Дарко Рундек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-rundek/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Sep 2023 09:56:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дарко Рундек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-rundek/ 32 32 Концерт на Дарко Рундек и Биг Бендот на ЗЏМ вечерва во Филхамронија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-darko-rundek-i-big-bendot-na-zdhm-vecherva-vo-filhamronija/ Thu, 14 Sep 2023 09:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=681850

Вечерва во големата сала на Филхармонија во 20,30 часот концерт ќе одржат хрватскиот музичар Дарко Рундек заедно со Биг Бендот на Здружение на џез музичари на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“.

На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица.

Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска.

Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.

Сум чул дека салата на Филрамонија е одлична. Воопшто не се сомневам дека ќе биде добро – се прашувам како ќе биде. Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек пред вечерашниот концерт.

Задоволство е ваквата соработка која се надоврзува на континуитетот на квалитетна приказна која ЗЏМ ја живее со години. Ние размислувавме за овој концертот веќе извесно време, со јубилејот на „Екотип“ само се забрза, вели Гоце Стевковски од ЗЏМ.

Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели.

The post Концерт на Дарко Рундек и Биг Бендот на ЗЏМ вечерва во Филхамронија appeared first on Република.

]]>

Вечерва во големата сала на Филхармонија во 20,30 часот концерт ќе одржат хрватскиот музичар Дарко Рундек заедно со Биг Бендот на Здружение на џез музичари на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“. На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица. Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска. Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.
Сум чул дека салата на Филрамонија е одлична. Воопшто не се сомневам дека ќе биде добро – се прашувам како ќе биде. Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек пред вечерашниот концерт.
Задоволство е ваквата соработка која се надоврзува на континуитетот на квалитетна приказна која ЗЏМ ја живее со години. Ние размислувавме за овој концертот веќе извесно време, со јубилејот на „Екотип“ само се забрза, вели Гоце Стевковски од ЗЏМ. Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели.  

The post Концерт на Дарко Рундек и Биг Бендот на ЗЏМ вечерва во Филхамронија appeared first on Република.

]]>
Песните не се врзани со времето во кое се пишувани, вели Дарко Рундек пред утрешниот концерт со Биг Бенд ЗЏМ во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pesnite-ne-se-vrzani-so-vremeto-vo-koe-se-pishuvani-veli-darko-rundek-pred-utreshniot-kontsert-so-big-bend-zdhm-vo-filharmonija/ Wed, 13 Sep 2023 12:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=681563

Хрватскиот музичар Дарко Рундек утре, на 14 септември, во 20,30 часот во Филхармонија заедно со Биг Бенд Здружение на џез музичари ќе одржат концерт на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“.

На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица.

Кога бев дете, на Радио Загреб, попладне имаше емисијата која се викаше „За Ваша попладневна разонода“. Имаше снимки од најголемите биг-бендови, популарна музика. Не бев некој фан, но сето тоа останало во мојата потсвест. Кога хрватскиот џез-оркестар ми ја предложи соработката, тоа беше на моја радост, остварување на сите детски соништа. Конечно, некои песни можеа да се реализираат во џез-варијанта, рече Рундек, кој кажа дека негови омилени песни на албумот се „Ти и ја“, „Чудне мисли“.

Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска.

Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.

Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек.

Соработката со Руднек е огромно задоволство, рече Гоце Стевковски од ЗЏМ.

Овој концерт доаѓа по настапот кој го имавме со Рамбо Амадеус и доаѓа како продолжување на таа квалитетна приказна што ЗЏМ ја има од почетокот. Уште пред две години ја планиравме оваа сорботка и супер е што сега се реалзира, рече Стевковски.

Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели.

Илија Андреевски, генерален менаџер на „Екотип“, на денешната прес-конфренција кажа дека причината поради која „Екотип“ решил да застане зад Рундек е многу емитивна и дека тие, како фирма ги делат истите вредности како и Рундек кога станува збор за екологија, чиста животна средина и здрав начин на живот.

Пораснав со музиката на „Хаустор“ и Рундек. Уште од средношколските денови па до денес се пронаоѓав во текстовите. За мене не е тоа само музика, туку вредност и начин на живот. Но, и стремеж за подобра иднина и подобар свет. Низ текстовите на Рундек се пронаѓа и „Екотип“, делиме исти вредности, тоа сме ние, за мене немаше дилема. Она што утре ќе се случи во Фикхамронија е заокружување на сон од деството, рече Андреевски на прес-конфренцијата.

Тој кажа дека „Екотип“ за 25 години исфрлитрилале вода колку што е волуменот на Охридско езеро, преку декарбинизација, односно редуцирање на јаглероден отпечаток преку различни проекти имаат засадено дрва со површина на градот Виена.

Имаме партнери кои се добитници на Нобелова награда, рече Андреевски.

Од „Екотип“ велат дека размислуваат да ја продолажат оваа соработка и во некои проекти надвор од Македонија.

The post Песните не се врзани со времето во кое се пишувани, вели Дарко Рундек пред утрешниот концерт со Биг Бенд ЗЏМ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот музичар Дарко Рундек утре, на 14 септември, во 20,30 часот во Филхармонија заедно со Биг Бенд Здружение на џез музичари ќе одржат концерт на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“. На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица.
Кога бев дете, на Радио Загреб, попладне имаше емисијата која се викаше „За Ваша попладневна разонода“. Имаше снимки од најголемите биг-бендови, популарна музика. Не бев некој фан, но сето тоа останало во мојата потсвест. Кога хрватскиот џез-оркестар ми ја предложи соработката, тоа беше на моја радост, остварување на сите детски соништа. Конечно, некои песни можеа да се реализираат во џез-варијанта, рече Рундек, кој кажа дека негови омилени песни на албумот се „Ти и ја“, „Чудне мисли“.
Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска. Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.
Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек.
Соработката со Руднек е огромно задоволство, рече Гоце Стевковски од ЗЏМ.
Овој концерт доаѓа по настапот кој го имавме со Рамбо Амадеус и доаѓа како продолжување на таа квалитетна приказна што ЗЏМ ја има од почетокот. Уште пред две години ја планиравме оваа сорботка и супер е што сега се реалзира, рече Стевковски.
Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели. Илија Андреевски, генерален менаџер на „Екотип“, на денешната прес-конфренција кажа дека причината поради која „Екотип“ решил да застане зад Рундек е многу емитивна и дека тие, како фирма ги делат истите вредности како и Рундек кога станува збор за екологија, чиста животна средина и здрав начин на живот.