дарко димевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-dimevski/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Jun 2022 19:04:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дарко димевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-dimevski/ 32 32 Димовски: Ќе протестираме пред МТСП за да прашаме каде исчезна ветеното од 1 Мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimovski-kje-protestirame-pred-mtsp-za-da-prashame-kade-ischezna-vetenoto-od-1-maj/ Mon, 27 Jun 2022 19:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=520449

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре ќе го продолжи протестот за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари пред Министерството за труд и социјална политика од 10 до 13 часот, согласно одлуката на Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ.

Во очекување повторно да биде поднесен амандман за исполнување на нивното барање во собраниската Комисија за финансирање и буџет, незадоволството ќе го изразат пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Ние ќе го бараме излезот во Собранието преку амандман. Идејата ни беше да поставиме столчиња колку што има членови во Комисијата за финансирање и буџет, но ја одложија, не се знае дали ќе биде во четврток или петок. Затоа ние активностите ги пренасочуваме пред МТСП и да ја прашаме министерката Јованка Тренчевска каде исчезна социјалниот дијалог, ветувањето што ни го даде на 1 Мај и зошто не е прифатен амандманот во расправата за ребалансот на Буџетот - порача претседателот на ССМ, Дарко Димовски при гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Претходно, протести беа организирани пред Владата и Собранието, а денеска ССМ ја блокираше крстосницата во Автокоманда за влез/излез од Скопје.

Пред три-четири дена не се изгласа нашиот амандман предложен од Сојузот на синдикати на Македонија – линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за сите работници. Протестираме за да им порачаме на сите несовесни пратеници и министри кои не нѐ поддржуваат дека сме спремни на сѐ доколку ова не го изгласаат и не ни излезат во пресрет во оваа економска криза - истакна Димовски.

Тој порача дека од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија, Беса и Алијанса за Албанците им е ветено дека уште еднаш ќе го поднесат амандманот во собраниската комисија за корекција на ребалансот на Буџетот односно, како што рече, да ги предвидат тие 2.806 денари или 30 милиони евра.

Ние утре ќе одиме пред МТСП каде што јавно ќе побараме од министерката Тренчевска да се заложи многу повеќе за она што ни го ветија на 1 Мај, кога и таа беше присутна како дел од претставниците на Владата кои нѐ пречекаа во Владата. Тогаш ни ветија дека со ребалансот на Буџетот и Законот за извршување на Буџет овие средства можат да ги предвидат најдоцна до 1 јули. Тоа е за четири дена, а од тоа ни трага ни глас - изјави Димовски.

Во врска со барањето за медијација (помирување) што ССМ, согласно Законот за мирно решавање работни спорови, го поднесе на 7 јуни, Димовски порача дека дваесет дена не добиле покана.

Согласно членот 23 од Законот за мирно решавање работни спорови, кога ќе изброите 20 дена – ако сме го поднеле на 7 јуни, денеска е 27 јуни, никој досега не нѐ повикал, а од утре веќе нема на што да се помируваме. ССМ останува на ставот дека треба да се случи тоа што ни беше ветено пред толпата народ за време на денот на работникот - додаде Димовски.

The post Димовски: Ќе протестираме пред МТСП за да прашаме каде исчезна ветеното од 1 Мај appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре ќе го продолжи протестот за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари пред Министерството за труд и социјална политика од 10 до 13 часот, согласно одлуката на Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ. Во очекување повторно да биде поднесен амандман за исполнување на нивното барање во собраниската Комисија за финансирање и буџет, незадоволството ќе го изразат пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Ние ќе го бараме излезот во Собранието преку амандман. Идејата ни беше да поставиме столчиња колку што има членови во Комисијата за финансирање и буџет, но ја одложија, не се знае дали ќе биде во четврток или петок. Затоа ние активностите ги пренасочуваме пред МТСП и да ја прашаме министерката Јованка Тренчевска каде исчезна социјалниот дијалог, ветувањето што ни го даде на 1 Мај и зошто не е прифатен амандманот во расправата за ребалансот на Буџетот - порача претседателот на ССМ, Дарко Димовски при гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Претходно, протести беа организирани пред Владата и Собранието, а денеска ССМ ја блокираше крстосницата во Автокоманда за влез/излез од Скопје.
Пред три-четири дена не се изгласа нашиот амандман предложен од Сојузот на синдикати на Македонија – линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за сите работници. Протестираме за да им порачаме на сите несовесни пратеници и министри кои не нѐ поддржуваат дека сме спремни на сѐ доколку ова не го изгласаат и не ни излезат во пресрет во оваа економска криза - истакна Димовски.
Тој порача дека од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија, Беса и Алијанса за Албанците им е ветено дека уште еднаш ќе го поднесат амандманот во собраниската комисија за корекција на ребалансот на Буџетот односно, како што рече, да ги предвидат тие 2.806 денари или 30 милиони евра.
Ние утре ќе одиме пред МТСП каде што јавно ќе побараме од министерката Тренчевска да се заложи многу повеќе за она што ни го ветија на 1 Мај, кога и таа беше присутна како дел од претставниците на Владата кои нѐ пречекаа во Владата. Тогаш ни ветија дека со ребалансот на Буџетот и Законот за извршување на Буџет овие средства можат да ги предвидат најдоцна до 1 јули. Тоа е за четири дена, а од тоа ни трага ни глас - изјави Димовски.
Во врска со барањето за медијација (помирување) што ССМ, согласно Законот за мирно решавање работни спорови, го поднесе на 7 јуни, Димовски порача дека дваесет дена не добиле покана.
Согласно членот 23 од Законот за мирно решавање работни спорови, кога ќе изброите 20 дена – ако сме го поднеле на 7 јуни, денеска е 27 јуни, никој досега не нѐ повикал, а од утре веќе нема на што да се помируваме. ССМ останува на ставот дека треба да се случи тоа што ни беше ветено пред толпата народ за време на денот на работникот - додаде Димовски.

The post Димовски: Ќе протестираме пред МТСП за да прашаме каде исчезна ветеното од 1 Мај appeared first on Република.

]]>
Откако не се постигна договор за минимална плата, ССМ најавува штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkako-ne-se-postigna-dogovor-za-minimalna-plata-ssm-najavuva-shtrajk/ Wed, 02 Feb 2022 18:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=453180

За претседателот на ССМ Дарко Димовски, предлогот што го дале работодавачите на крајот од денешната седница е само обид да купат време.

-Се преговараше три саати и кога преовладаа аргументите на страната на ССМ и на останатите синдикати работодавачите во 5 до 12 излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение, вели Димовски.

Тој е дециден дека доколку не се дојде до решение, останува штрајкот како следен чекор на синдикатите.

-Штрајкувачките одбори остануваат ние во петок имаме закажано органи и тела на Сојузот. Ќе дојдеме и во 16 часот во петок и ќе им соопштиме дека доколку не се одобри ова што го бараме ние стапуваме во генерален штрајк, вели Димовски додавајќи дека аргументите и анализите се на страна на синдикатите и оти тие покажуваат дека минималната плата мора да расте, како и сите останати плати согласно закон и колективен договор.

Според него, предлогот на работодавачите е чекор назад во правата на работниците.

Инаку, за потсетување барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска се разгледуваше на седница на Економско-социјалниот совет, но, ниту по неколкучасовна расправа Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор. Консензус, посочија, има единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но, не и за колку или на каков начин да се дојде до тоа.

The post Откако не се постигна договор за минимална плата, ССМ најавува штрајк appeared first on Република.

]]>

За претседателот на ССМ Дарко Димовски, предлогот што го дале работодавачите на крајот од денешната седница е само обид да купат време.
-Се преговараше три саати и кога преовладаа аргументите на страната на ССМ и на останатите синдикати работодавачите во 5 до 12 излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение, вели Димовски.
Тој е дециден дека доколку не се дојде до решение, останува штрајкот како следен чекор на синдикатите.
-Штрајкувачките одбори остануваат ние во петок имаме закажано органи и тела на Сојузот. Ќе дојдеме и во 16 часот во петок и ќе им соопштиме дека доколку не се одобри ова што го бараме ние стапуваме во генерален штрајк, вели Димовски додавајќи дека аргументите и анализите се на страна на синдикатите и оти тие покажуваат дека минималната плата мора да расте, како и сите останати плати согласно закон и колективен договор.
Според него, предлогот на работодавачите е чекор назад во правата на работниците. Инаку, за потсетување барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска се разгледуваше на седница на Економско-социјалниот совет, но, ниту по неколкучасовна расправа Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор. Консензус, посочија, има единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но, не и за колку или на каков начин да се дојде до тоа.