Даријан Сотировски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darijan-sotirovski/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 15:31:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даријан Сотировски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darijan-sotirovski/ 32 32 Поднесена претставка за дискриминација против општина Тетово и градоначалникот Касами за настанот со стадионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podnesena-pretstavka-za-diskriminatsija-protiv-opshtina-tetovo-i-gradonachalnikot-kasami-za-nastanot-so-stadionot/ Tue, 16 Apr 2024 16:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=766824

Актуелниот директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој е жител на Тетово, преку Фејсбук објави дека поднел претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и градоначалникот Биљал Касами поради настанот кој беше организиран од локалната власт со цел да се презентира идејата за реконструкција на градскиот стадион на која имаше ревијален натпревар и настап на музичари.

Сотировски образложува дека жителите со македонска национална припадност биле дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.

Сметам дека јас и жителите со македонска национална припадност сме дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик. Имено, како граѓани имаме рамноправно право за политиките, проектите и настаните на Општината во кои учествуваме преку плаќањето даноци да бидеме информирани на македонски јазик. На настанот да се чувствуваме добредојдени, нашата култура да е подеднакво претставена, покрај останатите да има изведувачи и Македонци, водителот да говори и на македонски јазик, да се виори македонското знаме и да се интонира македонската химна. На ревијалниот натпревар да учествуваат фудбалски ветерани и Македонци и да бидат удостоени и македонските фудбалски клубови, се вели во објавата на Сотировски.

Според Сотировски, постапувањето на општината е дискриминациско и ги сегрегира граѓаните.

Убеден сум дека големото мнозинство жители на Тетово од различна припадност се согласуваат дека градот може да оди напред само кога е пријатно место за живеење на секој еден човек. Но, мора да се согласиме дека тука има и нелуѓе и нив мора енергично и постојано да ги разобличуваме, вели Сотировски во објавато.

На 12 април, Општина Тетово презентираше нов изглед на Градскиот стадион, а притоа градоначалникот самиот рушеше дел од трибините. Покрај видео презентацијата на новиот изглед на стадионот имаше ревијален фудбалски натпревар и настап на музичари само на албански јазик.

https://republika.mk/sport/fudbal/vaka-treba-da-izgleda-noviot-stadion-na-shkendija-kade-ke-igra-teteks/

Во ноември 2023, Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ го распиша тендерот, по што договорот со фирмата се направи во март 2024 година. Предмет на договорот за јавна набавка е со проценета вредност од околу 600 милиони денари или околу 10 милиони евра.

The post Поднесена претставка за дискриминација против општина Тетово и градоначалникот Касами за настанот со стадионот appeared first on Република.

]]>

Актуелниот директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој е жител на Тетово, преку Фејсбук објави дека поднел претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и градоначалникот Биљал Касами поради настанот кој беше организиран од локалната власт со цел да се презентира идејата за реконструкција на градскиот стадион на која имаше ревијален натпревар и настап на музичари. Сотировски образложува дека жителите со македонска национална припадност биле дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.
Сметам дека јас и жителите со македонска национална припадност сме дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик. Имено, како граѓани имаме рамноправно право за политиките, проектите и настаните на Општината во кои учествуваме преку плаќањето даноци да бидеме информирани на македонски јазик. На настанот да се чувствуваме добредојдени, нашата култура да е подеднакво претставена, покрај останатите да има изведувачи и Македонци, водителот да говори и на македонски јазик, да се виори македонското знаме и да се интонира македонската химна. На ревијалниот натпревар да учествуваат фудбалски ветерани и Македонци и да бидат удостоени и македонските фудбалски клубови, се вели во објавата на Сотировски.
Според Сотировски, постапувањето на општината е дискриминациско и ги сегрегира граѓаните.
Убеден сум дека големото мнозинство жители на Тетово од различна припадност се согласуваат дека градот може да оди напред само кога е пријатно место за живеење на секој еден човек. Но, мора да се согласиме дека тука има и нелуѓе и нив мора енергично и постојано да ги разобличуваме, вели Сотировски во објавато.
На 12 април, Општина Тетово презентираше нов изглед на Градскиот стадион, а притоа градоначалникот самиот рушеше дел од трибините. Покрај видео презентацијата на новиот изглед на стадионот имаше ревијален фудбалски натпревар и настап на музичари само на албански јазик. https://republika.mk/sport/fudbal/vaka-treba-da-izgleda-noviot-stadion-na-shkendija-kade-ke-igra-teteks/ Во ноември 2023, Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ го распиша тендерот, по што договорот со фирмата се направи во март 2024 година. Предмет на договорот за јавна набавка е со проценета вредност од околу 600 милиони денари или околу 10 милиони евра.

The post Поднесена претставка за дискриминација против општина Тетово и градоначалникот Касами за настанот со стадионот appeared first on Република.

]]>
Божиќна честитка од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozikjna-chestitka-od-direktorot-na-komisijata-za-odnosi-so-verskite-zaednici-i-religiozni-grupi/ Wed, 05 Jan 2022 14:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=441057

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, им го честиташе Рождеството Христово – Божиќ на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на свештениците и монасите и на сите православни верници во земјава.

Во честитката тој пишува дека Христовото рождество е исполнување на сите човечки копнежи, очекувања и стремежи за повторна заедница со Бога и дека воедно Божиќ е и празник на новата епоха, неизмерна радост и дар за човечкиот род и светот.

Во овие возвишени мигови, испраќајќи Ви искрени желби за здравје, среќа, мир и љубов, посакувам заедно да се радуваме и да го исполниме и новото лето Господово со многу прославени јубилеи и светли настани за нашата Македонска православна црква. Палејќи ја свеќата на овој голем христијански празник, да ја запалиме надежта во срцето на секој еден Македонец, на секој еден христијанин. Христос се роди – навистина се роди! - порачува Сотировски во божиќната честитка.

The post Божиќна честитка од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи appeared first on Република.

]]>

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, им го честиташе Рождеството Христово – Божиќ на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на свештениците и монасите и на сите православни верници во земјава. Во честитката тој пишува дека Христовото рождество е исполнување на сите човечки копнежи, очекувања и стремежи за повторна заедница со Бога и дека воедно Божиќ е и празник на новата епоха, неизмерна радост и дар за човечкиот род и светот.