Дарја Дугина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darja-dugina/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Nov 2022 13:47:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дарја Дугина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darja-dugina/ 32 32 Русија распиша меѓународна потерница по убиецот на новинарката Дарја Дугина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-raspisha-megjunarodna-poternica-po-ubiecot-na-novinarkata-darja-dugina/ Wed, 02 Nov 2022 13:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=568835

Русија издаде меѓународна потерница за Наталија Вовк, која е обвинета за убиство на руската новинарка и политиколог Дарја Дугина.

Како што е соопштено за Спутник, Московскиот градски суд наредил Наталија Вовк да биде притворена два месеца по нејзиното апсење на територијата на Русија или екстрадиција.

Наталија Вовк е обвинета за убиство извршено од група лица, мотивирано од политичка или друга омраза. Во Русија ѝ се заканува затворска казна од осум до 20 години.

Дарја Дугина загина на 20 август кога експлодирал автомобилот што го возела. Таа починала на лице место. Автомобилот експлодирал кога врз него била поставена активирана експлозивна направа. Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка стојат украински специјални служби, а сторител е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

Според информациите на ФСБ, откако автомобилот во кој се наоѓала Дугина бил кренат во воздух, Наталија Вовк и нејзината ќерка отпатувале за Естонија преку регионот Песков.

 

 

 

The post Русија распиша меѓународна потерница по убиецот на новинарката Дарја Дугина appeared first on Република.

]]>

Русија издаде меѓународна потерница за Наталија Вовк, која е обвинета за убиство на руската новинарка и политиколог Дарја Дугина.
Како што е соопштено за Спутник, Московскиот градски суд наредил Наталија Вовк да биде притворена два месеца по нејзиното апсење на територијата на Русија или екстрадиција. Наталија Вовк е обвинета за убиство извршено од група лица, мотивирано од политичка или друга омраза. Во Русија ѝ се заканува затворска казна од осум до 20 години. Дарја Дугина загина на 20 август кога експлодирал автомобилот што го возела. Таа починала на лице место. Автомобилот експлодирал кога врз него била поставена активирана експлозивна направа. Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка стојат украински специјални служби, а сторител е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули. Според информациите на ФСБ, откако автомобилот во кој се наоѓала Дугина бил кренат во воздух, Наталија Вовк и нејзината ќерка отпатувале за Естонија преку регионот Песков.      

The post Русија распиша меѓународна потерница по убиецот на новинарката Дарја Дугина appeared first on Република.

]]>
Мајката на Наталија Вовк за убиството на Дугина: За инцидентот дознав од телевизија, бев шокирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majkata-na-natalija-vovk-za-ubistvoto-na-dugina-za-incidentot-doznav-od-televizija-bev-shokirana/ Wed, 24 Aug 2022 09:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=543523

Мајката на Наталија Вовк, осомничената за убиството на новинарката Дарја Дугина, изјави дека од јуни не ја видела својата ќерка и долго време не разговарала со неа на телефон.

Според жената, само нејзиниот татко, Павел Вовк, одржувал контакт со нејзината ќерка.

Таа комуницира само со нејзиниот татко. Немам никаква дописка со неа, не сме разговарале долго време, изјави таа во интервју за новинарите, пренесува РЕН ТВ .

Последен пат се виделе, според зборовите на нејзината мајка, во мај или јуни, откако Наталија од странство се вратила во Мариупол.

Вели дека за инцидентот дознала од телевизија и дека била „многу шокирана“.

Според неа, таа рекла дека нејзината ќерка се приклучила на Вооружените сили на Украина за да ги одгледува двете деца.

Знам дека отиде за да ги одгледува двете деца. Таа отиде таму во време на мир, служеше во вооружените сили на Украина и пред војната. Таму работела две години, изјавила мајката на Наталија, а пренесува „Известија“.

И таткото на Наталија кој вчера се огласи рече дека таа навистина еднаш служела во вооружените сили на Украина, а се откажала поради здравствени проблеми.
Откако била оперирана, била префрлена во централата да работи како телефонски оператор.
Оттаму, таа дала отказ, добивајќи солиден надомест.

Ќерката на филозофот Александар Дугин, Дарија Дугина беше убиена на 20 август кога експлодираше автомобилот на нејзиниот татко што таа го возела додека се враќала од литературниот и музички фестивал Традиција во Подмосковље.
Вчера по повод нејзината смрт беше одржана комеморација на која присуствуваа голем број луѓе, а подоцна беше погребана само во кругот на семејството.

The post Мајката на Наталија Вовк за убиството на Дугина: За инцидентот дознав од телевизија, бев шокирана appeared first on Република.

]]>

Мајката на Наталија Вовк, осомничената за убиството на новинарката Дарја Дугина, изјави дека од јуни не ја видела својата ќерка и долго време не разговарала со неа на телефон. Според жената, само нејзиниот татко, Павел Вовк, одржувал контакт со нејзината ќерка. Таа комуницира само со нејзиниот татко. Немам никаква дописка со неа, не сме разговарале долго време, изјави таа во интервју за новинарите, пренесува РЕН ТВ . Последен пат се виделе, според зборовите на нејзината мајка, во мај или јуни, откако Наталија од странство се вратила во Мариупол. Вели дека за инцидентот дознала од телевизија и дека била „многу шокирана“. Според неа, таа рекла дека нејзината ќерка се приклучила на Вооружените сили на Украина за да ги одгледува двете деца. Знам дека отиде за да ги одгледува двете деца. Таа отиде таму во време на мир, служеше во вооружените сили на Украина и пред војната. Таму работела две години, изјавила мајката на Наталија, а пренесува „Известија“. И таткото на Наталија кој вчера се огласи рече дека таа навистина еднаш служела во вооружените сили на Украина, а се откажала поради здравствени проблеми. Откако била оперирана, била префрлена во централата да работи како телефонски оператор. Оттаму, таа дала отказ, добивајќи солиден надомест. Ќерката на филозофот Александар Дугин, Дарија Дугина беше убиена на 20 август кога експлодираше автомобилот на нејзиниот татко што таа го возела додека се враќала од литературниот и музички фестивал Традиција во Подмосковље. Вчера по повод нејзината смрт беше одржана комеморација на која присуствуваа голем број луѓе, а подоцна беше погребана само во кругот на семејството.

The post Мајката на Наталија Вовк за убиството на Дугина: За инцидентот дознав од телевизија, бев шокирана appeared first on Република.

]]>
Лавров: Нема да има милост за убијците на Дугина https://arhiva3.republika.mk/vesti/lavrov-nema-da-ima-milost-za-ubijcite-na-dugina/ Tue, 23 Aug 2022 13:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=543316

Нема да има милост за убијците на Дарја Дугина, убиената ќерка на еден од најистакнатите руски националистички идеолози, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тоа е варварско злосторство за кое нема да има прошка…Не смее да има милост за организаторите, командантите или извршителите, рече Лавров пред медиумите.

Руските безбедносни служби ги обвинија украинските тајни служби дека го поставиле експлозивот во автомобилот на Дугина. Киев негира каква било вмешаност.

Убиството ја шокираше Русија, во мигови кога руските власти се обидуваат да го убедат населението дека инвазијата на Украина нема негативни последици за Русите.

Но, конфликтот станува сè повидлив последните неколку недели, со серијата експлозии на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија каде многу од жителите на земјата ги поминуваат годишните одмори.

Дугина беше убиена во саботата при експлозија на бомба поставена во нејзиниот автомобил во близина на Москва.

Истакнати политичари, нејзини колеги националисти и пријатели денеска се простија од Дугина.

Нејзиниот татко Александар Дугин (60), кој со години се залага за создавање нова руска империја што ќе вклучува територии на земји како Украина, пред присутните на погребот рече дека неговата ќерка умрела за Русија.

The post Лавров: Нема да има милост за убијците на Дугина appeared first on Република.

]]>

Нема да има милост за убијците на Дарја Дугина, убиената ќерка на еден од најистакнатите руски националистички идеолози, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тоа е варварско злосторство за кое нема да има прошка…Не смее да има милост за организаторите, командантите или извршителите, рече Лавров пред медиумите. Руските безбедносни служби ги обвинија украинските тајни служби дека го поставиле експлозивот во автомобилот на Дугина. Киев негира каква било вмешаност. Убиството ја шокираше Русија, во мигови кога руските власти се обидуваат да го убедат населението дека инвазијата на Украина нема негативни последици за Русите. Но, конфликтот станува сè повидлив последните неколку недели, со серијата експлозии на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија каде многу од жителите на земјата ги поминуваат годишните одмори. Дугина беше убиена во саботата при експлозија на бомба поставена во нејзиниот автомобил во близина на Москва. Истакнати политичари, нејзини колеги националисти и пријатели денеска се простија од Дугина. Нејзиниот татко Александар Дугин (60), кој со години се залага за создавање нова руска империја што ќе вклучува територии на земји како Украина, пред присутните на погребот рече дека неговата ќерка умрела за Русија.

The post Лавров: Нема да има милост за убијците на Дугина appeared first on Република.

]]>
Дарја Дугина умре за Русија: Таткото ги откри последните зборови на ќерка си https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/darja-dugina-umre-za-rusija-tatkoto-gi-otkri-poslednite-zborovi-na-kjerka-si/ Tue, 23 Aug 2022 12:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=543259

Дарја Дугина, „умрела за народот, за Русија“, а „огромната цена што треба да ја платиме може да се оправда само со највисокото достигнување“, рече нејзиниот татко, филозофот Александар Дугин пред стотици луѓе на денешното опростување со младата 29-годишна водителка на националистички ТВ-канал која загина во бомба во семејниот автомобил. Говорот на таткото и церемонијата беа пренесувана во живо, а многумина Руси ова го доживеаја потресно.

И последното нешто, кога разговаравме со неа на фестивалот „Традиција“, таа ми рече: „Тато, се чувствувам како воинка, се чувствувам како хероина. Сакам да бидам таква. Не сакам поинаква судбина. Сакам да бидам со мојот народ, со мојата земја. Сакам да бидам на страната на силите на светлината. Тоа е најважно – рече Дугин на разделбата со својата почината ќерка.

Претседателот на Русија, Владимир Путин постхумно ја одликуваше Дугина со Орден за храброст, една од највисоките руски награди. Тој им испрати писмо со сочувство на Дугин и неговата сопруга, во кое го осуди „суровото и предавничко убиство“ и рече дека Дугина „чесно им служела на народот и на татковината, докажувајќи со дела што значи да се биде патриот на Русија“.

Руската служба ФСБ вчера обвини дека украинската државјанка Наталија Вовк, член на баталјонот „Азов“ го извршила убиството откако во јули пристигнала во Русија со нејзината 12-годишна ќерка и изнајмила стан во зградата во која живеела Дугина за да ја следи.

Од ФСБ тврдат дека Вовк и нејзината ќерка вечерта присуствувале на националистичкиот фестивал „Традиција“, а по експлозијата, побегнале во Естонија со автомобил на кој му ги смениле табличките.

The post Дарја Дугина умре за Русија: Таткото ги откри последните зборови на ќерка си appeared first on Република.

]]>

Дарја Дугина, „умрела за народот, за Русија“, а „огромната цена што треба да ја платиме може да се оправда само со највисокото достигнување“, рече нејзиниот татко, филозофот Александар Дугин пред стотици луѓе на денешното опростување со младата 29-годишна водителка на националистички ТВ-канал која загина во бомба во семејниот автомобил. Говорот на таткото и церемонијата беа пренесувана во живо, а многумина Руси ова го доживеаја потресно. И последното нешто, кога разговаравме со неа на фестивалот „Традиција“, таа ми рече: „Тато, се чувствувам како воинка, се чувствувам како хероина. Сакам да бидам таква. Не сакам поинаква судбина. Сакам да бидам со мојот народ, со мојата земја. Сакам да бидам на страната на силите на светлината. Тоа е најважно – рече Дугин на разделбата со својата почината ќерка. Претседателот на Русија, Владимир Путин постхумно ја одликуваше Дугина со Орден за храброст, една од највисоките руски награди. Тој им испрати писмо со сочувство на Дугин и неговата сопруга, во кое го осуди „суровото и предавничко убиство“ и рече дека Дугина „чесно им служела на народот и на татковината, докажувајќи со дела што значи да се биде патриот на Русија“. Руската служба ФСБ вчера обвини дека украинската државјанка Наталија Вовк, член на баталјонот „Азов“ го извршила убиството откако во јули пристигнала во Русија со нејзината 12-годишна ќерка и изнајмила стан во зградата во која живеела Дугина за да ја следи. Од ФСБ тврдат дека Вовк и нејзината ќерка вечерта присуствувале на националистичкиот фестивал „Традиција“, а по експлозијата, побегнале во Естонија со автомобил на кој му ги смениле табличките.

The post Дарја Дугина умре за Русија: Таткото ги откри последните зборови на ќерка си appeared first on Република.

]]>
Немилосрдна порака на Русија за Наталија Вовк која е означена како убиец на Дарја: Ова и е единствена шанса да остане жива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nemilosrdna-poraka-na-rusija-za-natalija-vovk-koja-e-oznachena-kako-ubiec-na-darja-ova-i-e-edinstvena-shansa-da-ostane-ziva/ Tue, 23 Aug 2022 06:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=543070

Членот на регионалната војно-цивилна администрација на Запорошката област, Владимир Рогов напиша на својот Телеграм канал дека единствена шанса Наталија Вовк да остане жива е веднаш да „оттрча во руската амбасада во Естонија и да поднесе барање за азил“.

Единствена шанса Наталија Вовкова да остане жива е веднаш да оттрча во руската амбасада во Естонија и да бара азил. Потоа ја чека судење и може да го сочува својот живот, напиша Рогов на својот Телеграм канал.

Инаку руската ФСБ вчера објави дека Наталија Вовк е осомничена за убиство на ќерката на познатиот руски геополитичар, Александар Дугин. По неа е распишана и потерница.

The post Немилосрдна порака на Русија за Наталија Вовк која е означена како убиец на Дарја: Ова и е единствена шанса да остане жива appeared first on Република.

]]>

Членот на регионалната војно-цивилна администрација на Запорошката област, Владимир Рогов напиша на својот Телеграм канал дека единствена шанса Наталија Вовк да остане жива е веднаш да „оттрча во руската амбасада во Естонија и да поднесе барање за азил“. Единствена шанса Наталија Вовкова да остане жива е веднаш да оттрча во руската амбасада во Естонија и да бара азил. Потоа ја чека судење и може да го сочува својот живот, напиша Рогов на својот Телеграм канал. Инаку руската ФСБ вчера објави дека Наталија Вовк е осомничена за убиство на ќерката на познатиот руски геополитичар, Александар Дугин. По неа е распишана и потерница.

The post Немилосрдна порака на Русија за Наталија Вовк која е означена како убиец на Дарја: Ова и е единствена шанса да остане жива appeared first on Република.

]]>
ФСБ: Зад убиството на Дарја Дугина стои украинската специјална служба, се знае и сторителот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fsb-zad-ubistvoto-na-darja-dugina-stoi-ukrainskata-specijalna-sluzba-se-znae-i-storitelot/ Mon, 22 Aug 2022 11:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=542830

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка Дарја Дугина стојат украински специјални служби, а сторител е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

Утврдено е дека злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјални служби. Сторителот е украинската државјанка Наталија Вовк, родена 1979 година, која во Русија пристигнала на 23 јули 2022 година заедно со нејзината ќерка Софија Шабан, родена 2010 година. За да го организира убиството на Дарја Дугина и да добие информации за нејзиниот начин на живот, таа изнајмила стан во Москва во зградата во која живеела починатата, се наведува во извештајот.

По извршувањето на кривичното дело „Вовк заедно со нејзината ќерка преку регионот Псков заминала во Естонија“.

Се посочува дека криминалците користеле „мини купер“ за следење на новинарката. При влез во Русија користеле регистерски таблички DPR – E982KSH DPR, во Москва – казахстански таблички – 172AJD02, а при излегување – украински.

Во саботата навечер, автомобилот кој, според истражните органи, го управувала новинарката и политиколог Дарја Дугина, се запалил додека бил во движење. Таа починала на лице место. Според прелиминарната верзија, експлодирала експлозивна направа поставена во автомобилот.

The post ФСБ: Зад убиството на Дарја Дугина стои украинската специјална служба, се знае и сторителот appeared first on Република.

]]>

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка Дарја Дугина стојат украински специјални служби, а сторител е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули. Утврдено е дека злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјални служби. Сторителот е украинската државјанка Наталија Вовк, родена 1979 година, која во Русија пристигнала на 23 јули 2022 година заедно со нејзината ќерка Софија Шабан, родена 2010 година. За да го организира убиството на Дарја Дугина и да добие информации за нејзиниот начин на живот, таа изнајмила стан во Москва во зградата во која живеела починатата, се наведува во извештајот. По извршувањето на кривичното дело „Вовк заедно со нејзината ќерка преку регионот Псков заминала во Естонија“. Се посочува дека криминалците користеле „мини купер“ за следење на новинарката. При влез во Русија користеле регистерски таблички DPR – E982KSH DPR, во Москва – казахстански таблички – 172AJD02, а при излегување – украински. Во саботата навечер, автомобилот кој, според истражните органи, го управувала новинарката и политиколог Дарја Дугина, се запалил додека бил во движење. Таа починала на лице место. Според прелиминарната верзија, експлодирала експлозивна направа поставена во автомобилот.

The post ФСБ: Зад убиството на Дарја Дугина стои украинската специјална служба, се знае и сторителот appeared first on Република.

]]>
Се сомневаат дека цел бил татко и: Русија отвори истрага за убиството на Дарја Дугина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-somnevaat-deka-cel-bil-tatko-i-rusija-otvori-istraga-za-ubistvoto-na-darja-dugina/ Sun, 21 Aug 2022 12:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=542572

Руските власти соопштија дека отвориле истрага за убиство откако ќерката на влијателниот ултранационалистички филозоф Александар Дугин загина кога експлодира бомба во нејзината кола во предградието на Москва. Рускиот истражен комитет соопшти дека верува оти некој ја планирал и наредил експлозијата на автомобилот во која загина Дарја Дугина, врз основа на веќе собрани докази од експлозијата.

„Имајќи ги предвид веќе добиените податоци, истрагата смета дека кривичното дело било однапред планирано и било од нарачана природа“, се вели во соопштението на истражниот комитет.

Дугина почина на место откако „експлозивна направа, која се претпоставува дека била поставена во ‘тојота ленд крузерот’ експлодирала на јавен пат и автомобилот се запалил“ синоќа околу 21 часот по локално време, во близина на селото Болшије Вјаземи, соопшти прес-службата на Рускиот истражен комитет, како што јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Таткото на Дугина е руски автор и идеолог, заслужен како „духовен водач“ за руската инвазија на Украина. Се тврди дека има значително влијание врз рускиот претседател Владимир Путин и е опишан како „мозокот на Путин“ од магазинот „Форин аферс“. И Дугин и ќерка му се санкционирани од САД. Обединетото Кралство ја санкционираше Дугина во јули поради тоа што е „чест и висок придонесувач на дезинформации во врска со Украина и руската инвазија на Украина на различни онлајн платформи“, објави земјата.

Пријател на Дугина изјави за ТАСС дека верува оти татко ѝ бил вистинската цел на експлозијата – или можеби и двајцата – бидејќи автомобилот му припаѓал на Александар.

„Тоа е автомобилот на нејзиниот татко“, изјави Андреј Краснов за ТАСС. „Даша (Дарја) вози друг автомобил, но таа денеска го возеше неговиот автомобил, а Александар отиде одделно“, изјави за ТАСС Краснов, шеф на социјалното движење „Руски хоризонт“ и семеен пријател на Дугина.

Официјален претставник на руското Министерство за надворешни работи навести дека украинските државни структури се одговорни за експлозијата, тврдење што украинските власти го негираа.

„Ако се потврди украинската трага, тогаш треба да зборуваме за политиката на државен тероризам што ја спроведува режимот во Киев“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во објава на Телеграм. „Имаше многу факти акумулирани низ годините: од политички повици за насилство до раководство и учество на украинските државни структури во злосторствата“, рече таа.

Украина денеска жестоко негираше каква било вмешаност во експлозијата на автомобилот.

„Украина дефинитивно нема никаква врска со ова бидејќи ние не сме криминална држава, како што е Руската Федерација, а уште повеќе не сме терористичка држава“, изјави Михаило Подолјак, советник на претседателот на Украина Володомир Зеленски.

The post Се сомневаат дека цел бил татко и: Русија отвори истрага за убиството на Дарја Дугина appeared first on Република.

]]>

Руските власти соопштија дека отвориле истрага за убиство откако ќерката на влијателниот ултранационалистички филозоф Александар Дугин загина кога експлодира бомба во нејзината кола во предградието на Москва. Рускиот истражен комитет соопшти дека верува оти некој ја планирал и наредил експлозијата на автомобилот во која загина Дарја Дугина, врз основа на веќе собрани докази од експлозијата. „Имајќи ги предвид веќе добиените податоци, истрагата смета дека кривичното дело било однапред планирано и било од нарачана природа“, се вели во соопштението на истражниот комитет. Дугина почина на место откако „експлозивна направа, која се претпоставува дека била поставена во ‘тојота ленд крузерот’ експлодирала на јавен пат и автомобилот се запалил“ синоќа околу 21 часот по локално време, во близина на селото Болшије Вјаземи, соопшти прес-службата на Рускиот истражен комитет, како што јави руската државна новинска агенција ТАСС. Таткото на Дугина е руски автор и идеолог, заслужен како „духовен водач“ за руската инвазија на Украина. Се тврди дека има значително влијание врз рускиот претседател Владимир Путин и е опишан како „мозокот на Путин“ од магазинот „Форин аферс“. И Дугин и ќерка му се санкционирани од САД. Обединетото Кралство ја санкционираше Дугина во јули поради тоа што е „чест и висок придонесувач на дезинформации во врска со Украина и руската инвазија на Украина на различни онлајн платформи“, објави земјата. Пријател на Дугина изјави за ТАСС дека верува оти татко ѝ бил вистинската цел на експлозијата – или можеби и двајцата – бидејќи автомобилот му припаѓал на Александар. „Тоа е автомобилот на нејзиниот татко“, изјави Андреј Краснов за ТАСС. „Даша (Дарја) вози друг автомобил, но таа денеска го возеше неговиот автомобил, а Александар отиде одделно“, изјави за ТАСС Краснов, шеф на социјалното движење „Руски хоризонт“ и семеен пријател на Дугина. Официјален претставник на руското Министерство за надворешни работи навести дека украинските државни структури се одговорни за експлозијата, тврдење што украинските власти го негираа. „Ако се потврди украинската трага, тогаш треба да зборуваме за политиката на државен тероризам што ја спроведува режимот во Киев“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во објава на Телеграм. „Имаше многу факти акумулирани низ годините: од политички повици за насилство до раководство и учество на украинските државни структури во злосторствата“, рече таа. Украина денеска жестоко негираше каква било вмешаност во експлозијата на автомобилот. „Украина дефинитивно нема никаква врска со ова бидејќи ние не сме криминална држава, како што е Руската Федерација, а уште повеќе не сме терористичка држава“, изјави Михаило Подолјак, советник на претседателот на Украина Володомир Зеленски.

The post Се сомневаат дека цел бил татко и: Русија отвори истрага за убиството на Дарја Дугина appeared first on Република.

]]>