Дарданели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dardaneli/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Feb 2022 19:26:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дарданели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dardaneli/ 32 32 Турција го ограничува влегувањето на руски воени бродови во Црно Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turcija-go-ogranichuva-vleguvanjeto-na-ruski-voeni-brodovi-vo-crno-more/ Sun, 27 Feb 2022 19:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=464856

Турција денеска ја промени својата реторика, нарекувајќи го рускиот напад врз Украина „војна“ и вети дека ќе спроведе делови од меѓународниот поморски договор за ограничување на минувањето на руските воени бродови од Средоземното Море до Црното Море.

Украина ја повика Турција да го блокира натамошниот влез на руски бродови во Црното Море, од каде руските сили почнаа да навлегуваат во јужниот брег на Украина. Најмалку шест руски воени бродови и подморници минаа низ турскиот теснец овој месец.

Сега веќе не се неколку воздушни напади, ситуацијата во Украина може официјално да се нарече војна. Затоа, ќе ја спроведеме конвенцијата од Монтре, рече денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, во интервју за „Си-Ен-Ен Турк“.

Балансирајќи меѓу обврските кон Западот и нејзините блиски врски со Русија, Турција ја опиша руската инвазија на Украина како неприфатлива, се до денеска кога и официјално нападот го окарактеризира како војна.

Оваа реторичка промена на земјата ѝ овозможи да се повика на членови од Конвенцијата од Монтре од 1936 година, која и дозволува да го ограничи преминувањето на бродови низ нејзините теснец Дарданели и Босфор во случај на војна или друга закана.

The post Турција го ограничува влегувањето на руски воени бродови во Црно Море appeared first on Република.

]]>

Турција денеска ја промени својата реторика, нарекувајќи го рускиот напад врз Украина „војна“ и вети дека ќе спроведе делови од меѓународниот поморски договор за ограничување на минувањето на руските воени бродови од Средоземното Море до Црното Море. Украина ја повика Турција да го блокира натамошниот влез на руски бродови во Црното Море, од каде руските сили почнаа да навлегуваат во јужниот брег на Украина. Најмалку шест руски воени бродови и подморници минаа низ турскиот теснец овој месец.
Сега веќе не се неколку воздушни напади, ситуацијата во Украина може официјално да се нарече војна. Затоа, ќе ја спроведеме конвенцијата од Монтре, рече денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, во интервју за „Си-Ен-Ен Турк“.
Балансирајќи меѓу обврските кон Западот и нејзините блиски врски со Русија, Турција ја опиша руската инвазија на Украина како неприфатлива, се до денеска кога и официјално нападот го окарактеризира како војна. Оваа реторичка промена на земјата ѝ овозможи да се повика на членови од Конвенцијата од Монтре од 1936 година, која и дозволува да го ограничи преминувањето на бродови низ нејзините теснец Дарданели и Босфор во случај на војна или друга закана.

The post Турција го ограничува влегувањето на руски воени бродови во Црно Море appeared first on Република.

]]>
Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-pobara-od-ankara-da-gi-zatvori-bosforot-i-dardanelite-za-ruskite-brodovi/ Thu, 24 Feb 2022 08:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=462832

Украина побара од Анкара да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ Босфорот и Дарданелите.

Ги повикуваме турските власти да и помогнат на Украина. Бараме Босфорот и Дарданелите да бидат затворени за руските воени бродови, изјави украинскиот амбасадор во Анкара Вадили Боднар, пренесува ТАСС.

Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска го потврди указот на претседателот Володимир Зеленски за воведување воена состојба на територијата на целата земја, јавија украинските медиуми.

Зеленски утринава објави дека прогласува воена состојба, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди специјална воена операција во Донбас во источна Украина.

The post Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови appeared first on Република.

]]>

Украина побара од Анкара да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ Босфорот и Дарданелите.
Ги повикуваме турските власти да и помогнат на Украина. Бараме Босфорот и Дарданелите да бидат затворени за руските воени бродови, изјави украинскиот амбасадор во Анкара Вадили Боднар, пренесува ТАСС.
Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска го потврди указот на претседателот Володимир Зеленски за воведување воена состојба на територијата на целата земја, јавија украинските медиуми. Зеленски утринава објави дека прогласува воена состојба, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди специјална воена операција во Донбас во источна Украина.

The post Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови appeared first on Република.

]]>