Дарко Костадиновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-kostadinovski/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 19:39:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дарко Костадиновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-kostadinovski/ 32 32 Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovski-ne-se-doveduva-pod-zakana-zakonot-za-jazitsite-tuku-samo-primenata/ Thu, 07 Nov 2024 19:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=835286

Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски.

На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, на прашање во врска со постапувањето со законот за јазиците, кое беше најавено дека треба да биде на седница во октомври, Костадиновски одговори дека пролонгирањето е поради меѓународната агенда на судиите. Тој потенцираше дека не се доведува под закана законот, туку само неговата примена.

Пролонгирањето е поради меѓународната агенда, и моја, и на дел од судиите. Тоа е предмет за кој постои заклучок дека ќе одлучува полн состав, рече тој.

Прашан што доколку тројцата судии од немнозинските заедници не дојдат, тој одговори дека не сака да верува во такви сценарија.

Не сакам да верувам во такви сценарија. Но, неспорен факт е дека јас како претседател на судот сум обврзан со заклучок на судот, се додека е на сила дека тој и уште неколку предмети мора да се одлучуваат во полн состав, се додека не се донесе нов заклучок, дополни Костадиновски.

Увери дека никој не треба да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, а во однос на прашањето дали има атмосфера да се слушнат правните аргументи за овој закон, тој одговори дека ќе ги исцрпат сите алатки што им стојат на располагање.

Ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатка што ни стојат на располагање. Сите опции се во игра, и подготвителна седница за материјалниот дел. Во тие 13 иницијативи има многу суштини на оспорување. Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената, како се операционализира, рече Костадиновски.

Во моментов, Уставниот суд разгледува 13 иницијативи кои се однесуваат на Законот за употреба на јазиците. Донесен во 2018 година, законот предвидува албанскиот јазик да биде службен јазик во сите органи на државната власт.

The post Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената appeared first on Република.

]]>

Како Уставен суд, за да ги амортизираме сите обвинувања за етничко и политичко постапување, сме подготвени со колегите да ги разубедуваме политичарите и воедно да се обратиме на граѓаните дека нашите одлуки се уставни, изјави претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. На вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, на прашање во врска со постапувањето со законот за јазиците, кое беше најавено дека треба да биде на седница во октомври, Костадиновски одговори дека пролонгирањето е поради меѓународната агенда на судиите. Тој потенцираше дека не се доведува под закана законот, туку само неговата примена.
Пролонгирањето е поради меѓународната агенда, и моја, и на дел од судиите. Тоа е предмет за кој постои заклучок дека ќе одлучува полн состав, рече тој.
Прашан што доколку тројцата судии од немнозинските заедници не дојдат, тој одговори дека не сака да верува во такви сценарија.
Не сакам да верувам во такви сценарија. Но, неспорен факт е дека јас како претседател на судот сум обврзан со заклучок на судот, се додека е на сила дека тој и уште неколку предмети мора да се одлучуваат во полн состав, се додека не се донесе нов заклучок, дополни Костадиновски.
Увери дека никој не треба да биде вознемирен од постапките на Уставниот суд, а во однос на прашањето дали има атмосфера да се слушнат правните аргументи за овој закон, тој одговори дека ќе ги исцрпат сите алатки што им стојат на располагање.
Ние како судии ќе ги исцрпиме сите алатка што ни стојат на располагање. Сите опции се во игра, и подготвителна седница за материјалниот дел. Во тие 13 иницијативи има многу суштини на оспорување. Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената, како се операционализира, рече Костадиновски.
Во моментов, Уставниот суд разгледува 13 иницијативи кои се однесуваат на Законот за употреба на јазиците. Донесен во 2018 година, законот предвидува албанскиот јазик да биде службен јазик во сите органи на државната власт.

The post Костадиновски: Не се доведува под закана законот за јазиците, туку само примената appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Уставен суд за балансерот: Не сме ги укинале правата на заедниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-ustaven-sud-za-balanserot-ne-sme-gi-ukinale-pravata-na-zaednitsite/ Wed, 09 Oct 2024 17:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=824833

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Како што образложи претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно.Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека Уставен укинал права на заедниците.

„Во конкретниот случај со оспорените законски и подзаконски одредби, неспорно е дека законодавецот ја операционализирал темелната вредност на нашиот уставен поредок соодветната и правична застапеност. Оваа темелна вредност во нашиот уставен поредок е воведена во 2001 година. Станува збор за интервенција во Уставот која е резултат на неопходноста која произлегла од општествената и уставната реалност тој временски момент. Но исто така, неспорно е дека операционализацијата на оваа темелна вредност по својата суштина и природа претставува она што и во теоријата и во практиката се нарекува афирмативна акција, односно мерка која по својата природа предвидува позитивна дискриминација“, рече тој.

Вториот круцијален момент за одлуката на Судот, како што дополни, била нивната одлука со која укина одредби од Законот за матичната евиденција со кои Судот зазема став дека националната припадност е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо и според Судот, негово лично право е да одлучи дали ќе се изјасни и како ќе се изјасни за сопствената припадност, но и право да одлучи да не се изјасни.

„Третиот битен аргумент е фактот кој е општо познат дека од можноста вработениот во јавниот сектор кој има право да поднесе барање за промена на неговите податоци во Регистарот вклучувајќи го податокот и за припадност на заедница, произлегува дека податокот за националната односно припадноста кон одредена заедница, не може да претставува гаранција за запазување на суштината и правилната имплементација на темелната вредност посветена на соодветната и правична застапеност“, рече Костадиновски.

Претседателот на Уставен беше дециден дека не може политиката, како што рече, како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија.

„Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок. Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат ориентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти законодавна, извршна, судска, монетарна или локална“, рече тој.

Пред да ги изнесе клучните аргументи на кои се темели одлуката, Костадиновски изјави дека, како што рече, „манипулација и лага е тврдењето од било кого дека Уставен укинал права на заедниците“.

„Не е точно. Ние сме чувари на Уставот таков каков што е. Темелната вредност соодветна и правична застапеност е тука. Секој е должен да го почитува уставот, значи секој е должен да ја почитува и применува правичната и соодветната застапеност. Законодавецот има право, има уставно овластување да ја операционализира темелната вредност но на уставно дозволен начин. Сега и законодавецот и органите на извршната власт имаат уставна рамка, насоки што може што не да нормира, како да постапуваат Одлуките на Судот, во кои се оценува матерјалната, формалната уставност, ставовите на Судот го легитимираат правото“, рече тој.

Апелираше до граѓаните, државните органи, политичарите, ако, како што дополни, навистина ѝ мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив.

„Секој вклучително и политичарите треба да ги почитуваат одлуките на судот, не да ги политизираат, етнизираат. На нашето постапување и одлучување треба правилно да гледаат како на заштита на владеењето на правото. Кажав и ќе повторам не одат заедно јавно прокламираните заложби од секого за европски стандарди и владеење на правото и политизацијата и етнизацијата на постапувањето на Судот“, дополни тој.

Според Костадиновски, јавната администрација е ‘рбетот на државата, дава бројни услуги, а потребата за квалитетни услуги, како што вели, не познава етничка припадност или било каква припадност, туку, на сите нас ни се потребни стручни, компетентни, квалитетни ефикасни услуги од државата, а затоа и стручни и компетентни службеници.

The post Претседателот на Уставен суд за балансерот: Не сме ги укинале правата на заедниците appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Како што образложи претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно.Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека Уставен укинал права на заедниците.
„Во конкретниот случај со оспорените законски и подзаконски одредби, неспорно е дека законодавецот ја операционализирал темелната вредност на нашиот уставен поредок соодветната и правична застапеност. Оваа темелна вредност во нашиот уставен поредок е воведена во 2001 година. Станува збор за интервенција во Уставот која е резултат на неопходноста која произлегла од општествената и уставната реалност тој временски момент. Но исто така, неспорно е дека операционализацијата на оваа темелна вредност по својата суштина и природа претставува она што и во теоријата и во практиката се нарекува афирмативна акција, односно мерка која по својата природа предвидува позитивна дискриминација“, рече тој.
Вториот круцијален момент за одлуката на Судот, како што дополни, била нивната одлука со која укина одредби од Законот за матичната евиденција со кои Судот зазема став дека националната припадност е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо и според Судот, негово лично право е да одлучи дали ќе се изјасни и како ќе се изјасни за сопствената припадност, но и право да одлучи да не се изјасни. „Третиот битен аргумент е фактот кој е општо познат дека од можноста вработениот во јавниот сектор кој има право да поднесе барање за промена на неговите податоци во Регистарот вклучувајќи го податокот и за припадност на заедница, произлегува дека податокот за националната односно припадноста кон одредена заедница, не може да претставува гаранција за запазување на суштината и правилната имплементација на темелната вредност посветена на соодветната и правична застапеност“, рече Костадиновски. Претседателот на Уставен беше дециден дека не може политиката, како што рече, како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија.
„Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок. Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат ориентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти законодавна, извршна, судска, монетарна или локална“, рече тој.
Пред да ги изнесе клучните аргументи на кои се темели одлуката, Костадиновски изјави дека, како што рече, „манипулација и лага е тврдењето од било кого дека Уставен укинал права на заедниците“.
„Не е точно. Ние сме чувари на Уставот таков каков што е. Темелната вредност соодветна и правична застапеност е тука. Секој е должен да го почитува уставот, значи секој е должен да ја почитува и применува правичната и соодветната застапеност. Законодавецот има право, има уставно овластување да ја операционализира темелната вредност но на уставно дозволен начин. Сега и законодавецот и органите на извршната власт имаат уставна рамка, насоки што може што не да нормира, како да постапуваат Одлуките на Судот, во кои се оценува матерјалната, формалната уставност, ставовите на Судот го легитимираат правото“, рече тој.
Апелираше до граѓаните, државните органи, политичарите, ако, како што дополни, навистина ѝ мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив.
„Секој вклучително и политичарите треба да ги почитуваат одлуките на судот, не да ги политизираат, етнизираат. На нашето постапување и одлучување треба правилно да гледаат како на заштита на владеењето на правото. Кажав и ќе повторам не одат заедно јавно прокламираните заложби од секого за европски стандарди и владеење на правото и политизацијата и етнизацијата на постапувањето на Судот“, дополни тој.
Според Костадиновски, јавната администрација е ‘рбетот на државата, дава бројни услуги, а потребата за квалитетни услуги, како што вели, не познава етничка припадност или било каква припадност, туку, на сите нас ни се потребни стручни, компетентни, квалитетни ефикасни услуги од државата, а затоа и стручни и компетентни службеници.

The post Претседателот на Уставен суд за балансерот: Не сме ги укинале правата на заедниците appeared first on Република.

]]>
Костадиновски: Денешниот празник да нè охрабри сите и да биде поттик секој да учествува во градењето на правната држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovski-deneshniot-praznik-da-ne-ohrabri-site-i-da-bide-pottik-sekoj-da-uchestvuva-vo-gradeneto-na-pravnata-drzhava/ Sun, 08 Sep 2024 07:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=814264

По повод денот на независноста, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Дарко Костадиновски во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани.

Нека денешниот празник не’ охрабри сите нас и нека претставува поттик и мотивација за секој еден да учествува и да биде дел од градењето на правната држава, а владеењето на правото да биде императив во постапувањето и носењето на одлуките.

Нека е честит 8 Септември, денот на независноста на Републиката!

The post Костадиновски: Денешниот празник да нè охрабри сите и да биде поттик секој да учествува во градењето на правната држава appeared first on Република.

Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-ustavniot-sud-da-ne-ja-otvora-pandorinata-kutija/ Sun, 01 Sep 2024 13:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=811998

На денешниот состанок на Вреди била разгледана и изјавата на претседателот на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците и за Балансерот при што Координативното тело ја оценува како опасна и неприфатлива ваквата иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustavniot-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/

Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата, наведуваат од „Вреди“.

The post Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>

На денешниот состанок на Вреди била разгледана и изјавата на претседателот на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците и за Балансерот при што Координативното тело ја оценува како опасна и неприфатлива ваквата иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазиците. https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustavniot-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/
Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата, наведуваат од „Вреди“.

The post Вреди: Уставниот суд да не ја отвора Пандорината кутија appeared first on Република.

]]>
Првиот човек на Уставен суд за Законот за јазици: Не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-ustaven-sud-za-zakonot-za-jazitsi-ne-mozhe-i-ne-e-dozvoleno-makedonskoto-opshtestvo-da-treperi-ochekuvajki-ja-odlukata/ Sun, 01 Sep 2024 07:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=811902

Има уште еден интересен предмет во најава за одлучување, а тоа е Законот за јазици. За тој предмет јавноста долго време говори и очекува одлука со оглед дека е оформен од 2019 година. Очекувањата се да има одлука во брзо време со оглед дека претходната претседателка најави дека имате Заклучок да биде изнесен предметот на расправа. Хипотетички, каква и да е одлуката ќе има незадоволни граѓани. Ќе успее ли Уставниот суд мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата особено по информациите на премиерот за можни безбедносни предизвици оваа есен?

- Станува збор за сложен и обемен предмет составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија. Предметот го работеа неколку судии, а јас сум веќе четвртиот претседател на Судот кој ќе ја има можноста предметот да го изнесе на седница. Во однос на исходот, ќе се воздржам од лично мислење иако имам став по ова прашање уште кога ни беше поделен првиот реферат. Јавноста и за овој предмет ќе може да ги слушне аргументите бидејќи ќе биде на дневен ред на Судот во првата недела на октомври, вели Дарко Костадиновски,претседател на Судот во интервју за МИА.

Но, во однос на вашето прашање дали ќе успее Судот мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата, како и можните безбедносни предизвици, дозволете ми за вас и за јавноста, да ја искористам оваа прилика и да дадам свое видување и колку што дозволува просторот, појаснување.

Свесни сме дека Уставниот суд го носи најголемиот товар да одлучи-пресече за какво било деликатно прашање, но затоа и постои Судот. Не само нашиот Суд, сите уставни судови од време на време се соочуваат со општествено сензибилни предмети во кои одлуката може да има општествено политички импликации, и токму затоа во уставното судство постои она што се нарекува „одлуката на Уставниот суд да не одлучува е одлука”. Како еден од судиите со најдолг стаж во актуелниот состав сведочев за повеќе вакви ситуации. Но, искуството ми укажа на две важни работи, кои се важни и за мојот мандат како претседател.

Прво прашање е: Дали одлагањето на одлуката по одредено прашање во име на сензибилноста и можните општествени реакции и импликации е оправдана и дали ја постигнала својата цел? Не, сензибилноста по такви прашања не се лимитирани со временска рамка, сензибилноста не се намалува со протекот на време, тие биле и се уште се сензибилни предмети и пред 4 години исто и денес, и од тој аспект подобро и поздраво е Судот промптно без калкулации да одлучува, исклучиво со уставно-правни аргументи и затоа како пртетседател со ова искуство ќе се залагам за што е можно побрзо одлучување за предметите без разлика на степенот на нивната сензибилност.

Второ исклучиво релевантно прашање и за Судот и за овие важни предмети за кои зборуваме, но и за правната држава е: Дали како општество сме подготвени и зрели да се соочиме и со одлуки на Судот, кои секако се од висок јавен интерес. Односно треба да бидеме искрени и сами да си го поставиме прашањето дали сме стабилна демократија, дали е неопходно и нужно да го направиме исчекорот и преминот во зрела демократија? Мојот став е јасен. Мојот став е дека е нужно, дека е крајно време да го направиме тој исчекор кон зрела демократија. Нашата уставна реалност според мене е дека живееме во демократијата која е стабилна, но не е зрела се уште. Зрелата демократија подразбира високо ниво на уставна и политичка култура, силно почитување на владеењето на правото, стабилни независни институции, институции кои го издржале тестот на времето и можат ефикасно да се справат со предизвици како политички кризи, економски, здравствени, какви било падови, длабоко вкоренети демократски норми кои ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните. И зрелите демократии можат да се соочат со периоди на нестабилност но при тоа тие не го губат својот основен демократски карактер.

Оттука не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката на Уставниот суд по одредено прашање. Не може бројни политички актери претпладне од уста да не ја вадaт заложбата за правна држава, за владеење на правото, за европски стандарди, а попладне да ги етикетираат одлуките на Уставниот суд како политички, етнички, верски, итн. Не може политиката како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со Устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија. Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок.

Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат оријентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти, законодавна, извршна, судска, монетарна или локална. Да им помогнат, нивните дејствија, прописи или одлуки бидат усогласени со Уставот.

Судот во својата уставно-судска практика до сега има дадено авторитетни правни толкувања на сите темелни вредности, принципи начела, им има дадено содржинска смисла во нивните манифестации, доволно е останатите власти да ја следат почитуваат и применуваат таквата практика и одлуките на Судот. Одлуките на Судот, во кои е оценувана материјалната, формалната уставност, ставовите на Судот по бројни предмети го легитимираат правото. Уставниот суд е на врвот на пирамидата која се вика владеење на правото, тој е најповиканиот да рефлектира правна сигурност, усогласеност во правниот поредок. За тоа постојат уставните судови, ништо повеќе ништо помалку.

Тоа е мојот одговор до вас, а истовремено апел до граѓаните, државните органи, политичарите, ако навистина и мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив. Секое делување надвор од овие рамки за мене е чиста манипулација со граѓаните. Доколку одлука на Судот по овој или било кој друг предмет може да ги наруши, како што велите, политичко-етничките односи тогаш се поставува прашањето дали сме воопшто и стабилна демократија?

The post Првиот човек на Уставен суд за Законот за јазици: Не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката appeared first on Република.

]]>

Има уште еден интересен предмет во најава за одлучување, а тоа е Законот за јазици. За тој предмет јавноста долго време говори и очекува одлука со оглед дека е оформен од 2019 година. Очекувањата се да има одлука во брзо време со оглед дека претходната претседателка најави дека имате Заклучок да биде изнесен предметот на расправа. Хипотетички, каква и да е одлуката ќе има незадоволни граѓани. Ќе успее ли Уставниот суд мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата особено по информациите на премиерот за можни безбедносни предизвици оваа есен?
- Станува збор за сложен и обемен предмет составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија. Предметот го работеа неколку судии, а јас сум веќе четвртиот претседател на Судот кој ќе ја има можноста предметот да го изнесе на седница. Во однос на исходот, ќе се воздржам од лично мислење иако имам став по ова прашање уште кога ни беше поделен првиот реферат. Јавноста и за овој предмет ќе може да ги слушне аргументите бидејќи ќе биде на дневен ред на Судот во првата недела на октомври, вели Дарко Костадиновски,претседател на Судот во интервју за МИА.
Но, во однос на вашето прашање дали ќе успее Судот мудро да избалансира без да ги наруши политичко-етничките односи во државата, како и можните безбедносни предизвици, дозволете ми за вас и за јавноста, да ја искористам оваа прилика и да дадам свое видување и колку што дозволува просторот, појаснување.
Свесни сме дека Уставниот суд го носи најголемиот товар да одлучи-пресече за какво било деликатно прашање, но затоа и постои Судот. Не само нашиот Суд, сите уставни судови од време на време се соочуваат со општествено сензибилни предмети во кои одлуката може да има општествено политички импликации, и токму затоа во уставното судство постои она што се нарекува „одлуката на Уставниот суд да не одлучува е одлука”. Како еден од судиите со најдолг стаж во актуелниот состав сведочев за повеќе вакви ситуации. Но, искуството ми укажа на две важни работи, кои се важни и за мојот мандат како претседател.
Прво прашање е: Дали одлагањето на одлуката по одредено прашање во име на сензибилноста и можните општествени реакции и импликации е оправдана и дали ја постигнала својата цел? Не, сензибилноста по такви прашања не се лимитирани со временска рамка, сензибилноста не се намалува со протекот на време, тие биле и се уште се сензибилни предмети и пред 4 години исто и денес, и од тој аспект подобро и поздраво е Судот промптно без калкулации да одлучува, исклучиво со уставно-правни аргументи и затоа како пртетседател со ова искуство ќе се залагам за што е можно побрзо одлучување за предметите без разлика на степенот на нивната сензибилност. Второ исклучиво релевантно прашање и за Судот и за овие важни предмети за кои зборуваме, но и за правната држава е: Дали како општество сме подготвени и зрели да се соочиме и со одлуки на Судот, кои секако се од висок јавен интерес. Односно треба да бидеме искрени и сами да си го поставиме прашањето дали сме стабилна демократија, дали е неопходно и нужно да го направиме исчекорот и преминот во зрела демократија? Мојот став е јасен. Мојот став е дека е нужно, дека е крајно време да го направиме тој исчекор кон зрела демократија. Нашата уставна реалност според мене е дека живееме во демократијата која е стабилна, но не е зрела се уште. Зрелата демократија подразбира високо ниво на уставна и политичка култура, силно почитување на владеењето на правото, стабилни независни институции, институции кои го издржале тестот на времето и можат ефикасно да се справат со предизвици како политички кризи, економски, здравствени, какви било падови, длабоко вкоренети демократски норми кои ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните. И зрелите демократии можат да се соочат со периоди на нестабилност но при тоа тие не го губат својот основен демократски карактер.
Оттука не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката на Уставниот суд по одредено прашање. Не може бројни политички актери претпладне од уста да не ја вадaт заложбата за правна држава, за владеење на правото, за европски стандарди, а попладне да ги етикетираат одлуките на Уставниот суд како политички, етнички, верски, итн. Не може политиката како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со Устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија. Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок.
Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат оријентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти, законодавна, извршна, судска, монетарна или локална. Да им помогнат, нивните дејствија, прописи или одлуки бидат усогласени со Уставот. Судот во својата уставно-судска практика до сега има дадено авторитетни правни толкувања на сите темелни вредности, принципи начела, им има дадено содржинска смисла во нивните манифестации, доволно е останатите власти да ја следат почитуваат и применуваат таквата практика и одлуките на Судот. Одлуките на Судот, во кои е оценувана материјалната, формалната уставност, ставовите на Судот по бројни предмети го легитимираат правото. Уставниот суд е на врвот на пирамидата која се вика владеење на правото, тој е најповиканиот да рефлектира правна сигурност, усогласеност во правниот поредок. За тоа постојат уставните судови, ништо повеќе ништо помалку.
Тоа е мојот одговор до вас, а истовремено апел до граѓаните, државните органи, политичарите, ако навистина и мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив. Секое делување надвор од овие рамки за мене е чиста манипулација со граѓаните. Доколку одлука на Судот по овој или било кој друг предмет може да ги наруши, како што велите, политичко-етничките односи тогаш се поставува прашањето дали сме воопшто и стабилна демократија?

The post Првиот човек на Уставен суд за Законот за јазици: Не може и не е дозволено македонското општество да „трепери” очекувајќи ја одлуката appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Уставен Костадиновски: Точно е дека ние имаме предмети уште од 2017 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-ustaven-kostadinovski-tochno-e-deka-nie-imame-predmeti-ushte-od-2017-godina/ Thu, 04 Jul 2024 17:10:05 +0000 https://republika.mk/?p=793518

Владата и Собранието имаат легитимно право и уставно овластување ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија, вели претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во однос на најавените реформи на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и порачува дека „од исклучителна важност за правната држава е било какво законско решение да биде во согласност со Уставот“.

-Состојбите се општо познати. Појдовна точка е лошата перцепција на граѓаните, односно недовербата во правосудниот систем. Сосема е легитимно органите кои имаат уставно овластување и уставна надлежност, како што е Владата, Собранието да ги нормираат општествените односи или веќе нормираните општествени односи, ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија. Тоа е легитимно право и уставно овластување на тие органи, изјави Костадиновски, во гостувањето на МРТ.

Прашан за негов став за предлогот за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, Костадиновски, посочи дека не е надлежност на Уставниот суд да ја цени целисходноста на нивната намера, туку, дали тоа е во согласност со Уставот.

-Наша надлежност е тоа што ќе се нормира, ако проценат дали во оваа област или во која било друга област дека има потреба од измени и промени да биде во согласност со Уставот. Примарна работа на секој еден граѓанин и секоја една институција во оваа држава е да го почитува Уставот. Тоа важи за мене, тоа важи за вас, за Владата и за Собранието. Од исклучителна важност за правната држава е било какво законско решение да биде во согласност со Уставот, изјави Костадиновски.

Костадиновски во своето гостување на МРТ, прво откако е претседател на Уставниот суд, најави дека чување на предмети нема да има, и порача дека на состанок со колегите веќе им најавил дека бара од септември тие предмети да бидат ставени на одлучување.

-Чување на предмети нема да има. Точно е дека ние имаме предмети уште од 2017 година. На првиот работен состанок со своите колеги им најавив дека тие предмети барам и инисистрам веќе од септември-октомври да се изнесат за расправа и одлучување. Нема од што да бегаме, доколку сите фактори во оваа држава се залагаат во оваа држава да владее правото, тогаш нема потреба од бегање. Нема потреба од чување за мир во куќа или заради сензибилност, да не се наруши некоја општествена состојба. Силата на нашите аргументи треба да биде доволна за ние да ги одлучуваме предметите и нашите одлуки да бидат почитувани од сите. И тоа е еден од начините за враќање на доверба на граѓаните во правната држава, изјави Костадиновски.

Во однос на Законот за облигациони односи и носењето две различни одлуки во период од шест месеци, Костадиновски, вели дека има голема разлика во пресудена работа во редовното судство и во уставното судство и дека „не е ништо спорно доколку судот ја промени одлуката“.

-Во уставното судство пресудената работа има сосема поинаков значење. Нашиот акт значи дека доколку некое прашање повторно се појави за расправа пред судот, доколку постојат основи за поинакво одлучување, а основи за поинакво одлучување се широк дијапазон. Значи имаме нов судија, кој не учествувал во претходната одлука или имаме судија кој го преиспитал својот став, секако согласно своето слободно судиско уверување и тоа може да значи, или доколку од донесувањето на одлуката да не поведеме постапка се појават околности кои ни укажуваат дека сепак се појавиле некои уставни проблематичности не е ништо спорно доколку судот ја промени одлуката. Сепак тоа е одлука на суд, тоа не е одлука на еден судија. Редовните судови судат спорови, Уставниот суд има сосема друга функција. Уставниот суд го чува Уставот, чувајќи го Уставот го штити системот, во кој треба да владее правото, изјави Костадиновски.

Според Костадиновски, граѓаните заслужуваат да знаат кои се уставните судии и како расправаат и одлучуваат, и најави дека во брзо време еден од неговите приоритети, а тоа е следење на седниците на Уставниот суд во живо, ќе биде реализирано.

- Отвореноста и транспарентноста јас сум убеден дека ќе влијае позитивно на враќање на довербата на граѓаните во судството. Да потсетам Уставниот суд е на врвот на правната пирамида во државата, изјави Костадиновски.

The post Претседателот на Уставен Костадиновски: Точно е дека ние имаме предмети уште од 2017 година appeared first on Република.

]]>

Владата и Собранието имаат легитимно право и уставно овластување ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија, вели претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во однос на најавените реформи на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и порачува дека „од исклучителна важност за правната држава е било какво законско решение да биде во согласност со Уставот“. -Состојбите се општо познати. Појдовна точка е лошата перцепција на граѓаните, односно недовербата во правосудниот систем. Сосема е легитимно органите кои имаат уставно овластување и уставна надлежност, како што е Владата, Собранието да ги нормираат општествените односи или веќе нормираните општествени односи, ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија. Тоа е легитимно право и уставно овластување на тие органи, изјави Костадиновски, во гостувањето на МРТ. Прашан за негов став за предлогот за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, Костадиновски, посочи дека не е надлежност на Уставниот суд да ја цени целисходноста на нивната намера, туку, дали тоа е во согласност со Уставот. -Наша надлежност е тоа што ќе се нормира, ако проценат дали во оваа област или во која било друга област дека има потреба од измени и промени да биде во согласност со Уставот. Примарна работа на секој еден граѓанин и секоја една институција во оваа држава е да го почитува Уставот. Тоа важи за мене, тоа важи за вас, за Владата и за Собранието. Од исклучителна важност за правната држава е било какво законско решение да биде во согласност со Уставот, изјави Костадиновски. Костадиновски во своето гостување на МРТ, прво откако е претседател на Уставниот суд, најави дека чување на предмети нема да има, и порача дека на состанок со колегите веќе им најавил дека бара од септември тие предмети да бидат ставени на одлучување. -Чување на предмети нема да има. Точно е дека ние имаме предмети уште од 2017 година. На првиот работен состанок со своите колеги им најавив дека тие предмети барам и инисистрам веќе од септември-октомври да се изнесат за расправа и одлучување. Нема од што да бегаме, доколку сите фактори во оваа држава се залагаат во оваа држава да владее правото, тогаш нема потреба од бегање. Нема потреба од чување за мир во куќа или заради сензибилност, да не се наруши некоја општествена состојба. Силата на нашите аргументи треба да биде доволна за ние да ги одлучуваме предметите и нашите одлуки да бидат почитувани од сите. И тоа е еден од начините за враќање на доверба на граѓаните во правната држава, изјави Костадиновски. Во однос на Законот за облигациони односи и носењето две различни одлуки во период од шест месеци, Костадиновски, вели дека има голема разлика во пресудена работа во редовното судство и во уставното судство и дека „не е ништо спорно доколку судот ја промени одлуката“.
-Во уставното судство пресудената работа има сосема поинаков значење. Нашиот акт значи дека доколку некое прашање повторно се појави за расправа пред судот, доколку постојат основи за поинакво одлучување, а основи за поинакво одлучување се широк дијапазон. Значи имаме нов судија, кој не учествувал во претходната одлука или имаме судија кој го преиспитал својот став, секако согласно своето слободно судиско уверување и тоа може да значи, или доколку од донесувањето на одлуката да не поведеме постапка се појават околности кои ни укажуваат дека сепак се појавиле некои уставни проблематичности не е ништо спорно доколку судот ја промени одлуката. Сепак тоа е одлука на суд, тоа не е одлука на еден судија. Редовните судови судат спорови, Уставниот суд има сосема друга функција. Уставниот суд го чува Уставот, чувајќи го Уставот го штити системот, во кој треба да владее правото, изјави Костадиновски.
Според Костадиновски, граѓаните заслужуваат да знаат кои се уставните судии и како расправаат и одлучуваат, и најави дека во брзо време еден од неговите приоритети, а тоа е следење на седниците на Уставниот суд во живо, ќе биде реализирано.
- Отвореноста и транспарентноста јас сум убеден дека ќе влијае позитивно на враќање на довербата на граѓаните во судството. Да потсетам Уставниот суд е на врвот на правната пирамида во државата, изјави Костадиновски.

The post Претседателот на Уставен Костадиновски: Точно е дека ние имаме предмети уште од 2017 година appeared first on Република.

]]>
Уставни судии добиле закани по живот околу конкретен судски предмет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavni-sudii-dobile-zakani-po-zhivot-okolu-konkreten-sudski-predmet/ Mon, 24 Jun 2024 11:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=790242

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд информираше судот.

Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии. Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите, се вели во известувањето од Уставен.

The post Уставни судии добиле закани по живот околу конкретен судски предмет appeared first on Република.

Лојален сум само на Уставот: Новиот претседател на Уставен сака да ја врати довербата на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lojalen-sum-samo-na-ustavot-noviot-pretsedatel-na-ustaven-saka-da-ja-vrati-doverbata-na-graganite/ Mon, 10 Jun 2024 12:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=786245

Како претседател на Уставниот суд имам поставено еден врвен приоритет и неколку предизвици, а кои се неопходни за реализација на тој приоритет. Ако сме свесни за нашата општествена и уставна реалност, довербата на граѓаните во институциите и правната држава е на историско најниско ниво – рече новиот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски на првиот брифинг со новинарите.

Тој посочи дека токму тоа ќе биде неговиот приоритет, враќање на довербата на граѓаните во Уставниот суд и враќање на довербата во правната држава. Но додаде дека нема да дозволи на никого да влијае врз него и врз Судот, бидејќи како што рече тој верува единствено во Уставот и делува според него.

За остварување на тој приоритет неопходни се неколку чекори. Прв чекор е бескомпромисноста во обезбедување на независноста и самостојноста на Уставен суд, како и мојата бескомпромисност во обидите за било какви политички влијанија. Ќе предложам седници на Уставен суд да се снимаат и да се емитуваат во живо. Во други земји не се снимаат и не се пренесуваат во живо, но во тие земји немаме девастирано владеење на правото како кај нас. За да се врати довербата на граѓаните потребни се похрабри и одлучни чекори – вели Костадиновски.

Новиот претседател истакна дека преку интервенции во Уставот ќе бара измени на Законот за Уставен суд, бидејќи од 1991 кога е донесен првиот Устав, Уставниот суд е најнереформираната институција во државата

Уставниот суд ја црпи својата надлежност директно од Уставот и од Актот на Судот. Се поставува прашањето дали ваквата статус кво состојба во поглед на правната рамка и на кого му одговара да продолжи. Тука се надоврзува прашањето и дали се исполнети очекувањата на граѓаните 33 години по донесувањето на Уставот. Со сите релевантни чинители ќе разговара за неопходноста од интервенција во Уставот со цел обезбедување на уставен основ за донесување на закон со кој ќе се операционализираат новите одредби за Уставниот суд. Не треба да биде каков било закон, туку системски, затоа што тоа е начинот со кој ќе се гарантира независноста на судот – додаде Костадиновски.

Одговарајќи на новинарски прашања дали е уставна одлуката Талат Џафери да има две функции во државата (Технички премиер и пратеник), како и дали претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прекршила Уставот со давањето заклетва, Костадиновски рече:

Во моментов не можам да дадам никакво мислење за нешто што не е како иницијатива доставено до Уставен суд. Знам дека јавноста ја интересираат одговорите за овие прашања, но практиката е таква кај нас, не коментираме ништо за што нема поднесено иницијатива. Доколку некој поднесе, а можеби и веќе денеска е понесено, тогаш веднаш како Суд ќе дадеме мислење.

Костадиновски беше избран за нов претседател на Уставен суд на 4 јуни по над 10 круга гласање. Тој доби мнозинство од гласовите, а противкандидат му беше колегата Осман Кадриу. Претходно се тркаа Тања Васиќ-Бозаџиева, Ана Павловска-Данева, но откако не добија доволно (6) гласови од вкупно 9-те уставни судии, беше предложен Костадиновски.

The post Лојален сум само на Уставот: Новиот претседател на Уставен сака да ја врати довербата на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Како претседател на Уставниот суд имам поставено еден врвен приоритет и неколку предизвици, а кои се неопходни за реализација на тој приоритет. Ако сме свесни за нашата општествена и уставна реалност, довербата на граѓаните во институциите и правната држава е на историско најниско ниво – рече новиот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски на првиот брифинг со новинарите. Тој посочи дека токму тоа ќе биде неговиот приоритет, враќање на довербата на граѓаните во Уставниот суд и враќање на довербата во правната држава. Но додаде дека нема да дозволи на никого да влијае врз него и врз Судот, бидејќи како што рече тој верува единствено во Уставот и делува според него.
За остварување на тој приоритет неопходни се неколку чекори. Прв чекор е бескомпромисноста во обезбедување на независноста и самостојноста на Уставен суд, како и мојата бескомпромисност во обидите за било какви политички влијанија. Ќе предложам седници на Уставен суд да се снимаат и да се емитуваат во живо. Во други земји не се снимаат и не се пренесуваат во живо, но во тие земји немаме девастирано владеење на правото како кај нас. За да се врати довербата на граѓаните потребни се похрабри и одлучни чекори – вели Костадиновски.
Новиот претседател истакна дека преку интервенции во Уставот ќе бара измени на Законот за Уставен суд, бидејќи од 1991 кога е донесен првиот Устав, Уставниот суд е најнереформираната институција во државата Уставниот суд ја црпи својата надлежност директно од Уставот и од Актот на Судот. Се поставува прашањето дали ваквата статус кво состојба во поглед на правната рамка и на кого му одговара да продолжи. Тука се надоврзува прашањето и дали се исполнети очекувањата на граѓаните 33 години по донесувањето на Уставот. Со сите релевантни чинители ќе разговара за неопходноста од интервенција во Уставот со цел обезбедување на уставен основ за донесување на закон со кој ќе се операционализираат новите одредби за Уставниот суд. Не треба да биде каков било закон, туку системски, затоа што тоа е начинот со кој ќе се гарантира независноста на судот – додаде Костадиновски. Одговарајќи на новинарски прашања дали е уставна одлуката Талат Џафери да има две функции во државата (Технички премиер и пратеник), како и дали претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прекршила Уставот со давањето заклетва, Костадиновски рече: Во моментов не можам да дадам никакво мислење за нешто што не е како иницијатива доставено до Уставен суд. Знам дека јавноста ја интересираат одговорите за овие прашања, но практиката е таква кај нас, не коментираме ништо за што нема поднесено иницијатива. Доколку некој поднесе, а можеби и веќе денеска е понесено, тогаш веднаш како Суд ќе дадеме мислење. Костадиновски беше избран за нов претседател на Уставен суд на 4 јуни по над 10 круга гласање. Тој доби мнозинство од гласовите, а противкандидат му беше колегата Осман Кадриу. Претходно се тркаа Тања Васиќ-Бозаџиева, Ана Павловска-Данева, но откако не добија доволно (6) гласови од вкупно 9-те уставни судии, беше предложен Костадиновски.

The post Лојален сум само на Уставот: Новиот претседател на Уставен сака да ја врати довербата на граѓаните appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес конференција на претседателот на Уставниот суд Костадиновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-pretsedatelot-na-ustavniot-sud-kostadinovski/ Mon, 10 Jun 2024 11:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=786190

Прес-конференција на новоизбраниот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

The post ВО ЖИВО: Прес конференција на претседателот на Уставниот суд Костадиновски appeared first on Република.

Конечно се избра: Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konechno-se-izbra-darko-kostadinovski-nov-pretsedatel-na-ustaven-sud/ Tue, 04 Jun 2024 12:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=784658

Судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија, информираат денеска од Судот.

Од Уставниот суд додаваат дека повеќе информации во врска со изборот на Костадиновски ќе бидат соопштени во текот на денот.

Претходно Уставниот суд во повеќе обиди не успеа да избере претседател.

Вчера беше последниот обид во кој судот не успеа да избере наследник на Добрила Кацарска чиј мандат заврши на 2 јуни. Судијката Ана Павловска-Данева денеска ја повлече кандидатурата со цел да не се доведе државата во уставна криза, а нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство по што уставните судии гласаа за судијата Осман Кадриу, кој исто така не го доби потребното мнозинство.

Од Уставниот суд информираа дека судијката Васиќ-Бозаџиева во сите гласања во коишто била предложена добила пет гласа. Исто толку гласа во осмото гласање добил и судијата Кадриу.

Постапката за избор на претседател на Уставниот суд продолжува согласно членот 7 став 4 од Деловникот на Судот, според кој доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство, постапката за избор на претседател се повторува, појаснија од Уставниот суд.

Причината за поделеноста на гласовите, од Уставниот суд ја објаснуваа со тоа дека судиите гласаат по сопствено убедување и дека гласањето „за“ или „против“ е нивно лично убедување.

Седницата за избор на претседател на Уставниот суд, започна на 30 мај.

The post Конечно се избра: Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија, информираат денеска од Судот. Од Уставниот суд додаваат дека повеќе информации во врска со изборот на Костадиновски ќе бидат соопштени во текот на денот. Претходно Уставниот суд во повеќе обиди не успеа да избере претседател. Вчера беше последниот обид во кој судот не успеа да избере наследник на Добрила Кацарска чиј мандат заврши на 2 јуни. Судијката Ана Павловска-Данева денеска ја повлече кандидатурата со цел да не се доведе државата во уставна криза, а нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство по што уставните судии гласаа за судијата Осман Кадриу, кој исто така не го доби потребното мнозинство. Од Уставниот суд информираа дека судијката Васиќ-Бозаџиева во сите гласања во коишто била предложена добила пет гласа. Исто толку гласа во осмото гласање добил и судијата Кадриу. Постапката за избор на претседател на Уставниот суд продолжува согласно членот 7 став 4 од Деловникот на Судот, според кој доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство, постапката за избор на претседател се повторува, појаснија од Уставниот суд. Причината за поделеноста на гласовите, од Уставниот суд ја објаснуваа со тоа дека судиите гласаат по сопствено убедување и дека гласањето „за“ или „против“ е нивно лично убедување. Седницата за избор на претседател на Уставниот суд, започна на 30 мај.

The post Конечно се избра: Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд appeared first on Република.

]]>