Дарко Хрват Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-hrvat/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Feb 2022 18:55:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дарко Хрват Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-hrvat/ 32 32 Хрватскиот премиер веднаш го разреши уапсениот министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskiot-premier-vednash-go-razreshi-uapseniot-minister/ Sat, 19 Feb 2022 18:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=460918

Хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ денеска го разреши Дарко Хорват од должноста министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, на негово лично барање.

Информацијата за весникот „Јутарњи лист“ ја потврдил портпаролот на хрватската Влада.

Адвокатот Владимир Терешак, кој го застапува уапсениот Хорват, претходно изјави дека неговиот клиент на распитот се изјаснил за невин за злоупотреба на службената положба и оти обвинителството бара негов притвор.

Тој пред новинарите во Загреб изјави дека Хорват активно се бранел пред истражителите на Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) повеќе од еден час, а УСКОК побарал притвор за кој вечерва ќе одлучи истражен судија од загрепскиот Жупаниски суд.

Адвокатот рече дека Хорват е обвинет за злоупотреба на положба и овластувања, односно дека на одредени фирми кои се пријавиле на конкурс без тендерска документација им било дадено право на првенство, што министерот го негира. Тој рече дека за сè се задолжени сите стручни служби на министерството.

Случајот, како што рече, опфаќа неколку лица, а произлегува од друг случај во кој еден од осомничените е и неговата поранешна помошничка Ана Мандац. Таа поднесе оставка откако беше осомничена за проневера со поранешната државна секретарка Јосипа Римац.

The post Хрватскиот премиер веднаш го разреши уапсениот министер appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ денеска го разреши Дарко Хорват од должноста министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, на негово лично барање. Информацијата за весникот „Јутарњи лист“ ја потврдил портпаролот на хрватската Влада. Адвокатот Владимир Терешак, кој го застапува уапсениот Хорват, претходно изјави дека неговиот клиент на распитот се изјаснил за невин за злоупотреба на службената положба и оти обвинителството бара негов притвор. Тој пред новинарите во Загреб изјави дека Хорват активно се бранел пред истражителите на Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) повеќе од еден час, а УСКОК побарал притвор за кој вечерва ќе одлучи истражен судија од загрепскиот Жупаниски суд. Адвокатот рече дека Хорват е обвинет за злоупотреба на положба и овластувања, односно дека на одредени фирми кои се пријавиле на конкурс без тендерска документација им било дадено право на првенство, што министерот го негира. Тој рече дека за сè се задолжени сите стручни служби на министерството. Случајот, како што рече, опфаќа неколку лица, а произлегува од друг случај во кој еден од осомничените е и неговата поранешна помошничка Ана Мандац. Таа поднесе оставка откако беше осомничена за проневера со поранешната државна секретарка Јосипа Римац.

The post Хрватскиот премиер веднаш го разреши уапсениот министер appeared first on Република.

]]>