Дарија Асламова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darija-aslamova/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Aug 2022 10:55:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дарија Асламова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/darija-aslamova/ 32 32 Koсовците сметаат дека руската новинарка работи за разузнавачките служби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovcite-smetaat-deka-ruskata-novinarka-raboti-za-razuznavachkite-sluzbi/ Sun, 07 Aug 2022 11:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=537643

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља ја прогаси за персона нон грата руската државјанка Дарија Асламова, која беше проведена вчера при обид да влезе во земјата од Србија, преку граничен премин во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На својата страница на Фејсбук, Свечља објави дека на Асламова, за која вели дека има информации оти е соработник на руските разузнавачки служби, ѝ е забранет влезот во Косово во наредните пет години.

– Врз основа на Законот за странци… ја прогласив за непожелна во Република Косово Дариа Асламова. Влезот на оваа личност на територијата на Република Косово ѝ е забранет за пет години. Секој кој што со одредени цели или директиви ја повредува или се обидува да ја дестабилизира нашата земја беспоговорно ќе се соочи со силата на законите на Република Косово, напиша Свечља.

По повод приведувањето на Асламова, косовскиот министер за внатрешни работи синоќа изјави дека за нејзините разузнавачки и пропагандни активности за потребите на руските тајни служби, постојат многу докази и потврди од повеќе држави, во кои веќе ѝ е забранет влезот.

Тој напомена дека нејзиниот обид да влезе во Косово доаѓа по минатонеделните немири во северниот дел од земјата и по вчерашните пукотници врз припадници на косовската погранична полиција на границата со Србија, за што вели дека е одговорен српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Нагласуваме дека таа се обидува да влезе во Косово една недела по тензиите предизвикани од криминалните структури на север и истиот ден кога истите структури, кои се оркестрирани од Вучиќ, испукаа десет куршуми кон нашите полициски службеници. Нејзиниот обид да влезе во нашата земја не само што соодветствува со настаните на северот, туку ги потврдува јасно врските со руската пропаганда на која веќе ѝ се приклучи Србија и кои имаат за цел дестабилизација на нашата земја, напиша Свечља

The post Koсовците сметаат дека руската новинарка работи за разузнавачките служби appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља ја прогаси за персона нон грата руската државјанка Дарија Асламова, која беше проведена вчера при обид да влезе во земјата од Србија, преку граничен премин во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На својата страница на Фејсбук, Свечља објави дека на Асламова, за која вели дека има информации оти е соработник на руските разузнавачки служби, ѝ е забранет влезот во Косово во наредните пет години. – Врз основа на Законот за странци… ја прогласив за непожелна во Република Косово Дариа Асламова. Влезот на оваа личност на територијата на Република Косово ѝ е забранет за пет години. Секој кој што со одредени цели или директиви ја повредува или се обидува да ја дестабилизира нашата земја беспоговорно ќе се соочи со силата на законите на Република Косово, напиша Свечља. По повод приведувањето на Асламова, косовскиот министер за внатрешни работи синоќа изјави дека за нејзините разузнавачки и пропагандни активности за потребите на руските тајни служби, постојат многу докази и потврди од повеќе држави, во кои веќе ѝ е забранет влезот. Тој напомена дека нејзиниот обид да влезе во Косово доаѓа по минатонеделните немири во северниот дел од земјата и по вчерашните пукотници врз припадници на косовската погранична полиција на границата со Србија, за што вели дека е одговорен српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Нагласуваме дека таа се обидува да влезе во Косово една недела по тензиите предизвикани од криминалните структури на север и истиот ден кога истите структури, кои се оркестрирани од Вучиќ, испукаа десет куршуми кон нашите полициски службеници. Нејзиниот обид да влезе во нашата земја не само што соодветствува со настаните на северот, туку ги потврдува јасно врските со руската пропаганда на која веќе ѝ се приклучи Србија и кои имаат за цел дестабилизација на нашата земја, напиша Свечља

The post Koсовците сметаат дека руската новинарка работи за разузнавачките служби appeared first on Република.

]]>
Косовската полиција ја уапси руската новинарка Дарија Асламова https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-policija-ja-uapsi-ruskata-novinarka-darija-aslamova/ Sat, 06 Aug 2022 20:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=537533

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, за РСЕ потврди дека безбедносните органи ја уапсиле Русинката Дарија Асламова на северот на земјата.

Во објава на Фејсбук, Свечља истакна дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руските воени разузнавачки служби и дека дејствувала под маската на новинар“.

„Таа учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина“, додаде Свечља.

На некои фотографии што Свечља ги сподели во објава на Фејсбук, Асламова може да се види со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Свечља рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и бил забранет влез во многу земји.

„Во овој случај е забрането и продолжува ангажманот на релевантни актери додека не се разјаснат нејзините намери“, изјави шефот на косовската полиција.

„Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со настаните на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганда на која Србија веќе се приклучила и која има за цел да ја дестабилизира нашата земја“, додаде Џељаљ Свечља.

The post Косовската полиција ја уапси руската новинарка Дарија Асламова appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, за РСЕ потврди дека безбедносните органи ја уапсиле Русинката Дарија Асламова на северот на земјата. Во објава на Фејсбук, Свечља истакна дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руските воени разузнавачки служби и дека дејствувала под маската на новинар“.
„Таа учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина“, додаде Свечља.
На некои фотографии што Свечља ги сподели во објава на Фејсбук, Асламова може да се види со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и сирискиот претседател Башар ал Асад. Свечља рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и бил забранет влез во многу земји. „Во овој случај е забрането и продолжува ангажманот на релевантни актери додека не се разјаснат нејзините намери“, изјави шефот на косовската полиција.
„Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со настаните на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганда на која Србија веќе се приклучила и која има за цел да ја дестабилизира нашата земја“, додаде Џељаљ Свечља.

The post Косовската полиција ја уапси руската новинарка Дарија Асламова appeared first on Република.

]]>