дарко алексовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-aleksovski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 19:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дарко алексовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darko-aleksovski/ 32 32 Фудбалер од Неготино децата си ги крстил Нејмар и Пеле https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbaler-od-negotino-detsata-si-gi-krstil-nejmar-i-pele/ Fri, 19 Jul 2024 20:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=798604

Македонскиот фудбалер Дарко Алексовски привлече големо внимание поради неговиот прекар Пеле по легендарниот бразилски играч, а зад тоа се крие необична приказна.

Фудбалерот на Вардар Неготино во разговор со „М-Нет.мк“ раскажа дека прекарот Пеле всушност го наследил од неговиот татко, а истиот го вметнал и во презимињата на неговите синови чии имиња се Нејмар и Габриел.

„Мојот татко бил аматер, но бил многу атрактивен фудбалер, а во тоа време актуелен играч бил Пеле. Останатите почнале да го нарекуваат Пеле. И јас сум атрактивен и интересен фудбалер, па прекарот го добивам од мојот дедо и татко. И тој мој прекар го ставив на моите два сина. Моите синови се Нејмар и Габриел Благојчевски, односно Нејмар Пеле Благојчевски и Габриел Пеле Благојчевски. Не сакам да згасне таа традиција. Сакам да продолжи лозата. Пеле е кралот на фудбалот“, вели Алексовски.

The post Фудбалер од Неготино децата си ги крстил Нејмар и Пеле appeared first on Република.

]]>

Македонскиот фудбалер Дарко Алексовски привлече големо внимание поради неговиот прекар Пеле по легендарниот бразилски играч, а зад тоа се крие необична приказна. Фудбалерот на Вардар Неготино во разговор со „М-Нет.мк“ раскажа дека прекарот Пеле всушност го наследил од неговиот татко, а истиот го вметнал и во презимињата на неговите синови чии имиња се Нејмар и Габриел.
„Мојот татко бил аматер, но бил многу атрактивен фудбалер, а во тоа време актуелен играч бил Пеле. Останатите почнале да го нарекуваат Пеле. И јас сум атрактивен и интересен фудбалер, па прекарот го добивам од мојот дедо и татко. И тој мој прекар го ставив на моите два сина. Моите синови се Нејмар и Габриел Благојчевски, односно Нејмар Пеле Благојчевски и Габриел Пеле Благојчевски. Не сакам да згасне таа традиција. Сакам да продолжи лозата. Пеле е кралот на фудбалот“, вели Алексовски.

The post Фудбалер од Неготино децата си ги крстил Нејмар и Пеле appeared first on Република.

]]>
Дарко Алексовски и Нада Прља се дел од изложбата „EX-SITU: Уметнички позиции за загрозениот биодиверзитет и соживот на видовите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/darko-aleksovski-i-nada-prla-se-del-od-izlozhbata-ex-situ-umetnichki-pozitsii-za-zagrozeniot-biodiverzitet-i-sozhivot-na-vidovite/ Thu, 01 Feb 2024 07:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=739204

Во срцето на Босна и Херцеговина, во планинскиот појас Враница, живее Босанскиот планински тритон – вид водоземен лазач кој се смета за загрозен вид. Националниот музеј на Босна и Херцеговина е во процес на изградба на вивариум за ex-situ заштита на овој вид. Музејот планира да обезбеди континуирано постоење на овој вивариум со цел да се заштити овој вид ако навистина изумре во неговото природно живеалиште.

Босанскиот планински тритон и планираниот вивариум се појдовни точки за оваа изложба на современи уметнички дела во рамки на Природонаучниот оддел на Националниот музеј во Сараево. Осумнаесет уметници и уметнички групи од Централна и Југоисточна Европа претставуваат дела кои се изложени на пресекот помеѓу природата, човековата активност и различноста (на видовите) наспроти загрозените форми на живот во Антропоценот. Со оваа поставка во Природнонаучниот оддел на Националниот музеј, уметничките практики директно се поврзуваат со научни референци.

Од Македонија во проектот учествуваат уметниците Дарко Алексовски, со серија дела насловени „И планините продолжуваа да ветуваат“ и Нада Прља, со инсталацијата создадена од 9 слики, под наслов „Се родив да летам III“ и Umwelt (животната средина), интервенција врз постоечка музејска витрина. Покрај Алексовски и Прља на изложбата учествуваат и уметницте: Ламија Чехајиќ, Danube Transformation Agency for Agency, Анита Фукс, Теута Гатолин, Ернст Кослич, Полонца Ловшин, Рало Мајер, Едит Пајер, Ирена Лагатор Пејовиќ, Лала Рашчиќ, Оливер Реслер, Иван Шуковиќ, Адриен Ујхази / Немања Миленковиќ, Ана Васоф, Дриант Зенели и Дардан Жегрова. Куратори на изложбата се Маргарете Маковец и Антон Ледерер.

Составен дел од проектот ќе биде еднодневен симпозиум со гости од областа на визуелните уметности и експерти од областа на природните науки. Нашите ликовни уметниции Христина Иваноска и Нада Прља се дел од учесниците на симпозиумот. Оваа средба на кустоси и културни работници, уметници и научници, има за цел да ја промовира размената во контекст на темата на изложба и проектот на Националниот музеј за заштита на Босанскиот планински тритон, и е наменет за пошироката публика.

За референците и препораките, кураторите се заблагодаруваат на Ирена Бориќ, Адела Деметја, Ирфан Хошиќ, Христина Иваноска / Јане Чаловски / Јованка Попова, Ајете Керќели / Нита Зеќири, Андреа Палашти и Наталија Вујошевиќ. Проектот на < ротор > центарот за современи уметности (Грац, Австрија), нарачан од Одделот за култура на Штаерска по иницијатива на австриското Сојузно министерство за европски и меѓународни работи, е посветен на загрозениот Босански планински тритон.

The post Дарко Алексовски и Нада Прља се дел од изложбата „EX-SITU: Уметнички позиции за загрозениот биодиверзитет и соживот на видовите“ appeared first on Република.

]]>

Во срцето на Босна и Херцеговина, во планинскиот појас Враница, живее Босанскиот планински тритон – вид водоземен лазач кој се смета за загрозен вид. Националниот музеј на Босна и Херцеговина е во процес на изградба на вивариум за ex-situ заштита на овој вид. Музејот планира да обезбеди континуирано постоење на овој вивариум со цел да се заштити овој вид ако навистина изумре во неговото природно живеалиште. Босанскиот планински тритон и планираниот вивариум се појдовни точки за оваа изложба на современи уметнички дела во рамки на Природонаучниот оддел на Националниот музеј во Сараево. Осумнаесет уметници и уметнички групи од Централна и Југоисточна Европа претставуваат дела кои се изложени на пресекот помеѓу природата, човековата активност и различноста (на видовите) наспроти загрозените форми на живот во Антропоценот. Со оваа поставка во Природнонаучниот оддел на Националниот музеј, уметничките практики директно се поврзуваат со научни референци. Од Македонија во проектот учествуваат уметниците Дарко Алексовски, со серија дела насловени „И планините продолжуваа да ветуваат“ и Нада Прља, со инсталацијата создадена од 9 слики, под наслов „Се родив да летам III“ и Umwelt (животната средина), интервенција врз постоечка музејска витрина. Покрај Алексовски и Прља на изложбата учествуваат и уметницте: Ламија Чехајиќ, Danube Transformation Agency for Agency, Анита Фукс, Теута Гатолин, Ернст Кослич, Полонца Ловшин, Рало Мајер, Едит Пајер, Ирена Лагатор Пејовиќ, Лала Рашчиќ, Оливер Реслер, Иван Шуковиќ, Адриен Ујхази / Немања Миленковиќ, Ана Васоф, Дриант Зенели и Дардан Жегрова. Куратори на изложбата се Маргарете Маковец и Антон Ледерер. Составен дел од проектот ќе биде еднодневен симпозиум со гости од областа на визуелните уметности и експерти од областа на природните науки. Нашите ликовни уметниции Христина Иваноска и Нада Прља се дел од учесниците на симпозиумот. Оваа средба на кустоси и културни работници, уметници и научници, има за цел да ја промовира размената во контекст на темата на изложба и проектот на Националниот музеј за заштита на Босанскиот планински тритон, и е наменет за пошироката публика. За референците и препораките, кураторите се заблагодаруваат на Ирена Бориќ, Адела Деметја, Ирфан Хошиќ, Христина Иваноска / Јане Чаловски / Јованка Попова, Ајете Керќели / Нита Зеќири, Андреа Палашти и Наталија Вујошевиќ. Проектот на < ротор > центарот за современи уметности (Грац, Австрија), нарачан од Одделот за култура на Штаерска по иницијатива на австриското Сојузно министерство за европски и меѓународни работи, е посветен на загрозениот Босански планински тритон.

The post Дарко Алексовски и Нада Прља се дел од изложбата „EX-SITU: Уметнички позиции за загрозениот биодиверзитет и соживот на видовите“ appeared first on Република.

]]>