Дарија Ризова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darija-rizova/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Sep 2022 20:22:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дарија Ризова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darija-rizova/ 32 32 Наградата „Ристо Шишков“ за Дарија Ризова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagradata-risto-shishkov-za-darija-rizova/ Tue, 13 Sep 2022 20:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=550523

Актерката Дарија Ризова ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 30. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој вечерва заврши во Струмица. Таа е наградена за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Наградата на Ризова, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, и ја врачи претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка, Звездана Ангеловска, во кое покрај неа играта на актерите ја оценува и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

-Дарија Ризова со улогата на Маша дејствува исклучително со актерската игра на сцената за камерен театар, со гола и суштетствена игра на самата сцена, ослободена и речиси без никакви концептуални решенија и ефекти што дотолку повеќе доаѓа до израз нејзината актерска игра во целост каде со редуцирани изразни средства таа покажува искличително силна, моќна и ефектна актерска експресија со внатрешен емоционален набој. Исто така, нејзината свесност за сценско присуство ја потврдува прецизноста при креирањето на улогата и умереноста во камерната игра, чувството за партнер поткрепено од сиот нејзин актерски сензибилитет, кој истовремено е младешки и бунтовен, а кој е неверојатно топол, мек, искрен и современ, рече Ангеловска.

Лауретката Дарија Ризова рече дека оваа награда е од големо значење за неа и и претставува привилегија.

-Сакам да се заблагодарам на сите мои блиски луѓе за нивната неизмерна поддршка, на мојата мајка која секогаш ме советуваше да изберам професија којашто навистина ќе ја сакам и ќе ми гори срцето за неа, рече Ризова по добивањето на наградата.

Жирито им додели специјални награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија.

Во чест на наградената актерка на затворањето на Фестивалот беше одиграна балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова во избедба на Македонската опера и балет.

(МИА)

The post Наградата „Ристо Шишков“ за Дарија Ризова appeared first on Република.

]]>

Актерката Дарија Ризова ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 30. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој вечерва заврши во Струмица. Таа е наградена за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево. Наградата на Ризова, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, и ја врачи претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски. Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка, Звездана Ангеловска, во кое покрај неа играта на актерите ја оценува и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.
-Дарија Ризова со улогата на Маша дејствува исклучително со актерската игра на сцената за камерен театар, со гола и суштетствена игра на самата сцена, ослободена и речиси без никакви концептуални решенија и ефекти што дотолку повеќе доаѓа до израз нејзината актерска игра во целост каде со редуцирани изразни средства таа покажува искличително силна, моќна и ефектна актерска експресија со внатрешен емоционален набој. Исто така, нејзината свесност за сценско присуство ја потврдува прецизноста при креирањето на улогата и умереноста во камерната игра, чувството за партнер поткрепено од сиот нејзин актерски сензибилитет, кој истовремено е младешки и бунтовен, а кој е неверојатно топол, мек, искрен и современ, рече Ангеловска.
Лауретката Дарија Ризова рече дека оваа награда е од големо значење за неа и и претставува привилегија.
-Сакам да се заблагодарам на сите мои блиски луѓе за нивната неизмерна поддршка, на мојата мајка која секогаш ме советуваше да изберам професија којашто навистина ќе ја сакам и ќе ми гори срцето за неа, рече Ризова по добивањето на наградата.
Жирито им додели специјални награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија. Во чест на наградената актерка на затворањето на Фестивалот беше одиграна балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова во избедба на Македонската опера и балет. (МИА)

The post Наградата „Ристо Шишков“ за Дарија Ризова appeared first on Република.

]]>
Дарја Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот „Ристо Шишков“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/darja-rizova-e-izbrana-za-najdobra-akterka-na-festivalot-risto-shishkov/ Tue, 13 Sep 2022 10:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=550345

Дарја Ризова, членка на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) е избрана за најдобра актерка на 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој заврши денеска во Струмица.

Ризова ја доби наградата за улогата на Маша во ко-продукцијата претставата „Нема да биде крај на светот“ на МНТ, Перипетија продукција Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево , а по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ.

Наградата ја доделува жири-комисијата во состав: Ѕвездана Ангеловска, актерка (претседател на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер и Петре Арсовски, актер.

Оваа година повторно и се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со уште една награда – четврта по ред.

 

The post Дарја Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Дарја Ризова, членка на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) е избрана за најдобра актерка на 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој заврши денеска во Струмица. Ризова ја доби наградата за улогата на Маша во ко-продукцијата претставата „Нема да биде крај на светот“ на МНТ, Перипетија продукција Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево , а по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ. Наградата ја доделува жири-комисијата во состав: Ѕвездана Ангеловска, актерка (претседател на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер и Петре Арсовски, актер. Оваа година повторно и се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со уште една награда – четврта по ред.  

The post Дарја Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>
Дарија Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот во актерот во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/darija-rizova-e-izbrana-za-najdobra-akterka-na-festivalot-vo-akterot-vo-bih/ Tue, 14 Jun 2022 07:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=514807

Актерката на Македонскиот народен театар (МНТ) Дарија Ризова ја доби наградата за најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина.

Ризова ја доби наградата за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ.

На 9. Фестивал на актерот во Коњиц учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, Македонија и БиХ.

Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.

Претставата ќе се игра во рамките на Скопско лето на 22 јуни на малата сцена во МНТ со почеток во 20:30 часот.

The post Дарија Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот во актерот во БиХ appeared first on Република.

]]>

Актерката на Македонскиот народен театар (МНТ) Дарија Ризова ја доби наградата за најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина. Ризова ја доби наградата за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. На 9. Фестивал на актерот во Коњиц учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, Македонија и БиХ. Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година. Претставата ќе се игра во рамките на Скопско лето на 22 јуни на малата сцена во МНТ со почеток во 20:30 часот.

The post Дарија Ризова е избрана за најдобра актерка на Фестивалот во актерот во БиХ appeared first on Република.

]]>
Дарја Ризова избрана за најдобра меѓународна актерка во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/darja-rizova-izbrana-za-najdobra-megjunarodna-akterka-vo-turcija/ Fri, 27 May 2022 07:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=507463

Актерката на Македонскиот народен театар (МНТ) Дарја Ризова е избрана за најдобра меѓународна актерка во Турција, соопшти МНТ.

Со затворањето на театарската сезона 2021-2022 година, жирито на Јени Тијатро Дергиси (Yeni Tiyatro Dergisi), во селекција на повеќе од 200 театарски претстави, го објави првиот дел од Меѓународните награди за достигнувања на најдобри актери, продукции и претстави во Истанбул.

Жирито, кое внимателно ги следи сите светски театарски трендови и вклучува значајни имиња и ветерани со големо мајсторство во својата област, едногласно ја додели наградата на Ризова за најдобра актерка на меѓународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, копродукција на Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар – САРТР.

Ова за актерката е втора награда за најдобра актерка за истоимената улога/претстава, а на 13 јуни во културниот центар „Кадебостан“ во Кадикој - Турција, и официјално ќе биде доделена статуетката на овој реномиран, светски театарски настан.

 

The post Дарја Ризова избрана за најдобра меѓународна актерка во Турција appeared first on Република.

]]>

Актерката на Македонскиот народен театар (МНТ) Дарја Ризова е избрана за најдобра меѓународна актерка во Турција, соопшти МНТ. Со затворањето на театарската сезона 2021-2022 година, жирито на Јени Тијатро Дергиси (Yeni Tiyatro Dergisi), во селекција на повеќе од 200 театарски претстави, го објави првиот дел од Меѓународните награди за достигнувања на најдобри актери, продукции и претстави во Истанбул. Жирито, кое внимателно ги следи сите светски театарски трендови и вклучува значајни имиња и ветерани со големо мајсторство во својата област, едногласно ја додели наградата на Ризова за најдобра актерка на меѓународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, копродукција на Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар – САРТР. Ова за актерката е втора награда за најдобра актерка за истоимената улога/претстава, а на 13 јуни во културниот центар „Кадебостан“ во Кадикој - Турција, и официјално ќе биде доделена статуетката на овој реномиран, светски театарски настан.  

The post Дарја Ризова избрана за најдобра меѓународна актерка во Турција appeared first on Република.

]]>