлики” во текстот: 1) иако првата политичка меѓувладина конференција ќе почне да ги отвара преговорите (претходно не беше така) фазата на отворање ќе заврши по внесувањето на Бугарите во Уставот (како и претходно); 2) зборовите “билатерални протоколи” по член 12 сега се “годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација” по член 12 (една иста работа сега има поинаков назив, бидејќи токму протоколите од член 12 содржат годишни извештаи и мерки). -▪︎Најголемата мана на предлогот е што ќе дојдеме до нова блокада но сега домашна, бидејќи нема 2/3 мнозинство за промена на Уставот Дали можеби ќе беше помудро да обезбедиме услови за 2/3 мнозинство, ако веќе преземаме таква обврска, преку вклучување на опозицијата и обид да се обезбедат условите за нивна поддршка? Можеби тоа ќе беше барање Софија да го повлече негирањето на македонскиот јазик, односно да го прифати мнозинскиот македонски народ ако веќе бара измени на Преамбулата и влегување во сила на амандманот на крајот на процесот. Вака свесно правиме непоправливи концесии, знаејќи дека ќе запреме веднаш на следниот чекор. ▪︎Нема обврска за историските прашања и тие не влијаат на пристапниот процес. Од предлог рамката, точки 55 и 56 ЦРНО НА БЕЛО: “ЕК редовно ќе го информира Советот за напредокот на Македонија во сите области во текот на преговорите, а посебно при презентирање на нацрт заедничките позиции на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во параграфот 5 (ќе погодите, овој параграф ги содржи двата договара и другиот назив на билатералните протоколи) и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивна имплементација. Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучувањето за следните чекори во преговорите за односните поглавја или кластери.“ Што значи сето ова? Софија е незадоволна од работата на комисијата на историчарите. Затоа и бара протоколи. Бидејќи сега работата на комисијата (и многу други барања на Бугарија, споменици и слично) е директно поврзана со напредокот во преговорите, дали и како ќе се движиме кон ЕУ апсолутно ќе зависи од прашањето дали Софија е задоволна од работата на историчарите. Може ли да се договориме на минимум пристојност во оваа јавна дебата и демек консултации да не манипулираме барем за пишани работи? ▪︎ Подобро да не’ оценува Европската комисија и сите земји членки, одколку само Бугарија. Бугарија не си ги прикрива намерите. Како дополнителна точка кога го усвои предлогот, бугарското Собрание порача: “Да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум преку целиот пристапен процес на Македонија и за нивната имплементација ќе известува Европската комисија (прво) до Советот (читај до земјите членки и пред се’ Бугарија) пред секоја меѓувладина конференција (каде седиме и ние). Со други зборови, Бугарија нема никаква намера да го разлабави менгемето. Напротив. Сака да го види извештајот прво таа. А која земја членка ќе се интересира повеќе од Бугарија што се случува во комисијата на историчарите, Ирска? Да се тврди дека надградувањето на бугарските барања во европски некако ни одговара е наивно и крајно неодговорно. Инаку, надлежниот еврокомесар за извештаите е Оливер Вархеји. И конечно: ▪︎ Добрососедските односи отсекогаш биле дел од Копенхашките критериуми. Ова е елементарно незнаење. Добрососедските односи се дел од друг процес, Процесот за стабилизација и асоцијација. Токму затоа, во португалскиот предлог овие прашања беа ставени во тој процес, а не во пристапниот и меѓувладините конференции“, пишува Димитров.

The post Димитров: Пендаровски греши во клучен момент, Бугарија и досега и со и без предлогот може да нè блокира appeared first on Република.

]]>