дарио николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dario-nikolovski/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 16:02:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дарио николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dario-nikolovski/ 32 32 Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/agentsijata-za-energetika-stana-del-od-ministerstvoto-za-energetika-rudarstvo-i-mineralni-surovini/ Mon, 22 Jul 2024 16:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=799282

Досегашниот директор на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски денеска формално и ги предаде надлежностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Со овој чин, како што наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата и нејзиниот Управен одбор се укинуваат, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното Министерство.

Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот, се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

 

The post Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини appeared first on Република.

]]>

Досегашниот директор на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски денеска формално и ги предаде надлежностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Со овој чин, како што наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата и нејзиниот Управен одбор се укинуваат, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното Министерство. Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот, се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.  

The post Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини appeared first on Република.

]]>
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Николовски: Падна во вода целата пропаганда на СДС и лагите за успесите во енергетиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/reaktsija-na-vmro-dpmne-na-pres-konferentsijata-na-nikolovski-padna-vo-voda-tselata-propaganda-na-sds-i-lagite-za-uspesite-vo-energetikata/ Sun, 12 Feb 2023 12:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=608008

По одржувањето на прес конференцијата на Дарио Николовски, директорот на Агенцијата за енергетика, падна во вода целата пропаганда на СДС и прочитаните лаги за наводни успеси во енергетиката.

Имено на неговата прес конференција беа стандардно повторени веќе 100 пати слушнатите лаги за успесите на СДС во енергетиката и наводно успешните мерки и политики кои ги презеле.

Самата прес конференција на Дарио Николовски изгледаше како прочитана стихотворба на дете кое залутало во литературна секција. Во случајов детево е залутано во енергетиката, а единственото негово познавање се фотелјата, службеното возило, службената картичка, платата и останатите привилегии. Но, да почнеме да со ред:

Николовски изјави дека успешните мерки и политики на СДС довеле до реални резултати.

Овде веднаш може да направиме една мала дигресија, се согласуваме дека резултатите се реални односно реално лоши со оглед на тоа кој сè се наоѓа на раководна позиција.

На еден од претходните пресови, како огромен успех Николовски ја наведе поправката на ТР на блок 3 во РЕК Битола. Успех стана да расипеш нешто што не се расипува и да го поправаш повеќе од една година.

Потоа Николовски се расфрлаше со бројки за зголемено производство во 2023 за 20 % во однос на 2022.

Успех стана да го паднеш производството речиси на пола од она на претходната влада на ВМРО ДПМНЕ и потоа да го покачиш за 20 %, а на крајот уште и да се пофалиш.

Николовски се пофали со бројки за рекордно производство на ЕСМ.

Реално бројката на „рекордно“ производство за која зборува Николовски е многу помала од претходните години но тука е додадено и производството на ТЕЦ Неготино од близу 4000 MWh.

Успех е според Николовски да произведеш 4000 MWh помалку со истите производни капацитети и да се пофалиш.

Николовски се пофали дека ги намалиле сметките на јавните претпријатија, кои претходно со законот кој го донесе СДС им ги зголемија за неколку пати.

Успех е значи на малите компании да им ја зголемиш цената неколку пати за потоа да им ја намалиш и пак да плаќаат повеќе од претходно.

Многу „успеси“ за неколку минути успеа да прочита „експертот“ Николовски од само едно ливче хартија произведено во „фабриката за манипулации на СДС“.

Иако овие лаги неколку пати веќе се повторени, ВМРО ДПМНЕ неколку пати успешно ги демантира и им ги разобличува на граѓаните.

Сепак најинтересно е што претходната недела Николовски доби шлаканица за искажаните лаги од директорот на МЕПСО Орхан Муртезани. Никој не може да даде подобар демант на лагите на Николовски од директорот на МЕПСО Орхан Муртезани, кој всушност ги има на преглед сите бројки за комплетниот електро енергетски систем на Македонија .

Во даденото интервју претходната недела Муртезани призна дека на 05.02.2023 (на истиот ден кога „експертот“ Николовски читаше за „успесите“ на „другарот“ Ковачевски во енергетиката) Македонија повлекла над 1700 MWh електрична енергија од европскиот енергетски систем.

Во случајов СДС тврди дека призведуваме доволно електрична енергија, а всушност влечеме од европскиот енергетски систем. Ова значи или дека лажеме или дека крадеме, или можеби и двете заедно. За да им биде појасно на граѓаните тоа е точно онолку колку што може да произведе ТЕЦ Осломеј кој всушност во моментов е исклучен поради посериозен дефект.

На СДС им порачуваме да престанат да го лажат народот и да одговорат зошто повторно граѓаните имаат зголемени сметки за електрична енергија!

 

The post Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Николовски: Падна во вода целата пропаганда на СДС и лагите за успесите во енергетиката appeared first on Република.

]]>

По одржувањето на прес конференцијата на Дарио Николовски, директорот на Агенцијата за енергетика, падна во вода целата пропаганда на СДС и прочитаните лаги за наводни успеси во енергетиката. Имено на неговата прес конференција беа стандардно повторени веќе 100 пати слушнатите лаги за успесите на СДС во енергетиката и наводно успешните мерки и политики кои ги презеле. Самата прес конференција на Дарио Николовски изгледаше како прочитана стихотворба на дете кое залутало во литературна секција. Во случајов детево е залутано во енергетиката, а единственото негово познавање се фотелјата, службеното возило, службената картичка, платата и останатите привилегии. Но, да почнеме да со ред: Николовски изјави дека успешните мерки и политики на СДС довеле до реални резултати. Овде веднаш може да направиме една мала дигресија, се согласуваме дека резултатите се реални односно реално лоши со оглед на тоа кој сè се наоѓа на раководна позиција. На еден од претходните пресови, како огромен успех Николовски ја наведе поправката на ТР на блок 3 во РЕК Битола. Успех стана да расипеш нешто што не се расипува и да го поправаш повеќе од една година. Потоа Николовски се расфрлаше со бројки за зголемено производство во 2023 за 20 % во однос на 2022. Успех стана да го паднеш производството речиси на пола од она на претходната влада на ВМРО ДПМНЕ и потоа да го покачиш за 20 %, а на крајот уште и да се пофалиш. Николовски се пофали со бројки за рекордно производство на ЕСМ. Реално бројката на „рекордно“ производство за која зборува Николовски е многу помала од претходните години но тука е додадено и производството на ТЕЦ Неготино од близу 4000 MWh. Успех е според Николовски да произведеш 4000 MWh помалку со истите производни капацитети и да се пофалиш. Николовски се пофали дека ги намалиле сметките на јавните претпријатија, кои претходно со законот кој го донесе СДС им ги зголемија за неколку пати. Успех е значи на малите компании да им ја зголемиш цената неколку пати за потоа да им ја намалиш и пак да плаќаат повеќе од претходно. Многу „успеси“ за неколку минути успеа да прочита „експертот“ Николовски од само едно ливче хартија произведено во „фабриката за манипулации на СДС“. Иако овие лаги неколку пати веќе се повторени, ВМРО ДПМНЕ неколку пати успешно ги демантира и им ги разобличува на граѓаните. Сепак најинтересно е што претходната недела Николовски доби шлаканица за искажаните лаги од директорот на МЕПСО Орхан Муртезани. Никој не може да даде подобар демант на лагите на Николовски од директорот на МЕПСО Орхан Муртезани, кој всушност ги има на преглед сите бројки за комплетниот електро енергетски систем на Македонија . Во даденото интервју претходната недела Муртезани призна дека на 05.02.2023 (на истиот ден кога „експертот“ Николовски читаше за „успесите“ на „другарот“ Ковачевски во енергетиката) Македонија повлекла над 1700 MWh електрична енергија од европскиот енергетски систем. Во случајов СДС тврди дека призведуваме доволно електрична енергија, а всушност влечеме од европскиот енергетски систем. Ова значи или дека лажеме или дека крадеме, или можеби и двете заедно. За да им биде појасно на граѓаните тоа е точно онолку колку што може да произведе ТЕЦ Осломеј кој всушност во моментов е исклучен поради посериозен дефект. На СДС им порачуваме да престанат да го лажат народот и да одговорат зошто повторно граѓаните имаат зголемени сметки за електрична енергија!  

The post Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Николовски: Падна во вода целата пропаганда на СДС и лагите за успесите во енергетиката appeared first on Република.

]]>