дарио ивановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dario-ivanovski/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Aug 2024 12:16:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дарио ивановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dario-ivanovski/ 32 32 Дарио Ивановски е првиот Македонец кој истрча маратон на Олимписки игри, откри дека се борел со повреда уште од шестиот километар https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-e-prviot-makedonets-koj-istrcha-maraton-na-olimpiski-igri-otkri-deka-se-borel-so-povreda-ushte-od-shestiot-kilometar/ Sat, 10 Aug 2024 12:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=805185

Дарио Ивановски е првиот Македонец кој истрча маратон на Олимписки игри, но јасно е дека постигнатото време е далеку под неговите најдобри вредности.

Ивановски е свесен дека освоеното 69-то место и постигнатиот резултат (2:28.15 часа) не е тоа на што се надеваше пред трката, но откри дека се борел со повреда уште од шестиот километар на маратонската трка.

Почитувани Македонци, пред сѐ сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон, но и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно. Да му се заблагодарам на Бог што влегов во маратонот жив и здрав, но сепак имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар.

Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. Јас верував дека можам подобро и се уште верувам во тоа. По времето 2:08 кое е мое најдобро и 2:28 денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, дури и подобар од тоа што бев. Се гледаме во наредни предизвици, ве сакам сите, вели Дарио Ивановски.

The post Дарио Ивановски е првиот Македонец кој истрча маратон на Олимписки игри, откри дека се борел со повреда уште од шестиот километар appeared first on Република.

]]>

Дарио Ивановски е првиот Македонец кој истрча маратон на Олимписки игри, но јасно е дека постигнатото време е далеку под неговите најдобри вредности. Ивановски е свесен дека освоеното 69-то место и постигнатиот резултат (2:28.15 часа) не е тоа на што се надеваше пред трката, но откри дека се борел со повреда уште од шестиот километар на маратонската трка.
Почитувани Македонци, пред сѐ сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон, но и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно. Да му се заблагодарам на Бог што влегов во маратонот жив и здрав, но сепак имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. Јас верував дека можам подобро и се уште верувам во тоа. По времето 2:08 кое е мое најдобро и 2:28 денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, дури и подобар од тоа што бев. Се гледаме во наредни предизвици, ве сакам сите, вели Дарио Ивановски.

The post Дарио Ивановски е првиот Македонец кој истрча маратон на Олимписки игри, откри дека се борел со повреда уште од шестиот километар appeared first on Република.

]]>
Ивановски: За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanovski-za-mene-zavrshi-i-poslednata-trka-trka-koja-e-pred-pochetokot-na-edna-od-moite-zhivotni-tseli-vistinska-lubov-i-pasija-za-koja-zhiveam/ Tue, 11 Jun 2024 18:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=786684

За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам целиот мој живот. Оние кои ме знаат добро, знаат колку труд и жртва вложив да бидам дел од Олимписките игри во Париз, на социјалните мрежи пишува македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски.

За настапот на европското првенство можам да кажам дека го дадов својот максимум со оглед на тоа каков период на опоравок поминав по маратоните и „бркотницата“ за да влезам во ранкингот за олимпискиот сон. Кога ќе ме прашаа како се чувствувам, дали сите овие настапи ме имаат исцрпено, им одговарав кратко… Гладен сум!

Бев свесен дека по 4 истрчани маратони во 5 месеци ќе имам некоја ситна последица, но оставив на Бог да ме држи здрав и жив, а јас да останам мирен и фокусиран до крајот на ова патешествие. Европското првенство ми беше еден добар тест дека телото и нервниот систем ми се добро опоравени, а јас повторно останав гладен, гладен за најдоброто што следува од мене.

Завршив на 29. место од 60+ натпреварувачи и поставив нов државен рекорд. Можам да кажам дека и во ваква состојба сум конкурентен во Европа, трчав рамо до рамо со огромни шампиони и докажани атлети. За 10 дена заминувам на тренинг камп со @asicsrunning во „Chojo Camp“ #chojocampeurope #soundmindsoundbody и таму ќе останам до олимписките игри. Ви благодарам на сите кои сте дел од мојот олимписки сон, пишува Ивановски.

The post Ивановски: За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам appeared first on Република.

]]>

За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам целиот мој живот. Оние кои ме знаат добро, знаат колку труд и жртва вложив да бидам дел од Олимписките игри во Париз, на социјалните мрежи пишува македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски.
За настапот на европското првенство можам да кажам дека го дадов својот максимум со оглед на тоа каков период на опоравок поминав по маратоните и „бркотницата“ за да влезам во ранкингот за олимпискиот сон. Кога ќе ме прашаа како се чувствувам, дали сите овие настапи ме имаат исцрпено, им одговарав кратко… Гладен сум!   Бев свесен дека по 4 истрчани маратони во 5 месеци ќе имам некоја ситна последица, но оставив на Бог да ме држи здрав и жив, а јас да останам мирен и фокусиран до крајот на ова патешествие. Европското првенство ми беше еден добар тест дека телото и нервниот систем ми се добро опоравени, а јас повторно останав гладен, гладен за најдоброто што следува од мене.   Завршив на 29. место од 60+ натпреварувачи и поставив нов државен рекорд. Можам да кажам дека и во ваква состојба сум конкурентен во Европа, трчав рамо до рамо со огромни шампиони и докажани атлети. За 10 дена заминувам на тренинг камп со @asicsrunning во „Chojo Camp“ #chojocampeurope #soundmindsoundbody и таму ќе останам до олимписките игри. Ви благодарам на сите кои сте дел од мојот олимписки сон, пишува Ивановски.

The post Ивановски: За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам appeared first on Република.

]]>
Двајца Македонци на Европското атлетско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dvajtsa-makedontsi-na-evropskoto-atletsko-prvenstvo/ Tue, 04 Jun 2024 08:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=784590

Дарио Ивановски и Андреас Трајковски ќе бидат македонските претставници на Европското атлетско првенство на отворено кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Ивановски ќе настапи во дисциплината полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08:26, додека Трајковски ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, со обезбедена норма преку ранкинг системот.

Прв на програмата ќе настапи Трајковски кои ќе се појави во квалификациите закажани за 7 јуни со почеток во 12:55 часот.

Полумаратонската трка на која ќе настапи Ивановски е на програмата на 9 јуни со почеток во 9 часот.

The post Двајца Македонци на Европското атлетско првенство appeared first on Република.

]]>

Дарио Ивановски и Андреас Трајковски ќе бидат македонските претставници на Европското атлетско првенство на отворено кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ). Ивановски ќе настапи во дисциплината полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08:26, додека Трајковски ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, со обезбедена норма преку ранкинг системот. Прв на програмата ќе настапи Трајковски кои ќе се појави во квалификациите закажани за 7 јуни со почеток во 12:55 часот. Полумаратонската трка на која ќе настапи Ивановски е на програмата на 9 јуни со почеток во 9 часот.

The post Двајца Македонци на Европското атлетско првенство appeared first on Република.

]]>
Дарио Ивановски победник на 8. издание на „Охрид трчат“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-pobednik-na-8-izdanie-na-ohrid-trchat/ Sun, 02 Jun 2024 10:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=784113

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид.

Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44).

Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата, што ќе се одржат ова лето.

Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01 ч., Јована Шубатлија од Србија заврши втора(1:30:40ч.), а трета финишираше Фросина Михајловска (1:31:35ч.).

Во трката на 5 километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред тркачите од Македонија Александар Арсов (19: 16м.) и Ријат Шеипи (19:32м.).

Во женска конкуренција на 5 километри најбрза беше Емили Иваноска од Македонија со време 24:25 минути, пред сонародничката Дарија Крстевска (24:28м.) и Весела Панчева од Бугарија (25:21м.).

Во штафетната трка на 21 километар најбрза беше екипата на Делта од Скопје, Македонија со време 1:15:55 часа, пред АК Аеродром (1:33:08ч.) и Стребениотес1 од Грција (1:34:02).

Наградите на најдобрите атлетичари им ги врачија претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

На „Охрид трчаТ“ оваа година учество зедоа рекордни 2200 натпреварувачи од 31 земја. За организацијата и безбедноста на настанот кој мина во одлична атмосфера се погрижија 500 волонтери и припадници на полицијата.

The post Дарио Ивановски победник на 8. издание на „Охрид трчат“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44). Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата, што ќе се одржат ова лето. Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01 ч., Јована Шубатлија од Србија заврши втора(1:30:40ч.), а трета финишираше Фросина Михајловска (1:31:35ч.). Во трката на 5 километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред тркачите од Македонија Александар Арсов (19: 16м.) и Ријат Шеипи (19:32м.). Во женска конкуренција на 5 километри најбрза беше Емили Иваноска од Македонија со време 24:25 минути, пред сонародничката Дарија Крстевска (24:28м.) и Весела Панчева од Бугарија (25:21м.). Во штафетната трка на 21 километар најбрза беше екипата на Делта од Скопје, Македонија со време 1:15:55 часа, пред АК Аеродром (1:33:08ч.) и Стребениотес1 од Грција (1:34:02). Наградите на најдобрите атлетичари им ги врачија претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. На „Охрид трчаТ“ оваа година учество зедоа рекордни 2200 натпреварувачи од 31 земја. За организацијата и безбедноста на настанот кој мина во одлична атмосфера се погрижија 500 волонтери и припадници на полицијата.

The post Дарио Ивановски победник на 8. издание на „Охрид трчат“ appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар Дарио Ивановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-vo-ohrid-se-sretna-so-makedonskiot-atletichar-dario-ivanovski/ Sat, 01 Jun 2024 13:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=783868

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски, којшто утре ќе се натпреварува на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, Сиљановска Давкова упати честитки до најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски и неговиот тренер, мајорот Игор Јакимовски за пласманот на Летните oлимписки игри во Париз оваа година.

Ивановски ја запозна претседателката со текот на подготовките за настапот на олимпијадата во Париз.

Претседателката порача дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата држава и неопходно е да се грижиме за нашите најуспешни репрезентативци на секое поле. Таа, истакнувајќи дека спортот и физичката култура се едни од најважните фактори за здравјето на нацијата, за внатрешна кохезија и надворешна промоција на државата, му посака на Ивановски многу успех на Олимписките игри, како и во натамошната кариера.

Ивановски е еден од најдобрите балкански атлетичари со голем број на македонски и балкански рекорди и засега е единствениот македонски спортист кој е со потврден настап на Летните олимписки игри.

The post Сиљановска Давкова во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар Дарио Ивановски appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски, којшто утре ќе се натпреварува на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, Сиљановска Давкова упати честитки до најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски и неговиот тренер, мајорот Игор Јакимовски за пласманот на Летните oлимписки игри во Париз оваа година. Ивановски ја запозна претседателката со текот на подготовките за настапот на олимпијадата во Париз. Претседателката порача дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата држава и неопходно е да се грижиме за нашите најуспешни репрезентативци на секое поле. Таа, истакнувајќи дека спортот и физичката култура се едни од најважните фактори за здравјето на нацијата, за внатрешна кохезија и надворешна промоција на државата, му посака на Ивановски многу успех на Олимписките игри, како и во натамошната кариера. Ивановски е еден од најдобрите балкански атлетичари со голем број на македонски и балкански рекорди и засега е единствениот македонски спортист кој е со потврден настап на Летните олимписки игри.

The post Сиљановска Давкова во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар Дарио Ивановски appeared first on Република.

]]>
Дарио Ивановски на „Охрид трчаТ“ 2024 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-na-ohrid-trchat-2024/ Wed, 29 May 2024 12:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=782807

На 8. Издание на најголемата спортска манифестација во градот покрај Охридското Езеро, Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што оваа година ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, ќе трча Дарио Ивановски, засега единствениот учесник од Македонија на Летните Олимписки Игри во Париз.

Улиците на Охрид претстојниот викенд ќе бидат олимписки благодарение на нашиот Олимпиец, кој токму во Охрид ќе ја бруси формата за настапот на ЛОИ во Париз. Тоа подразбира и олимписко однесување на сите нас, а Охрид и охриѓани отсекогаш знаеле да ги ценат врвните спортисти и вистинските вредности кои придонесуваат за позитивниот имиџ на градот. Освен масовноста на настанот, се очекува и масовно присуство на граѓаните покрај патеката на која ќе се одвиваат трките на „Охрид трчаТ“, да им дадат поддршка на натпреварувачите меѓу кои ќе биде и македонскиот oлимпиец Ивановски.

Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што го организира АК „Охрид трчаТ“, почнува на 31 мај, петок, со Експо. Денот ќе продолжи со работилница со „Strech Well“ – Србија, а ќе заврши со Ноќна трка чиј старт е предвиден во 21 часот по што следи концерт на „Камелеон“.

Во сабота, 1 јуни, продолжува експото, а предвидени се рекреативни разгледи на градот и знаменитостите околу Охридското Езеро на гостинските делегации. На пладне ќе се одржи „Warm Up“ со Имлек протеин, а во 17 часот ќе се одржи панел дискусија „Децата и спортот“.

Главниот настан во недела, 2 јуни, почнува во 07:45 часот. Стартот на трката на 21 километар е во 08:15 часот, додека трката на 5 км стартува во 9 часот. Предвидена е и богата забавна програма за учесниците со диџеи, фан зони и зони за освежување. За безбедноста и сигурноста на учесниците ќе се грижат бројни волонтери и припадници на охридската полиција и Службата за спасување на планини и непристапен терен на Црвениот крст Охрид.

За време на трките во недела, во делови од Охрид на сила ќе биде посебен режим на сообраќај.

Ги молиме граѓаните за разбирање и трпеливост и ги покануваме да бидат дел од настаните на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, заедно да придонесеме за уште една успешна охридска приказна.

Деталите за осмото издание на на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, ќе бидат соопштени на прес конференција во петок.

The post Дарио Ивановски на „Охрид трчаТ“ 2024 appeared first on Република.

]]>

На 8. Издание на најголемата спортска манифестација во градот покрај Охридското Езеро, Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што оваа година ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, ќе трча Дарио Ивановски, засега единствениот учесник од Македонија на Летните Олимписки Игри во Париз.
Улиците на Охрид претстојниот викенд ќе бидат олимписки благодарение на нашиот Олимпиец, кој токму во Охрид ќе ја бруси формата за настапот на ЛОИ во Париз. Тоа подразбира и олимписко однесување на сите нас, а Охрид и охриѓани отсекогаш знаеле да ги ценат врвните спортисти и вистинските вредности кои придонесуваат за позитивниот имиџ на градот. Освен масовноста на настанот, се очекува и масовно присуство на граѓаните покрај патеката на која ќе се одвиваат трките на „Охрид трчаТ“, да им дадат поддршка на натпреварувачите меѓу кои ќе биде и македонскиот oлимпиец Ивановски.
Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што го организира АК „Охрид трчаТ“, почнува на 31 мај, петок, со Експо. Денот ќе продолжи со работилница со „Strech Well“ – Србија, а ќе заврши со Ноќна трка чиј старт е предвиден во 21 часот по што следи концерт на „Камелеон“. Во сабота, 1 јуни, продолжува експото, а предвидени се рекреативни разгледи на градот и знаменитостите околу Охридското Езеро на гостинските делегации. На пладне ќе се одржи „Warm Up“ со Имлек протеин, а во 17 часот ќе се одржи панел дискусија „Децата и спортот“. Главниот настан во недела, 2 јуни, почнува во 07:45 часот. Стартот на трката на 21 километар е во 08:15 часот, додека трката на 5 км стартува во 9 часот. Предвидена е и богата забавна програма за учесниците со диџеи, фан зони и зони за освежување. За безбедноста и сигурноста на учесниците ќе се грижат бројни волонтери и припадници на охридската полиција и Службата за спасување на планини и непристапен терен на Црвениот крст Охрид. За време на трките во недела, во делови од Охрид на сила ќе биде посебен режим на сообраќај.
Ги молиме граѓаните за разбирање и трпеливост и ги покануваме да бидат дел од настаните на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, заедно да придонесеме за уште една успешна охридска приказна.
Деталите за осмото издание на на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, ќе бидат соопштени на прес конференција во петок.  

The post Дарио Ивановски на „Охрид трчаТ“ 2024 appeared first on Република.

]]>
Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на ЛОИ во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-e-prviot-makedonski-sportist-koj-izbori-plasman-na-loi-vo-pariz/ Thu, 09 May 2024 09:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=776222

Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон.

Дарио преку светската ранг листа во маратон обезбеди место во Париз, каде што го завзеде 78 место (70 се пласирани со норма, а 11 преку ранкинг, благодарение на резултатите потигнати во изминатата година).

Дарио својот прв маратон го истрча токму на нашиот Скопски маратон во 2020 година, потигнувајќи резултат од 2:31:16, а во 2021 година стана и првиот Македонец кој победил на Скопскиот маратон (2:21:27).

Во изминатиов период Дарио блесна со неколку добри истрчани маратони, прво во Валенсија во почетокот на декември 2023 кога истрча одлични 2 часа 11 минути и 52 секунди, а за одбележување е оној маратон од Севиља во февруари каде постигна резултат од 2:08:26 часа, што беше покусо само за 16 секунди од Олимписката норма, и резултат кој го вивна во европскиот и светксиот крем на маратонци.

Олимпискиот маратон во Париз ќе се одржи на 10 август.

The post Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон. Дарио преку светската ранг листа во маратон обезбеди место во Париз, каде што го завзеде 78 место (70 се пласирани со норма, а 11 преку ранкинг, благодарение на резултатите потигнати во изминатата година). Дарио својот прв маратон го истрча токму на нашиот Скопски маратон во 2020 година, потигнувајќи резултат од 2:31:16, а во 2021 година стана и првиот Македонец кој победил на Скопскиот маратон (2:21:27). Во изминатиов период Дарио блесна со неколку добри истрчани маратони, прво во Валенсија во почетокот на декември 2023 кога истрча одлични 2 часа 11 минути и 52 секунди, а за одбележување е оној маратон од Севиља во февруари каде постигна резултат од 2:08:26 часа, што беше покусо само за 16 секунди од Олимписката норма, и резултат кој го вивна во европскиот и светксиот крем на маратонци. Олимпискиот маратон во Париз ќе се одржи на 10 август.

The post Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>
Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски https://arhiva3.republika.mk/zivot/pendarovski-se-sretna-so-maratonetsot-dario-ivanovski/ Fri, 23 Feb 2024 10:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=747345

Претседателот Стево Пендаровски во Градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој ја исполни нормата и ќе трча во дисциплината полумаратон на Европското првенство во атлетика во Рим кое ќе се одржи од 7 до 12 јуни годинава.

Ивановски го запозна претседателот Пендаровски со текот на неговите подготовки во пресрет на настапот на претстојното Европско првенство, како и за можноста во Рим да обезбеди норма за настап и на годинашните летни Олимписки игри во Париз.

Посочувајќи дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата нација, претседателот Пендаровски на Дарио Ивановски му посака успех во натамошната кариера и порача дека со упорност, желба и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици.

Дарио Ивановски ја истрча маратонската трка во Севиља за 2 часа 8 минути и 25 секунди што претставува нов државен рекорд, подобрувајќи го и својот досегашен рекорд за 3 и пол минути. Со овој резултат, Ивановски се доближи на само 15 секунди до олимписката норма од 2 часа 8 минути и 10 секунди и се искачи високо на светската ранг листа преку која може да обезбеди учество на Олимпијадата во Париз.

The post Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски appeared first on Република.

Претседателот Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-pendarovski-se-sretna-so-maratonetsot-dario-ivanovski/ Thu, 22 Feb 2024 17:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=747115

Претседателот Стево Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој ја исполни нормата и ќе трча во дисциплината полумаратон на Европското првенство во атлетика во Рим кое ќе се одржи од 7 до 12 јуни годинава.

Ивановски го запозна претседателот Пендаровски со текот на неговите подготовки во пресрет на настапот на претстојното Европско првенство, како и за можноста во Рим да обезбеди норма за настап и на годинашните летни Олимписки игри во Париз.

Посочувајќи дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата нација, претседателот Пендаровски на Дарио Ивановски му посака успех во натамошната кариера и порача дека со упорност, желба и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици.

Дарио Ивановски ја истрча маратонската трка во Севиља за 2 часа 8 минути и 25 секунди што претставува нов државен рекорд, подобрувајќи го и својот досегашен рекорд за 3 и пол минути. Со овој резултат, Ивановски се доближи на само 15 секунди до олимписката норма од 2 часа 8 минути и 10 секунди и се искачи високо на светската ранг листа преку која може да обезбеди учество на Олимпијадата во Париз.

The post Претседателот Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев. Претседателот Пендаровски му честиташе на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој ја исполни нормата и ќе трча во дисциплината полумаратон на Европското првенство во атлетика во Рим кое ќе се одржи од 7 до 12 јуни годинава. Ивановски го запозна претседателот Пендаровски со текот на неговите подготовки во пресрет на настапот на претстојното Европско првенство, како и за можноста во Рим да обезбеди норма за настап и на годинашните летни Олимписки игри во Париз. Посочувајќи дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата нација, претседателот Пендаровски на Дарио Ивановски му посака успех во натамошната кариера и порача дека со упорност, желба и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици. Дарио Ивановски ја истрча маратонската трка во Севиља за 2 часа 8 минути и 25 секунди што претставува нов државен рекорд, подобрувајќи го и својот досегашен рекорд за 3 и пол минути. Со овој резултат, Ивановски се доближи на само 15 секунди до олимписката норма од 2 часа 8 минути и 10 секунди и се искачи високо на светската ранг листа преку која може да обезбеди учество на Олимпијадата во Париз.

The post Претседателот Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски appeared first on Република.

]]>
Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на ЕП во сала https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanovski-posleden-vo-kvalifikatsiite-na-3-000-metri-na-ep-vo-sala/ Sat, 04 Mar 2023 16:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=615879

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше ужасни квалификациите за трката на 3.000 метри на Европското првенство (ЕП) во сала во Истанбул.

Ивановски заврши последен во квалификациите со време од 8:17,93 минути, а тоа е за дури дваесетина секунди полошо од неговото најдобро време на оваа патека.

Вчера на настанот настапи и македонската атлетичарка, Дрита Ислами која заврши на 25-то место од 28 атлетичарки.

The post Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на ЕП во сала appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше ужасни квалификациите за трката на 3.000 метри на Европското првенство (ЕП) во сала во Истанбул. Ивановски заврши последен во квалификациите со време од 8:17,93 минути, а тоа е за дури дваесетина секунди полошо од неговото најдобро време на оваа патека. Вчера на настанот настапи и македонската атлетичарка, Дрита Ислами која заврши на 25-то место од 28 атлетичарки.

The post Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на ЕП во сала appeared first on Република.

]]>
Нашиот маратонец не ја заврши трката на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nashiot-maratonec-ne-ja-zavrshi-trkata-na-ep/ Mon, 15 Aug 2022 14:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=540589

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски не ја заврши маратонската трка, која попладнево донесе неизвесна завршница и триумф на домашниот натпреварувач Рихард Рингер на отворањето на Европското атлетско првенство во Минхен.

Ивановски настапи во конкуренција на 79 маратонци, а учеството го обезбеди со успехот во мај годинава кога на својот трет маратон во кариерата, одржан во Копенхаген, постави нов македонски рекорд со време 2:18,12.

На денешниот прв натпреварувачки ден на Европското првенство во Минхен, германскиот маратонец Рингер на само неколку метри пред целната линија успеа да го престигне Израелецот Мару Тефери и да го освои златниот медал со време 2:10,21. Тефери го освои среброто со секунда послабо време, додека бронзениот медал му припадна на неговиот сонародник Гашау Ајале со девет секунди заостанување зад победникот.

Во женската маратонска трка, златото го освои Александра Лисовска, пред Матеа Парлов Коштро од Хрватска и Холнаѓанката Ниенке Бринкман.

The post Нашиот маратонец не ја заврши трката на ЕП appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски не ја заврши маратонската трка, која попладнево донесе неизвесна завршница и триумф на домашниот натпреварувач Рихард Рингер на отворањето на Европското атлетско првенство во Минхен. Ивановски настапи во конкуренција на 79 маратонци, а учеството го обезбеди со успехот во мај годинава кога на својот трет маратон во кариерата, одржан во Копенхаген, постави нов македонски рекорд со време 2:18,12. На денешниот прв натпреварувачки ден на Европското првенство во Минхен, германскиот маратонец Рингер на само неколку метри пред целната линија успеа да го престигне Израелецот Мару Тефери и да го освои златниот медал со време 2:10,21. Тефери го освои среброто со секунда послабо време, додека бронзениот медал му припадна на неговиот сонародник Гашау Ајале со девет секунди заостанување зад победникот. Во женската маратонска трка, златото го освои Александра Лисовска, пред Матеа Парлов Коштро од Хрватска и Холнаѓанката Ниенке Бринкман.

The post Нашиот маратонец не ја заврши трката на ЕП appeared first on Република.

]]>
Ивановски со нов македонски рекорд на 5.000 метри до осмо место на МИ! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanovski-so-nov-makedonski-rekord-na-5-000-metri-do-osmo-mesto-na-mi/ Sun, 03 Jul 2022 19:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=523333

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше многу добар настап на Медитеранските игри (МИ) во Оран, каде што го освои осмото место на трката на 5.000 метри.

Ивановски со време 13:54.58 стигна до осмата позиција во конкуренција на 14 учесници на трката, а притоа постави нов македонски рекорд, додека прв заврши Софијан Букантар со време 13:36.12.

Македонскиот атлетичар го подобри времето за две секунди, па така новиот рекорд изнесува 13:54.58.

The post Ивановски со нов македонски рекорд на 5.000 метри до осмо место на МИ! appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше многу добар настап на Медитеранските игри (МИ) во Оран, каде што го освои осмото место на трката на 5.000 метри. Ивановски со време 13:54.58 стигна до осмата позиција во конкуренција на 14 учесници на трката, а притоа постави нов македонски рекорд, додека прв заврши Софијан Букантар со време 13:36.12. Македонскиот атлетичар го подобри времето за две секунди, па така новиот рекорд изнесува 13:54.58.

The post Ивановски со нов македонски рекорд на 5.000 метри до осмо место на МИ! appeared first on Република.

]]>
Сребрен медал за Ивановски на Балканското првенство во атлетика https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/srebren-medal-za-ivanovski-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-atletika/ Sun, 19 Jun 2022 11:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=517230

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжи со успешните настапи на меѓународна сцена, освојувајќи го сребрениот медал на трката на 5.000 метри на Балканското првенство, кое викендов се одржува во романскиот град Крајова.

Ивановски ја истрча патеката со време од 13:56:59 и го освои второто место, една недела по златниот медал на Европското првенство за мали земји во Малта.

Ивановски денеска го очекува и трката на 3.000 метри, а од македонските атлетичари настап на Балканијадата во Крајова попладнево ќе имаат и Јован Стојоски на 200 метри, Леонид Вандевски на 3.000 метри стипл и Адријана Поп Арсова во трката на 5.000 метри.

The post Сребрен медал за Ивановски на Балканското првенство во атлетика appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжи со успешните настапи на меѓународна сцена, освојувајќи го сребрениот медал на трката на 5.000 метри на Балканското првенство, кое викендов се одржува во романскиот град Крајова. Ивановски ја истрча патеката со време од 13:56:59 и го освои второто место, една недела по златниот медал на Европското првенство за мали земји во Малта. Ивановски денеска го очекува и трката на 3.000 метри, а од македонските атлетичари настап на Балканијадата во Крајова попладнево ќе имаат и Јован Стојоски на 200 метри, Леонид Вандевски на 3.000 метри стипл и Адријана Поп Арсова во трката на 5.000 метри.

The post Сребрен медал за Ивановски на Балканското првенство во атлетика appeared first on Република.

]]>
Дарио Ивановски постави нов рекорд на „Скопје трча 10км“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-postavi-nov-rekord-na-skopje-trcha-10km/ Sun, 08 May 2022 10:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=499411

Продолжува доминацијата на Дарио Ивановски на „ХалкЕко Скопје трча“ на 10 километри, кој по шести пат успеа да слави и да постави нов рекорд.

Нашиот атлетичар трката ја мина со време од 29:42 минути, на второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски со време од 32:36. Кај дамите, триумф на Билјана Кираџиева, со 37:48 минути, второто место го освои Mиљана Ристиќ со 41:27 минути и на третото место заврши Весна Кираџиева со 43:18 минути.

Оваа година на веќе традиционалната трка „Скопје трча“ учествуваа 1.300 натпреварувачи, а е во организација на Сојузот на спортови на Скопје и атлетскиот клуб Работнички, под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт.

Пред 6 години, се јави потреба, поради преголема заинтересираност, да се организира и оваа трка, која е во склоп на Скопски Маратон. „Скопје трча“ почна како локална, а многу брзо прерасна во меѓународна трка. Со оваа трка, исто и како со другите кои се дел од Скопски маратон, секоја година докажуваме дека нашата земја има активно, спортско население. Ја користам оваа прилика да ги поздравам сите учесници на трката, а на оние најдобрите им честитам за постигнатите резултати, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.

The post Дарио Ивановски постави нов рекорд на „Скопје трча 10км“ appeared first on Република.

]]>

Продолжува доминацијата на Дарио Ивановски на „ХалкЕко Скопје трча“ на 10 километри, кој по шести пат успеа да слави и да постави нов рекорд. Нашиот атлетичар трката ја мина со време од 29:42 минути, на второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски со време од 32:36. Кај дамите, триумф на Билјана Кираџиева, со 37:48 минути, второто место го освои Mиљана Ристиќ со 41:27 минути и на третото место заврши Весна Кираџиева со 43:18 минути. Оваа година на веќе традиционалната трка „Скопје трча“ учествуваа 1.300 натпреварувачи, а е во организација на Сојузот на спортови на Скопје и атлетскиот клуб Работнички, под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт.