датум за избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/datum-za-izbori/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 12:40:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png датум за избори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/datum-za-izbori/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ очекува на лидерската средба да се прецизира датумот за избори и за укинување на техничката влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ochekuva-na-liderskata-sredba-da-se-pretsizira-datumot-za-izbori-i-za-ukinuvane-na-tehnichkata-vlada/ Thu, 30 Nov 2023 12:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=718011

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговори на новинарско прашање во однос на тоа дали е добиена официјална покана за лидерска средба во понеделник и дали лидерот Мицкоски ќе присуствува и дали ќе инсистира на укинување на техничката влада истакна дека лидерска средба е прифатлива за во понеделник, на која ВМРО-ДПМНЕ очекува да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-zakazhuva-liderska-vmro-dpmne-gi-informira-preku-mediumi/

„Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник која што е поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која ние очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датумот за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има часови со студентите на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор“, нагласи Митева.

The post ВМРО-ДПМНЕ очекува на лидерската средба да се прецизира датумот за избори и за укинување на техничката влада appeared first on Република.

]]>

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговори на новинарско прашање во однос на тоа дали е добиена официјална покана за лидерска средба во понеделник и дали лидерот Мицкоски ќе присуствува и дали ќе инсистира на укинување на техничката влада истакна дека лидерска средба е прифатлива за во понеделник, на која ВМРО-ДПМНЕ очекува да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-zakazhuva-liderska-vmro-dpmne-gi-informira-preku-mediumi/
„Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник која што е поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која ние очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датумот за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има часови со студентите на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор“, нагласи Митева.

The post ВМРО-ДПМНЕ очекува на лидерската средба да се прецизира датумот за избори и за укинување на техничката влада appeared first on Република.

]]>
Османи: Ако ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени ќе оставиме да одлучат кога ќе бидат изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ako-vmro-dpmne-gi-izglasa-ustavnite-izmeni-ke-ostavime-da-odluchat-koga-ke-bidat-izborite/ Wed, 25 Oct 2023 07:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=694707

Aко опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени ќе добие можност да одлучи за датумот на изборите, изјави шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ Бујар Османи.

Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите кога и да сакаат, денеска, утре, задутре, веднаш после изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна, рече Османи на новинарско прашање за коментар за предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски парламентарни и претседателските избори да се одржат меѓу двата празника по обраќањето на годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Македонија со ОБСЕ во Скопје.

Доколку не се изгласаат уставните измени и ВМРО-ДПМНЕ опстои на својот став, тогаш, посочува Османи, остануваат редовните термини, а дали изборите ќе бидат одвоени или ќе се одржат заедно

Во тој случај мислам дека редовните термини треба да бидат земени предвид, и веќе останува прашање на технички и логистички пресметки по однос на одржување на изборите отколку политички проценки. Политичка проценка е оваа понуда. Нека ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат за денот на избори, кога и да сакаат и за претседателските и за парламентарните. Доколку не, одиме на редовни избори, дали ќе бидат заедно дали ќе бидат одвоено, е веќе прашање на логистика, техника и повеќе проценки на политичките партии да најдеме одреден консензус, вели Османи.

Тој не ги коментира критиките од коалицискиот партнер во Владата Алијасна за Албанците и повикот до ДУИ дека треба да си замине во опозиција. Важно е посочува, дека имаме добри меѓучовечки релации, добра соработка, професионална како министри и како коалициони партнери во рамки на Владата.

The post Османи: Ако ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени ќе оставиме да одлучат кога ќе бидат изборите appeared first on Република.

Мицкоски како можен датум за избори го посочи 8 мај среда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kako-mozhen-datum-za-izbori-go-posochi-8-maj-sreda/ Tue, 17 Oct 2023 12:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=692157

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посетата во Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање за можен датум за одржување на избори  посочи дека единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај.

-ВМРО-ДПМНЕ логично размислува, а тоа е бидејќи од другата страна велат немале да одат на предвремени избори, единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај. Тој ден е Велигден. Во минатото сме имале пракса, така беше на последните избори 15 јули 2020 година, да и во среда имаме избори и затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните, би имало 72 часа рокови за жалби, за одлуки и така натаму и да се фати рокот од 12 мај да може новиот претседател да биде веќе инаугуриран. Ова е логиката, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски во врска со одржување на изборите објасни зошто оваа дата е најсоодветна за одржување на претседателски и парламентарните избори.

-Но повторно ставаме на консензус, ние повикуваме на консензус бидејќи таква била праксата порано дека со консензус на сите политички фактори се носело одлука околу дата, време и така натаму. Повикуваме на консензус затоа што пак од друга страна последниот рок според Устав и закон на кој што еве би се одржале парламентарните избори е 30 јуни. Зошто 30 јуни? Уставот е јасен дека мандатот на актуелниот пратенички состав важи до изборот на нов, но не повеќе од 4 години, имајќи предвид дека 4 август 2020 е формиран Парламентот и оттогаш почнува да важи мандатот на актуелниот пратенички состав значи дека ние на 3 август мораме да имаме формиран нов пратенички состав. Ако оставиме две недели за прегласувања, догласувања, ако има жалби и така натаму и законски 21 ден бидејќи Уставот е јасен и вели во рок од 20 дена треба да се формира парламентот, ако претседателот на претходниот Парламент не го свика, тогаш самиот се свикува, тогаш последниот датум на одржување на парламентарни избори е 30 јули, што значи дека кампањата би почнала на 10 јуни.

На крај Мицкоски порача изборите да се одржат во среда, да седнат со другите политички партии да се договорат и да се види дали од другата страна постои здраворазумско размислување и да се дефинира целата постапка.

8-Што ќе одлучи овој еден месец да трошиме милиони народни пари, има ли логика, има ли разум, има ли некој таму кој што размислува нормално? И затоа велиме еве опција нека биде среда, да седнеме, да се договориме, да разгледуваме, да видиме дали од другата страна постои некое логично размислување здраворазумско и да ја дефинираме целата постапка, додаде тој.

The post Мицкоски како можен датум за избори го посочи 8 мај среда appeared first on Република.