дардан молиќај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dardan-molikjaj/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jan 2022 12:21:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дардан молиќај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dardan-molikjaj/ 32 32 Дардан Молиќај: Промена на границите е решението за спорот меѓу Косово и Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dardan-molikjaj-promena-na-granicite-e-reshenieto-za-sporot-megju-kosovo-i-srbija/ Thu, 20 Jan 2022 12:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=447091

Лидерот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), Дардан Молиќај, изјави дека новото исцртување на границите меѓу Косово и Србија е решението кое ќе доведе до конечна спогодба за решавање на споровите меѓу двете држави.

Претставувајќи го „Манифестот на ПСД“ на телевизијата Клан Косова, Молиќај кажа дека конечниот косовско-српски договор, што му е „потребен на целиот регион“, треба да „подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија“.

На Косово му треба договор и тој му е потребен на целиот регион. На повидок се три можности: да се продолжи статус кво-то, што би претставувало регрес; второ, постигнување договор што ќе ја подразбира Заедницата на српски општини во Косово, што е нефункционално и подразбира продолжување на конфликтот; и трето е редефинирањето на границите и тоа подразбира дефинитивно раздвојување и меѓусебно признавање меѓу двете држави. Тоа подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија - изјави Молиќај.

ПСД, партија која се формира во мај 2018 година од незадоволни пратеници и членови на раководството на сега владејачкото Движење самоопределување на премиерот Албин Курти, верува дека „новото исцртување на границите (меѓу Косово и Србија) претствува решение за траен мир“.

Тоа е можност за конечен договор, во чиј центар ќе биде еднаквоста и волјата на народот - изјави Молиќај.

Тој ја критикуваше владата на Курти за односот што го има во процесот на дијалогот со Србија, оценувајќи го нејзиниот дискурс кон Србија како „воинствен и одмазнички“.

Пристапот на новата влада е многу застарен. Нејзиниот дискурс е да се подготвиме за новиот напад, наместо да дискутираме за мир. Имаме воинствен и одмазнички дискурс кон Србија… Таквиот пристап не носи ниту соработка, ниту добросостојба. Но, ние не ни очекувавме нешто од оваа влада - изјави Молиќај.

The post Дардан Молиќај: Промена на границите е решението за спорот меѓу Косово и Србија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), Дардан Молиќај, изјави дека новото исцртување на границите меѓу Косово и Србија е решението кое ќе доведе до конечна спогодба за решавање на споровите меѓу двете држави. Претставувајќи го „Манифестот на ПСД“ на телевизијата Клан Косова, Молиќај кажа дека конечниот косовско-српски договор, што му е „потребен на целиот регион“, треба да „подразбира самоопределување на Косово и обединување со Албанија“.