Дарко Масларковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-maslarkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 17:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дарко Масларковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-maslarkovski/ 32 32 Масларковски: 75-80% од партијата сме џанаци (ВИДЕО) https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maslarkovski-75-80-od-partijata-sme-dhanatsi-video/ Thu, 09 May 2024 17:12:16 +0000 https://republika.mk/?p=776463

The post Масларковски: 75-80% од партијата сме џанаци (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>

The post Масларковски: 75-80% од партијата сме џанаци (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>
Масларковски: Во Левица смрди на служби и на нечесност, елитизам и препотенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maslarkovski-vo-levitsa-smrdi-na-sluzhbi-i-na-nechesnost-elitizam-i-prepotentsija/ Sat, 09 Mar 2024 08:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=752882

Во интервјуто за порталот „Поглед.мк“, поранешниот советник на Левица од општина Аеродром, Дарко Масларковски изнесува сериозни обвинувања кон лидерот на партијата, Димитар Апасиев и додава дека е забрането знамето со сонцето од Кутлеш...

Во продолжение дел од интервјуто.

„Поглед“: Зошто му верувавте на Апасиев дека може да донесе промени во политичкиот живот во Македонија?! Која според Вас е понудата на Левица, земајќи ги предвид ставовите за ЕУ, НАТО, Америка, Русија? Која е алтернативата и дали е таа реална или пак политиката на Апасиев е повеќе сведена на плукање по противникот без реална понуда за граѓанинот?!

Што друго му преостанува на македонскиот народ? НАРОДОТ е спремен за ПРОМЕНА, а не за ЗАМЕНА, верувавме бидејќи како Македонци имавме силна потреба од истото, еве и овде да споменам дека најсреќен ќе бидам ако не сум во право и ако ЛЕВИЦА и Апасиев не се предавници и во служба на ВИШИ структури. Нека ми го докажат спротивното, но чекорите на Левица ми го подигнуваат сомнежот, да се забрани употреба на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ со сонцето од Кутлеш, сомнителните луѓе кои се на високи функции, да разрешуваш член на президиум на 3 месеци до избори и дополнително да имаш 2ца замрзнати, да рацинизираш/игнорираш членови кои искрено се бореле за ЛЕВИЦА и ИДЕАЛИТЕ, не ми дава верба за иднината.

Без да навлегувам во идеолошки моменти и висока геополитика, Јенс беше во Скопје – Левица Не мрдна со прст да покаже дека не е пожелен, мене тоа ми кажува повеќе од декларативно залагање и фаќање страна. Палестина доживува холокауст од невидени размери ние имаме членови кои се декларирани ПРОИЗРАЕЛ и ПРОАМЕРИКА, епа не може така ДРУГАРИ.

Програмата на Левица е добра содржински, но плаши фактот дека нема идеја и можност за реализација не затоа што НАРОДОТ не сака, туку затоа што Апасиев и неговите ШЕФОВИ не сакаат.

„Поглед“: Бевте ли блиски лично со Апасиев. Дали покрај партиските активности, се дружевте лично. Ова го прашувам бидејќи ме интересира ЗОШТО некој би си дозволил да ги нарече ЏГАН и ЃУБРЕ своите довчерашни поддржувачи?!

Не, никогаш не сме биле блиски другари ниту приватно сме се дружеле, што и не треба да биде било каков фактор за НАПРЕДУВАЊЕ во хиерархијата во партијата или во структурите на истата. „Џган“ е најверојатно последица на ШОКОТ од нашето јавно излегување и посочување на проблемите во Левица. Џубрето е таму во депонијата на Левица, кадровски решенија на сомнителни луѓе со сомнително минато не може да се споредува со нашиот ЧИСТ идеализам и бескомпромисна БОРБА за МАКЕДОНИЈА“.

The post Масларковски: Во Левица смрди на служби и на нечесност, елитизам и препотенција appeared first on Република.

]]>

Во интервјуто за порталот „Поглед.мк“, поранешниот советник на Левица од општина Аеродром, Дарко Масларковски изнесува сериозни обвинувања кон лидерот на партијата, Димитар Апасиев и додава дека е забрането знамето со сонцето од Кутлеш... Во продолжение дел од интервјуто. „Поглед“: Зошто му верувавте на Апасиев дека може да донесе промени во политичкиот живот во Македонија?! Која според Вас е понудата на Левица, земајќи ги предвид ставовите за ЕУ, НАТО, Америка, Русија? Која е алтернативата и дали е таа реална или пак политиката на Апасиев е повеќе сведена на плукање по противникот без реална понуда за граѓанинот?!
Што друго му преостанува на македонскиот народ? НАРОДОТ е спремен за ПРОМЕНА, а не за ЗАМЕНА, верувавме бидејќи како Македонци имавме силна потреба од истото, еве и овде да споменам дека најсреќен ќе бидам ако не сум во право и ако ЛЕВИЦА и Апасиев не се предавници и во служба на ВИШИ структури. Нека ми го докажат спротивното, но чекорите на Левица ми го подигнуваат сомнежот, да се забрани употреба на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ со сонцето од Кутлеш, сомнителните луѓе кои се на високи функции, да разрешуваш член на президиум на 3 месеци до избори и дополнително да имаш 2ца замрзнати, да рацинизираш/игнорираш членови кои искрено се бореле за ЛЕВИЦА и ИДЕАЛИТЕ, не ми дава верба за иднината.   Без да навлегувам во идеолошки моменти и висока геополитика, Јенс беше во Скопје – Левица Не мрдна со прст да покаже дека не е пожелен, мене тоа ми кажува повеќе од декларативно залагање и фаќање страна. Палестина доживува холокауст од невидени размери ние имаме членови кои се декларирани ПРОИЗРАЕЛ и ПРОАМЕРИКА, епа не може така ДРУГАРИ.   Програмата на Левица е добра содржински, но плаши фактот дека нема идеја и можност за реализација не затоа што НАРОДОТ не сака, туку затоа што Апасиев и неговите ШЕФОВИ не сакаат.
„Поглед“: Бевте ли блиски лично со Апасиев. Дали покрај партиските активности, се дружевте лично. Ова го прашувам бидејќи ме интересира ЗОШТО некој би си дозволил да ги нарече ЏГАН и ЃУБРЕ своите довчерашни поддржувачи?!
Не, никогаш не сме биле блиски другари ниту приватно сме се дружеле, што и не треба да биде било каков фактор за НАПРЕДУВАЊЕ во хиерархијата во партијата или во структурите на истата. „Џган“ е најверојатно последица на ШОКОТ од нашето јавно излегување и посочување на проблемите во Левица. Џубрето е таму во депонијата на Левица, кадровски решенија на сомнителни луѓе со сомнително минато не може да се споредува со нашиот ЧИСТ идеализам и бескомпромисна БОРБА за МАКЕДОНИЈА“.
 
The post Масларковски: Во Левица смрди на служби и на нечесност, елитизам и препотенција appeared first on Република.

]]>
Нешто смрди, корне, полна е со византиски игри, вели советник во Општина Аеродром од Левица кој ја напушти партијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neshto-smrdi-korne-polna-e-so-vizantiski-igri-veli-sovetnik-vo-opshtina-aerodrom-od-levitsa-koj-ja-napushti-partijata/ Wed, 28 Feb 2024 11:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=749236

Носителот на советничката листа на Левица во Аеродром и советник во Општината, Дарко Масларковски објави дека повеќе не е член на политичката партија, а одлуката како што вели ја донел базирана на повеќе причини поради кои не може да остане рамнодушен.

Во објавата на Фејсбук Масларковски истакнува дека е разочаран бидејќи во партијата веќе не било се на она другарско и чисто идеолошко делување, како што вели, како на почетокот.

Полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни “чисти” кадри. Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме (наводно се бори и Левица). Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло, пишува Масларковски.

Додава дека растурени се најсилните ограноци со, како што вели, инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата.

Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува. Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет. Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто “СМРДИ”, а смрди КОРНЕ. Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ? Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА. ПРЕДАДЕНИ СМЕ. Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПРЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе. Тие велат БОРБАТА почнува сега, НИЕ СЕ БОРИМЕ ДОЛГИ ГОДИНИ !!! Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години, децицен е Масларковски.

Во советот на општина Аеродром ќе продолжи да делува како независен советник.

The post Нешто смрди, корне, полна е со византиски игри, вели советник во Општина Аеродром од Левица кој ја напушти партијата appeared first on Република.

]]>

Носителот на советничката листа на Левица во Аеродром и советник во Општината, Дарко Масларковски објави дека повеќе не е член на политичката партија, а одлуката како што вели ја донел базирана на повеќе причини поради кои не може да остане рамнодушен. Во објавата на Фејсбук Масларковски истакнува дека е разочаран бидејќи во партијата веќе не било се на она другарско и чисто идеолошко делување, како што вели, како на почетокот.