Даштевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dashtevski/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 18:22:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даштевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dashtevski/ 32 32 Даштевски: Подготвени сме за претстојните избори, очекуваме првичните резултати да бидат на 8 мај пред полноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dashtevski-podgotveni-sme-za-pretstojnite-izbori-ochekuvame-prvichnite-rezultati-da-bidat-na-8-maj-pred-polnok/ Thu, 02 May 2024 18:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=773606

Државната изборна комисија е подготвена за претстојните избори, утре и задутре ќе се дели доверливиот изборен материјал кој општинските изборни комисии се должни да го предадат во вторник, а првичните резултати се очекува да бидат објавени на 8 мај пред полноќ, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, Даштевски појасни дека на претстојните двојни избори, гласачите ќе можат да се појават на гласачкото место само еднаш.

На прашањето дали се крши приватноста со тоа што гласачите ќе бидат прашани дали се дојдени да гласаат за парламентарни или претседателски избори пред набљудувачите присутни на гласачкото место, Даштевски одговори дека тоа не е во делот на тајност.

– Јас за тоа не можам да одговорам бидејќи ние се занимаваме за спроведување на избори а не со притисок. Упатството е донесено повеќе од месец дена. Беше тоа сериозна дебата и се заклучи така. Тоа што се заклучило мора да се спроведе, рече тој.

Дополни дека очекува овој пат одбројувањето на гласовите да се одвива побрзо, а првичните резултати да бидат објавени пред полноќ.

– Ќе се одвива брзо, побрзо од првиот круг, но, ќе се објавува побавно бидејќи има две броења во кои ќе учествуваат сите заедно, рече тој.

The post Даштевски: Подготвени сме за претстојните избори, очекуваме првичните резултати да бидат на 8 мај пред полноќ appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија е подготвена за претстојните избори, утре и задутре ќе се дели доверливиот изборен материјал кој општинските изборни комисии се должни да го предадат во вторник, а првичните резултати се очекува да бидат објавени на 8 мај пред полноќ, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, Даштевски појасни дека на претстојните двојни избори, гласачите ќе можат да се појават на гласачкото место само еднаш. На прашањето дали се крши приватноста со тоа што гласачите ќе бидат прашани дали се дојдени да гласаат за парламентарни или претседателски избори пред набљудувачите присутни на гласачкото место, Даштевски одговори дека тоа не е во делот на тајност. – Јас за тоа не можам да одговорам бидејќи ние се занимаваме за спроведување на избори а не со притисок. Упатството е донесено повеќе од месец дена. Беше тоа сериозна дебата и се заклучи така. Тоа што се заклучило мора да се спроведе, рече тој. Дополни дека очекува овој пат одбројувањето на гласовите да се одвива побрзо, а првичните резултати да бидат објавени пред полноќ. – Ќе се одвива брзо, побрзо од првиот круг, но, ќе се објавува побавно бидејќи има две броења во кои ќе учествуваат сите заедно, рече тој.

The post Даштевски: Подготвени сме за претстојните избори, очекуваме првичните резултати да бидат на 8 мај пред полноќ appeared first on Република.

]]>
Даштевски: Досега пријавени 11 кандидати за претседател на државата, поднесена и една пријава за независен пратеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dashtevski-dosega-prijaveni-11-kandidati-za-pretsedatel-na-drzhavata-podnesena-i-edna-prijava-za-nezavisen-pratenik/ Fri, 23 Feb 2024 20:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=747608

Досега се пријавени 11 кандидати за претседател на државата, Вело Марковски, Билјана Ванковска, Томе Николовски, Бујар Османи, Господин Поповски, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари, Ѓорѓи Манасков, Мерсиха Смаиловиќ и Зорица Цветковска, а доставена е и една пријава за независен пратеник, информира вечерва претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, потсетувајќи дека рокот за пријавување трае до 8 март.

Според него, утрово во 8 часот сите места за собирање потписи биле отворени. Вкупно низ земјава има 34 подрачни единици, распоредени во сите поголеми градови, а во некои од подрачните единици има и по неколку вработени. Работното време е од 8 до 20 часот.

Досега, како што рече Даштевски во „Топ тема“, до ДИК не се доставени никакви забелешки за несоодветни услови од кандидатите кои собираат потписи, а доколку некој нешто такво пријави, веднаш ќе се излезе во пресрет. Нема пријави, дополни, ниту за предвремено почнување на кампањата, но, сепак апелира политичките партии да ги почитуваат постапките и да се однесуваат во рамки на законот.

-Утрово во 8 часот сите места за собирање потписи беа отворени, работеа сите. За овој процес се подготвуваме многу и ги преземавме сите мерки. Имаме донесено Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи кој може да се најде на веб страницата и да се прочита. Имаме дадено и наредба на вработените, ако не може немоќно лице да се качи, вработениот да се симне, рече Даштевски во врска со денешните поплаки на некои од партиите околу условите за собирање на потписите.

Во врска со Алијанса за Албанците и пријавувањето на оваа партија за претстојните парламентарни избори, претседателот на ДИК објасни дека ќе се бараат потребните документи и од Судот и од Централниот регистар.

-Ќе постапиме според закон кога ќе биде пријавувањето во ДИК за изборите. Ќе побараме документи и од Судот и од Централниот регистар, таму има која е вистинската партија и тука немаме дилема, подвлече Даштевски.

Прашан за совпаѓањето на молкот пред првиот круг на претседателските избори со кампањата за парламентарните избори, Даштевски повтори дека ДИК постапува исклучиво во согласност со Изборниот законик.

-Членот 69 од Изборниот законик го регулира прашањето за изборниот молк, а Роковникот како највиок акт што важи за изборите, вели дека на 22 април во 24.00, на 23 и 24 април, до затворањето на гласачките кутии, ќе има молк. Законот не предвидува ситуации кога се спојуваат во ист ден изборите. Во првиот круг ќе има молк за претседателските избори согласно законот и Роковникот. Не можеме да постапиме спротивно на Изборниот законик и спротивно на Роковникот. Роковите треба стриктно да се почитуваат. Има во членот 75а од Изборниот законик една одредба на која треба да повика АВМУ до која би апелирал што побрзо да го донесе правилникот за минутите за платено политичко рекламирање во кое ние сме само посредници, рече Даштевски.

ДИК ќе апелира, додаде, да не се злоупотребува кампањата за парламентарните избори во време на молкот, односно да се зборува само за парламентарните избори, не и за претседателските.

-Не знам како би се прекинал молкот. Не е предвидена ситуација кога се одржуваат двони избори. И АВМУ ќе апелира, идната недела имаме состанок со нив да најдеме некое средно решение, истакна Даштевски.

The post Даштевски: Досега пријавени 11 кандидати за претседател на државата, поднесена и една пријава за независен пратеник appeared first on Република.

]]>

Досега се пријавени 11 кандидати за претседател на државата, Вело Марковски, Билјана Ванковска, Томе Николовски, Бујар Османи, Господин Поповски, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари, Ѓорѓи Манасков, Мерсиха Смаиловиќ и Зорица Цветковска, а доставена е и една пријава за независен пратеник, информира вечерва претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, потсетувајќи дека рокот за пријавување трае до 8 март. Според него, утрово во 8 часот сите места за собирање потписи биле отворени. Вкупно низ земјава има 34 подрачни единици, распоредени во сите поголеми градови, а во некои од подрачните единици има и по неколку вработени. Работното време е од 8 до 20 часот. Досега, како што рече Даштевски во „Топ тема“, до ДИК не се доставени никакви забелешки за несоодветни услови од кандидатите кои собираат потписи, а доколку некој нешто такво пријави, веднаш ќе се излезе во пресрет. Нема пријави, дополни, ниту за предвремено почнување на кампањата, но, сепак апелира политичките партии да ги почитуваат постапките и да се однесуваат во рамки на законот. -Утрово во 8 часот сите места за собирање потписи беа отворени, работеа сите. За овој процес се подготвуваме многу и ги преземавме сите мерки. Имаме донесено Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи кој може да се најде на веб страницата и да се прочита. Имаме дадено и наредба на вработените, ако не може немоќно лице да се качи, вработениот да се симне, рече Даштевски во врска со денешните поплаки на некои од партиите околу условите за собирање на потписите. Во врска со Алијанса за Албанците и пријавувањето на оваа партија за претстојните парламентарни избори, претседателот на ДИК објасни дека ќе се бараат потребните документи и од Судот и од Централниот регистар. -Ќе постапиме според закон кога ќе биде пријавувањето во ДИК за изборите. Ќе побараме документи и од Судот и од Централниот регистар, таму има која е вистинската партија и тука немаме дилема, подвлече Даштевски. Прашан за совпаѓањето на молкот пред првиот круг на претседателските избори со кампањата за парламентарните избори, Даштевски повтори дека ДИК постапува исклучиво во согласност со Изборниот законик. -Членот 69 од Изборниот законик го регулира прашањето за изборниот молк, а Роковникот како највиок акт што важи за изборите, вели дека на 22 април во 24.00, на 23 и 24 април, до затворањето на гласачките кутии, ќе има молк. Законот не предвидува ситуации кога се спојуваат во ист ден изборите. Во првиот круг ќе има молк за претседателските избори согласно законот и Роковникот. Не можеме да постапиме спротивно на Изборниот законик и спротивно на Роковникот. Роковите треба стриктно да се почитуваат. Има во членот 75а од Изборниот законик една одредба на која треба да повика АВМУ до која би апелирал што побрзо да го донесе правилникот за минутите за платено политичко рекламирање во кое ние сме само посредници, рече Даштевски. ДИК ќе апелира, додаде, да не се злоупотребува кампањата за парламентарните избори во време на молкот, односно да се зборува само за парламентарните избори, не и за претседателските. -Не знам како би се прекинал молкот. Не е предвидена ситуација кога се одржуваат двони избори. И АВМУ ќе апелира, идната недела имаме состанок со нив да најдеме некое средно решение, истакна Даштевски.

The post Даштевски: Досега пријавени 11 кандидати за претседател на државата, поднесена и една пријава за независен пратеник appeared first on Република.

]]>
Даштевски: Моја проценка е дека подобро е претседателските и парламентарните избори да се во ист термин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dashtevski-moja-protsenka-e-deka-podobro-e-pretsedatelskite-i-parlamentarnite-izbori-da-se-vo-ist-termin/ Fri, 27 Oct 2023 18:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=695688

Секако дека е подготвена Државната изборна комисија за одржување на избори, таа е професионално тело и има професионална служба. Ние сме подготвени само чекаме другите детали во Собранието да се разрешат и почнеме со работа. Досега се подготвувавме и ние направивме проценка за тоа колку средства се потребни и ги направивме сите тендери и постапки за вршење на изборите“, изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека Државната изборна комисија ќе биде поподготвена од претходно иако следуваат два изборни циклуса парламентарни и претседателски избори.

Даштевски посочи дека во секој случај изборите ќе ги спроведат успешно.

„Зависи од кој аспект гледаме, за да се заштедат средства и работата да се поедноставни би било подобро да се спојат изборите ако се договорат така политичките субјекти. Ние сме подготвени на тоа да го спроведеме“, рече Даштевски.

Тој потенцираше дека сега ДИК има и план за подобра обука и почеста едукација на луѓето кој работат на овие апарати и уреди поради тоа тој смета дека гласањето ќе е поефикасно и ќе нема никакви проблеми.

Даштевски изјави дека како ДИК должни се да направат се за да се оневозможат хакерските напади.

„За време на изборите превземаме посебни мерки што значат поголема заштита, минатиот пат беше тоа се успешно. Сметам дека и овие избори треба да поминат без поголем проблем а од друга страна имаме нов софтвер и систем за биометриски уреди на највисоко ниво заштитен каде нема ни теоретски шанси нешто да се направи и тој функционира офлајн. За секој избори се внесуваат нови кодови и шифри“, вели Даштевски.

The post Даштевски: Моја проценка е дека подобро е претседателските и парламентарните избори да се во ист термин appeared first on Република.

]]>

Секако дека е подготвена Државната изборна комисија за одржување на избори, таа е професионално тело и има професионална служба. Ние сме подготвени само чекаме другите детали во Собранието да се разрешат и почнеме со работа. Досега се подготвувавме и ние направивме проценка за тоа колку средства се потребни и ги направивме сите тендери и постапки за вршење на изборите“, изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа. Тој додаде дека Државната изборна комисија ќе биде поподготвена од претходно иако следуваат два изборни циклуса парламентарни и претседателски избори. Даштевски посочи дека во секој случај изборите ќе ги спроведат успешно.
„Зависи од кој аспект гледаме, за да се заштедат средства и работата да се поедноставни би било подобро да се спојат изборите ако се договорат така политичките субјекти. Ние сме подготвени на тоа да го спроведеме“, рече Даштевски.
Тој потенцираше дека сега ДИК има и план за подобра обука и почеста едукација на луѓето кој работат на овие апарати и уреди поради тоа тој смета дека гласањето ќе е поефикасно и ќе нема никакви проблеми. Даштевски изјави дека како ДИК должни се да направат се за да се оневозможат хакерските напади.
„За време на изборите превземаме посебни мерки што значат поголема заштита, минатиот пат беше тоа се успешно. Сметам дека и овие избори треба да поминат без поголем проблем а од друга страна имаме нов софтвер и систем за биометриски уреди на највисоко ниво заштитен каде нема ни теоретски шанси нешто да се направи и тој функционира офлајн. За секој избори се внесуваат нови кодови и шифри“, вели Даштевски.

The post Даштевски: Моја проценка е дека подобро е претседателските и парламентарните избори да се во ист термин appeared first on Република.

]]>